Contract
Д О Г О В О Р
за доделување средства преку Инструментот за поддршка –
Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Овој Договор е склучен на ден година во Скопје помеѓу следните договорни страни:
1. Фондот за иновации и технолошки развој, со адреса бул. Xxxx Xxxxxx бб, 1000 Скопје, претставуван од Xxxxxxxx Xxxxxx, в.д. Директор, (овде и во понатамошниот текст именуван како
„Фондот”) од една страна и
2. ....................., со ЕМБС ...................., со ЕДБ ...................., со седиште на ул. .................... бр ,
Скопје, жиро сметка , Депонент , застапуван од Управител
(во понатамошниот текст именуван како „Корисник”) од друга страна.
Фондот и Xxxxxxxxxx заедно ќе се нарекуваат „Договорни Страни”, a поединечно ќе се нарекуваат
„Договорна Страна”.
КАДЕ ШТО,
А. Фондот објави јавен повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст со цел да обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19.
Б. Условите за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19 му дозволуваат на Фондот да доделува Кофинансирани грантови за Проект на Корисникот.
В. Корисникот аплицираше за да добие средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст од Фондот за неговиот предложен Проект и Фондот го одобри предлог Проектот на Корисникот.
Г. Договорните страни сега сакаат да ги уредат со овој Договор роковите и условите за користење на средствата што треба да му ги додели Фондот на Корисникот преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст и нивните права и обврски во врска со таквите средства.
ПОРАДИ ШТО, Договорните страни се договорија како што следува:
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Под условите и роковите од овој Договор, Фондот се согласува да му го додели Кофинансираниот грант (како што е дефиниран во овој Договор) на Корисникот, а Xxxxxxxxxx се обврзува да го користи Кофинансираниот грант за да го спроведе Проектот (како што е дефиниран во овој Договор).
2. ДЕФИНИЦИИ И ТОЛКУВАЊЕ
Член 2
(1) За целите на овој Договор, следните изрази ќе го имаат следното значење:
1. „Буџет на Проектот“ значи буџет за финансирање на имплементацијата на Проектот одобрен од страна на Фондот, кој ги опфаќа средствата обезбедени од страна на Фондот и средствата обезбедени од страна на Xxxxxxxxxx, опишан во Буџетот на Проектот заведен во архивата на Фондот под арх. бр. ............ од година, поднесен од страна на Корисникот до Фондот,
примен и прифатен од страна на Фондот со Одлука бр. ............ од година;
2. „Виша сила“ значи она што е предвидено во член 126 од Законот за облигационите односи;
3. „Договор” значи писмен документ потпишан од овластени лица на Договорните страни, заверен со официјални печати и заведен во деловните книги на Фондот со кој меѓу другото се регулирани меѓусебните права и обврски помеѓу Договорните страни, времетраење, како и условите за прекин и раскинување на Договорот;
4. „Ефективниот датум“ е датумот кој е наведен во воведниот дел од овој Договор;
5. „Завршен извештај“ е извештај кој Корисникот има обврска да го достави до Фондот во рок од 60 (шеесет) дена по истекот на последниот календарски ден од Проектот и истиот ги содржи следните делови: описен дел и финансиски дел;
6. „Иновациска дејност“ се активности кои се преземаат за да се создадат иновации на производи, технологии, процеси и услуги;
7. „Инструментот“ е инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст , како што е поподробно уредено во Правилникот;
8. „Квартал“ претставува временски период од три последователни месеци;
9. „Квартален извештај за напредок“ е извештај кој Корисникот има обврска да го достави до Фондот во рок од 14 (четиринаесет) дена по истекот на последниот календарски ден од Кварталот и истиот ги содржи следните делови: описен дел и финансиски дел;
10. „Комитет“ е Комитетот за одобрување на инвестиции како орган во рамки на Фондот;
