Contract
шифра:
ДОГОВОР
за пристап до јавна електронска комуникациска мрежа и користење јавни електронски комуникациски услуги
Склучен на ден 20 , во помеѓу:
1. ТЕЛЕКАБЕЛ ДООЕЛ со седиште во Штип на ул. „Ванчо Прќе“ 88 со ЕДБ: 4029998114287, застапувано од Xxxxx Xxxxxx, управител (во понатамошниот текст: Оператор), од една страна и;
2. од ул. број
ЕМБГ/ЕДБ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ тел: |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ (во понатамошниот текст: Претплатник), од другата страна.
Договорните страни се договорија:
ЧЛЕН 1. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ДОГОВОРОТ
1) Предмет на овој Договор е уредување на правата и обврските на Операторот, како Оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, од една страна и Претплатникот, како краен корисник на услуги од јавна електронска комуникациска мрежа, од друга страна.
2) Целта на овој Договор е засновање претплатнички однос за обезбедување пристап до јавна електронска комуникациска мрежа и користење јавни електронски комуникациски услуги, под услови утврдени согласно овој Договор и прилозите кон него, како и Законот за електронски комуникации и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните електронски комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците како и сите нивни измени и дополнувања што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации.
ЧЛЕН 2. ОСНОВНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
1) Со склучување на овој Договор, Операторот во просториите на Претплатникот овозможува пристап до сите основни и дополнителни услуги што Операторот ги нуди преку својата јавна електронска комуникациска мрежа во согласност со тарифниот модел/пакет што го избрал Претплатникот во Прилогот 1 од овој Договор.
2) Активирање и деактивирање на основните и дополнителните услуги како и промена на тарифниот модел/пакет од страна на Операторот, а по барање на Претплатникот, се врши со пополнување на соодветен формулар во пишана форма или друг начин достапен на Претплатникот пропишан согласно Општите услови на Операторот.
3) Тарифните пакети на услугите на Операторот ги избира Претплатникот, а се истакнати во јасна, разбирлива и лесно достапна форма на инфо-каналот, веб-страницата и наплатните центри на Операторот.
4) Најмногу еднаш месечно Претплатникот, доколку ги исполнува условите за користење на тарифниот пакет, може да побара промена на тарифниот пакет на начин утврден со ставот 2 од овој член и промената ќе важи од првиот ден од следниот месец.
ЧЛЕН 3. ДЕФИНИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ НА ОПЕРАТОРОТ
1) Јавните електронски комуникациски услуги што операторот ги нуди до своите крајни корисници се: реемитување на телевизиски програмски сервиси во аналоген програмски пакет и дигитален програмски пакет, интернет, фиксна телефонија и мобилна телефонија. Услугите на операторот се определени во тарифни модели/пакети.
ЧЛЕН 4. ФОРМА И НАЧИН НА ИНФОРМИРАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА
1) Операторот комуницира со Претплатникот на следниот начин:
за физичко лице: лично со Претплатникот или лице кое има полномошно издадено од Претплатникот;
за правно лице: со законскиот застапник на претплатникот или лице кое е вработено кај Претплатникот кое за таа цел е овластено со потпис и печат од одговорното лице на Претплатникот.
2) Комуникацијата помеѓу Операторот и Претплатникот (фактура, приговор и друг вид комуникација) се одвива во пишана форма што може да биде доставена по пошта или лично во просториите на Операторот или Претплатникот.
3) Комуникацијата може да се одвива и во електронска форма, доколку Операторот има согласност и адреса од електронската пошта на Претплатникот за достава на писменото во електронска форма. Поднесокот во електронска форма може да се достави и надвор од работното време на Операторот како и во неработни денови, но доколку поднесокот е врзан со рок утврден со закон, рокот почнува да тече од првиот нареден работен ден. Комуникацијата исто така може да се одвива и по СМС пораки со претплатниците кои користат услуга на мобилна телефонија од Операторот, како и телефонски.
ЧЛЕН 5. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ОПЕРАТОРОТ
1) Операторот се обврзува да изврши приклучување на Претплатникот кон јавната електронска комуникациска мрежа во рок од 10 (десет) работни дена од денот на потпишувањето на овој Договор, при што ќе му овозможи непречен пристап за користење на јавните електронски комуникациски услуги согласно Договорот.
2) Приклучувањето на јавната електронска комуникациска мрежа ќе се изврши од страна на стручните лица на Операторот, со што на Претплатникот ќе му овозможи квалитет на јавните електронски комуникациски услуги определен согласно ЗЕК и позитивните законски прописи.
3) Операторот е должен да изврши префрлување на приклучок на јавната електронска комуникациска мрежа на друга локација доколку тоа е технички возможно, во спротивно е должен во рок од 10 работни дена да го извести Претплатникот.
4) Операторот е должен да го извести Претплатникот доколку ги повредува одредбите од овој Договор и да му одреди рок од 5 дена за коригирање и исполнување на обврските предвидени со овој Договор.
5) Операторот го задржува правото за промена на цените и условите на услугите во зависност од пазарните услови и тие ќе бидат објавувани на инфо-каналот, веб-страницата и рекламните летоци на Операторот.
