Contract
ДОГОВОР МЕЃУ СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА И РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ЗА ПРАВНА ПОМОШ ВО КРИВИЧНИ РАБОТИ ОД 1 ФЕВРУАРИ 1982 ГОДИНА1
Обврска за укажување правна помош Член 1.
(1) Земјите договорнички се обврзуваат дека, според долунаведените одредби и услови, во најголема можна мера, заемно ќе укажуваат правна помош во сите
постапки во однос на кривични дела за кои во времето кога е побарана правна помош се надлежни правосудните органи на државата молител.
(2) Правна помош исто така ќе се укажува:
a) во предмети за отповикување условна осуда, условно отпуштање, одложување или прекинување на извршувањето на казната или превентивни мерки;
б) во постапки за обесштетување поради неоправдан притвор или неоправдано осудување во врска со кривична постапка;
в) во предмети на помилување;
г) во предмети на казнената евиденција;
д) во врска со доставувањето повик за издржување казна или налог за плаќање парична казна и трошоците на постапката.
Царински прописи Член 2.
(1) Правна помош се укажува и за дејство кои според мислењето на замолената држава се состојат исклучиво од повреда на царинските прописи.
(2) Царински прописи во смисла на став 1 од овој член се правни прописи за увоз, извоз, транзит и складирање на стоки, што се однесуваат на царински или други увозно-извозни давачки.
(3) Правна помош се укажува независно од тоа дали во замолената држава постои царински пропис од истиот вид.
(4) Документите и соопштенијата што се доставуваат до правосудните органи на државата молител во врска со замолницата за укажување правна помош поради
∗ Договорот е објавен во „Службен весник на СФРЈ“ – Меѓународни договори, бр. 2/83, а влегол во сила на 1 јануари 1984 година.
царински кривични предмети смее да се користат не само во онаа кривична постапка за која се бара помош, туку и за царински постапки и за постапки за давачки што се непосредно поврзани со таа постапка.
Обем на правната помош Член 3.
Правната помош особено го опфаќа сослушувањето на обвинетото лице, сведоци и вештаци, увид, претрес, заплена на предмети, доставување акти, дописи или други предмети што се поврзани со кривичната постапка, како и доставување
писмени материјали.
Одбивање правна помош Член 4.
Правна помош не се укажува:
а) ако делото наведено во замолницата само по себе не е судски казниво според правото на замолената држава;
б) ако извршувањето на замолницата би можело да го повреди суверенитетот или безбедноста на замолената држава или ако тоа е во спротивност со начелата на нејзиниот правен поредок;
в) ако делото наведено во замолницата, според мислењето на замолената држава, претставува кривично дело од политички карактер или воено кривично дело;
г) за работи кои според мислењето на замолената држава претставуваат
исклучиво повреда на прописите за даноци, монопол или девизи, или повреда на прописите за контингентирање стока или надворешна трговија, ако со овој договор не е уредено поинаку.
Содржина на замолницата Член 5.
(1) Замолницата за правна помош се доставува во писмена форма и мора да содржи:
а) ознака на органот што замолува и на замолениот орган;
б) ознака за кривичниот предмет, краток опис на кривичното дело, и ознака за местото и времето на извршување;
в) правна оцена на кривичното дело;
г) колку што е можно поточни податоци за обвинетиот, неговото државјанство и место на живеење или престојување;
д) име и адреса на евентуалниот бранител;
ѓ) предметот на замолницата и други неопходни податоци за нејзино извршување.
(2) Замолницата за правна помош ја потпишува надлежен орган на правосудните власти што ја доставуваат замолницата и на неа се става службен печат. Легализација не е потребна.
(3) Со замолницата за претрес на лица или простории или за заплена на предмети се приложува и еден примерок или заверен препис (копија) на налогот на органот што замолува.
Начин на комуницирање Член 6.
(1) Ако со овој договор не е утврдено поинаку, преписката за работите регулирани со овој договор се одвива меѓу секретаријатот надлежен за правосудни работи на социјалистичките републики или социјалистичките автономни покраини на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, од една страна, и сојузното министерство за правосудство на Република Австрија, од друга страна. На тој
комуницираат меѓусебно и правосудните органи.
(2) Во итни случаи, надлежните правосудни органи на државата молител можат да им доставуваат замолници на надлежните органи на замолената држава со
посредство на Меѓународната организација на криминалистичка полиција (ИНТЕРПОЛ).
Превод Член 7.
(1) Преводот на замолниците што се доставуваат во согласност со овој договор, како и на приложените материјали, со исклучок на материјалите од став 2 од овој
член, не се доставува. За писмените материјали кои се доставуваат со примена на член 24 не се доставуваат преводи.