11. „Конфинансираниот грант“ се средствата доделени од страна на Фондот на Корисникот според Инструментот во согласност со роковите и условите предвидени во овој Договор;
12. „Кофинансирање од Корисникот“ е износот на средства кои Корисникот се обврзува да ги обезбеди за да го покрие делот од финансирањето потребно за Буџетот на Проектот, кој не е покриен со Кофинансираниот грант, од извори кои се прифатливи според Правилникот;
13. „Овластен ревизор“ е ревизиската куќа и/или овластениот ревизор ангажиран од страна на Фондот, согласно одредбите од овој Договор;
14. „Посебната сметка“ е банкарска сметка бр. на Корисникот при Банка AД Скопје, отворена од страна на Корисникот пред потпишување на овој Договор, единствено за целите на добивање на Кофинансираниот грант и имплементирање на Проектот;
15. „Правилникот“ е Правилник за Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, донесен од страна Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, со арх.бр. 01-2410/5 од 30.12.2020 година;
16. „Проектот“ е проектот опишан во Проектната апликација предложена од страна на Xxxxxxxxxx и одобрена за финансирање од страна на Фондот со Инструментот во согласност со роковите и условите на овој Договор;
17. „Проектна апликација“ е Проектна Апликација заведена во архивата на Фондот под арх. бр.
............ од година, поднесена од страна на Корисникот до Фондот, примена и прифатена
од страна на Фондот со Одлука бр. ................ од година;
18. „Трета страна” значи секое физичко и/или правно лице кое не е договорна страна на овој Договор;
19. „Финансиско сметководствена документација“ претставува збир од изводи од банка, аналитички и финансиски картици, фактури, договори од добавувачи и други финансиски и сметководствени документи;
20. „Фондот“ е Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.
(2) Роковите во овој Договор се пресметуваат во денови, месеци и квартали.
(3) Поимите кои не се дефинирани во Договорот, го имаат значењето како што тоа е утврдено во важечките закони на Република Северна Македонија кои ги регулираат соодветните области.
(4) Насловите содржани во овој Договор се дадени со цел за упатување и нема да влијаат на значењето и толкувањето на овој Договор на ниту еден начин.
(5) Поимите дефинирани во еднина имаат споредливо значење кога се користат во множина, и обратно.
(6) Кога зборовите „вклучува“, „вклучуваат“ или „вклучувајќи“ се користат во овој Договор ќе се смета дека се проследени со зборовите без ограничување.
3. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Износ на Кофинансираниот грант и на Кофинансирањето на Корисникот Член 3
(1) Фондот одобрува Кофинансиран грант на Корисникот во износ од ................. денари (со зборови:
........................), што претставува ............% (со зборови: ) од Буџетот на Проектот.
(2) Корисникот се обврзува да го обезбеди Кофинансирањето на Корисникот што се состои од
.................% (со зборови: ......................) од Буџетот на Проектот, во износ од денари (со
зборови: ..................). Корисникот нема да обезбеди какви било средства како Кофинансирање на Корисникот од извори што не се прифатливи според Правилникот.
Исплата на Кофинансираниот грант и на Кофинансирањето на Корисникот Член 4
(1) Сите исплати од Фондот и од Кофинансирањето на Корисникот ќе се реализираат на Посебната сметка.
(2) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот авансно, на квартална основа, во согласност со Буџетот на Проектот, овој Договор, одредбите наведени во Правилникот и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
(3) Корисникот го исплаќа Кофинансирањето на Корисникот, во согласност со Xxxxxxx на Проектот, овој Договор и одредбите наведени во Правилникот.
(4) Корисникот се обврзува да изврши уплата на сопственото кофинансирање за првиот квартал во рок од 45 календарски дена по потпишување на овој Договор. Доколку Xxxxxxxxxx не ја изврши уплатата на сопственото кофинансирање во предвидениот рок овој Договор Фондот има право да го раскине овој Договор.