6) Операторот треба да го извести Претплатникот за сите предложени измени во условите наведени во Договорот во рок не пократок од 30 дена пред воведувањето на измените, како и правото дека во истиот период без последици може да го раскине Договорот доколку не се согласува со предложените измени согласно членот 13 од Договорот.
7) Операторот треба да го следи вообичаеното однесување на претплатникот при користењето на неговите услуги и истиот бесплатно да го извести, доколку утврди било какво невообичаено и ненадејно зголемување на износот за користење на одделни услуги, што може да укажува на злоупотреба или неовластено користење. Невообичаено и ненадејно зголемување на износот на користење на одделни услуги се смета доколку износот надмине најмалку двапати поголем износ од просечниот износ што претплатникот го платил во последните три месеци за постојните, односно двапати поголем износ од претплатата во последниот месец за нови претплатници.
8) Операторот ќе изврши исклучување на СИМ картичката веднаш по приемот на известувањето за изгубена СИМ картичка.
9) Операторот овозможува идентификација и спречување на идентификација на повикувачки и повикан број на начин утврден со Закон или друг валиден пропис, како и беспатен пристап до службите за итни повици и до броевите за услуги од општествено значење. Операторот има обврска да ги доставува податоците со кои располага за Претплатникот и остварениот сообраќај преку неговата
10) претплатничка линија на надлежен државен орган врз основа на доставено барање во постапка предвидена со закон.
11) Операторот има обврска да го информира Претплатникот за сите ограничувања во однос на користење на терминалната опрема.
12) Операторот има обврска со СМС порака да го извести Претплатникот дека отпочнува со користење на роаминг услуги веднаш по отпочнувањето на користењето на услугата меѓународен роаминг, со наведување на цените со вклучен ДДВ за дојдовен и појдовен повик и СМС порака во роаминг, по претходно добиена согласност од Претплатникот, освен кога Претплатникот потпишал согласност дека не му е потребна услугата за информирање при користење јавна мобилна комуникациска услуга во меѓународен роаминг.
13) Операторот бесплатно ќе го предупреди Претплатникот кој користи роаминг услуги, во случај кога трошоците за реализираниот сообраќај (дојдовни и појдовни повици и СМС пораки) во меѓународниот роаминг ќе достигнат вкупен износ од 3.000 денари со вклучен ДДВ. Операторот ќе му го ограничи пристапот на Претплатникот кој преку СМС порака ќе го извести Операторот дека е согласен да му се ограничи пристапот до роаминг услугата, веднаш по приемот на СМС пораката.
14) Операторот бесплатно ќе го предупреди и без одлагање ќе му ги ограничи пристапот и користењето на услугата на Претплатникот кој користи роаминг услуги, во случај кога трошоците за реализиран интернет сообраќај во меѓународен роаминг ќе достигнат вкупен износ од 1.000 денари со вклучен ДДВ. Доколку Претплатникот го извести Операторот дека е согласен да ја користи услугата Операторот ќе продолжи да го обезбедува пристапот и користењето на услугата.
15) Операторот не одговара за непосакуван сообраќај кој настанал како последица на спам, вирус, поп-ап реклами и сл.
16) Операторот се обврзува да му предаде на Претплатникот СИМ картичка за користење на услугата мобилен интернет пристап согласно изборот на претплатникот. Операторот може да му предаде на Претплатникот, на негово барање и USB модем за користење на услугата мобилен интернет пристап согласно изборот на претплатникот.
17) Операторот ќе обезбеди благовремено информација за цените на роаминг услугите објавувајќи ја последната официјално доставена цена од релевантниот давател на роаминг услуги, која му е позната на Операторот во моментот на барање на информацијата од страна на Претплатникот. Операторот не ја сноси одговорноста за повредата на доверливоста на податоците и за последиците од тоа доколку повредата настанала без вина на Операторот. Претплатникот е согласен дека во случаите на користење на услугите на Операторот во друга држава (роаминг), заштитата на доверливоста на неговите лични податоци подлежи на законската регулатива во соодветната држава.
18) Операторот има право од технички причини да го промени повикувачкиот број на Претплатникот и најдоцна 30 дена пред промената, да го извести Претплатникот за промената и за новиот повикувачки број. Доколку постојат технички можности, на барање на Претплатникот, може да се даде известување за промената на броевите така што за време од 30 дена на секој повик упатен до стариот број се дава известување за настанатата промена со информација за новиот број. За Претплатник – правно лице, по негово барање, известувањето за настанатата промена на броевите може да се даде за време од 60 дена.
ЧЛЕН 6. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРЕТПЛАТНИКОТ
1) Претплатникот се обврзува дека ќе им овозможи непречен пристап на стручните лица на Операторот во своите простории во кои ќе се изврши монтажа.
2) Претплатникот има право на квалитетно и непрекинато користење на услугите, во согласност со ЗЕК.
3) Претплатникот има право да побара префрлување на приклучокот на јавната електронска комуникациска мрежа на друга локација, а доколку за тоа нема техничка можност, има право да го раскине Договорот согласно членот 13.
4) Претплатникот се обврзува веднаш да го извести Операторот доколку дојде до промена на сопственоста на просториите. Во таков случај постојат 2 можности:
Претплатникот е должен да ги подмири сите обврски кон Операторот и да го раскине Договорот согласно членот 13, а доколку новиот сопственик на просториите сака да ги користи услугите на Операторот, да склучи нов Договор.
