Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 02 3288 800, факс 02 3215 128,www.uniqa.mk
Услови за осигурување на моторни возила од автомобилска одговорност
Овие услови се донесени на редовна седница на Управниот одбор одржана на 16.02.2022 година и со одлука број 2022_0202_18 од 16.02.2022 год се применуваат од 01.03.2022 година.
Воведни одредби
Одделните изрази употребени во овие услови ги имаат следните значења:
1. Осигурувач – друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје
2. Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
3. Осигуреник - лице чијa законска одговорност е осигурена;
4. Осигурен случај - настан што може да доведе до остварување на оштетно побарување од страна на оштетениот;
5. Корисник - сопственик на моторно возило и секое лице што има право на располагање, односно на кого возилото му е дадено на користење;
6. Сума на осигурување - износ на кој е осигурена одговорноста на осигуреникот;
7. Премија - износ кој договорувачот на осигурувзње го плаќа по договорот за осигурување;
8. Полиса - исправа за договор за осигурување.
9. Интернет продажба-продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест-премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни,со користење на електронски средства и на лично барање на договарачот на осигурување или осигуреникот.
Член 1
Склучување на договор за осигурување
(1) Договор за осигурување од автомобилска одговорност може да склучи лице кое поседува или користи моторно возило или приклучно возило и кое има интерес да не настане осигурен случај затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
(2) Договор за осигурување од автомобилска одговорност може да склучи лице кое поседува или користи моторно возило или приклучно возило со странска регистарска ознака –задолжително гранично осигурување, но во услови на класична продажба ( директен непосреден контакт)
(3) Договор за осигурување од автомобилска одговорност во услови на класична продажба на полиси е склучен кога осигурувачот и договарачот ке ја потпишат полисата за осигурување.( без употреба на електронски потпис)
(4) Интернет продажбата на осигурување може да се организира само за осигурително покритие од автомобилска одговорност со важност само на територијата на Р. Северна Македонија, под услов истото да претставува обнова на полисата за осигурување во законските рокови ( да нема прекин) без дополнителни измени или дополнувања ( под истите услови ) 1)Во случај на интернет продажба на осигурување, договарачот на осигурување односно осигуреникот со користење на електронски средства обезбедни од страна на осигурувачот сам ги внесува сите потребни податоци за изработка на полисата за осигурување,врз основа на што добива информативна понуда од осигурувачот. Доколку осигуреникот односно договарачот ја прифака понудата ,истото преку електронските средства го потврдува и ги прифака понудените премии и услови за осигурување
2) Со користење на електронските средства обезбедени од страна на осигурувачот, договарачот на осигурувањето односно осигуреникот
,врши плаќање на премијата за осигурување со платежна картичка.
3) Откако ке се изврши плаќањето на премијата, договарачот на осигурувањето односно осигуреникот на валидна и точна е-маил адреса која сам ја евидентира во процесот на пополнување на електронските податоци ,добива полиса за осигурување.
Заедно со полисата за осигурување на наведената е-маил адреса се доставуваат важечките Условите за автомобилска одговорност и Европски извештај.
4) во случај на интернет продажба на осигурување полисата за осигурување содржи електронски потпис од овластено лице на УНИКА АД
како осигурувач.
5) во случај на интернет продажба на осигурување, договарачот односно осигуреникот своерачно ја потпишува полисата за осигурување и истата служи како доказ при поднесено барање за продолжување на важноста за регистрација
(5) Согласно член 959 од Законот за облигациони односи договорниот однос од осигурувањето настапува со самото плаќање на премијата за осигурување.
Член 2
Обем на покритие
(1) Осигурувачот е во обврска, врз основа на прописите за одговорност за надомест на штета, да надомести штета ако со употреба на моторно возило се причини штета на трето лице, поради:
1. Смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето, или
2. Уништување или оштетување на предмети, освен од одговорност за штети за предмети што ги примил на превоз.
(2) Покрај одговорноста на корисникот на возилото, осигурена е и одговорноста на сите лица кои постапуваат по волјата на корисникот при употреба на возилото (возач, кондуктер и сл.), Како и на лицата што се превезуваат во возилото по волја на неговиот корисник.
(3) Со осигурувањето од одговорност, опфатена е и одговорноста за штета што ќе ја причини приклучно или неисправно возило додека е споено со возилото кое го влече и откако се одвои од тоа возило и дејствува во функционална зависност со него.
(4) Договорената осигурена сума претставува горна граница на обврските на осигурувачот за сите давања по еден штетен настан, доколку поинаку не се договори, без оглед на бројот на оштетените. Повеќе временски поврзани штети, ако настанале поради иста причина, претставуваат еден осигурен случај.
(5) Обврска на друштвото за осигурување која произлегува од осигурувањето на автомобилска одговорност не може да биде поголема од минималните суми на осигурување, пропишани во законот за задолжително осигурување во сообраќајот, освен ако со договорот за осигурување не е предвиден повисок износ.