(5) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот за првиот квартал по потпишување на овој Договор, откако Xxxxxxxxxx ќе достави до Фондот доказ за извршената уплата на Кофинансирањето на Корисникот за првиот квартал во вид на банкарски извод од посебната банкарска сметка.
(6) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот за секој нареден квартал откако ќе бидат исполнети следните услови:
- одобрен квартален извештај за напредок за претходниот квартал (описен дел и финансиски дел);
- наменски потрошени најмалку 70% (седумдесет проценти) од претходно буџетираните средства;
- доставен доказ за извршената уплата на Кофинансирањето на Корисникот за нареден квартал во вид на банкарски извод од посебната сметка.
(7) Од последната исплата кон Корисникот преку овој Инструмент, Фондот задржува 3% (три проценти) од вкупниот Буџет на Проектот.
(8) Процедурата за исплата на задржаните средства од став (7) од овој член ќе биде започната во рок од 14 дена од денот на одобрувањето на Завршниот извештај за Проектот (описен и финансиски дел).
(9) Во случај на непотрошени средства и/или во случај на злоупотреба, соодветен износ од задржаните средства нема да биде исплатен на Корисникот.
4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Права и обврски на Фондот Член 5
(1) Фондот ќе ја спроведува исплатата на Кофинансираниот грант под услови и рокови уредени со овој
Договор, одобрениот Буџет на Проектот, Правилникот и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
(2) Фондот редовно ќе врши следење на работењето на Корисникот преку теренски посети, разгледување и одобрување на извештаи, како и евалуација на остварените резултати од Проектот и длабинска деловна и финансиска анализа согласно одредбите од Правилникот.
Обврски на Корисникот Член 6
(1) Корисникот се обврзува да го користи Кофинансираниот грант единствено за целите на
имплементација на Проектот.
(2) Корисникот има обврска да го спроведе Проектот во согласност со условите пропишани во овој Договор и Правилникот, како и во согласност со добрите технички, економски, финансиски, управувачки, еколошки и социјални стандарди и практики и во согласност со законските и подзаконските акти во Република Северна Македонија.
(3) Корисникот има обврска да го спроведе Проектот ефективно и ефикасно, во согласност со проектната апликација и Буџетот на Проектот.
(4) Корисникот има обврска да води финансиско – сметководствена евиденција, во согласност со сметководствените стандарди и на начин најсоодветен за проектните активности, расположливите ресурси и трошоци поврзани со Проектот и ќе изготвува финансиски извештаи кон Фондот во согласност со сметководство на готовинска основа, јасно претставувајќи ги документите за направениот трошок и исплатите за кварталот за кој се однесуваат, на начин кој ќе соодветствува со активностите, ресурсите и трошоците поврзани со Проектот.
(5) Секоја набавка на добра и услуги Корисникот е должен да ја направи во согласност со прифатливите комерцијални практики наведени во член 24 од Правилникот.
(6) Корисникот има обврска да ја чува целокупната документација на Проектот од започнување на спроведувањето на Проектот согласно член 27 од Правилникот.
(7) Ако е применливо, Xxxxxxxxxx ќе гарантира дека секој партнер и/или подизведувач во Проектот ќе ги реализира своите проектни активности во согласност со одредбите од овој Договор и Правилникот ефикасно, транспарентно и посветено, во согласност со најдобрите практики и во согласност со одредбите за судир на интереси, повреди на права на интелектуална сопственост, лични податоци и класифицирани информации, измама и корупција, како што е утврдено во Правилникот, Законот за спречување на корупција и судирот на интереси и Законот за класифицирани информации.
(8) Xxxxxxxxxx е должен да се придржува кон процедурите за следење и да му овозможи на Фондот да изврши следење над спроведувањето на Проектот. Исто така, Xxxxxxxxxx е должен да му овозможи
на Фондот или на лица овластени од Фондот во секое време да извршат длабинска анализа на спроведувањето на Проектот, на неговите активности и остварени резултати, како и да извршат ревизија на проектната и финансиска документација поврзана со Проектот. Корисникот има обврска сите релевантни документи поврзани со Проектот да ги подготви и достави до Фондот на негово барање, со цел обезбедување на наменско искористување на доделените финансиски средства за реализација на одобрениот Проект и исполнување на условите согласно со одобрениот Буџет на Проектот, одредбите од овој Договор и Правилникот.