Претплатникот може да го отстапи приклучокот на новиот сопственик со потпишување образец за отстапување со што сите обврски од Договорот ќе ги преземе новиот сопственик, односно ќе го пренесе правото од претплатничкиот договор на друг претплатник што ги исполнува условите.
5) Претплатникот се обврзува да го извести Операторот и да приложи соодветен доказ за секоја промена на податоците од претплатничкиот договор.
6) Претплатникот не смее купената СИМ картичка (претплатничка линија) да ја препродава. Во случај на губење или кражба на СИМ картичка, Претплатникот е должен за тоа веднаш да го извести Операторот. Операторот ќе постапи по известувањето на претплатникот со тоа што ќе ја исклучи линијата во две насоки (дојдовен и појдовен сообраќај), при што месечната претплата ќе продолжи да тече. Ваквиот статус на претплатничка линија ќе биде валиден 30 дена од денот на исклучување на СИМ картичката по пријава на Претплатникот. Претплатникот може да побара замена на таквата СИМ картичка, за што ќе плати соодветен надоместок согласно Ценовникот на Операторот. Претплатникот ќе ги надомести сите трошоци настанати со изгубената или украдена СИМ Картичка. Доколку Претплатникот не побара замена на изгубената или украдена СИМ картичка во предвидениот рок од 30 дена, месечната претплата престанува да тече и Операторот може да го раскине овој Договор.
7) Права на претплатникот за враќање на парични средства:
во случај на привремено ограничување или прекин на пристапот до услуги, операторот врши враќање на паричните средства во делот на претплатата и надоместоците за дополнителните услуги за износ пропорционален на времетраењето кога услугата не
била обезбедувана, доколку прекинот трае подолго од три часа. Пресметаниот износ, за целото времетраење на ограничувањата или прекините ќе биде одбиен во наредната фактура на сите претплатници кај кои постоело ограничување или прекин, без тоа да биде побарано од страна на претплатниците за фиксна комуникациска мрежа, а по основано барање на претплатниците за мобилна комуникациска мрежа.
во други случаи на основан приговор и/или усвоено барање за решавање на спор поднесено од страна на Претплатникот за утврдена неточна обработка на податоци што доведува до зголемување на износот за користени електронски комуникациски услуги, доколку ги има подмирено своите долгови, во висина на погрешното задолжување со вкалкулирана законска казнена камата.
во случај на престанок на обезбедувањето на јавната комуникациска услуга не по вина на Претплатникот, или во случај кога Претплатникот го откажува натамошното користење на комуникациската услуга, Операторот ќе изврши враќање на остатокот од паричните средства што биле депонирани однапред како аванс, месечната претплата, надоместокот за користење на дополнителните услуги, по подмирување на вкупниот долг на претплатникот.
ЧЛЕН 7. ФАКТУРИРАЊЕ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
1) Претплатникот се обврзува да плаќа еднократен неповратен надоместок за почетно приклучување на мрежата од денари.
2) За основните и дополнителните услуги што ги користи Претплатникот, Операторот наплаќа месечен надомест согласно избраниот тарифен модел/пакет од страна на Претплатникот, а за остварениот обем на комуникациски сообраќај се пресметува надомест согласно ценовникот од избраниот тарифен модел.
3) Операторот се обврзува да изготви фактура на Претплатникот, што се издава на крајот од секој месец со рок на плаќање 20 дена од издавањето (освен при дополнително потпишан посебен договор за одложено плаќање) и да ја достави на начин дефиниран согласно членот 4 од Договорот.
2
4) Претплатникот се обврзува да ја плати доставената фактура од Операторот. Непримањето или непоседувањето на фактурата од која било причина, не го ослободува Претплатникот од обврската да го плати износот што го должи, односно Претплатникот треба сам да побара фактура, доколку не ја примил навреме.
5) Во случај на ненавремено плаќање, Операторот има право да пресметува законска затезна камата од денот кога Претплатникот задоцнил со плаќањето.
6) Операторот, на фактурата јасно го истакнува заостанатиот долг што Претплатникот го има кон Операторот, со што Операторот смета дека Претплатникот е известен и опоменат за неподмирениот долг.
7) Претплатникот може да ја плати фактурата во готово без провизија на овластените инкасатори, во наплатните центри на Операторот како и на шалтерите на комерцијалните банки наведени на веб-страницата на Операторот, со платежна картичка без провизија преку порталот „МОЈ Телекабел“ или со поднесување платен налог во која било комерцијална банка за уплата на средства на која било жиро-сметка на Операторот (жиро-сметките на Операторот се јасно истакнати на доставената фактура и на веб-страницата на Операторот).
ЧЛЕН 8. ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
1) Операторот има право да ги чува, обработува и користи личните податоци на Претплатникот за свои потреби согласно законските прописи, а во случај на нарушување на нивната безбедност да дејствува во согласност со членот 167 од ЗЕК.
2) Претплатникот се обврзува да го извести Операторот доколку податоците што ги има Операторот за Претплатникот се неточни или нецелосни. Претплатникот може да изврши промена на податоците со поднесување соодветно барање за ажурирање на лични податоци.
