„ID service, operated by Evrotrust“
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ДОСТАПНИ ПРЕКУ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА
„ID service, operated by Evrotrust“
Верзија 1.0
Датум 01.12.2020
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Дефиниции
Член 1. Следните термини ги имаат следниве значења во апликацијата и при толкувањето на Договорот:
„ID Service” е услуга на Мастеркард управувана од страна на Евротруст и доделена од Мастеркард, која што е обележана со дополнителен текст „управувана од Евротруст“.
Евротруст Технолоџис ДООЕЛ Скопје е Друштво со ограничена одговорност на едно лице со ЕМБС 7435800, Даночен број 4080020591119, со седиште и адреса на управување во град Скопје, ул. Xxxxx Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.3, телефон (x000 0) 000 00 00, е-маил адреса: xx@xxxxxxxxx.xxx, веб-страница: xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/, регистрирано како давател на шеми за електронска идентификација во Регистарот даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација
и
Евротруст Технолоџис, Бугарија (Evrotrust Technologies, Bulgaria), е акционерско друштво со идентификациски број 203397356, со седиште и адреса на управување во град Софија 1113, реон Изгрев, xx. „Xxxxxxx Xxxxxx”, бр.2, влез Д, кат 2, адреса за кореспонденција: град Софија, бул.
„Цариградско шосе“ бр. 101, кат 6, тел. (x000 0) 000 00 00, е-маил адреса: xxxxxx@xxxxxxxxx.xxx, веб- страница: xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/, како давател на квалификувани доверливи услуги, впишан во нациналната листа(регистар) на даватели на доверливи услуги и квалификувани доверливи услуги, која се води од Комисијата за регулирање на комуникациите (КРС) (xxxxx://xxx.xx/xxxxx/_xx/XXX_XX.xxx), која што листа е дел од заедничката листа на даватели на доверливи услуги на сите земји членки на Европската Унија (xxxxx://xxxxxxx.xx.xxxxxx.xx/xx-xxxxxxx/#/xx/XX), во понатамошниот текст заеднички наречени Евротруст
1. Засегната страна означува физичко или правно лице, различно од Клиентот, или орган од јавниот сектор, кој се доверува на електронска идентификација, доверлива услуга или друга услуга овозможена од Евротруст.
2. Електронски потпис, електронска идентификација, доверливи услуги, квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис, услуга за квалификувана електронска препорачана достава, како и сите други термини што се користат овде, ќе го имаат значењето предвидено во важечкото законодавство, вклучувајќи но не ограничувајќи се до, Регулатива (ЕУ) број 910/2014 на Европскиот парламент и на Советот од 23 јули 2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции во внатрешниот пазар и за укинување на Директива 1999/93/ЕЗ (Регулатива (ЕУ) број 910/2014), освен доколку не е предвидено друго со Договорот.
3. Злонамерни активности подразбираат дејствија на постапување или непостапување кои ја нарушуваат етиката на Интернет или предизвикуваат штета на лица поврзани на интернет или поврзани мрежи, испраќање на несакана комуникација (небарана маркетинг комуникација, СПАМ (SPAM), несакана пошта (JUNK MAIL), преплавување на каналите (FLOOD), добивање пристап до ресурси со користење на туѓи права и лозинки, користење на недостатоците на информациските системи за лична корист или за стекнување информации (HACK), промена на идентитетот, извршување активности што може да се квалификуваат како индустриска шпионажа или саботажа, оштетување или уништување на информациски системи или информациски низи (CRACK), испраќање
„тројански коњи“ или предизвикување на инсталација на вируси или системи за далечинско управување, нарушување на нормалното работење на други корисници на Интернет или поврзаните мрежи или извршување на било какви дејствија што може да се квалификуваат како кривично дело или административен прекршок според бугарскиот закон или друго важечко законодавство.
4. Интернет страница е елемент или посебен дел од веб-страница.
5. Информациски систем (систем) е индивидуален уред или комбинација од меѓусебно поврзани или слични уреди, каде што системот или еден од неговите елементи овозможува автоматска обработка на податоци.
6. Клиент е индивидуа која ги користи услугите на Евротруст преку мобилната апликација „ID service“.
7. Мобилната апликација „ID service“ (Апликацијата) е мобилен интерфејс инсталиран на уредот на Клиентот, што му овозможува користење на услугите. Апликацијата е достапна за преземање во соодветните продавници за апликации (app stores) под името „ID service“.
8. Непредвидлив настан е настан или дејствие што е непредвидено и непредвидливо (неможе да се предвиди) за време на склучувањето на Договорот, што неможе да се избегне, каде што нема погрешно постапување на Евротруст и што го оневозможува обезбедувањето на услугите.
9. Сервер е уред или систем на поврзани уреди, каде што е инсталиран системски софтвер за извршување на задачи поврзани со складирање, обработка, примање или пренесување на информации.
10. Ценовник е ценовна листа што ги опишува услугите и цените за нивна употреба од страна на Клиентот, доколку тој е усвоен и на соодветен начин објавен од Евротруст.
