Contract
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
ТЕХНИЧКО УПАТСТВО
за пресметувањето и плаќањето на здравствените услуги за осигурените лица во здравствените установи од примарната стоматолошка здравствена заштита кои имаат склучено договор со Фондот за лекарите кои имаат статус на избран лекар
Април, 2011 година
Фонд за здравствено осигурување на македонија Сектор информатика
Тел: 02/0000-000, 0000-000, 329-060
СОДРЖИНА
СОДРЖИНА 2
1 Вовед 3
2 Документи кои треба избраниот лекар да ги доставува до матичната Подрачната служба 3
2.1 Извештај за извршените активности за постигнување на определени цели кај избраниот стоматолог (Прилог 3б од Договорот) 3
3 Формат и содржина на датотеките 4
4 Фактури од стоматолошките здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот 6
5 Слог за Пресметка- на избраниот лекар стоматолог кои имаат договор со Фондот 8
6 Планирање на цели 13
6.1 Превентивни прегледи 13
6.1.1 Контролни прегледи 13
6.1.2 Контрола на дентален плак и остранување на меки наслаги на забите
13
6.1.3 Превентивно залевање на фисурите на забите 14
6.1.4 Рационално користење и рационално препишување на лекови 14
6.1.5 Рационално упатување на повисоко ниво на здравствена заштита 14
6.1.6 Рационално и оправдано препишување на боледување 15
7 Реализирација на цели 17
8 Извештај за пропишаните лекови на рецепт за определен временски период во примарна стоматолошка здравствена заштита 19
9 Извештај за извршени здравствени услуги за месец 2011 година 22
1 Вовед
Здравствената установа е должна по потпишувањето на Договор со ФЗОМ, да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, утврдени со ова упатство на Фондот.
Пресметувањето и плаќањето на надоместокот за обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствените установи од примарната здравствена заштита се врши според бројот на осигурените лица кои избрале лекар во здравствената установа (капитација).
Износот на капитацијата за избраниот лекар се пресметува како производ од бројот на осигурените лица кои го избрале за свој матичен лекар и утврдената вредност за еден поен.
2 Документи кои треба избраниот лекар да ги доставува до матичната
Подрачната служба
1. Пресметка на избраниот лекар до матичната подрачна служба на ФЗОМ;
2. Ф-ра на избраниот лекар до матичната Подрачна служба ( За ф-те не се доставува Електронски запис бидејќи ф-те се збир од пресметките на лекарите од иста ординација до иста подрачна служба)
2.1 Извештај за извршените активности за постигнување на определени цели кај избраниот стоматолог (Прилог 3б од Договорот)
1. Планирани активности од извештајот Прилог 3б- Планирано;
2. Извршени активности од извештајот Прилог 3б- Извршено;
3. Извештај за потрошени лекови во определен период;
4. Извештај за извршени стоматолошки здравствени услуги за месец;
3 Формат и содржина на датотеките
Стоматолошките здравствени установи до матичната подрачна служба податоците ги доставуваат во пратки односно во датотеки.
Датотеките се состојат од слогови со фиксна должина и тоа со еден или повеќе слогови.
Датумите во слоговите секогаш се со 10 места и со формат ѕѕѕѕ.мм.дд каде што
гггг година, дд е ден и мм месец за кој се однесува слогот .
За да се постигне фиксна должина на слогот за секое од наведените полиња се применува следниот принцип :
На сите нумерички податоци однапред им се додаваат водечки нули, а на сите алфанумерички податоци им се додаваат празни места на крајот од податоциде до дефинираната должина.
Износите во денари со дени ( задолжително на 00 или 50 дени), се одделени со запирка и предзнак плус (+) или минус (-). Предзнакот се брои при одредувањето на должината на овој тип на податок. И за износите важи правилото за додавање на водечки нули однапред ( на пример: +00000105,50 -> Н(11,2) ).
Од ова произлегува дека Формат (изгледот) или содржина на атрибутите во слогот ќе се дефинираат на следниот начин :
Н(н) -> Точно н само нумерички знаци од 0-9; н(9) значи форматот на полето е нумеричко со фиксно 9 знака; ако должината на полето е помала од 9 се пополнува со водечки нули; На пример Бројот 1234 во поле Н(9) ке биде 000001234
Алфа(н) -> Алфанумеричко поле кое е фиксно со н знака. Се полни од почектот а се дополнува со празни знаци (SPACE) на крајот до должината н.
