Contract
ИЗМЕНА НА ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БР:26-4548/2/2010
- набавка на услуги за привремено вработување -
I. ДОГОВОРЕН ОРГАН:
1. Податоци за договорниот орган
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со седиште на ул: “Јуриј Гагарин" бр. 15- Скопје, Р.Македонија, телефон за контакт: 02/ 3 134 477; факс: 02/3 230 429 или 02/3 119 815; интернет адреса: xxx.xxxx.xxx.xx; електронска адреса: xxxxx.xxxxxxx@xxxx.xxx.xx; контакт лице: Xxxxx Xxxxxxx.
2. Тендерска документација:
Тендерската документација е достапна на веб страната на Бирото за јавни набавки, без надоместок.
Само економските оператори што подигнале тендерска документација имаат право да достават пријава за учество на повикот.
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА:
1. Предмет на договорот за јавна набавка:
Избор на агенција за привремени вработувања за потребите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за период од 8 месеци до 31.12. 2010 година.
2. Делливост на предметот на набавка:
Предметот на набавка не е деллив.
III. ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ:
1. Гаранција на понудата: Да - во вид на банкарска гаранција во износ од 360.000,00 денари која се доставува во оригнална форма. Гаранцијата на понудата треба да е со важност не помалку од 14 дена од денот на истекот на важноста на понудата.
Гаранцијата на понудата им се враќа на понудувачите кои не се избрани за најповолни во рамките на периодот на нејзината важност.
Гаранцијата на понудата на понудувачот чија понуда е избрана за најповолнаму се враќа откако ќе го потпише договорот за јавна набавка и ќе достави гаранција за квалитетно извршување, доколку истата се бара.
2. Гаранција за квалитетно извршување на договорот:: Да - во вид на банкарска гаранција во износ од 15% од вредноста на договорот. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
3. Авансно плаќање: не е предвидено.
4. Критериуми за утврдување на способноста на кандидатот или понудувачот
4.1. Лична состојба
За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- Изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- Потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
4.2.Способност за вршење на професионална дејност
- За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот
Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Бр.26-4548/2 09.04.2010 год.
Xxxxx Xxxxxxx 15,
1000 Скопје,
Република Македонија Тел. (00) 0000 000
Факс: (00) 0000 000
Е-пошта: xxxx@xxxx.xxx.xx Сајт: xxx.xxxx.xxx.xx
оператор треба да достави документ за регистрирана дејност (ДРД образец) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- важечка лиценца “А“ издадена од министерството надлежно за работите на трудот согласно Законот за агенции за привремени вработувања (Сл. весник 49/06) и
- потврда дека економскиот оператор е запишан во Регистарот на агенции за привремени вработувања што го води министерството надлежно за работите на трудот.
4.3 Економска и финансиска состојба
- извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
4.4 Техничка или професионална способност
- референтна листа на главни услуги на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори),
- потврди за извршени услуги издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со
негова изјава за извршени услуги
- образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот ст ручен кадар и особено на лицата кои се одговорни за давање на конкретната услуга,
IV. ПРАВО НА УЧЕСТВО:
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка, ги исполнува условите пропишани со Законот за агенциите за привремени вработувања (Службен весник на РМ бр.49/06) и кое подигнало тендерска документација.
V. КРИТЕРИУМИ:
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолната понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
- Цена 70 бода
- Квалитет 30 бода
VI. АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ:
1. Цена за подигање на техниката документација: бесплатно
2. Понудите да се достават надоцна до: 16.04.2010 година до 12.00 часот
3. Понудата мора да биде валидна минимум 60 дена
4. Услови за отварање на понудите:
Јавното отворање на понудите на денот и часот определен како краен рок за доставување на понудите односно на 16.04.2010 година во 12.00 часот, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (салата за состаноци), на ул. Јуриј Гагарин бр.15, Скопје, Р.Македонија.