3) Операторот има право, доколку е потребно, да побара од Претплатникот да му достави точни, целосни и ажурирани лични податоци.
4) Претплатникот има право да побара од Операторот да му достави информација дали и кои лични податоци што се однесуваат на него, се обработуваат.
5) Операторот е обврзан да доставува лични податоци од Претплатникот само по барање на надлежен орган или за целосниот телефонски именик во согласност со членовите 94 и 112 од ЗЕК.
6) Претплатникот е должен да се изјасни дали податоците ќе бидат користени за добивање на информации за цели на директен маркетинг.
ЧЛЕН 9. БЕЗБЕДНОСТ И ИНТЕГРИТЕТ НА МРЕЖАТА И УСЛУГИТЕ
1) Операторот се обврзува во рамките на своите технички можности да обезбеди доверливост, неповредливост и заштита на тајноста на пораките и гарантира сигурност, тајност и неповредливост на личните податоци, во согласност со членовите 166 и 168 од ЗЕК.
ЧЛЕН 10. ОДРЖУВАЊЕ НА МРЕЖАТА И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
1) Претплатникот се обврзува да поседува обезбедена (заземјена) електрична мрежа. Операторот не сноси одговорност доколку се случи материјална штета поради неисправна електрична мрежа во просториите на Претплатникот.
2) Операторот се обврзува дека по извршување на работите околу приклучокот, ќе обезбеди редовно одржување на мрежата. Доколку настане дефект на мрежата, Операторот е должен да пристапи кон отстранување на дефектот во рок од 4 часа од неговото настанување, односно во рок од 12 часа, доколку дефектот настане во времето од 20:00 до 07:00 часот наредниот ден. За проблемите што настануваат на јавната електронска мрежа во просториите на Претплатникот, Операторот испраќа стручни лица во периодот од 10-17 часот.
3) Претплатникот се обврзува дека ќе ги почитува упатствата и соопштенијата што ги дава Операторот и ќе се грижи за мрежата и опремата што е инсталирана на неговиот имот и е во согласност со стандардите и прописите на Република Македонија, а во случај на нивно оштетување, сам подлежи на одговорност.
4) Операторот ќе преземе технички мерки за заштита на целокупната опрема вградена во мрежата, но не сноси одговорност за евентуален пренос на дефектот на мрежата предизвикан од страна на трето лице или „виша сила“. При невреме (грмотевици), на Претплатникот се препорачува приклучокот на јавната електронска комуникациска мрежа да биде исклучен од терминалната опрема.
5) Операторот има право да врши преглед, контрола или мерење на инсталациите и терминалната опрема во просториите на Претплатникот со цел да се обезбеди бараниот квалитет на услугите.
6) Претплатникот се обврзува дека нема да врши самостојно отстранување на евентуални дефекти на електронската комуникациска мрежа и какви било дејствија врз терминалната опрема приклучена на електронската комуникациска мрежа, дури и ако биде исклучен од неа. Претплатникот се обврзува да известува и за евентуално оштетување на мрежата. Доколку Претплатникот постапи спротивно на овој член, должен е да ја надомести штетата.
7) Претплатникот се обврзува дека нема да дозволи неовластено приклучување на електронската комуникациска мрежа (да приклучи друг ТВ-приемник или друго лице на својот приклучок). Во случај да го стори тоа, ќе биде трајно исклучен од јавната електронска комуникациска мрежа без враќање на уплатените средства и ќе му биде наплатена отштета согласно тековниот ценовник на Операторот.
8) Операторот обезбедува 24/7 техничка поддршка на телефонскиот број 032/612-612 каде Претплатникот може да пријави каков било технички проблем поврзан со услугите што ги нуди Операторот.
ЧЛЕН 11. ПРИВРЕМЕНО ИСКЛУЧУВАЊЕ, ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКИН НА УСЛУГИ
1) Претплатникот има право да побара привремено исклучување односно мирување од јавната електронска комуникациска мрежа или услуга. Во периодот на привремено исклучување на Претплатникот нема да му се наплаќа месечен надомест започнувајќи од првиот ден во следниот месец. За повторно приклучување на јавната електронска комуникациска мрежа или услуга, Претплатникот поднесува соодветно барање до Операторот и за тоа ќе плати еднократен надоместок во износ од денари.
2) Доколку Претплатникот врши дејствија со кои го загрозува интегритетот на јавната електронска комуникациска мрежа, го нарушува нормалното функционирање на одредена услуга што ја нуди Операторот или врши дејствија спротивно на позитивните законски норми, Операторот без предупредување има право целосно да го прекине пристапот до услугите и/или јавната мрежа на Претплатникот со цел да спречи голема материјална или оперативна штета.
3) Доколку Претплатникот не ја плати доставената фактура во рокот утврден во членот 7, став 3 од Договорот, Операторот има право да го ограничи или целосно да го прекине пристапот до услуги и/или јавната мрежа. Претплатниците што нема да ги платат доспеаните фактури за користење на фиксна и мобилна телефонска услуга во рокот предвиден во членот 7, може да бидат исклучени во двата правци (појдовен и дојдовен сообраќај). Операторот повторно ќе го приклучи Претплатникот во најкраток можен рок, по презентирање на писмен или електронски доказ за подмирен долг. За повторно вклучување на услугата и/или јавната мрежа освен заостанатиот долг, Претплатникот ќе ги сноси и трошоците што се направени за негово исклучување и повторно вклучување, во износ од денари.
