Contract
Ошти услови и правила за набавка На групацијата ВИНЕРБЕРГЕР
Јули.2019
1. Дефиниции
„Применлив закон“ е секој статут, законски инструмент, директива, договор, декрет или закон (вклучувајќи каква било пресуда, наредба или одлука на кој било суд, надлежен орган или трибунал), правило, политика, насоки или препораки издадени од било кое владино, статутарно или регулаторно тело , и/или индустриски кодекс на однесување или упатство кое се однесува на договорот и/или на стоките и/или нивното производство, пакување и/или испорака и/или услугите и/или активностите кои се вклучени во сите или некои од услугите или користење или примена на продуктот на услугите.
„Доверливи информации“ се условите на договорот, условите од нарачката, секое истражување направено од Винербергер, и какви било информации што се однесуваат на договорната страна (или на која било компанија од нејзината групација ) и кои се прикажани кај другата страна поврзана со договорот, вклучувајќи ги и личните податоци на договорот, но не вклучувајќи ги следниве информации (а) е во релевантното време во јавниот домен (освен поради непочитување на условот 15, (б) другата страна го добила од трета страна која не го стекнала во доверба, или (в) го направила другата страна без каква било повреда на договорот.
„Лични податоци за договорот“се сите лични податоци обработени од страна на добавувачот, што се однесуваат на вработените, клиентите или изведувачите на Винербергер, вклучувајќи ги и личните податоци собрани од добавувачот само за целите на обезбедување на услугите, освен за целите на управување со какви било гаранции понудени од добавувачот.
„Контрола“во однос на лице или субјект, овластување (без разлика дали е директно или индиректно) да ги насочува работите, без разлика дали со поседување акции, поседување право на глас, остварување на договорни овластувања или на друг начин и „контролирано“ќе се толкува соодветно .
„Закон за заштита на податоци” ги подразбира сите применливи закони што се однесуваат на заштита на податоците, обработка на лични податоци и приватност, вклучувајќи:
(i) Општа регулатива за заштита на податоци (ЕУ) 2016/679;
(ii) Законот за заштита на податоци 2018 година ( DSG; BGBl. I бр. 14/2019); и
(iii) Регулативи за приватност и електронски комуникации (Директива на ЕК) 2003 година (кои можат да бидат изменети со предложената Регулатива за приватност и електронски комуникации);
и нивната соодветна примена од локални или наднационални власти, вклучувајќи ги и органите за заштита на податоците, судовите и сите други надлежни тела,
и упатувањата на „Контролор на податоци“ „Контролор“ „Обработувач на податоци“, „Обработувач“
„Предмети на податоци“, „Лични податоци“, „Обработува“, „Обработени“, „Обработка“, и „Надзорен орган “ -термини чие значење е објаснето и ќе се толкува во согласност со овие применливи закони.
„Испорака“ времето кога испораката на стоката се одвива во согласност со условот 6.2 или условот 6.3.
„Стоки“ стоките наведени во нарачката.
„Компании од групацијата“ во однос на лице или субјект, секое лице или субјект што контролира, е контролирано од или е под заедничка контрола со тоа лице од време на време.
„Права на интелектуална сопственост“ сите права на интелектуална и индустриска сопственост од секаков вид, вклучително и патенти, дополнителни сертификати за заштита, права во know- how(практично знаење), регистрирани трговски марки, регистрирани дизајни, модели, нерегистрирани права на дизајн, нерегистрирани трговски марки, права за спречување пренесување на нелојална конкуренција и авторски права (било во цртежи, планови, спецификации, дизајни и компјутерски софтвер или на друг начин), права на база на податоци, права за топографија, какви било права во секој пронајдок, откритие или процес, како и апликации и права за аплицирање за било кое од претходните, во секој случај во Австрија и сите други земји во светот и заедно со сите обновувања, продолжувања, поделби, реизданија, преиспитувања и замени.
„Меѓународен трансфер“ значи секој пренос на лични податоци за договорот надвор од Европската економска зона.
„Нарачка“ писмено прифаќање на Винербергер на понудата на добавувачот за набавка на стоки и/или услуги на Винербергер или друга писмена понуда од Винербергер за купување стоки и/или услуги од добавувачот.
„Признавање на нарачката“ прифаќањето на нарачката од добавувачот.
„Цени“ цените на стоките и/или услугите наведени во нарачката.
„Услуги“ услугите наведени во нарачката.
„Добавувач“ лицето именувано како снабдувач во нарачката.
„Винербергер“ Винербергер АГ и која било од компаниите од нејзината групација.
2. Склучување на договор
2.1. Понудата на добавувачот ќе одговара на барањата, описите и/или спецификациите дадени од Винербергер и веднаш писмено ќе ја идентификува секоја несообразност (доколку ја има) кај таквите барања, описи и/или спецификации. Добавувачот бесплатно ќе ја изготви понудата и Винербергер нема да има обврска да ја прифати истата.
2.2. Нарачката претставува понуда од Винербергер за купување стоки и/или услуги од добавувачот под овие услови и ќе биде потврдена од добавувачот во писмена форма во рок од 7 дена од наведениот датум.
2.3. Договор за набавка на стоки и/или услуги од добавувачот до Винербергер под овие услови („Договорот“) ќе се склучи штом:
2.3.1. Винербергер добие потврда за прием на нарачката;
2.3.2. истече периодот наведен во Услов 2.2, кога нарачката ќе се смета за прифатена според условите на Винербергер , освен ако добавувачот не ја одбил нарачката со писмено известување; и
2.3.3. се отпочне со испорака или извршување на услугите.
2.4. Освен ако експлицитно не е договорено поинаку во нарачката, овие услови се единствените услови под кои Винербергер ќе купува стоки и/или услуги од добавувачот и ќе се применуваат за исклучување на сите други услови, вклучувајќи ги и условите што набавувачот наведува да ги применува под било која понуда, потврда, или прифаќање на нарачката, испратница, фактура или сличен документ (без разлика дали таквиот документ е наведен во договорот или не) и сите услови што инаку може да бидат имплицирани од трговски, царински или друг аспект.
3. Нарачки
3.1. Винербергер може да ја промени нарачката со тоа што ќе му даде писмено известување на добавувачот во секое време пред испораката на стоките и/или извршувањето на услугите.
3.2 Без ограничување на услов 3.1, секоја промена на нарачката ќе биде писмено потврдена од добавувачот во рок од 7 дена од датумот на известувањето даден под услов 3.1.
4. Стоки
4.1. Количината и описот на стоките ќе биде како што е наведено во нарачката.
4.2. Добавувачот ќе ги обезбеди сите компоненти и помошни услуги во согласност со барањата на Винербергер, кои се веќе вклучени во цената, дури и ако тие не се експлицитно наведени во нарачката.