(6) Со осигурувањето од автомобилска одговорност се опфатени штетите предизвикани со употреба на моторното возило од неовластено лице, согласно одредбите на членот 16 од законот за задолжително осигурување во сообраќајот.
Член 3
Влијание на промена на сопственоста на возилото врз договорот за осигурување
Ако во текот на траењето на осигурувањето се промени сопственикот, односно корисникот на моторното возило, правата и обврските од договорот за осигурување од автомобилска одговорност преминуваат врз новиот сопственик, односно корисник и траат до истекот на тековниот период за осигурување.
Член 4
Исклучување од осигурување
(1) Од осигурително покритие исклучени се оштетните побарувања:
1. Кои по основ на договор или посебно ветување го надминуваат обемот на обврските што произлегуваат од правните прописи од одговорност за причинета штета;
2. Лицето кое управувало со моторното возило, со чија употреба е предизвикана незгодата.
Сопственикот, сосопственикот, договорувачот на осигурувањето и секој друг корисник на возилото кој во моментот на настанувањето на незгодата не управувал со моторното возило, со чија употреба е предизвикана незгодата, но само за износот на штета поради уништување и оштетување на предмети.
Лицето кое на нелегален начин присвоило моторно возило, како и соучесникот во нелегалното присвојување на моторно возило, со чија употреба е предизвикана незгодата, без разлика дали истото управувало со моторното возило во моментот на настанување на незгодата, и
Лицата кои штетата ја претрпеле како резултат на:
• Употреба на моторно возило во спортски приредби за кои е добиена официјална согласност и на кои е потребно да се постигне максимална брзина и
• Употреба на моторното возило во терористички акт или воени операции дефинирани согласно кривичниот закон.
3. Што се однесуваат на предмети доверени на осигуреникот или на некое друго осигурено лице, а особено ако тие ствари ги превезува, користи или чува;
4. Заради оштетување на лица или предмети кои ќе настанат при превоз со возилото, поради нуклеарни или друти радиоактивни материи, ако оштетувањето е непосредно или посредна последица на кинење на јадрото или од зрачење на тие материи;
5. За штети причинети при воени операции или побуни.
(2) Ако посебно не се договори, од осигурително покритие се исклучени оштетните побарувања кои произлегуваат од штетен настан што настанал за време додека возилото било мобилизирано или реквирирано од страна на властите во мирно време, и тоа од моментот на пристигнување на првото определено место до моментот на превземање на возилото.
Член 5
Губење на правата од осигурување
(1) Осигуреникот ги губи правата од осигурување:
1. Ако овозможи да се превезуваат лица на место кое не е предвидено за превоз на лица, за барањата што тие лица ќе ги постават, освен за барање на лицата што се превезуваат во согласност со прописите;
2. Ако со возилото управува без пропишана дозвола за соодветен вид на возилото или ако му е изречена мерка на безбедност или заштитна мерка управување со тој вид на возило, или без надзор на овластен возач
- инструктор се обучува за управување со моторно возило во сообраќајот;
3. Ако не е платена дополнителна премија за зголемен ризик, осигуреникот ги губи правата од осигурување за секој осигурен случај во сразмер помеѓу платената премија и премијата што требало да се плати.
(2) Осигурувачот има право на регрес врз основа на законот за осигурување за исплатените износи на надоместените штети, заедно со камата и трошоци.
Член 6
Право на суброгација
(1) Со осигурувањето од автомобилска одговорност се опфатени штетите предизвикани со употреба на моторното возило од неовластено лице.
(2) За неовластено лице во смисла на ставот 1 (од овој член) се смета лице кое:
(a) управувало со моторното возило без соодветна возачка исправа, вклучувајќи лице кое е на обука за добивање на возачка исправа без присуство на овластено лице, или
(б) на нелегален начин управувало со моторното возило, или лице кое е соучесник во таквиот чин, или
(в) управувало со моторното возило под дејство на алкохол над дозволеното ниво согласно со закон, наркотички дроги или психотропски супстанци.
Лицето се смета дека е под дејство на алкохол, наркотични дроги или психотропски супстанци во случај и кога по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на неговата алхолозираност или дрогираност или консумира алкохол, наркотични дроги или психотропски супстанци, така што го оневозможи утврдувањето на присуство на алкохол, наркотични дроги или психотропски супстанци во крвата во моментот на настанување на незгодата
(3) Друштвото за осигурување што ќе ја надомести штетата предизвикана со употреба на моторното возило од страна на неовластено лице, има право на регрес за исплатениот износ на надомест на штета заедно со
каматата и трошоците создадени на тој начин од неовластеното лице.
