ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 02490/2020
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
I.1.2) Адреса: Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6 ти спрат
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx , адреса на е-пошта: xxxxxxxx.xxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx
телефон/факс: 000000000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 9 став 1 алинеја б) од Законот - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка на електрична енергија
II.1.1) Објавување на проценета вредност Не
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Сите мерни места регистрирани на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, ул.Македонија бр.25, палата Лазар Поп Трајков, 6ти кат, 1000, Скопје
II.3) Секторски договор Не
II.4) Централно тело Не
II.5) Групна набавка Не
II.6) Електронски каталог: Не
II.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Електрична енергија, за потребите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
09310000-5 | Електрична енергија |
II.9) Делива набавка Не
II.10) Рамковна спогодба: Не
II.11) Алтернативни понуди Не
II.12) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
или 365 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Електронска аукција Да
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за сериозност: Да
IV.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не
IV.1.3) Авансно плаќање: Не
IV.1.4) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.1.5) Резервирани договори Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи
- изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор
- Документ за регистрирана дејност: - потврда за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите
на земјата каде што е регистриран. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија. - Важечка Лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија или снабдување со електрична енергија издадена од Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија како доказ за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон.
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите/планови да се достават најдоцна до: 05.03.2020 година во 13:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 28.02.2020 година во 15:30 часот
V.2.3) Краен рок за одговор на прашања: 01.03.2020 година во 15:30 часот
V.3) Период на важност на понудата: 60 дена
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
05.03.2020 година во 13:00 часот , место: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, xx.Xxxxxxxxxx xx.00, палата Лазар Поп Трајков, 6ти кат, 1000, Скопје
V.5) Дополнителни информации Кај лицето определено за контакт
V.6) Датум на објава: 19.02.2020 година
ДЕЛ VI: ДОКУМЕНТИ
ДЕЛ VII: ПОНИШТУВАЊА ДЕЛ VIII: ПРИЛОЗИ
ДЕЛ IX: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР / ЕВИДЕНЦИИ
Известувања за склучен договор Известувања за измена за склучен договор:
ДЕЛ X: ИЗБРАНИ КАТЕГОРИИ НА КОИ И ПРИПАЃА ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
- Енергетика, нафта, нафтени деривати и поврзани услуги
ДЕЛ XI: КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
- Xxxxxxxx Xxxxxxxxx
- Xxxxx Xxxxxxxx
- Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx
ДЕЛ XII : ГОДИШЕН ПЛАН НА ОГЛАСОТ
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
преку ЕСЈН со е-аукција
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА
стока
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
за потребите на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
за 2020 година
критериум за доделување на договорот најниска цена
Скопје, 02/2020 годна
Инструкции за понудувачите
1.1. Договорен орган
Договорен орган е:
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, xx.Xxxxxxxxxx xx.00, палата Лазар Поп Трајков, 6ти кат, 1000, Скопје, телефон за контакт 02 32 54 010, факс 02 32 33 586
електронска адреса xxx@xxx.xxx.xx, контакт лице Убавка Јосифовска.
1.2. Предмет на договорот за јавна набавка
Предмет на договорот за јавна набавка е: Електрична енергија, за потребите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
Предметот на договорот е неделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
Договорниот орган го задржува правото да не ја реализира целата вредност на договорот.
Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од една (1) година. Договорот престанува да важи и пред истекот на наведениот временски период доколку се потрошат финансиските средства наведени во договорот.
1.3. Место, рок и начин на испорака
Носителот на набавката е должен постојано да ја испорачува електричната енергија, предмет на договорот, преку соодветниот електроенергетски систем до објектот на договорниот орган наведени во техничката спецификација, за период од 12 месеци од денот на потпишување на договорот а во согласност со правилата за снабдување со ЕЕ.
Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
1.4. Разлики во цена (корекција на цени)
1.4.1. При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
1.4.2. Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари. Доколку цената на понудата се искажува во валута различна од денарот курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние што важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите
1.5. Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши во рок од 15 (петнаесет) дена од пристигнување на фактурата за плаќање.
1.6. Применливи прописи
Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија“ (број 24/2019 и донесените подзаконски акти).
При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и други закони релевантни за предметот на договорот. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа) и сите други надлежни институции.
1.7. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое, преку ЕСЈН презело тендерска документација од Договорниот Орган.
Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Составен дел на групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
- Членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- Членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата
- Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства, доколку е предвидено во тендерската документација,
- Краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот и
- Други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација.
Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- Другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на членот од групата економски оператори спротивно на претходната точка се смета за повлекување на групната понуда.
Договорниот орган, по извршениот избор на најповолна понуда, од групата економски оператори може да побара, тие да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на договорот.
Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот. Учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација.
Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, немаат право на учество.
Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда или во една пријава за учество. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда
1.8. Критериум за избор и доделување на договорот за јавна набавка
Критериум за избор и доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.9. Спречување на судир на интереси
За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице, се придржуваат кон Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки, донесен од Министерот за финансии и потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.10. Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Начинот на поднесување на понудата е утврден во Точка 4 од оваа ТД – подготовка и поднесување на понудите.
1.11. Јазик на понудата
Тендерската документација е достапна на: македонски јазик. Во случај на неусогласеност преовладува македонскиот јазик.
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик односно, на јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Придружната документација (за утврдување способност) се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Документација за квалитативен избор се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Договорот за јавна набавка ќе биде склучен на македонски јазик.
1.12 Информации од доверлив карактер
Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Услови за утврдување способност (Член 87 од XXX)
При утврдување на способноста на економските оператори, договорниот орган утврдува:
- дали постојат причини за исклучување од постапката,
- дали се исполнети условите за квалитативен избор утврдени во членовите 89, 90, 91 и 92 од овој закон.
2.1.1 Согласно Член 49 став 3 од ЗЈН, понудувачот може:
- во прилог на својата понуда да достави изјава со која ќе ја потврди својата способност односно ќе потврди:
- дека не постојат причини за негово исклучување од постапката;
- дека ги исполнува условите за квалитативен избор;
- да ги достави документите/доказите за утврдување способност.
Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од претходната точка кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите
Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
2.2. Причини за исклучување од постапката (Член 88 од ЗЈН):
2.2.1 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
2.2.2 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
е) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
2.2.3 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци од членот 101 став (13) од Законот за јавни набавки.
Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка:
а) доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, барање оштета, барање наплата пенали/договорна казна, или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
2.3 Докажување на способноста за неисклучување од постапката (Член 95 од ЗЈН)
Како документи дека не постојат причини за исклучување од точка 2.2 од оваа ТД односно членот 88 од ЗЈН, договорниот орган ги прифаќа следниве документи:
а) во врска со точка 2.2.1 (член 88 став 1 од ЗЈН) изјава на економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
б) во врска со точка 2.2.2 (член 88 став 2 од ЗЈН), потврда издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или од друга земја во која е регистриран економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
в) во врска со точка 2.2.3 (член 88 став 3 од ЗЈН), извод од листата на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН.
Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите од ставот (4) на член 95 од ЗЈН), или ако тие не ги опфаќаат сите случаи од членот 88 на ЗЈН, договорниот орган прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај надлежен орган (нотар или сл.) во која ќе појасни кои документи не се издаваат, кои евентуално документи се издаваат како замена на бараните, и истите ќе ги достави.
Документите од член 88 ставови 1 и 2 од ЗЈН не смее да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество.
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата способноста за неисклучување од постапката.
Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, доставува документација за утврдување способност за неисклучување од постапката, за секој од предложените подизведувачи.
Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
2.4 Услови за квалитативен избор на економските оператори 2.4.1 Способност за вршење професионална дејност (Член 90)
Услови:
- економскиот оператор да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка.
- Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.
За докажување на исполнување на условите за вршење професионална дејност економскиот оператор задолжително доставува:
- потврда за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
- Важечка Лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија или снабдување со електрична енергија издадена од Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија како доказ за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон.
2.4.2 Техничка и професионална способност (член 92) Услови:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- Да поседува EIC код издаден од X.X. МЕПСО – Скопје, како вршител на енергетска дејност да пренос на електрична енергија,
- економскиот оператор да ја прифати балансната одговорност на потрошувачот.
За докажување на техничката или професионална способност економскиот оператор задолжително доставува:
- EIC код издаден од А.Д. МЕПСО – Скопје,
- Изјава за прифаќање на балансната одговорност на потрошувачот.
Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
НАПОМЕНА: Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 2.1 на оваа тендерска документација кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
3. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
3.1. Појаснување на тендерската документација
Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот „Прашања и одговори“, најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската документација, договорниот орган без надоместок и во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, но не подоцна од 4 (четири) дена од крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество
За појаснувањето што договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2. Измена и дополнување на тендерската документација
Договорниот орган може, во роковите од точка 3.1 од оваа ТД, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања или барања од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација.
Со цел да им се овозможи на сите економски оператори да се запознаат со сите информации потребни за подготовка на понудите, крајниот рок за поднесување на понудите или на пријавите за учество се продолжува пропорционално на сложеноста на измената или дополнета тендерската документација, во последните шест дена од рокот за поднесување на понудите.
Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
4. Изготвување и поднесување на понудите
4.1 Содржина на понудата
Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма, и се состои од следниве елементи:
пополнет образец на понуда (Прилог бр.1)
изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.2)
изјава за исполнување на условите за способност или документација со која се докажуваат условите за способност (точка 2.1.1 од оваа ТД) (Прилог бр.3)
листа на доверливи информации (Прилог бр.4)
документ за регистрирана дејност,
Важечка Лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија или снабдување со електрична енергија издадена од Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
EIC код издаден од X.X. МЕПСО – Скопје,
Xxxxxx за прифаќање на балансната одговорност на потрошувачот.
Економскиот оператор документите на понудата ги изготвува, електронски ги потпишува и доставува врз основа на електронските обрасци дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да достави дополнение на својата понуда како посебен документ. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
Документите за кои нема образец на понуда, може да бидат доставени на ЕСЈН во PDF форма, електронски потпишана од Понудувачот.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, согласно точка 1.7 од оваа ТД.
4.2 Цена на понудата
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор за целосна реализација на предметот на набавка, место на реализирање на договорот и да биде искажана без данок на додадена.
Економскиот оператор во Образец на понуда во прилог ја внесува вкупната цена на набавката и во премер пресметката/спецификацијата со цени (во прилог) ги внесува единечните цени по позиции и вкупната цена на набавката.
Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество”, панел „Податоци од понудата”, во полето за внесување на цената.
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3 Валута на понудата, фактурирање, начин и рок на плаќање
Цената на понудата се изразува во денари. Странскиот понудувач е слободен, понудата да ја изрази во странска конвертибилна валута, која се пресметува по среден курс на НБМ, според курсната листа објавена 14-иот ден пред крајниот ден за доставување на понуди.
Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
Фактурирањето ќе се врши после извршена испорака.
Плаќањето ќе се изврши во рок од 15 дена, по завршување на пресметковниот период. Во оваа постапка не е предвидено авансно плаќање.
4.4 Период на важност на понудата
Понудите треба да важат најмалку 60 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.5 Изјава за сериозност на понуда
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.2), при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација.
Со изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе дејствијата од ставот (6) на член 101 од Законот за јавните набавки (Сл.Весник. 24/2019). Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со ставот (7) на истиот член.
Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6 Форма и потпишување на понудата
Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од “Прирачник за користење на ЕСЈН” објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот “Економски оператори”.
Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
- Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
- Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
- Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Северна Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот; б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.7 Начин на доставување на понудата и придружната документација
Понуди можат да достават само економските оператори кои ја презеле тендерската документација преку ЕСЈН. Економскиот оператор понудата ја доставува во електронска форма преку ЕСЈН.
Економскиот оператор придружната документација ја доставува преку ЕСЈН, во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отворање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8. Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудите е 05.03.2020 година во 13:00 часот.
Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.9. Алтернативни понуди – не се дозволени
4.10. Измена, замена и повлекување на понудата
Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите.
Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда”, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи, или целосно повлекување на понудата.
Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1. Отворање на понудите
Јавното отворање на понудите се врши електронски преку ЕСЈН во присуство на овластен претставник на економските оператори, кои ќе одлучат да присуствуваат на отворањето. Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. Договорниот орган може да го ограничи бројот на овластени претставници на еден економски оператор кои ќе присуствуваат на јавното отворање.
Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 05.03.2020 година во 13:00, во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација - Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, со адреса на ул. Македонија бр.25, палата Xxxxx Xxx Xxxxxxx, 6ти кат, 1000, Скопје, во присуство на овластените претставници на понудувачите.
Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија” бр. 154/07).
5.2. Доверливост на процесот на евалуација на понудите
Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3. Појаснување на понудите
При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања. Барањето од Комисијата за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи”.
Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рокот кој го определила комисијата.
Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на комисијата или од понудувачот.