4.3. Стоката ќе биде во согласност со изјавите на добавувачот и производителот дадени јавно, особено во брошури и описи на производи, вклучително и изјави на сите членови на производствениот или дистрибутивниот синџир и јавните изјави на лице кое се опишува себеси како производител со ставање на неговото име, неговата трговска марка или која било друга ознака за идентификација на стоката. Добавувачот ќе се осигура дека стоката ќе:
4.3.1. биде погодна за која било цел назначена од добавувачот или ќе му биде дадена на знаење на Добавувачот експлицитно или истата ќе се подразбира и во овој поглед Винербергер се потпира на вештината и расудувањето на Добавувачот; 4.3.2.соодветствува со дадениот опис
4.3.3.соодветствува со било кој приложен примерок(доколку имало таков)
4.3.4. биде усогласена со која било писмена техничка спецификација за стоките утврдени или наведени во нарачката;
4.3.5. нема дефекти во дизајнот, материјалите, изработката и правата на интелектуална сопственост од трета страна
4.3.6. биде во согласност со сите важечки применливи закони
4.3.7. биде така формулирана, дизајнирана, конструирана, завршена, означена и спакувана за да биде безбедна и без ризик по здравјето.
4.4. Доколку нарачката не содржи посебни барања за квалитет, стоката ќе го има најмалку оној квалитет кој е вообичаен во трговијата и ќе има својства што нормално се претпоставуваат и се во согласност со сите применливи закони.
4.5. Стандардите и цртежите наведени во нарачката се однесуваат на производот/изданието последен пат објавено и валидно на датумот на нарачката, освен ако јасно/недвосмислено не е поинаку наведено во нарачката.
4.6. Винербергер ќе ги побара од добавувачот сите услови, освен ако тие веќе не се ставени на располагање.
4.7. Добавувачот треба да ги почитува сите релевантни директиви на ЕУ во врска со CE-ознаките кои се применливи за стоките (и во случаи кога законите на ЕУ не се применливи, исто така, сите други национални и меѓународни правни норми). Со доставата ќе биде приложена соодветната декларација за сообразност, вклучувајќи ја и соодветната документација (во случај на добавувачи кои не се членки на ЕУ).
4.8. Без да се загрозат сите други права или правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), доколку некоја стока не е во согласност со некој од барањата од условот 4.3, Винербергер може (без разлика дали стоките се прифатени или не)
4.8.1. да го раскине договорот веднаш , притоа писмено известувајќи го добавувачот; или
4.8.2. да бара од добавувачот, по избор на Винербергер , веднаш да ги поправи или замени соодветните стоки бесплатно или да ја врати платената сума за соодветната стока,
и, во секој случај, Винербергер ќе има право да ги поврати од добавувачот сите обврски, загуби, штети, трошоци кои настанале за Винербергер како резултат на несоодветноста на стоката, вклучително и при добивање замена за стоки од друг снабдувач.
4.9. Условот 4.3 ќе се применува за секоја поправена или заменета стока доставена под Услов 4.8.2.
4.10. Винербергер ќе има право да изврши увид и тестирање на стоката во секое време пред испораката. Добавувачот ќе му дозволи на Винербергер , неговите службеници, вработени, агенти и подизведувачи да влезат во неговите просториите, и ќе им обезбеди дозвола на таквите лица да влезат во какви било релевантни простории на трети страни, да вршат таква проверка и тестирање и ќе му ги обезбедат на Винербергер сите потребни капацитети.
4.11. Доколку, по инспекцијата или тестирањето наведено во Услов 4.10, Винербергер му даде писмено известување на Добавувачот дека не е задоволен со стоката( во смисол на тоа дека истата не соодветствува со условот 4.3.), добавувачот , на сопствен трошок, ќе ги преземе сите неопходни чекори за да обезбеди сообразност на стоката. Секое прекршување на оваа обврска од страна на Добавувачот ќе се смета за значаен прекршок кој му дава право на Винербергер да го раскине договорот под услов 18.1.
4.12. Ниту една проверка или тестирање под услов 4.10 нема да ги намали или на друг начин да влијае на обврските на добавувачот наведени во Договорот.
4.13. Доколку се планираат тестови за стоката, добавувачот ќе ги сноси сите поврзани трошоци за материјалот и неговиот персонал. Добавувачот писмено ќе го извести Винербергер дека е подготвен за проверката најмалку една недела однапред и страните ќе се договорат за датумот на проверка. Доколку добавувачот не ја претстави стоката на датумот наведен за проверка, тој ќе ги сноси трошоците за персоналот на Винербергер поврзани со проверката.
4.14. Доколку се неопходни повторени или дополнителни тестови заради идентификувани дефекти, добавувачот ќе ги сноси сите поврзани трошоци за материјал и персонал.
4.15. При проверка на суровинските материјали, трошоците за материјал и персонал се на товар на добавувачот.
4.16. Доколку се изврши монтажа или инсталација на стоката, работите поврзани со одржување, инспекции, поправки и/или други работи во врска со стоката во просториите на Винербергер, добавувачот ќе се погрижи и осигура дека неговите службеници, вработени, агенти и подизведувачи ќе ги почитуваат сите здравствени и безбедносни политики и правила кои важат во фабриката, како и упатствата на Винербергер.
4.17. Добавувачот ќе ги одржува и почитува контролите на квалитетот и стандардите за обезбедување на квалитетот на добавувачите во однос на стоките и услугите во согласност со барањата на Винербергер, релевантните австриски и европски стандарди и барањата на сите релевантни законски и регулаторни тела.
4.18. При секој прием на испорачаната стока, Винербергер нема да прифати ниту една стока додека не добие разумно време да изврши увид во стоката по испораката, или, во случај на скриен дефект на стоката, до разумно време откако скриениот дефект стане очигледен. Винербергер експлицитно одбива да ја испита неисправната стока при испораката.
5. Посебни одредби за достава на хардвер и софтвер
5.1. Добавувачот гарантира дека испорачаниот хардвер и софтвер не содржи заштита од копирање, датуми на истекување или слични ограничувања на употребата, и е ослободен од правата на трети лица. Испораката во секој случај треба да содржи разбирлива и целосна документација на локалниот јазик на местото на изведба и/или по барање на Винербергер на германски или англиски јазик.
5.2. Добавувачот му доделува на Винербергер преносливо право за користење на испорачаниот софтвер без понатамошно надоместување,кое ќе биде навремено и географски неограничено. Добавувачот ќе обезбеди услуги за одржување за секој хардвер и/или софтвер доставен според договорот и за резервни делови во период од 7 години според перформансите во согласност со
договорот и ќе го информира Винербергер за најновиот хардвер и софтвер објавен од време на време време.
6. Достава
6.1. Добавувачот не смее да ги достави стоките во одделни наврати (на неколку пати) без претходна писмена согласност на Винербергер . Доколку Винербергер даде таква согласност, добавувачот ќе ја фактурира цената за секоја испорака посебно во согласност со условот 10.3 и Винербергер ќе има право, по сопствено наоѓање, да ги оствари своите права и правни лекови(без разлика дали под овие услови или на друг начин) во однос на релевантна испорака или целиот Договор. Освен ако не е поинаку наведено во нарачката, цените за стоките ќе ги вклучат сите трошоци направени од добавувачот, вклучувајќи ги сите трошоци за пакување, транспорт, осигурување, испорака и истовар и ќе бидат испорачани оцаринети (DDP).