11. Веб-страница е индивидуален простор во глобалната мрежа достапна преку неговиот униформен локатор на ресурси (URL) преку HTTP, HTTPS или друг стандардизиран протокол, кој содржи датотеки, програми, текст, звук, фотографии, слики или други материјали и ресурси.
12. Услуги се сите доверливи услуги, информациски услуги, криптографски услуги или други услуги обезбедени од Евротруст и достапни преку апликацијата.
13. Уреди се хардверски производи или нивни делови, кои се наменети за поврзување со интерфејсите на јавните мрежи за електронска комуникација. Уредите што вообичаено можат да се користат за услугите се мобилни телефони или други паметни уреди кои ги исполнуваат техничките барања за нормално инсталирање и работење на Апликацијата.
Предмет
Член 2. (1) Евротруст обезбедува услуги на Клиентот преку Апликацијата или бесплатно или за определен надомест, под услов Клиентот да се придржува и строго да ги почитува овој Договор, Општите услови за обезбедување на доверливи услуги, информациски услуги, криптографски услуги и други услуги, Практиките и Политиките за обезбедување на доверливи услуги (во понатамошниот текст заеднички наречени Политики и Практики), како и одредбите на важечкото законодавство според Договорот кои во моментот се во сила.
(2) Општите услови се составен дел од овој Договор.
(3) Услугите се разновидни, постојано се надополнуваат и модифицираат заради нивно подобрување и проширување. Врз основа на ова нивниот број, карактеристики и услови за обезбедување можат еднострано да бидат променети од страна на Евротруст во било кое време.
Инсталирање на Апликацијата
Член 3. Со цел да ги користи услугите преку Апликацијата, Клиентот однапред ќе ја изрази својата согласност со Договорот со извршување на чекорите опишани подолу.
Член 4. За да ги користи услугите Клиентот треба:
1. Да има уред кој дозволува инсталирање и нормално функционирање на Апликацијата;
2. Да обезбеди интернет конекција на уредот што го користи на начин што овоможува користење на услуги за пренос на податоци со соодветна брзина што обезбедува функционален пристап до интернет;
3. Да обезбеди поврзување на уредот со мобилна мрежа на начин што овозможува користење на мобилни услуги, вклучително и можност за примање на кратки текстуални пораки (СМС) и електронска пошта (е-маил);
4. Да го има инсталирано на уредот последното ажурирање на Апликацијата и да ја одржува инсталацијата ажурирана;
5. Да користи автентична верзија на софтвер за мобилен уред кој не бил предмет на хакерски напади, декодирање или други слични практики што ја намалуваат на безбедноста на уредот;
6. Да користи уред што поддржува функции за препознавање биометриски податоци, како што се отпечатоци од прст, препознавање на лице или друго.
Член 5. Евротруст го објавува следното на својата веб-страница:
1. Информации за Апликацијата со можност за нејзино директно преземање и инсталирање;
2. Информации за доверливите услуги и нивниот тековен опсег;
3. Ценовник;
4. Политики и Практики;
5. Општите услови на договорот за обезбедување доверливи услуги, информациски услуги, криптографски услуги и други услуги.
Дејствија поврзани со склучување на Договорот
Член 6. (1) По инсталирање на Апликацијата и нејзиното стартирање на уредот, Xxxxxxxx се запознава и се согласува со Договорот, заедно со Општите услови, потврдува дека ја прочитал Политиката за приватност што се применува за мобилната апликација „ID service”, и дава изречна согласност за обработка на неговите биометриски податоци и за донесување одлуки засновани на автоматската обработка на лични податоци во согласност со Изјавата за согласност за автоматска обработка на биометриски лични податоци и ја активира мобилната апликација со кликнување на соодветното копче за продолжување со регистрација во Апликацијата. Со тоа, Клиентот доставува барање до Евротруст за преземање на дејствија за склучување на договорот.
(2) Со своите дејствија од став 1, Клиентот се согласува да прима пораки преку својата е-маил адреса и мобилниот телефон наведен од него за време на регистрацијата, вклучително и преку услугата за кратки текстуални пораки (СМС). Според договорните односи помеѓу Евротруст и Клиентот, кои настануваат со склучувањето и имплементацијата на овој Договор, страните се согласуваат дека било какви изјави преку текстуални пораки, кои доаѓаат од телефонскиот број и електронската пошта наведени од Клиентот, или, соодветно, изјавите испратени преку текстуални пораки од Апликацијата, телефонскиот број и електронската пошта наведени од Евротруст, ќе се сметаат за потпишани со електронски потпис според значењето од Член 3 (10) од Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014 и го имаат истиот обврзувачки ефект како и своерачниот потпис.
(3) Секоја порака што е успешно испратена до електронската пошта и бројот на мобилниот телефон, ќе се смета за уредно доставена, без потреба од потврда за прием. Успешното испраќање на порака до Клиентот преку Апликацијата се смета за безбедно и уредно доставено преку услугата за електронска препорачана достава или преку квалификувана услуга за електронска препорачана достава според значењето од Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014.
