„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
преку ЕСЈН со е-аукција
ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
/стоки/
април 2023]
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За поедноставена отворена постапка за набавка на Електрична енергија Тендерската документација содржи:
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 7
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 13
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 24
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 25
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ... 9. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ ....................................................................
Прилог 1 – Образец на понуда........................................................................
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата ...............................................
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Прилог 4- Електронски потпишан модел на договор Прилог 5- Изјава за балансна одговорност
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите
или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или
подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на
1 Кога предмет на набавка се работи, овој дел се брише.
поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорниот орган е Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје, со адреса на Xx.Xxxxx Xxxxx xx. 0, xxxxxxx, xxxxx 0, телефон за контакт 02/3231- 117, електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, лице за контакт Xxxxx Xxxxxxxxxx.
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е Електрична енергија. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот не е деллив.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и планираните ориентациони количини се дадени во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.
1.3.4 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 (дванаесет) месеци или до искористување на финансиските средства предвидени во одлуката за јавна набавка, зависно од тоа што попрво ќе настапи или ќе се исполни.
1.3.5 Проценетата вредност на набавката изнесува 4.200.000,00 денари без ДДВ.
1.3.6 Договорниот орган го задржува правото да врши зголемување или намалување на бројот на мерни места, според потребите.
1.3.7 Набавката ќе се врши непрекинато, за период од 12 месеци.
1.3.8 Договорниот орган го задржува правото да не ја исполни набавката во целост.
1.4 Применливи прописи
1.4.1Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија број бр. 24/2019 и донесените подзаконски акти.
1.4.2 Економскиот оператор треба да ги почитува одредбите и правилата за снабдување со електрична енергија и тоа:
- Законот за енергетика (Сл.весник на РСМ бр.96/18 и 96/19;
- Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија (Сл. весник X.С.М бр.87/2012, 30/14, 161/14, 189/14, 50/15, 87/16 ),
- Мрежните правила за пренос на електрична енергија издадени од операторот МЕПСО Службен Весник на РМ бр. 12/2015,
- Правилата за снабдување со електрична енергија (Сл.весник на РСМ бр.172/18)
- Правилата за пазар на електрична енергија (Сл. весник на РСМ бр.38/14, 57/14, 194/14, 190/16, 80/17, 172/17, 197/17, 115/18), и
- Законот за метрологија.
1.4.3 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, облигационите односи, заштитата на потрошувачите и енергетиката. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци), Министерството за правда (за облигационите односи) и Министерството за економија и РКЕВУ (за заштита на потрошувачите и за енергетиката).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Кај договорниот орган Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ,лицето Шеваљ Цеку- контакт тел 02/0000-000 ,електронска адреса xxxxxx.xxxx@xxxxxxxx.xx , е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи,а во врска со корупција во јавните набавки.
1.5.2 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на
поедноставена отворена постапка со електронска аукција.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-
xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка3
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу.
1.7.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде само цената, кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена односно предмет на аукција ќе биде висината на маржата изразена во проценти вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ од предметот на договорот за јавна набавка.Во понудената цена треба да бидат вклучени трошоците за балансирање.
Маржата за електрична енергија до 15.04.2023 година може да изнесува намногу 10%‚ согласно Одлука за посебни услови за трговија на одделни стока донесена од страна на Владата на РСМ на ден 09.09.2022 година (Службен весник на РСМ, бр.197 од 09.09.2022г.), после овој датум ќе важи маржата од електронската аукција која ќе ја понуди Економскиот оператор, освен ако не се продолжи Одлуката на Владата или не се донесе нова Одлука за висина на маржата.
Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
3 Овој точка треба да е содржана само доколку се користи еден од пропишаните начини на доделување на договорот. Во спротивно се брише.
1.7.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.3 Доколку е поднесена само една понуда или доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда,договорниот орган иако предвидел електронска аукција истата нема да ја одржи согласно член 59 став 16 од Законот за јавни набавки(С.весник на РМ 24/19)
1.7.1.4 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил
достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН4, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понудa
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуда.
3.6 Цена на понудатa
3.6.1Економскиот оператор во Образецот на понуда, во делот III.3 Финансиска понуда ја внесува понудената маржа изразена во проценти која ќе се користи како показател за пресметка на цената на потрошена електрична енергија за секој изминат месец, со примена на следната формула:
4На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
Cm = Cm,HUPX/1000 + маржа во %
Cm – цена по која ЕО го снабдува ДО во месецот (m), ден/КWh Cm,HUPX – просечна цена за електрична енергија на пазарот на
берзата HUPX за месецот за кој се однесува пресметката, ден/MWh.
Вкупен износ на потрошена ЕЕ = Cm*количина на потрошена
ЕЕ
При конверзија на цената на HUPX берзата од евра во денари ќе се користи среден курс на Народна банка на Република Севeрна Македонија на последниот ден од месецот за кој се фактурира.
Напомена:
- Маржата за електрична енергија до 15.04.2023 година може да изнесува намногу 10%‚ согласно Одлука за посебни услови за трговија на одделни стока донесена од страна на Владата на РСМ на ден 09.09.2022 година (Службен весник на РСМ, бр.197 од 09.09.2022г.), после овој датум ќе важи маржата од електронската аукција која ќе ја понуди Економскиот оператор, освен ако не се продолжи Одлуката на Владата или не се донесе нова Одлука за висина на маржата.