6.2. Стоката ќе биде доставена DDP -испорачана оцаринета(како што е дефиниран терминот во Инкотермс 2020) на датумот и на адресата наведена во нарачката или, ако во нарачката не е одредена адреса, местото на испорака ќе биде седиштето на соодветниот објект на Винербергер кој ја направил нарачката. Испораката на стоката ќе се случи или (а) кога Добавувачот ќе ги заврши обврските за испорака според Инкотерм или (б) кога добавувачот ќе ја истовари стоката на дадената адреса.(од датумот кој е подоцна).
6.3. Винербергер ќе има право, како опција, да ја преземе испораката EXW - на наведеното место(како што е дефиниран терминот од страна на Инкотермс 2020), во кој случај трошоците и надоместоците за извоз, увоз, царински дозволи и превоз на стоката до адресата за испорака ќе бидат одземени од цената. Доколку Винербергер ја искористи таквата опција, добавувачот треба навремено да биде известен за тоа.
6.4. Доколку за извршување на нарачката се потребни дозволи за увоз или извоз или други официјални дозволи или одобренија или согласности од трети страни, добавувачот истите ќе ги добие навреме.
6.5. Ризикот и сопственоста на стоката се префрлаат на Винербергер при испораката и се ослободени од какви било заложни права на трети страни.
6.6.Добавувачот ќе се осигура дека
6.6.1. Пред испораката е испратена отпремница до соодветниот субјект и оддел за примање на Винербергер ;
6.6.2. Стоката е спакувана, означена и испратена согласно упатствата дадени од страна на Винербергер и сите применливи закони сé со цел да стигне до нејзиното крајно одредиште во неоштетена состојба;
6.6.3. За време на или пред испораката, на Винербергер му е дадена писмена листа по име и опис на сите штетни или потенцијално штетни својства или состојки во доставената стока и информации во врска со какви било промени во таквите својства или состојки. Винербергер ќе се потпира на обезбедување на такви информации од Добавувачот со цел да ги исполни сопствените обврски согласно Законот за здравје и безбедност при работа (Arbeitnehmerschutzgesetz- BGBl. Nr. 450/1994) и сите релевантни применливи закони;
6.6.4. На денот на или пред испораката, на Винербергер ќе му бидат доставени сите упатства за работа и безбедност, јасно прикажани предупредувачки известувања и други информации што се потребни за правилна употреба, одржување и поправка на стоката; и
6.6.5. ако добавувачот бара од Винербергер да врати било каков материјал за пакување за стоката, тогаш тоа јасно треба да го наведе во испратницата и секој таков материјал за пакување ќе се врати единствено на трошок на добавувачот.
6.7. Добавувачот е одговорен за почитување на условите за испорака од страна на неговите подизведувачи, вклучително и превозници нарачани од добавувачот и/или неговите подизведувачи. Сите пратки што не можат да се прифатат се складираат на трошок и ризик на Добавувачот. Винербергер има право да ја утврди содржината и состојбата на таквите пратки.
6.8. Доколку, во периодот помеѓу нарачка и испорака, Добавувачот ги намали цените за стоките и/или услугите, за таа конкретна нарачка ќе се применуваат цените што важат на денот на испораката и соодветно ќе се намали износот на фактурата на Добавувачот.
6.9. Зголемувањето на цените ќе биде прифатено само доколку Винербергер се согласи на такво зголемување на цената во писмена форма пред да ја прими фактурата на Добавувачот.
6.10. Доколку добавувачот достави количина на стока што е поголема или помала од количината наведена во Договорот, Винербергер ќе има право да ја одбие доставената стока или (каде што е применливо) вишокот на стока, и одбиената стока ќе ја врати кај Добавувачот на негов ризик и трошок. Ако Винербергер прифати испорака на количина на стока што е поголема или помала од количината наведена во Договорот, сумата што ја фактурира Добавувачот под услов 10.3 ќе се прилагоди на пропорционална основа за да се земе предвид поголемата или помалата испорачана количина.
7. Документација за достава
7.1. Добавувачот ќе се осигура дека секоја испорака е придружена со испратница која го покажува бројот на нарачката, датумот на нарачката, видот и количината на стоката, број на кодот на стоките (доколку е применливо), сите специјални упатства за складирање и, каде што е дозволена испорака на неколку пати, преостаната количина на стока што треба да се испорача. Во случај на морски транспорт, документите и фактурите за испорака го наведуваат името на превозната компанија и бродот.
7.2. На барање на Винербергер, добавувачот е должен да испрати сертификат за преференцијално потекло на стоката. Испораките од земји кои не се членки на ЕУ ќе бидат во согласност со правилата за преференцијално потекло, како што е предвидено во релевантниот договор за преференци на ЕУ.
7.3. Добавувачот ќе ги приложи со стоката сите документи, упатства, цртежи и друга документација неопходна за употреба, инсталација, примена на стоката во согласност со нејзината намена што Винербергер ја бара за употреба, поставување, монтажа, обработка, складирање, работа, одржување , проверка и поправка на стоката, без барање и целосно. Дополнително, добавувачот веднаш ќе го извести Винербергер за името на релевантниот производител, увозник или добавувач, доколу тоа се побара од него.
7.4. Добавувачот на сопствен трошок ќе достави списоци на резервни делови на локалниот јазик , а на барање на Винербергер ќе обезбеди и дополнителни списоци на резервни делови на германски и англиски јазик не подоцна од времето на испорака.
8. Период на испорака и недостатоци во испораката
8.1. Доколку е договорен период на испорака, тој период започнува на денот кога е направена нарачката (датумот на испраќање). Датумите на испорака или датумите на завршување што ги бара Винербергер се фиксни датуми и значат дека стоката мора да биде достапна за Винербергер на наведениот датум на испорака и на наведената адреса за испорака,во текот на вообичаеното локално работно време.
8.2. Ако добавувачот увиде дека нема да може да изврши испорака на време, тој веднаш ќе го извести писмено Винербергер , приложувајќи и изјава за причините , како и кој е очекуваниот период на одложување.
8.3. Доколку добавувачот не ги испорача стоките на датумот наведен во услов 6.2 или услов 6.3, без да се загрози некое од другите права или правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), Винербергер може:
8.3.1. веднаш да го раскине договорот , писмено известувајќи го добавувачот за тоа, во кој случај:
8.3.1.1. Добавувачот ќе ги врати сите пари за стоките што не се испорачани, а Винербергер веќе ги платил според Договорот; и
8.3.1.2. Винербергер ќе има право да си ги поврати од добавувачот сите обврски, загуби, штети, и трошоци настанати во Винербергер како резултат на неможноста на Добавувачот да достави стоки и услуги, вклучително и при добивање замена за стоки и/или услуги од друг снабдувач; или
8.3.2. Винербергер ќе побара од Добавувачот да му плати, на барање, во расположливи средства,ликвидирана штета од сума еднаква на 0,3% од вкупната цена на нарачката за секоја седмица (пропорционално за секоја седмица) со која доцнењето на испораката на стоката е до максимална сума еднаква на 10% од вкупната цена на нарачката. Покрај тоа, Винербергер ќе има право да го поништи договорот во случај на неисполнување на испораката, откако ќе даде грејс -период од 14 дена и без да ги наруши другите права и правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат). Страните се согласуваат дека ликвидираните штети се вистинска пред-проценка на загубата што Винербергер ќе ја претрпи како резултат на доцнењето на испораката на стоката и нема да се смета за казнена одредба. Добавувачот се откажува од секое право да тврди дека ликвидираната штета е казнена одредба.
