Contract
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ОДЗ2
I.1 Општ дел ОДЗ2-1
1. Име и презиме на вработени лиценцирани застапници во осигурување – се внесува име и презиме на секое лице кое врз основа на договор за работа во друштвото за застапување во осигурување односно банката добило лиценца за застапник во осигурување и врши работи на застапување во осигурување во друштвото односно банката.
I.2 Извештај за вработени и ангажирани лиценцирани застапници и останати ангажирани лица од страна на друштвото за застапување во осигурување односно банката ОДЗ2-1
1. Договор за работа со лице кое има лиценца за застапник во осигурување – се внесува број на лица кои врз основа на договор за работа со друштвото за застапување во осигурување односно банката добиле лиценца за застапник во осигурување и вршат работи на застапување во осигурување во друштвото односно банката.
2. Договор за застапување во осигурување со лице кое има лиценца за застапник во осигурување – се внесува број на лица кои врз основа на договор за застапување со друштвото за застапување во осигурување добиле лиценца за застапник во осигурување и вршат работи на застапување во осигурување за друштвото.
3. Договор за работа – останати лица – се внесува број на сите останати лица кои работат во друштвото со договор за работа (освен лицата наведени во точка 1).
4.Други договори (договор на дело, договор за соработка и сл) - останати лица – се внесува број на сите останати физички и правни лица кои врз основа на разни договори (договор на дело, договор за соработка, авторски договор и сл.) се ангажирани од друштвото за извршување на одредени работи и задачи поврзани со работењето на друштвото (освен лицата наведени во точка 2). Во овој дел не се внесуваат податоци за склучените договори за деловна соработка со друштвата за осигурување.
Напомена: Банка која има согласност за вршење работи на застапување во осигурување пополнува податоци само во однос на точката 1.
I.3 Извештај за вработени лиценцирани застапници по подружници на друштвото односно банката ОДЗ2-2
1. Подружница на друштвото/банката – се внесува назив на подружницата на друштвото
односно банката.
2. Седиште на подружницата – се внесува седиштето на подружницата според податоците запишани во централниот регистар.
3. Број на вработени лиценцирани застапници – се внесува број на лица кои врз основа на договор за работа со друштвото за застапување во осигурување односно банката добиле лиценца за застапник во осигурување и вршат работи на застапување во осигурување во подружницата на друштвото односно банката.
4. Одговорно лице – се внесува име и презиме на одговорно лице на подружницата.
Напомена: Банка која има согласност за вршење работи на застапување во осигурување пополнува податоци само во однос на подружниците на банката во кои банката врши работи на застапување во осигурување
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ОБД3
I.1 Општ дел ОБД3-1
1. Име и презиме на вработени лиценцирани брокери – се внесува име и презиме на секое лице кое има лиценца за осигурителен брокер и кое врз основа на договор за работа со осигурително брокерското друштво врши осигурително брокерски работи во друштвото.
I.2 Извештај за вработени и ангажирани лиценцирани осигурителни брокери и останати ангажирани лица од страна на друштвото ОБД3-1
1. Договор за работа со лице кое има лиценца за осигурителен брокер – се внесува број на лица кои имаат лиценца за осигурителен брокер и кои врз основа на договор за работа со друштвото вршат осигурително брокерски работи во друштвото.
2. Договор за работа – останати лица – се внесува број на сите останати лица кои работат во друштвото со договор за работа (освен лицата наведени во точка 1).
3. Други договори (договор на дело, договор за соработка и сл) останати лица – се внесува број на сите останати физички и правни лица кои врз основа на разни договори (договор на дело, договор за соработка, авторски договор и сл.) се ангажирани од друштвото за извршување на одредени работи и задачи поврзани со работењето на друштвото (освен лицата наведени во точка 2). Во овој дел не се внесуваат податоци за склучените договори за деловна соработка со друштвата за осигурување.
I.3 Извештај за вработени лиценцирани брокери по подружници на друштвото ОБД3-2
1. Подружница на друштвото– се внесува назив на подружницата на друштвото.
2. Седиште на подружницата – се внесува седиштето на подружницата според податоците запишани во централниот регистар.
3. Број на вработени лиценцирани брокери – се внесува број на лица кои имаат лиценца за осигурителен брокер и кои врз основа на договор за работа со друштвото вршат осигурително брокерски работи во подружницата на друштвото.
4. Одговорно лице – се внесува име и презиме на одговорно лице на подружницата.