Contract
ДИРЕКТИВА (ЕУ) 2016/800 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ
од 11 мај 2016 година
за процедурални заштитни мерки за деца кои се осомничени или обвинети во кривична постапка
ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА,
имајќи го предвид Договорот за функционирањето на Европската Унија, а особено точка (б) од член 82(2) од истиот,
имајќи го предвид предлогот на Европската комисија,
по пренос на нацрт-законодавниот акт до националните парламенти,
имајќи го предвид мислењето на Европскиот економски и социјален комитет (1), по консултации со Комитетот на регионите,
постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка (2), со оглед на тоа што:
(1) Целта на оваа директива е да се утврдат процедурални заштитни мерки за да се обезбеди дека децата, односно лицата под 18 години кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, може да ги разберат и да ги следат тие постапки и да го остварат нивното право на правично судење, како и да се спречи децата да не ги повторуваат делата и да се поттикне нивната социјална интеграција.
(2) Со утврдувањето на заеднички минимални правила за заштитата на процедуралните права на децата кои се осомничени или обвинети, оваа директива има за цел да ја зајакне меѓусебната доверба на земјите членки во нивните системи за кривично право и на тој начин да се подобри меѓусебното признавање на одлуките во кривичните предмети. Овие заеднички минимални правила, исто така, треба да ги отстранат пречките за слободно движење на граѓаните во рамки на територијата на земјите членки.
(3) Иако земјите членки се страни на Европската конвенција за заштита на човековите права и фундаменталните слободи (ЕКЧП), Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Конвенцијата на ОН за правата на детето, искуството покажа дека тоа само по себе не обезбедува секогаш доволен степен на доверба во системите на кривично право на другите земји членки.
(4) На 30 ноември 2009 година, Советот донесе Резолуција за Патоказот за зајакнување на процедуралните права на осомничените или обвинетите лица во кривичната постапка (3) („Патоказот“). Како дел од фазен пристап, во Патоказот се повикува на донесување на мерки во однос на правото на преведување и толкување (мерка А), правото на информации за правата и обвиненијата (мерка Б), правото на правен совет и правна помош ( мерка В), правото на контакт со роднини, работодавци и конзуларни органи (мерка Г),
1 Сл. весник C 226, 16.7.2014 година, стр. 63.
2 Став на Европскиот парламент од 9 март 2016 година (сè уште не е објавен во Службен весник) и одлука на Советот од 21 април 2016 година.
3 Сл. весник C 295, 4.12.2009 година, стр. 1.
како и за специјални заштитни мерки за осомничени или обвинети лица кои се во ранлива положба (мерка Д). Во Патоказот се нагласува дека редоследот на правата е индикативен, што укажува дека тој може да биде изменет во согласност со приоритетите. Патоказот е осмислен да делува како целина; неговите придобивки целосно ќе се почувствуваат само по воведувањето на сите негови елементи.
(5) На 11 декември 2009 година, Европскиот совет го поздрави Патоказот и го вклучи во Стокхолмската програма насловена „Отворена и безбедна Европа која им служи на граѓаните и ги заштитува“ (1) (точка 2.4). Европскиот совет истакна дека Xxxxxxxxx не е целосен и ја повика Комисијата да ги разгледа дополнителните елементи на минималните процедурални права за осомничените и обвинетите лица, како и да направи проценка на потребата од решавање на други прашања, како што е пресумпцијата на невиност, за да се промовира подобра соработка во оваа област.
(6) До овој момент, во согласност со Патоказот, донесени се четири мерки за процедуралните права во кривичната постапка, имено Директивите 2010/64/ЕУ(2), 2012/13/ЕУ (3), 2013/48/ЕУ (4) и (ЕУ) 2016/343 (5) на Европскиот парламент и на Советот.
(7) Оваа директива ги промовира правата на детето, земајќи ги предвид Упатствата на Советот на Европа за правда прилагодени за децата.
(8) Кога децата се осомничени или обвинети во кривична постапка или се предмет на постапка поврзана со европскиот налог за апсење во согласност со Рамковната одлука 2002/584/ПВР на Советот (6) (лица кои се бараат), земјите членки треба да обезбедат дека најдобриот интерес на детето е секогаш примарна цел во согласност со член 24(2) од Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија („Повелбата“).
(9) На децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, треба да им се посвети посебно внимание, за да се зачува нивниот потенцијал за развој и за повторно интегрирање во општеството.
(10) Оваа директива треба да се применува на децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка и на децата кои се бараат. Во однос на децата кои се бараат, релевантните одредби од оваа директива треба да се
1 Сл. весник C 115, 4.5.2010 година, стр. 1.
2 Директива 2010/64/EУ на Европскиот парламент и на Советот од 20 октомври 2010 година за правото на толкување и преведување во кривичната постапка (Сл. весник L 280, 26.10.2010 година, стр. 1).
3 Директива 2012/13/EУ на Европскиот парламент и на Советот од 22 мај 2012 година за правото на информирање во кривичната постапка (Сл. весник L 142, 1.6.2012 година, стр. 1).
4 Директива 2013/48/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 22 октомври 2013 година за правото на пристап до адвокат во кривичните постапки и постапките поврзани со европскиот налог за апсење и за правата на трети лица информирани за лишувањето од слобода и за комуникација, за време на лишувањето од слобода, со трети лица и конзуларни органи (Сл. весник L 294, 6.11.2013 година, стр. 1).
5 Директива (ЕУ) 2016/343 на Европскиот парламент и на Советот од 9 март 2016 година за зајакнување на одредени аспекти на пресумпцијата на невиност и правото на лицата да преземат правни дејства во кривичната постапка (Сл. весник L 65, 11.3.2016 година, стр. 1).
6 Рамковна одлука 2002/584/ПВР на Советот од 13 јуни 2002 година за европскиот налог за апсење и постапките за предавање помеѓу земјите членки (Сл. весник L 190, 18.7.2002 година, стр. 1).
применуваат од моментот на нивното апсење во земјата членка на извршување.
(11) Оваа директива или одредени нејзини одредби треба да се применуваат и во однос на осомничени или обвинети лица во кривична постапка, како и во однос на лицата кои се бараат кои биле деца кога станале предмет на постапка, но кои во меѓувреме наполниле 18 години, и кога примената на оваа директива е соодветна во поглед на сите околности на предметот, вклучувајќи го и степенот на зрелост и ранливост на засегнатото лице.
(12) Ако во моментот кога лицето станува осомничено или обвинето во кривична постапка е на возраст од 18 години, но кривичното дело е извршено кога лицето било дете, земјите членки се поттикнуваат да ги применуваат процедуралните заштитни мерки предвидени со оваа директива до навршувањето на 21 година на засегнатото лице, барем во однос на кривични дела сторени од истото осомничено или обвинето лице и кое е предмет на заедничка истрага и гонење, бидејќи тие се неразделно поврзани со кривичните постапки кои биле покренати против истото лице пред тоа да наполни 18 години.
(13) Земјите членки треба да ја утврдат возраста на детето врз основа на неговите сопствени изјави, преку проверка на граѓанскиот статус, преглед на документи и други докази и ако немаат такви докази или тие се недоволно јасни, врз основа на медицински преглед. Медицинскиот преглед треба да се спроведе како крајна мерка и со целосно почитување на правата на детето, физичкиот интегритет и човечкото достоинство. Онаму каде што постојат сомнежи за возраста на лицето, тоа лице треба да се смета за дете за целите на оваа директива.
(14) Оваа директива не треба да се применува за одредени мали прекршоци. Сепак, треба да се применува кога детето кое е осомничено или обвинето лице е лишено од слобода.
(15) Во некои земји членки, друг орган освен надлежниот кривичен суд има надлежност да наметне санкции освен лишување од слобода, во однос на релативно мали прекршоци. Тоа може да биде случај, на пример, во врска со чести прекршоци во сообраќајот на патиштата и кои можат да се утврдат со контрола на сообраќајот. Во такви случаи, би било неразумно да се бара од надлежните органи да ги обезбедат сите права според оваа директива. Кога правото на земјата членка предвидува санкција за полесни прекршоци од таков орган и е предвидено право на жалба или друга можност за упатување на суд надлежен за кривични дела, оваа директива треба да се применува само за постапката пред судот по таква жалба или упатување.