Понудената маржа која е фиксна за цело времетраење на договорот, треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, вклучувајќи:
- трошок за набавка на електрична енергија,
- трошок за планирање и номинирање на потрошувачката,
- трошоци за обезбедување на прекугранични капацитети (за да енергијата биде испорачана во ЕЕС на РСМ)
- увозни царински давачки, и
- трошок за балансирање на потрошувачката (балансна одговорност),
освен трошоците за Операторот на електропреносниот систем, Операторот на пазарот со електрична енергија, Операторот на дистрибутивниот систем и пресметаните трошоци за произведена електрична енергија од повластени производители на електрична енергија.
3.6.2 Економскиот оператор понудената маржа изразена во проценти задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот
„Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената, при што истата треба да биде искажана со две децимални места. Маржата изразена во проценти се пишува со бројки и букви.
3.6.3 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена (маржа) во однос на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена (маржа) во рок од 3 (три) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 Цената на електричната енергија ќе биде променлива („+“ или „-“) во зависност од референтната берза HUPX.
Процентот на маржата ќе биде фиксен за целото времетраење на договорот.
3.8 Начин и рок на испорака на стоките
3.8.1 Договорните страни се согласни испораката да се врши редовно до сите мерни места согласно Техничката Спецификација.
Поради специфичноста на предметот на набавката - потребата од набавка на електрична енергија за нормално извршување на работните обврски на Договорниот орган, набавката ќе се врши редовно и не ја одложува никаков спор.
Носителот на набавка гарантира квалитет на испорачаната електрична енергија и квалитет на услугите на снабдувањето. Ова подразбира квалитет на напон, континуитет во испораката и квалитет на услугите .
Мерењето на електричната енергија со која бил снабден потрошувачот ќе го врши Операторот на електродистрибутивниот систем преку мерни уреди кои ги вградува, одржува, контролира и менува согласно закон и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
Отчитувањата на мерните уреди, Операторот на електродистрибутивниот систем ги доставува до договорниот орган.
Најавата на потрошувачката на електрична енергија кон операторот на пазарот во име на договорниот орган, без надомест, ја врши носителот на набавка.
Носителот на набавка ќе го зачлени договорниот орган во својата
балансна група без надомест.
Начинот и рокот на испорака подетално е даден во моделот на договор, составен дел на оваа тендерска.
3.9 Начин на плаќање
3.9.1 Договорните страни се согласни: Фактурирањето и плаќањето да се врши врз основа на реално испорачаните количини ЕЕ на месечна основа, по претходно издадена месечна фактура за потрошена ЕЕ која се доставува по електронски пат (скенирана) и во печатена форма.
Процентот на маржа да биде изразен во фактурата или во документ кој ќе биде прилог кон фактурата.
Во прилог на фактурата задолжително се доставува документ издаден од берзата HUPX DAM за просечната месечна цена на ЕЕ и линк за пристап до овој документ преку кој договорниот орган може да изврши проверка/ или копија од објава на веб страната на Регулаторната комисија за просечната месечна цена на ЕЕ на берзата HUPX, а ќе се однесува на претходниот месец.
Потрошувачот е должен да ја плати фактурата за испорачаната електрична енергија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на потрошувачот
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност oд 90 дена.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување
3.11.1 Изјава за сериозност
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
3.12.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.12.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка.
3.12.2.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
3.12.2.4 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
3.12.2.5 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
3.12.2.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 5 дена од склучување/потпишување на договорот со најповолниот понудувач.
3.12.2.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: во седиштето на договорниот орган, лично на лицето за контакт од точка 1.2.1 од тендерската документација.
3.12.2.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
3.12.2.9 Гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
3.12.2.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган. .
4.1.3Економскиот оператор во Образецот на понуда, во делот III.3 Финансиска понуда ја внесува понудената маржа изразена во проценти која ќе се користи како показател за пресметка на цената на потрошена електрична енергија за секој изминат месец, со примена на следната формула:
Cm = Cm,HUPX/1000 + маржа во %
Cm – цена по која ЕО го снабдува ДО во месецот (m), ден/КWh Cm,HUPX – просечна цена за електрична енергија на пазарот на
берзата HUPX за месецот за кој се однесува пресметката, ден/MWh.
Вкупен износ на потрошена ЕЕ = Cm*количина на потрошена
ЕЕ
При конверзија на цената на HUPX берзата од евра во денари ќе се користи среден курс на Народна банка на Република Севeрна Македонија на последниот ден од месецот за кој се фактурира.
Понудената маржа која е фиксна за цело времетраење на договорот, треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, вклучувајќи:
- трошок за набавка на електрична енергија,
- трошок за планирање и номинирање на потрошувачката,
- трошоци за обезбедување на прекугранични капацитети (за да енергијата биде испорачана во ЕЕС на РСМ)
- увозни царински давачки, и
- трошок за балансирање на потрошувачката (балансна одговорност),
освен трошоците за Операторот на електропреносниот систем, Операторот на пазарот со електрична енергија, Операторот на дистрибутивниот систем и пресметаните трошоци за произведена електрична енергија од повластени производители на електрична енергија.
