Пратете кратка биографијата и писмо за интерес најдоцна до 31.03.2021г. на електронска адреса: hr@eurolink.com.mk
СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВОТО НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ!
Еуролинк Осигурување X.X. Скопје има потреба од проширување на својот тим во Скопје и за таа цел објавува оглас за работна позиција:
КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ
Тип на договор: на определено време на 3 месеци со можност за продолжување Работно време: 40 часа неделно работно време, понеделник-петок, од 8 до 16 часот
Кандидатите треба да поседуваат:
- Ентузијазам и комуникациски вештини за градење долгорочни релации со клиенти и колеги
- Самоиницијативност и високо ниво на мотивација кон остварување цели во зададени рокови
- Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати
- Способност за усвојување нови знаења и вештини
- Минимум средно образование
Опис на работно место и одговорности:
- Воспоставува и развива деловни односи со осигуреници
- Постојано стекнува нови осигуреници
- Изготвува понуди за осигурување, полиси и додатоци на истата
- Одредува квалитет на осигурително покритие
- Врши наплата на премија за осигурување
- Обновува постојани договори за осигурување
Со вработување во Еуролинк осигурување добивате:
- Работа во динамична атмосфера со одлични професионалци
- Можности за континуиран развој на вештини преку тренинзи и обуки
- Конкурентен систем на наградување базиран на остварени резултати
- Почетна месечна нето плата 15.000 ден. со дополнителни финансиски бенефити во зависност од резултатите
Пратете кратка биографијата и писмо за интерес најдоцна до 31.03.2021г. на електронска адреса: xx@xxxxxxxx.xxx.xx
или по пошта со назнака:
До: Еуролинк Осигурување X.X. Скопје Сектор за човечки ресурси
По оглас: Консултант за продажба на осигурување во Скопје ул. „Пиринска“ бр. 23, 1000 Скопје
Рок за избор на кандидати: 45 денови од рокот на пријавување.
Пристигнатите апликации по наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување. Телефон за контакт: 02/32 89 301, 02/32 89 311, 02/32 89 315,
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се
користат единствено за целта за која се побарани. По завршувањето на процесот, истите ќе бидат уништени или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.