(16) Во некои земји членки одредени полесни прекршоци, особено лесни сообраќајни прекршоци, помали прекршоци во врска со општинските прописи од општ карактер и помали прекршоци против јавниот ред и мир, се сметаат за кривични дела. Во такви случаи, би било неразумно да се бара од надлежните органи да ги обезбедат сите права според оваа директива. Кога правото на земја членка предвидува дека не може да се изрече санкција за полесни кривични дела, оваа директива треба да се применува само за постапки пред судот што е надлежен за кривични предмети.
(17) Оваа директива треба да се применува само за кривични постапки. Не треба да се применува на други видови на постапки, особено на постапки кои се посебно наменети за деца и кои можат да доведат до примена на заштитни, корективни или образовни мерки.
(18) Оваа директива треба да се спроведе земајќи ги предвид одредбите од Директивите 2012/13/ЕЗ и 2013/48/ЕУ. Оваа директива предвидува дополнителни заштитни мерки во однос на информациите што им се даваат на децата и на носителите на родителска одговорност, со цел да се земат предвид специфичните потреби и ранливости на децата.
(19) Децата треба да бидат информирани за главните аспекти на водењето на постапката. За таа цел, на децата особено треба да им се даде кратко објаснување за претстојните процедурални чекори во постапките, колку што е можно со оглед на интересот на кривичната постапка и за улогата на органите вклучени во постапките. Информациите што треба да се обезбедат треба да зависат од околностите на предметот.
(20) Децата треба да добијат информации за правото на лекарски преглед во најраната соодветна фаза од постапката, а најдоцна во времето на лишување од слобода, кога ќе се преземе таква мерка во однос на детето.
(21) Ако детето е лишено од слобода, Декларацијата за правата која се обезбедува на детето во согласност со Xxxxxxxxxxx 2012/13/ЕУ, треба да содржи јасни информации за правата на децата во согласност со оваа директива.
(22) Земјите членки треба да го известат носителот на родителска одговорност за применливите процесни права во писмена форма, усна форма или на двата начини. Информациите треба да се достават во најкраток можен рок и со деталите кои се потребни за да се обезбеди правичност на постапката и ефективно остварување на правата на детето.
(23) Во одредени околности кои може да се поврзани и само со едно од лицата кои се носители на родителска одговорност, информациите треба да се обезбедат на друго соодветно возрасно лице назначено од детето и прифатено како такво од надлежниот орган. Пример за таква околност би можело да биде присуството на објективни и фактички околности кои покажуваат или даваат основа за сомневање дека обезбедувањето на информации на носителот на родителска одговорност би можело значително да ја попречува кривичната постапка, особено ако постои можност за уништување или изменување на докази или би можело да влијаат врз сведоците или ако постои можност носителот на родителска одговорност да учествувал заедно со детето во злосторството во кое тоа е обвинето или осомничено.
(24) Ако престанале да постојат околности кои довеле надлежните органи да обезбедат информации на соодветно возрасно лице, различно од носителот на родителска одговорност, за секоја информација која детето ја добива во согласност со оваа директива и која продолжува да биде од значење во текот на постапката, треба да се обезбеди носител на родителска одговорност. Ова барање не треба да доведе до непотребно продолжување на кривичната постапка.
(25) Децата кои се осомничени или обвинети имаат право на пристап до адвокат
во согласност со Директивата 2013/48/ЕУ. Бидејќи децата се ранливи и не се секогаш способни целосно да ги разберат и да ги следат кривичните постапки, тие треба да добијат помош од адвокат во случаите наведени во оваа директива. Во такви случаи, земјите членки треба да обезбедат помош од адвокат, ако детето или носителот на родителска одговорност не обезбедил таква помош. Земјите членки треба да обезбедат правна помош онаму каде што е потребно за да се обезбеди дека детето е ефикасно застапувано од адвокат.
(26) Помошта од адвокатот според оваа директива подразбира дека детето има право на пристап до адвокат во согласност со Xxxxxxxxxxx 2013/48/ЕУ. Затоа, кога примената на некоја одредба од Директивата 2013/48/ЕУ оневозможува детето да добие помош од адвокат во согласност со оваа директива, оваа одредба не треба да се применува во однос на правото на децата да имаат пристап до адвокат во согласност со Директивата 2013/48/ЕУ. Од друга страна, отстапувањата и исклучоците од обезбедувањето на помош од адвокат утврдени во оваа директива, не треба да влијаат на правото на пристап до адвокат во согласност со Xxxxxxxxxxx 2013/48/ЕУ или правото на правна помош во согласност со Повелбата и XXXX, националното право и другото право на Унијата.
(27) Одредбите утврдени во оваа директива за помош од адвокат треба да се применуваат без непотребно одложување веднаш штом децата ќе бидат известени дека се осомничени или обвинети лица. За целите на оваа директива, помошта од адвокатите значи правна помош и застапување од страна на адвокат за време на кривичната постапка. Онаму каде што оваа директива предвидува помош од адвокат за време на испитувањето, адвокатот треба да биде присутен. Без да е во спротивност со правото на детето на пристап до адвокат во согласност со Xxxxxxxxxxx 2013/48/ЕУ, помошта од адвокатот не бара присуство на адвокатот за време на секоја последична акција или акција за собирање на докази.
(28) Ако ова е во согласност со правото на правично судење, обврската на земјите членки да им обезбедат помош од адвокат на децата кои се осомничени или обвинети во согласност со оваа директива, не го вклучува следното: утврдување на идентитетот на детето; одредување на тоа дали треба да се започне истрага; проверка за поседување на оружје или други слични безбедносни прашања; извршување на истражни дејствија или активности за собирање на докази кои не се конкретно наведени во оваа директива, како што се проверки на телото, физички преглед, испитување на крв, тест за алкохол или други слични тестови, фотографирање или земање на отпечатоци; или доведување на детето пред надлежен орган или предавање на детето на носителот на родителска одговорност или на друго соодветно возрасно лице, во согласност со националното право.
(29) Ако детето кое првично не било осомничено или обвинето, како сведок станува осомничено или обвинето лице, тоа дете треба да не сведочи против самото себе и има право да молчи во согласност со правото на Xxxxxxx и ЕКЧП, според толкувањето на Судот на правдата на Европската Унија (Судот) и на Европскиот суд за човекови права. Затоа, во оваа директива експлицитно се наведува практичната ситуација во која таквото дете станува осомничено или обвинето лице за време на испитувањето од полицијата или од друг орган за
спроведување на законите во контекст на кривичната постапка. Кога во текот на такво испитување, дете кое не е осомничено или обвинето лице, станува осомничено или обвинето лице, испитувањето треба да се прекине, додека детето не биде информирано за тоа зошто е осомничено или обвинето и додека не добие помош од адвокат во согласност со оваа директива.
(30) Доколку ова е во согласност со правото на правично судење, земјите членки треба да можат да отстапат од обврската за обезбедување на помош од адвокат, ако ова барање е несразмерно во поглед на околностите на предметот, при што се подразбира дека најдобриот интерес на детето треба секогаш да биде на прво место. Во секој случај, децата треба да добиваат помош од адвокат кога се изведени пред надлежен суд или судија со цел донесување на одлука во врска со притвор во која било фаза од постапката во рамките на опсегот на оваа директива, како и за време на притворот. Покрај тоа, лишувањето од слобода не треба да се изрекува како кривична пресуда, освен ако детето имало помош од адвокат на таков начин што би му овозможило ефикасно остварување на правото на одбрана, и во секој случај, за време на судските сослушувања. Земјите членки треба да бидат во можност да воспостават практични аранжмани во овој поглед.