4.3.3 Економскиот оператор понудената маржа изразена во проценти задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот
„Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената, при што истата треба да биде искажана со две децимални места. Маржата изразена во проценти се пишува со бројки и букви.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 18.04.2023 година, до 12,00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност
- (Документи со кои ќе се докаже дека дека не постојат причини за исклучување од постапката)
- Документи со кои ќе се докаже дека се исполнети условите за квалитативен избор- способност за вршење професионална дејност
- Електронски потпишан модел на договор (прилог 4)
- Изјава за балансна одговорност( Прилог 5)
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
− ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
− доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
− доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
− доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 18.04.2023 година во 12,00 часот како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ул.„Стале Попов“ бр. 9, мезанин, локал 5 во Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ 5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа: а) способност за вршење професионална дејност;
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:5
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од
5 Во оваа потточка се содржани опционалните услови за исклучување од постапката. Доколку не се утврдуваат оваа потточка се брише / или останува/ат само оној/ие основ/и кој се утврдува/ат.
кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со Законот за енергетика и Правилата за пазар на електрична енергија, кои се однесуваат на предметот на набавка.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со електрична енергија издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија,
- EIC код, издаден од страна на АД МЕПСО за снабдување со електрична енергија,
- доколку понудувачот е БОС (Балансно Одговорна Страна), треба да достави Договор за балансна одговорност,
- доколку понудувачот е дел од БГ (Балансна Група), треба да достави Договор за балансна одговорност од Балансно Одговорната Страна и документ за превземање балансна одговорност од страна на Балансно Одговорната Страна за понудувачот,
- Договор дека е регистриран како учесник на пазарот на електрична енергија согласно Правилата за пазар на електрична енергија.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.2Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или
релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3, од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 5.3.4.2 и 5.3.4.3 од оваа потточка.
НАПОМЕНА: Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1 на оваа тендерска документација кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
Економски најповолна понуда се утврдува врз основа само на цената,односно најниската понудена маржа изразена во проценти.
За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена,односно најниска понудена маржа изразена во проценти.
Притоа, предмет на евалуација на понудите е висината на маржата изразена во проценти која ќе ја понудат економските оператори, а која ќе се користи за пресметка на цената на потрошена електрична енергија за секој изминат месец.
За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најнизок процент на маржа, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, на XXXX ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор во модулот на поднесување понуда на ЕСЈН има посебно поле каде што ги прикачува документите кои му се означени како деловна тајна.
Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Доколку се прикачи некој од горенаведените документи/информации во полето „Деловна тајна“ на ЕСЈН, понудата ќе се смета за неприфатлива.
Доколку економскиот оператор не прикачи документ/и во полето
„Деловна тајна“ на ЕСЈН заедно со својата понуда, договорниот орган ќе
смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер
Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорниот орган, по спроведената евалуација на понудите, спогодбата му ја доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна.
6.3.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена (процент на маржа), за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.3.3 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.4 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи , Законот за енергетика и Правилата за пазар на ЕЕ.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.3 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
за набавка на електрична енергија
1. За потребите на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје, потребно е да се изврши набавка на електрична енергија.
2. Во случај на укажана потреба, како договорен орган го задржуваме правото да извршиме зголемување или намалување на бројот на мерните места, за што понудувачот ќе биде благовремено известен.
3. Договорниот орган, нема обврска за набавка на планираната количина од техничката спецификација, бидејќи е ориентациона, туку истата ќе ја набавува согласно своите потреби.
4. Сите работи и односи во врска со електричната енергија се регулирани и треба да бидат во согласност со одредбите и препораките на важечките закони, прописи и стандарди кои се однесуваат и се поврзани со предметот на набавката, и тоа:
✓ Законот за енергетика (Сл.весник на РСМ бр.96/18 и 96/19;
✓ Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија (Сл. весник X.С.М бр.87/2012, 30/14, 161/14, 189/14, 50/15, 87/16 ),
✓ Мрежните правила за пренос на електрична енергија издадени од операторот МЕПСО Службен Весник на РМ бр. 12/2015,
✓ Правилата за снабдување со електрична енергија (Сл.весник на РСМ бр.172/18)
✓ Правилата за пазар на електрична енергија (Сл. весник на РСМ бр.38/14, 57/14, 194/14, 190/16, 80/17, 172/17, 197/17, 115/18), и
✓ Законот за метрологија.
5. Економскиот оператор треба да ја превземе балансната одговорност и балансирањето на договорниот орган и истото треба да биде предвидено и вклучено во понудата на економскиот оператор. Во прилог на техничката спецификација се дадени потрошените количини на
електрична енергија изразени во КWh за 12 (дванаесет) месеци од 2021 година, преглед на планирана потрошувачка на електрична енергија за 12 (дванаесет) месеци од 2022 година и прегледот на потрошувачките мерни места до каде што треба да се испорача електричната енергија.
6. Во понудената цена, т.е. маржа изразена во % (проценти) која ќе се користи за пресметка на цената на потрошена активна електрична енергија (единствена тарифа), економскиот оператор треба да ги вклучи сите трошоци согласно важечките законските прописи и правила односно:
✓ трошоци за набавка на електрична енергија,
✓ трошоци за планирање и номинирање на потрошувачката,
✓ трошоци за обезбедување на прекугранични капацитети (за да енергијата биде испорачана во ЕЕС на РСМ)
✓ увозни царински давачки, и
✓ трошоци за балансирањето на потрошувачката (балансна одговорност).