Редовите во датотеката се одделени со стандардната DOS ознака на крајот од редот (CR/LF) децимални ASCII кодови 13 и 10)
Конвенција за имињата на датотеките . Имињата на датотеките при трансферот ќе бидат во следниот облик : СXXXXXНН.ММГ
Каде што :
С -> Станува збор за трансфериран слог од стоматологија до Фондот ( или Ф ) за трансфериран слог од Фондот до ЗУ
ХХХХХ - > Нумерички дел на шифрата на стоматологот како разлика помеѓи бројот на факсимилот на лекарот стоматолог - 600000 или последните пет цифри од Факсимилот на избраниот стоматолог ;
НН - > Број на листата што е погоре специфицирана
ММ -> Месец за кој се однесуваат податоците
Г -> Година за која се однесуваат податоците
Секој слог во датотеките ќе биде детално опишан во форма
Р.бр -> Реден број на атрибутот во слогот ;
Опис на податоците -> Xxxxxxx опис на атрибутот во слогот
Формат(изглед) или содржина на атрибутот -> Се внесува договорениот формат
(изглед) или содржина на атрибутите во слогот , Н(н), Алфа(н), ѕѕѕѕ.мм.дд и т.н
Задолжителен податок -> да ако податокот е задолжителен и Не или празно ако податокот не е задолжителен;
Тест податоци -> Се внесуваат тесни податоци за да се види како и на кој начин треба да се пополни соответниот образец;
Здравствената установа е должна да по потпишувањето на Договор со Фондот, да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, утврдени со Упатство на страна на Фондот.
Евиденција на осигурениците кај избраниот стоматолог
Договор со Фондот
IL-1 Обрасци
Анекс на договорот
Упатство од Фондот
Табели на лекови
Табели на подрачни служби
Табели на завршни услуги за партиципација
Правилници, Одлуки и сл.
Образец ИЛ-1 кој го доставува од Здравствената установа која има договор со Фондот до подрачната служба (доставуваат оригинал ИЛ-1 обрасци и истите податоци во електронска форма) од каде се осигурениците на избраниот лекар;
Извештај за сите осигуреници кои се активни до определен период од Здравствената установа до Фондот во hard copy и во електронска форма.;
Пресметка на избраниот лекар до секоја подрачна служба до која ина осигурени лица на кои им обезбедува здравствени услуги;
Ф-ра на избраниот лекар до секоја подрачна служба до која ина осигурени лица на кои им обезбедува здравствени услуги;
План за реализирани цели за едно тромесечие; Реализирани цели во секое тромесечие на избраниот лекар; Извештај за потрошени лекови во определен период; Извештај за извршени стоматолошки здравствени услуги ;
Евиденција, прегледи и пратење на работењето на стоматолошката установа по осигуреник и по услуга
Влезни документи
4 Фактури од стоматолошките здравствени установи кои имаат склучено
договор со Фондот
Износот на капитација на избраниот лекар стоматолог му се исплатува 100%
доколку ги оствари целите утврдени во договорот во врска со:
- Извршување на предвидениот број на превентивни прегледи;
- Придржување кон обврската за рационално препишување на рецепти;
- Упатување на повисоко ниво на стоматолошка здравствена заштита;
- Оправдано одобрување на боледување.
Доколку избраниот лекар стоматолог не ги исполни погоре споменатите цели, утврдениот износ на капитација се намалува и тоа за :
- за неизвршување на предвидениот број на превентивни прегледи за 10% ;
- за нерационално препишување на рецепти за 4%;
- за нерационално упатување на повисоко ниво за 4% и
- за неоправдано одобрување на боледување за 2%.
Со други зборови на секој стоматолог секој месец му се исплатува 80% од износот на капитацијата, а остатокот од 20% се исплаќа врз основа на остварените резултати за секое тромесечје.
Висината на капитација врз основа на елементите од Правилник-от ја утврдува Управниот одбор на Фондот.
Вредноста на поените ја утврдува Фондот врз основа на планираните приходи утврдени со Буџетот на Фондот.
Во зависност од бројот на остварените поени, вредноста на поенот се пресметува на следниот начин:
1. до 2000 поени 100 % од утврдената вредност на поенот;
2. за секој нареден поен од 2001 до 3000 поени, 70% од утврдената вредност на поенот;
3. за секој нареден поен од 3001 до 4000 поени, 45% од утврдената вредност на поенот;
4. за секој нареден поен од 4001 поени, 30% од утврдената вредност на поенот.
5 Слог за Пресметка- на избраниот лекар стоматолог кои имаат договор со
Фондот
Во принцип, еден избран лекар стоматолог може да има пациенти кои се осигуреници од повеќе Подрачни служби.
За сите осигуреници од една подрачна служба се доставува пресметка за секој лекар посебно. За таа цел секој избран стоматолог прави пресметки за онолку подрачни служби од каде што има осигуреници. За Скопје без разлика што има повеќе подрачни служби ( подрачната служба се одредува од првите три места од здравствената легитимација на осигуреникот) се прави една пресметка. На пример еден избран стоматолог има осигуреници од Скопје- Центар, Скопје Xxxxxx Xxxx, Скопје-Чаир, Куманово и Тетово . Во овој случај треба да се направат три пресметки во која во едната ќе се сместат сите податоци за осигурениците за Скопје , друга за Куманово и трета за Тетово.