(31) Земјите членки треба да бидат во можност привремено да отстапат од обврската за обезбедување на помош од адвокат во предсудската фаза од релевантни причини, имено кога постои итна потреба да се спречи појавата на сериозни негативни последици за животот, слободата или физичкиот интегритет на дадено лице или каде што е неопходно итно дејствување од страна на истражните органи за да се спречи сериозна опасност во кривичната постапка во врска со тешки кривични дела, меѓу другото, со цел добивање на информации во врска со наводните соучесници на тешко кривично дело или со цел да се избегне губење на важни докази во врска со тешки кривични дела. При привремена отстапка поради присуството на една од овие важни причини, надлежните органи треба да бидат способни да ги испитуваат децата во отсуство на адвокат, под услов тие да се известени за своето право да молчат и дека можат да го остваруваат ова право, како и дека ова испитување не е во спротивност со правото на заштита, вклучувајќи го и правото да не се изложува на кривично гонење. Треба да биде возможно да се одржи испитување во потребниот степен и со единствена цел за добивање на информации, што е од суштинско значење за спречување на тешки негативни последици за животот, слободата или физичкиот интегритет на лицето или за спречување на значително попречување на кривична постапка. Секоја злоупотреба на ова привремено отстапување, во принцип, би можела неповратно да ги наруши правата на одбраната.
(32) Земјите членки треба јасно да ги дефинираат причините и критериумите за такво привремено отстапување во националното право и да ја ограничат неговата употреба. Секое привремено отстапување треба да биде пропорционално, строго временско ограничено, да не се базира исклучително на видот или тежината на наводното кривично дело и не треба да влијае на целокупната правичност на постапката. Земјите членки треба да обезбедат дека кога во согласност со оваа директива е дозволено привремено отстапување од надлежен орган кој не е судија или суд, одлуката за одобрување на привременото отстапување подлежи на судска
контрола, барем во текот на фазата на судење.
(33) Доверливоста на комуникацијата помеѓу децата и нивниот адвокат е од клучно значење за обезбедување на ефикасно остварување на правото на одбрана и претставува суштински дел од правото на правично судење. Затоа, земјите членки треба да ја почитуваат доверливоста на состаноците и на другите форми на комуникација помеѓу адвокатот и детето во контекст на помошта од адвокат предвидена во оваа директива, без да се дозволи отстапување. Оваа директива не е во спротивност на постапките кои се однесуваат на ситуацијата во која постојат објективни и фактички околности кои предизвикуваат сомневање дека адвокатот е вклучен во кривично дело заедно со детето. Секоја кривична активност од страна на адвокатот не треба да се смета како легитимна заштита на детето во рамките на оваа директива. Обврската за почитување на доверливоста не подразбира само дека земјите членки треба да се воздржат од интервенција или да добијат пристап до оваа комуникација, но и дека кога децата се лишени од слобода или на друг начин се наоѓаат во место контролирано од државата, земјите членки треба да обезбедат дека правилата за комуникација ја подржуваат и штитат оваа приватност. Ова не е во спротивност со механизмите воведени во местата за притвор, за да се избегне испраќање на незаконски пратки од приведените лица, на пример проверка на допишувањето, под услов овие механизми да не им дозволуваат на надлежните органи да ја читаат комуникацијата помеѓу децата и нивниот адвокат. Оваа директива не е во спротивност со постапките во националното право, според кои препраќањето на допишувањето може да биде одбиено, ако испраќањето не се согласи да го препрати првото на допишување до надлежниот суд.
(34) Оваа директива не е во спротивност со прекршувањето на доверливоста кое е поврзано со спроведување на законски операции на набљудување од страна на надлежните органи. Исто така, оваа директива не е во спротивност со работата која ја вршат, на пример националните разузнавачки служби за заштита на националната безбедност во согласност со член 4(2) од Договорот за Европската Унија (ДЕУ) или работата која спаѓа во рамки на опсегот на член 72 од Договорот за функционирањето на Европската Унија (ДФЕУ), во кој се предвидува дека Наслов V од Дел III од ДФЕУ, во областа на слободата, безбедноста и правдата не треба да влијаат на исполнувањето на обврските на земјите членки за одржување на јавниот ред и заштита на внатрешната безбедност.
(35) Децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, треба да имаат право на индивидуална проценка за да се утврдат нивните специфични потреби во поглед на заштита, образование, обука и социјална интеграција, да се утврди дали и во која мера тие би можеле да имаат потреба од посебни мерки за време на кривичната постапка, како и да се утврдат степенот на кривичната одговорност и соодветноста на поединечна казна или воспитна мерка.
(36) Во контекст на индивидуалната проценка, особено треба да се земат предвид личноста и зрелоста на детето, неговата економска, социјална и семејна средина, вклучувајќи ја средината во која живее, како и сите други знаци за ранливоста на детето, како што се потешкотии во учењето и комуникацијата.
(37) Треба да биде возможно да се прилагодат степенот и деталите на индивидуалната проценка во согласност со околностите на предметот, земајќи ги предвид тежината на наводното кривичното дело и мерките кои би можеле да бидат преземени, ако детето биде прогласено за виновно за кривично дело. Индивидуалната проценка што била спроведена во однос на истото дете во неодамнешното минато, може да се искористи доколку се ажурира.
(38) Надлежните органи треба да ги земат предвид информациите добиени од индивидуална проценка при утврдување на тоа дали треба да се преземат конкретни мерки во однос на детето, како што е обезбедување на практична помош; при проценка на соодветноста и ефикасноста на мерките на претпазливост во однос на детето, како што се одлуки за привремен притвор или алтернативни мерки; и земајќи ги предвид индивидуалните карактеристики и околностите поврзани со детето, при донесување на одлука или активности во контекст на кривичната постапка, вклучувајќи изрекување на пресуда. Ако индивидуалната проценка сè уште не е на располагање, тоа не треба да ги спречува надлежните органи да преземат такви мерки или одлуки, под услов тие да се во согласност со условите утврдени во оваа директива, вклучувајќи и спроведување на индивидуална проценка во најраната соодветна фаза на постапката. Соодветноста и ефикасноста на мерките или одлуките донесени пред спроведувањето на индивидуалната проценка, може повторно да се проценат кога индивидуалната проценка ќе стане достапна.
(39) Индивидуалната проценка треба да се спроведе во најраната соодветна фаза на постапката и навремено, така што информациите добиени од неа, може да бидат земени предвид од обвинителот, судијата или друг надлежен орган пред поднесување на обвинението за целите на судењето. Меѓутоа, треба да биде можно да се поднесе обвинение во отсуство на индивидуална проценка, под услов тоа да биде во најдобар интерес на детето. Ова би можело да биде случај, на пример, ако постои ризик кога чекањето за индивидуална проценка може непотребно го продолжи времето кое детето го поминува во притвор.
(40) Земјите членки треба да можат да отстапат од обврската за спроведување на индивидуална проценка кога таквата отстапка е оправдана во околностите на предметот, имајќи ги предвид, меѓу другото, тежината на наводното кривично дело и мерките кои треба да се преземат ако детето е прогласено за виновно за делото, доколку таквото отстапување е во најдобар интерес на детето. Во овој контекст, треба да се земат предвид сите релевантни елементи, вклучувајќи и тоа дали неодамна детето било предмет на индивидуална проценка во контекст на кривична постапка или дали случајот може да се реши без обвинение.
(41) Обврската за грижа на децата кои се осомничени или обвинети се заснова на правично судење, особено кога децата се лишени од слобода и затоа се наоѓаат во особено тешка ситуација. Со цел да се обезбеди личниот интегритет на детето кое е лишено од слобода, тоа треба да има право на лекарски преглед. Таквиот медицински преглед треба да се врши од страна на лекар или друго квалификувано стручно лице, или по иницијатива на надлежните органи, особено кога конкретните здравствени индикатори даваат
основа за таков преглед, или како одговор на барањето направено од детето, од носителот на родителска одговорност или од адвокатот на детето. Земјите членки треба да утврдат практични правила за медицинските прегледи кои треба да се спроведат во согласност со оваа директива и за пристапот на тие деца на таквите испитувања. Овие правила, меѓу другото, може да ги опфатат ситуациите во кои две или повеќе барања за здравствени прегледи се направени во однос на истото дете во краток временски период.
(42) Децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка не се секогаш способни да ја разберат содржината на испитувањето на кое тие се подложени. За да се обезбеди доволна заштита на овие деца, на испитувањето кое се спроведува од полицијата или од други органи за спроведување на законот треба да му се направи аудиовизуелен запис, кога тоа е соодветно, земајќи ги предвид, меѓу другото, присуството или отсуството на адвокат и дали детето е лишено од слобода, при што се подразбира дека најдобриот интерес на детето секогаш треба да биде на прво место. Оваа директива не бара од земјите членки да направат аудиовизуелен запис на испитувањата на децата од страна на судија или суд.