Комисијата може да бара директно од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик и за истото да одреди примерен рок.
5.4 Невообичаено ниска цена
Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките, услугите или работите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
Објаснувањето од претходната точка особено се однесува на:
економичност на производствениот процес, на обезбедувањето услуги или на начинот на градење,
избраните технички решенија или кои било други особено поволни услови кои понудувачот ги има на располагање за обезбедување на стоките или услугите или за изведувањето на работите,
оригиналноста на стоките, услугите или работите понудени од страна на понудувачот,
исполнувањето на обврските од членот 3 став (2) од Законот за јавни набавки,
исполнувањето на условите во поглед на подизведувачите и
можноста понудувачот да користи државна помош.
Договорниот орган ја отфрла понудата само доколку објаснувањето или доставените докази не се доволни да се оправда ниската понудена цена или трошоци, земајќи ги предвид елементите од претходната точка.
Договорниот орган ја отфрла понудата доколку утврди дека истата има невообичаено ниска цена бидејќи не ги исполнува применливите обврски за заштита на животната средина, социјална политика и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Република Северна Македонија, колективните договори и од меѓународните договори и конвенции кои се ратификувани во Република Северна Македонија.
Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено ниска бидејќи понудувачот добил државна помош, понудата може да биде прифатена ако по барање дополнителни појаснувања, понудувачот докаже дека му била доделена државна помош во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
5.5 Исправка на аритметички грешки
Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена, ќе биде активирана гаранцијата на понудата и ќе објави негативна референца.
5.6 Евалуација на понудите
Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и доставените понуди.
Доколку е потребно Комисијата во својата работа може да вклучи надворешни стручни лица.
Понудите кои не ги исполнуваат минималните барања за способност на економските оператори ќе бидат отфрлени. Понудите со технички карактеристики под минимално зададените и со опрема под задолжителната нема да се евалуираат односно ќе бидат отфрлени.
Понудените технички карактеристики над минимално зададените и со опрема над задолжителната нема да се сметаат за предност.
По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот
„Економски оператори“.
Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во оваа постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и
увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да биде спроведена.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА / ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПОНУДУВАЧИТЕ / СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА / ПРАВНА ЗАШТИТА
6.1. Договорниот орган ја избира најповолната понуда, за што донесува одлука
Договорниот орган е должен да донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, односно пријавите за учество во конкретната постапка, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, односно пријавите за учество, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
Договорниот орган може, до истекот на рокот за поднесување жалба, да исправи грешки во имињата или броевите, во текстот или други очигледни грешки во одлуката што ја донел.
Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата на ЕСЈН.
Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда на ЕСЈН.
По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН.
Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да до обезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.2. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
Во прилог на известувањето се доставува и примерок од соодветната одлука.
По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3. Склучување на договорот за јавна набавка
Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 (четири) примероци на потпишување.
Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 10 (десет) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган.
Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во утврдениот рок, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот, да даде негативна референца за понудувачот и да ја активира дадената Изјава за сериозност на понудата.
Договорот со избраниот најповолен понудувач ќе биде склучен врз основа на барањата од оваа ТД.
6.4. Договорот за јавна набавка особено ќе содржи:
- Рок и динамика на извршување на договорот: Ќе бидат утврдени спогодбено помеѓу Носителот на набавката и Договорниот орган,
- Разлики во цена (корекција на цени):
Корекцијата на цените не се предвидува, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач и по спроведената Е-аукција ќе бидат крајни,
- Рок и услови на плаќање: 15 дена по завршување на пресметковниот период.
- Траење на договорот: 1 (една) година. Договорот престанува да важи и пред истекот на наведениот временски период доколку се потрошат финансиските средства наведени во договорот.
7. ПРАВНА ЗАШТИТА (Глава VIII – од член 130 до член 171 од ЗЈН)
Согласно глава 138 од Законот за јавни набавки, секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка.
Правна заштита може да бара и Бирото за јавни набавки и државниот правобранител на Република Северна Македонија, кога ги штитат интересите на државата или јавниот интерес.
Субјектите од претходните две точки имаат право да изјават жалба до ДКЖЈН.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА (Член 114)
Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка (согласно член 114 од ЗЈН) за што носи одлука за поништување на постапката ако:
1. бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
2. не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
3. настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
4. понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
5. оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
6. добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
7. поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
Во случај на поништување на постапката за јавна набавка врз основа на ставот (1) алинеја 7 од Членот 114, договорниот орган не смее да спроведе нова постапка за истиот предмет на набавка во период од една година од денот на донесувањето на одлуката за поништување на постапката.
Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
Договорниот орган објавува известување за поништување на дел или на целата постапка за јавна набавка на ЕСЈН во рок од десет дена од денот на поништувањето на постапката.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
10. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Д О Г О В О Р
за јавна набавка на стоки
Склучен помеѓу:
1. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, уx.Xxxxxxxxxx xx.00, палата Xxxxx Xxx Xxxxxxx, 6ти кат, 1000, Скопје, застапувана од (во натамошниот текст: купувач), од една страна и
2. , со седиште на , со ЕМБС , застапувано од
(во натамошниот текст: продавач), од друга страна.
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е набавка на електрична енергија, согласно техничката спецификација и понудата на продавачот бр. од 2020 година, кои се составен дел на овој договор.
За сите прашања кои не се уредени со овој Договор, важат одредбите од Законот за енергетика, Правилата за пазар на електрична енергија, Правилата за снабдување со електрична енергија и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
II. ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Јазик на Договорот и на другите документи кои преставуваат негов составен дел е македонскиот јазик.
III. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на договорот ќе се утврди врз основа на стварно испорачаната електрична енергија но не повеќе од денари.
Набавувачот го задржува правото да не ги реализира сите предвидени средства за времетраење на договорот.
Единечна цена на електрична енергија за висока тарифа со вклучени: трошок за електрична енергија, трошок за планирање и номинирање на потрошувачката, трошок за балансирање на потрошувачката и увозни царински давачки, без ДДВ изнесува денари/КWh.
Единечна цена на електрична енергија за ниска тарифа со вклучени: трошок за електрична енергија, трошок за планирање и номинирање на потрошувачката, трошок за балансирање на потрошувачката и увозни царински давачки, без ДДВ изнесува денари/КWh.
Цената ги вклучува сите трошоци за испорака на електричната енергија до местото на испорака: трошок за електрична енергија, трошок за планирање и номинирање на потрошувачката, трошок за балансирање на потрошувачката и увозни царински давачки, и истите се фиксни и непроменливи за целото времетраење на договорот
Член 4
Договорните страни се согласни дека останатите трошоци поврзани со потрошената електрична енергија од страна на купувачот, и тоа: надоместокот за електрична енергија од повластени производители и надоместокот за користење на пазарот за електрична енергија, кои се законски регулирани, ќе бидат дел од документот за плаќање (фактурата) издадена од продавачот. За истите е дозволена корекција на цена во зависност од процентуално учество и просечните цени за продавачот објавени од страна нанадлежно тело, согласно позитивна законска регулатива.
IV. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Договорот се склучува во времетраење од 1 година, започнувајќи од 2020 година.
V. ДИНАМИКА, РОК И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКАТА
Член 5
Продавачот ќе го снабдува купувачот со електрична енергија врз основа на потребите на купувачот, редовно и непрекинато, 24 часа во денот за целото времетраење на договорот, до сите мерни места регистрирани на купувачот.
Продавачот е должен да ја преземе на себе балансната одговорност и да го вметне купувачот во својата балансна одговорна група.
Продавачот е должен непречено да дозволи отварање на нови приклучни мерни места или укинување на постоечки, за што ќе биде навремено известен.
Купувачот го задржува правото да врши зголемување или намалување на бројот на мерни места, според потребите.
За сите планирани прекини продавачот е должен да го информира купувачот најкасно 24 часа пред прекинот, за периодот од понеделник до петок. Доколку прекинот е планиран да се реализира во сабота, недела или утринските часови од понеделник, информацијата за прекинот на испорачување на електрична енергија се доставува најдоцна до 14 часот во петокот пред викенд деновите.
Продавачот прифаќа отстапување од претпоставените количини на електрична енергија на месечно и годишно ниво, во зависност од временските услови и потрошувачката на електрична енергија.
Купувачот нема обврска да изврши целосна набавка на проектираните количини електрична енергија како и да врши нејзино плаќање.
Мерењето на испорачаната електрична енергија го врши Операторот на дистрибутивниот систем.
VII. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ, НЕИСПОЛНУВАЊЕ ИЛИ НЕУРЕДНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Во случај на ограничување или прекин на испораката на електричната енергија, услугите за снабдувањето, како и висината на обештетувањето на купувачот во случај на прекин на испораката на електрична енергија во целост ќе се применуваат Правилата за снабдување со електрична енергија.