Регистрација
Член 7. Регистрацијата на клиентот во Апликацијата ги вклучува следните чекори:
1. Избор на јазик;
2. Согласност со Договорот, Општите услови и Политиката за приватност и Xxxxxxxx за обработка на биометриски податоци;
3. Доставување и потврдување на податоците за контакт;
4. Идентификација;
5. Издавање на Квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис.
Избор на јазик
Член 8. Со изборот на јазик, на кој ќе се изврши регистрацијата, се прифаќа дека Xxxxxxxx го разбира избраниот јазик.
Податоци за контакт
Член 9. Клиентот ги внесува бројот на својот мобилен телефон и валидна адреса на електронска пошта. Апликацијата испраќа порака со 6-цифрен код за потврда на бројот на мобилниот телефон наведен од Клиентот. По успешното внесување и прифаќање на кодот од системот на Евротруст, Клиентот го притиска копчето „Потврди“.
Идентификација на клиентот
Член 10. (1) Идентификацијата на Клиентот и верификацијата на податоците што ги дал се одвива на следниот начин:
1. Доказ за идентитетот Xxxxxxxx прави јасна фотографија од неговиот валиден документ за идентификација со камерата од неговиот уред и ја испраќа до системот Евротруст преку Апликацијата, следејќи ги упатствата за фотографирање. Податоците од документот за лична идентификација автоматски се препознаваат од системот на Евротруст. Клиентот ја проверува исправноста на податоците кои се автоматски прочитани и ги потврдува со притискање на копчето „Потврди“ доколку тие во целост се совпаѓаат со податоците од неговиот документ за лична идентификација.
Доколку нема поврзаност со примарните национални регистри за проверка на валидноста на документот за лична идентификација и се користи документ за лична идентификација со NFC чип, податоците ќе бидат извлечени со читање на чипот. За таа цел, Xxxxxxxx го допира својот документ на уредот. При преземање на податоците од NFC чипот, нивното последователно уредување од страна на Клиентот не е дозволено.
2. Автоматска идентификација:
2.1 Клиентот го фотографира своето лице со камерата од неговиот уред во согласност со упатствата што се прикажуваат на екранот од мобилната апликација. Преземената биометрија од лицето на клиентот автоматски се споредува со фотографијата на клиентот од неговиот документ за лична ифентификација преку верификација согласно став 2.2 или 2.3 подолу.
2.2 Доколу има техничка можност, Евротруст врши автоматска верификација на идентитетот на Клиентот преку соодветна размена на податоците утврдени во точка 1 погоре со регистарите на примарните администратори на податоци во соодветната држава што го издала документот за лична ифентификација, ако јурисдикцијата на државата што го издала документот за идентификација обезбедува таков вид пристап.
2.3 При користење на документ за идентификација со NFC чип, идентификацијата се потпира на податоците извлечени преку NFC чипот од документот за идентификација на Клиентот.
2.4 При успешна верификација на валидноста на документот за лична идентификација и успешна идентификација, се смета дека Xxxxxxxx е успешно идентификуван и неговиот идентитет е верификуван.
3. Полуавтоматска идентификација:
Во случај на неуспешна автоматска идентификација, ќе биде потребна задолжителна верификација и потврда на идентификацијата од страна на оператор од Евротруст. Во овој случај ќе се одржи видео конференциски повик во реално време помеѓу Клиентот и операторот од Евротруст преку мобилната апликација. Во случај на успешна идентификација од страна на операторот, вториот ќе ги потврди идентификацијата и идентитетот на Клиентот. Доколку има јавно достапни регистри за проверка на валидноста на доказот за идентитетот или статусот на целта, релевантните истражувања ќе бидат направени внатрешно.
(3) Во случај на успешна идентификација, Евротруст ќе ја потврди регистрацијата на Клиентот и ќе му ги испрати за потпишување Општите услови, важечката Политика за приватност и Изјавата за согласност.
Член 11. (1) Системот за видео идентификација на физичките лица што го користи Евротруст е сертифициран од надлежен орган кој ја проверува усогласеноста со барањата на Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014 и обезбедува исто ниво на безбедност како и физичкото присуство во согласност со чл. 24 (4) од Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014.
(2) Со цел да се гарантира највисоко можно ниво на безбедност, пристапот до Апликацијата, како и активирањето/деактивирањето на услуги во Апликацијата (на пример барање за издавање на квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис, итн.) и потврда за извршување на било какви правно обврзувачки електронски изјави во или преку Апликацијата, ќе бидат потврдени преку функциите за препознавање биометриски податоци (на пример отпечаток од прст, препознавање на лице, итн.) поддржани од уредот што го користи Клиентот. Кога се користат функциите за препознавање на биометриски податоци поддржани од уредот што го користи Клиентот, биометриските податоци на Клиентот ќе останат под негова контрола и нема да са чуваат од Евротруст. Евротруст нема да обработува било какви биометриски податоци на Клиентот надвор од активностите што бараат автоматско идентификување на Клиентот (првична регистрација, враќање на профил во случај на преинсталирање на мобилната апликација или обезбедување на услуга за електронска идентификација со вклучена дополнителна идентификација на Клиентот во реално време). Во горенаведените случаи, каде што Евротруст обработува биометриски податоци, таквата обработка ќе биде еднократна и Евротруст нема да чува такви податоци во неговите системи, туку само резултатот од обработката (нивото на совпаѓање).