(43) Кога треба да се направи аудиовизуелен запис во согласност со оваа директива, но не е можно да се направи таков запис поради нерешлив технички проблем, полицијата или другите органи за спроведување на законот треба да можат да го испитаат детето, без да се прави аудиовизуелен запис, под услов да се вложат разумни напори за надминување на техничкиот проблем, дека не е соодветно да се одложи испитувањето и дека е во согласност со најдобрите интереси на детето.
(44) Без оглед на тоа дали е направен аудиовизуелен запис на испитувањата на децата, испитувањето во сите случаи треба да се води на таков начин што ќе се земат предвид возраста и зрелоста на засегнатите деца.
(45) Децата се во особено ранлива ситуација кога тие се лишени од слобода. Затоа, треба да се направат големи напори за да се избегне лишувањето од слобода на децата, а особено нивното задржување во притвор во секоја фаза на постапката пред конечната одлука на судот за тоа дали засегнатото дете сторило кривично дело, имајќи ги предвид можните ризици за нивниот физички, ментален и социјален развој, и затоа лишувањето од слобода може да предизвика потешкотии во однос на нивното повторно интегрирање во општеството. Земјите членки можат да преземат практични правила, како што се упатства или насоки за полициските службеници, за примена на ова барање за случаи поврзани со апсење. Во секој случај, ова барање не е во спротивност со можноста на полициските службеници или други органи за спроведување на законот да задржат дете во ситуации каде што на прв поглед изгледа дека тоа е потребно, како на пример при флагрантно кршење на дело или непосредно по сторено кривично дело.
(46) Надлежните органи секогаш треба да ги земаат предвид мерките кои претставуваат алтернатива на притворот („алтернативни мерки“) и секогаш кога е можно, треба да посегнуваат по таквите мерки. Таквите алтернативни мерки можат да вклучат забрана детето да се наоѓа во одредени места, обврска на детето да престојува на одредено место, ограничувања во врска со контактите со одредени лица, обврска за пријавување на надлежните органи,
учество во образовни програми или со согласност на детето - учество во терапевтски програми или програми за лекување зависности.
(47) Притворањето на детето треба да биде предмет на периодично судско преиспитување, кое исто така може да го врши судија-поединец. Треба да биде можно да се спроведе такво периодично преиспитување по службена должност од страна на судот или на барање на детето, на адвокатот на детето или на судски орган кој не е суд, особено обвинител. Земјите членки треба да обезбедат практични правила во овој поглед, вклучително и во однос на ситуација во која периодичното преиспитување веќе е извршено по службена должност од страна на судот и детето или адвокатот на детето поднел барања за спроведување на ново преиспитување.
(48) Притворените деца треба да имаат корист од посебните заштитни мерки. Особено, тие треба да бидат сместени одвоено од возрасните лица, освен ако не се смета дека тоа не е во согласност со најдобриот интерес на детето, како што е предвидено во член 37(в) од Конвенцијата на ОН за правата на детето. Доколку притвореното дете наполни 18 години, треба да постои можност за понатамошно одвоено притворање ако тоа е оправдано, земајќи ги предвид околностите на засегнатото лице. Посебно внимание треба да се обрне на начинот на постапување со притворените деца во поглед на нивната ранливост. Децата треба да имаат пристап до образовни содржини во согласност на нивните потреби.
(49) Земјите членки треба да обезбедат дека децата кои се осомничени или обвинети и кои се притворени, се одвоени од возрасните, освен ако не се смета дека тоа не е во најдобар интерес на детето или, ако во исклучителни околности тоа е практично невозможно, под услов децата да бидат сместени заедно со возрасните лица на начин што е соодветен со најдобрите интереси на детето. На пример, во ретко населените области, во исклучителни случаи, треба да биде можно децата да бидат задржани во полициски притвор заедно со возрасните, освен ако тоа не е во спротивност со најдобрите интереси на детето. Во такви случаи, треба да се бара посебна претпазливост од страна на надлежните органи со цел да се заштити физичкиот интегритет и благосостојбата на детето.
(50) Исто така, треба да им се овозможи на децата да бидат во притвор со млади возрасни лица, освен ако тоа не е во спротивност со најдобрите интереси на детето. Земјите членки треба да определат кои лица се сметаат за млади возрасни лица во согласност со нивното национално право и постапки. Земјите членки се поттикнуваат да обезбедат дека лицата на возраст над 24 години не може да се сметаат како млади возрасни лица.
(51) Земјите членки треба да преземат соодветни мерки во однос на децата во притвор, во согласност со одредбите на оваа директива. Овие мерки, меѓу другото, треба да обезбедат ефикасно и редовно остварување на правото на семеен живот. Децата треба да имаат право да одржуваат редовни контакти со своите родители, семејства и пријатели преку посети и допишувања, освен ако не се бараат исклучителни ограничувања кои се во најдобар интерес на детето или во интерес на правдата.
(52) Земјите членки исто така треба да преземат соодветни мерки за да обезбедат почитување на слободата на вероисповед или убедување на детето. Во врска
со ова, земјите членки особено треба да се воздржат од мешање на детето во изборот на религијата или убедувањето. Сепак, од земјите членки не се бара да преземат активни чекори за да им помогнат на децата во практикување на религијата или убедувањето.
(53) Онаму каде што е соодветно, земјите членки треба да преземат соодветни мерки и во други случаи на лишување од слобода. Преземените мерки треба да бидат пропорционални и соодветни во поглед на природата на притворот, како што е апсењето или притворот, како и неговото времетраење.
(54) Стручните лица кои се во директен контакт со децата треба да ги земат предвид посебните потреби на децата од различни возрасни групи и треба да обезбедат дека постапките се прилагодени на нив. За овие цели, стручните лица треба да бидат специјално обучени за работа со деца.
(55) Децата треба да добијат третман кој е во согласност со нивната возраст, зрелост и ниво на разбирање, имајќи ги предвид нивните посебни потреби, вклучувајќи ги и нивните можни комуникациски потешкотии.
(56) Земајќи ги предвид разликите меѓу правните традиции и системи на земјите членки, приватноста на децата во текот на кривичната постапка треба да се обезбеди на најдобар можен начин со цел, меѓу другото, да се олесни повторното интегрирање на децата во општеството. Земјите членки треба да обезбедат дека судските сослушувања во врска со децата вообичаено се чуваат во отсуство на јавноста или треба да им овозможат на судовите или на судиите да одлучат да одржат такви сослушувања во отсуство на јавноста. Ова не е во спротивност со објавувањето на пресудите во согласност со член 6 од ЕКЧП.
(57) Децата треба да имаат право да бидат придружувани од носителот на родителска одговорност за време на судските сослушувања во кои учествуваат. Ако повеќе од едно лице се носители на родителска одговорност во однос на истото дете, детето треба да има право да биде придружено со сите лица, освен ако тоа не е можно во пракса, и покрај разумните напори на надлежните органи. Земјите членки треба да обезбедат практични правила за остварување на правото на децата бидат придружувани од носителот на родителска одговорност за време на сослушувањата пред судот, во кои учествуваат, и за условите под кои придружното лице може привремено да биде отстрането од судските сослушувања. Овие правила би можеле, меѓу другото, да вклучат ситуации во кои носителот на родителска одговорност привремено нема можност да го придружува детето или носителот на родителска одговорност не сака да ја искористи можноста да го придружува детето, под услов да се земе предвид најдобриот интерес на детето.
(58) Во одредени околности, кои можат да бидат поврзани и само со едно од лицата кои се носители на родителска одговорност, детето треба да има право да биде придружувано за време на сослушувањата пред судот од соодветно возрасно лице, различно од носителот на родителска одговорност. Една од овие околности е кога носителот на родителска одговорност кој го придружува детето би можел значително да ја попречува кривичната постапка, особено кога објективните и фактичките околности покажуваат или даваат основа за сомневање дека можат да бидат уништени
или изменети докази, за влијание врз сведоците или дека носителот на родителска одговорност можеби бил вклучен во наводната криминална активност на детето.