(2) За писмените материјали што се доставуваат, особено материјалите во врска со кривичната постапка и судските одлуки треба да се приложи превод на јазикот на замолената држава што ќе го изврши овластен преведувач на државата
молител. Заверка на потписот на преведувачот не е потребна.
(3) Ако писмениот материјал што треба да се достави не е преведен на јазикот на замолената држава, судот до кој е упатена замолницата се ограничува на тоа да го проследи писмениот материјал до примателот, ако примателот е подготвен да го
прими.
Примена на процесно право Член 8.
При решавањето на замолниците за укажување правна помош се применува
правото на замолената држава. Прописите на државата молител што отстапуваат од тоа ќе бидат применети на нејзино барање, ако тоа е во согласност со начелата на процесното право на замолената држава.
Присуство при дејства на правната помош Член 9.
(1) На барање на органот што ја доставува замолницата, замолениот орган навремено ќе го извести за местото и времето на решавање на замолницата за правна помош. Тоа известување се врши во непосреден сообраќај меѓу органот што замолува и замолениот орган.
(2) Лицата што учествуваат во кривичната постапка и нивните правни застапници, како и претставниците на органите вклучени во кривичната постапка имаат право да учествуваат при преземањето на дејствата на правната помош во замолената држава ако тоа е потребно за стручно извршување на барањето за укажување
правна помош. Тие имаат право да изнесат дополнителни прашања. За тие лица ќе се применува член 13, став 4.
(3) За присуство на претставници на органите на државата молител од став 2 од овој член при укажувањето на правната помош во замолената држава во Социјалистичка Федеративна Република Југославија потребна е согласност од секретаријатот надлежен за правосудни работи на социјалистичките републики или социјалистичките автономни покраини, а во Република Австрија - согласност од сојузното министерство за правосудство.
Надлежен орган Член 10
(1) Ако адресата на лицето на кое се однесува замолницата за правна помош не е точно наведена или се покаже дека е неточна, замолениот орган, по можност, ја утврдува точната адреса.
(2) Ако замолениот орган не е надлежен за решавање по замолницата, тој треба да ја испрати до надлежниот орган и за тоа да го извести органот кој замолува.
Доставување акти и предмети Член 11.
(1) Договорните држави, на барање на другата договорна држава, доставуваат акти, писмени материјали или други предмети што можат да служат како доказно
средство во кривичната постапка во државата молител. Исто така, ќе бидат доставени писмени материјали и други предмети ако подлежат на заплена во замолената држава.
(2) Доставувањето на акти или писмени материјали во оригинал се бара само ако не е доволно да се достават преписи (копии).
(3) Замолената држава може во текот на постапката да побара акти, писмени
материјали или други предмети што се потребни додека трае кривичната постапка во таа држава.
(4) Правата на замолената држава или на трети лица во врска со доставените писмени материјали или предмети остануваат неповредени. Доставените акти,
писмени материјали или предмети се враќаат на замолената држава во најкраток можен рок, ако таа не се одрекне од тоа.
(5) Кога се доставуваат акти, писмени материјали или други предмети во
согласност со овој член не се применуваат прописите за увоз и извоз на предмети или девизи.
Докажување на доставата Член 12
Доставувањето се потврдува или со потврда за достава која што мора да содржи датум и потпис на органот што доставува и потпис на примателот, или со потврда на замолениот орган од која што се гледа чинот, формата и времето на достава.
На посебна замолница, замолениот орган известува дали доставувањето е извршено во согласност со прописите на замолената држава.
Покани; гарантирање на личната слобода Член 13.
(1) Доколку е неопходно едно лице што престојува во една од договорните држави лично да се појави пред судот на другата договорна држава поради сослушување, тогаш надлежниот орган на замолената држава му доставува покана на тоа лице.
(2) Поканата не смее да содржи закана со присилни мерки во случај лицето да не одговори на поканата. Ако повиканото лице не одговори на поканата, не смеат да се применат присилни мерки предвидени со закон.
(3) Замолницата за доставување покана на обвинето лице ќе биде удоволена само ако поканата е доставена до замолениот орган најдоцна триесет дена пред датумот што е одреден за јавување пред судот на државата молител. Органот што замолува мора да го почитува овој рок при поднесувањето на замолницата.
