oсигурувач - Триглав осигурување АД, со кој е склучен договор за осигурување;
УС -маш 12-1-мк
Збирка клаузули за осигурување на машини од кршење
Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење:
oсигурувач - Триглав осигурување АД, со кој е склучен договор за осигурување;
договорувач на осигурување – лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице, освен кај осигурувањата за туѓа сметка;
полиса - исправа за склучениот договор за осигурување;
премија - износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување;
надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување.
член 1: осигурени опасности (ризици)
[1] Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети, освен ако тоа се случило поради:
1/ пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, пад на воздушни летала од сите видови, манифестации и демонстрации, поплава, невреме, високи и подземни води, излевање на вода од водоводни и канализациски цевки, лизгање на земјиште, одронување на земјиште, слегнување на земјиште, снежни лавини и излевање на вжарена маса.
Со осигурување на машини од кршење, исто така не се покриени оштетувањата или уништувањата на осигурените предмети што настанале поради гаснење и рушење, како и исчезнување на предметите во врска со опасностите наведени во оваа точка; Покритието од тие опасности е наведено во важечките општи услови за осигурување од пожар;
2/ недостатоци или грешки кои што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, а со кои биле запознаени или морале да бидат запознаени осигуреникот или лицето одговорно за работа на машината;
3/ Прекршување на законските и техничките прописи и правилата за техничка експлоатација на осигурените предмети и заштитни мерки, како и поради непознавање на правилата за ракување со осигурените предмети;
4/ Преоптеретување или пренапон на машини, машински и електрични уреди, како и инсталации над границата на нивните пропишани можности;
5/ недоволно инвестициско одржување;
6/ директна последица на трајно влијание на хемиски, топлотни или механички услови на сместување и делување (корозија, оксидација, зрачење, стареење, прекумерни вибрации и слично); 7/ абење, абразија, ерозија или кавитација;
8/ прекумерна влага, рѓа, камен, талог и слично;
9/ пуштање на машината во работа пред целосна поправка;
10/ монтажа и пробно движење, односно пробна работа на машината;
11/ последица од динамично балансирање на ротирачките делови на машината (турбински ротори и слично), освен ако не е поинаку договорено и пресметана дополнителна премија.
[2] Осигурувањето исто така не покрива:
1/ штети нанесени во гаранцискиот рок при што производителот или продавачот е должен да ги надомести истите, ако нивната гаранција не е спорна;
2/ трошоци за демонтирање и повторна монтажа кои настанале поради редовен преглед или одржување на осигурените предмети (периодични поправки или замена на истрошените делови), дури и во случај кога во таа прилика е утврдено оштетување поради осигурените опасности. Осигурувањето во тие случаи покрива само трошоци за поправка или замена на уништените или оштетените делови кои не биле предвидени за периодична поправка, односно замена;
3/ трошоци за одржување;
4/ директни штети што настанале при осигурениот случај (загубана приходи, застој на погонот, казни и слично);
5/ штети што настанале поради исчезнување на осигурените предмети;
6/ штети кои се пријавени подоцна од рокот предвиден во став 1 од член 15 од овие услови и поради тоа не е можно да се утврди причината за нивно настанување;
7/ штети што настанале поради нуклеарна реакција, нуклеарна радијација или радиоактивна контаминација;
8/ земјотрес.
член 2: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување се машини, машински уреди, електрични уреди и инсталации. Предмет на осигурување се и подлогата, лежиштето и темелите на машините, како и полнење на електрични уреди (на пример, масло), ако се вклучени во вредноста на машината.
[2] Ако е посебно договорено, предмет на осигурување исто така може да бидат и:
1/ далеководи, гасоводи, нафтоводи, топловоди, парни линии, водоводна и канализациска мрежа, кабли со висок напон, метални силоси, антенски столбови и слични конструкции. Наведените предмети, кои што инаку се сметаат за градежен објект не е потребно да се вклучат во осигурување со посебен договор, доколку се составни делови од објект или се во тесно подрачје каде што се наоѓаат останатите осигурени предмети (погон);
2/ ленти, ланци и јажиња на транспортни уреди;
3/ темели, подлоги и лежишта, ако не се вклучени во вредноста на машините, уреди и инсталации;
4/ полнење (масло) ако не е вклучено во вредноста на машините и уредите;
5/ крупен алат (инструменти); 6/ термички облоги на печки;
7/ електронски компјутерски програми, вградени во машини и уреди (софтвер);
8/ шипки за бушење и придружна опрема за длабинско бушење (тешки и работни шипки, редуктивни делови, стабилизатори и армирани цевки под висок притисок).