(59) Во согласност со оваа директива, децата исто така треба да имаат право да бидат придружувани од носителот на родителска одговорност во текот на другите фази од постапката во која се присутни, на пример за време на полициско испитување.
(60) Правото на обвинетото лице да присуствува лично во судскиот процес се базира на правото на правично судење, предвидено во член 47 од Повелбата и член 6 од ЕКЧП, според толкувањето на Судот на Европската Унија и на Европскиот суд за човекови права. Земјите членки треба да преземат соодветни мерки за поттикнување на децата да присуствуваат на нивното судење, вклучително и преку лично повикување и испраќање на копија од поканата до носителот на родителска одговорност или кога тоа би било во спротивност на најдобриот интерес на детето, до друго соодветно возрасно лице. Земјите членки треба да утврдат практични правила за присуството на децата на сопственото судење. Овие правила може да вклучуваат одредби за условите под кои децата можат привремено да бидат отстранети од судењето.
(61) Определени права утврдени во оваа директива треба да се применуваат на деца кои се барани лица, од моментот на нивното апсење во земјата членка на извршување.
(62) Постапките поврзани со европскиот налог за апсење се од суштинско значење за соработката помеѓу земјите членки во кривичните предмети. Усогласеноста со роковите содржани во Рамковната одлука 2002/584/ПВР е клучна за таквата соработка. Затоа, овие рокови треба да се почитуваат, кога децата кои се барани лица треба да бидат способни целосно да ги остварат своите права во согласност со оваа директива во постапките поврзани со европскиот налог за апсење.
(63) Земјите членки треба да преземат соодветни мерки за да обезбедат дека судиите и обвинителите кои работат со кривични постапки во врска со деца, поседуваат посебни квалификации во оваа област или имаат ефективен пристап до специјализирана обука, особено во врска со правата на децата, соодветни техники на испитување, детска психологија и комуникација на јазик прилагодена за деца. Земјите членки, исто така, треба да преземат соодветни мерки за да го поттикнат обезбедувањето на таква специјализирана обука за адвокати кои работат во кривични постапки кои вклучуваат деца.
(64) Со цел да се следи и оценува ефикасноста на оваа директива, земјите членки треба да соберат релевантни податоци од достапните информации во врска со спроведувањето на правата утврдени во оваа регулатива. Овие податоци вклучуваат податоци кои се евидентираат од судските органи и органите за спроведување на законот и колку што е можно, административните податоци собрани од здравствените и социјалните служби во однос на правата утврдени во оваа регулатива, а особено во однос на бројот на децата на кои им е обезбеден пристап до адвокат, бројот на извршените индивидуални проценки, бројот на аудиовизуелните записи за испрашување и бројот на деца лишени од слобода.
(65) Земјите членки треба да ги почитуваат и обезбедуваат правата утврдени во оваа директива, без каква било форма на дискриминација врз основа на каква било причина, како што се раса, боја, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политичко или друго мислење, државјанство, етничко или социјално потекло, имотна состојба, раѓање или инвалидитет.
(66) Оваа директива ги утврдува фундаменталните права и начела признати во Повелбата и ЕКЧП, вклучувајќи ја забраната на тортура и на нечовечко или понижувачко постапување, правото на слобода и безбедност, почитувањето на приватниот и семејниот живот, правото на интегритетот на личноста, правата на детето, интеграцијата на лицата со попреченост, правото на ефикасен правен лек и на правично судење, презумпцијата на невиност и правото на одбрана. Оваа директива треба да се спроведува во согласност со тие права и принципи.
(67) Оваа директива утврдува минимални правила. Земјите членки треба да бидат во можност да ги прошират правата предвидени со оваа директива со цел да обезбедат повисоко ниво на заштита. Таквото поголемо ниво на заштита не треба да биде пречка за взаемно признавање на судските одлуки, чиишто тековни минимални правила се наменети за олеснување. Нивото на заштита утврдено од земјите членки, никогаш не треба да падне под стандардите утврдени во Повелбата или во ЕКЧП, според толкувањето на Судот на Европската Унија и на Европскиот суд за човекови права.
(68) Доколку целите на оваа директива, имено воспоставување на заеднички минимални стандарди за процедуралните заштитни мерки за децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, не можат да бидат постигнати во доволна мера од земјите членки, а поради обемот и нивниот ефект можат да бидат подобро постигнати на ниво на Унијата, Унијата може да донесе мерки во согласност со принципот на супсидијарност, како што е утврдено во член 5 од ДЕУ. Во согласност со начелото на пропорционалност, како што е утврдено во тој член, оваа директива не го надминува неопходното за постигнување на овие цели.
(69) Во согласност со членови 1 и 2 од Протоколот бр. 21 за ставот на Обединетото Кралство и Ирска во однос на областа на слобода, безбедност и правда, приложен кон ДЕУ и ДФЕУ, и без да е во спротивност со член 4 од наведениот протокол, овие земји членки не учествуваат во донесувањето на оваа директива и затоа не се обврзани со неа или не се предмет на нејзина примена.
(70) Во согласност со членови 1 и 2 од Протоколот бр. 22 за ставот на Данска приложен кон ДЕУ и ДФЕУ, Xxxxxx не учествува во донесувањето на оваа директива и затоа не е обврзана со неа и не е предмет на нејзина примена.
(71) Во согласност со Заедничката политичка декларација од 28 септември 2011 година на земјите членки и на Комисијата за објаснувачките документи (1), земјите членки се обврзуваат, во оправдани случаи, да го придружуваат известувањето за нивните мерки за транспонирање на еден или повеќе документи, објаснувајќи ја врската помеѓу деловите на директивата и соодветните делови од националните инструменти за транспонирање. Во однос на оваа директива, законодавецот смета дека пренесувањето на
1 Сл. весник C 369, 17.12.2011 година, стр. 14.
таквите документи е оправдано, ЈА ДОНЕСОА ОВАА ДИРЕКТИВА:
Член 1
Предмет
Оваа директива утврдува заеднички минимални правила за одредени права на децата кои се:
(а) осомничени или обвинети лица во кривична постапка; или
(б) предмет на постапките поврзани со европскиот налог за апсење според Рамковната одлука 2002/584/ПВР („лица кои се бараат“).
Член 2
Опсег
1. Оваа директива се применува на деца кои се осомничени или обвинети во кривична постапка. Таа се применува сè до конечното разјаснување на прашањето дали осомниченото или обвинетото лице извршило кривично дело, вклучувајќи, каде што е применливо, до донесување на пресудата и решавањето на која било жалба.
2. Оваа директива се применува на децата кои се бараат од моментот на нивното апсење во земјата членка извршител, во согласност со член 17.
3. Со исклучок на член 5, точка (б) од член 8(3) и член 15, доколку наведените одредби се однесуваат на носителот на родителска одговорност, оваа директива или одредени одредби од неа се применуваат на лицата наведени во ставовите 1 и 2 од овој член, кои биле деца кога станале предмет на постапка, но во меѓувреме наполниле 18 години, како и при примената на оваа директива или на одредени одредби од неа, соодветно е да се земат предвид околностите на случајот, вклучувајќи го нивото на зрелост и ранливост на засегнатото лице. Земјите членки можат да одлучат да не ја применуваат оваа директива кога засегнатото лице има 21 година.
4. Оваа директива се однесува на деца кои не биле првично осомничени или обвинети, но станале осомничени или обвинети лица за време на полициското испитување или испитување од други органи за спроведување на законите.
5. Оваа директива не е во спротивност со националните правила за утврдување на возраста за кривична одговорност.
6. Без да е во спротивност со правото на правично судење, во однос на малите прекршоци:
(а) кога правото на земјата членка предвидува наметнување на санкција од орган различен од суд кој е надлежен за кривични предмети, и наметнувањето на оваа санкција може да биде обжалена или може да биде упатена на таков суд; или
(б) ако лишувањето од слобода не може да се изрече како санкција,
оваа директива се применува само за постапки пред судот кој е надлежен за кривични предмети.
Во секој случај, оваа директива се применува целосно кога детето е лишено од
слобода, без оглед на фазата на кривичната постапка.
