Contract
0517 ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ЗА СЛУЧАЈ НА СМРТ И ДОЖИВУВАЊЕ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1.
(1) Овие Посебни услови за случај на смрт и доживување (во понатамошниот текст: Посебни услови) се составен дел од договорот за колективно осигурување на живот во случај на смрт и доживување со валутна клаузула, кој договорувачот го склучува со Кроациа Осигурување Живот АД Скопје (во понатамошниот текст осигурувач).
(2) Правното лице кое ќе го склучи договорот за колективно осигурување на живот е договорувач, а лицето во чија корист е договорено осигурувањето е корисник. Лицето од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорените суми е осигуреник.
(3) Понудувач е лицето кое поднесува писмена понуда на осигурувачот. Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата при тоа не наведувајќи ги причините за одбивање.
(4) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот. Ако покрај осигурувањето на живот е склучено и дополнително осигурување, составен дел од договорот се и дополнителните услови за осигурување на Осигурувачот, кои му се предаваат на Договарачот на осигурување заедно со полисата и посебните услови за осигурување, што соодветно се забележува на полисата.
II. СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2.
(1) Полиса за колективно осигурување на живот е исправа за склучен договор за осигурување.
(2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат Xxxxxx за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија.
(3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот.
(4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници на крај на секоја осигурителна година.
(5) На крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
III. ПОЧЕТОК И ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 3.
(1) Осигурувањето почнува во 0, 00 часот оној ден кој во полисата е означен како почеток на осигурувањето и трае до 0,00 часот оној ден кој во полисата е означен како истек на осигурувањето. Ако првата рата од премијата не е уплатена до почетокот на осигурувањето, обврската на осигурувачот почнува во 0,00 часот, тој
ден кога е платена првата рата премија во целост.
(2) Како почеток на осигурувањето по правило се зема првиот ден од следниот месец откако во тековниот месец работникот стапил во работен однос.
(3) Осигурувањето за секој поединечен осигуреник согласно овие Посебни услови престанува:
− кога ќе настане осигурен случај смрт на осигуреникот,
− кога ќе заврши осигурителна година во која осигуреникот наполнил 75 години,
− кога осигуреникот ќе стане душевно болен или потполно работо неспособен,
− во 00:00 часот оној ден кога осигуреникот го прекинал работниот однос со договорувачот;
− поради откуп на осигурувањето на живот во 00:00 часот оној ден кога е исплатена откупната вредност на полисата, и
− кога во полисата е одреден истек на договорот за осигурување.
IV. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4.
(1) По договорот за колективно осигурување на живот осигурувачот е должен да исплати:
− за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;
− За случај на смрт поради болест во првите шест месеци од почеток на осигурувањето 50% од осигурена сума, а после шест месеци целата осигурена
сума;
− Целата осигурена сума ако смрт на осигуреникот настапи како последица на несреќен случај, бременост и породување.
Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за дотогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
V. ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКАТА НА
ОСИГУРУВАЧОТ
Член 5.
(1) Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
(2) Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувачот на осигурувањето, а ако е тој осигуреник, на неговите наследници.
(3) Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен
случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
4. со извршување на смрттна казна;
5. поради земјотрес;
6. поради поплави;
7. како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
8. како последица на пандемија прогласена од страна на надлежно тело;
9. како последица на епидемија прогласена од страна на надлежно државно тело;
10. поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
11. при подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
12. при управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелегален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
13. при управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не смее да управува со возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
14. поради дејство на алкохол , наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилото е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
15. Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
16. Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема при извршување на работните задачи на работно место, пропишани со нормативни акти;
VI. ДОГОВАРАЊЕ НА ПРЕМИЈА И ОСИГУРЕНИ СУМИ Член6.
(1) Износот на осигурените суми и премија се утврдува врз основа на податоците од понудата и Xxxxxxxx за колективно осигурување на живот.
(2) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договорат во ЕВРА или во денари. Премијата по правило се плаќа во денарска противвредност. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во ЕВРА плаќањето може да биде извршено и во ЕВРА.
(3) Ако е договорено под-годишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за под-годишно плаќање на секоја рата на премијата.
(4) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена. Договарачот е должен со договорената премија да ги плати и сите придонеси и даноци согласно прописите.