(4) Лице што на територијата на една договорна држава добило покана да
присуствува на суд на друга договорна држава во врска со кривичен предмет се
јави на тој повик, не смее на територијата на таа договорна држава да биде апсено, гонето или да му биде загрозена слободата за дело што го сторило пред да стапи на територијата на државата молител. Гонењето, апсењето или некое друго ограничување на личната слобода е дозволено:
а) поради кривично дело што е предмет на поканата на лицето како обвинет;
б) кога повиканото лице и по изјавата на судот дека неговото присуство повеќе не е потребно, се задржало повеќе од 15 дена на територијата на државата молител, иако имало можност да ја напушти;
в) ако по напуштањето на територијата на државата молител таму се врати доброволно или ако е вратно врз основа на правосилна одлука.
(5) Ограничувањата на кривично гонење, апсење или друго загрозување на личната слобода, што се наведени во став 4 од овој член се применуваат и за сведокот и за кривичното дело што тој би го извршил или би се обидел да го изврши со лажен исказ пред судот на државата молител.
(6) Ако се повикува сведок или вештак, во поканата треба поединечно да се наведе во која мерка има право на надоместок на патните трошоци и на трошоците за сместување, како и отштета за изгубеното време, а за вештакот, и надоместок за вештачењето. Државата молител, на повиканиот сведок или вештак, на негово барање, му издава аконтација за покривање на трошоците за пат и сместување.
Упатување уапсени лица како сведоци во државата молител Член 14.
(1) Ако повиканиот сведок се наоѓа во затвор во замолената земја врз основа на судска одлука, тогаш тој со негова согласност ќе биде предаден на државата
молител, на нејзино барање, ако не постојат сериозни причини против тоа.
(2) Сведокот во државата молител и понатаму се држи во притвор и по сослушувањето неодложно се враќа во замолената држава.
Упатување на уапсени лица во замолената држава Член 15
(1) На молба на една договорна држава, на лицето што се наоѓа во затвор во државата молител според судска одлука му се дозволува да присуствува при решавањето на молбата за укажување правна помош во замолената држава во
врска со кривична постапка во државата молител ако постои признаена причина за апсење според правото на замолената држава, а не постојат сериозни причини
против тоа упатување.
(2) Упатеното лице во државата молител и понатаму се држи во притвор и по удоволувањето на замолницата за правна помош итно се враќа. Соодветно се применува член 13, став 4.
Транзит Член 16
Ако трета држава треба да спроведе лице лишено од слобода поради сведочење во една од договорните држави преку територијата на другата договорна држава, се одобрува транзит на тоа лице ако лицето не е државјанина на таа договорна држава.
Примена на присилни мерки Член 17.
При решавањето по замолници за правна помош, надлежните органи на замолената држава, по потреба, применуваат исти присилни средства како и при решавањето по замолници за укажување правна помош на надлежен орган од сопствената држава.
Образложение за неукажување правна помош Член 18.
Ако правната помош е делумно или целосно скратена, или ако за удоволување на замолницата постојат пречки, тогаш органот што замолува треба да биде известен за тоа, со наведување на причините.
Замолница за преземање кривично гонење Член 19.
(1) Ако државјанин на една договорна држава извршил кривично дело на
територијата на другата договорна држава, а кое дело е судски казниво во двете договорни држави, тогаш, државата во која е извршено делото може да ја замоли другата договорна држава да го преземе гонењето на ова кривично дело.
(2) Надлежните органи на државата во која е извршено делото, во поединечен случај во службена должност, а во интерес на откривање на вистината, поради одредување на казната или од други причини важни за кривичната постапка и поради извршување на казната или за ресоцијализација на обвинетиот, ќе
испитаат дали е неопходно да се достави молбата од став 1 од овој член.
(3) Надлежните органи на замолената држава ја спроведуваат кривичната
постапка во согласност со правните прописи на својата држава. При оценувањето на сообраќајни кривични дела, замолената држава треба да ги земе како основа сообраќајните прописи што важат на местото на извршување на делото.
(4) Ако замолницата за преземање на кривичното гонење е врз основа на лажен исказ со кој се товари обвинетиот во државата молител, во смисла на 13 став 5, кривично-правните одредби на замолената држава се применуваат на ист начин како исказот да бил даден пред судот на замолената држава.
Мерки во врска со замолницата Член 20.
Правосудните органи на државата молител ги преземаат потребните мерки во однос на замолницата за преземање кривично гонење за да ѝ овозможат на замолената држава да ги врши кривично-судските надлежности. Кога обвинетиот се наоѓа во притвор во државата молител, тогаш овие мерки опфаќаат и негово упатување на органите на замолената држава.
Документација Член 21.
(1) Замолницата за преземање кривично гонење мора да содржи опис на
фактичката состојба, како и колку што е можно поточни податоци за обвинетиот, неговото државјанство и место на живеење или престојување. Со замолницата се приложува:
а) актот во оригинал или заверен препис (копија), како и доказниот материјал; б) одредбите за фактичката состојба и казните што се применуваат на делото
според важечкото право во местото на извршување на делото, а кај сообраќајните кривични дела - и прописите за нивно оценување;
в) изјави на лицата оштетени од кривичното дело што се неопходни за покренување кривична постапка.