8.4. Во случај на рана испорака, Винербергер го задржува правото да му наплати на Добавувачот за произлезените дополнителни трошоци како резултат на рана испорака (вклучително и без ограничување и трошоците за складирање).
9. Услуги
9.1.При извршување на услугите, добавувачот ќе
9.1.1. го користи степенот на вештина, грижа, претпазливост, надзор, трудољубивост, способност за предвидување, контрола на квалитетот и управување со квалитетот , кои би биле карактеристика на водечки професионален давател на услугите;
9.1.2. (без да го наруши условот 16.4.2) користи соодветно квалификуван, обучен и искусен персонал;
9.1.3. ги исполнува сите барања утврдени во нарачката и сите пишани технички спецификации за услугите утврдени или наведени во нарачката;
9.1.4. ги извршува услугите во согласност со сите договорени нивоа на услуги;
9.1.5. се однесува на безбеден начин, избегнувајќи секаков неразумен ризик за здравјето и благосостојбата на секое лице, и ќе биде економичен и ефикасен;
9.1.6. целосно ќе соработува со агентите, претставниците и изведувачите на Винербергер
9.1.7. се осигура дека ги има и одржува сите лиценци, дозволи и согласности потребни од време на време; и
9.1.8. работи во согласност со сите релевантни применливи закони, австриски и европски стандарди, барања од сите релевантни законски и регулаторни тела и здравствени и безбедносни и политики што се применуваат во Винербергери, како и сите законски и разумни насоки на Винербергер.
9.2. Добавувачот ќе ги изврши услугите на датумот (ите) на изведбата наведени во нарачката. Времето за обезбедување на услугите ќе биде суштинско за договорот.
9.3. Без да се загрозат другите права или правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), доколку добавувачот не ги извршил сите или дел од услугите во согласност со Договорот, Винербергер може:
9.3.1. да му даде известување на Добавувачот во кое се наведува дека неговата изведба не ги исполнува барањата на договорот или е на друг начин незадоволителна; и
9.3.2. да ги прекине плаќањата кон добавувачот, во износ што Винербергер смета дека е соодветен, сé додека добавувачот не постапи соодветно и во согласност со услугите на задоволство на Винербергер .
9.4. Винербергер, со секое известување што го дава согласно условот 9.3 може да бара од Добавувачот повторно да ги распореди и изврши услугите на задоволство на Винербергер и на сопствен трошок на Добавувачот, вклучително и онаму каде што е потребно да направи исправка или повторно извршување на сите веќе извршени Услуги во рамките на период што може да биде наведен во известувањето (или кога не е наведен таков период, што е можно поскоро).
9.5. Доколку Добавувачот не успее да се усогласи со известувањето дадено под услов 9.3, тоа ќе се смета за значителен прекршок, што му дава право на Винербергер да го раскине Договорот под услов 18.1.
10. Цена и плаќање
10.1. Под услов добавувачот да ги извршува своите обврски во согласност со условите од д оговорот, Винербергер ќе ги плати цените во согласност со овој услов 10.
10.2. Единствените пари што треба да ги плати Винербергер во врска со набавката на стоките и извршувањето на услугите се цените кои - освен во случаите кога Винербергер ја користи опцијата услов 6.3 - ќе ги вклучуваат сите трошоци направени од Добавувачот вклучувајќи ги сите трошоци за пакување, осигурување, превоз, испорака и истовар и сите трошоци за патување, сместување и престој.
10.3. Добавувачот може да му ги фактурира на Винербергер цените за стоките по испораката и обезбедувањето на документацијата како што е утврдено во услов 7.
10.4. Добавувачот може да му ги фактурира на Винербергер цените за услугите по завршувањето на извршувањето на услугите.
10.5. Фактурите нема да бидат приложени со испораката. Добавувачот ќе испрати фактури на адресата наведена во нарачката. Фактурата на добавувачот ќе го цитира бројот на нарачката и ќе соодветствува со истата во однос на јазикот, редоследот на текстот, артиклите и цените и дополнителната стока и/или услугите , а недостатоците во стоките и/или услугите ќе бидат посебно наведени во фактурата.
10.6. Во случај на пратки во рамките на ЕУ, секоја фактура ќе содржи усогласен тарифен код (HTS) и нето тежина на стоката, како и ДДВ броевите на договорните страни
10.7. Во случај фактурата на Добавувачот да не е во согласност со условите 10.5 и 10.6, Винербергер може да побара повторно да се издаде фактурата во согласност со тие услови.(10.5 и 10.6).
10.8. Периодите на плаќање започнуваат на определениот датум, но не порано од приемот на стоката и/или завршувањето на извршувањето на услугите и приемот на фактурите во согласност со условите 10.5 и 10.6, и исполнување на условите за CE ознаки и изјава за сообразност според условот 4.7. Во случај на поплаки или доколку Винербергер оспори некој дел од износот фактуриран од Добавувачот, периодот на плаќање започнува само по целосно порамнување на истиот. Доколку не е поинаку договорено, периодот на плаќање мора да биде еднаков на 60 дена по крајот на месецот од датумот на фактурата.
10.9. Одредувањето на износот на фактурата ќе биде можно само по претходна писмена согласност на Винербергер.
10.10. Никакво плаќање извршено од Винербергер нема да значи дека Винербергер ги прифаќа или одобрува стоките или услугите или било која сума фактурирана од Добавувачот или на друг начин ги загрозува правата или правните лекови што Винербергер може да ги има против добавувачот, вклучувајќи го и правото да се поврати секоја сума која била преплатена или погрешно платена на добавувачот.
10.11. Ако Винербергер не ја исполни обврската за плаќање, страните се согласуваат за плаќање на затезна камата во максимален износ од 5% годишно од датумот на доспевање.
11. Гаранција и обештетување
11.1. Без да се загрозат другите права или правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), гарантниот период за подвижните предмети нема да биде помал од 2 години или ќе биде онолку долг колку што може да понуди Добавувачот и/или како што може да се договори помеѓу страните во писмена форма („Периодот на гаранција“) и ќе започне на денот кога предметот за испорака конечно ќе биде прифатен од Винербергер . Во секој случај, конечното прифаќање ќе се изврши само ако се исполнети условите во врска со CE ознаките на и/или други барања за означување и изјавата за сообразност според условот 4.7. Доколку клиентот смета дека Винербергер одговорен за гаранцијата, Винербергер има право на гарантни побарувања против добавувачот по истекот на гарантниот рок во рок од 6 месеци од исполнувањето на гарантните побарувања од негова страна.
11.2. За време на гарантниот период, Винербергер може да задржи 10% од вкупната вредност на нарачката како износ за покривање на обврската, кој нема да биде подложен на камата.
