ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 01/2016
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 01/2016
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГА- ИЗБОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ЗА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, февруари, 2016 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт:xx000 0 0000 000; електронска адреса:info@customs. xxx.xx; има потреба од јавна набавка на услуга - Избор на агенција за привремени вработувања согласно техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуга со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/15, 78/15 и 192/15), за што објави оглас број 01/2016.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот пред- мет на договорот за јавна набавка најдоцна до 10.03.2016година, до 11:00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx. mk), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содр- жи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендер- ската документација се состои од следните делови: инструкции за економ- ските оператори, техничка спецификација, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, образец на понудата, изјава за сериоз- ност на понуда, изјава за нeзависна понуда, образец за општи информации и образец на листа на доверливи информации.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпиша- на од страна на економскиот оператор со користење на дигитален серти- фикат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на пон- удите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 10.03.2016година, во 11:00 часот.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 16.02.2016 година
Царинска управа на Република Македонија
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документа- ција го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склу- чен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во дру- гиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или удели- те издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен.
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тен- дерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани пону- дените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и од- говара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на изно- сот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или ди- ректор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компре- сија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутери- зиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јав- ните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и допол- нително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се иден- тификува;
- ,,Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- ,,Xxxxxx на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Електрон- скиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: xx000 0 0000 000; факс xx000 0 0000 000; електронска адреса:xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; интернет адреса:xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај договорниот орган се Весна Змајшек и Xxxxxx Xxxxxxxxx, телефон: xx000 0 0000 000, електронска пошта: vesna.zmajsek@ xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxx.xxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга - Избор на агенција за привремени вработувања. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тен- дерската документација и истата е составен дел на тендерската документа- ција.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата пону- да треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ESJN) (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски сред- ства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистри- рате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е соста- вен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од реги- страциската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистри- раната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирач- никот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на елек- тронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се доста- ват во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве по- датоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аук- цијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимал- на и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива по- нуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе ко- нечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содр- жани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достап- ни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за подне- сување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првич- но понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набав- ка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набав- ки објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 27/15, 78/15, 192/15 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царин- ската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните одно- си, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Извор на средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка е Буџетот на Република Македонија/Царин- ска управа на Р.Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни рефе- ренци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор задолжително треба да ги содржи следниве податоци:
− членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкрска гаранција или депонирани средства ,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
− членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
− краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски опеартори за извршување на договорот,
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидар- но одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понуду- вачи.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Во случај некој од членовите на групата да не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нереги-
стрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наве- деното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда.
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделува- ње на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економ- ската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на под- изведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со чле- новите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна на- бавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документа- ија не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во по- стапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подго- товката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доде- лување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е нај- ниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спрове- дување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологи- јата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделу- вање на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на пону- дите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претсе- дателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спрове- дена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заме- ник, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вра- ботените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го пот- пише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во елек- тронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во Инструкци- ите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економски- от оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие инфор- мации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на довер- ливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
− личната состојба,
− способноста за вршење професионална дејност.
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени кри- териуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во не- стандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на пону- дите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска
форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документа- цијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалу- ација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понуду- вачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појасну- вањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на подне- сени понуди", во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на коми- сијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пре- суда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постап- ки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и до- говори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна заб- рана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е реги- стриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електрон- ска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски опера- тор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македо- нија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки или доказот за одобрено одложено плаќање на истите ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Маке- донија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална деј- ност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со про- писите на земјата каде што е регистриран.
2.3.2 За цело времетраење на овој Договор да има важечка лиценца
,,А” за привремени вработувања издадена од министерството надлежно за работите на трудот и решение за упис во регистарот на агенции за привремени вработувања што го води министерството надлежно за работите на труд.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендер- ската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска фор- ма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што пре- зеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско извес- тување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економски- от оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понуду- вачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за кон- кретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве еле- менти:
- пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во точка
2.2. од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професи- онална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документа- ција;
- известување за елементите на договорот кои економскиот опера- тор има намера да ги отстапи на подизведувач;
- изјава за сериозност на понуда;
- изјава за независна понуда;
- пополнет образец за општи информации (образецот не мора да се доставува ако нема групна понуда),
- пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации).