[3] Согласно овие услови, предмет на осигурување не можат да бидат nниту тогаш кога нивната вредност е вклучена во вредноста на осигурените машини или уреди:
Збирка клаузули за осигурување на машини од кршење
1/ сите видови мали алати и делови на машини кои непосредно се употребуваат за кршење, дробење и обликување, како што се на пример, дупчалки, ножеви, ножици, брусни камења, секачи, столбови, мелнички камења, челни плочи, работни плочи на дробилници, калапи, модели, матрици, работни делови на земјоделските машини, опрема за длабинско дупчење и слично. Ако се работи за таканаречен крупен алат (инструменти) тогаш во согласност со точка 5 од став (2) од овој член некои од нив можат да бидат предмет на осигурување;
2/ делови од машините изложени на директно дејство на топлина, како на пример, облога на садот и уредот за согорување, решетки на ложишта, пламеници, грејачи, електроди кај индустриските печки, садови за топење и леење и слично; Деловите на машините наброени во оваа точка се предмет на осигурување, ако се оштетат поради надворешни влијанија, како што се невообичаено дејствување на машините, неочекувано паѓање, удар на страно тело, кои не се наменети за технолошкиот процес;
3/ делови на машините кои се заменуваат повеќе пати, како на пример сита, мостри, облоги на валјаци, облоги на гребенари, флексибилни цевки, ремени, четки, гумени, текстилни и синтетички обрачи, платнени и слични филтри, средства за изолација, делови за спојување изложени на брзо абење (гумени делови, подлоги, ламели и слично), преносни кабли, ланци и јажиња, ако не припаѓаат на транспортните уреди. Деловите на машините наброени во оваа точка се предмет на осигурување, ако се оштетат поради надворешни влијанија, како што се невообичаено дејствување на машините, неочекувано паѓање, удар на страно тело, кои не се наменети за технолошкиот процес и слично;
4/ сигурносните елементи на еднократниот ефект, освен катодните одводници;
5/ потрошни материјали, како на пример гориво, масти, средства за ладење, средства за чистење;
6/ катализатори.
[4] Согласно овие услови предмет на осигурување исто така не се копнени моторни возила, приколки, самоодни машини, чамци на вода, како и воздушни летала од сите видови.
член 3: важност на осигурувањето
[1] Осигурени се само предметите наведени во полисата кои се наоѓаат во областа на погонот на осигуреникот во исто место и време кога се монтирани и подготвени за работа, кои се во работен погон, се демонтираат и монтираат поради поправка (ремонт), како и за време на поправка во работилницата на осигуреникот, како и кога се транспортираат поради чистење, поправка или преместување на друго место, но најмногу до 15 км од областа на погонот и во време кога се дадени под закуп или се позајмени ако работат во услови и со намената за која се проектирани и изработени.
[2] Осигурувањето не важи за време додека осигурениот предмет е на саем или изложба, како и кога се превезува надвор од подрачјето на погонот, односно на оддалеченост поголема од 15 км од подрачјето на погонот.
[3] Предметите исто така се осигурени кога сите ќе се преместат во кое било друго место, но само на територијата на Република Македонија.
[4] Ако осигурениот предмет заради природата на својата намена се преместува од едно место на друго, истото мора да биде посебно наведено во полисата. Во секој случај, ако не е поинаку договорено, осигурувањето е ограничено на територијата на Република Македонија.
член 4: вредност на осигурените предмети
Вредноста на осигурените предмети е набавната цена на предметите, зголемена за трошоците за монтажа и намалена за износ на помала вредност поради абење, старост, како и економска и техничка застареност (амортизација).