Ако договорувачот не ја плати должната премија во рок од 6 (шест) месеци од денот на нејзиното доспевање, ќе следи последицата спомената во член 7 од овие посебни услови.
(5) Ако наместо договарачот премијата ја плаќа друго лице, самото плаќање не создава други права ни должности освен оние кои се предвидени по пат на договор помеѓу осигурувачот и договорувачот.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот поединечната премија мора да биде платена за целата осигурителна година во која настапила неговата смрт.
VII. ПОСЛЕДИЦА ПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 7.
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може:
• со изјава да го раскине договорот, ако премијата била платена за помалку од 3 (три) години и во тој случај дотогаш уплатената премија не му се враќа на договорувачот, или
• ако се платени најмалку три годишни премии да му изјави на договорувачот дека ја намалува осигурената сума согласно Таблицата на намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата.
(3) Ако осигурениот случај настанал пред раскинувањето на договорот или намалувањето на осигурената сума, се смета дека осигурената сума е намалена ако се исполнети претпоставките за капитализација утврдени со овие Посебни услови, односно дека договорот е раскинат.
(4) Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 6 (шест) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 4 на овие Посебни услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигрителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
(5) На барање на договарачот, осигурувачот може да ја исплати откупната вредност на полисата според Таблицата на откупни вредности, ако дотогаш изминале 3 (три) години од почеток на договорот за осигурување и ако се платени 3(три) годишни премии.
(6) Ако до денот на поднесувањето на барањето за откуп на осигурувањето истекла најмалку половина од договореното времетраење на осигурувањето и ако за тој период е платена договорената премија, осигурувачот има обврска до тогаш припишаниот удел во добивката да го пресмета во откупната вредност на полисата.
(7) Обврската на осигурувачот при откуп престанува во 00:00 часот оној ден во кој е исплатена откупната вредност.
(8) Ако договарачот ја плати преостанатата премија по опомена од страна на осигурувачот, на должниот износ на премијата осигурувачот има право да пресмета законски пропишана казнена камата. Вкупниот износ се плаќа по средниот курс на Народна Банка на РСМ на денот на плаќање.
VIII. ОБНОВА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Член 8.
(1) Колективното осигурување на живот во случај на смрт и доживување со валутна клаузула кое престанало да важи или преминало во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата може да се обнови по писмено барање на договарачот најдоцна во рок од 12 (дванаесет) месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија.
(2) Обврската на осигурувачот по обновеното осигурување почнува во 00:00 часот оној ден кога осигурувачот го прифатил барањето за обнова на осигурување, но под услов да е платена до тој ден цела доспеана премија.
IX. УЧЕСТВО ВО РАСПРЕДЕЛБА НА ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА НА
ОСИГУРУВАЧОТ
Член 9.
(1) Договорувачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот во осигурување на живот.
(2) Како остварена добивка се подразбира добивката што осигурувачот може да ја припише кон договорената сума, а произлегува од располагањето со средствата на договорувачот. Висината и начинот на учеството во добивката се утврдуваат со посебна одлука на Собранието на акционери на Друштвото.
(3) Лицата од став (1) на овој член право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот стекнуваат со истекот на рокот од 24 (дваесетичетири) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето, под услов премијата да е платена во целост до денот на пресметката.
(4) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договорувачот за тоа се известува во тековната година за изминатата година.
(5) При доживување уделот во добивката се исплаќа заедно со осигурената сума.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот, осигурената сума и до тогаш припишаниот удел
во добивката се исплаќаат согласно со член 4 од овие Посебни услови.
(7) При откуп, откупната вредност на полисата и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 7 од овие Посебни услови.
X. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 10.
(1) Сите права што произлегуваат од договорот за колективно осигурување на живот му припаѓаат на договарачот се додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договарачот, осигурувачот може да ги прифати под услов да се писмено доставени пред настанување на осигурениот случај.
(3) Кога лице одредено за корисник почине пред да настане осигурен случај, осигурената сума не им припаѓа на неговите наследници, туку на нареден корисник, а ако тој не е одреден тогаш на имотот на договарачот.
XI. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 11.