VIII. НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 7
Продавачот на купувачот ќе му доставува фактура за испорачаната електрична енергија на месечно ниво согласно утврдената цена.
Купувачот е должен да ја плати фактурата за испорачаната електрична енергија за претходниот месец, во рок од 15 дена од денот на доставување на фактурата во архивата на купувачот.
Фактурата ги содржи особено следниве елементи:
повикување на број на договорот;
датум на изготвување на фактурата;
количини со опис на стоката дефинирани по позиции;
единечни договорени цени за секоја од позициите;
вкупни цени по позиции;
вкупна цена на фактурата;
евентуални намалување на фактурата;
вкупна цена за исплата по фактурата (во случај да бил исплатен аванс или доколку имало евентуално намалување);
валута на плаќање;
рок на плаќање;
сметка и банка на давателот на фактурата.
IX. РАЗЛИКА ВО ЦЕНА (корекција на цени)
Член 8
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на добавувачот ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
X. ВИША СИЛА
Член 9
Купувачот и продавачот се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикувани од виша сила.
Во случај на настанување на виша сила, договорните странки ќе договорат нови услови за негово исполнување или ќе го раскинат Договорот кога за тоа ќе се створат услови.
XI. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 10
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултати, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
XII. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
XIII. КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 12
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој договор.
XIV. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 13
За се што не е регулирано со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
За сите прашања кои не се уредени со овој Договор важат одредбите од Законот за енергетика, Правилата за пазар на електрична енергија, Правилата за снабдување со електрична енергија и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
XV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 14
Измени и дополнувања на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со анекс - договор само во согласност со одредбите на Законот за јавните набавки и тендерската документација
Член 15
Овој договор е склучен во 4 истоветни примероци од кои 2 за купувачот и 2 за продавачот.
Продавач
_
Купувач
Технички спецификации
За набавка на електрична енергија за потребите на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
1 | 2 | 3 | |
Опис | Единица мерка | Количина | |
1. | Активна електрична енергија - Висока Тарифа (ВТ) | КWh | 81.814 |
2. | Активна електрична енергија - Ниска Тарифа (НТ) | КWh | 50.641 |
Набавката на електрична енергија е последователна и ќе се извршува во период од една (1) година сметано од денот на започнувањето со примена на Договорот за јавна набавка.
Предвидените количини се ориентациони во зависност од климатските и температурните услови, за период од една година и договорниот орган не презема обврска за целосно искористување на количините утврдени во спецификацијата.
1. Преглед на потрошена електрична енергија во седиштето на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на адреса ул. Македонија бр.25, Палата „ Xxxxx Xxx Xxxxxxx“ , кат 6 и кат 7, за месеците јануари/декември 2019 година со број на место на потрошувачка: 0000000096836, категорија на приклучок LV 1.2 и броило број 51339768.
јануари 2019 | февруари 2019 | март 2019 | април 2019 | мај 2019 | јуни 2019 | јули 2019 | август 2019 | септември 2019 | октомври 2019 | ноември 2019 | декември 2019 | |
активна АВТ (КWh) | 8.831,63 | 7.009,36 | 5.656,99 | 4.691,13 | 4.422,59 | 5.292,88 | 7.159,01 | 6.808,42 | 5.601,25 | 5.184,65 | 5.635,94 | 8.082,53 |
активна АНТ (КWh) | 6.019,63 | 4.995,20 | 3.728,39 | 2.695,45 | 2.514,83 | 3.374,12 | 3.621,40 | 3.948,10 | 3.504,79 | 2.998,67 | 3.297,14 | 5.340,30 |
Вкупно за активна АВТ (КWh) во 2019 година: 74.376,38
Вкупно за активна АНТ (КWh) во 2019 година: 46.038,02
2. Претпоставени количини за набавка на електрична енергија во периодот од 1 година во претпоставен период од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година, вкалкулирано и сумирано, претставени се во следната табела.