(3) Сите податоци за идентификација поврзани со Клиентот, кои се собрани во текот на неговата идентификација и регистрација, заедно со 3D FaceMap (биометриски идентификатор) генерирани за време на автоматската идентификација со обработка на специфични карактеристики од сликата од лицето на клиентот (биометриски податоци) ќе се чуваат во безбеден криптиран простор (secure enclave/chip) во уредот на Клиентот, кој ќе биде целосно под контрола на Клиентот. Евротруст нема да го чува генерираниот 3D FaceMap во својот систем на било кој начин. Евротруст никогаш нема да има пристап до безбедниот криптиран простор (secure enclave/chip) во уредот на Клиентот.
КВАЛИФИКУВАН СЕРТИФИКАТ ЗА КВАЛИФИКУВАН ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС
Член 12. (3) Задолжителен услов за успешно завршување на регистрацијата и за користење на услугите во Апликацијата е издавање квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис, кој Клиентот ќе го користи за потпишување на Договорот. За таа цел, Клиентот ќе побара издавање квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис преку интерфејсот на Апликацијата со претходен преглед на содржината на податоците што ќе бидат запишани во сертификатот и со потврдување на неговото барање за издавање квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис со:
1. кликнување на копчето „Издавање” и
2. потврдување преку биометрија преку функцијата за препознавање биометриски податоци активирана на и поддржана од неговиот уред.
(2) Евротруст го издава бараниот квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис и Клиентот ги потпишува овој Договор, Општите услови, Политиката за приватност и Изјавата за согласност. Потпишувањето преку издадениот квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис е овозможено со функцијата за препознавање биометриски податоци достапна на уредот на Клиентот. Со потпишување на овие документи, договорот помеѓу Евротруст и Клиентот се смета за склучен. Пред потпишување на овие документи, издадениот квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис не може да се користи за потпишување на други документи. Доколку Xxxxxxxx одбие да го потпише Договорот, Општите услови, Политиката за приватност и Изјавата за согласност или ако Xxxxxxxx не ги потпише пред крајниот рок наведен во Апликацијата, издадениот квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис и профилот на Клиентот ќе бидат деактивирани и неговата регистрација ќе се смета за неуспешна.
(3) Договорот потпишан од Клиентот и Евротруст ќе биде испратен до Клиентот преку Апликацијата. Текстот на Договорот, Општите услови, Политиката за приватност и Изјавата за согласност се достапни за чување на уредот на Клиентот на начин што овозможува нивно преземање и чување на локален уред, како и последователно обновување во менито „Профил“ на Апликацијата, или на интернет страницата на Евротруст xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxx/xx/x/xxx-xxxxxxxxx. Клиентот ќе го зачува потпишаниот Договорот на локален уред/ ќе го испрати на својот е-маил. Договорот е склучен на јазикот избран од Клиентот во текот на неговата регистрација и поддржан од Апликацијата.
(4) Издадениот квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис побаран преку мобилната апликација ќе биде објавен веднаш по потпишувањето на Договорот во регистарот на издадени квалификувани сертификат за квалификуван електронски потпис кој се води од Евротруст.
(5) Издадениот квалификуван сертификат има рок на важност во зависност од политиката за соодветниот сертификат, кој се смета од датумот на објавување во регистарот на квалификувани сертификат за квалификуван електронски потпис издадени од Евротруст.
Промена на уред. Додавање на нов уред
Член 13. (1) Во случај на промена на уредот или додавање на нов уред, Клиентот треба да се идентификува со тоа што ќе помине низ повторна автоматска идентификација. За целите на оваа идентификација, специфичните карактеристики од сликата на вашето лицето се анализираат за време на нова видео сесија за идентификација во Апликацијата – се генерира нов привремен 3D FaceMap и се споредува со вашиот првичен 3D FaceMap (биометриски идентификатор) зачуван во бекап фајл (резервна датотека) што сте ја префрлиле за време на повторната инсталација на Вашиот нов уред.
(2) Апликацијата дозволува Клиентот да користи неограничен број уреди. Список на сите активни уреди што Клиентот ги користи за апликацијата се чува во системот на Евротруст.
(3) Секој уред што го користи Клиентот може да се деактивира преку соодветната функција во Апликацијата.
Измена на Договорот
Член 14. (1) Евротруст може еднострано да ги измени одредбите на Договорот, Општите услови, Политиката за приватност, Политиките и практиките и Ценовникот за надоместоците (ако има таков, усвоен од Евротруст) со нивно објавување на неговата интернет страница и во Апликацијата преку врска до веб-страницата на Евротруст.
