Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје, тел.број 02 3109 060, факс 2 3215 128, www.uniqa.mk.
Oпшти услови за осигурување на помош на пат на моторни возила
Општи услови за осигурување на помош на пат на моторни возила
Овие услови се донесени на редовна седница на Управниот одбор одржана на 06.02.2024 година и со одлука број 0202-2/1 се применуваат од 15.02.2024 година.
I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење:
• осигурувач – Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, со кое е склучен договор за осигурување;
• договарач на осигурувањето - лице кое склучува договор за осигурување;
• осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес е осигурен.
• корисник - осигуреникот или секое друго лице кое е возач на осигуреното возило, како и сопатниците (најмногу до бројот на регистрирани места во возилото) кои се превезуваат со осигуреното возило по волја на осигуреникот или на овластениот возач
• полиса - исправа за склучен договор за осигурување;
• премија - износ кој договaрачот го плаќа на осигурувачот согласно со договорот за осигурување;
• осигурен случај на асистенција - иден, неизвесен и независен настан од волјата на осигуреникот, кога возилото не е во возна состојба, не е подобно за натамошно возење или е противправно одземено, а кога корисникот го повикал центарот за асистенција заради услуги на асистенција;
• центар за асистенција (помош) на корисникот – договорен партнер на осигурувачот кој организира помош во случај на настанување осигурен случај на асистенција, а којшто корисникот треба да го информира по телефон.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на
соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на договорот за осигурување кој договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со УНИКА АД Скопје.
II ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 2
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Договор за осигурување на помош на пат на Моторно возило може да склучи секое лице кое што има интерес да не се случи осигурениот случај, и кое веќе има полиса за осигурување од Автоодговорност или Xxxxx од Осигурувачот.
(2) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда, а се смета за склучен кога договорачот ќе ја потпише полисата за осигурување.
(3) Усната понуда направена до Осигурувачот за склучување на Договор за осигурување не го обврзува ниту понудувачот ниту Осигурувачот
Член 3
ПОЛИСА
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, предметот на осигурување, ризикот опфатен со осигурувањето
– осигурен случај, времетраењето на осигурувањето и периодот на покритие, сумата на осигурување, премијата, датата на издавање на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Осигурувачот е должен да го предупреди Договорувачот на осигурувањето дека овие Услови на осигурување се составен дел од договорот за осигурување и да му го предаде текстот на овие Услови, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(3) Извршувањето на обврските од претходниот став мора да биде констатирано на полисата.
(4) Вослучај на несогласување на некоја одредба од Условите заосигурување и некоја одредба од полисата ќе се применува одредбата од полисата.
Член 4
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
1. Договорот за осигурување се склучува со период на времетраење од една година.
2. Oбврските на осигурувачот, односно почетокот на осигурувањето од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено.
3. Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
4. По истекот на периодот, договорот за осигурување не се продолжува автоматски.
5. Склучениот договор не може да откаже,одложи или да се прекине ( делумно или целосно) од страна на договорните страни.
Член 5
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата по правило се плаќа одеднаш при склучување на договорот, ако поинаку не е договорено
(3) Се смета дека премијата е платена на денот кога утврдениот износ на премијата е уплатен на сметката на Осигурувачот.
(4) Договорувачот на осигурувањето нема право на враќање на премијата по ниту еден основ.
Член 6
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1)Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето.
(3) Во секој случај договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
Член 7
СПРЕЧУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ И СПАСУВАЊЕ
1) Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите останати мерки потребни да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а доколку осигурениот случај настапи, должен е да преземе сé што е во негова моќ да се ограничат штетните последици.
(2) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани од разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапување на осигурениот случај, како и од обидот да се ограничат неговите штетни последици, дури и кога тие обиди остануваат без успех.
(3) Ако Осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на Осигурувачот се намалува за онолку колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(4) Осигурувачот има право да врши контрола на извршувањето на одредбите за заштитните мерки од овој член.
Член 8
ВЛИЈАНИЕ НА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА НА ВОЗИЛОТО ВРЗ ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Со промена насопственоста наосигуреното возило, правата и обврските на договорувачот на осигурувањето преминуваат врз прибавувачот.
Член 9
ПРОМЕНА НА АДРЕСА
[1] Договарачот на осигурувањето мора да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно седиштето, како и за промена на своето или името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договарачот на осигурувањето ја промени адресата на станот, односно седиштето, како и своето или името на фирмата, а при тоа не го извести осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договарачот на осигурувањето на адресата која му е последно позната и да го наслови на името кое му е последно познато.