- oвластување за претставникот на група на економски оператори, (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се пречкрта);
- договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со по- нудата, само во случај на групна понуда).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз ос- нова на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска доку- ментација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска доку- ментација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна на- бавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на под- изведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски опе- ратор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за се- кој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните цари- ни доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната пону- дена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел
„Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на пону- дата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со бук- ви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправду- вање на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни во електронска форма преку ЕСЈН преку модулот „Појаснување/ дополнување на поднесени документи“, кои се причините за таквата цена во рок од 3 (три) дена од датумот на поднесување на барањето или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари или во евра. Македон- скиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавно отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обвр- зувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е нера- ботен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како неприфатлива понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски пот- пишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи обра- зецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлу- ката за избор или за поништување на постапката.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa пону- да, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тен- дерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда не може дополнително да се доста- ви по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Секоја понуда што не содржи потпишана изјава за независнa по- нуда ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и иста- та треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален серти- фикат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално пот- пишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални серти- фикати: Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален серти- фикат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министер- ството за финансии на Република Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише пону- дата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од изда- вач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ број 34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертифи- кат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓуна- роден договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сер- тификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат докумен- тите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот опе- ратор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на упра- вителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот;
или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски опе- ратор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обвр- зан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската доку- ментација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.9.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во харти- ена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големи- на пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се пре- обемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 10.03.2016година, до 11:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за подне- сување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автомат- ски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат сво- ите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведу- ваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови доку- менти, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на пону- дата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое за- интересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да уче- ствуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои за- белешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските опе- ратори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.03.2016година, во 11:00 часот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните на- бавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендер- ската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се приста- пува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на пону- дата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за воде- ње на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклу- чени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договор- ниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/ дополнување на поднесени документи“. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во соглас- ност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритме- тичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во пону- дата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритме- тичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде објавена негативна референца во ЕСЈН.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како по- следна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економски- от оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповол- на ќе биде избрана понудата која е порано поднесена.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набав- ка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набав- ки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најпо- волен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен пону- дувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завр- шувањето на аукцијата/ конечно поднесената цена).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карак- тер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извеш- тајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејстви- ја од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со елек- тронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, пониш- тување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се подне- сува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жал- бата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува под- носителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише дого- ворот за јавна набавка во рок од 5 (пет) работни дена од денот на прием на известувањето за подигнување на договорот и истиот да му го врати на дого- ворниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише дого- ворот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, дого- ворниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен по- нудувач се откажал од склучување на договорот и да објави негативна рефе- ренца во ЕСЈН.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Р.Македонија.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на извршување на услугата
7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата – пред- мет на договорот, во максимален рок од 5 дена по претходно доставено писмено барање на договорниот орган – Царинска управа на Р.Македонија.
Услугата предмет на договор ќе се извршува сукцесивно, според потре- бите на договорниот орган – Царинска управа на Р.Македонија.
Рокот и местото на извршување се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на извршување поинакви од утврдените ќе се смета за
неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Договорниот орган ќе назначи контакт лице и за истото ќе го извести Носителот на набавката. Назначеното контакт лице ќе ја следи реализацијата на договорот и целокупната комуникација помеѓу Договорниот орган и Носителот на набавката ќе се одвива преку него.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото време- траење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено аван- сно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 5 % од вкуп- ната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаран- ција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен пону- дувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 15 дена од добиеното известу- вање за извршениот избор, а пред склучување на договорот.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта на адреса на Царинска управа на Р.Македонија , уx.,,Лазар Личеноски‘‘ број 13, Скопје или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ,, Колекторска “ бб, Скопје.
7.5.8. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските
од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.