Член 3
Дефиниции
За целите на оваа директива се применуваат следните дефиниции:
(1) „дете“ е лице на возраст до 18 години;
(2) „носител на родителска одговорност“ е секое лице кое има родителска одговорност за дете;
(3) „родителска одговорност“ се сите права и обврски кои се однесуваат на лицето или имотот на детето, кои се дадени на физичко или правно лице со судска одлука, со примена на закон или со договор кој има правно дејство, вклучувајќи ги правата на старателство и правото на контакт со детето.
Во врска со точка (1) од првиот потстав, кога не е сигурно дали лицето е на возраст од 18 години, се претпоставува дека тоа лице е дете.
Член 4
Право на информации
1. Земјите членки обезбедуваат дека кога децата се известени дека се осомничени или обвинети лица во кривична постапка, тие веднаш се известуваат за нивните права во согласност со Директивата 2012/13/ЕУ и за општите аспекти за водење на постапката.
Земјите членки, исто така, обезбедуваат дека децата се информирани за правата утврдени во оваа директива. Овие информации се дадени на следниот начин:
(а) веднаш откако децата се информирани дека се осомничени или обвинети лица, во врска со:
(i) правото на носителот на родителска одговорност да биде информирано, како што е предвидено во член 5;
(ii) правото на помош од адвокат, како што е предвидено во член 6;
(iii) правото на заштитата на приватноста, како што е предвидено во член 14;
(iv) правото на придружба од носителот на родителска одговорност во текот на фазите на постапката, освен судските сослушувања, како што е предвидено во член 15(4);
(v) правото на правна помош, како што е предвидено во член 18; (в) во најраната соодветна фаза од постапката, во однос на:
(i) правото на индивидуална проценка, како што е предвидено во член 7;
(ii) правото на лекарски преглед, вклучувајќи го и правото на лекарска помош, како што е предвидено во член 8;
(iii) правото на ограничување на лишувањето од слобода и употребата на алтернативни мерки, вклучувајќи го и правото на периодично преиспитување на притворот, како што е предвидено во членови 10 и 11;
(iv) правото на придружба од носителот на родителска одговорност во текот на судските сослушувања, како што е предвидено во член 15(1);
(v) правото на лично присуство на судењето, како што е предвидено во член 16;
(vi) правото на пристап до ефикасни правни лекови, како што е предвидено во член 19;
(в) по лишување од слобода, во однос на правото на посебен третман за време на лишувањето од слобода, како што е предвидено во член 12.
2. Земјите членки обезбедуваат дека информациите наведени во став 1 се дадени во писмена форма, усна форма или во двете форми, на едноставен и достапен јазик и дека доставените информации се снимени при користење на постапките за евиденциja во согласност со националното право.
3. Кога на децата им се обезбедува Декларација за правата во согласност со Директивата 2012/13/ЕУ, земјите членки обезбедуваат дека наведената декларација содржи упатување на нивните права според оваа директива.
Член 5
Право на детето за информирање на носителот на родителска одговорност
1. Земјите членки обезбедуваат дека носителот на родителска одговорност, што е можно побргу, ќе добие информации што детето има право да ги прими во согласност со член 4.
2. Информациите наведени во став 1 се даваат на друго соодветно возрасно лице назначено од детето и прифатено за такво од надлежниот орган, кога обезбедувањето на тие информации на носителот на родителска одговорност:
(а) не е во најдобар интерес на детето;
(б) е невозможно, бидејќи по разумни напори, не може да се утврди никаква врска со носителот на родителска одговорност или неговиот идентитет е непознат;
(в) врз основа на објективни и фактички околности, значително може да ја попречат кривичната постапка.
Кога детето не назначило друго соодветно возрасно лице или кога наведеното возрасно лице од детето не е прифатливо за надлежниот орган, надлежниот орган, земајќи го предвид најдобриот интерес на детето, определува друго лице и му ги обезбедува информациите на друго лице. Ова лице, исто така, може да биде претставник на орган или друга институција одговорна за заштита или благосостојба на децата.
3. Ако престанале да постојат околностите кои довеле до примената на точка (а), (б) или (в) од став 2, сите информации што детето ги добива во согласност со член 4 и кои продолжуваат да бидат од значење во текот на постапката, се обезбедуваат на носителот на родителска одговорност.
Член 6
Помош од адвокат
1. Децата кои се осомничени или обвинети лица во кривична постапка, имаат право на пристап до адвокат во согласност со Директивата 2013/48/ЕУ. Ништо во оваа директива, особено во овој член, не влијае на ова право.
2. Земјите членки обезбедуваат дека децата добиваат помош од адвокат во
согласност со овој член, за да им се даде можност да го искористат ефикасно своето право на одбрана.
3. Земјите членки им обезбедуваат на децата помош од адвокат без непотребно одлагање, откако ќе ги известат дека се осомничени или обвинети лица. Во секој случај, децата треба да имаат помош од адвокат најрано во еден од следните случаи:
(а) пред тие да бидат испитувани од полицијата или другиот орган за спроведување на законот или судски орган;
(б) по извршувањето на истражните дејствија или на други активности за собирање на докази од страна на истражните или други надлежни органи во согласност со точка (в) од став 4;
(в) без непотребно одложување по лишување од слобода;
(г) кога се повикани да се појават пред судот за кривични дела, навремено пред да се појават пред судот.
4. Помошта од адвокатите го вклучува следното:
(а) Земјите членки обезбедуваат дека децата имаат право на приватна средба и комуникација со адвокатот кој ги застапува, вклучувајќи пред испитувањето од полицијата или од друг орган за спроведување на законот или од судски орган;
(б) Земјите членки обезбедуваат дека децата имаат право на помош од адвокат за време на испитувањето и дека адвокатот може да земе ефикасно учество за време на испитувањето. Ова учество се остварува во согласност со постапките според националното право, под услов таквите постапки да не влијаат на ефикасното извршување или суштината на наведеното право. Ако адвокатот учествува во испитувањето, фактот дека таквото учество се случило е снимено со користење на постапката за снимање утврдена со националното право;
(в) Земјите членки обезбедуваат дека децата уживаат помош од адвокат најмалку во текот на следните истражни дејствија или активности за собирање на докази, кога овие активности се предвидени во националното право и ако осомниченото или обвинетото лице е барано или му е дозволено присуство на засегнатото дејство на:
(i) распознавање;
(ii) конфронтации;
(iii) реконструкција на местото на злосторството.
5. Земјите членки ја почитуваат доверливоста на комуникацијата помеѓу детето и неговиот адвокат при остварувањето на правото на пристап до адвокат предвидени со оваа директива. Оваа комуникација вклучува состаноци, допишувања, телефонски разговори и други форми на комуникација дозволени според националното право.
6. Под услов да се почитува правото на правично судење, земјите членки можат да предвидат исклучок од став 3, кога помошта од адвокатот е непропорционална во поглед на околностите на предметот, имајќи ги предвид тежината на наводното кривично дело, комплексноста на случајот и мерките кои можат да се
преземат во однос на такво кривично дело, при што се подразбира дека најдобриот интерес на детето секогаш е на прво место.
Во секој случај, земјите членки обезбедуваат дека децата имаат помош од адвокат: (а) кога тие се изведени пред надлежен суд или судија со цел донесување на
одлука во врска со притвор во која било фаза од постапката во рамките на опсегот на оваа директива; и
(б) за време на притвор.
Земјите членки обезбедуваат исто така, дека лишувањето од слобода не треба да се изрекува како кривична пресуда, освен ако детето имало помош од адвокат на таков начин што би му овозможило ефикасно остварување на правото на одбрана, и во секој случај, за време на судското рочиште.
7. Кога во согласност со овој член, детето треба да добие помош од адвокат, но адвокатот не е присутен, надлежните органи го одложуваат испитувањето на детето или другите истражни дејствија или активности за собирање на докази предвидени во точка (в) од став 4, за разумен рок, за да обезбедат можност за доаѓање на адвокатот, или кога детето не предложило адвокат, за ангажирање на адвокат за детето.
8. Во исклучителни околности и само во фазата на предсудската постапка, земјите членки можат да користат привремено отстапување од спроведувањето на правата предвидени во став 3, доколку тоа е оправдано, во поглед на конкретните околности на предметот, врз основа на една од следните важни причини:
(а) кога постои итна потреба да се спречат сериозни негативни последици за животот, слободата или физичкиот интегритет на лицето;
(б) кога се наметнува истражните органи да преземат итна акција за да се спречи сериозно попречување на кривичната постапка во врска со тешко кривично дело.