7. Надоместокот за обновлива енергија и надоместокот за користење на пазарот на ЕЕ (надоместок за организирање на пазарот на ЕЕ) ги утврдува Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија и ќе се наплаќаат заедно со сметката (фактурата) за потрошената електрична енергија.
8. Договорниот орган ќе плаќа XXX (активна единствена тарифа) за потрошената енергија за целото времетраење на договорот
9. Договорниот орган цената за потрошената електрична енергија ќе ја плаќа на месечно ниво, врз основ на добиена фактура, во денари, во рокот предвиден во моделот на рамковна спогодба.
10. Задолжително во прилог на месечната фактура за потрошена електрична енергија да биде доставен доказ за просечната месечна цена од берзата HUPX DAM.
11. Објаснување за начинот на добивање на вкупната месечна цена на испорачана ЕЕ без ДДВ:
- Збирот од дневните цени на електричната енергија на месечно ниво од берзата HUPX DAM, поделени на бројот на денови во истиот месец ја дава просечната месечна цена во евра за 1 (еден) MW/h, која се претвора во цена во евра за 1 (еден) КW/h (1MW=1000KW), и се конвертира во денари по средниот курс на НБРМ на последниот ден од месецот.
- Добиената цена без ДДВ за 1 (еден) КW/h во денари, зголемена за процентот на маржата во денари за 1 (еден) KW/h, помножена по бројот на потрошени KW/h во пресметковсниот месец ја дава вкупната цена бев ДДВ која што Договорниот орган треба да ја исплати по добиена фактура, во законски определен рок.
Посебни барања предвидени со техничката спецификација: Eкономскиот оператор треба да изјави дека прифаќа да ја превземе на себе балансната одговорност и да го вметне Договорниот орган како Потрошувач во својата балансна група.
Доказ за техничка понуда: Xxxxxx со која Понудувачот прифаќа да ја превземе на себе балансната одговорност и да го вметне Договорниот орган како Потрошувач во својата балансна одговорна група (Прилог 5).
Табела 1
ПРЕГЛЕД НА ПОТРОШЕНИ КОЛИЧИНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ТЕКОТ НА 2022 ВО Kw/h
месеци | Активна висока тарифа (АБТ) | Активна ниска тарифа (АНТ) | Вкупно потрошена електрична енергија |
Јан 2022 | 19000 | 13500 | |
Фев 2022 | 16000 | 10000 | |
Мар 2022 | 15000 | 10000 | |
Апр 2022 | 12000 | 7700 | |
Мај 2022 | 7000 | 7000 | |
Јун 2022 | 6500 | 3000 | |
Јул 2022 | 5500 | 3000 | |
Авг 2022 | 6400 | 3100 | |
Сеп 2022 | 5300 | 3000 | |
Окт 2022 | 10400 | 7800 | |
Нов 2022 | 13100 | 10700 | |
Дек 2022 | 17500 | 12100 | |
Вкупно | 133700 Kw/h | 90900 Kw/h | |
Табела 2
ПРЕГЛЕД
ПРЕДВИДЕНА КОЛИЧИНА ЗА ТРОШЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ТЕКОТ НА 2023 ИЗРАЗЕНА ВО Kw/h
месеци | Активна висока тарифа (АБТ) | Активна ниска тарифа (АНТ) | Вкупно предвидена електрична енергија |
Јан 24 | 11.860.00 | 4.680.00 | |
Фев 2023 | 14.110.00 | 402.00 | |
Мар 2023 | 14.690.00 | 8.040.00 | |
Апр 2023 | 9.230.00 | 6.580.00 | |
Мај 2023 | 4.230.00 | 6.940.00 | |
Јун 2023 | 3.710.00 | 2.350.00 | |
Јул 2023 | 4.030.00 | 2.690.00 | |
Авг 2023 | 4.820.00 | 2.730.00 | |
Сеп 2023 | 3.730.00 | 2.820.00 | |
Окт 2023 | 6.850.00 | 7.850.00 | |
Нов 2023 | 8.280.00 | 4.170.00 | |
Дек 2023 | 11.720.00 | 4.740.00 | |
Вкупно | 97.260.00 Кw/h | 53.990.00 Kw/h | 151.250.00 Кw/h |
Табела 3
Набавка на електрична енергија што ќе се извршува за период од
12 (дванаесет) месеци во Kw/h
ред.бр. | опис | единица мерка | Апроксимативна количина |
1 | Активна висока тарифа (АВТ) | Kw/h | 97.260.00 |
2 | Активна ниска тарифа (АНТ) | Kw/h | 53.990.00 |
НАПОМЕНА:
Понудувачот на активна електрична енергија прифаќа отстапувања од претпоставената потрошувачка на активната електрична енергија на месечно, од причини што потрошувачката зависи од временските услови.
Мерењето на испорачаната електрична енергија го врши Операторот на дистрибутивниот систем.
За сите планирани прекини носителот на набавката е должен да го информира договорниот орган најдоцна 24 часа пред прекинот, за периодот од понеделник до петок.
Доколку прекинот е планиран да се реализира во сабота, недела или во утринските часови од понеделник, информацијата за прекинот на испорачување на електрична енергија се доставува најдоцна до 14 часот во петокот пред викенд деновите, во спротивно ќе треба да ја надомести настанатата штета.