(2) Доколку Клиентот не се согласува со измените, може да се повлече од Договорот без да наведе причина за тоа и без да должи било каков надомест или штети. Во овој случај, Договорот автоматски ќе се раскине со деактивирање на профилот на Клиентот од негова страна, освен ако Евротруст изречно не наведе можност Клиентот да продолжи да ги користи услугите под условите валидни пред измената. Ова правило не се применува во случаите кога измената на одредбите на Договорот е како резултат на наредба или упатство од регулаторен или надлежен орган, и во овој случај ваквите измени мора изречно да бидат наведени од Евротруст.
(3) Клиентот може да го искористи своето право од став 2 преку соодветна изјава упатена до Евротруст во рок од еден месец од објавувањето на измените од став 1. Доколку Клиентот не изрази несогласување со измените и дополнувањата во рамките на овој период, Клиентот се смета за обврзан со тоа.
II. УСЛУГИ Општо
Член 15. (1) Услугите што Евротруст може да ги обезбеди преку Апликацијата вклучуваат издавање на квалификуван сертификат за електронски потпис, квалификувана услуга за електронска идентификација, креирање од далечина на услуга за електронски потпис/печат и квалификувано складирање на услуга за квалификуван електронски потпис/печат.
(2) Услугите ги бара Клиентот преку Апликацијата. Овој договор ги опфаќа сите споменати услуги. Клиентот може да го потврди користењето на услуга преку соодветните копчиња во Апликацијата во кое било време од стапувањето на сила на Договорот и со тоа се согласува со условите за нивно доставување опишани во овој Договор.
(3) Доверливите услуги што можат да се бараат преку Апликацијата се обезбедуваат во согласност со одредбите на Општите услови и соодветните важечки Политики и Практики. Кога бара услуги преку Апликацијата, Клиентот треба да се запознае со сите соодветни важечки Политики и Практики.
(4) Евротруст го задржува правото да ја измени постоечката Услуга.
III. ЦЕНИ. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ.
Член 16. Евротруст ги нуди услугите или бесплатно или за определен надомест во согласност со дефинираното во Ценовникот за користење на услугите кои се достапни преку Апликацијата на Евротруст (Ценовник), доколку има таков усвоен и објавен од Евротруст. Ценовникот може да биде достапен во Апликацијата и на веб-страницата на Евротруст.
Член 17. Евротруст го задржува правото еднострано да ги менува цените објавени во Ценовникот, под услов да се почитуваат барањата на важечкото законодавство според Договорот. Промената на цените нема да влијае на користењето на услугите кои се веќе платени од Клиентот.
Член 18. (1) Цените за користење на услугите се плаќаат на Евротруст од страна на Клиентот или од засегнатата страна врз основа на договорите помеѓу нив.
(2) Цените за користењето на услугите се плаќаат врз основа на Ценовникот:
1. за секое одделно користење на услугата; или
2. врз основа на друг начин дефиниран во Ценовникот.
(3) Кога цената за соодветната услуга се плаќа од страна на Клиентот, точните информации за тоа ќе бидат прикажани во Апликацијата.
Член 19. Клиентот може да плати за услугите на еден од следните начини:
1. преку услугата „Паричник“ на App Store, Google Play или друг вид на паричник;
2. како услуга со додадена вредност на мобилниот оператор каде Клиентот е претплатник, каде што вредноста на услугите што ги користи Клиентот е вклучена во месечната сметка на Клиентот од мобилниот оператор за соодветниот месец; или
3. врз основа на друг начин дефиниран во Ценовникот.
Паричник
Член 20. (1) Услугата „Паричник“ на App Store, Google Play или друг интегриран паричник му овозможува на Клиентот да ја плаќа вредноста на користените услуги сè додека не се потроши припејд износот. Услугата е достапна кога е активирана како функција во мобилната апликација.
(2) Xxxxxxxx може да го надополни својот Паричник со претплата на износ избран од него преку својот профил во App Store, Google Play или друг паричник.
(3) Врз основа на функцијата овозможена во Апликацијата, Клиентот може да плати за услугите кои се со надомест од неговиот Паричник во целост или на рати, каде што цената што се плаќа за секое барање за платена услуга ќе се одземе од при-пејд износот. Доколку цената на бараната услуга е поголема од при-пејд износот што е достапен во Паричникот, Клиентот може да користи друг достапен начин на плаќање или да го надополни својот Паричник со дополнителна сума пред да плати за бараната услуга.
IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ Права и обврски на Евротруст
Член 21. (1) Евротруст ги има следните права:
1. да го суспендира или привремено да го ограничи пристапот на Клиентот до услугите според своја проценка и без претходна најава во случај на какви било индикации или сомнежи дека Клиентот ги користи Услугите прекршувајќи го Договорот или применливите одредби на важечкото законодавство според Договорот;
2. да ги побара од Xxxxxxxx и да ги обработи сите податоци потребни за успешно идентификување и регистрација на Клиентот во Апликацијата и за верификација на податоците дадени од Клиентот, како и сите дополнителни информации потребни за обезбедување на услугите;
3. да ги објави сите сертификати кои се издадени од негова страна и информациите содржани во нив во својот регистар во согласност со барањата на законот и упатствата на клиентот (до степен кој е применлив).