Земјите членки обезбедуваат дека, при примената на овој став, надлежните органи ќе ги земат предвид најдобрите интереси на детето.
Одлуката да се одржи испитување во отсуство на адвокат во согласност со овој став може да биде донесена само за секој поединечен случај или од судски орган или од друг надлежен орган, под услов дека одлуката може да се поднесе до судско преиспитување.
Член 7
Право на индивидуална проценка
1. Земјите членки обезбедуваат дека посебните потреби на децата се земаат предвид во смисла на заштита, образование, обука и социјална интеграција.
2. За таа цел, децата кои се осомничени или обвинети лица во кривична постапка треба да бидат индивидуално оценети. Во контекст на индивидуалната проценка, особено се земаат предвид личноста и зрелоста на детето, неговата економска, социјална и семејна средина, како и сите други знаци за ранливост кои детето може да ги има.
3. Степенот и деталите на индивидуалната проценка може да се разликуваат во зависност од околностите на предметот, мерките кои можат да бидат преземени, ако детето е прогласено за виновно за наводното кривично дело, како и тоа дали
неодамна детето било предмет на индивидуална проценка.
4. Индивидуалната проценка служи за воспоставување и за забележување во согласност со постапката за снимање во засегнатата земја членка, тие информации за индивидуалните карактеристики на детето и околностите поврзани со него, кои може да се користат од страна на надлежните органи, при:
(а) утврдување дали треба да се преземат конкретни мерки во корист на детето; (б) оценување на соодветноста и ефективноста на сите процедурални мерки во
однос на детето;
(в) донесување одлука или преземање на дејство во текот на кривичната постапка, вклучително и осудување.
5. Индивидуалната проценка се спроведува во најраната соодветна фаза на постапката и во согласност со став 6, пред обвинението.
6. Во отсуство на индивидуална проценка, сепак, обвинението може да биде подигнато, под услов тоа да биде во најдобар интерес на детето и ако индивидуалната проценка во сите случаи ќе биде достапна во почетокот на судската расправа.
7. Индивидуалната проценка се спроведува со активно учество на детето. Таа се спроведува од квалификувани лица, колку што е можно, со мултидисциплинарен пристап и, каде што е соодветно, се вклучува и носителот на родителска одговорност или друго соодветно возрасно лице, како што е наведено во членови 5 и 15, и/или специјализирани стручни лица.
8. Доколку елементите кои се карактеристични за индивидуалната проценка значително се менуваат, земјите членки обезбедуваат дека индивидуалната проценка се ажурира во текот на кривичната постапка.
9. Земјите членки можат да отстапат од обврската за спроведување на индивидуална проценка, ако отстапувањето е оправдано во околностите на случајот и под услов дека тоа е во согласност со најдобрите интереси на детето.
Член 8
Право на лекарски преглед
1. Земјите членки обезбедуваат дека децата лишени од слобода имаат право на медицински преглед без непотребно одлагање, особено со оглед на оценување на нивната општа ментална и физичка состојба. Медицинскиот преглед треба да биде колку што е можно неинвазивен и да го извршува лекар или друго квалификувано стручно лице.
2. Резултатите од медицинскиот преглед треба да се земат предвид при одредување на способноста на детето да биде подложено на испитување, на други истражни дејствија или активности за собирање на докази или на мерки наметнати или планирани во однос на детето.
3. Медицинскиот преглед се врши по иницијатива на надлежните органи, особено кога конкретни здравствени причини наметнуваат таков преглед, или по барање на кое било од следните лица:
(а) детето;
(б) носителот на родителска одговорност или друго соодветно возрасно лице,
како што е наведено во членови 5 и 15; (в) адвокатот на детето.
4. Заклучокот од лекарскиот преглед се евидентира во писмена форма. Доколку е потребно, се обезбедува медицинска помош.
5. Земјите членки обезбедуваат дека се врши друг медицински преглед, кога околностите тоа го бараат.
Член 9
Аудиовизуелен запис на испитувањето
1. Земјите членки обезбедуваат дека при испитувањето на децата од полицијата или другите органи за спроведување на законот во текот на кривичната постапка се прави аудиовизуелен запис, кога тоа е пропорционално со оглед на околностите на случајот, земајќи предвид, меѓу другото, дали адвокатот е присутен или не и дали детето е лишено од слобода, под услов да се земе предвид најдобриот интерес на детето.
2. Во отсуство на аудиовизуелен запис, испитувањето се снима на друг соодветен начин, како на пример преку изготвување на писмени записници кои се проверени прописно.
3. Овој член не влијае на можноста да се поставуваат прашања кои имаат за цел само да се утврди идентитетот на детето, без да се прави аудиовизуелен запис.
Член 10
Ограничување на лишувањето од слобода
1. Земјите членки обезбедуваат дека лишувањето од слобода на дете во која било фаза на постапката е ограничено на најкраткиот соодветен период. Треба да се води сметка за возраста и индивидуалната состојба на детето, како и за специфичните околности на случајот.
2. Земјите членки обезбедуваат дека лишувањето од слобода, особено притворот, им се наметнува на децата само како крајна мерка. Земјите членки обезбедуваат дека секоја одлука за притвор се заснова на разумна одлука која е предмет на судско преиспитување. Таквата одлука, исто така, е предмет на периодично судско преиспитување во разумни интервали, кое се врши по службена должност или по барање на детето, на адвокатот на детето или на судски орган, различен од суд. Без да е во спротивност со независноста на судството, земјите членки обезбедуваат дека одлуките донесени врз основа на овој став се донесуваат без непотребно одложување.
Член 11
Алтернативни мерки
Земјите членки обезбедуваат дека, кога е можно, надлежните органи применуваат алтернативни мерки за притвор (алтернативни мерки).
Член 12
Посебен третман во случај на лишување од слобода
1. Земјите членки обезбедуваат дека притворените деца се одвоени од
возрасните лица, освен ако се смета дека е најдобар интерес на детето да не се направи тоа.
2. Земјите членки, исто така, обезбедуваат дека децата на кои им е изречена мерка на полициски притвор се одвоени од возрасните лица, освен ако:
(а) се смета дека во најдобар интерес на детето е тоа да не се направи; или
(б) во исклучителни околности, ова е практично невозможно доколку децата се сместени заедно со возрасните лица на начин што е во согласност со најдобрите интереси на детето.
3. Без да е во спротивност со став 1, кога притвореното дете ќе наполни 18 години, земјите членки предвидуваат можност тоа лице да продолжи да биде сместено одвоено од другите притворени возрасни лица, ако тоа е оправдано, земајќи ги предвид околностите поврзани со соодветното лице, и доколку тоа е во најдобар интерес на децата кои се притворени со тоа лице.
4. Без да е во спротивност со став 1 и земајќи го предвид став 3, децата можат да бидат сместени заедно со млади возрасни лица, освен ако тоа не е спротивно на најдобрите интереси на детето.
5. Кога децата се притворени, земјите членки преземаат соодветни мерки за:
(а) обезбедување и зачувување на нивното здравје и нивниот физички и психички развој;
(б) обезбедување на нивното право на образование и обука, вклучително и кога децата имаат физички или сензорни пречки или потешкотии во учењето;
(в) обезбедување на ефективно и редовно остварување на нивното право на семеен живот;
(г) обезбедување пристап до програми за поттикнување на нивниот развој и повторно интегрирање во општеството; и
(д) обезбедување на почитување на слободата на вероисповед или уверување.
Мерките преземени според овој став треба да бидат пропорционални и соодветни на времетраењето на притворот.
Точки (а) и (д) од првиот потстав, исто така, се применуваат и на други ситуации на лишување од слобода, освен притвор. Преземените мерки треба да бидат пропорционални и соодветни на таквите ситуации на лишување од слобода.
Точките (б), (в) и (г) од првиот потстав се применуваат само во ситуации на лишување од слобода, освен притвор, само до степен до кој се соодветни и пропорционални со природата и времетраењето на таквите ситуации.