Предвидените количини се ориентациони, зголемени за + 10% во однос на претходната година, и може да варираат во зависност од климатските услови и температурите
јануари 2020 | февруари 2020 | март 2020 | април 2020 | мај 2020 | јуни 2020 | јули 2020 | август 2020 | септември 2020 | октомври 2020 | ноември 2020 | декември 2020 | |
активна АВТ (KWh) | 9.714,79 | 7.710,30 | 6.222,69 | 5.160,24 | 4.864,85 | 5.822,17 | 7.874,91 | 7.489,26 | 6.161,38 | 5.703,12 | 6.199,53 | 8.890,78 |
активна АНТ (KWh) | 6.621,59 | 5.494,72 | 4.101,23 | 2.965,00 | 2.766,31 | 3.711,53 | 3.983,54 | 4.342,91 | 3.855,27 | 3.298,54 | 3.626,85 | 5.874,33 |
– Понудата за електрична енергија потребно е да се изрази во вредност за потрошен КWh и во неа треба да бидат вклучени трошоците за царина за увоз и балансирана одговорност.
– Во понудата зa електрична енергија по KWh која е предмет на електронската аукција не треба да бидат пресметани трошоци за зелена енергија и трошоци за Операторот на пазар за електрична енергија
– Доколку постои потреба, понудувачот треба да прифати пресметка на трошоци по договорната цена за електрична енергија и на други дополнителни места на потрошувачка по барање на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија или укинување на постојните.
– Во понудата за цената за електрична енергија во двете тарифи, потребно е да се вклучат и трошоците за балансирање.Понудувачот да прифати отстапување од претпоставените количини на електрична енергија на месечно и годишно ниво, бидејќи потрошувачката зависи од временските услови и температурите,
– Економскиот оператор да ги почитува одредбите и правилата за снабдување со електрична енергија
– Прегледот на потрошената електрична енергија е прикажан во кWh.
Прилог 1 – Образец на понуда
Врз основа на огласот број _ објавен од страна на
, за набавка на
со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
– Адреса: _
– Телефон: _
– Факс:
– Е-пошта: _
– Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице: _
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Финансиска понуда
Р.Б. | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Единечна цена со ДДВ | Износ без ДДВ | Износ со ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
1 | Активна електрична енергија - Висока Тарифа (ВТ) | KWh | 81.814 | ||||
2 | Активна електрична енергија - Ниска Тарифа (НТ) | KWh | 50.641 | ||||
Вкупно без ДДВ | |||||||
Вкупно со ДДВ | |||||||
Вкупно без ДДВ со зборови: | |||||||
Вкупно со ДДВ со зборови: |
II.2. 1. Според тоа, вкупната цена на нашата понуда со вклучени трошоци за царина за увоз и балансирана одговорност, за набавка на стоки: електрична енергија, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: (со бројки) ( ) (со букви) денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува _ денари.
II.3. Изјавуваме дека во понудата не се пресметани трошоци за зелена енергија и трошоци за Операторот на пазар за електрична енергија.
Доколку постои потреба, прифаќаме пресметка на трошоци по договорната цена за електрична енергија и на други дополнителни места на потрошувачка по барање на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија или укинување на постојните.
Прифаќаме отстапување од претпоставените количини на електрична енергија на месечно и годишно ниво, бидејќи потрошувачката зависи од временските услови и температурите.
Ги прифаќаме барањата, условите и роковите дефинирани во техничката спецификација како и начинот и рокот на испорака на стоката утврден во тендерската документација.
Го прифаќаме отстапувањето од проектираните количини на електрична енергија на годишно ниво.
II.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација, техничката спецификација и одредбите од приложениот модел – договор.
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
за сериозност на понудата
Јас, долупотпишаниот _ _ [име и презиме], врз основа на член 101 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 101 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
Одговорно лице (потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за докажување способност
Врз основа на Член 49 став 3 од Законот за јавни набавки, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека:
во својство на [се наведува назив на понудувачот]
понудувач во поедноставената отворена постапка број за набавка на:
[се наведува предметот на набавка]
во целост ги исполнува условите за утврдување способност односно:
- не постојат причини за наше исклучување од постапката;
- ги исполнуваме условите за квалитативен избор:
- условите за вршење професионална дејност
- условите за техничка или професионална способност
- ги исполнуваме стандардите за системи за квалитет и стандардите за управување со животната средина
Доколку нашата понуда биде оценета за најповолна, пред донесувањето на одлуката за избор и на барање на договорниот орган, ќе ги доставиме бараните документите за утврдување способност, наведени во тендерската документација.
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог бр. 4 - Листа на доверливи информации
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Електронски потпис