Право на покажување на интерес за склучување на РД имаат сите заинтересирани производители, снабдувачи и трговци со електрична енергија од Република Македонија кои се регистрирани во согласност со законските прописи на Република Македонија, и кои...
О Т В О Р Е Н
Ј А В Е Н П О В И К
За покажување на интерес за склучување на Рамковен договор за набавка на електрична енергија за подолг период
за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа
ЈП. бр. 02/18
Скопје, 2018
Врз основа на Решението од РКЕ со арх.бр. 02-1927/1 од 03.10.2018 за одобрување на Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа, ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на електрична енергија објавува
О Т В О Р Е Н Ј А В Е Н П О В И К
за покажување на интерес за склучување на Рамковни договори за набавка на електрична енергија за подолг период за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа
1. Предмет на отворениот Јавен повик
Се објавува отворен Xxxxx повик со кој ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на електрична енергија (во понатамошниот текст: ЕВН Електродистрибуција) ги поканува сите заинтересирани страни да покажат интерес за склучување на Рамковен договор за набавка на електрична енергија за подолг период за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа. Рамковниот договор претставува основа врз која ЕВН Електродистрибуција , ја дефинира набавката на електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа.
2. Дефиниции и кратенки
(1) Термините користени во овој отворен Јавен повик го имаат следното значење:
Рамковен договор (РД) | Договор склучен помеѓу Продавачот и ОДС. |
Понудувач | Производител или трговец или снабдувач на електрична енергија регистриран во согласност со законските прописи на Република Македонија, и кои поседуваат соодветна лиценца издадена од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, како и EIC код издаден од страна на АД МЕПСО кој учествува на Отворен Јавен Повик |
Квалификуван понудувач | Понудувач кој има склучено Xxxxxxxx Договор со ОДС |
Избран понудувач | Понудувач кој има склучено Индивидуален Договор со ОДС |
Отворен Јавен повик | Овој документ кој е објавен во два дневни весници во Република Македонија и достапен на интернет страната xxx.xxxxxxxxxxxxxxxxxxx.xx |
Набавка на електрична енергија | Постапка која ја спроведува ОДС во согласност со Правилата за Набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа на ОДС |
Индивидуален договор | Купопродажен договор помеѓу квалификуван понудувач и ОДС со кој се утврдуваат комерцијалните услови за купопродажба на електрична енергија. |
Понуда | Понуда за продажба на електрична енергија (MWh) по одредена цена (ЕUR/MWh) заокружена на две децимали, доставена од страна на квалификуван понудувач. |
Индивидуално Барање за Доставување на Понуди (ИБДП) | Документ во електронска форма кој е испратен од страна на ОДС до сите квалификувани понудувачи преку електронска пошта во кој прецизно се утврдуваат условите според кои ќе биде спроведена постапката за набавка на електрична енергија за подолг период на отворен пазар преку тендерска постапка. |
Постапка за набавка на електрична енергија | Редослед на настани поврзани со набавка на електрична енергија кои почнуваат со ИБДП од страна на ОДС, доставени понуди од страна на квалификуваните понудувачи, евалуација и избор на најповолни понудувачи и завршуваат со склучување на Индивидуален Договор со избраните понудувачи. |
Дијаграм за испорака на електрична енергија и моќност | Барање на ОДС во кој е содржана распределбата на електрична енергија и моќност, на часовно ниво, за одреден временски период. |
(2) Кратенките користени во овoj отворен Јавен повик ќе го имаат следното значење:
ОДС | Оператор на електродистрибутивен систем – ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје |
РКЕ | Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија |
РД | Рамковен договор |
ИД | Индивидуален договор |
ИБДП | Индивидуално барање за доставување на понуди |
3. Право на учество на Јавниот повик
Право на покажување на интерес за склучување на РД имаат сите заинтересирани производители, снабдувачи и трговци со електрична енергија од Република Македонија кои се регистрирани во согласност со законските прописи на Република Македонија, и кои поседуваат соодветна лиценца издадена од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија како и EIC код издаден од страна на АД МЕПСО
4. Опис на процесот за набавка на електрична енергија
ОДС ќе набавува електрична енергија за покривање на загубите во дистрибутивната мрежа на транспарентен, конкурентен и недискриминатроен процес. Овој процес е структуриран на следниот начин:
А) Отворен Xxxxx повик за склучување на РД
Овој документ.
Б) Оценување и квалификација пред склучување на РД
Оценувањето на Понудувачите кои покажуваат интерес за склучување на РД го вршат овластени лица од страна на ОДС. Овластените лица од ОДС по достава на документите од страна на понудувачот а кои се наведени во точка 5 од овој отворен Јавен повик вршат проверка дали доставените документи се важечки (не постари од 6 (шест) месеци), и дали се издадени од соодветни надлежни органи на Република Македонија.
Овластените лица од ОДС го информираат Понудувачот за комплетноста на документацијата и доколку истата е целосна го покануваат да склучи РД со ОДС и да се стекне со статус на квалификуван понудувач кој може да учствува во процесот за набавка на електрична енергија.
Во спротивно, доколку доставената документација од Понудувачот не е комплетна и целосна, истиот ќе биде информиран за недостатоците и за истиот процесот на квалификација ќе трае се до комплетирање на наведените документи.