11.3. Без да се загрозат другите права или правни лекови на Винербергер (без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), Винербергер може самиот да го поправи дефектот или да го поправат трети страни и да побара надомест за потребните трошоци кои произлегуваат од поправката. Винербергер има право, исто така, ако последователните поправки не успеале или Добавувачот сериозно и конечно одбие поправка на дефектот; ако поправката на дефектот не е извршена или не може да се изврши на договорениот датум или во одредениот период; или ако постојат посебни околности кои, при проценување и одмерување на меѓусебните интереси, оправдуваат непосредно самостојно извршување,Винербергер може да побара од Добавувачот авансно плаќање на трошоците што нужно ќе произлезат од поправката на дефектот. Гаранцијата на добавувачот ќе продолжи да постои за испораки кога дефектите што се појавиле се поправаат од Винербергер или трети страни.
11.4. Добавувачот ќе го обештети Винербергер за сите загуби (вклучувајќи ги сите директни, индиректни и последователни загуби), обврски, трошоци и штети што Винербергер ги има или ќе ги има, сите побарувања или постапки поднесени против Винербергер од која било трета страна и сите загуби (вклучувајќи ги сите директни, индиректни и последователни загуби), обврски, трошоци и штети што Винербергер ќе ги претрпи како резултат на одбрана или подмирување на такво побарување или постапка, кое произлегува од или е во врска со:
11.4.1. Секое прекршување од страна на Добавувачот на која било од неговите обврски според договорот (вклучително и секој неуспех или задоцнување во извршувањето, или умерено и/или крајно несовесно извршување или неисполнување на која било од тие обврски; и
11.4.2. Секое побарување поднесено против Винербергер од трета страна за смрт, лична повреда или оштетување и/или губење или уништување на имот што произлегува од, или во врска со неисправна стока, до степен до кој дефектот на стоката се припишува на делата или пропусти на добавувачот, неговите вработени, агенти или подизведувачи.
Овој услов 11.4 нема да важи доколку добавувачот не успее да ги достави стоките на датумот наведен во Услов 6.2, доколку на Винербергер му е исплатена ликвидирана штета од Добавувачот под услов 8.3.2 во врска со тоа недоставување.
11.5. Без да се коси со условот 11.4, доколку трета страна тврди дека поседувањето и/или користењето и/или продажбата на стоката од Винербергер и/или нејзините клиенти, службеници, вработени, агенти или подизведувачи ги повредува правата од интелектуална сопственост на таа или на која било трета страна („побарување за Правата од интелектуална сопственост“), добавувачот ќе го обесштети Винербергер, неговите клиенти, службеници, вработени, агенти и подизведувачи за сите загуби (вклучувајќи ги сите директни, индиректни и последователни загуби), обврски, трошоци (по основ на целосно обештетување), и штети кои Винербергер, неговите клиенти, службеници, вработени, агенти или подизведувачи ги претрпеле, сите побарувања или постапки, поднесени против Винербергер, неговите клиенти, службеници, вработени, агенти или подизведувачи од кое било лице и сите загуби (вклучувајќи ги сите директни, индиректни и последователни загуби), обврски, трошоци (по основ на целосно обештетување) и штети кои ќе настанат кон Винербергер, неговите клиенти, службеници, вработени, агенти или подозведувачи,како резултат на одбрана или порамнување на такво побарување или постапка, кога произлегува од или во врска со тоа побарување за Правата од интелектуална сопственост.
11.6. Во случај на било каква штета на Правата за интелектуална сопственост, Добавувачот е одговорен за целосна отштета, експлицитно, без да се земе предвид максималната граница на одговорност на Добавувачот.
12. Одговорност за производот и осигурување
12.1. Доколку Добавувачот стане свесен за одредени факти што можат да доведат до барање за одговорност за производот (вклучително и одговорност за смрт, лична повреда, оштетување и/или губење или уништување на имотот предизвикан од стоката или кој било дел од стоката), добавувачот е должен веднаш да го информира Винербергер .
12.2. Ако трета страна поднесе тужба за надомест на штета, или соопшти дека има намера да поднесе таква тужба против Винербергер , која може да предизвика одговорност според условот 11.4.2, добавувачот ќе ги предаде на Винербергер навреме сите целисходни средства за докази, и, доколку е потребно, ќе му обезбеди пристап до своите простории и вработени, агенти и подизведувачи и ќе вложи најголеми напори за поддршка и соработка со Винербергер во врска со таа тужба.
12.3. Винербергер нема да сноси одговорност спрема добавувачот во однос на задоцнето или несоодветно исполнување на обврските што произлегуваат (вклучително и од невнимание на Винербергер) за која било услуга или ресурс што треба да се обезбеди за да му овозможи на добавувачот да ги изврши своите обврски, освен ако Винербергер веќе не дал согласност за исполнување на таквите обврски. Винербергер, доколку тоа од него го побара добавувачот, ќе му дозволи на Добавувачот продолжување на времето, бидејќи Винербергер(постапувајќи разумно) смета дека тоа е потребно и соодветно на околностите.
12.4. Добавувачот ќе преземе и одржува соодветно осигурување од одговорност на сопствен трошок за штета предизвикана од него, неговиот персонал или агенти во врска со стоките и услугите. Добавувачот ќе му обезбеди на Винербергер копии од полисата за осигурување и детали за висината на покриеноста по случај на штета, по барање на Винербергер .
12.5. Винербергер нема да сноси никаква одговорност за загуба или оштетување на машини, опрема, алати итн., обезбедени од Винербергер на добавувачот, освен во случаи на умисла или пак небрежност.
13. Имотот на Винербергер
13.1. Ексклузивното право на сопственост врз материјалите, опремата, алатите, филмовите, моделите за печатење, калапите и другите капацитети исклучиво произведени или стекнати од добавувачот за извршување на нарачката, ќе му бидат пренесени на Винербергер не подоцна од моментот на плаќање, дури и ако тие останат во сопственост на добавувачот. Ваквите предмети ќе бидат доставени до Винербергер на барање.
13.2. Сите документи и капацитети што Винербергер му ги става на располагање на Добавувачот со цел производство на стоки или обезбедување на услуги во секое време ќе бидат и остануваат ексклузивна сопственост на Винербергер и нема да се користат или репродуцираат од добавувачот, освен за извршување на своите обврски според договорот. Добавувачот нема да ги става на располагање на
трети лица без претходна писмена согласност од Винербергер . Таквите документи и капацитети (заедно со сите копии и репродукции на истите) ќе бидат вратени на Винербергер на барање.
14. Антикорупција
14.1. Добавувачот , неговите вработени, агенти и подизведувачи:
14.1.1. нема да извршуваат дејствија или пропусти кои може да предизвикаат Винербергер или Добавувачот (или неговите вработени, агенти и подизведувачи) да ги прекршат законите што се однесуваат на борба против поткуп и/или антикорупција;
14.1.2. ќе водат точни и ажурирани записи што ги прикажуваат сите плаќања и сите други користи дадени и примени во врска со договорот, како и чекорите кои ги преземаат за да се усогласат со овој услов 14, и, доколку е потребно, ќе дозволат тие записи да бидат прегледани од страна на Винербергер;
14.1.3.веднаш ќе го информираат Винербергер за:
14.1.3.1. секое барање за каква било финансиска или друга корист примена од Добавувачот (или неговите вработени, агенти и подизведувачи); и
14.1.3.2. секоја финансиска или друга корист што Добавувачот (или неговите вработени, агенти и подизведувачи) ја дава или има намера да ја даде,
14.1.3.3. било директно или индиректно во врска со договорот, и
14.1.4. веднаш ќе го информира Винербергер за било какво неисполнување на
Условот 14.1.
