JАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА (ГРАНТОВИ) ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ
XXXXX ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА (ГРАНТОВИ) ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ
EuropeAid/135012/M/ACT/MK
Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии, објави повик за доделување на неповратни средства (грантови) за предлог проекти во следниве области:
- Поттикнување на социјалното вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот
- Интеграција на немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот со посебен фокус на жените
- Зајакнување на улогата на релевантните актери во областа на социјалното вклучување
Повикот е отворен за невладините организации, јавните установи и др. организации од јавниот сектор (со исклучок на органите на управата), единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери (асоцијациите на работодавачи, асоцијациите на работници) и меѓународните организации кои ги исполнуваат условите опишани во повикот.
Рокот за поднесување на резимето на предлог проектите е 24 октомври 2013 година до 16.00 часот на следната адреса:
Секторот за централно финансирање и склучување договори Министерство за финансии
Св. Кирил и Методиј, 54 1000 Скопје
Сите информации и документи за повикот, се достапни на веб страницата на Секторот за централно финансирање и склучување договори и можете да ги преземете тука