7.5.9 За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршува- ње на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носите- лот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.10 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран сог- ласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган му ја враќа на носителот на на- бавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.6 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.6.1 По завршувањето на електронската аукција/поднесена конечна цена и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поеди- нечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде ед- накво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на из- браниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/конечна цена) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/поднесена ко- нечна цена).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Техничка спецификација на набавката
Агенцијата за привремени вработувања согласно Законот за привремени вра- ботувања и врз основа на договор за отстапување на работник, треба да биде во можност за потребите на Царинска управа на Р.Македонија, а по барање на директорот (сукцесивно според потребите) да отстапи работници за вршење на привремени работи во случај на:
− замена на привремено отсутен работник;
− привремено зголемен обем на работа;
− сезонска работа;
− работа на проект;
− специфични неконтинуирани работи кои не се дел од претежната дејност на Царинската управа и
− непредвидливи, краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на Царинската управа.
Покрај условите предвидени во Законот за Агенциите за привремени врабо- тувања, при извршување на услугите – предмет на договорот треба да се исполнуваат и следниве услови:
1. Во целост да ги исполнува и почитува барањата на Царинска управа на Р.Македонија наведени во барањето за ангажирање на привремен работник и за потребите на Царинската управа да отстапува работници кои ги испол- нуваат потребните квалификации;
2. Во случај да не може да обезбеди работници кои ги исполнуваат бараните квалификации согласно барањето за ангажирање на привремен работник веднаш, а најдоцна во рок од 3 (три) дена, да ја извести Царинската управа;
3. Да ги обезбеди сите права по основ на работен однос кои произлегуваат од Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за работните односи, Колективниот договор и другите прописи кои важат за вработените кај Царинската управа;
4. Дека ниту под еден услов освен со писмена изречна согласност од страна на Царинската управа нема да го замени привремено отстапениот работник или да го откаже договорот за вработување;
5. На барање на Царинската управа да го откаже договорот за вработување пред времето определено со договорот, а поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со или без отказен рок во зависност од видот на повредата, односно неисполнувањето на работните обврски, сог- ласно одредбите на Законот за работните односи и другите прописи кои важат за вработените во Царинската управа;
6. Да обезбедува исплата на бруто плата на отстапените работници и пред да биде исплатена фактурата од страна на Царинската управа, најдоцна до 15- ти во месецот.
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊЕ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија со седиште на ул.„Xxxxx Xx- ченоски” бр.13, 1000 Скопје, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, застапувано од директорот Xxxxxx Xxxxxxx - Xxxxxxxxx (во понатамошниот текст: Договорен орган) од една страна и
2. , со седиште на бр. , , ЕМБС , ЕДБ , застапувано од управителот (во понатамошниот текст: Носител на набавката) од друга страна.
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни за јавна набавка – Избор на агенција за привремени вработувања, согласно Одлуката за јавна набавка број од година, по спроведена отворена постапка преку ЕСЈН, со објавување на оглас број 01/2016, со примена на електронска аукција/поднесување на конечна цена и донесената Одлука за избор на најповолна понуда број од
година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на услуга за привремени вработувања т.е. отстапување на работник/ци за вршење на привремени работи од страна на Носителот на набавката зависно потребите на Договорниот орган, согласно Законот за агенциите за привремени вработувања, наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и прифатената понуда на нај- поволниот понудувач со број 05- од година.
Агенцијата за привремени вработувања може врз основа на овој Договор да отстапи работник/ци на Договорниот орган за вршење на привремени рабо- ти во случај на :
• замена на привремено отсутен работник;
• привремено зголемен обем на работа;
• сезонска работа;
• работа на проект;
• специфични неконтинуирани работи кои не се дел од претежната дејност на Договорен орган и
• непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот корисник
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 3
Договорниот орган е должен:
- да достави Xxxxxx за привремено ангажирање на работник во писмена форма до Носителот на набавката , при што истото задолжително ќе содржи опис на работното место, видот на работните задачи и местото каде истите ќе се извршуваат, временскиот период за кој се бара отстапување на работни- кот; висина на нето плата и други надоместоци доколку ги исплатува рабо- тодавачот, потребните квалификации кои работникот треба да ги исполнува во поглед на стручната подготовка, работно искуство, познавање на странски јазици и останати квалификации кои потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат;
- да ги обезбеди потребните простории, опремата и средствата со кои привремениот работник треба да ја извршува работата;
- да обезбеди заштита при работа за отстапениот работник во согласност со важечките прописи и колективен договор;
- да доставува список за редовност за лицата ангажирани преку Носи-телот на набавката, а доколку истиот не е доставен ќе се смета дека работникот редовно си ги извршувал работните обврски;
- писмено да го извести Носителот на набавката доколку не е задоволен од работата и однесувањето на ангажираното/ите лице/а и може предвремено да го раскини склучениот договор со доставено писмено известување;
- на Носителот на набавката да му го исплати договорениот надомест во време и на начин како што е тоа определено со договорот.
ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 4
Носителот на набавката е должен:
- во целост треба да ги исполнува и почитува барањата на Договорниот орган наведени во барањето за ангажирање на привремен работник и за потребите на Договорниот орган да отстапува работници кои ги исполнуваат потреб- ните квалификации во рок од најмногу 5 (пет) дена по претходно доставено писмено барање;
- во случај да не може да обезбеди работник кој ги исполнува бараните квалификации согласно барањето за ангажирање на привремен работник веднаш, а најдоцна во рок од 3 (три) дена да го извести Договорниот орган;
- да ги обезбеди сите права по основ на работен однос кои произлегуваат од Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за работните односи, Колективниот договор и другите прописи кои важат за вработените кај Договорниот орган;
- ниту под еден друг услов освен со писмена изречна согласност од страна на Договорниот орган нема да го замени привремено отстапениот работник или да го откаже договорот за вработување;
- на барање на Договорниот орган да го откаже договорот за вработување пред времето определено со договорот, а поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со или без отказен рок во зависност од видот на повредата, односно неисполнувањето на работните обврски, соглас- но одредбите на Законот за работните односи и другите прописи кои важат за вработените кај Договорниот орган;
- до Договорниот орган да доставува фактура во која се пресметани сите трошоци за плата, придонеси за осигурување, додатоци и надоместоци за отстапениот работник согласно законските прописи, Колективниот договор и агенциската провизија за секој месец од времетраење на договорот, а најдоц- на до 5-ти во месецот за претходниот месец;
- на отстапениот работник редовно да му исплатува бруто плата и пред да биде исплатена фактурата од страна на Договорниот орган најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец;
- до Договорниот орган да доставува месечен извештај и потврда за исплатена плата и придонеси на плата за отстапениот работник најдоцна до 20-ти во тековниот месец за претходниот месец ;
- за цело времетраење на овој Договор да има важечка лиценца „A“ издадена од министерството надлежно за работите на трудот и решение за упис во регистарот на агенциите за привремени вработувања во министерството надлежно за работите на од областа на трудот.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Вкупната вредност на овој Договор ќе се утврди врз основа на реално извр- шените услуги, при што Договорниот орган може да нарача, а Носителот на набавката да изврши услуги во вредност не повеќе од денари без вклучен ДДВ, односно денари со вклучен ДДВ.
Извршената услуга над вкупната вредност на договорот наведена во овој Член ќе биде на товар на Носителот на набавката.
Носителот на набавката предметните услуги - привремени вработувања ги врши со наплата на надоместок за услугите од Договорниот орган во износ
(процент на провизија) од висината на месечната бруто плата на ангажираното лице.
Процентот на провизија во износ од % е фиксен и не се менува за цело времетраење на договорот.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Во случај на доцнење со извршување на предметот на договорот од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
Договорните страни се согласни во случај Носителот на набавката да не ја изврши навремено услугата која е предмет на овој Договор согласно член член 4 алинеја 1, истиот е должен да му плати на Договорниот орган договор- на казна во висина од 0,5 % од вкупната вредност определена со член 5 од овој Договор, за секој ден на доцнење од рокот наведен во член 4 алинеја 1 на овој Договор .
Договорната казна не може да надмине 5% од вкупната вредност определена со член 3 од овој Договор.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 7
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го Врши во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Република Македонија, адреса: Царинска управа на Р. Македонија ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје.
Носителот на набавката е должен во рок од 3 дена од склучување на овој Договор до Договорниот орган да достави известување за овластеното лице за потпишување на фактурите.
Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој Член, Носителот на набавката има право на пресметка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на надо- месток за доцнење, согласно позитивните законски прописи.