6. Земјите членки настојуваат да им обезбедат на децата кои се лишени од слобода можност да се сретнат со носителот на родителска одговорност во најкраток можен рок, кога таквата средба е во согласност со истражните и оперативните барања. Овој став не е во спротивност со именувањето или назначувањето на друго соодветно возрасно лице според член 5 или 15.
Член 13
Навремено и внимателно решавање на предметите
1. Земјите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат дека кривичните постапки кои вклучуваат деца се решаваат по итна постапка и со прописно внимание.
2. Земјите членки преземаат соодветни мерки за да обезбедат дека децата секогаш се третираат на начин кој го штити нивното достоинство и кој е соодветен на нивната возраст, зрелост и ниво на разбирање и ги земаат предвид сите нивни посебни потреби, вклучувајќи ги нивните можни комуникациски потешкотии.
Член 14
Право на заштита на приватноста
1. Земјите членки обезбедуваат заштита на приватноста на децата во текот на кривичната постапка.
2. За таа цел, земјите членки треба или да обезбедат дека судските сослушувања во врска со децата вообичаено се чуваат во отсуство на јавноста или треба да им овозможат на судовите или на судиите да донесат одлука за одржување на такви сослушувања во отсуство на јавноста.
3. Земјите членки преземаат соодветни мерки за да обезбедат дека евиденцијата наведена во член 9 не се шири во јавноста.
4. Почитувајќи ја слободата на говорот и на информирање и слободата и плурализмот на медиумите, земјите членки ги поттикнуваат медиумите да преземат мерки за саморегулирање за да ги постигнат целите утврдени во овој член.
Член 15
Право на детето на придружба од носителот на родителска одговорност во текот на постапката
1. Земјите членки обезбедуваат дека децата имаат право на придружба од носителот на родителска одговорност за време за време на судските сослушувања во кои учествуваат.
2. Детето има право да биде придружувано од друго соодветно возрасно лице кое е назначено од страна на детето и е прифатено за такво од надлежниот орган, кога присуството на носителот на родителска одговорност го придружува детето за време на судските сослушувања:
(а) не е во најдобар интерес на детето;
(б) е невозможно, бидејќи по разумни напори, не може да се утврди никаква врска со носителот на родителска одговорност или неговиот идентитет е непознат; или
(в) би можело, врз основа на објективни и фактички околности, значително да ја попречи кривичната постапка.
Кога детето не назначило друго соодветно возрасно лице или кога наведеното возрасно лице од детето, не е прифатливо за надлежниот орган, надлежниот орган, земајќи го предвид најдобриот интерес на детето, определува друго лице кое ќе го придружува детето. Ова лице, исто така, може да биде претставник на орган или друга институција одговорна за заштита или благосостојба на децата.
3. При престанување на постоењето на околностите што довеле до примената на точка (а), (б) или (в) од став 2, детето има право да биде придружувано од носителот на родителска одговорност за време на сите останати судски сослушувања.
4. Во прилог на правото предвидено во став 1, земјите членки обезбедуваат дека децата имаат право на придружба од носителот на родителска одговорност или од друго соодветно возрасно лице наведено во став 2, за време на сите фази на постапката, различни на судските сослушувања во кои детето е присутно кога надлежниот орган смета дека:
(а) тоа е во најдобар интерес на детето да биде придружено од тоа лице; и (б)присуството на тоа лице нема да ја попречи кривичната постапка.
Член 16
Право на децата да присуствуваат и да учествуваат во нивното судење
1. Земјите членки обезбедуваат дека децата имаат право да присуствуваат на нивното судење и ги преземаат сите неопходни мерки за да им обезбедат ефикасно учество во судењето, вклучувајќи ја и можноста да бидат сослушани и да ги искажат своите ставови.
2. Земјите членки обезбедуваат дека децата кои не биле присутни на нивното судење, имаат право на ново судење или друг правен лек во согласност со Директивата (ЕУ) 2016/343 и под условите утврдени во споменатата директива.
Член 17
Постапки поврзани со европски налог за апсење
Земјите членки обезбедуваат дека правата наведени во членови 4, 5, 6, и 8, членови од 10 до 15 и 18 се применуваат mutatis mutandis во однос на децата кои се лица кои се бараат, по нивното апсење во рамките на постапките поврзани со европскиот налог за апсење во земјата членка на извршување.
Член 18
Право на правна помош
Земјите членки обезбедуваат дека националното право за правна помош гарантира ефикасно остварување на правото на помош од адвокат во согласност со член 6.
Член 19
Правни лекови
Земјите членки обезбедуваат дека децата кои се осомничени или обвинети лица во кривична постапка и децата кои се лица кои се бараат, располагаат со ефикасни правни лекови за заштита во согласност со националното право во случај на прекршување на нивните права според оваа директива.
Член 20
Обука
1. Земјите членки обезбедуваат дека персоналот во органите за спроведување на законите и во институциите за притвор кој е вклучен во случаи поврзани со деца, поминува специјализирана обука на ниво соодветно со нивниот контакт со децата, за правата на децата, соодветни техники за испитување, детска психологија и
комуникација на јазик прилагодена на децата.
2. Без да е во спротивност со независноста на судството и разликите во организацијата на судството меѓу земјите членки и земајќи ја предвид улогата на структурите одговорни за обука на судиите и обвинителите, земјите членки преземаат соодветни мерки за да обезбедат дека судиите и обвинителите кои работат на кривични постапки со учество на деца, имаат посебни квалификации во оваа област, ефикасен пристап до специјализирана обука или и двете.
3. Со должно почитување на независноста на правната професија и за улогата на структурите одговорни за обука на адвокати, земјите членки преземаат соодветни мерки за да поттикнуваат обезбедување на специјализирана обука, како што е наведено во став 2, на адвокати кои работат на кривични постапки со учество на деца.
4. Преку своите јавни служби или преку финансирање на организации за поддршка на децата, земјите членки ги поттикнуваат иницијативите кои им овозможуваат на лицата кои обезбедуваат помош за децата и услуги за ресторативна правда, да поминат соодветна обука на ниво кое е прилагодено во однос на нивниот контакт со децата и да ги почитуваат професионалните стандарди кои обезбедуваат дека предметните услуги се обезбедени со непристрасност, почит и професионализам.
Член 21
Собирање на податоци
До 11 јуни 2021 година, а потоа на секои три години, земјите членки ги испраќаат до Комисијата достапните податоци кои покажуваат како биле спроведени правата утврдени во оваа директива.
Член 22
Трошоци
Земјите членки ги преземаат трошоците што произлегуваат од примената на членови 7, 8 и 9, без оглед на исходот на постапката, освен ако трошоците што произлегуваат од примената на член 8, не се покриваат од здравствено осигурување.
Член 23
Неотстапување
Ништо во оваа директива не се толкува како ограничување или отстапување од кои било права и процедурални заштитни мерки предвидени според Повелбата, ЕКЧП или други релевантни одредби на меѓународното право, а особено Конвенцијата на ОН за правата на детето, или правото на која било земја членка која обезбедува повисоко ниво на заштита.
Член 24
Транспонирање
1. Земјите членки ги донесуваат законите, регулативите и административните одредби неопходни за усогласување со оваа директива до 11 јуни 2019 година. Тие веднаш ја известуваат Комисијата за тоа.
Кога земјите членки ги донесуваат овие мерки, тие содржат упатување кон оваа
директива или се придружени со такво упатување при нивното официјално објавување. Методите за такво упатување се дефинирани од страна на земјите членки.
2. Земјите членки го доставуваат до Комисијата текстот на одредбите од националното право што се донесуваат во областа опфатена со оваа директива.
Член 25
Извештај
До 11 јуни 2022 година, Комисијата поднесува извештај до Европскиот парламент и Советот за проценка на степенот до кој земјите членки ги донеле потребните мерки за да се усогласат со оваа директива, што вклучува и оценка на примената на член 6, заедно со законски предлози, онаму каде што е потребно.
Член 26
Влегување во сила
Оваа директива влегува во сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.
Член 27
Адресати
Оваа директива се однесува на земјите членки во согласност со договорите. Стразбур, 11 мај 2016 година
За Европскиот парламент | За Советот |
Претседател | Претседател |
М. ШУЛЦ | Ж.А. ХЕНИС-ПЛАШЕРТ |