член 5: пресметка на штета
[1] Штетата што е покриена со осигурувањето се пресметува во случај на:
1/ Уништување на осигурените предмети - според вредноста на осигурените предмети при ликвидација на осигурениот случај;
2/ Оштетување на осигурените предмети (делумна штета) – во висина на трошоците за поправка колку што би изнесувале при ликвидација на осигурениот случај, намалени за изгубената вредност на предметите поради абење, старост, економска и техничка застареност (амортизација), како и за вредноста на остатоците, освен ако не е поинаку договорена и наплатена дополнителната премија. Без разлика што амортизацијата е осигурена, истата се применува кај деловите кои имаат значително пократок период на траење од целокупната машина, а тоа важи и за деловите на машината наведени во точките 2 и 3 од став 3 на член 2 од овие услови.
Амортизацијата се применува на ист начин и за полнење (на пример, масло).
[2] Во трошоците за поправка се пресметуваат и зависни трошоци, nкако што се трошоци за демонтирање, повторна монтажа, превоз, тестирање и слично.
[3] Во штетата не се вклучуваат трошоци што настанале при поправка поради подобрување, надополнување и други измени на осигурените предмети.
[4] Остатоците од уништените или оштетените предмети остануваат кај осигуреникот и се пресметуваат по продажна цена при ликвидација на осигурениот случај, како и според состојбата во која се наоѓале веднаш по осигурениот случај.
[5] Се смета дека предметот е уништен и штетата се пресметува според точка 1 од став 1 на овој член, доколку трошоците за поправка ја достигнале вредноста на осигурените предмети при ликвидација на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците, што важи и кога е осигурена амортизација.
[6] Осигурувачот не е должен да ја надомести вкупната вредност на машината доколку оштетениот дел не може да се поправи (затоа што, на пример, уредот е направен во странство или повеќе не се произведува). Осигурувачот во тој случај ја надоместува само вредноста на оштетениот дел во пропорционален сооднос со функционалната застапеност на тој дел во целата машина.
[7] Ако машината или уредот не можат да се поправат во Република Македонија односно ако е потребно во Република Македонија да се поправаат од страна на странски стручни лица со повеќе трошоци од трошоците кои би ги пресметале најскапите оспособени сервисери во Република Македонија, се признаваат зголемени трошоци само доколку истото е посебно договорено. Во трошоците на странскиот сервисер се вклучуваат трошоци за превоз и други поврзани трошоци.
[8] Ако осигуреникот сам изврши поправка на оштетениот предмет, а трошокот за поправка е поголем од трошокот кој би го пресметал друг оспособен сервисер, осигурувачот при пресметката на надомест од осигурувањето ги признава трошоците за поправка од другиот сервисер.
[9] Трошоците за лоцирање на местото на штетата на осигурените далеководи, кабли, гасоводи, како и трошоци за земјени работи и поплочување се надоместуваат само ако е посебно договорено и ако за тоа е пресметана дополнителна премија.
[10] Трошоците за привремена поправка за кој осигурувачот не дал своја согласност, ги сноси осигуреникот.
[11] Зголемени трошоци за поправка за прекувремена и ноќна работа, работа за време на празници и итен превоз се надоместуваат само доколку истото е посебно договорено.
[12] Штети поради загуба на електронски компјутерски програми, вградени во машини и уреди, при ликвидација на осигурен настан се пресметуваат според трошоците потребни за обновување на тие програми. Најголем износ до кој осигуреникот има право при штета е посебно утврдена сума во полисата.
член 6: трошоци по настанување на осигурен случај
[1] На штетата се додаваат и трошоците за чистење и рушење, кои се потребни заради уништување или оштетување на осигурените предмети, но најмногу до 3% од сумата на осигурување, освен ако не е поинаку договорено. Во тие трошоци спаѓаат и неопходните трошоци за чистење на местото на кое настанала штетата, за рушење на оштетени и неупотребливи делови,
2
УС-маш 12-1-мк
како и трошоци за депонирање на неупотребливите делови до најблиското место каде е дозволено сместување на истите. Ако не е посебно договорено, осигурувањето особено не покрива уништување и депонирање на оштетени машини и уреди, кое е потребно поради заштита на околината и слично.