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ - СКОПЈЕ
xx Xxxxx Xxxxx xxxx 0 xxxxx 0
ПРЕГЛЕД НА СТРУЈОМЕРИ
Р.Ц. СКОПЈЕ | |||||
ред број | Улица | Бр ој | Раб. Едини ца | Број на струјо мер | ЗАБЕЛЕШ КА |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
1 | Xxxxxx Xxxxxxxx ки | 3 | Велес | 4050646 | Работни простории |
2 | Браќа Миладино вци | 6 | Штип | 5227752 1 | Работни простории |
3 | Пионерск а | 17 | Свети Николе | 8264250 | Издаден деловен простор |
4 | Жртви на фашизмот | 18 | Струми ца | 4051166 | Работни простории |
5 | Маршал Тито ГТЦ | 54/3 . | Гевгели ја | 4125544 | Работни простории |
6 | Бул А. Македонс ки | 81 | Радови ш | 9983019 4 | Владение |
7 | Партизанс ка | 12 | Берово | 3877755 4 | Работни простории |
8 | Маршал Xxxx Xxxxxxxx | 18 | Гевгели ја | 8073322 89 | Владение |
9 | Илинденс ка ГТЦ | 52/2 . | Тетово | 4050873 | Работни простории |
1 0 | Xxxx Xxxxxxx | 24 | Кумано во | 5227411 30 | Работни простории |
11 | Стале Попов | 9/8. | Скопје | 4051674 | АД Деловен |
1 2 | Стале Попов | 9/9. | Скопје | 8635859 | АД Деловен |
13 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051657 | Топлотна подстаниц а |
1 4 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051636 | Топлотна подстаниц а |
15 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051661 | Осветлува ње |
1 6 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051282 | Осветлува ње |
17 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051606 | Осветлува ње |
1 8 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051288 | Осветлува ње |
19 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051313 | Осветлува ње |
2 0 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051605 | АД Деловен хигиена |
21 | К Ј Питу | 15 | Скопје | 4051634 | АД Деловен обезбедув ање |
2 2 | Стале Попов | 9/2. | Скопје | 4051285 | АД Деловен |
23 | Стале Попов | 9/5. | Скопје | 5206891 4 | АД Деловен |
0 0 | Xxxxx Xxxxx | 0/0x . | Скопје | 4051305 | АД Деловен |
Р.Ц. КИЧЕВО | |||||
1 | Маршал Тито | 197 | Кичево | 4051266 | Работни простории |
2 | Маршал Тито | 197 | Кичево | 4051284 | Работни простории |
3 | Xxxx Xxxxxx | 49 | Прилеп | 6208072 0 | Работни простории |
4 | Маршал Xxxx Xxxxxx | Лам .1 | Охрид | 4683179 1 | Работни простории |
5 | Маршал Xxxx Xxxxxxxx | 138 | Кавада рци | 4050987 | Работни простории |
6 | Маршал Тито Неготино | 138 | Кавада рци | 4050997 | Работни простории |
7 | Маршал Xxxx Xxxxxxxx | 138 | Кавада рци | 1044956 | Работни простории |
МОДЕЛ НA ДОГОВОР
ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
ПРИЛОГ 4
Склучен помеѓу
1. Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, со седиште на ул.,,Xxxxx Xxxxx,, бр.9 мезанин локал бр.5 Скопје, ЕМБС 6701213, ЕДБ 4080011521604 застапувано од Генерален Xxxxxxxx Xxxxx Цеку (во натамошен текст: Потрошувач ), и
2. , снабдувач со електрична
енергија,со седиште на ул. бр. , со
ЕМБС , ЕДБ на
застапувано од (во натамошен текст: Снабдувач)
Член 1
Со Овој Договор се регулираат условите под кои Снабдувачот ќе врши снабдување со електрична енергија на Потрошувачот, како и меѓусебните права и обврски помеѓу Снабдувачот и Потрошувачот, по спроведена поедноставена отворена постапка , врз основа на Одлука за јавна набавка бр.05-908/3 од 30.03.2023 година и Одлуката за избор на најповолна понуда бр. од година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на електрична енергија за потребите на Потрошувачот сукцесивно во текот на една година согласно спецификацијата од тендерската документација и прифатената Понуда бр. од година .
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на Договорот ќе се утврди врз основа на стварно набавените и испорачаните количини на електрична енергија од член 2 на овој Договор, согласно Спецификацијата, но не повеќе од
денари без ДДВ согласно проценетата вредност на договорот за јавна набавка утврдена во Одлуката за јавна набавка бр.05-908/3 oд 30.03.2023 година.
Договорот ќе се реализира до износ што зависи од потребите на Потрошувачот , но не поголем од проценетата вредност на договорот за јавна набавка утврдена во Одлуката за јавна набавка бр. бр.05-908/3 oд 30.03.2023 година.
Договорниот орган го задржува правото да не ја исполни набавката во целост.
Висината на маржата изнесува: %.
Понудената маржа изразена во проценти која ќе се користи како показател за пресметка на цената на потрошена електрична енергија за секој изминат месец, со примена на следната формула:
Cm = Cm,HUPX/1000 + маржа во %
Cm – цена по која ЕО го снабдува ДО во месецот (m), ден/КWh Cm,HUPX – просечна цена за електрична енергија на пазарот на
берзата HUPX за месецот за кој се однесува пресметката, ден/MWh.