Член 10
НАМЕРА ИЛИ ИЗМАМА
(1) Осигурувачот не е обврзан да го исплати договорениот надомест ако штетата е предизвикана намерно или со измама од страна на Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот или корисникот на осигурувањето.
(2) Доколку Осигурувачот дознае дека постоела намера или измама од претходниот став по исплата на надоместот од осигурувањето има право на регрес за исплатениот дел од надоместот зголемен за соодветна камата од лицето на кое што му е исплатен надоместот.
Член 11
ПРАВНА СИТУАЦИЈА ПО НАСТАНУВАЊЕТО НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
(1) За склучени полиси во кои што е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето – лимит на покритието, покритието за осигурување престанува по настанувањето на договорениот максимален број на осигурени случаи – исцрпување на лимитот на покритието.
(2) За склучени полиси во кои што не е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи – лимит на покритието, покритието за осигурување трае до истекот на полисата или до прекинувањето на осигурувањето во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 12
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
(1) Во случај на спор помеѓу Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот, Xxxxxxxxxx и Осигурувачот надлежен е Основниот Граѓански суд Скопје.
III ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 13
ОСИГУРЕНИ ВОЗИЛА
[1] Осигурување на автомобилска асистенција може да се склучи за патничко моторно возило наменето за превоз на лица со најмалку 4 тркала, кое покрај седиштето за возачот, има уште најмногу 8 седишта (категорија M1) и моторно возило за превоз на стоки чија најголема маса не е поголема од 3,5 тони (категорија N1), а кое е прописно регистрирано и има важечка сообраќајна дозвола.
Член 14
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ НА АСИСТЕНЦИЈА
[1] Осигурен случај е настанот за кој што се склучува договорот за осигурување.
Тој мора да биде иден, неизвесен и независен од волјата на Договорувачот на осигурувањето и Осигуреникот, случен како резултат на :
• незгода / несреќа поради која возилото не е во возна состојба или е невозможно со возилото да се управува на безбеден начин;
• несовесно ракување со возилото, што го оневозможило движењето на возилото или безбедното возење;
• техничка неисправност на возилото заради која возилото не е во возна состојба или возењето станало небезбедно или опасно по живот, како и
• надворешно влијание кое го оневозможило движењето на возилото или безбедното возење.
[2] Со осигурувањето на автомобилска асистенција при настанување на осигурениот случај на осигуреникот му се обезбедуваат услуги на асистенција и се покриваат трошоците за нивно извршување во согласност со овие услови, како и трошоците на центарот за асистенција.
(3) Право на помош на пат од претходните ставови имаат Осигурениците и корисниците одредени со член 1 од овие Услови, под услов таа да се обезбедува исклучиво со помош на Асистентската компанија наведена на полисата за осигурување.
Член 15
ВИДОВИ УСЛУГИ НА АСИСТЕНЦИЈА
[1] Предмет на осигурување во согласност со овие Услови е помош на пат за моторно возило во случај на настанување на осигурениот случај од член 14 од овие Услови и тоа :
1) Контакт центар 24/7
2) Помош (Поправка) на пат
3) Превоз (Шлеп) на возилото
4) Заменско возило*
5) Хотелско сместување*
6) Алтернативен превоз*
7) Достава на гориво
8) Мобилна апликација Drive Angel
[2] При настанување на еден осигурен случај, Корисникот односно Осигуреникот има право на избор на само една од услугите наведени во точките 4,5 и 6 од овој член
[3] Заради избегнување на секакво двоумење, трошоците за извлекување на возилото не се вклучени во цената на интервенцијата.
(4) Со полисата за осигурување (зависно од одбраниот пакет од страна на Договорувачот) се утврдени видовите на услуги кои се покриени со истата,територијалното покритие како и лимитите на услугите.
Член 16
КОНТАКТ ЦЕНТАР 24/7
1) Оваа услуга вклучува инфо сервис, организација на асистентски услуги, давање на информации по телефонски пат во секое време без лимити, давање препораки и советување.
2) Контакт центарот овозможува технички совети врзани за моторното возило, локации и контакт телефони на овластени сервиси, совети во врска со настанат дефект на возилото, сообраќајна незгода или кражба на возилото.
3) Oваа услуга не вклучува дополнителни трошоци направени од страна на осигуреникот/договорувачот.