4) Доколку од оправдани причини се појави привремен прекин на услугите што трае подолго од 3 часа (непрекинато), Операторот ќе му одбие износ од месечниот надомест пропорционален на времетраењето на прекинот во наредната фактура на сите претплатници кај кои постоело ограничување или прекин, без тоа да биде побарано од страна на претплатниците за фиксна комуникациска мрежа, а по основано барање на претплатниците за мобилна комуникациска мрежа. Овој став нема да се применува доколку прекинот настанал
3
поради причини дефинирани во членот 15 од Договорот.
5) Доколку од страна на надлежните органи е побарано да се ограничи или целосно прекине пристапот до јавните електронски услуги и/или јавната електронска комуникациска мрежа на Претплатникот, Операторот е обврзан да постапи согласно издадениот налог од надлежниот орган.
6) Во случаите наведени во овој член во точките 2, 3, 4 и 5, Операторот не сноси одговорност за каква било индиректна штета евентуално причинета на Претплатникот, поврзано со изгубена добивка, пропуштени можности во тргувањето, изгубен углед и сл.
ЧЛЕН 12. ЖАЛБИ И ПРАВО НА ПРИГОВОР
1) Претплатникот има право на приговор во врска со обезбедувањето на услугите, приговор на износот за што е задолжен за обезбедената услуга, приговор за квалитетот на обезбедената услуга, како и приговор поради повреда на одредбите од склучениот Договор за приклучок и користење на јавна електронска комуникациска мрежа или услуга.
2) Претплатникот може да поднесе приговор до Операторот во пишана форма и да го достави на начин утврден во членот 4 од овој Договор. Приговорот мора да ги содржи фактите и доказите на што се заснова.
3) Претплатникот може да го поднесе приговорот во рок од 15 дена од денот на настанатата повреда согласно со ставот 1 од овој член од Договорот,
4) Во случај на поднесен приговор во врска со износот на сметката, а потоа и барање за решавање на спор пред Агенцијата, Операторот не треба да ги прекине услугите се до донесувањето на конечна одлука и Претплатникот е должен да го плати само износот на месечната претплата до датумот наведен во сметката.
4) Операторот е должен на претплатникот да му достави одговор во писмена форма за основаноста на поднесениот приговор во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот.
5) Доколку Претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истата до Агенцијата да достави барање за решавање на спор.
6) Доколку Операторот не постапи по приговорот во рокот утврден во ставот (5) од овој член, Претплатникот има право до Агенцијата да достави барање за решавање на спор во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот до операторот.
7) Претплатникот за своите права може да се информира во контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации на бесплатниот телефонски број 190.
ЧЛЕН 13. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
1) Овој Договор се склучува на неопределено време и важи сѐ додека некоја страна не побара негово раскинување по кој било основ од наведените во овој Договор, без притоа да се враќаат средства за почетното приклучување на Претплатникот.
2) Претплатникот пред потпишувањето на овој Договор е веќе запознаен и е согласен со неговите условите.
3) Претплатникот има право да го раскине Договорот со поднесување на барање најмалку 5 дена пред бараниот датум за исклучување од јавната електронска комуникациска мрежа.
4) Операторот може да го раскине договорот доколку Претплатникот го злоупотребува користењето на услугата со цел спротивна на законите на Република Македонија и други прописи констатирани од страна на надлежен орган.
5) Операторот има право да го раскине Договорот поради ненавремено плаќање на обврските на Претплатникот и да покрене постапка за нивна наплата. Во тој случај, Претплатникот ќе ги сноси и трошоците за водење на постапката за наплата на заостанатиот долг.
6) Договорот се смета за раскинат од денот наведен во барањето и Операторот не треба да одбие раскинување на претплатнички договор по барање на Претплатникот.
7) Претплатникот, по раскинување на претплатничкиот договор, ќе биде одговорен за плаќање на сите трошоци што биле направени од негова страна, а што евентуално се фактурирани со задоцнување или се фактурирани, а не се платени од страна на Претплатникот.
8) Претплатникот е должен по раскинување на Договорот да ја врати во исправна состојба терминалната опрема што е во сопственост на Операторот, а исправноста ја утврдува Операторот при преземањето на опремата за што Операторот издава пишан документ. Доколку опремата не може да се врати од која било причина или таа е во неисправна состојба, Претплатникот ќе биде задолжен со износ дефиниран во Прилог 1 од Договорот.
ЧЛЕН 14. НАДЛЕЖЕН СУД
1) Сите спорови настанати во врска со спроведувањето на овој Договор, ќе се решаваат спогодбено.
2) Доколку настанатиот спор не може да се реши спогодбено, за спорот ќе биде надлежен Основниот суд во Штип.
ЧЛЕН 15. „ВИША СИЛА“
1) Користењето на услугите што ги обезбедува Операторот може да биде прекинато поради дејство на „виша сила“. Под „виша сила“ се подразбира настан независен од волјата на договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради што исполнувањето на обврските од Договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи, се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна и сл.), акти на јавната власт.