(2) Евротруст нема обврска и објективна можност да го контролира начинот врз основа на кој и/или целите за кои Клиентот ги користи обезбедените услуги, ниту е должен да бара факти или околности што покажуваат вршење на каква било незаконска дејност.
Член 22. Евротруст ги има следните обврски:
1. да ги обезбеди услугите на Клиентот во согласност со одредбите на Договорот и важечките одредби на применливото законодавство според Договорот;
2. веднаш да ги преземе сите потребни дејствија за суспендирање, продолжување или престанок на сертификатите издадени од негова страна во случај на утврдување на какви било основи за тоа;
3. веднаш да го извести Клиентот за околностите поврзани со валидноста или веродостојноста на сертификатот издаден од него;
4. да објавува и ажурира електронски јавно достапна листа на сертификатите раскинати од негова страна.
Права и обврски на Клиентот Право на повлекување
Член 23. Во согласност со законодавството за заштита на потрошувачите што е во сила во Европската унија, доколку Xxxxxxxx е потрошувач во смисла на ова законодавство и договорот е склучен од далечина, Клиентот има право, без никаков надомест или штети и без потреба да наведе каква било причина, да се повлече од Договорот во рок од 14 дена од денот на неговото склучување. Доколку Клиентот сака да се повлече од Договорот, тој ќе го извести Евротруст за својата одлука во писмена форма пред истекот на 14-дневниот период од склучувањето на Договорот. За да се избегне било каков сомнеж, ќе се смета дека Договорот помеѓу Евротруст и Клиентот за користење на услугите кои се обезбедени преку Апликацијата е склучен за време на потпишувањето од страна на Клиентот на овој Договор и Општите услови со квалификуваниот сертификат за квалификуван електронски потпис што му е издаден од страна на Евротруст. Доколку Клиентот сака да ги има услугите пред истекот на периодот за остварување на неговото право на повлекување, Клиентот ќе упати изречно барање за тоа. Во овие случаи, доколку Xxxxxxxx го искористи своето право на повлекување по барањето за започнување со користење на услугите и пред истекот на периодот за остварување на неговото право на повлекување, тој треба да му плати на Евротруст, пропорционелен износ од она што реално му било обезбедено до моментот кога Xxxxxxxx го известил Евротруст за остварување на неговото право на повлекување.
Член 24. (1) Клиентот има право на пристап до услугите во согласност со одредбите на Договорот и условите за пристап дефинирани од Евротруст за секој вид на услуга.
(2) Клиентот се согласува да се придржува до условите дефинирани од Евротруст, поврзани со карактеристиките на услугите во однос на видот на режимот на обезбедување, како и во однос на секоја политика усвоена од Евротруст и наменета за заштита или подобрување на квалитетот и сигурноста на услугите.
(3) Клиентот сам обезбедува техничка опрема, софтвер, пристап до мобилни телефонски услуги и услуги за пренос на податоци преку мобилна мрежа, кои се неопходни за користење на услугите.
Член 25. (1) Клиентот ги има следните обврски при користење на услугите:
1. да го почитува Договорот, Општите услови и одредбите на важечкото законодавство според Договорот, кои во моментот се во сила;
2. да се воздржи од прекршување на туѓи материјални и нематеријални права, вклучувајќи ги и правата на интелектуална сопственост;
3. веднаш да го известат Евротруст за секој случај на прекршување направено или откриено за време на користењето на услугите;
4. да се воздржи од претставување како друго лице или на друг начин да го заблудува Евротруст или трети страни за неговиот идентитет;
5. да обезбеди правилни, точни и целосни информации побарани од страна на Евротруст во согласност со Договорот, Општите услови, Политиките и Практиките и одредбите на важечкото законодавство според Договорот, кои се во сила за време на неговата регистрација и идентификација, како и за време на секое друго користење на апликацијата и/или услугите;
6. да користи само електронска пошта (е-маил), мобилен телефонски број и мобилен уред кои се единствено под негова контрола. Во случај на промена на бројот на мобилниот телефон и/или адресата на електронска пошта, Клиентот мора веднаш да ги ажурира своите податоци во Апликацијата.
7. во случај на промена на документот за лична идентификација, Xxxxxxxx мора веднаш да ги ажурира своите податоци во Апликацијата на Евротруст.
8. да ја провери комплетноста и точноста на содржината на сертификатите што му се издадени и веднаш да го извести Евротруст во случај на несовпаѓање помеѓу дадените информации и содржината на соодветниот сертификат;
9. да престане да ја користи Апликацијата, услугите и сертификатите кои му се издадени во случај на губење на неговиот уред со инсталираната Апликација и веднаш да поднесе барање до Евротруст за запирање/блокирање/откажување (прекинување) на овие услуги;
10. веднаш да го извести Евротруст во случај на било каква промена на информациите што ги има дадено во врска со употребата на Апликацијата и/или услугите и да побара итно откажување (престанок) на издадените сертификати во случај на било каква промена на информациите вклучени во нив;
11. да ги користи Апликацијата, услугите и сертификатите издадени од Евротруст само според нивната намена;
12. да се воздржи од вршење злонамерни активности.