Член 17
ПОМОШ (ПОПРАВКА) НА ПАТ
1) Оваа услуга вклучува поправка во случај на помал дефект, кој опфаќа излегување на изведувачите на поправката на лице место – на местото на кое што се наоѓа осигуреното моторно возило, во рамките на лимитот определен со полисата за осигурување .
2) Поправката на лице место се врши во случај на помали оштетувања кои што не бараат посебно знаење и вештина или употреба на специјализирани алати и опрема за дијагностицирање и отстранување на дефектот (проблем со акумулатор, проблем со пневматик, недостаток на гориво и слично ), и доколку не постојат законски или други ограничувања за поправка на возилото (Услови за гаранција на возилото, итн.).
3) Оспособувањето на Моторното возило за возење со поправка на лице место се смета за нужна поправка, а трајна и погонски безбедна поправка е обврска на Осигуреникот.
4) Со осигурувањето не се покриени трошоците за материјал и за резервни делови ;
5) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
6) По бараното обезбедување услуга на поволноста Помош на пат операторот од Центарот за асистенција проценува кој вид на услуга е потребен да се обезбеди на корисникот прво. Доколку дежурниот оператор проценил дека е можно успешно да се спроведе интервенцијата со поправка на возилото на пат:
• на местото на интервенцијата го праќа најблискиот технички оперативен тим ;
• ако се работи за неисправност на возилото која е можна да се отстрани на определен начин, дежурниот оператор преку телефон му дава на корисникот технички упатства за отстранување на дефектот.
7) Техничата помош на пат ги вклучува следните активности:
• испуштање на погрешно наточено гориво;
• дополнување на гориво;
• замена на тркала и гуми;
• замена или полнење на акумулатор;
• отклучување на заклучено возило (механички, електронски).
8) Поправката на возилото во одредени случаи може да резултира со губење на фабричката гаранција. Листата на таквите операции зависи од производителот на возилото. Пред отпочнување на поправката стручниот технички тим ќе го запознае корисникот со операциите кои е потребно да се извршат и ќе даде посебна напомена доколку се работи за операции на терен, поради кои возилото ја губи гаранцијата. Во такви случаи тимот ќе пристапи кон извршување на операциите по претходна согласност од корисникот. Во спротивно, корисникот може да ја активира услугата за превоз на возилото.
9) Во случај кога при поправка се извршува вградување / замена на делови или полнење со гориво, вградените делови и наточеното гориво не се вклучени во покритието и нивниот трошок е на товар на корисникот согласно пазарната цена на тие делови и горивото.
10) Доколку со излегувањето на интервентниот тим на местото на настанот се утврди дека не е можно да се поправи возилото и дека не е извршена никаква поправка на возилото, корисникот може да ја користи поволноста за превоз на возилото и ќе се смета дека поволноста за поправка на возилото не е користена.
11) Трошоците за патарина, мостарина, траект и сл, кои за интервентното возило на Центарот за асистенција се појавуваат при обезбедување на оваа поволност се вклучени во цената на интервенцијата, т.е. влегуваат во пресметката на надоместоци за поволноста.
Член 18
ПРЕВОЗ (ШЛЕП) НА ВОЗИЛОТО
1) Оваа услуга вклучува транспорт на осигуреното Моторно возило од страна на Асистентската компанија до најблискиот сервис, во рамките на лимитот и условите определени со полисата за осигурување.
2) Транспортот на осигуреното Моторно возило се врши со товарење на Моторното возило на друго специјализирано возило или со влечење на Моторното возило со друго специјализирано возило на начин пропишан со закон. Транспорт на осигуреното Моторно возило се врши во случај ако не може да се изврши поправка на лице место.
3) Со осигурувањето не се покриени трошоците за пренос на товар од осигуреното возило.
4) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување .
5) Услугата за превоз на возило ги вклучува овие активности:
• доаѓање на местото на интервенцијата;
• товарење на возилото на интервентно возило;
• превоз (шлепување) на возилото;
• истоварување на возилото.
6) Трошоците за патарина, мостарина, траект и слично, кои за интервентното возило на ORYX се појавуваат при обезбедување на оваа услуга, се вклучени во цената на интервенцијата, т.е. влегуваат во пресметката на надоместокот за поволноста за превоз на возилото.
Член 19
ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО*
1) Во случај на сообраќајна незгода или дефект, оваа услуга ги вклучува трошоците за замена на возилото доколку истото не може да се оспособи за управување истиот ден , и истата може да се искористи еднократно во текот на покритието.
2) Осигурувачот организира наем на заменско возило почитувајќи ги локалните можности, односно расположливи возила.