(1) Лицата кои имаат право на осигурена сума се должни кога ќе настапи осигурен случај да поднесат писмено барање на адресата до осигурувачот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и со неа се поднесуваат следните документи:
1. оригинал на полисата за осигурување на живот,
2. Копија од лична карта од осигуреникот согласно Закон,
3. ако настапила смрт на осигуреникот:
• извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот,
• доказ за причината на смртта-лекарски извештај за причината за смртта
• потврда од лекарот кој последен го лекувал умрениот,
• правосилно решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
• доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да ги бара и останатите докази кои се потребни за утврдување на право на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XII. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА
Член 12.
(1) Осигурувачот е должен договорената сума да ја исплати согласно со договорот за осигурување во рок од 14 дена, од денот кога е примено барањето за исплата со целата потребна документација.
(2) Доколку за утврдување на постоењето на обврската на осигурителот и нејзиниот износ е потребно извесно време, рокот од став 1 почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
(3) Осигурувачот е должен на барање на овластено лице да го исплати неспорниот дел
од својата обврска на име xxxxx, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рок утврден во став (1) на овој член.
(4) Договорената осигурена сума и остварената добивка се исплаќаат во денари според средниот курс на Народна Банка на РСМ на денот на истекот на осигурување, односно во случај на смрт на осигуреникот на денот кога е решена обврска на осигурувачот.
(5) Ако пријавата за случај на смрт не била поднесена во рокот од член 11. став (1) од овие Посебни услови, висината на вкупниот надомест се пресметува според средниот курс на Народна Банка на РСМ на денот на исплата на обврската на осигурувачот.
(6) Кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое на неа би имало право во случај кога договарачот не одредил корисник, осигурувачот се ослободува од обврската по основ на договорот ако во моментот на исплатата не знаел ниту можел да знае дека корисникот е одреден со тестамент или со некој друг акт кој не му е доставен. Корисникот има право да бара поврат на средствата од лицето кое од осигурувачот ја примило осигурената сума. Истото важи и во случај на промена на корисникот.
(7) Осигурувачот има право на сите доспеани, а ненаплатени рати од премијата, да ги наплати при секоја исплата врз основа на оваа осигурување.
XIII. КОРИСНИК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13.
(1) Договарачот може со договорот како и со некои правни работи подоцна, да го одреди лицето по име (корисникот) на кое ќе му припадне правото по основ на договорот.
(2) Кога за корисници се одредени деца или законски наследници, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопругот/сопругата му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(3) Кога за корисници се одредени деца или законски наследници, а договарачот не одредил каква ќе биде поделбата меѓу нив, поделбата ќе биде сразмерна на нивните наследнички делови.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума им се исплаќа на сметката на малолетното лице за која осигурувачот е известен од законски старател на малолетното лице.
(5) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот, независно од тоа како и кога е одреден за корисник.
(6) Во случај на доживување или откуп на осигурувањето, ако не е поинаку договорено, корисникот е договорувачот на осигурувањето.
XIV. ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА Член 14.
(1) Договарачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата, веднаш откако дознал дека исчезнала, и да го објави нејзиното исчезнување во Службен весник на РСМ.
(2) Во определени случаи Осигурувачот може да одреди исчезнатата полиса до
одредена висина на осигурена сума да се замени со дупликат и без судска одлука за амортизација, но под услов договарачот да поднел писмена изјава за начинот на кој полисата е изгубена.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Северна Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договарачот ги сноси сите трошоци за издавање на заменска полиса.
XV. НАДОМЕСТОЦИ Член 15.
(1)Договарачот е должен да плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот, за времетрење и по истекот на осигурувањето во висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2)Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите давачки воведени со важечките прописите.
XVI. ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ Член 16
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст(.2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот- Агенција за супервизија на осигурување.
XVII. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 17.
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 18.
Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XVIII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 19.
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на живот Скопје.
XIX. ЗАСТАРУВАЊЕ Член 20
(1) Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XX. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 21
(1) Во случај на судски спор надлежен е стварно и месно надлежен суд во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите помеѓу осигурувачот и договорувачот, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а кои не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат Законот за облигациони односи и останатите позитивни законски норми.
Член 22
Овие услови влегуваат во сила од и ќе се применуваат од 01.07.2020 година.