Вкупен износ на потрошена ЕЕ = Cm*количина на потрошена
ЕЕ
При конверзија на цената на HUPX берзата од евра во денари ќе се користи среден курс на Народна банка на Република Севeрна Македонија на последниот ден од месецот за кој се фактурира.
Во цената (маржата) на набавка е засметана вредноста на придружните услуги, сите трошоци и попусти, а вредноста на ДДВ е искажана посебно.
Цената (маржата) ги вклучува сите трошоци за испорака на електричната енергија до местото на испорака, и тоа:
- трошок за набавка на електрична енергија,
- трошок за планирање и номинирање на потрошувачката,
- трошоци за обезбедување на прекугранични капацитети (за да енергијата биде испорачана во ЕЕС на РСМ)
- увозни царински давачки, и
трошок за балансирање на потрошувачката на договорниот орган (балансна одговорност), освен трошоците за Операторот на електропреносниот систем, Операторот на пазарот со електрична енергија, Операторот на дистрибутивниот систем и пресметаните трошоци за произведена електрична енергија од повластени производители на електрична енергија.
Местата на испорака на електричната енергија се дадени во Техничка спецификација.
Мерните места наведени во спецификацијата во текот на важноста на договотот можат да се променат, а Носителот на набавката - снабдувачот на електрична енергија е должен да испорача електрична енергија до сите мерни места вклучуваќи и нови кои ќе бидат пријавени од страна на Договорниот орган.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА (КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИ)
Цената на електричната енергија ќе биде променлива („+“ или „-“) во зависност од референтната берза HUPX.
Процентот на маржата ќе биде фиксен за целото времетраење на договорот
Начин , рок ,мерење и динамика на испорака
Член 4
Договорните страни се согласни испораката да се врши редовно до сите мерни места согласно Техничката Спецификација.
Поради специфичноста на предметот на набавката - потребата од набавка на електрична енергија за нормално извршување на работните обврски на Договорниот орган, набавката ќе се врши редовно и не ја одложува никаков спор.
Носителот на набавка гарантира квалитет на испорачаната електрична енергија и квалитет на услугите на снабдувањето. Ова подразбира квалитет на напон, континуитет во испораката и квалитет на услугите .
Мерењето на електричната енергија со која бил снабден потрошувачот ќе го врши Операторот на електродистрибутивниот систем преку мерни уреди кои ги вградува, одржува, контролира и менува согласно закон и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
Отчитувањата на мерните уреди, Операторот на електродистрибутивниот систем ги доставува до договорниот орган.
Најавата на потрошувачката на електрична енергија кон операторот на пазарот во име на договорниот орган, без надомест, ја врши носителот на набавка.
Носителот на набавка ќе го зачлени договорниот орган во својата балансна група без надомест.
РАСПОРЕД НА ОПТЕРЕТУВАЊЕ
Член 5
Договорните страни се согласни дека Носителот на набавката - Снабдувачот ќе изготвува соодветни прогнози за потрошувачката на електрична енергија на Договорниот орган - Потрошувачот врз основа на историски конзум на електричната енергија и податоци за идни трендови на потрошувачка добиени од страна на Потрошувачот.
Договорните страни се согласни дека Xxxxxxxxx на набавката - Снабдувачот се задолжува од името на Потрошувачот да изготвува часовни распореди за оптоварување на Потрошувачот на дневно ниво врз основа на претходно изготвената и потврдена прогноза за потрошувачка на електрична енергија на Потрошувачот, и истата ќе ја вклучи во вкупниот физички распоред на оптоварување на Снабдувачот како Балансно одговорна страна (БОС) кои ги доставува до Операторот на пазарот на електрична енергија и до Операторот на електродистрибутивен систем.
За целите на балансирањето, Потрошувачот се задолжува навремено да го информира Снабдувачот за секоја планирана промена во своето енергетско однесување, вклучувајќи ги и сите оние фактори, кои му биле познати пред склучувањето и за времетрањето на овој Договор, а би можеле (со различен степен на веројатност) да доведат до промена на часовното оптоварување со отстапување од + 25% и/или да доведат до промена на профилот на дневно оптеретување. Известувањето се доставува не подоцна од 3 (три) дена пред да настанат промените во енергетското однесување на Потрошувачот и тоа во било која пишана форма на официјалните и прифатени контакт информации на Снабдувачот.
ПРЕСМЕТКА И НАПЛАТА НА ИСПОРАЧАНАТА ЕНЕРГИЈА
Член 6
Договорните страни се согласни: Фактурирањето и плаќањето да се врши врз основа на реално испорачаните количини ЕЕ на месечна основа, по претходно издадена месечна фактура за потрошена ЕЕ која се доставува по електронски пат (скенирана) и во печатена форма.
Процентот на маржа да биде изразен во фактурата или во документ кој ќе биде прилог кон фактурата.
Во прилог на фактурата задолжително се доставува документ издаден од берзата HUPX DAM за просечната месечна цена на ЕЕ и линк за пристап до овој документ преку кој договорниот орган може да изврши проверка/ или копија од објава на веб страната на Регулаторната комисија за просечната месечна цена на ЕЕ на берзата HUPX, а ќе се однесува на претходниот месец.
Објаснување за начинот на добивање на вкупната месечна цена на испорачана ЕЕ без ДДВ.