ЧЛЕН 16. ПРАВОСИЛНОСТ НА ДОГОВОРОТ
1) Договорот стапува на сила со денот на неговото потпишување од двете договорни страни и претплатничкиот однос се смета за заснован од денот на склучувањето на овој Договор. Правата и обврските на договорните страни што произлегуваат од овој Претплатнички договор важат од денот на активирањето на услугите што се предмет на овој претплатнички Договор.
2) Договорот склучен помеѓу Операторот и Претплатникот има карактер на договор за промет на стоки и услуги.
3) Овој Договор е склучен во 3 (три) примерока од кои 2 (два) за Операторот и 1 (еден) за Претплатникот.
Оператор Претплатник
(потпис и печат) (потпис и печат)
шифра:
ПРИЛОГ 1. (ИЗБОР НА УСЛУГИ И ТАРИФНИ МОДЕЛИ/ПАКЕТИ, ИНСТАЛИРАНА ОПРЕМА И ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТИ)
Јас со приклучок на ул. _
со ЕМБГ/ЕДБ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ , на ден 20 барам:
Меѓусебната комуникација со Операторот и достава на сметка/фактура да се одвива по електронски пат на следнава електронска пошта: | |||
Се согласувам за добивање на информации од Операторот за цели на директен маркетинг. | ДА | НЕ |
АНАЛОГНА ТЕЛЕВИЗИЈА | |||||
Активност | Име на пакет | Месечен надомест | Датум на активност | ||
активира деактивира | Основен пакет | ___._ .20 _ | |||
Инсталиран број на дополнителни ТВ-приклучоци: |
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА | |||||
Активност | Име на пакет | Месечен надомест | Датум на активност | ||
активира деактивира | Основен пакет | ___._ .20 _ | |||
Пакет | ___._ .20 _ | ||||
Пакет | ___._ .20 _ | ||||
Пакет | ___._ .20 _ |
- Аналогна телевизија
За да може Претплатникот да ја користи услугата и да следи телевизиски програмски сервиси од аналогниот програмски пакет од јавната електронска комуникациска мрежа, потребно е да поседува ТВ-приемник со можност за прием на таканаречените S и Hyperband канали.
Листата на ТВ програмски сервиси е дадена во Прилогот 2 од Договорот и е подложна на измени за што Операторот ќе го извести Претплатникот.
Операторот ќе им обезбеди на своите претплатници најмалку 30 ТВ програмски сервиси.
Операторот ќе им обезбеди на своите претплатници 1 (еден) основен ТВ-приклучок. За секој дополнителен приклучок Операторот наплаќа еднократен надомест од денари.
На еден месечен надомест може да се приклучат најмногу до 4 (четири) ТВ-приемници, секој следен петти ТВ-приемник го зголемува износот на месечниот надомест за износ за уште еден месечен надомест на кој повторно можат да се приклучат дополнителни 4 ТВ-приемници. (пр. 4 ТВ-приемници - 1 месечна претплата, 5 ТВ-приемници - 2 месечни претплати, 8 ТВ-приемници - 2 месечни претплати).
- Дигитална телевизија
За да може Претплатникот да ја користи услугата и да следи телевизиски програмски сервиси од дигиталните програмски пакети од јавната електронска комуникациска мрежа, потребно е да има активна услуга „Аналогна телевизија“, да поседува надворешен или вграден приемник што го поддржува стандардот DVB-C, додека за одредени телевизиски програмски сервиси што се кодирани, Претплатникот мора да поседува ЦА модул со соодветен коден систем, а од страна на Операторот ќе добие на користење СМАРТ картичка.
Листата на ТВ програмски сервиси според пакетите е дадена во Прилогот 2 од Договорот и е подложна на измени за што Операторот ќе го извести Претплатникот.
Претплатникот може да активира или деактивира дигитален програмски пакет согласно членот 2, став 2 од Договорот.
Претплатникот при секоја активација на одреден дигитален програмски пакет, има обврска да користи односно да плати за минимум 1 (еден) календарски месец.
5
КАБЕЛСКИ ИНТЕРНЕТ
Активност Име на пакет
Кабелски интернет
За да може Претплатникот да ја користи услугата, потребно е да има активна услуга „Аналогна телевизија“ и мора да поседува кабелски модем што го поддржува стандардот Eurodocsis.
Брзината на пристап до интернет е дефинирана согласно избраниот интернет пакет од страна на Претплатникот во Прилогот 1 од Договорот. Брзината на пристап до надворешните интернет содржини може да се разликува од дефинираната брзина во избраниот пакет поради факторите што влијаат надвор од мрежата на Операторот, а на што Операторот не може да влијае.
Претплатникот може да изврши промена на интернет пакет согласно членот 2, став 2 од Договорот.
Доколку Претплатникот во еден тековен месец има направено вкупен интернет сообраќај (upload+download) помалку од 150 MB, тогаш Операторот нема да го задолжи Претплатникот со месечниот надомест за услугата.
Претплатникот може да врши проверка на остварениот интернет сообраќај преку веб-страницата xxx.xxx.xxxxxxxxx.xxx.xx – портал на Операторот за односи со претплатниците.
Операторот на барање на Претплатник ќе обезбеди начин за проверка на вистинската и минималната брзина на пристап на интернет каде:
Рекламирана брзина, претставува брзина на проток на податоци која Операторот ја рекламира за специфичен тарифен модем за пристап до интернет услуги.