[2] Осигурувањето не ги покрива трошоците за отстранување или намалување на опасност (превентивни мерки) ниту трошоци за посредување на друштва кои по природата на својата работа се должни да пружат бесплатна помош во осигурениот случај.
член 7: сума на осигурување
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувачот гарантира надомест на штета само до висината на договорената сума на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурување или осигурувачот може да бараат намалување на сумата на осигурување и премијата за следната година, доколку сумата на осигурување значително ја надминува осигурената вредност.
[3] Ако договорот за осигурување е склучен без сума на осигурување или на неограничена вредност, тогаш се смета дека осигурувањето е склучено на реалната вредност.
член 8: обврски на осигурувачот (надомест од осигурување)
[1] Ако сумата на осигурување е еднаква на вредноста на осигурените предмети или е повисока од неа, при ликвидација осигурувачот го исплаќа полниот износ на пресметаната штета, но најмногу до висина до висина на осигурената вредност.
[2] Ако сумата на осигурување при ликвидација на осигурениот случај е пониска од вредноста на осигурените предмети (подосигурување), осигурувачот ја надоместува пресметаната штета само во сооднос меѓу сумата на осигурување и осигурената вредност, но најмногу до сумата на осигурување.
[3] Во случај кога осигурувањето е склучено по метод на прв ризик, осигурувачот го надоместува полниот износ на пресметаната штета, но најмногу до договорената сума на осигурување. Одредбите за подосигурување од став 2 на овој член во тој случај не се применуваат.
[4] Акоедоговореноосигурувањетодапокриваитрошоцизачистење и рушење над 3% од сумата на осигурување, осигурувачот мора да ги плати сите тие трошоци до договорениот износ во целост, иако надоместокот од осигурување ја надминува сумата на осигурување.
[5] Ако не е поинаку договорено, учеството на осигуреникот во штетата изнесува 10% од наведените составни делови на обврските на осигурувачот, но не помалку од 3.000 денару, ниту повеќе од 180.000 денари.
[6] Неопходните трошоци за мерките за отстранување или намалување на штетата, а кои по настанувањето на осигурениот случај се преземени по налог на осигурувачот, осигурувачот мора во целост да ги врати независно од сумата на осигурување.
[7] При ликвидација на осигурениот случај се исплаќа надомест од осигурување кој е намален за евентуално исплатената аконтација, ревалоризирана по стапката на пораст на трошоците за живот во Република Македонија од денот на уплатата на аконтацијата до ликвидација на осигурениот случај.
член 9: опасни околности
[1] При склучување договор за осигурување договорувачот на осигурувањето е должен да ги пријави кај осигурувачот сите околности кои се важни за процена на ризикот (тежина на ризикот) со кои бил запознаен, односно со кои би морал да биде запознаен. Како околности кои се важни за процена на опасноста се сметаат посебно околностите кои на договорувачот на осигурувањето му се познати и врз чија основа се одредува и пресметува премијата за осигурување, како и оние кои се наведени во договорот за осигурување. Тие околности може заедно да ги одредат договорувачот на осигурувањето и осигурувачот.
[2] Договорувачот на осигурувањето мора да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија, како и одредување на најголема можна штета.
член 10: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда.
[2] Осигурувачот може по приемот на понудата да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата стигнала до осигурувачот кога го примил барањето за дополнување или појаснување.
[3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
член 11: плаќање на премијата
[1] Првата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати, за наплата доспеваат сите рати во тековната година на осигурување кога настанал осигурениот случај.
[2] Доколку е договорено плаќање на премијата на рати, за изминато време на осигурувањето, може да се пресмета редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена на денот на доспевање, може да се пресмета и законска камата.
[3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот се евидентира од страна на банката на осигурувачот.
[4] Ако без разлика на договореното време на осигурување, во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тој временски период, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати кога договорот за осигурување би бил склучен само за толку време колку што осигурувањето навистина траело.
