Број на оглас:70/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:70/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса:бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код:Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxxxx XxxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:nenad@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3174-264/3174266
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности-Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка на систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Скопје
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Даден во тендерската документација ( техничка спецификација)
II.7) Референтна номенклатура за долелување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 36
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Економски најповолна понуда
Елемент | Бодови |
Цена | 50 |
Квалитет на понуденото решение | 35 |
Референтна листа на имплементирани проекти со понуденото решение со мин 250 автобуси кои работат на градски линии во град во ЕУ, со просечно мин.120.000 валидации дневно кои се во фун.мин 3 год | 10 |
Референтна листа на имплементирани проекти сопонуденото решение, во град од ЕУ кај кои има учествона повеќе правни субјекти во превозот на градски линии и поделба на приходот (клиринг) помеѓу нив | 5 |
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
Подетални информации за користењето на електронски средства за домашни и Економски оператори од странство: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете на web страната (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оп
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Гаранција на понудата:Да [2,00%]
IV.1.2) Изјава за сериозност:Не
IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%]
IV.1.4) Авансно плаќање:Не
IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Да
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност
За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, Понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност во соодветните трговски регистри кои согласно прописите се водат во државата во која е регистриран.
За домашните понудувачи тоа е - ДРД образец издаден од Централен регистар на Република Македонија како доказ дека е регистриран како правно лице или во случај кога понудувачот е странско правно лице, доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, издаден од надлежен орган, или дека припаѓа на соодветно професионална асоцијација или организација евидентирана во соодветен регистар, или друг доказ во согласност со прописите на земјата каде што е регистриран
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на Договорот од аспект на неговата економска и финансиска состојба, понудувачот треба да докаже дека во последните 3(три) години (2009, 2010 и 2011 години) не искажал загуба во работењето и остварил вкупен приход од најмалку 30.000.000,00 (триесетмилиони) евра и добивка од минимум 3.000.000,00(тримилиони) евра.
Понудите на понудувачите кои нема да ги исполнат условите од став 1 на оваа потточка ќе се сметаат за неприфатливи и нема да бидат евалуирани.
- Доколку понудувачот ја врши дејноста во период помал од три години, минималниот услов за докажување на економската и финансиската состојба е понудувачот да не искажал загуба во работењето и остварил вкупен приход од најмалку 10.000.000,00(десетмилиони) евра и добивка од најмалку 1.000.000,00(еденмилион) евра, во периодот на вршење на дејноста.
- За докажување на економската и финансиската состојба, понудувачот доставува Xxxxxxxx за биланс на состојба и успех за последните 3 години (2009, 2010 и 2011 година), односно за периодот на вршење на дејноста доколку истат ја врши во период помал од три години.
-Во поглед на критериумот за утврдување на економско финансиката состојба, понудувачот може да се повика на способноста на друг субјект, вклучувајќи ја и способноста на членовите на дадена групна понуда (конзорциум на понудувачи), без разлика на правниот карактер на врските кои со нив ги има, при што понудувачот е должен ја достави документацијата од точка 9 од оваа тендерска документација, со која ќе докаже дека другиот субјект ги исполнува условите во поглед на:
-личната состојба;
-економско финансикскат состојба; и
-способноста за вршење на професионална дејност.
Ако понудувачот ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршка од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на понудувачот соодветните финансиски средства.
- Извештајот за биланс на состојба и успех го издава надлежен орган од земјата каде е регистриран понудувачот. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
- Ако понудувачите поднесат понуда како група на понудувачи (конзорциум), економската и финансиската способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на конзорциумот, при што носителот на конзорциумот треба да исполнува минимум 50% од бараниот критериум.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот Договор од аспект на неговата техничка и професионална способност, понудувачот треба да достави:
•Референтна листа (список)- договор/и на имплементирани проекти со понуденото ршение со минимум 250 автобуси кои работат на градски линии во град на држава од ЕУ, со просечно минимум 120.000 (сто дваесетилјади) трансакции( валидации) дневно, кои се во функција во последните 3 години, со износи, датуми, заедно со минимум 1 (една) потврда за задоволителна изведба;
Како доказ понудувачот го пополнува и доставува потврда/ди издадена/и од договорен орган каде е имплементиран Системот и Образецот 3А кој е даден во прилог од оваа тендерска документација, потпишана и заверена од страна на одговорното лице на понудувачот.
•Доказ (Изјава) дека располага со соодветен кавлификуван технички кадар потребен за инсталирање на целокупната опрема и контрола на квалитетот, на кои кандидатот може да се повика;
Како доказ за располагање со соодветен квалификуван кадар потребен за инсталирање на опремата, понудувачот го пополнува и доставува Образецот 4А кој е даден во прилог од оваа тендерска документација, потпишана и заверена од страна на одговорното лице на понудувачот.
•Извештај (изјава) за уреди и техничка опрема која на понудувачот му е на располагање за извршување на Договорот, и мерки кои ги користи кандидатот за обезбедување на квалитет во испорака и инсталирање на Систем.
Како доказ за располагање со технички капацитет и мерки потребни за обезбедување на квалитет во инсталирање на Системот, понудувачот го пополнува и доставува Образецот 5А кој е даден во прилог од оваа тендерска документација, потпишана и заверена од страна на одговорното лице на понудувачот.
- Во поглед на критериумите за утврдување на способноста, понудувачот може да се повика на способноста на друг субјект, вклучувајќи ја и способноста на членовите на дадената групна понуда (конзорцијум на понудувачи), без разлика на правниот карактер на врските кои ги има со нив, при што понудувачот е должен да ја достави документацијата од точка 9 од оваа тендерска документација, со која ќе докаже дека другиот субјект ги исполнува условите во поглед на :
- личната состојба;
- способноста за вршење на професионална дејност; и
- техничката или професионална способност.
- Ако Договорниот орган се посомнева во документите за утврдување на способноста на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежни органи и други субјекти кои ги издале документите за утврдување на способноста на понудувачот.
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
не
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
не
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи: Цена за подигање на тендерската документација:3090,00 ден.
Начин и услови за плаќањето:
Тендерската документација заинтересираните економски оператори можат да ја подигнат во просториите на адреса на договорниот орган кај Xxxxxx Xxxxxxxx, секој работен ден од 08:00 до 14.00 часот. Контакт телефон : xx 000 000000 000, факс: xx000 000000 000, E – mail: xxxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx, Служба за јавни набавки, соба бр.12. Подигањето на Тендерската документација, во хартиена форма, е можна по доставено барање од економскиот оператор со доставен доказ за платен надомест во износ од 50 евра или противредност во денари. Уплатата треба да се изврши на следните сметки на договорниот орган Алфа банка А.Д Скопје, со назнака : надомест за тендерска документација за оглас бр.70/2012.
Денарска Сметка:280105100714312
Девизна сметка:IBAN CODE: MK 07280102000288568, SWIFT: XXXXXX0X на име на ЈСП СКОПЈЕ
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 28.02.2013 во 13.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 180 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
28.02.2013 во 13.00 часот Место: Дирекција на ЈСП - СКОПЈЕ
V.5) Дополнителни информации Тел за кон. 02/3174-979
Лице за контакт: Xxxxx Xxxxxxxxxxx
V.6) Датум на објава: 09-01-2013