(2) Во случај на прекршување на некоја од обврските од став 1 погоре од страна на Клиентот, Евротруст има право да го откаже (прекине) или веднаш да го суспендира давањето на Услугите без претходна најава и/или еднострано да го раскине Договорот без претходна најава, како и да ги извести надлежните органи во случај на сомневање за било какво несоодветно однесување. Во случај на привремено суспендирање на давањето Услуги, Евротруст ќе го извести Клиентот за причината и Услугите ќе бидат суспендирани до отстранување на прекршувањето. Евротруст може да го раскине Договорот истовремено со суспендирањето на услугите според своја проценка и во тој случај Xxxxxxxx ќе биде известен и Договорот ќе биде раскинат во моментот на примањето на тоа известување.
(3) Клиентот мора да води сметка и да ги преземе потребните мерки за да ги заштити своите уреди. Клиентот е целосно одговорен за сите дејствија извршени со користењето на Апликацијата.
Органичена одговорност на Евротруст
Член 26.
(1) Евротруст нема одговорност пред Клиентот за било какви штети што се резултат на неправилни, нецелосни или неточни податоци дадени од Клиентот или доколку Клиентот не ги ажурира навремено своите податоци во Апликацијата.
(3) Евротруст нема одговорност за штети предизвикани:
1. на софтверот, хардверот, уредот или други телекомуникациски уреди или за губење на било какви податоци кои се резултат на пребарувани материјали и извори, вчитани или користени на било кој начин преку обезбедените услуги;
2. како резултат на неможноста на Клиентот да побара или да побара навремено, суспензија/ блокирање/откажување (прекинување) на Апликацијата, услугите и/или сертификатите издадени на Клиентот;
3. како резултат на неисполнување на обврските на Xxxxxxxx предвидени во Договорот, Општите услови, Политиките и Практиките и сите други документи што се составен дел на Договорот, како и за било какви штети предизвикани како резултат на неисполнување на било која обврската на Клиентот во согласност со одредбите на важечкото законодавство според Договорот кои во моментот се во сила;
4. како резултат на користење на сертификат надвор од границите на неговата пропишана намена и ограничувања во врска со неговото работење.
(4) Евротруст нема да биде одговорен за достапноста и квалитетот на стоките и/или содржината на услугите што на Клиентот ги даваат трети страни, вклучително и Засегнатите страни, или за испраќање на електронски изјави со посредство на Апликацијата. Доколку овие постапки на трети страни се надвор од контролата на Евротруст, последниот не носи одговорност за каков било незаконски карактер на постапките од трети страни или за настанување, гарантирање, исполнување,
измена или престанок на преземените обврски и обврските поврзани со стоките или услугите што ги нудат трети страни. Освен тоа, Евротруст не носи одговорност за било какви претрпени штети или изгубена добивка што произлегуваат од овие меѓусебни односи.
(5) Клиентот со ова изјавува и се согласува дека употребата на Апликацијата и Услугите ќе бидат целосно на негов ризик и одговорност и дека Евротруст нема да одговара за било какви штети предизвикани на Клиентот од нивната употреба, освен ако не е биле предизвикани од Евротруст намерно или од груба небрежност, или освен ако одредбите на важечкото законодавство според Договорот, кои во моментот се на сила, изрично предвидуваат друго.
Член 27. (1) Евротруст не носи одговорност за неможноста да бидат обезбедени услугите во случај на какви било околности надвор од негова контрола - случаи на виша сила, несреќи, проблеми во глобалната мрежа(интернет) или во електронските комуникациски мрежи или проблеми при обезбедувањето услуги надвор од контролата на Евротруст, како и во случаи на неовластен пристап или интервенција во функционирањето на Апликацијата од трети страни преку уредот на Клиентот.
(2) Евротруст нема да биде одговорен пред Клиентот или трети страни за било какви предизвикани штети или изгубена добивка кои се резултат на престанок, суспензија, промена или ограничување на услугите.
(3) Страните со ова се согласуваат дека Евротруст нема да биде одговорен за неможноста за обезбедувањето услуги или за обезбедување слаб квалитет на услугите како резултат на тестови или одржување извршено од Евротруст заради проверка на опремата, врските, мрежите и сл., како и тестовите поврзани со подобрувањето или оптимизацијата на даваните услуги. Во овие случаи, Евротруст однапред ќе го извести Клиентот за можна привремена недостапност на услугите или за нивниот нарушен квалитет со испраќање на инстант порака (IM message), кратка текстуална порака (СМС) или со испраќање порака до регистрираната електронска пошта.