Вистинска брзина, претставува просечна брзина на проток на податоци која Операторот му ја обезбедува на Претплатникот во текот на 24 часа во денот и истата е мерлив параметар што се проверува со постапка за мерење.
Минимална брзина, претставува минимална брзина на проток на податоци која Операторот му ја обезбедува на претплатникот во 95% од времето во текот на еден месец. Минималната брзина во ниту еден случај не треба да биде помала од 50% од рекламираната брзина.
Lightspeed Warpspeed Hyperspace
активира деактивира промени пакет
цена:
Датум на активирање: . .20
цена:
Датум на активирање: . .20
цена:
Датум на активирање: . .20
ФИКСНА ТЕЛЕФОНИЈА
Активност Име на пакет Месечен надомест Датум на активност
Фиксна телефонија
За да може Претплатникот да ја користи услугата, потребно е да има активна услуга „Аналогна телевизија“ и мора да поседува кабелски модем што ги поддржува стандардите Eurodocsis и EuroPacketCable.
На еден кабелски модем може да се активираат најмногу до 2 телефонски линии.
Операторот јавно и детално го истакнува ценовникот за тарифирање на повици на својата веб-страница.
Операторот е обврзан да му ја овозможи на Претплатникот услугата „Преносливост на број“ согласно ЗЕК и Правилникот за преносливост на броеви. Операторот има право да му наплати на Претплатникот еднократен надомест за пренос на број во друг оператор согласно тековниот ценовник на Операторот.
Операторот е обврзан да обезбеди бесплатен пристап на Претплатникот до броевите за услуги од национално општествено значење од серијата 19(х) како и до единствениот европски број за итни повици 112. Операторот е должен да обезбеди и пристап до броевите од серијата 116 што е наменета за услуги со посебна социјална вредност во согласно со Планот за нумерација, а особено кон бројот 116000 што е наменет за службата надлежна за пријавување на исчезнати деца.
Операторот не обезбедува пристап до услугите со додадена вредност, односно броеви од серијата 05 и 14.
Операторот обезбедува единствено тонско бирање на броеви и бесплатна идентификација на повикувачка линија.
PacketCable – основен број | . .20 | |||
PacketCable – дополнителен втор број на модем | . .20 | |||
ISDN линија ( со говорни канали) | . .20 | |||
активира ISDN – MSN број | . .20 |
деактивира Телефонски броеви кои ќе се активираат:
Дополнителни опции: Броеви за кои се однесуваат опциите: Забрани на повици кон национални мобилни оператори (07)
Забрани на интернационални повици (00)
Претплатникот е согласен неговите основни лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) да бидат објавени во телефонски именик и телефонски служби за информации, согласно членовите 94 и 112 од ЗЕК.
ДА НЕ
Опрема | Тип на опрема | Модел | Тип на користење на опремата | Сериски број / HFC / MTA | Состојба на опремата | Невраќање или неисправна опрема |
Кабелски | Опрема на реверс | исправна | ||||
модем | Сопствена опрема | неисправна | ||||
СМАРТ | Опрема на реверс | исправна | ||||
инсталирана | картичка | неисправна | ||||
вратена | Опрема на реверс | исправна | ||||
Сопствена опрема | неисправна | |||||
Опрема на реверс | исправна | |||||
Сопствена опрема | неисправна |
НАПОМЕНА: Сите цени во ПРИЛОГОТ 1 се изразени во денари со вклучен 18% ДДВ.
Оператор Претплатник
(потпис и печат) (потпис и печат)
7
шифра:
Прилог бр. 1 (ИЗБОР НА ТАРИФНИ МОДЕЛИ/ПАКЕТИ, ИНСТАЛИРАНА ОПРЕМА И ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТИ ЗА ОПТИЧКИ ПРИКЛУЧОК)
Јас со приклучок на ул.
со ЕМБГ/ЕДБ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ , на ден 20 барам:
Меѓусебната комуникација со Операторот и достава на сметка/фактура да се одвива по електронски пат на следнава електронска пошта: | |||
Се согласувам за добивање на информации од Операторот за цели на директен маркетинг. | ДА | НЕ |
Во член 3 од договорот се додава нова алинеја и гласи:
- Симетрична интернет врска преку хибридна оптичка Ethernet мрежа
Услугата на Претплатникот му овозможува поврзување на неговата терминална опрема со глобалната интернет мрежа со наведена брзина која ја обезбедува Операторот од точката на поврзување со Претплатникот, па до првите upstream интернет – провајдери на Операторот.
За да може Претплатникот да ја користи услугата, потребно е да поседува соодветна терминална опрема која поддржува работа преку Ethernet компјутерски мрежи (мрежна картица на компјутерот кој треба да се приклучи или слободна порта на хабот од LAN мрежата на Претплатникот).
Претплатникот може да изврши промена на оптички интернет пакет согласно член 2, став 2 од Договорот.
Операторот на барање на Претплатник ќе обезбеди начин за проверка на вистинската и минималната брзина на пристап на интернет каде:
Рекламирана брзина, претставува брзина на проток на податоци која Операторот ја рекламира за специфичен тарифен модел за пристап до интернет услуги.