Член 7
Обврски на осигуреникот
(1) Сопственикот на моторното возило е должен да го извести друштвото за осигурувње со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанување на сообраќајната негода и да досави пополнет Европски извештај за сообраќајната незгода во рок од 30 дена од денот на настанување на незгодата.
(2) Непочитувањето на рокот за известување од став 1 на овој член не влијае врз правото на оштетеното лице за надомест на штета.
(3) Доколку сопственикот на моторното возило не постапи согласно одредбите од став 1 на овој член друштвото за осигурување има право на регрес на сите исплатени средства или настанти трошоци кои не би настанале доколку сопственикот на моторното возило ги почитувал роковите за известување предвидени во став (1) на овој член.
(4) Осигуреникот, според своите можности, е во обврска да му помогне на осигурувачот во утврдување на одговорноста и е должен да му даде вистински и исцрпни податоци за штетниот настан и околностите под кои тој настанал.
(5) Ако против осигуреникот е истакнато оштетно барање, е поднесена тужба за надомест на штета, е поставено имотно правно побарување, или е ставен предлог за обезбедување на докази, тој е во обврска, без одложување, за тоа да го извести осигурувачот и да му ги достави сите докази што ги содржи соодветното побарување.
(6) Осигуреникот е должен водењето на парницата да го препушти на осигурувачот.
(7) Осигуреникот е должен обработувањето на оштетното побарување да го препушти на осигурувачот и нема право да го одбие, а особено нема право да го признае, освен ако со тоа не се прави очигледна неправда.
(8) Договорувачот на осигурување, односно осигуреникот е должен сите свои известувања упатени на осигурувачот писмено да ги потврди, а особено за промената на име, назив и адреса.
(9) Повредата на обврските од овој член има за последица смалување на обврските на осигурувачот за толку колку што настанала поголема штета поради тие повреди.
Член 8
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е должен да ги подмири оправданите барања и да преземе мерки за заштита на осигуреникот од неосновани или претерани оштетни барања. Ако осигурувачот ја повреди оваа обврска должен е на осигуреникот да му ја надомести штетата.
(2) Осигурувачот е овластен во име на осигуреникот да ги дава сите изјави, кои според негово мислење се потребни, заради надомест на штетата, или заради заштита од неосновани или претрпени барања.
(3) Трошоците за одбрана на осигуреникот во кривична постапка ги надоместува осигурувачот само во случај кога изрично дал согласност за бранител и се обврзал за надомест на трошоците.
(4) Трошоците на парничната постапка ги надоместува осигурувачот доколку парницата ја водел осигуреникот во согласност со осигурувачот, или ако бил застапуван од лице што го одредил осигурувачот и тоа во полн износ без оглед на висината на осигурената сума.
(5) Кога правното лице кое врши работи на здравствено, пензиско и инвалидско осигурување ќе истакне барање за надомест на средства потрошени за лекување и други трошоци за згрижување направени согласно прописите за здравствено осигурување спрема друштвото за осигурување, друштвото за осигурување е должно во рамките на одговорноста на својот осигуреник да плати надоместок во висина на овие трошоци, односно е должно да плати сразмерен износ на придонесот за инвалидско или пензиско осигурување, освен во случај на штета предизвикана со употреба на неосигурено или непознато моторно возило.
Член 9
Територијално важење на осигурувањето
(1) Осигурителното покритие, ако поинаку не е договорено, се однесува на територијата на Република Северна Македонија и на земјите членки на Советот на бироа за зелена карта.
(2) За возилата што ги користат македонските работни и други организации за изведување на градежни, монтажни, истражувачки и слични работи вон територијата на Република Северна Македонија, може за време на изведувањето на тие работи, да се склучи осигурување од одговорност по овие услови.
(3) Ако во државата во која настапил осигурен случај, осигурувањето од одговорност е задолжително, се смета дека осигурувањето било договорено на минимална осигурена сума пропишана во таа земја, освен ако покритието од полисата за осигурување е поповолно за осигуреникот.
(4) За возила со странска регистрација осигурувањето важи само на територијата на Република Северна Македонија и не може да се издаде Зелена карта.
Член 10
Започнување и престанување на осигурително покритие
(1) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е наведен како почеток на осигурување, ако до тој ден е платена премијата, односно по истекот на 24 часот на денот кога премијата е платена, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Обврската на осигурувачот престанува по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето.
(3) Кај осигурување склучено на една или повеќе години, меѓусебните обврски и права од договорот се продолжуваат за 30 дена (рок на чекање), доколку на осигурувачот, најдоцна три дена пред истекот на рокот на осигурување не му е врачена изјава на договорувачот на осигурување дека не се согласува со негово продолжување.
Ако во рокот на чекање настапи осигурен случај, договорувачот на осигурување е должен да плати премија на осигурување за цела година.
Член 11
Утврдување на премија
(1) Премијата за осигурување се утврдува со тарифата на премии за осигурување од автомобилска одговорност.