3) Осигуреникот е должен да ги почитува условите на наемодавачот на возилото од договорот за наем на заменското возило. Осигурувачот нема обврски во случај на прекршување на наведените услови.
4) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување.
5) Со осигурувањето не се покриени трошоците за :
• Гориво, патарини, паркинг
• Дополнителни осигурувања
• Парични казни
• Оштетување на заменското возило
• Губење на опремата, деловите, документите или клучевите на возилото
• И останато ...
6) Трошоците за поврат на заменското возило Услугата за користење на заменско возило ги подразбира следните активности на терен:
• организирање на заменско возило;
• достава на возилото до локацијата за преземање на возилото или превоз на осигуреното лице до канцеларијата на закуподавачот, при што трошоците за достава се засметуваат во лимитот на услугата за превоз na возилото
• закуп на заменско возило до лимитот
7) Корисникот има право и должен е да бара издавање на заменско возило истиот ден кога ја користел услугата за превоз (шлепување) на возилото или првиот нареден работен ден, доколку услугата за превоз (шлепување) на возилото ја користел во неработен ден (викенд, празник и сл.).
8) Со цел на корисникот да му се овозможи користење на услугата за заменско возило, корисникот е должен да достави потврда од сервисот дека возилото нема да може да се поправи истиот ден.
Член 20
ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ*
1) Xxxxxxxxxx може да ја искористи поволноста за сместување, ако возилото не е во возна состојба, во случај на дефект или ако се случила сообраќајна несреќа и возилото не може да се поправи истиот ден.
2) Сместувањето се организира за сите патници во возилото и за возачот до лимитот определен со полисата .
3) Доколку единечните трошоци за сместувањето се поголеми од оние од утврдени со лимитот, корисникот сам ги сноси сите трошоци за сместувањето, а по доставување на сметката УНИКА ќе го рефундира износот до лимитот.
4) Трошоците за превоз на патниците до локацијата на сместувањето се засметуваат во лимитот на услугата за сместување
5) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување.
Член 21
АЛТЕРНАТИВЕН ПРЕВОЗ*
1) Корисникот има право на користење на поволноста за алтернативен превоз (такси, автобус, воз, авион) еднократно во текот на временското покритие.
2) Xxxxxxxxxx може да ја реализира поволноста за алтернативен превоз ако возилото не е во возна состојба, во случај не дефект или ако се случила сообраќајна несреќа и возилото не може да биде поправено истиот ден..
3) Алтернативниот превоз се организира за сите патници во возилото и за возачот до лимитот
4) Трошоците за превоз на патниците до локацијата на алтернативниот превоз се засметуваат во лимитот на услугата за алтернативен превоз
5) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување.
Член 22
ДОСТАВА НА ГОРИВО
1) Корисникот има право на користење на поволноста за достава на гориво во текот на временското покритие во случај ако возилото не може да се стави во движење или да го продолжи патувањето поради дефект предизвикан со недостаток на гориво.
2) УНИКА се обврзува да организира достава на гориво и снесува трошоци за доставата на до 20 литри гориво. Горивото се доставува до возилото од онаа продавница / работилница која се наоѓа најблиску до местото каде осигурениот случај настапил.
3) Корисникот самиот ги сноси трошоците за горивото.
4) Лимитот на услугата е определен со полисата за осигурување.
Член 23
МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА - DRIVE ANGEL
2) Со склучување на полисата, осигуреникот се здобива со можност за неограничено користење во рамките на скаденцата на мобилната апликација Drive Angel .Drive Angel е систем / апликација која го детектира возењето ако системот е активиран автоматски или рачно од корисникот и ги обработува и анализира податоците кои ги собира Апликацијата со цел да го прочита статусот на тековното возење на корисникот. Доколку алгоритмот на апликација заклучи дека се постигнати параметри кои укажуваат на сообраќајна несреќа, моментално се активира автоматски повик до контакт центарот, кој содржи клучни релевантни информации од кои операторите во контакт центарот можат веднаш да го проценат степенот на автентичност на алармот и, доколку е потребно, врз основа на добиените информации да го контактираат корисникот или релевантните служби (помош од пат, пожарникари, полиција и брза помош) заради организирање активности за помош.
