системот на услуги Shell Service
ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ на
системот на услуги Shell Service
Општите услови ја регулираат употребата на Шел картичките издадени од Шел на Деловниот партнер.
Доколку страните не се договорат поинаку (во писмена форма), важат овие Општи услови. Општите услови може со време да се менуваат, дополнуваат или да се заменат, за што Шел (Shell) ќе го извести Деловниот партнер во писмена форма (во согласност со одредбите од член 17 од овие Општи услови). Право на изменување и дополнување има исклучиво „Shell“.
1. ДЕФИНИЦИИ
Поединечните поими што се употребени во Општите услови на работење со картичката Шел го имаат следново значење:
„Алатка за напредна контрола“ (Advance Controls Tool) претставува портал преку кој корисникот може да постави Контролен лимит на максималниот број / износ на трансакциите (Velocity/Usage limit) кој се применува кога картичките се користат преку онлајн услуги.
„Барање за добивање Шел картичка“ (во понатамошниот текст:
„Барање/пристапна изјава“) претставува пополнет стандардизиран образец со придружните копии од документацијата која се состои од:
а) потврда за тековниот статус на претпријатието на Деловниот партнер;
б) потврдата за тековниот статус да е издадена од страна на надлежнa институција/суд во местото на регистрација;
в) потврда за даночниот број или за идентификацискиот ДДВ број (доколку се исполнети законските услови за регистрација);
г) финансијски извештаји за претходната година;
д) копија од документот за регистрација на возилото;
е) копија на документот за идентификација на застапникот на Деловниот партнер или копија на депонираните потписи на Деловниот партнер во банка.
„Поврзано лице“ е физичко или правно лице кое е финансиски поврзано со Деловниот партнер (на пр. договорни страни или членови на иста група на претпријатија како што е Деловниот партнер) и во чие име Деловниот партнер поднесува Барање.
„Овластен сопственик на картичка“ претставува лице на кое Деловниот партнер му доставило Картичка, вклучително и (за да се избегне сомнеж) секое Поврзано лице (компанија или физичко лице или нивни застапници, на кои Деловниот партнер им доставил Картичка).
„Деловен партнер“ претставува претпријатие, здружение, трговец поединец или физичко лице кое го потпишува Договорот.
„Корисник на картичка“ или „Корисник“ претставува лице што е овластено од Деловниот партнер да ја користи Картичката.
„Контролен лимит на максималниот број / износ на трансакциите на картичката“ или Контролен лимит на картичката“ (Card Velocity/Usage limit) значи контролен лимит определен од страна на Шел за поединечна Шел картичка со кој се ограничува купувањето на гориво и услуги. Пречекорување на тој лимит значи запирање на авторизацијата на трансакцијата на поединечниот терминал. Наведените лимити се ограничени со системот ОЛА (OLA).
„Договор за системот на услуги Shell Service“ (во понатамошниот текст:
„Договор“) претставува Договор помеѓу Xxx и Деловниот партнер, вклучително и овие Општи услови и сите анекси и прилози, што може повремено да се менуваат и дополнуваат.
„Контролен лимит на максималниот број / износ на трансакциите за клиентот“ или Контролен лимит за клиентот (Client Velocity/Usage limit) е лимит што се утврдува за Деловниот партнер при потпишувањето на Договорот (или се менува за времетраење на договорот), и значи највисок месечен износ на трансакциите што му се дозволени на Деловниот партнер, или значи највисок износ на набавките и услугите заедно за сите картички на Деловниот партнер (бруто износ) на бензинските станици на Шел и на станиците на третите лица што се вклучени или се поврзани во ОЛА (OLA) системот. Сите картички ќе бидат автоматски блокирани на сите продажни места во ОЛА (OLA) системот. Ова ограничување не важи за плаќање по пошта во сервисот Europe Net (Service24) и сервисните работилници.
„Контрола“, во врска со кое било претпријатие, значи постоење на правна и стварна сопственост од најмалку 51 процент од правата на глас поврзани со издадениот акционерски капитал на тоа претпријатие.
„Кредитен лимит“ значи износ кој е договорен меѓу Шел и Деловниот партнер и служи за ограничување на обврските на Деловниот партнер. Износот ги содржи сите фактурирани и нефактурирани обврски на Деловниот партнер кон Шел.
„ЦРТ картичка“ (CRT картичка) претставува Шел картичка издадена на Деловен партнер од сегментот на превоз на стоки и патници. Картичката се издава под шифра 7077.
„Ден“ значи календарски ден, освен ако во Договорот експлицитно не е наведено поинаку.
„Директно задолжување“ значи платежна услуга со која се намируваат обврските во врска со користењето Шел картичка од страна на Деловниот партнер со директно задолжување на тековната сметка на Деловниот партнер.
„е-маил аларм“ е електронска порака испратена по пат на онлајн услуга, која го предупредува Деловниот партнер за невообичаена употреба на картичката врз основа на параметри утврдени од страна на Деловниот партнер.
„е-фактура“ е апликација која содржи фактури во електронска форма.