(9) Во случај на промени на Проектот и пренамена на средствата од Буџетот на проектот, Корисникот има обврска да постапува согласно одредбите од член 26 на Правилникот.
(10)Во случај на настаната промена на податоците во Тековната состојба на Корисникот издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, должен е навремено да го извести и да достави нова Тековна состојба до Фондот.
(11)Корисникот има обврска да доставува извештаи и тоа:
- квартални извештаи за напредок (описен дел и финансиски дел) кои Xxxxxxxxxx е должен да ги доставува за времетраењето на проектот и тоа во рок од 14 (четиринаесет) дена по истекот на последниот календарски ден од кварталот;
- завршен извештај (описен дел и финансиски дел) кој Корисникот е должен да го достави во рок од 60 (шеесет) дена по истекот на последниот календарски ден од проектот; и
- во наредните 5 (пет) години по завршувањето на проектот, најдоцна до 31 март во тековната година да достават копија од Биланс на состојба и Биланс на успех на Корисникот за годината за која известува поднесени во Централен регистар на Република Северна Македонија.
Обврска на Корисникот за поврат на доделената финансиска поддршка Член 7
(1) Корисникот се обврзува да изврши поврат на доделената финансиска поддршка од страна на
Фондот.
(2) Повратот на доделената финансиска поддршка се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на Корисникот, до остварување на поврат од 105% од износот исплатен од страна на Фондот или за период од 5 (пет) години по завршување на Проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.
(3) Износот на повратот на финансиската поддршка доделена од страна на Фондот се пресметува по првата наредна календарска година по годината на завршување на Проектот, кој износ треба да биде платен од страна на Корисникот кон Фондот до 31 Март во тековната година за претходната година.
(4) Повратот на доделената финансиска поддршка се врши на образец за уплата - ПП – 50, цел на дознака: Плаќање на ројалти од остварен приход од продадени производи/услуги, повикување на број (се пополнува годината за која се уплаќа повратот на доделената финансиска поддршка), назив на примач: трезорска сметка, банка на примач: НБРСМ, сметка на примачот 100000000063095, сметка на буџетски корисник-единка корисник: 040016201478710, приходна шифра: 725939 и програма: 13.
Обврски на Корисникот во врска со правата на интелектуална сопственост Член 8
(1) Корисникот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на
трети лица. Доколку Проектот се заснова на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Корисникот е должен да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за непаричен придонес или друг вид на договор кој
потврдува дека Xxxxxxxxxx има право на користење на интелектуалната сопственост на која се засноваат резултатите од Проектот.
(2) Доколку Проектот вклучува договор за соработка со високообрзовна и/или научно истражувачка установа, правата на интелектуална сопственост во врска со Проектот треба да бидат јасно регулирани во договорот за соработка.
(3) Сите права на интелектуална сопственост и „know how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
(4) Фондот нема да биде одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот и трети лица.
(5) Корисникот може да ја пренесе сопственоста врз резултатите од проектот на друга страна или да додели ексклузивна лиценца, само во случаите и постапката подетално утврдена во членот 33 од Правилникот.
Обврски на Корисникот при престанување (ликвидација) на Корисникот Член 9
(1) Во случај на планирано престанување (ликвидација) на Корисникот, Корисникот е должен да поднесе барање до Фондот и да добие претходно одобрение од страна на Фондот за да може да се отпочне постапката за престанување (ликвидација). По ова барање Фондот е должен да донесе одлука во најкраток можен рок. Ваквата постапка за престанување (ликвидација) не смее да отпочне без одлука со која Фондот дава претходно одобрение за истата.