[5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати неплатената премија до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
член 12: поврат на премија
[1] На осигурувачот му припаѓа премијата за тековната година на осигурување во целост, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности.
[2] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување ако осигурениот предмет е уништен од неосигурени опасности.
[3] Ако осигурениот предмет е уништен пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа вкупната платена премија.
[4] Во останатите случаи на престанок на важноста на договорот за осигурување пред завршување на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премијата до денот до кој трае неговото покритие, освен ако не е поинаку договорено.
член 13: намалување и зголемување на премијата
[1] Осигуреникот има право на намалување на премијата (бонус) за следната година на осигурување ако во изминатиот тригодишен период на осигурување имал поволен осигурително-технички резултат.
[2] За следната година на осигурување на осигуреникот му се зголемува премијата за осигурување во облик на доплаток (малус), ако осигуреникот во изминатиот три-годишен период имал неповолен осигурително- технички резултат.
[3] Намалување на премијата (бонус) и зголемување на премијата (малус) се одредува по следнава табела:
3
Збирка клаузули за осигурување на машини од кршење
aко тригодишниот штетен коефициент е: | се признава бонус во висина од | се пресметува малус во висина од | |
од | 0% до 17% | 43% | 0% |
над | 17% до 26% | 35% | 0% |
над | 26% до 35% | 26% | 0% |
над | 35% до 43% | 17% | 0% |
над | 43% до 52% | 9% | 0% |
над | 52% до 61% | 4% | 0% |
над | 61% до 87% | 0% | 0% |
над | 87% до 95% | 0% | 4% |
над | 95% до 104% | 0% | 9% |
над | 104% до 121% | 0% | 17% |
над | 121% до 138% | 0% | 30% |
над | 138% до 156% | 0% | 39% |
над | 156% до 173% | 0% | 52% |
над | 173% | 0% | 65% |
член 14: осигурен случај
Кај осигурување на предмети се смета дека настанал осигурен случај во моментот кога поради една од осигурените опасности започнало да настанува оштетување на осигурениот предмет.
член 15: обврски на осигуреникот по настанување на осигурен случај
[1] Осигуреникот е должен да пријави кај осигурувачот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од 3 дена откако дознал за истиот.
[2] Осигуреникот е должен да му ги достави сите податоци на осигурувачот и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата.
член 16: постапка при вештачење
[1] Секоја договорна страна може да побара утврдување на одредени спорни околности од страна на вештаци.
[2] Секоја страна именува по еден вештак кој не е во работен однос со странките. Назначените вештаци пред почетокот на работата назначуваат трет вештак кој дава свое мислење само кога заклучоците на првите два вештака се различни, но само во граница на нивниот заклучок.
[3] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
[4] Заклучокот од вештаците се обврзувачки за двете страни.
член 17: осигурување по настанување на осигурен случај
[1] По настанување на осигурениот случај во кој биле оштетени осигурените предмети, осигурувањето продолжува без промени.
[2] За предмети кои според договорот за осигурување се сметаат за уништени, осигурувањето по настанување на осигурен случај престанува да важи.
член 18: промена на условите за осигурување или тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, за промената е должен да го извести договорувачот на осигурувањето најмалку 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право во рок од 60 дена по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот престанува да важи по истекот на тековната година на осигурување.
[3] Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот, договорот се менува со почетокот на следната година во согласност со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
член 19: промена на адреса
[1] Договорувачот на осигурувањето е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење односно седиштето, своето или името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договорувачот на осигурувањето ја промени адресата на живеење, односно седиштето или своето односно името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договорувачот на осигурувањето на последната позната адреса и да го наслови на последното познато име.
член 20: начин на известување
[1] Договорите за содржината на договорот за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мораат да бидат во писмена форма.
[3] Известувањето или изјавата се дадени навремено ако пред истекот на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на други лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 21: примена на закон
За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови, се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови одредено прашање е уредено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот. Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на договорот за осигурување, може да достави жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на осигурувањето.
член 22: надлежност во случај на спор
Споровите што настануваат помеѓу договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот на една страна и осигурувачот на друга страна ќе ги решава стварно и месно надлежен суд според според седиштето на осигурувачот.
4