В) Склучување на РД
Понудувачот кој ќе склучи РД со ОДС, се стекнува со правото на квалификуван понудувач и истиот ќе може да учествува во процесот за набавка на електрична енергија,
Г) Индивидуално Барање за Доставување на Понуди (ИБДП)
Сите квалификувани понудувачи ќе добијат ИБДП преку преку електронска веб платформа и/или електронска пошта , во случај кога е инициран процес за набавка на електрична енергија. Секое ИБДП ќе содржи инструкции и правила за доставување на понуда од страна на Понудувачот. Понудувачот со доставување на неговата понуда во целост ги прифаќа правилата дефинирани во ИБДП, и се оврзува да постапува по истите се до завршување на процесот за набавка на електрична енергија и склучување на ИД.
Д) Рангирање и Избор на најповолен Понудувач
Рангирањето на најповолен понудувач го вршат овластени лица од ОДС преку евалуација на понудите по пат на “Листа на мериторно подредување”, Листата на мериторно подредување се формира со растечки редослед, така што, прворангирана е понудата за електрична енергија со најниска цена.
Цените за електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа за набавка на електрична енергија за подолг период на отворен пазар се сметаат за примарен критериум за рангирање и избор на Понудите. Времето на прием на Понудите ќе биде земен како секундарен критериум, единствено доколку две или повеќе понуди се со иста цена. Во таков случај предност ќе биде дадена на понудата со најрано регистрирано време на прием.Изборот на најповолен Понудувач го вршат Управителите на ОДС, земајќи го во предвид рангирањето на најповолните понудувачи.
Ѓ) Објавување на резултатите и известување
Објавувањето на резултатите од процесот за набавка на електрична енергија за потребите на ОДС се врши со испраќање на известување преку електронска пошта до сите Понудувачи кои земале учество во процесот на набавка на електрична енергија и кои имале валидна понуда согласно инструкциите и правилата дефинирани во ИБДП.
Е) Потпишување на Индивидуален договор
Пред истекот на важноста на понудата, ОДС ќе го покани избраниот Понудувач да склучи ИД во рок дефиниран во ИБДП. Во ИД ќе бидат дефинирани правата и обврските помеѓу ОДС и Понудувачот.
5. Документација
Покажувањето на интерес од страна на заинтересираните Понудувачи треба да ги содржи следните документи:
– Изјава дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
– Потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
– Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
– Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде Понудувачот е регистриран;
– Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
– Потврда од Регистарот дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
– Документ за лиценцирана дејност како доказ дека подносителот е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со купопродажба на електрична енергија од надлежен орган;
– Тековна состојба издадена од надлежен орган;
– Извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех;
– Известување од АД МЕПСО за одобрен и регистриран ENTSO-E идентификационен код (EIC);
– Xxxxxx дека неповратно и безусловно ги прифаќа условите од РД и ИД;
Сите наведени потребни документи се доставуваат исклучиво во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Документите треба да бидат во согласност со законодавството на земјата во која се наоѓа седиштето на субјектот кој се јавува на отворениот повик и истите да не бидат постари од шест месеци.
Напомена: Пријавите за покажување на интерес за склучување на РД со непотполна документација нема да се сметаат за важечки се додека не се комплетираат. Доставените прилози не се враќаат.
6. Начин на покажување на интерес за склучување на РД
Сите заинтересирани Понудувачи кои сакаат да покажат интерес за склучување на РД со ОДС за набавка на електрична енергија треба да ги достават сите потребни документи согласно со овој отворен Јавен повик наведени во точка 5.
Покажувањето на интерес за склучување на РД за набавка на електрична енергија за покривање на загубите на електрична енергија во дистрибутивната мрежа, треба да биде со доставување на документите на адреса: ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје Друштво за дистрибуција на електрична енергија, ул. 11 Октомври бр. 9, 1000 Скопје, во архивата на ЕВН Електродистрибуција во затворен плик со назнака – Пријава за склучување на Рамковен договор за набавка на електрична енергија за подолг период за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа – НЕ ОТВАРАЈ.
7. Останати одредби
Сите трошоци настанати за Понудувачот во подготвувањето и испраќањето на документите во врска со овој отворен Xxxxx повик паѓаат на товар на Понудувачот.
ОДС ќе ги земе предвид само комплетните документи согласно Точка 5 од овој отворен Јавен повик.
Сите прашања во врска со овој отворен Xxxxx повик треба да бидат проследени во писмена форма на следната електронска пошта : xxxxxxx.xxxxxxxx@xxx.xx или xxxxxx.xxxxxxx@xxx.xx
8. Завршни одредби
РД кои се склучени помеѓу ОДС и квалификуваните понудувачи врз основа на претходно објавениот Јавен повик (01/17) ќе продолжат да важат како РД за набавка на електрична енергија за подолг период за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа.
РД престанува да важи доколку квалификуваниот понудувач:
– побара раскинување на РД по било кој основ,
– сторил прекршување на обврските согласно член 15 од Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа,
– не ја продолжи важноста на лиценцата за вршење на енергетска дејност по истекот на рокот на важење , или истата е суспендирана или одземена од страна на РКЕ
– го раскинал договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со операторот на пазарот за електрична енергија