(2) Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против Xxxxxxxxxx, Xxxxxxxxxx е должен писмено да го извести за тоа Фондот во рок од 10 (десет) дена од дознавањето за таквиот предлог.
(3) Обврските на корисникот од ставовите (1) и (2) на овој член траат во периодот од склучувањето на овој Договор помеѓу Фондот и корисникот сè до исполнување на сите обврски кон Фондот согласно овој Договор.
(4) Доколку во периодот определен во ставот (3) од овој член, Корисникот отпочне постапка за престанување (ликвидација) без претходно одобрение од Фондот или не го извести Фондот во рокот од ставот (2) за поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против него, Фондот може да бара од Xxxxxxxxxx да го врати целиот износ или дел од износот на доделени средства, намален за износот на исполнетата обврска за поврат на финансиските средства доделени од страна на Фондот, исплатената главнина и/или камата кон Фондот. За овие обврски Фондот може од денот на достасаноста до денот на наплатата да пресметува и наплатува законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи.
Транспарентност и комуникација со јавност Член 10
(1) Корисникот е обврзан за време на спроведување на Проектот да го спроведе и доставениот План за транспарентност и комуникација со јавноста.
(2) Корисникот е обврзан да ги следи насоките од Фондот и Комитетот во однос на транспарентност и комуникација на проектот кон јавноста, согласно Упатството за транспарентност и комуникација на проектите на Фондот.
(3) Корисникот е обврзан на јасно и видливо место во работните простории како и на опремата, промотивниот материјал и добрата добиени од проектот, да го истакне логото и називот на Фондот, со
пресликување на следниов опис „Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија”.
Рок за реализација на Проектот Член 11
(1) Проектот со времетраење од ...... (со зборови: ..........) месеци почнувајќи од .2021 година.
(2) Корисникот врз основа на оправдани причини може да бара продолжување на времетраењето на проектот со поднесување на образложено писмено барање во кое ќе бидат наведени причините за продолжување. Барањето се поднесува пред истекот на времетраењето на проектот.
(3) Под оправдани околности, Фондот може да одобри продолжување на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
(4) Продолжување на спроведувањето на проектот подолго од периодот од став 3 на овој член може да биде одобрено само по одлука донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции и тоа под оправдани околности, најмногу за дополнитени 9 (девет) месеци.
(5) Во случај да биде донесена одлука за продолжување на времетраењето на проектот, продолжувањето на времетраењето ќе започне од денот на донесување на одлуката за продолжување. Во периодот од истекот на времетраењето на проектот до денот на донесување на одлуката за продолжување, на Корисникот нема да му се признаваат никакви трошоци и активности и истиот е должен или да се воздржи од правење на било какви трошоци и преземање на активности или самиот да ги сноси тие направените трошоци.
(6) Во случај на продолжување на времетраењето на спроведувањето на Проектот, износот на Кофинансираниот грант доделен од страна на Фондот не може да биде зголемен.
5. СЛЕДЕЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПРОЕКТОТ
Член 12
(1) Правилата, начинот на спроведување и последиците од споведеното следење на Проектот се детално уредени во Правилникот.
(2) Фондот задолжително спроведува најмалку една теренска посета по проект. Фондот има право да спроведе и повеќе теренски посети доколку е потребно.