Член 12
(1) Зголемувањето односно намалувањето на премијата во зависност од остварен штетен настан (бонус-малус систем) се утврдува согласно тарифата на премии за осигурување од автомобилска одговорност.
(2) Премијата од став 1 на овој член се пресметува на осигуреникот- сопственикот на возилото.
Член 13
(1) По исклучок на член 11 став 2 бонус малус системот за лизинг компаниите се пресметува на договорувачот на осигурување.
Член 14
Плаќање на премија
(1) Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа при преземање на полисата, ако поинаку не е договорено.
(2) Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа на свој ризик и трошок.
(3) Ако премијата е платена по пошта или преку банка - депонент, како ден на плаќање се смета денот кога премијата уредно е уплатена.
(4 ) Во случај на интернет продажба плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување
Член 15
Враќање на премија
(1) Во случај на уништување или одјавување на возилото, осигурувачот е во обврска, по барање на договарачот односно осигуреникот кај договорите за долгорочното осигурување, да врати дел од премијата за преостанатото време на траење на осигурувањето (про-рата) сметано од денот на приемот на барањето за откажување на договорот, доколку до
тогаш не се остварил осигурен случај.
(2) Случаи кога не е возможно враќање на премијата:
- Доколку траењето на осигурувањето е започнато
- осигурувачот дал услуга односно исплатил штета на трети лица
- доколку договорот за осигурување завршил.
Член 16
Писмена форма
(1) Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што се даваат по одредбите на договорот за осигурување, мора да бидат дадени во писмена форма.
Член 17
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурување, односно осигуреникот и осигурувачот месно надлежен е надлежниот суд според местото на склучување на договорот за осигурување.
Член 18
Остварување на правата од договорот за осигурување
(1) Оштетеното лице или корисникот на осигурување го доставува оштетното побарување до Друштвото за осигурување во писмена форма,на образец предвиден од осигурувачот-Пријава на штета или во слободна форма кога оштетното побарување се однесува на нематеријална штета.
(2) Оштетното побарување може да се поднесе лично или преку полномошник ,директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште или во било која podru`nica на Друштвото.
(3) Оштетното побарување може да се поднесе и преку пошта или по електронски пат на следната емаил адреса: xxxx@xxxxx.xx
(4) Кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво осигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво во случај на настанување на осигурениот случај.
(5) Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата.Доколку барањето е некомплетно ,осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето .
(6) Осигурувачот може да донесе одлука за решавање на штетата и во случај кога осигуреникот не постапил по најмалку две последователни барања за доставување на дополнителна документација од став 3 на овој член,но ваквата одлука не може да биде донесена во рок пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за штета.
Член 19
Застарување на побарувањето за надомест на штета
(1) Побарувањето на надомест на штета по основ на автомобилска одговорност застарува во рок до три години од кога оштетениот дознал за штетата и лицето кое ја сторило штетата.
(2) Во секој случај побарувањето застарува за пет години од кога настанала штетата под услови утврдени со ЗОО
(3) Кога штетата е причинeтa со кривично дело ,а за кривичното гонење е предвиден подолг рок на застерност ,барањето за надомест на штета спрема одговорното лице застарува кога ке измине времето определено за застареност на кривичното гонење.
Член 20
Доверливост и заштита на личните податоци
(1) Друштвото за осигурување е должно сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
(2) Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
1) ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2) во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3) ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4) ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5) ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
6) ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
7) во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
(3) Осигурувачот постапува исклучиво по поднесено писмено барање од барателот на информацијата
(4) Осигурувачот во однос на личните податоци кои ги поседува постапува согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурување и други законски и подзаконски акти од оваа област.
Член 24
Во случај на спор во врска со примената на овие Општи услови во поглед на односите помегу осигурувачот и осигуреникот/корисникот на осигурување или трети лица за извршувањето, обемот и пристигнувањето на обврските ке се примени Закон за облигациони односи ,Законот за супервизија на осигурувањето , Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила,Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и другите важечки законски и подзаконски акти.
Член 21
Право на претставка
(1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1. Oрганизационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување (комисија за постапување по преставки);
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Преставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, дирекно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето
,по пошта или електронски пат на маил адресата xxxx@xxxxx.xx , или во било која експозитура на Друштвото .
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката. Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Доколку спорот не решен во постапка по приговор ,секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно прописите кои ја уредуваат оваа постапка
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи.
(2) Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, член 107 и член
Член 22
Измени на условите за осигурување и тарифата на премии Ако осигурувачот ги измени Условите за осигурување или Тарифата на премии, должен е за тоа писмено, или на друг погоден начин, да го извести договарачот на осигурувањето најдоцна шеесет дена пред истекот на тековната година на осигурувањето.
Член 23
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати до допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или преставки.