14.2. Доколку Добавувачот го прекрши условот 14, Винербергер може веднаш да го раскине договорот, писмено известувајќи го добавувачот за тоа.
15. Доверливост
15.1. Добавувачот се обврзува да ја чува тајноста, безбедноста и сигурноста на доверливите информации на Винербергер и истите ќе ги користи само за извршување на своите обврски од Договорот и нема да ги открие на друго лице или субјект.
15.2. Добавувачот може да ги открие доверливите информации на Винербергер на оние вработени, агенти и подизведувачи на кои им е потребен пристап до нив за да може да ги исполни своите обврски според Договорот. Добавувачот ќе се осигура дека секое лице или субјект на кого му се откриени доверливите информации, нема да направи или да испушти да направи нешто што би претставувало неисполнување на овој услов 15.
15.3. Добавувачот, исто така, ќе ја чува тајноста, безбедноста и сигурноста на цртежите, примероците, моделите, калапите и другите производствени документи и помагала кои Винербергер му ги предал, во кои сите права, сопственост, интерес и права на интелектуална сопственост ќе бидат во сопственост на Винербергер. Винербергер нема да даде/додели ниту една лиценца или право за користење на патенти, авторски права, регистриран дизајн, трговска марка, трговско име или слично право или било какво право за користење на доверливи информации или деловни тајни.
15.4. Податоците на добавувачот (кои, за да се избегне сомнеж и конкретно во врска со овој услов
15.4 не се лични податоци за договорот) од релевантниот договор, во принцип, ќе се обработуваат само автоматски за целите на завршување на Договорот, особено за административни и сметководствени цели. Сепак, добавувачот се согласува дека податоците што се однесуваат на нарачката може да бидат обработени од страна на Винербергер и да се пренесуваат во рамките на Групацијата Винербергер . Овој услов 15.4 не се коси со условот 16.
15.5. Условот 15 ќе биде валиден во текот на целосното извршување и раскинување на договорот, како и при завршувањето на сите договорни односи помеѓу Винербергер и добавувачот. 15.6.Условот 15 не се коси со условот 16.
16. Заштита на податоци
16.1. Добавувачот прифаќа дека е обработувач на податоци во врска со неговата обработка на личните податоци на Договорот и како таков, нема да ги обработува личните податоци на договорот за која било друга цел, освен:
16.1.1. во согласност со писмените упатства на Винербергер, вклучувајќи го и овој договор;
16.1.2. по претходна писмена согласност од Винербергер, или
16.1.3. онаму каде што тоа го бара законот. Ако добавувачот е законски обврзан да ги обработува личните податоци на договорот, тој ќе го извести Винербергер за таквото законско барање пред таквата обработка, освен ако важечките закони не забрануваат известување на Винербергер поради јавен интерес); или
16.1.4. онаму каде што е потребно за администрирање на каква било гаранција, при што добавувачот ќе биде во својство на контролор на податоци;
16.2.При обработката на личните податоци од договорот, добавувачот:
16.2.1.ќе постапува во согласност со Законот за заштита на податоци
16.2.2.нема да предизвика Винербергер да не ги исполни обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на податоци
16.2.3. веднаш ќе го исвести Винербергер доколку идентификува какви било области со вистинско или потенцијално непочитување на Законот за заштита на податоците или условот 16, без да ги наруши неговите обврски да ги почитува правата или правните лекови што Винербергер може да ги има за кршење на Законот за заштита на податоци или овој услов 16.
16.2.4. има воспоставено политики и процедури за безбедност на податоците во согласност со член 32 од Општата регулатива за заштита на податоците.
16.2.5. нема да ангажира или користи трета страна(потпроцесор) за обработка на лични податоци на договорот и нема да дозволи трета страна да ги обработува личните податоци на договорот без претходна писмена согласност од Винербергер.
16.3. Ако Добавувачот назначи потпроцесор, мора да се осигура дека, пред да се изврши обработката, постои писмен договор помеѓу него и потпроцесорот што ги наведува неговите активности за обработка и ги наметнува истите услови како оние што му беа наметнати на Добавувачот во условот 16. Добавувачот ќе се осигура дека потпроцесорите ќе ги извршуваат сите обврски наведени во условот 16 и ќе биде одговорен пред Винербергер за сите дела и пропусти на потпроцесорите како да се негови.
16.4.Добавувачот :
16.4.1. без да го прекрши условот 16.1, и не без претходна писмена согласност на Винербергер:
16.4.1.1. ќе ги претвори личните податоци на договорот во анонимизирани, псевдонимизирани, обезличени, групирани или статистички податоци;
16.4.1.2. ќе користи какви било лични податоци од договорот за анализа на „големи податоци“; или
16.4.1.3. ќе поврзува или споредува лични податоци од договорот со или наспроти други лични податоци (без разлика дали се на добавувачот или на трета страна);
16.4.2. ќе се осигура дека секој поединец овластен за обработка на лични податоци во врска со договорот ќе пристапи до тие лични податоци строго врз основа на она што треба да се знае за да ја изврши својата улога во спроведувањето на договорот, и:
16.4.2.1. ќе подлежи на обврски за доверливост еквивалентни на оние утврдени во Услов 15 или ќе биде под соодветна законска обврска за доверливост;и
16.4.2.2. ќе го почитува условот 16
16.4.3. ќе ги чува во тајност сите лични податоци од договорот во согласност со одредбите од условот 15, доколку се косат услов16 и услов 15, овој услов 16 ќе преовладува; и
16.4.4. по избор на Винербергер, безбедно ќе ги избрише или ќе ги врати на Винербергер (во формат што го бара Винербергер) сите лични податоци на договорот веднаш по завршувањето на обезбедувањето на услугите или во секое време на барање, освен една копија од личните податоци на договорот што ќе бидат задржани од Добавувачот за целите на администрирање на какви било гаранции понудени од Добавувачот во врска со која било од стоките, и безбедно ќе ги избрише сите преостанати копии и веднаш ќе потврди (преку директор) кога тоа ќе биде завршено. Обврската за задржување на една копија од личните податоци на договорот ќе се применува по раскинувањето или истекот на договорот и сé додека не истече гарантниот период во однос на испорачаната стока, по што личните податоци на договорот, по избор на Винербергер, ќе бидат безбедно избришани или вратени на Винербергер.
16.5. Добавувачот нема да направи меѓународен трансфер без претходна писмена согласност од Винербергер. Доколку Винербергер даде претходна писмена согласност за меѓународен трансфер, пред неговото извршување,добавувачот ќе покаже или спроведе, на задоволство на клиентот, соодветни гаранции за тој меѓународен трансфер во согласност со Законот за заштита на податоците и ќе гарантира дека се достапни извршните права и ефективните правни лекови за субјектите на податоците.