(2) За доставувањето на актите и доказните материјали се применува член 11, став 4 и 5.
(3) Изјавата на оштетеното лице потребна за покренување на кривичната постапка во државата молител има дејство и во замолената држава. Изјавата на оштетеното лице потребна само според правото на замолената држава може во рок од 2 месеци по поднесувањето на пријавата да биде дополнително упатена до органот на државата надлежна за кривичното гонење.
Начело ne bis in idem Член 22.
Правосудните органи на државата молител привремено се одрекуваат од мерката гонење на делото наведено во замолницата за преземање кривично гонење. Во секој случај, од такви мерки се откажува:
а) ако обвинетото лице во замолената држава е ослободено со правосилна одлука или ако постапката конечно е запрена поради недостаток на докази или затоа што стореното дело не е кривично дело;
б) ако изречената казна или привремената мерка се извршени, или ако не можат да се извршат според законот или поради чин на помилување;
в) за време додека извршувањето на казната или превентивната мерка е целосно или делумно одложено.
Известување за резултатот на замолницата Член 23.
Замолената држава ја известува државата молител за тоа што е преземено врз основа на замолницата и за резултатот на кривичната постапка. Ако за тоа постои правосилна одлука, таа се доставува во оригинал или заверен препис (копија).
Известувања од казнената евиденција Член 24
(1) Договорните држави се известуваат меѓусебно, квартално, за сите кривично- правни осудителни пресуди за државјани на другата договорна држава што се внесени во нејзината казнена евиденција. Изводите од казнената евиденција се разменуваат меѓу Сојузниот секретаријат за правосудство и организацијата на сојузната управа на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и сојузното министерство за внатрешни работи на Република Австрија.
(2) Државите исто така заемно се известуваат за понатамошните одлуки и решенија што се однесуваат на кривично-судските пресуди и се внесуваат во казнената евиденција.
(3) Договорните држави заемно доставуваат, на начинот наведен во став 1, на
поединечна замолница, заверени преписи (копии) од кривично-судските пресуди што се заведени во казнената евиденција, а кои се однесуваат на нивни
државјани.
Правни известувања Член 25.
Сојузниот секретар за правосудство и организацијата на сојузната управа на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и сојузниот министер за правосудство на Република Австрија, на барање, заемно се известуваат за
кривичното право, правото за кривична постапка и правото за извршување кривични санкции на своите држави.
Трошоци
Член 26.
Трошоците што настануваат од решавањето по замолницата, освен трошоците причинети од упатувањето на затвореници според член 14 до 16 ги сноси замолената држава.
Дефиниции Член 27.
(1) Делото е судски казниво, во смисла на овој договор, ако за гонење и казнување на кривичното дело е надлежен:
а) во Социјалистичка Федеративна Република Југославија – судот за кривични работи;
б) во Република Австрија – судот повикан на основа на законските прописи за судење во кривични работи.
(2) Под поимот „јазикот на замолената држава“ во смисла на овој договор се подразбира српско-хрватско, словенечки или македонски јазик за целата
територија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, и германски јазик за територијата на Република Австрија.
(3) Во смисла на овој договор, поимот „превентивни мерки“ означува:
а) Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија - мерки за безбедност, воспитни мерки и мерки на заштитен надзор во врска со условна пресуда, што се предвидени во кривичното законодавство на Социјалистичка Федеративна
Република Југославија;
б) Во Република Австрија - секоја мерка што ја ограничува слободата, а која што е изречена со пресуда на кривичниот суд покрај или наместо некоја казна.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 28.
Овој договор треба да се ратификува. Инструментите за ратификација ќе се разменат во Виена.
Член 29.
(1) Овој договор влегува на сила на првиот ден од третиот месец по размената на инструментите за ратификација.
(2) Договорот се склучува на неопределено време. Секоја договорна држава може писмено да го откаже по дипломатски пат, со отказен рок од 6 месеци.
Член 30.
Со влегувањето во сила на овој договор, вон сила се членовите 19 до 22 и членовите 24 до 28 од Договорот меѓу Федеративна Народна Република
Југославија и Република Австрија за заемен правен сообраќај од 16 декември 1954 година, како и членовите 23 и 47 од наведениот договор, ако се однесуваат на
кривични работи.
Составено во Белград на 1 февруари 1982 година во два оригинални примероци на српско-хрватски и германски јазик, при што и двата текста имаат иста важност.