3) Начинот на активирање и работа на системот Drive Angel, како и ограничувањата на предметниот систем се дефинирани во Општите правила и услови за користење на апликацијата Drive Angel, достапни на веб страната xxxxx://xxxxxxxxxx.xxxx-xxxxxxxxxx.xxx/xx/, а кои услови ќе му бидат достапни на корисникот и на неговиот паметен телефон по инсталирање и активирање на апликацијата Drive Angel на паметниот телефон. Општите правила и услови за користење на апликацијата Drive Angel ги дополнуваат овие Услови во поглед на користењето на апликацијата Drive Angel.
Член 24
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
1) Осигурувачот не обезбедува услуги и не покрива трошоци доколку:
• Осигуреникот/корисникот организирањето на услугата за помош на пат да не ги довери на центарот за асистенција (кој е наведен на полисата за осигурување) веднаш по настапувањето на осигурениот случај, односно доколку настанувањето на осигурениот случај не е пријавено во центарот за асистенција, како и доколку не ги следи сите нивни упатства и да не ги преземе сите потребни мерки со цел да се намали обемот на штета;
• Осигуреникот/корисникот не биде на местото на обезбедување на услугата (освен кога е потребна итна медицинска помош)
• Осигуреникот/корисникот секој настан што може да резултира со исплата или надоместување од стра на УНИКА да не го пријави во пишана форма во рок од 30 дена од настанување на осигурениот случај
• Осигуреникот/корисникот побара превоз на возило кое е неосигурано, нерегистрирано или кое нема важечка сообраќајна дозвола;
• Ако осигурениот случај се случил поради воени настани или дејствија слични на војна, нереди, револуции, граѓански немири, востанија, социјални немири, радијација, штрајкови, демонстрации, терористички акти или саботажи, земјотреси, детонации со експлозив, насилства или други слични настани;
• Ако во моментот на настанување на осигурените случаи со возилото управувало лице без соодветна возачка дозвола;
• Ако во моментот на настанување на осигурените случаи со возилото управувало лице без знаење и одобрување на сопственикот на возилото или лице кое на незаконски начин стекнало владение врз возилото;
• Ако осигуреникот/корисникот учествувал во обложување, криминал и тепачки, како и други кривични дела;
• Ако осигуреникот/корисникот учествувал во натпревари и трки со цел да постигне најголема или најголема просечна брзина, вклучувајќи ги и тренинзите;
• Ако возачката способност на осигуреникот/корисникот била значително намалена така што тој не бил во состојба да го управува возилото на безбеден начин, а особено ако во моментот на осигурен
случај бил под дејство на алкохол, дроги, психоактивни лекови или други психоактивни супстанции.
2) Xxxxxxxxxx, кој овозможил со возилото да управува лице во ситуациите од претходниот став на овој член, ги губи правата од договорот за осигурување.
Член 25
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој што се бара помош на пат на Моторно возило, а за да го оствари правото на помош на пат во согласност со овие Услови, Осигурениот е должен да постапи на следниот начин:
• веднаш или во најкраток можен рок од настанувањето на осигурениот случај, да го контактира центарот за асистенција преку контакт телефон или друг вид на контакт кој што е означен на полисата или на друг документ издаден од страна на Осигурувачот, како и организирањето на услугата да го довери на контакт ценарот да ги следи инструкциите на операторот со цел за извршување на договорените услуги ;
• прописно да ги обезбеди лицата кои што се превезувале со Моторното возило за кое што е склучено осигурување на помош на пат, како и прописно да го обезбеди самото возило и истовремено да биде на местото на обезбедување на услугата (освен во случај на повреда, кога е потребна итна медицинска помош);
• на центарот за асистенција да и даде точни и прецизни информации кои што тој ќе ги бара од него заради проверка на содржината на пријавата за настанување на осигурен случај, како и информации за осигурениот случај и видот на потребна помош на пат, како и да ги ги следи нивните упатства и да ги преземе сите потребни мерки со цел да се намали обемот на штетата
• во потполност да ги почитува советите и инструкциите кои што му се дадени од страна на центарот за асистенција;
• сите мерки преземени со цел намалување на штетните последици заради настанување на осигурениот случај да ги спроведе само со консултација на центарот за асистенција.
• Секој осигурен случај што може да резултира со исплата или надоместување од страна на УНИКА, да го пријави во пишана форма во рок од 30 дена од настанувањето на осигурениот случај.
• Ако збирот на севкупните трошоци за обезбедените услуги биде поголем од лимитот утврден полисата за осигурување, корисникот е должен во моментот на пречекорување на лимитот да ги подмири пречекорувањата на наведените износи (износ над лимитот) кон центарот за асистенција. Доколку заради износот на останатите поволности е неопходно да се доплати разлика со цел да му биде обезбедена поволноста на корисникот, а корисникот одбие тоа да го стори, УНИКА и центарот за асистенција не се должни да ја обезбедат услугата утврдена со договорот за осигурување .
