Contract
П р е д д о г о в о р
за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервис преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа
Склучен на ден . .20 година помеѓу следните договорни страни:
1. Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа , со седиште во , застапуван од управителот/одговорното лице
, како пренесувач/дистрибутер на ТВ/РА програмски сервис (во понатамошниот текст - оператор), од една страна
и
2. Трговското радиодифузно друштво
со седиште во , застапуван од управителот/одговорното лице
, како сопственик на ТВ/РА програмски сервис (во понатамошниот текст - радиодифузер), од друга страна.
Договорните страни се договорија за следното:
Член 1
Предмет на овој Преддоговор е емитување/пренесување на ТВ/РА програмскиот сервис на радиодифузерот преку мрежата на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа.
Член 2
Операторот се обврзува да овозможи квалитетно емитување/пренесување на ТВ/РА програмскиот сервис на радиодифузерот до неговите крајни корисници, при што не смее да го прекинува или менува, на кој било начин или во која било форма.
Член 3
Радиодифузерот го задржува правото, во одредени случаи да го прекине емитувањето на целиот или на одделни делови од неговиот ТВ/РА програмски сервис, согласно позитивните законски прописи.
Член 4
Условите за емитувањето/пренесувањето на ТВ/РА програмскиот сервис на радиодифузерот преку мрежата на операторот, ќе се уредат со Договорот кој ќе го склучат договорните страни по истекот на важноста на овој Преддоговор, согласно принципите на објективност, транспарентност и недискриминација.
Член 5
Двете договорни страни се обврзуваат да се придржуваат кон одредбите од овој Преддоговор и кон позитивните законски прописи кои се однесуваат на емитување/пренесување на ТВ програмски сервиси.
За сите други прашања кои не се опфатени со овој Преддоговор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Овој Преддоговор ќе важи до склучувањето договор за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервис преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, каков што договор операторот на јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс, должен е да склучи со радиодифузерот кој од Агенцијата има добиено дозвола за телевизиско или радио емитување на неговиот програмски сервис, во рок од
15 дена од денот на приемот на известувањето од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за издавањето на дозволата.
Радиодифузерот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на склучувањето на Договорот за емитување/пренесување на ТВ/РА програмскиот сервис преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, 1 (еден) примерок од склучениот договор, да достави до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Член 6
Овој Преддоговор може да се раскине:
- договорно помеѓу двете договорни страни со отказен рок од 30 (триесет) дена и
- доколку некоја од договорните страни не се придржува кон одредбите на овој Преддоговор.
Член 7
Овој Преддоговор престанува да важи кога на барателот за доделување дозвола без објавување на јавен конкурс, нема да му биде доделена дозвола за ТВ/РА емитување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Член 8
Договорните страни се согласуваат евентуалните спорови да ги решаваат спогодбено, а доколку во тоа не успеат, за спорот ќе биде надлежен стварно и месно надлежниот суд.
Член 9
Овој Преддоговор, чија заверка кај нотар е правно задолжителна, составен е во 5 (пет) еднакви примероци, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна и една за нотарот.
Договорни страни:
Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Управител, | Трговското радиодифузно друштво Управител, |