6. ВИША СИЛА
Член 13
(1) Договорните страни се согласни ниту една Договорна страна да не биде одговорна кон другата за штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
(2) Во случај на настанување на виша сила, Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата Договорна страна, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
7. УСЛОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ФИНАНСИРАЊЕ И/ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА
Член 14
(1) Фондот може да го прекине Договорот и/или финансирањето, како и да го раскине Договорот, во целост или делумно, во случај на проневера и/или прекршување на обврските од овој Договор, и/или одредбите од Правилникот, а особено во следниве случаи:
1. Доколку Корисникот наменски не го користи одобрениот Кофинансиран грант, вклучувајќи и прераспределба на средства во процент поголем од утврдениот процент на средства од вкупниот Буџет на Проектот согласно член 26 став (3) од Правилникот без претходно одобрение од Фондот;
2. Доколку Xxxxxxxxxx со намера за измама дава неточни податоци во текот на постапката за доделување средства и за времетраењето на овој Договор кои имаат материјално влијание на Проектот;
3. Доколку Xxxxxxxxxx не воведе соодветни политики и процедури кои ќе му овозможат на Фондот да врши надзор и да го оцени напредокот на Проектот;
4. Доколку Корисникот на барање на Фондот не дозволи ревизија од страна на независен ревизор и/или стручно лице за ревизија назначени од Фондот;
5. Доколку Xxxxxxxxxx не му обезбеди на Фондот/или на лица назначени од страна на Фондот, да извршат увид во спроведувањето на Проектот, неговите активности, остварени резултати и сите релевантни документи за Проектот, или на сметките и/или истите да ги достави до Фондот на негово барање;
6. Доколку Корисникот не го извести Фондот за секоја значајна промена со материјално влијание врз Проектот;
7. Врз основа на барање на Корисник или тимот за следење, доколку поради неизбежна пречка од технички или пазарен аспект се доведат во прашање идните резултати на Проектот;
8. Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против Xxxxxxxxxx.
Член 15
(1) Во случај на настанување на која било од околностите од член 14 од овој Договор, Фондот може да донесе одлука за привремен прекин на финансирањето, и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиските средства исплатени на Корисникот до тој момент.
(2) Фондот истовремено со одлуката за привремен прекин на финансирањето испраќа и писмено известување до Корисникот, информирајќи го за настанатите прекршувања на овој Договор со барање Xxxxxxxxxx да ги отстрани прекршувањата во рок од 14 (четиринаесет) дена од приемот на известувањето.
(3) По барање на Корисникот, Фондот може да му одобри на Корисникот дополнителни 30 (триесет) дена за отстранување на прекршувањата. Во одредени случаи за кои се чека одлука од соодветен орган во врска со работењето на Xxxxxxxxxx, а која има влијание на привремениот прекин на финансирањето, рокот за отстранување на тие прекршувања може да се продолжи до конечноста на решението од тој орган.
(4) Во случај Xxxxxxxxxx да ги надмине идентификуваните прекршувањата во роковите наведени во став 2 и став 3 од овој член, Фондот ќе донесе одлука за повлекување на привремениот прекин на финансирањето.
(5) Во случај Xxxxxxxxxx да не ги отстрани идентификуваните прекршувања во роковите од став 2 и став 3 од овој член, Директорот го известува Комитетот, кој ќе одлучи дали ќе дојде до раскинување на Договорот.
Член 16
(1) Во случај на настанување на било која од околностите од член 14 од овој Договор, Фондот може да го раскине Договорот и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиски средства исплатени на Корисникот до тој момент.
(2) Одлуката за раскинување на Договорот и на финансирањето ја носи Комитетот.
(3) Во случај на раскинување на Договорот Xxxxxxxxxx го враќа на Фондот целиот износ префрлен од Фондот на Корисникот, а во случаите кои се однесуваат на условите наведени во член 14 став 1 алинеи 2, 4 и 5 од овој Договор, Фондот може да бара и надомест на штета.
(4) Доколку Договорот е раскинат од било која причина опфатена со член 14 од овој Договор, а доделените финансиски средства не се потрошени, Xxxxxxxxxx го враќа на Фондот целиот непотрошен износ на средства најдоцна во рок 8 (осум) дена од денот кога од Фондот тоа е побарано, во спротивно тој паѓа во задоцнување и на истиот износ може да биде обврзан да плати законска казнена камата во согласност со Законот за облигациони односи сметано од денот на доцнењето, се до конечната исплата.