Слог за Пресметката С2345603.015 каде С-значи примарен стоматолог и се вклопува во дадениот формат
Ред. бр. | Опис на податоците | Формат (изглед) или содржина на полето | Задолжите лен податок | Забелешка |
1 | Идентификатор на слогот | Алфа (4) | Да | Знак “ПРЕ1” |
2 | Единствен Даночен Број | Н(13) | Да | |
3 | Подрачна служба на седиштето на З.У | Н(3) | Да | * Од табелата на ПС |
4 | Број на факсимил на стоматологот | Н(6) | Да | |
5 | Рурални места | Н(1) | Да | 1->Во рурални места ;0- Останати |
6 | Број на пресметката | Н(2) | Да |
Ред. бр. | Опис на податоците | Формат (изглед) или содржина на полето | Задолжите лен податок | Забелешка |
7 | Дата на пресметката | Н(4) + знак “.” + Н(2) + знак “.” + Н(2) | Да | |
8 | За месец | Н(2) | Да | На пример 01 |
9 | За година | Н(4) | На пример : 2005 | |
10 | За која ПС е наменета пресметката | Н(3) | Да | * Од табелата на ПС |
11 | Вкупен број на осигуреници | Н(4) | Да | |
12 | Висина на капитацијата по осигурено лице | Н (6,2) | Да | |
13 | I.1. Вкупен износ на пресметаната капитација | Н(11,2) | Да | Број на осигуреници х месечниата вредност на капитацијата ( 13 х 14) |
14 | I.2.Надоместок за оддалечени рурални места | Н(11,2) | Да | 16 = 15 * 0.80 |
15 | I. Вкупен износ на пресметана капитација | Н(11,2) | Да | |
16 | II.Надомест на капитација согласно член 8 став 2 | Н(11,2) | Да само на тромесечие | 16 = 15 * 0.80 |
17 | Процент на остварените цели | Н(5,2) | Да | Само во тромесечието |
Ред. бр. | Опис на податоците | Формат (изглед) или содржина на полето | Задолжите лен податок | Забелешка |
18 | III. Надомест на капитација по член 8 ( најмогу до 20 %) | Н(11,2) | Да | Само во тромесечието |
19 | IV. Вкупно за наплата ( I + II + III ) | Н(11,2) | Да | |
20 | Износ на наплатена партиципација | Н(11,2) | Да | |
21 | Збир на Број на осигуреници кои имаат точно 7 или точно 12 години | Н(4) | Да | |
22 | Број на осигуреници до 14 годишна возраст | Н(4) | Да |
Каде што :
1. Идентификатор на слогот -> се става “ПРЕ1” што значи дека станува збор за пресметка од избраниот лекар- приватни стоматолози ;
2. Единствен Даночен Број -> се внесува даночниот број на здравствената стоматолошка установа кај која е вработен избраниот стоматолог. ( Број даден од Управата за јавни приходи );
3. Подрачната служба на седиштето на ЗУ -> шифра на подрачната служба на Фондот во која е седиштето на здравствената установа;
4. Xxxx на факсимил на избраниот стоматолог-> Секој избран стоматолог во моментот на склучувањето на договорот со Фондот за здравствено осигурување добива факсимил-еднозначен идентификатор со кој се евидентира во Фондот. Шифрата на избраните лекари стоматолози почнуваат со 6 и се со шест знака каде што последниот е по модул 11. Со оваа шифра избраниот лекар стоматолог се идентификува во фондот при доставувањето на ИЛ-1 обрасците, реализираните рецепти, упатите и боледувањето.
5. Број на пресметка -> се внесува бројот на пресметката што ја прави избраниот лекар до соответната подрачна служба . Бројот на пресметката е еднаков на бројот на фактурата на што тој лекар-стоматолог ја изработил до тогаш; обично тоа е реден број во растечки редослед ;
6. Дата на пресметката->Дата кога е израбоитена пресметката . Се внесува датум во форма ѕѕѕѕ.мм.дд.
7. За месец -> Се внесува месецот за кој што се однесува пресметката на избраниот стоматолог до соответната подрачна служба;
8. За Година -> Се внесува годината за која што се однесува пресметката на избраниот стоматолог до соответната подрачна служба;
9. Подрачната служба на седиштето на ЗУ -> шифра на подрачната служба на Фондот кон која е наменета пресметката. Во оваа пресметка се внесуваат само осигурениците кои имаат број на здравствена легитимација која почнува со овие три бројки. ( Ќе се добие табела на подрачни служби која што ќе содржи шифри на подрачни служби, назив на подрачните служби ); Збирната пресметка за сите подрачни служби за еден избран лекар се пополнува 999.