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 8
Квалитетното, односно целосно, совесно и навремено извршување на обвр- ските по овој Договор, Носителот на набавката го гарантира со банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 5% од вкупната вредност на овој Договор (со вклучен ДДВ).
Договорниот орган има право да ја наплати банкарската гаранција кога:
- Носителот на набавката доцни со извршување на услугите подолго од 10 дена од рокот наведен во член 4 од овој Договор;
- Носителот на набавката не ги извршува услугите квалитетно согласно бараното во техничката спецификација;
- Договорот е xxxxxxxx и престанал да важи по вина на Носителот на набавката.
Доколку договорот се спроведе навреме и квалитетно во согласност со одредбите на овој Договор, гаранцијата за квалитетно извршување на дого- ворот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 (четиринаесет) дена по целосното извршување на договорот.
ВИША СИЛА
Член 9
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполну-вање на обврските по овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 (дваесет и четири часа ) часа писмено да ја извести другата страна, со наведу- вање на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 10
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор ќе се при- менуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 11
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Дого- вор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 12
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на до- говорот.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 13
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е македонскиот јазик.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 15
Договорот се склучува за временски период до реализација на обврските по истиот, но не подолго од 12 (дванаесeт) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од двете договорни страни.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 16
Договорот стапува на сила со денот на потпишување на истиот од двете договорни страни.
Член 17
Изменување и дополнување на овој Договор може да се врши со заедничка согласност на договорните страни доставена по писмен пат.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат и/или дополнат со склучу- вање на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор са- мо во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 18
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) примероци за Договорниот орган и 2 (два) примероци за Носителот на на- бавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН
Царинска управа на РМ Директор
Xxxxxx Xxxxxxx - Крстевска
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
Управител
______________________
Составни делови на овој Договор се:
a) Техничката спецификација од тендерската документација за ОП 01/2016 б) Понудата на Носителот на набавка број од година
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 01/2016 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка - Избор на агенција за привремени вработувања, со спроведување на отворена постапка со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (xxxxx://x-xxxxxxx. xxx.xx), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
- Адреса:
- Телефон:
- Факс:
- Е-пошта:
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
Овластено лице со овластување документ број :
IV.1.4. Даночен / матичен број:
IV.1.5. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените дефинирани во Листата на цени.
IV.1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.2 ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ;
- Документи за докажување на личната состојба наведени во точка 2.2. од тендерската документација;
- Документи за докажување на способноста за вршење на професи- онална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документаци- ја;
- Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач;
- Изјава за сериозност на понудата;
- Изјава за независна понуда;
- Пополнет образец за општи информации (ако нема групна понуда, образецот не мора да се доставува);
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува);
- Овластување за претставникот на група на економски оператори, (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се пречкрта);
- Договор за групна понуда (задолжително се доставува заедно со понудата , само за група на економски оператори)
IV.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.1.8. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската докумен- тација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската доку- ментација.
IV.2 ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1 Согласни сме да ги понудиме подолунаведените услуги. Детален приказ на нашата понуда е даден во подолу наведената листа на цени .
Листа на цени
1 | 2 | 3 | 4 |
Реден број | Назив | Единица мерка | Износ на процент |
1. | Услуга за привремено вработување | Процент на провизија од месечна бруто плата по ангажирано лице |
Стапката на ДДВ за услугата привремено вработување изнесува %.
Процентот од вредноста на бруто-платата по отстапен работник, кој ќе се наплатува за услугата привремено вработување вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: (со бројки) ( ) (со букви) . Процентот на ДДВ изнесува (со бројки) со букви) .
Место и датум Одговорно лице
(потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
V. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот
[име и
презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршу- вање на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VI. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* [име x
презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапка за доделување на договор за јавна набавка – Избор на агенција за привремени вработувања , отворена постапка, оглас бр.01/2016 ја поднесувам независно, без договор со други економски опе-ратори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкурен-цијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам де- ка при доставување на понудата за отворена постапката, оглас бр. 01/2016 - Избор на агенција за привремени вработувања не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)*
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
****Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
VII. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (се пополнува за секој член на групата на економски оператори, само во случај на групна понуда)
1. Назив на член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VIII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум Одговорно лице
(потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.