Contract
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно член 45 став (1) алинеја 10) од Правилата за снабдување со природен гас ( „Службен весник на РМ“ бр.56/12) на седница одржана на ден 14.07.2015 година, донесе
Р Е Ш Е Н И X
за одобрување на Измени во Договор за снабдување со природен гас
1. Се одобруваат Измените во Договорот за снабдување со природен гас на Друштво за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје, одобрен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со Решение бр.02-2682/1 од 05.12.2014 година.
2. Точка 10.1 од член 10 од Договорот за снабдување со природен гас се менува и гласи:
“10.1 Договорните страни се согласни овој договор да важи за сите испорачани количества природен гас за периодот од 1 јуни во тековната година до 1 јуни наредната година.
10.1.1 Потрошувачот е согласен, испораките на природен гас во четвртиот квартал од тековната година, согласно Договорот за снабдување со природен гас, заведен кај Снабдувачот со арх.бр. и кај Потрошувачот со арх. бр. , претходно да се потврдат најдоцна до 30 септември во тековната година од страна на Снабдувачот. Во спротивно овој договор ќе биде раскинат заклучно со 30 септември во тековната година.
10.1.2 Потрошувачот е согласен, испораките на природен гас во првиот квартал од наредната година во текот на месец декември во тековната година, согласно Договорот за снабдување со природен гас, заведен кај Снабдувачот со арх.бр. и кај Потрошувачот со арх.бр. , претходно да се потврдат најдоцна до 31 декември во тековната година од страна на Снабдувачот. Во спротивно овој договор ќе биде раскинат заклучно со 31 декември во тековната година.”
3. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Друштво за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје, како вршител на дејност снабдувач со природен гас до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно член 45 став (1) алинеја 10) од Правилата за снабдување со природен гас („Службен весник на РМ“ бр.56/12), достави за разгледување и одобрување предлог текст на Измени во Договорот за снабдување со природен гас кој снабдувачот треба да го склучи со потрошувачите на природен гас, одобрен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со Решение бр.02-2682/1 од 05.12.2014 година.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 14.07.2015 година одржа главна седница и одлучи да ги одобри Измените во Договорот за снабдување со природен гас.
Имајќи го во предвид горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова решение.