Член 28. Клиентот ќе ги надомести на Евротруст сите претрпени штети и изгубена добивка, вклучително и за платени парични казни, платени хонорари на адвокати или други трошоци како резултат на поднесени побарувања и/или надоместок платен на трети страни во врска со прекршување на обврските на Клиентот предвидени во Договорот, Општите услови, Политиките и Практиките и сите други документи што претставуваат составен дел од Договорот, како и за каква било штета предизвикана како резултат на неможноста на Клиентот да ги исполни своите обврски според одредбите на важечкото законодавство според Договорот, кои во моментот се во сила.
Права од интелектуална сопственост
Член 29. (1) Правата на интелектуална сопственост во однос на Апликацијата и сите други софтверски апликации и производи, бази на податоци и други материјали и ресурси поврзани со обезбедувањето услуги подлежат на заштита според одредбите на важечкото законодавство според Договорот (Закон за авторско право и сродни права), припаѓаат на Евротруст или на наведениот релевантен субјект, кој му го отстапил правото на користење на Евротруст, и тие не смеат да се користат во спротивност со важечкото законодавство.
(2) Правото на пристап на Клиентот до услугите не вклучува право да копира или репродуцира информации или да користи предметни права од интелектуална сопственост, освен ако случајот не се однесува на употреба на незначителен обем на информации наменети за лична употреба, под услов правните интереси на авторите или другите носители на правата на интелектуална сопственост да не бидат загрозени и под услов копирањето или репродукцијата да не се вршат за економски цели. Без оглед на горенаведеното, Клиентот нема право да ги отстрани ознаките на трговската марка и значењето на кое било друго право на интелектуална сопственост од материјалите што му се достапни, независно дали носителот на соодветните права е „Евротруст“ или трета страна.
Лични податоци
Член 30. Пред склучувањето на договорот, Клиентот ќе се запознае со Политиката за приватност што се применува за услугите што ги користи за да биде запознат со начинот на обработка, видовите лични податоци што се обработуваат и целите за нивна обработка од Евротруст и со цел да биде информиран за заштитата на неговите лични податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците.
V. ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ Престанок
Член 31. (1) Покрај во случаите предвидени во Договорот, тој може да биде раскинат и во следниве случаи:
1. престанок на работа или распуштање на Евротруст;
2. прекинување на поддршката за Апликација;
3. бришење на профилот на клиентот од Апликацијата;
4. со взаемна согласност помеѓу страните; или
5. во други случаи предвидени со закон или подазконски акти.
(2) Клиентот има право да престане да ги користи услугите и еднострано да го раскине Договорот со деактивирање на неговиот профил од Апликацијата во било кое време и по сопствена проценка. Xxxxxxx Xxxxxxxx ја користи Апликацијата на повеќе уреди, деактивирањето на профилот од Апликацијата на еден од нив ќе го раскине Договорот и Клиентот нема да може да ја користи Апликацијата на било кој од неговите уреди.
Правна важност на раскинувањето или откажувањето на договорот
Член 32. Клиентот се смета за информиран(запознат) и се согласува дека сите електронски изјави дадени до моментот на раскинувањето или откажувањето на Договорот автоматски се испраќаат преку Апликацијата и дека не постои можност да бидат запрени или откажани, без оглед на последователното раскинување или откажување на договорот.
VI. ДРУГИ ОДРЕДБИ Писмена форма
Член 33. Писмената форма ќе се смета за запазена со испраќање на кратка текстуална порака (СМС), порака преку електронска пошта, со притискање на виртуелно копче во Апликацијата или со штиклирање на полето за избор (копче) во Апликацијата или на друг сличен начин, доколку пораката (изјавата) е запишана преку технички средства на начин што овозможува нејзино враќање.
Невалидност
Член 34. Страните со ова изјавуваат дека доколку некоја(некои) клаузула(и) од овој договор стане(станат) неважечка(и), тоа нема да резултира со невалидност на целиот договор, другите клаузули или делови од него. Неважечката клаузула ќе биде заменета со задолжителните одредби на законот или воспоставената практика.
Применливо законодавство
Член 35. За сите прашања кои не се решени во овој Договор, ќе се применуваат одредбите од следниве применливи закони: за услугата за електронска идентификација - ќе се применува законот
на Република Северна Македонија; за квалификувани доверливи услуги - се применува законот на Република Бугарија.
Надлежност
Член 36. Сите спорови што произлегуваат од овој Договор или се поврзани со него, вклучувајќи ги и сите спорови што произлегуваат или се поврзани со толкувањето, невалидноста, неисполнувањето или раскинувањето на договорените односи ќе се решат со заедничка согласност помеѓу Евротруст и Клиентот. Доколку страните не успеат да постигнат согласност, спорот ќе биде упатен на решавање до надлежниот македонски суд, ако случајот се однесува на услугата за електронска идентификација или до надлежниот бугарски суд, ако случајот се однесува на квалификувани доверливи услуги. Ако предмет на спорот помеѓу страните се правата на сопственост, спорот ќе биде упатен на решавање од надлежниот суд во Скопје, Република Северна Македонија, доколку случајот се однесува на услугата за електронска идентификација или во Софија, Република Бугарија, ако случајот се однесува на квалификувани доверливи услуги.