16.6. Доколку се смета дека соодветните гаранции што ги покажал или применил добавувачот (или соодветниот потпроцесор) во согласност со Условот 16.5 не обезбедуваат соодветно ниво на заштита во однос на личните податоци на договорот, добавувачот ќе спроведе алтернативни мерки кои би можел да ги побара Винербергер за да се осигура дека соодветниот меѓународен трансфер и целата процесирана обработка се во согласност со Законите за заштита на податоците. Добавувачот или релевантниот потпроцесор нема да треба да ги почитуваат условите наведени во условот16.6, ако се бара да се изврши меѓународен трансфер за да се усогласат со Законите што се применуваат во Европската унија или нејзините земјите-членки, во кој случај Добавувачот ќе го извести Винербергер за таквите законски услови пред таквиот меѓународен трансфер, освен ако важечките закони не забрануваат известување до Винербергер поради јавен интерес.
16.7. Доколку регистрираната канцеларија на Добавувачот се наоѓа надвор од ЕУ, на барање на Винербергер, добавувачот ќе му достави детали за неговиот назначен претставник лоциран во Европската Унија и, за да се избегне сомнеж, ќе се применува условот 16.5. Доколку добавувачот обработува лични податоци на договорот надвор од Европската економска зона, тогаш треба да се воспостават и одржуваат соодветни гаранции за Меѓународниот трансфер во согласност со Законите за заштита на податоците пред секоја таква обработка на личните податоци на договорот од добавувачот надвор од Европската економска зона.
16.8.Добавувачот:
16.8.1. ќе имплементира и помага на Винербергер да спроведе соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот претставен со обработка на личните податоци на договорот, особено од нарушување на безбедноста на податоците;
16.8.2. веднаш ќе го извести Винербергер доколку добавувачот (или кој било потпроцесор) не е во состојба да се придржува кон условот 16.8, без да се наруши неговата обврска или правата или правните лекови кои Винербергер може да ги има за неисполнување на Услов16.8;
16.8.3. веднаш ќе го извести Винербергер , и тоа најдоцна во рок од 24 часа откако ќе согледа дека има разумно сомнителна, потенцијална или вистинска опасност од нарушување на безбедноста на податоците, вклучувајќи ја и природата на нарушување на безбедноста на податоците, категориите и приближниот број на субјекти на податоци и записи за лични податоци на договорот , веројатните последици од нарушувањето на безбедноста на податоците и секоја мерка што се предлага да се преземе за справување со нарушувањето на безбедноста на податоците и да се ублажат можните негативни ефекти. Онаму каде што не е можно да се обезбедат сите релевантни информации во исто време, информацијата може да се достави во фази без непотребно одложување, но добавувачот (и потпроцесорите) не смеат да го одложат известувањето под овој услов
16.8.3 дури и истрагата да е нецелосна или во тек;
16.8.4. веднаш (и во секој случај во рок од 72 часа) да го извести Винербергер за секое барање или комуникација што ја добива
16.8.4.1. за остварување на правата на субјектот на податоци согласно Законите за заштита на податоците
16.8.4.2. од субјект на податоци или надзорен орган во врска со личните податоци на договорот(вклучително и поплаки);
16.8.4.3. од која било страна, во врска со усогласеноста на добавувачот или Винербергер со Законите за заштита на податоците. Кога таквата кореспонденција содржи доволни информации што укажуваат дека се случило или постои веројатност да има нарушување на безбедноста на податоци, условот 16.8.3 има предност;
16.8.5. ќе обезбеди разумна помош за Винербергер во одговарање на барања или комуникации под условот 16.8.4, вклучително и со соодветни технички и организациски мерки, доколку тоа е можно;
16.8.6. без претходна писмена согласност на Винербергер, нема да дава или дозволува било каква објава во врска со нарушување на безбедноста на податоците или да одговара на какво било барање за остварување на правата за податоци на субјектот според Законите за заштита на податоците или комуникација или жалба од субјектот на податоци или надзорен орган во врска со личните податоци на договорот;
16.8.7. ќе обезбеди разумна помош за Винербергер во:
16.8.7.1. документирање на какво било нарушување на безбедноста на податоци и известување за какво било нарушување на безбедноста на податоците до кој било надзорен орган и/или субјекти на податоци;
16.8.7.2. преземање мерки за справување со нарушување на безбедноста на податоци, вклучувајќи, каде што е соодветно, мерки за ублажување на нивните можни негативни ефекти;
16.8.7.3.спроведување проценки за влијанието на заштитата на податоците за какви било операции на обработка и соодветно, консултации со надзорните органи, субјектите на податоците и нивните претставници.
16.9.Добавувачот:
16.9.1. ќе ги стави на располагање на Винербергер сите потребни информации за да се покаже усогласеност со обврските утврдени во услов 16;
16.9.2. секое известување направено според овој услов 16 мора да го испрати по е- пошта на xxxxxxxxxxx@Xxxxxxxxxxxx.xxx, освен ако Винербергер не дал претходна писмена согласност за да се користи алтернативен метод за известување;
16.9.3. ќе дозволува и придонесува во ревизии, вклучително и инспекции, спроведени од Винербергер или друг ревизор овластен од Винербергер; и
16.9.4. ќе подготви и безбедно ќе води евиденција за сите категории активности за обработка извршени според Договорот, во врска со личните податоци на договорот, вклучително и најмалку: (i) неговото име и детали за контакт и детали за службеникот за заштита на податоци или друго лице одговорно за почитување на заштитата на податоците; (ii) категориите на обработка што ги спроведува во име на Винербергер;
(iii) меѓународни трансфери; (iv) општ опис на техничките и организациските безбедносни мерки наведени во услов16.8; и (v) истите информации во врска со секој потпроцесор, заедно со неговото име и детали за контакт (заедно „Запис на податоци“). Добавувачот, веднаш на барање , ќе достави копија од Записот за податоци на Винербергер.
16.10. Добавувачот ќе му надомести на Винербергер за сите обврски кои произлегуваат од или се во врска со какво било неисполнување на неговите обврски според овој услов 16 (вклучително и секој неуспех или задоцнување во извршувањето, или несовесно извршување или неисполнување на која било од тие обврски) (без разлика дали таквата обврска настанува како резултат на задолжителен или доброволен извештај од Винербергер или друго трето лице на Надзорниот орган).
17. Рекламен материјал/ Огласи
Добавувачот нема да дозволи да се објави каков било оглас, или какво било навестување за деловниот однос помеѓу Добавувачот и Винербергер во кој било рекламен материјал или друга комуникација без претходна писмена согласност од Винербергер, освен ако тоа не е законски или во согласност со кој било државен или регулаторен орган, во кој случај добавувачот веднаш ќе даде писмено известување за таквото барање до Винербергер.
18. Раскинување на договорот
18.1. Винербергер може да го раскине договорот целосно или делумно веднаш со тоа што ќе му даде писмено известување на добавувачот најмалку 21 ден пред датумот на испорака наведен во нарачката. Ако Винербергер го искористи своето право на раскинување под овој услов 18.1, негова единствена одговорност ќе биде да му плати на Добавувачот праведен и разумен надомест за работата што е во тек во моментот на раскинување, но таквиот надомест нема да вклучува загуба на профит (без разлика дали е директна или индиректна и дали реална или очекувана) или било каква последователна загуба.