(5) Во случај на настанување на услови наведени во член 14 став 1 алинеја 7 од овој Договор, од Xxxxxxxxxx ќе се бара да достави документација до Фондот и да побара престанок на Проектот и финансирањето. Последователно, Комитетот ќе утврди дали постои оправданост на доказите за постоење на неизбежна пречка која ги доведува во прашање идните резултати на Проектот и ќе донесе соодветна одлука. Доколку Комитетот одлучи дека се исполнети условите наведени во член 14 став 1 алинеја 7 од овој Договор, Xxxxxxxxxx нема да биде обврзан да ги врати доделените средства.
(6) Фондот има право да бара казнена камата, надомест на штета и да започне соодветна постапка за наплата на побарувањата од Корисникот согласно условите предвидени во овој Договор и во Правилникот, во најкраток можен рок, доколку Xxxxxxxxxx не ги исполни условите наведени во став 3, 4 и 5 од овој член за да се изврши целосно враќање на веќе исплатените средства кон Корисникот.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Овој Договор започнува да произведува правно дејство од денот на неговото потпишување од страна на двете Договорни страни.
Член 18
Овој Договор е сочинет на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 19
(1) Договорните страни се согласни меѓусебната комуникација да се врши по писмен пат со препорачана пратка на следните адреси:
• адреса на Фондот: бул. Xxxx Xxxxxx бб, 1000 Скопје;
• адреса на Корисникот: ул. ...................... бр , Скопје.
Додека за електронска комуникација ќе се користат следните адреси на е-пошта:
• Е-пошта на Фондот: xxxxxxxxxx@xxxx.xx;
• Е-пошта на Корисникот: .............
Поднесувањето извршено на било кој од горенаведените начини ќе се смета за уредно извршено на денот на приемот на писменото известување или на електронската пошта од другата Договорна страна.
(2) Секоја Договорна страна е должна за каква било измена на податоците од став 1 на овој член писмено да ја извести другата страна во рок од 5 (пет) дена од денот на настанување на промената.
(3) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx изврши промена на податоците од став 1 од овој член и за тоа писмено не го извести Фондот во рокот наведен во став 2 од овој член, секоја извршена достава од страна на Фондот до Корисникот на адресата наведена во став 1 од овој член се смета за уредна и валидна.
Член 20
Со потпишување на Договорот, Xxxxxxxxxx потврдува дека го прочитал и разбрал во целост Правилникот и дека ги презема во целост сите права и обврски кои произлегуваат од истиот и е согласен да ги изврши во целост, со цел успешна реализација на Проектот.
Член 21
(1) Насловите во овој Договор нема да бидат користени во неговото толкување.
(2) Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека пред склучувањето на Договорот навремено му се соопштени сите потребни информации и податоци за склучување на Договорот и дека е запознаен со условите на Кофинансираниот грант, содржината и условите на Договорот.
Член 22
Измени и дополнувања во вид на анекс на овој Договор можат да се вршат со заедничка согласност на Договорните страни доставена по писмен пат.
Член 23
За сè она што не е регулирано со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за иновациската дејност, Законот за облигационите односи, Правилникот и важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
Член 24
(1) Договорните страни ќе настојуваат настанатите спорови да ги решаваат со усогласување, порамнување, медијација или на друг мирен начин.
(2) Во случај на поведување на постапка за присилна наплата или друг спор кој може да произлезе од прекршување на одредбите на овој Договор, Xxxxxxxxxx има право да поднесе писмено барање до Фондот за вонсудско решавање на спорот.
(3) Фондот е должен во рок од 30 дена да го извести Корисникот писмено или преку друг траен медиум за прифатливоста на неговото барање.
(4) Во случај на вонсудско спогодување, Фондот и Корисникот потпишуваат спогодба или протокол во писмена форма.
(5) Во случај на спор по овој Договор надлежен да постапува е Основниот Граѓански суд Скопје во Скопје.
Член 25
Овој Договор е сочинет во 5 (пет) еднакви примероци, од кои по 2 (два) за секоја Договорна страна и 1 (еден) за службена употреба.