• Збирот од дневните цени на електричната енергија на месечно ниво од берзата HUPX DAM, поделени на бројот на денови во истиот месец ја дава просечната месечна цена во евра за 1 (еден) MW/h, која се претвора во цена во евра за 1 (еден) КW/h (1MW=1000KW), и се конвертира во денари по средниот курс на НБРМ на последниот ден од месецот.
• Добиената цена без ДДВ за 1 (еден) КW/h во денари, зголемена за процентот на маржата во денари за 1 (еден) KW/h, помножена по бројот на потрошени KW/h во пресметковсниот месец ја дава вкупната цена бев ДДВ која што Договорниот орган треба да ја исплати по добиена фактура, во определениот рок.
Потрошувачот е должен да ја плати фактурата за испорачаната електрична енергија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на потрошувачот.
Тарифите за Организирање на пазарот на електрична енергија (ОПЕЕ) и надомест за обновлива енергија (ОЕ) ги утврдува Регулаторна Комисија за Енергетика на Република Северна Македонија, односно Операторот на електропреносниот систем и ќе се наплаќаат заедно со сметката (фактурата) за потрошена електрична енергија.
ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 7
Носителот на набавката - Снабдувачот се обврзува дека:
- ќе врши снабдување на Договорниот орган - Потрошувачот со договорената количина на електрична енергија до местата на испорака на електрична енергија кои ќе добијат ID-број за виртуелна мерна точка од операторот на соодветниот систем;
- да ги утврди потребите на Договорниот орган - Потрошувачот за електрична енергија за договорниот период врз основа на анализата на историската потрошувачка на електрична енергија на Договорниот орган
- Потрошувачот, а која количина ќе биде предмет на овој Договор.. Договорните количини се од индикативна природа и не претставуваат репер за задолжително потрошена количина на електрична енергија во договорниот период од страна на Договорниот орган -Потрошувачот;
- ја превзема одговорноста за балансирање на потрошувачката на електричната енергија на местата на испорака наведени во Техничката спецификација која е составен дел од оваа Спогодба;
- ја превзема обврската за предвидување и планирање на потрошувачката на електричната енергија на Договорниот орган - Потрошувачот, а во однос на неговите потреби за договорениот период;
- ја превзема обврската за порамнување на отчитаните и реално потрошени количини на електрична енергија за дадениот период на отчитување на местата на испорака на Потрошувачот, а кои се основа за изработка на месечна фактура;
- ќе изготвува месечна фактура на Договорниот орган за испорачаната и реално потрошена електрична енергија согласно договорените одредби за пресметка на цената по КWh, врз основа на податоците добиени од соодветниот оператор на систем;
- ќе му доставува месечна фактура на Договорниот орган за искористената електрична енергија согласно договорените одредби за пресметка на цената за КWh;
- сите доверливи информации добиени за потребите на реализирањето на овој Договор ќе ги чува како деловна тајна и
- своите обврски ќе ги врши стручно и совесно, а со цел да обезбеди квалитетна услуга за Договорниот орган.
Одговорно лице за реализација на предметот на набавката од страна на Носителот на набавката е .
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 8
Договорниот орган - Потрошувачот се обврзува дека:
- ќе купува електрична енергија исклучиво од Носителот на набавката - Снабдувачот за времетраењето на овoj договор;
- ќе ја плаќа Договорната цена за електрична енергија согласно отчитаните реални количини на електрична енергија за дадениот период според порамнувањето согласно Правилата за пазар со електрична енергија во местата на испорака, а под условите предвидени во овој договор, независно дали таа енергија е потрошена за целите на Потрошувачот, или од трети лица, кои се поврзани на внатрешната мрежа на Потрошувачот после местата на испорака, се тоа согласно издадената фактура од страна на Носителот на набавката - Снабдувачот;
- ќе ја спроведе постапката за дефинирање на виртуелни мерни точки пред операторот на соодветниот системот за добивање на соодветен ID- број за сите мерни точки во кои ќе се врши испорака на електрична енергија ;
- ќе му ги доставува на Носителот на набавката - Снабдувачот сите потребни податоци од мерните апарати поврзани на внатрешната мрежа на Потрошувачот, а со цел Носителот на набавката - Снабдувачот да има можност да изготвува веродостојни анализи и предвидувања за потрошувачка на електрична енергија на Потрошувачот за договорениот период;
- во најкус можен рок во рамките на денот да го известува Носителот на набавката - Снабдувачот за било какви промени или проблеми во процесот на користење на електрична енергија, за работи од кои зависи услугата која ја обезбедува Носителот на набавката- Снабдувачот, а истите се од взаемен интерес за Договорните страни и
- сите доверливи информации добиени за потребите на реализирањето на оваа спогодба ќе ги чува како деловна тајна,
- договорниот орган го задржува правото да не ги искористи предвидените средства за реализација на договорот, во зависност од препораките и заклучоците од надлежни државни органи.
Одговорно лице за реализација на предметот на набавката од страна на договорниот орган е .
ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 9
Договорните страни се должни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска или ќе задоцни со нејзино исполнување, другата договорна страна има право да бара надомест на штета што ја претрпел поради тоа.
Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на договорот како можни последици од повреда на договорот, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да бидат познати.