18.2. Без ограничување на неговите други права или правни лекови(без разлика дали се јасно изразени или се подразбираат), Винербергер има право да го раскине договорот веднаш, писмено известувајќи го за тоа добавувачот, особено ако:
18.2.1. Добавувачот изврши значителна повреда на Договорот; или
18.2.2. настанале околности што очигледно го прават невозможно понатамошното правилно извршување на Договорот.
18.3. Винербергер може веднаш да го раскине Договорот со писмено известување до добавувачот доколку добавувачот:
18.3.1. има назначено примач, администратор или привремен ликвидатор;
18.3.2. има намера да назначи администратор;
18.3.3. донесува одлука за негова ликвидација (освен за реструктуирање на солвентноста);
18.3.4.има наредба за ликвидација донесена од судот ;
18.3.5. влегува во било каков договор со доверителите (освен ако се однесува на реструктуирање на солвентноста);
18.3.6. престанува да работи;
18.3.7. е предмет на сé што е аналогно на претходното според законите на кое било судство;
18.3.8. е предмет на каква било постапка во која било земја -членка на Европската унија која е способна за признавање според Регулативата на ЕК за постапки за несолвентност (ЕК 1346/2000); или
18.3.9. е предмет на апликација за признавање странска постапка за несолвентност согласно Правилата за прекугранична несолвентност 2006 (СИ 2006/1030),и добавувачот ќе го извести Винербергер веднаш по појавата на секој таков настан или околност.
18.4. Во случај на раскинување на договорот, Винербергер може, по сопствено наоѓање, да ги задржи веќе доставените стоки и/или веќе извршените услуги плаќајќи пропорционален износ, или ако се работи за стоки, да му ги врати на Добавувачот на негов трошок. Во случај на раскинување на Договорот поради вина на добавувачот, тој исто така ќе му ги надомести на Винербергер дополнителните трошоци и трошоците што произлегуваат од фактот дека нарачката треба да се пренесе на трета страна, доколку е применливо. По истекот или раскинувањето на договорот, сите услови кои експресно или имплицитно продолжуваат да важат по истекот или раскинувањето на договорот, ќе продолжат да важат,а сите други права и обврски веднаш ќе престанат без да се нарушуваат правата, обврските, побарувањата (вклучително и барањата за штета при неисполнување на договорот) како и обврските што настанале пред датумот на истекување или раскинување.
18.5. Веднаш по датумот на истекување или раскинување на Договорот, добавувачот, по исклучок утврден во Услов 18.6, ќе ги врати во Винербергер и ќе престане да ги користи сите негови доверливи информации (вклучувајќи ги сите копии и извадоци) што ги поседува или контролира.
18.6. Добавувачот може да ги задржи доверливите информации на Винербергер до степен што е потребен за да се усогласи со секој применлив закон. Одредбите од Условот 15 ќе продолжат да важат за зачуваните доверливи информации.
19. Одговорност на Винербергер
Во секој случај, вкупната одговорност на Винербергер, независно од правната основа, ќе биде ограничена со 1.000.000 евра или максимум 100% од вредноста на договорот за стоките и/или услугите обезбедени од Добавувачот (без дополнителни трошоци за испраќање, пакување, складирање или царинење, доколку ги има), земајќи ја во предвид пониската сума, на датумот кога Добавувачот ќе поднесе барање против Винербергер.
20. Општо
20.1. Добавувачот нема да склучи под-договор за ниту една од своите обврски според договорот без претходна писмена согласност од Винербергер. Секое поддоговарање нема да го ослободи добавувачот од обврските кон Винербергер според договорот. Добавувачот ќе биде одговорен пред Винербергер за делата и пропустите на неговите подизведувачи во врска со договорот. Овој услов
20.1 не се коси со условот 16.3.
20.2. Клиентите, службениците, вработените, агентите и подизведувачите на Винербергер ќе имаат право да ги спроведат условот 11.5 и условот 11.6. бидејќи целта на овие услови е реален договор во корист на трети страни во согласност со Параграф 881 од Австрискиот граѓански законик .
20.3. Страните можат да го променат или откажат договорот без согласност на клиентите, службениците, вработените, агентите и подизведувачите на Винербергер.
20.4. Освен како што е предвидено во Услов 20.2, страните немаат намера кој било термин од Договорот да биде спроведен како реален договор во корист на која било трета страна.
20.5. Правата и правните лекови на Винербергер утврдени во овие услови се дополнителни и не ги исклучуваат правата и правните лекови предвидени со закон.
20.6. Ако за било кој термин или дел од Договорот се утврди од страна на кој било суд или орган од надлежното судство дека е незаконски, неважечки или неспроведлив, тој термин или дел ќе се смета за изменет или избришан во зависност од случајот, но само до степенот неопходен за усогласување со одлуката на таквиот суд или орган од надлежното судство, а останатите одредби од Договорот ќе останат во целосна сила и ефект. Дури и да е легитимен, терминот или делот од Договорот што се смета за незаконски, неважечки или неспроведлив, ќе биде заменет со термин или дел што е најблиску до економската цел остварена со почетниот рок или дел од Договорот.
20.7. Добавувачот признава дека Винербергер работи кон акредитација на ISO50001 и дека секоја набавка на производи од Добавувачот (особено, оние производи што имаат или можат да имаат влијание врз значителна потрошувачка на енергија) ќе биде оценета од Винербергер врз основа на енергетските перформанси. Добавувачот во секое време ќе биде проактивен во нудењето енергетски ефикасни производи на Винербергер, онаму каде што тие се достапни.
21. Применлив закон
Договорот и сите договорни обврски што произлегуваат од или во врска со него ќе бидат регулирани со законите на Австрија.
22. Надлежни институции
22.1. Согласно условите 22.2 и 22.3, надлежниот суд за Австрија, Првиот округ во Виена има ексклузивна надлежност да го реши секој спор што произлегува од или во врска со Договорот (вклучително и во врска со сите вон договорни обврски).
22.2. Ако регистрираната канцеларија на Добавувачот се наоѓа надвор од ЕУ, Винербергер го задржува правото да ги упати (како единствена опција) сите спорови што произлегуваат или се поврзани со Договорот или се однесуваат на повреда, раскинување или ништовност на истиот,конечно да се решат според правилата на Меѓународниот арбитражен центар на Австриската федерална стопанска комора (Виенски правила) од тројца арбитри назначени во согласност со наведените Правила.
22.3. Секоја страна може да бара специфично извршување, привремена или конечна забрана за ослободување или кое било друго ослободување од слична природа или ефект во кој било суд од надлежното судство.
22.4. Добавувачот се откажува од секој приговор и се согласува да ги почитува правилата на надлежниот суд наведен во условот 22.1 и (каде што е применливо) арбитражната институција според нејзините назначени правила наведени во условот 22.2. Добавувачот се согласува дека (а) пресудата или наредбата на судот наведени во условот 22.1 е обврзувачка за него и може да се спроведе против него во судовите во која било друга јурисдикција и (б) пресудата за одлуката донесена од арбитрите наведени до во услов 22.2 може да се внесе во секој суд што има надлежност за тоа.