Вистинска брзина, претставува просечна брзина на проток на податоци која Операторот му ја обезбедува на Претплатникот во текот на 24 часа во денот и истата е мерлив параметар што се проверува со постапка за мерење.
Минимална брзина, претставува минимална брзина на проток на податоци која Операторот му ја обезбедува на претплатникот во 95% од времето во текот на еден месец. Минималната брзина во ниту еден случај не треба да биде помала од 50% од рекламираната брзина.
Optic 20 Optic 40 Optic 100 Optic 1000
активира
деактивира
цена:
цена:
цена:
цена:
еднократен надоместок: Датум на активирање:
. .20
еднократен надоместок: Датум на активирање:
. .20
еднократен надоместок: Датум на активирање:
. .20
еднократен надоместок:
_
Датум на активирање:
. .20
Опрема | Тип на | Модел | Тип на користење на | Сериски број / HFC / | Состојба на | Невраќање или |
опрема | опремата | MTA | опремата | неисправна опрема | ||
инсталирана | Оптички | опрема на реверс | исправна | |||
модем | сопствена опрема | неисправна | ||||
вратена | опрема на реверс | исправна |
сопствена опрема
неисправна
Согласен сум да ги користам КТВ услугите Не сум согласен да ги користам услугите и барам да ми биде
xxxxxxxx претплатничкиот договор за:
КТВ Кабелски Интернет Телефонија
НАПОМЕНА: Сите цени во ПРИЛОГОТ 1 се изразени во денари со вклучен 18% ДДВ.
Оператор Претплатник
(потпис и печат) (потпис и печат)
8
ПРИЛОГ 2. (ЛИСТА НА КАНАЛИ)
Тип на канал: Национален – Н, Регионален – Р, Локален – Л, Странски – С
ред бр.
Име на каналот
Тип на
каналот
9
ред бр. 1 | Име на каналот | Тип на каналот Н |
МТВ1 | ||
2 | МТВ2 | Н |
3 | МТВ3 Собраниски канал | Н |
4 | ||
5 | ||
6 | ||
7 | ||
8 | ||
9 | ||
10 | ||
11 | ||
12 | ||
13 | ||
14 | ||
15 | ||
16 | ||
17 | ||
18 | ||
19 | ||
20 | ||
21 |
22 | |||||
23 | |||||
24 | |||||
25 | |||||
26 | |||||
27 | |||||
28 | |||||
29 | |||||
30 |
Канали содоплата | |
Име на каналот | Пакет |
Канали со доплата: Пакет БОКС – Б, Пакет ПЛУС – П
Оператор Претплатник
(потпис и печат) (потпис и печат)
Прилог бр. 1 (ИЗБОР НА ТАРИФНИ МОДЕЛИ/ПАКЕТИ, ИНСТАЛИРАНА ОПРЕМА И ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТИ ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА)
Јас со приклучок на ул. _
со ЕМБГ/ЕДБ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ |_ , на ден 20 барам:
Меѓусебната комуникација со Операторот и достава на сметка/фактура да се одвива по електронски пат на следнава електронска пошта:
Согласности согласно ЗЕК:
Се согласувам за добивање на информации од Операторот за цели на директен маркетинг. | ДА | НЕ |
Се согласувам на мојот претплатнички број да добивам информации за промоција и достапност на услугите на други правни субјекти. | ДА ДА | НЕ НЕ |
Се согласувам јавно да бидат објавени моите основни лични податоци (име и презиме/назив, адреса на живеалиште/престојувалиште и претплатнички број) во телефонски именик и достапни преку телефонски служби за информации, согласно членовите 94 и 112 од ЗЕК. | ||
Се согласувам дека ми е потребна услугата за информирање при користење на јавна мобилна комуникациска услуга во меѓународен роаминг. | ДА ДА | НЕ НЕ |
Се согласувам да ми се доставува СМС известување за реализиран интернет сообраќај во меѓународен роаминг и да ми биде ограничен пристапот и користењето на услугата интернет во меѓународен роаминг. |
активира деактивира | Телефонски број што се активира: | Телефонски број што се активира: | Телефонски број што се активира: | |||
Вклучени бесплатни минути: Вклучен бесплатен интернет: цена: Датум на активирање: . .20 | Вклучени бесплатни минути: Вклучен бесплатен интернет: цена: Датум на активирање: . .20 | Вклучени бесплатни минути: Вклучен бесплатен интернет: _ цена: Датум на активирање: . .20 |
НАПОМЕНИ:
1) Брзината на проток на податоци при користење на мобилен пристап на интернет не може да биде гарантирана и константна поради начинот на кој функционира технологијата на јавна мобилна комуникациска мрежа, која подразбира делење на еден ресурс од повеќе претплатници во исто време, што доведува до намалување на брзините при истовремено користење на капацитетот за мобилен интернет од зголемен број на претплатници. На брзината на интернетот влијаат и техничките карактеристики и можности на мобилниот терминален уред кој го користи Претплатникот и типот на мрежа кој се користи во моментот на пренос на податоци (2G/GPRS,3G/UMTS или 4G/LTE мрежа).
2) Сите цени во ПРИЛОГ 1 се изразени во денари со вклучен 18% ДДВ.
Оператор Претплатник
(потпис и печат) (потпис и печат)