10. Вкупен број на осигуреници -> Се внесува вкупниот број на осигуреници кои што го избрале стоматологот а се од соответната подрачна служба. Овој број представува збир од сите осигуреници кои се активни на крајот од соответниот месец и имаат дата на пријава помала од крајниот дена на месецот за кој што се однесува пресметката. Активен осигуреник е оној осигуреник кој има само дата на пријава помала или еднаква на крајниот ден од месецот за кој се бара пресметка, или датум на одјава во истиот месец.
11. Висина на капитацијата по осигурено лице -> Се внесува вредноста на капитацијата по осигурено лице која ја одредува управниот одбор.
12. Вкупен износ на пресметана основна капитација -> Се внесува вкупниот износ на основната капитација (производ од Вкупниот број на осигурени лица кои го избрале стоматологот и Висината на капитацијата по осигурено лице.(
I.1. Вкупен износ на пресметаната капитација );
13. Вкупен износ на пресметана капитација -> Збир од вкупниот износ на пресметаната основна капитација и надоместокот за оддалечени рурални места (I. Вкупен износ на пресметана капитација I.1 + I.2 );
14. Надомест на капитација согласно член 8 став 2 -> Се внесува износот на капитацијата што секој избран стоматолог ја добива секој месец согласно член
8 став 2 од Правилникот а тоа е 80% од Вкупниот износ на пресметана капитација ( I ) ; ( Останатите 20% од износот се добиваат на крајот од секое тромесечие преку реализирањето на целите. ); ( II. Надомест на капитација согласно член 8 став 2);
15. Процент на остварените цели -> Се внесуваат процентите на целите што ги остварил соответниот лекар-стоматолог во текот на соответното тромесечие ( Се внесува процентот на целите ако станува збор за 3, 6, 9 и 12 месец т.е крајот на тромесечието. Оваа вредност не смее да е поголема од 20% );
16. Надомест на капитација согласно член 8 ( најмногу до 20% ) -> Износ на реализираните цели. Ова представува износ што секој избран лекар стоматолог го добива секое тромесечие и е резултат од процентот на реализираните цели што лекарот ги остварува во текот на тромесечието ( тој процент не може да биде поголем од 20% ) и збирот на вкупниот износ на основната капитација од трите месеци во тоа тромесечие што ја остварил избраниот лекар стоматолог за соответната подрачна служба. (III. Надомест на капитација согласно член 8 (најмногу до 20% ))
17. Вкупно за наплата -> Вкупен износ што треба да го иплати подрачната служба на Фондот. Тоа е збирот од Xxxxxxxxxxxx на капитација согласно член 8 став
2 и Надомест на капитација согласно член 8 ( најмногу до 20% ) + II + III .
18. Износ на партиципација што ја наплатил избраниот лекар стоматолог-> Се внесува вкупниот износ на наплатената партицвипација според бројот на услугите и висината на партиципацијата по група на здравствени услуги за осигурениците од соответната подрачна служба ;
19. Збир на осигурениците кај избраниот стоматолог од соответната подрачна служба кои имаат 7 или 12 годишна возраст. Се собираат сите осигуреници кои имаат 7 години и осигурените лица кои имаат 12 години ( Целна група за едни од целите )
20. Вкупен број на деца до навршена 12 годишна возраст од соответната подрачна служба . ( Целна група за едни од целите )
6 Планирање на цели
Целите се планираат на почетокот на тромесечието, и треба да се реализираат во текот на целото тромесечје. Ако во текот на тромесечјето настане промена на бројот и структурата на осигурени лица ( го избрале нови осигуреници или се одјавиле постоечки осигуреници), тогаш треба да се направи репланирање ( репрограмирање ) на целите за тоа тромесечје. Реализацијата на целите ќе се води според последното направено планирање за дадено тромесечје.
Планирање на цели се врши за следниве тромесечја: Јануари-Март
Април-Јуни
Xxxx - Xxxxxxxxx Xxxxxxxx-Xxxxxxxx
Треба да се направи планирање на следниве цели:
6.1 Превентивни прегледи
6.1.1 Контролни прегледи
Превентивно иследување на болестите на устата и забите со утврдување на орално хигиенски статус на 15% на осигурени лица еднаш годишно, или за едно тромесечје 3.75% од осигурените лица. Ако се реализира оваа цел Xxxxxxx добива 3 поени. Пример: За да избраниот лекар-стоматолог кој има 1,500 осигуреници да ја оствари оваа цел мора да изврши оваа активност кај 1,500*3,75/100 = осигуреници (1,500 осигуреници по 3,75/100 е еднакво на 56,26 осигуреници. Заокружувањето е до < 0,5 на нула а над >= 0,5 на 1 ). Ако избраниот лекар- стоматолог не ја реализира оваа цел кај нaјмалку 56 осигуреници ( ја изврши кај 50 осигуреници не добива поени за оваа активност во оваа тромесечие ).
6.1.2 Контрола на дентален плак и остранување на меки наслаги на забите
Кај 15% од осигурени лица на годишно ниво, или за едно тромесечје 3,75% од осигурените лица. Ако се реализира оваа цел Xxxxxxx добива 2 поени. За да избраниот лекар-стоматолог кој има 1,500 осигуреници да ја оствари оваа цел мора да изврши оваа активност кај 1,500*3,75/100 = 56,26 осигуреници. ( 1,500
осигуреници по 3,75/100 е еднакво на 56 осигуреници. ) Ако избраниот лекар- стоматолог не ја реализира оваа цел кај најмалку 56 осигуреници (ја изврши кај 50 осигуреници не добива поени за оваа активност во оваа тромесечие).
6.1.3 Превентивно залевање на фисурите на забите
Превентивно залевање на фисурите на сталните молари до 12 години кај 100% од осигурените лица. Кај оваа цел треба сите осигурани лица кои имаат 12 години во дадено тромесечје да им се направи првентивно залевање на фисурите на вторите стални молари. Ако над осигуреното лице во претходното тромесечје е остварена оваа цел, тогаш тоа осигурено лице не треба да се планира во наредното тромесечје. За оваа цел избраниот лекар може да планира и 0 прегледи во текот на некое тромесечие . На крај избраниот лекар во текот на годината мора да ја изврши оваа активност кај сите осигуреници што го задоволуваат условот да имаат 12 години.
6.1.4 Рационално користење и рационално препишување на лекови
Препишување на рецепти за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарна стоматолошка здравствена заштита, просечно по 0.4 по осигурено лице на годишно ниво, или 0.1 по осигурено лице за едно тромесечје. Значи ако лекарот го избрале за матичен лекар 1500 осигурени лица, максимален број на рецепти кои треба да ги пропише се 600 рецепти на годишно ниво или 150 рецепти за едно тромесечје. Ако избраниот лекар-стоматолог препише повеќе од 150 рецепти тромесечно нема да добие 4 поени, а ако препише омалку од 150 рецепти тогаш добива 4 поени.
6.1.5 Рационално упатување на повисоко ниво на здравствена заштита
Упати за специјалистичко консултативна и болничка здравствена заштита просечно по 0.4 упати по осигурено лице на годишно ниво, освен за упатите за биохемиска лабараторија, микробиолошка лабараторија и рентген дијагностика, или 0.1 по осигурено лице за едно тромесечје. Значи ако лекарот го избрале за матичен лекар 1,500 осигурени лица тогаш максимален број на упати кои треба да ги пропише се 600 упати на годишно ниво или 150 упати за едно тромесечје. Ако избраниот лекар-стоматолог препише повеќе од 150 упати тромесечно нема да добие 4 поени, а ако препише омалку од 150 упати тогаш добива 4 поени.
6.1.6 Рационално и оправдано препишување на боледување
Препишување на боледување до 15 дена просечно по 0.2 по осигурано лице на годишно ниво, или 0.05 по осигурено лице за едно тромесечје. Значи ако лекарот го избрале за матичен лекар 1,500 осигурени лица, максимален број на боледувања кои треба да ги пропише се 300 боледувања на годишно ниво или 75 боледувања за едно тромесечје. Ако избраниот лекар-стоматолог препише повеќе од 75 боледувања до 15 дена тромесечно нема да добие 2 поени, а ако препише помалку од 75 рецепти тогаш добива 2 поени.
СЛОГ ЗА ПЛАНИРАНИ ЦЕЛИ С2345605.015
Р.бр | Опис на податоците | Xxxxxx на полето | Задолжителен податок | Забелешка |
1 | Идентификатор на слог | Xxxx(4) | да | Знак “ИЗ05” |
2 | Број на цел | Алфа(3) | да | Од 1 до 4 според прегледот Прилог 2 |
3 | Број на факсимил на избраниот стоматолог | Н(6) | да | Факсимил |
4 | Година | Н(4) | да | Година на планирање |
5 | Прво тромесечје | Н(4) | да | Планиран број |
6 | Второ тромесечје | Н(4) | да | Планиран број |
7 | Трето тромесечје | Н(4) | да | Планиран број |
8 | Четврто тромесечје | Н(4) | да | Планиран број |
Напомена: Во слогот за планирани цели за 2010 година нема промена во бројот на тромесечја односно
Xxxxxxx-Xxxx
Април-Јуни
Xxxx - Xxxxxxxxx Xxxxxxxx-Xxxxxxxx
1. Идентификатор на слогот -> се става “ИЗ05” што значи дека станува збор за слог за планирани цели со кои избраниот лекар-стоматолог ја известува подрачната служба дека во текот на наредното тромесечие ќе ги планира целите како што следи во датотеката.
2. Вид на цел -> Се внесува редниот број на целите дадени како во прилог 2 од Прегледнот на активности за постигнување на определени цели кај избраниот стоматолог.
3. Број на факсимил на избраниот стоматолог-> Се внесува бројот на факсимилот на избраниот лекар-стоматолог што ги планира целите.
4. Година -> Година за кои се однесува планирањето на целите
5. Прво тромесечие-> Се внесуваат бројот на осигурениците за кои треба да се изврши соответната активност ако станува збор за планирање на превентивни програми или предвидениот број на препишани рецепти, упати или препишани боледувања според бројот на осигурениците за кои обезбедува услуги избраниот лекар-стоматолог за тоа тромесечие.
6. Второ тромесечие-> Се внесуваат бројот на осигурениците за кои треба да се изврши соответната активност ако станува збор за планирање на превентивни програми или предвидениот број на препишани рецепти, упати или препишани боледувања според бројот на осигурениците за кои обезбедува услуги избраниот лекар-стоматолог за тоа тромесечие.
7. Трето тромесечие-> Се внесуваат бројот на осигурениците за кои треба да се изврши соответната активност ако станува збор за планирање на превентивни програми или предвидениот број на препишани рецепти, упати или препишани боледувања според бројот на осигурениците за кои обезбедува услуги избраниот лекар-стоматолог за тоа тромесечие.
8. Четврто тромесечие-> Се внесуваат бројот на осигурениците за кои треба да се изврши соответната активност ако станува збор за планирање на превентивни програми или предвидениот број на препишани рецепти, упати или препишани боледувања според бројот на осигурениците за кои обезбедува услуги избраниот лекар-стоматолог за тоа тромесечие;
7 Реализирација на цели
Откако ќе се испланираат целите за следното тромесечје, лекарот треба да започне со реализација на целите, извршување на превентивни прегледи и на препишување на рецепти, упати и боледување.
На крајот од тромесечјето се прави пресметка на сите планирани и реализирани цели.
Се собираат поените од сите шест цели (3 за превентивните мерки и 3 за препишување на рецепт, издавање на упат и препишување на боледување) и се добива вкупниот процент на реализирани цели за тоа тромесечје. Овој процент се однесува за сите три месеца од тромесечјето и износот за реализирани цели се добива на следниот начин:
П= (П1+П2+П3)х(Процент/100)
Каде :
П е износ на пресметаните цели ;
П1- Вкупен пресметан износ на капитација за првиот месец од тромесечјето (100%)
П2- Вкупен пресметан износ на капитација за вториот месец од тромесечјето
(100%)
П3- Вкупен пресметан износ на капитација за третиот месец од тромесечјето
(100%)
Процент - вкупен процент на реализирани цели за цело тромесечје (најмногу 20%)
СЛОГ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ ЦЕЛИ С2345606.015
Ред бр | Опис на податоците | Xxxxxx на полето | Задолжител ен податок | Контр ола | Забелешка |
1 | Идентификатор на слог | Xxxx(4) | да | Знак “ИЗ06” | |
2 | Број на цел | Алфа(3) | да | да | Од 1 до 4 според прегледот Прилог 2 |
3 | Број на факсимил на избраниот стоматолог | X(6) | да | Xxxxxxxx | |
4 | Година | Н(4) | да | Година на реализација | |
5 | Прво тромесечје | Н(4) | да | Реализиран број | |
6 | Второ тромесечје | Н(4) | да | Реализиран број | |
7 | Трето тромесечје | Н(4) | да | Реализиран број | |
8 | Четврто тромесечје | Н(4) | Да | Реализиран број |
Извештајот за планираните и реализираните е доставуваат во Прилог 3а и
Прилог 3б.
1. Идентификатор на слогот -> се става “ИЗ06” што значи дека станува збор за слог за реализирани цели со кои избраниот лекар-стоматолог ја известува подрачната служба дека во текот на изминатото тромесечие ги реализирал целите како што следи во датотеката.
2. Вид на цел -> Се внесува редниот број на целите дадени како во прилог 2 од Прегледнот на активности за постигнување на определени цели кај избраниот стоматолог.
3. Број на факсимил на избраниот стоматолог-> Се внесува бројот на факсимилот на избраниот лекар-стоматолог што ги планира целите.
4. Година -> Година за кои се однесува планирањето на целите
5. Прво тромесечие-> Се внесуваа бројот на осигурениците за кои е извршена соответната активност ( преглед ) ако станува збор за исполнување на превентивни програми или стварниот број на препишани рецепти, извршени упати или препишани боледувања. за тоа тромесечие.
6. Второ тромесечие-> Се внесуваа бројот на осигурениците за кои е извршена соответната активност ( преглед ) ако станува збор за исполнување на превентивни програми или стварниот број на препишани рецепти, извршени упати или препишани боледувања. за тоа тромесечие;
7. Трето тромесечие-> Се внесуваа бројот на осигурениците за кои е извршена соответната активност ( преглед ) ако станува збор за исполнување на превентивни програми или стварниот број на препишани рецепти, извршени упати или препишани боледувања. за тоа тромесечие
8. Четврто тромесечие-> Се внесуваа бројот на осигурениците за кои е извршена соответната активност ( преглед ) ако станува збор за исполнување на превентивни програми или стварниот број на препишани рецепти, извршени упати или препишани боледувања. за тоа тромесечие
8 Извештај за пропишаните лекови на рецепт за определен временски период во примарна стоматолошка здравствена заштита
Името на датотеката е С2345607.015
Слог за извештајот на стоматолошките здравствени услуги е :
Ре д. бр. | Опис на податоците | Формат (изглед) или содржина на полето | Задолж ителен податок | Забелешка |
01 | Идентификатор на слогот | Алфа (4) | Да | Знак “ИЗ07” |
02 | Број на факсимил на стоматологот | Н(6) | Да |
Ре д. бр. | Опис на податоците | Формат (изглед) или содржина на полето | Задолж ителен податок | Забелешка |
03 | Дата од | Н(4) + знак “.” + Н(2) + знак “.” + Н(2) | Да | Контрола на датум |
04 | Дата до | Н(4) + знак “.” + Н(2) + знак “.” + Н(2) | Да | Контрола на датум |
05 | Шифра на лек од листата на лекови | Н(6) | Да | Шифрата е по модул 11 |
06 | Количина | Н(3) | Да | Се пишува основно пакување |
07 | Парчиња | Н(5) | Да | Се пишува ако се изаде парче ( помалку од основното пакување) |
08 | Дијагноза- прв дел | Алфа(4) | Да | |
09 | Дијагноза 2 дел | Алфа(2) | Не | |
10 | Дата на препишување | Н(4) + знак “.” + Н(2) + знак “.” + Н(2) | Да | |
11 | Единствен Матичен Број на Граѓанинот | Н(13) | Да | |
12 | АТЦ- форма | Ц(10) | Да | АТЦ и Форма и јачина |
1. Идентификатор на слогот -> се става “ИЗ07” што значи дека станува збор за за пропишаните лекови на рецепт за определен временски период во примарната стоматологишка здравствена заштита;
2. Xxxx на факсимил на избраниот стоматолог-> Секој избран стоматолог во моментот на склучувањето на договорот со Фондот за здравствено осигурување добива факсимил-еднозначен идентификатор со кој се евидентира во Фондот. Шифрата на избраните лекари стоматолози почнуваат со 6 и се со шест знака каде што последниот е по модул 11. Со оваа шифра
избраниот лекар стоматолог се идентификува во фондот при доставувањето на ИЛ-1 обрасците, реализираните рецепти, упатите и боледувањето
3. Дата од -> Се внесува датата од кога е потребен извештајот за препишаните лекови на рецепт во форма “ѕѕѕѕ.мм.дд”;
4. Дата до -> Се внесува датата до кога е потребен извештајот за препишаните лекови на рецепт во форма “ѕѕѕѕ.мм.дд”;;
5. Шифра на лековите -> Шифра на лековите од позитивната листа на лекови која во себе ја содржи ознаката Д - шифра на лекови кои може да ги препишува и лекар стоматолог ;
6. Количина -> Се внесува бројот на пакувањето од соответниот лек. Ако рецептиот образец се однесува на едно цело пакување на лекот тогаш во ова поле се внесува 1 , а во полето парчиња 0.
7. Парчиња -> Ако лекарот не пропишува цело пакување туку терапијата се состои од дел од пакувањето, тогаш полето количина се пополнува со 0, а во полето парчиња се внесува бројот на парињата од пропишаниот лек што треба да го добие пациентот како терапија.
8. Дијагноза - прв дел -> шифра на дијагноза по Меѓународната Класификација на Болести 10-та ревизија главна група;
9. Дијагноза - втор дел -> шифра на дијагноза по Меѓународната Класификација на Болести 10-та ревизија - Подгрупа на дијагнозата. Овој податок секопгаш не мора да се внесува. Би било пожелно .
10. Дата на пропишување -> Се внесува датата кога избраниот лекар го пропишал лекот на рецепт во форма “ѕѕѕѕ.мм.дд”;.
11. Единствен Матичен Xxxx на Граѓанинот -> се внесува Единствениот матичен број на граѓанинот на кој се поднесува препишаниот лек ;
12. АТЦ- форма- Се внесува АТЦ класификацијата на лекот и дозажната форма -
Од табелата што се добива од Фондот ( полето Шифра од табелата)
9 Извештај за извршени здравствени услуги за месец 2011 година
Здравствена установа :
Xxxx на Факсимил на избраниот стоматолог :
Име и Xxxxxxx на избраниот стоматолог :
Xxxxx | Xxxxx | Вкупен број на случаи | Наплатена париципација | Вкупно наплатена париципација | Група |
ПЛОМБИРАЊЕ НА ЗАБ СО АМАЛГАМ ( НОНГАМА) | I. ПЛОМБИРАЊЕ НА ЗАБИ | ||||
ПО01 | ЕДНОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО02 | ДВОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО03 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПЛОМБИРАЊЕ НА ЗАБ СО КОМПОЗИТЕН МАТЕРИЈАЛ (КОМПОЗИТНА ПЛОМБА) | |||||
ПО40 | ЕДНОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО41 | ДВОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО42 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО43 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА СО КОС(IV класа) | ||||
ПЛОМБИРАЊЕ НА СО ДВОКОМПОНЕНТНА ОБИЧНА БЕЛА ПЛОМБА | |||||
ПО44 | ЕДНОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО45 | ДВОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО46 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО47 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА СО КОС(IV класа) | ||||
ПЛОМБИРАЊЕ СО НАНО КОМПОЗИТ | |||||
ПО49 | ЕДНОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО50 | ДВОПОВРШИНСКА ПЛОМБА |
ПО51 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА | ||||
ПО52 | ТРОПОВРШИНСКА ПЛОМБА СО КОС(IV класа) | ||||
ПО33 | ВАДЕЊЕ НА МЛЕЧЕН ЗАБ | II. ВАДЕЊЕ НА ЗАБИ( со површинска,спров одна или инфилтративна анестезија) | |||
ПО34 | ВАДЕЊЕ НА ТРАЕН ЗАБ | ||||
ПО35 | ТЕШКО ВАДЕЊЕ НА ЗАБ | ||||
ПО48 | ЛЕКУВАЊЕ СО АМПУТАЦИЈА | III.ЕНДОДОНТСК А ТЕРАПИЈА НА ЗАБИ (до дефинитивно полнење) | |||
ПО08 | ЛЕКУВАЊЕ НА ГАНГРЕНА | ||||
ПО09 | ВИТАЛНА МЕТОДА НА ЕДНОКОРЕН ЗАБ | ||||
ПО10 | ВИТАЛНА МЕТОДА НА ПОВЕЌЕКОРЕН ЗАБ | ||||
ПО11 | МОРТАЛНА МЕТОДА НА ЕДНОКОРЕН ЗАБ | ||||
ПО12 | МОРТАЛНА МЕТОДА НА ПОВЕЌЕКОРЕН ЗАБ | ||||
ПО13 | ЧИСТЕЊЕ ЗА ЗАБЕН КАМЕН ПО КВАДРАНТ | IV. ОСТАНАТИ СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ | |||
ПО14 | ИНДИРЕКТНО ПОКРИВАЊЕ НА ПУЛПА | ||||
ПО15 | ДИРЕКТНО ПОКРИВАЊЕ НА ПУЛПА | ||||
ПО16 | ОДСТРАНУВАЊЕ НА СУБГИНГИВАЛНИ КОНКРЕМЕНТИ | ||||
ПО17 | ЗАТВАРАЊЕ НА МАЛА РАНА СО СУТУРА | ||||
ПО18 | ЗАПИРАЊЕ НА КРВАВЕЊЕ (ТАМПОНАДА) | ||||
ПО19 | РЕПОЗИЦИЈА НА ЗАБ, ЕДНА СЕАНСА | ||||
ПО20 | РЕПОЗИЦИЈА НА МАНДИБУЛА | ||||
ПО21 | АЛВЕОЛИТ | ||||
ПО22 | ДРЕНАЖА И АПЛИКАЦИЈА НА ЛЕК - ПАРАДОНТАЛЕН ЏЕБ | ||||
ПО23 | ИНЦИЗИЈА НА АПЦЕС ИНТРАОРАЛНО | ||||
ПО36 | ПРВА ПОМОШ (ТРЕПАНАЦИЈА - АПЛИКАЦИЈА НА ЛЕК) | ||||
ПО26 | КОНТРОЛНИ ПРЕГЛЕДИ | V. ПРЕВЕНТИВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ | |||
ПО27 | УТВРДУВАЊЕ НА ОРАЛНО ХИГИЕНСКИ СТАТУС | ||||
ПО28 | КОНТРОЛА НА ДЕНТАЛЕН ПЛАК | ||||
ПО29 | ОДСТРАНУВАЊЕ НА МЕКИ НАСЛАГИ | ||||
ПО30 | СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНО ЗАЛЕВАЊЕ НА ФИСУРИ |
СЛОГ ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ С2345608.015
Р.бр | Опис на податоците | Формат на полето | Задолжителен податок | Забелешка |
1 | Идентификатор на слог | Алфа(4) | да | Знак “ИЗ08” |
2 | Единствен Даночен Број | Н(13) | Да | |
3 | Број на факсимил на стоматологот | Н(6) | Да | |
2 | шифра на услуга | Алфа(4) | да | |
3 | Број на извршени услуги за таа шифра | Н(4) | да | |
4 | Шифра на група на услуги | Н(2) | да | |
5 | Вкупно наплатена партиципација | Н(11,2) | да | |
6 | Месец | Н(2) | да | |
7 | Година | Н(4) | да |