• Да го потпише образецот изготвен од страна на центарот за асистенција, согласно кој се евидентира исполнувањето на услугата и покритието утврдени со договорот за осигурување.
Член 26
ПРИЈАВА НА ЛАЖЕН ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ И ДАВАЊЕ НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ
1) Во случај на пријава на лажен осигурен случај кај центарот за асистенција, Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето е должен да ги надомести сите директни и индиректни трошоци кои заради тоа ќе ги поднесе Осигурувачот.
2) Во случај на давање на неточни информации на центарот за асистенција врз основа на кои што се генерирани дополнителни трошоци за Осигурувачот, кои што не би се појавиле да немало неточни информации, овие дополнителни трошоци е должен да ги надомести Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето.
Член 27
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
1) Заради давање на помош на пат на Моторно возило во согласност со овие Услови, Осигурувачот е должен за своја сметка да обезбеди Центар за
асистенција, одреден со член 1 од овие Услови.
2) Осигурувачот е должен преку Центарот за асистенција да обезбеди контакт центар кој што ќе ги прима и обработува информациите од Осигуреникот 24 часа дневно, седум дена во неделата .
3) Во случај на настанување на осигурен случај, Осигурувачот преку Центарот за асистенција е должен:
• да му дава совети, информации и инструкции на Осигуреникот;
• квалитетно и ефикасно да ја реализира договорената помош на пат до договорената сума на осигурување, т.е. лимитот на покритието.
• доколку трошоците за помош на пат ги надминуваат договорените суми на осигурувањето и договорените лимити на покритието, оваа разлика во трошоците ја надоместува Осигуреникот.
Член 28
ПРЕТСТАВКА
1. За постапување и решавање по приговори е надлежна УНИКА АД Скопје, а не Центарот за асистенција.
2. Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до :
a. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување ( комисија за постапување по преставки)
b. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
c. Организацијата за заштита на потрошувачи и
d. Агенцијата за супервизија на осигурување.
3. Преставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето, по пошта или електронски пат на маил адресата xxxx@xxxxx.xx, или во било која подружници на Друштвото.
4. Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката.
5. Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Член 29
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
1. Осигурувањето од автомобилска асистенција важи за случаи на асистенција согласно склуечната полиса за осигурување и одбраниот покритие.
2. Регионалното покритие опфаќа случаи на асистенција кои настануваат на подрачјето на С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора и се однесува на патната мрежа која обезбедува нормална достапност до местото каде возилото останало во дефект
3. Европското покритие опфаќа случаи на асистенција кои настануваат на подрачјето на Европа и се однесува на патната мрежа која обезбедува нормална достапност до местото каде возилото останало во дефект.
4. Покритието за С.Македонија важат за територијата на Р.С.Македонија и се однесува на патната мрежа која обезбедува нормална достапност до местото каде возилото останало во дефект.
Член 30
ПРИМЕНА НА ЗАКОН
1. За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување.
2. Ако со овие услови некое прашање се уредува спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
Член 31
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
1. Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати со допис или барање за заштита на своите права,
поднесување на жалби или преставки.
Член 32
ДОВЕРЛИВОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
1. Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето , член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.
2. Друштвото за осигурување е должно сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
3. Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
• ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
• во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
• ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
• ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
• ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување насупервизија во рамките наутврдените одговорности;
• ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
• во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
4. Осигурувачот постапува исклучиво по поднесено писмено барање од барателот на информацијата
5. Дополнителни податоци за обработката на личните податоци, правниот основ, целите за обработка, роковите за чување на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxx.xx/xxxxxxx- на-лични-податоци-уника-а-д-ск/
Член 33
ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
1. Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 34
КЛАУЗУЛА ЗА САНКЦИИ
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на штета или да обезбеди друг вид на надомест ,по основа на оваа полиса, доколку плаќањето на штета или друг вид на надомест e во спротивност и/или го изложи осигурувачот на какво било санкции,забрани,рестрикции и 6 Општи услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување со повеќекратно плаќање на премија ембарго,определени со резолуции на Обединетоте нации, трговски или економски санкции,закони или регулативи на Европската Унија,Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, или кое било национално законодавство што важи за страните на овој договор.
Член 35
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 15.02.2024 година.