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неиполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на спогодбата, без оглед на тоа што другата страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка со разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мери за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Снабдувачот е должен во рок од 5 дена од потпишувањето на овој Договор , да му достави на Потрошувачот, банкарска гаранција во висина од 5 % од вредноста на Договорот со вклучен ДДВ, со што безусловно гарантира целосно, квалитетно, совесно и навремено извршување на предметот на овој Договор.
Банкарската гаранција за извршување на Договорот е со важност до целосно реализирање на Договорот
Недоставувањето на банкарска гаранција, претставува основ за раскинување на овој Договор.Во овој случај Потрошувачот го задржува правото на договорна казна и надомест на штета.
Член 11
Времетраење на договорот
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една)
година почнувајќи од
Член 12
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 13
Договорните страни се договорија дека носителот на набавката ќе му плати на договорниот орган определен паричен износ (договорна казна) ако задоцни со нејзиното исполнување или ако не ја исполни својата обврска.
Член 14
Договорната казна изнесува 1% ( 1 промил) од вкупната договорена цена на стоките за секој ден задоцнување ако испораката на електрична енергија не се врши непречено, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на стоката.
Член 15
Во случај на неисполнување на обврската, договорниот орган може да бара или исполнување на обврската или договорна казна. Договорниот орган го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна.
Во случај да се задоцни со извршување на обврската, договорниот орган може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.
Ако Носителот на набавката се откаже од склучување на спогодбата или ако дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, Договорниот орган може да склучи спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената, односно маржата не е повисока од 5 % во однос на првично избраната понуда.
КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 16
Договорниот орган кој ќе задоцни со исполнувањето на паричната обврска (плаќањето) од овој Договор, долгува покрај главнината и законска казнена камата, согласно член 266-а став 6 од Законот за облигациони односи и точка 3 од одлуката за референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата (Сл.весник на РМ број 139/08).
УСЛОВИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 17
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штета.
Член 18
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, мора да му остави
примерен дополнителен рок не подолг од 30 дена, за исполнување на обврската.
Ако договорната страна не ја исполни својата обврска во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Член 19
Една од договорните страни може да го раскине договорот и без да остави на другата договорна страна, дополнителен рок за исполнување ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши обврската ниту во дополнителниот рок.
ТАЈНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Член 20
Носителот на набавката - Снабдувачот се обврзува дека, согласно со добрите принципи на работење, ќе ја чува тајноста на техничките, финансиските и други работни податоци кои имаат карактер на деловна тајна на Договорниот орган , а до кои ќе дојде за време на испораката на електричната енергија.
ВИША СИЛА
Член 21
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна ако до неисполнување на овој договор дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна со наведување на пришините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветни докази.
По отстранување на Вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднишки прифатено дополнување или истиот да се раскине.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 22
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 23
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
Член 24
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено, согласно одредбите во член 119 од Законот за Јавни набавки (Сл.Весник на РСМ бр. 24/2019).
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 25
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои 4 (четири) за Потрошувачот и 2 (два) за Снабдувачот.
Потрошувач | Снабдувач |
Моделот на договор треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата. |
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот бр. објавен од страна на АД за
стопанисување со деловен простор во државна сопственост, за доделување на договор за јавна набавка на: Електрична енергија, со спроведување на поедноставена отворена постапка со е-аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3.Одговорно лице :
I.4.Даночен број
I.5.Матичен број
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки: -Набавка на електрична енергија.
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот6 на испорака утврдени во тендерската документација.
Нашата техничка понуда ја сочинува Xxxxxxxx со која прифаќаме да ја превземеме на себе балансната одговорност и да го вметнеме Договорниот орган како Потрошувач во својата балансна одговорна група (Прилог 5).
Дел III – Финансиска понуда
III.3.1 Понудената цена, т.е. понудената маржа за 1КWh потрошена електрична енергија вклучувајќи ги сите трошоци и попусти изнесува:
% [со бројки] ( проценти ) [со букви] .
* Маржата треба биде изразена со две децимални места
Напомена: Понудената цена односно понудениот процент на маржа не смее да биде повисок од коефициентот по кој се пресметува цената на снабдувачот во краен случај согласно важечки Тарифен систем за продажба на ЕЕ на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај. (Сл.Весник на РСМ бр.146/2022 и Измена на Тарифниот систем за продажба на ЕЕ(Сл.весник на РСМ бр.211/2022 година), изразен во проценти.
III.3.2 Ги прифаќаме барањата и условите дефинирани во техничката спецификација, начинот и рокот на испорака на стоката, начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.3.3 Во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
III.3.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице (име и презиме)* |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Понудувачот [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на Електрична енергија која се спроведува по оглас за јавна набавка број објавен од страна на , врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
• нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
• понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
• е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*
(потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Xxxxxxxx ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека
за
[се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на Електрична енергија [се наведува предметот на набавка] која се спроведува по оглас бр. [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје.
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)
Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
ПРИЛОГ 5- ИЗЈАВА ЗА БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ
И З Ј А В А
Понудувачот [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на Електрична енергија која се спроведува по оглас за јавна набавка број објавен од страна на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост согласно посебните барања предвидени во техничката спецификација, со оваа изјава потврдува дека прифаќа да ја превземе обврската за балансираење на потрошувачот и да го вметне Договорниот орган како Потрошувач во својата балансна одговорна група.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице* (потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Xxxxxxxx ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето.