Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 02 3288 800. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 02.02.2015 година и со одлука бр.0204/2049 се применуваат од денот на донесувањето.
Изменети се на редовна седница на Управен одбор одржана на 23.12.2015 со одлука бр.2015/0202-72. Изменети се на редовна седница на Управен одбор одржана на 02.09.2016 со одлука бр.2016/0202-57.
Член 1. Подрачје на примена
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Премија за осигурување
Премијата за осигурување се плаќа во денари со купување на производот и
Според овие Услови, предмет на осигурување може да биде само нова техничка опрема кога осигуреникот ја купува од регистрирана трговска фирма со која осигурувачот има заклучено договор за пласирање на овој вид на осигурување, при што регистрираната трговска фирма е договорувач на осигурување.
Предмет на осигурување може да биде купената опрема која му служи на осигуреникот за користење и не е наменета за препродажба.
Како техничка опрема која се осигурува согласно овие Услови се смета:
• Комуникациска опрема
• Аудио и видео опрема,
• Компјутерска опрема
• Опрема за ладење и греење и останата бела техника,
• Друга техничка опрема;
Овие Услови се применуваат исклучиво за осигурување на Техничка опрема додека е сместена во затворени стамбени или деловени простории или во зависност од намената и начинот на користењето на уредот додека осигуреникот ја носи со себе на територија на Р. Македонија.
Член 2.
Осигурени ризици
Осигурувањето покрива, во обем утврден со овие Услови, уништување или оштетување на осигураните предмети со остварување на следните ризици.
1. Основни ризици:
• Пожар
• Удар од гром
• Експлозија
• Олуја
• Град
• Удар од сопствено моторно возило (во осигуран објект)
• Паѓање на воздушно летало
• Манифестации и демонстрации
• Излeвање на вода од внатрешни инсталации
• Кражба, провална кражба и разбојништво
• Кршење на машини
Со осигурувањето не се опфатени штети настанати поради:
• Тероризам, поставување и фрлање на било каква експлозивна направа (бомба и сл.), војна, граѓанска војна, загадување и контаминација.
Член 3.
Траење на осигурувањето
Согласно овиe Услови, осигурувањето започнува со уплата на премија во часот и денот кој е назначен на фискалната сметка односно во 24 часот на денот на кој е издадена фактура а престанува да важи со истекот на една година, две или три години зависно од склучениот модел на договор.
Член 4.
Склучување на договор за осигурување
Со договорувачот на осигурување се склучува генералната полиса, со договорени премиска стапки, при што ис тиот води посебна евиденција за сите издадени поединечни договори за осигурувања.
Ќе се смета дека е склучен поединечен договор за осигурување со издавање на фискална сметка односно фактура од страна на продавачот/договорувач на осигурување, во која е вклучена премија за осигурување.
Составен дел на договорот за осигурување се и:
• Фискалната сметка со платено осигурување односно издадена фактура со наведен износ на премија за осигурување;
• Гаранцијата издадена од производителот во која е наведен моделот и сериски бр. на производот.
Член 5.
истата посебно се изразува на фискалната сметка односно на фактурата.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 6.
Обем на опасност од пожар
Како пожар, во смисла на овие Услови , се смета оган настанат вон местото определено за палење и оган кој ова место го напуштил и можел понатаму да се развива со својата сопствена сила. Опфатени се и штети од пожар кој би настанал од дејство на електрична енергија и кој после престанувањето на тоа дејство самостојно се развивал.
Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да надомести штета:
1. Aко осигурената ствар е уништена поради изложување на корисен оган или топлина заради поправка или во други цели.
2. Aко на осиг урената ствар настане штета со осмадување, опрлување или со прегорување од цигари, пура, справа за осветление, електричен греач, жар и сл.;
3. Aко настане штета на осиг урена ствар поради самозапалување, вриење или загревање, варење, димење и сл.
Член 7.
Обем на опасност од удар на гром
Осигурувањето од опасност од удар на гром, во смисла на овие Услови, ги покрива штетите на осигурените ствари предизвикани од дејство на сила или топлина на гром.
Член 8.
Обем на опасност од експлозија
Како експлозија, во смисла на овие Услови, се смета ненадејно пројавување на сила заснована на тежнение на пареа или гасови за проширување.
Со осигурувањето не се опфатени штетите:
1. Што се последица на намалување на притисокот во садот (имплозија).
2. На стварите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на дозволената дејност на трети лица.
3. Од експлозија од биолошки карактер.
4. Од нуклеарна експлозија.
5. Од експлозија поради дотраеност, појава на истрошеност или стареење, макар и прерано, или од прекумерна наслага на р’ѓа, каменец, талог, тиња на осигурените ствари, но се исплат ува надоместок во случај на штета на други ствари во врска со настанатата експлозија.
6. Од експлозија настаната како последицаод било какво експлозивно тело, направа или уред (бомба, мина, експлозив, муниција).
Член 9.
Обем на опасност од луња
Како луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со јачина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер од оваа јачина во крајот каде се наоѓаат осигурените ствари, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил добро одржувани градежни објекти. Во случај на сомневање осигуреникот мора да ја докаже јачината на ветерот со извештај од Хидрометеоролошката служба. Штетите од луња се опфатени со осигурувањето само ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети:
1. Со непосредно дејство на луњата;
2. Со директен удар на соборени или носени предмети од луњата; Со осигурувањето од луња не се опфатени штетите:
1. Од навлегување на дожд, град, снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат во станот односно зградата или се настанати поради лоша конструкција, неквалитетно изведени работи на градежната
1
столарија, освен ако отворите настанале од луња, како и штети од дожд и други врнежи на слободен простор или во коли за превоз на ствари или преселување.
2. На ствари во градежен објект кој не бил изграден според вообичаениот начин на градење во тоа место или кој е слабо одржуван или е дотраен.
Член 10.
Обем на опасност од град
Со осигурувањето се опфатени штетите од уништ ување, односно оштет ување на осигурените ствари што се предизвикани од ударот на градот.
Опфатени се и штети од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.
Не е осигурана техничка опрема која е оштетена додека се наоѓала на отворено.
Член 11.
Обем на опасноси поради удар од сопствено моторно возило
Со осигурувањето се опфатени и штети и на осигурани предмети, како последица на рушење на градежниот објект или дел од објектот поради удар од сопствено моторно возило.
Член 12. Обем на опасноси поради паѓање на воздушно летало
1. Под паѓање на воздушно летало, во смисла на овие Услови, се смета паѓање на воздушно летало било од кој вид врз осигурени предмети сместени во градежен објект.
2. Се смета дека настапил осиг урен случај паѓање на воздушно летало, ако со непосреден удар на воздушното летало или од неговите делови, како и од предмети од воздушното летало, се уништи или оштети осигурените предмети.
Член 13.
Обем на опасност од манифестација и демонстрација
1. Под манифес тација и демонс трација, во смис ла на овие Ус лови, се смета организирано или спонтано јавно манифестирање на нерасположение на група граѓани;
2. Се смета дека настапил осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурената ствар е уништена било на кој да е начин на делување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, разбивање, палење и др.).
Со осигурувањето не се опфатени штети кои ќе настанат на осигураните предмети со делување на манифестантите и демонстрантите, доколку јавното прикажување на нивното расположение има за цел симнување на постоечката власт и превземење на влас та или е вперено против влас та или попримило карактер на такво и толкаво загрозување на јавниот ред и мир, животот, здравјето и имотот на луѓето и функционирање на комуналниот систем, да прети да се претвори во побуна, штрајк или револуција.
Член 14.
Обем на опасност од поплава од внатрешни инсталации
Со остварување на ризикот од овој член, покриени се штети настанати на осигураните ствари додека се наоѓаат во градежен објект.
Излевање на вода од водоводни и канализациони цевки во смисла на овие Услови се смета:
1. Неочекувано излевање на вода од водоводни и канализациони цевки како и од уреди за греење на простории со топла вода и пареа, поради кршење или прскање на тие цевки, односно уреди;
2. Неочекувано излевање на вода или пареа од уредите за топла вода или парно грење поради кршење, или прскање цевки, односно грејни тела (радијатори). Штети настанати од заедничките инсталации во станбените објекти и настанати од неосигурен стан, се надоместува на носителот на полисата.
Со осигурувањето не се опфатени штети:
1. Од излевање на вода од апарати и уреди кои се приклучени на водоводната мрежа (машини за перење на алишта, машини за миење на садови, од дотрајани казани, бојлери и сл.).
2. Од излевање на вода од отворени славини;
3. Од габички поради влага;
4. Загуба на вода;
5. Настанати како последица на неодржување на водоводната и канализационата мрежа, уреди за греење со топла вода и парно греење.
6. Настанати од оштетување при манипулација врз инсталациите, замена на
вентили, оѕатнување и сл., од нестручни лица.
7. Поради излив на вода од жлебовите на цевки и олуци за одвод на дождовница.
Член 15.
Обем на опасност од провална кражба и разбојништво
По овие Услови за осигурување се дава осигурителна заштита од ризик на извршување или обид за, провална кражба или разбојништво, како и обест (вандализам) во текот на извршување на провалната кражба.
Со осигурувањето е покриена штета поради однесување, уништување или оштетување на осигурани предмети.
Провална кражба, во смисла на овие Услови, се смета кражба ако нејзиниот извршител:
1. Провали во заклучени простории во станот во кој се наоѓаат осигурените ствари со разбивање или обивање на врати и прозорци, односно провалување на таваници, ѕидови и подови;
2. Ја отвори заклучената просторија во станот со лажен клуч или со некое друго средство што не е наменето за редовно отворање со што е оставена трага со која со сигурност може да се утврди провала.
3. Провали во заклучено смест увалиште во станот во кој се наоѓаат ствари, ако до смест увалиштето дошол со едно од дејствијата кои по одредбите на овој член се квалификувани како провална кражба ;
4. Незабележано се вовлече во станот или се скрие во него и изврши кражба во време кога станот е заклучен;
5. Ги отвори заклучените простории и сместувалиштето со вистински клучеви или со нивните дупликати, доколку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени во точка 1), 2), 3), 4) и 5) од овој член.
6. Влезе во заклучени простории преку отворот кој не е за тоа определен совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување без напор.
За провална кражба се смета кражба на ствари на балкони и лоѓи како и од простории на катови со скокање низ отворен прозор на катовите.
Не се смета за провална кражба во смисла на овие Услови:
1. Влегување низ отворен прозорец во ниско приземје (чија висина е помала 3,5 м., сметајќи од земјата до долниот раб на прозорецот);
2. Ако провалната кражба ја извршил член на семејство или вработен кај осигуреникот.
Обем на опасност од разбојништво
Разбојништво во смисла на овие Услови, се смета одземање на осигурени ствари со примена на сила или застрашување по животот или здравјето на било кое лице.
Член 16.
Обем на опасност од обична кражба
Обична кражба во смисла на овие Услови, се смета противправно одземање односно дејство на крадење на имот кој е осигуран со полисата без оглед на средствата за извршување на дејството.
Обидот за кражба и директните последици кои предизвикуваат физички оштетувања на осигурениот имотот се признава како кражба.
Во случај на обична кражба осигуреникот учествува во секоја штета 15% или минимум 75 Евра.
Не се смета за кражба:
1. Заборавање, оставање, губење изнајмување или давање под наем на осигураните предмети.
2. Ако истата ја извршило член на семејство или вработен кај осигуреникот.
Член 17.
Обем на опасност од кршење на машини
(1) Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во, под која се подразбираат настаните што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурената ствар, и тоа:
1. Непосредно дејство на електрична енергија при појава на куса врска, пренапон и електричен лак;
2. Мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мразот кај клима уредите;
3. Откажување (затајување) на уредите за заштита и регулирање, како и на
2
елементите за автоматско управување со кои машината е опремена;
4. Неспретност, невнимание или лоша намера на работниците или некое друго лице;
5. Поради паѓање на осигурени ствари, удар или навлегување на страно тело (предмет) во осигурениот предмет;
(2) Со осигурувањето по овие услови не се дава осигурителна заштита од ризиците што не се наведени во став (1) од овој член, како и:
1. Поради недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот;
2. Непосредни последици на трајни хемиски термички, механички, атмосферски и други влијанија и услови за смест ување и работа оксидации, стареење, корозија, зрачење, прекумерни вибрации и сл;
3. Последици од сите видови на трошење, абење, ерозија, кавитација и сл;
4. Прекумерни наслаги на рѓа, каменец , талог, тиња и сл., Па и кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурените ствари.
5. Преоптовареност на машините, машинските и електрични уреди, апарати и инсталции преку границите на нивните проектни параметри,
6. Ставање во погон пред конечната поправка;
7. Монтирање и пробно испитување на новите ствари,
8. Повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените ствари, како и заштитни мерки.
(3) Осигурувачот исто така не е во обврска:
1. За посредни штети нас тана ти во врска со осиг урениот с лу чај: заг у ба, на заработувачка, денгуби, казни и сл.;
2. За штети за кои по законските прописи или по договорот одговара производителот, односно испорачателот на стварите.
3. За штети кои се покриени со гаранцијата на производот во периодот на истата.
4. За трошоците за демонтирање и ремонтирање, кои се направени со цел за редовен преглед или одржување за осигурените ствари (периодични поправки замени на истрошените делови.
Член 18.
Обврски на осигуреникот
Штетите предизвикани од пожар, експлозија кражба и провална кражба и разбојништво, веднаш да ги пријави кај надлежен орган за внатрешни работи (МВР) и поднесе пријава за штетата кај осигурувачот веднаш, а најкасно во рок од три дена од денот на настанување на штетата.
На осигурувачот да му достави докази потебни за утврдување на причината обемот и висината на штетата.
Осигуреникот не смее да ја менува состојбата на оштетените односно уништените ствари до доаѓањето на преставници на осигурувачот.
Член 19.
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска да:
1. Веднаш, а најкасно во рок од 3 дена од денот на пријавување на штетата, да пристапи кон утврдување и процена на штетата.
2. Во законскиот рок да исплати надокнада на штетата причинета со настанување на осигураниот случај регулиран со овие Услови
Член 20.
Сума на осигурување
Сума на осигурување представува вредност на техничката опрема наведена на фискалната сметка или на фактурата со вклучен ДДВ.
По исклучок, во колку осигуреникот има право на повраток на ДДВ сума на осигурување представува вредност на техничката опрема без вклучен ДДВ.
Член 21.
Утврдување на надомест од осигурувањето
Надомест од осигурувањето се утврдува во висина на стварната штета за секој премдет поединечено, но најмногу до висината на сумата на осигурувањето, намалена за износ на задолжителна франшиза во висина од 50евра
1. Во случај на тотална штета:
1.1. Во случај на уништување и загуба на стварите, новонабавната цена на предметите во моментот на настанувањето на осигураниот случај, намалена
за техничката амортизација, пресметаната вредност на остатоците, и задолжителна франшиза во висина од 50евра или франшиза за ризик кражба во висина од 75 евра; но најмногу до сумата на осигурување.
1.2.Техничката амортизација се пресметува на месечно ниво и истата изнесува:
• За бела техника 0,9%
• Аудио и видео опрема, Компјутерска опрема 1,8%
• Комуникациска опрема 4%
2. Во случај на оштетување
2.1.Во висина на трошоците за поправка по цени на материјали и работна рака во време и место на настанување на штетата намалени за висината на амортизацијата, вредноста на остатоците и задолжителна франшиза во висина од 50евра.
3. Остатоците од уништените предмети - ствари (вредност на остатоците) му остануваат на осигуреникот и се пресметуваат по пазарни вредности во време на настанување на осигураниот случај.
4. Поголеми трошоци за поправка настанти поради направени измени и подобрувања, паѓаат на терет на осигуреникот.
5. Максималната обврска на осигурувачот е стварниот износ на штетата, а најмногу до висината на сума на осигурување во денарска вредност намалена за договорена франшиза.
Член 22.
Постапка со украдените, пронајдени предмети
Доколку осигуреникот на било кој начин дознае каде се наоѓаат украдените предмети, должен е веднаш со учество на надлежен орган, да стори се што е потребно за да ја утврди истоветноста на тие премдети, што побргу да ги добие и за тоа да го извести Осигурувачот.
Ако осигуреникот веќе добил одштета, пред да дознае каде се наоѓаат украдените предмети, може ако се пронајдени да ги задржи за себе, но мора на осигурувачот да му ја врати примената одштета за пронајдените не оштетени предмети.
Член 23.
Правна ситуација по настанување на осигураниот случај
1. По настанување на осигуран случај, осигурувањето престанува да важи доколку на осигурениот предмет настанала тотална штета.
2. Со примена на Условите и законските прописи
Член 24.
Доколку не се во спротивност со овие Услови, на договорите за осигурување заклучени по овие Услови, се применуваат и:
1. Општите Услови за осигурување на имот
2. Законот за облигациони односи
Член 25.
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурувањето - осиг уреникот и осигурувачот, надлежен судот во местото на осигурувачот
Член 26.
Завршни одредби
(1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до
1. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување ( комисија за постапување по преставки)
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи.
3