„Провизии“ претставуваат провизии и други давачки одредени со Општите услови на работење, додатоците или известувањата издадени од Шел кои се наведени во анексот на Договорот.
„ФЛИТ картичка“ (FLEET картичка) претставува Шел картичка издадена на Деловниот партнер за користење при плаќање за услуги и гориво за патнички автомобили. Картичката се издава под шифра 7002.
„Fleet ID“ значи дополнителен нумерички код определен од страна на Деловниот партнер и служи за дополнителна верификација на корисникот при користење на картичката.
„Интелектуална сопственост“ значи патент, трговска марка, логотип, услужна марка, права (регистрирани или нерегистрирани) за било кој дизајн, користење на сето горенаведено, трговски или деловни називи, авторски права (вклучувајќи и права за компјутерски софтвер) и топографски права; знаења и искуства; списоци на добавувачи и странки и друго знаење и информации со право на сопственост; имиња на интернет домени; права кои ги штитат доброто име и углед, и сите права и слични форми на заштита на горе наведеното или кои имаат еквивалентен ефект каде било во светот, и сите права што произлегуваат од лиценци и согласности во врска со кои било права и форми на заштита наведени во оваа дефиниција на поими.
„Фактура“ значи финансиски документ издаден на хартија или во електронски формат, кој содржи податоци за картичните трансакции што корисникот на картичката ги извршил во одредена држава, како и за долгот на Деловниот партнер кон Шел, во период кој е наведен на истата.
„Закон“ значи кој било закон, статут или регулатива, упатство или Општи услови кои имаат правна сила во која било јурисдикција на која подлежат Шел и Деловниот партнер.
„МУЛТИ картичка“ (MULTI картичка) претставува платежна картичката што може да се користи на сите бензински станици на Шел и на сите бензински станици на Партнерите на Системот на Шел картички.
„OBU апарат“ е уред издаден од компанија за патарина со кој се врши наплата на патарина во една или повеќе земји.
„ОЛА“ (OLA) значи онлајн систем за авторизација управуван од Шел за следење на употребата на Картичките и ограничување на трансакциите. Системот ОЛА е ограничен на одредени земји и услуги.
„Лозинка“ значи која било лозинка или код што Шел му ја издава на онлајн корисникот на Shell fleet HUB за користење и за пристапување до Shell Fleet HUB на веб-страницата на Шел.
„Лични податоци“ се сите информации што се однесуваат на лице што е идентификувано или што може да се идентификува, вклучително и преку идентификација со помош на онлајн идентификатори, идентификатори на уреди, IP адреси или слични методи.
„PIN“ значи личен идентификациски број на корисникот на картичката.
„ПИН-пратка“ значи пошта или е-пошта што содржи информации за ПИН-от.
„ПРИВАТ картичка“ (PRIVAT картичка) претставува картичка издадена на физичко лице. Картичката се издава под шифра 7027.
„Нарачка за набавка“ е потврда за набавка на стоки и услуги.
„Поврзана Страна“ значи договорна страна (а) нејзини содружници, директори или вработени, изведувачи, агенти; или (б) било која друга личност или субјект, вклучувајки ги и подружниците (и нивните соработници, вработени или директори) кога дејствуваат во или од името на договорната страна или на друг начин се вклучени во извршувањето на договорот.
„Ограничен страна“ значи било кое физичко и правно лице, единица, орган или организација, кој/која е: (i) резидент или е основан или е регистриран во Ограничена Јурисдиција; (ii) класифициран како Специјално Дизајниран Национал на OFAC на САД или на друг начин е подложен на блокирачки санкции според Законите за Контрола на Трговијата; (iii) посредно или непосредно во сопственост или под надзор (како што се толкуваат овие термини според соодветните Закони за Контрола на Трговијата), или дејствува во име на лица, единици или организации опишани во (i) или (ii); или (iv) директор, службеник или вработен во правно лице, единица, орган или организација опишани во (i) до (iii).
“Ограничена јуридискија“ значи земја, држава, територија или регион кој е предмет на сеопфатни економски или трговски ограничувања според Законите за Контрола на Трговијата кои се применливи за било која страна на Договорот [за извршување на овој Договор] [за било која страна вклучена во извршувањето на Договорот]. На датумот на овој Договор, за ограничени јуридискиции се сметаат: Куба, Крим и Севастопол и други територии во Украина кои не се под контрола на владата, Иран, Северна Кореја и Сирија.
„Услуги од трети страни“ претставуваат услуги што ги врши Партнер во системот на Шел картички кој не е член на Групата Шел, но е одобрен од Групата Шел. Корисникот на картичката има право да плаќа за овие услуги врз основа на Договорот.
„Друштво за наплата на патарини“ е правно лице или друг организациски субјект овластен, во согласност со важечките законски одредби, да наплаќа патарини на поединечен локален пат или мрежа на автопатишта.
“Закони за Контрола на Трговијата“ значи било кои закони за трговија или економски санкции или ембарга, списоци на Ограничени Страни, трговски контроли за увоз, извоз, повторен извоз (re-export), пренос или на друг начин трговија со стоки, услуги или технологија, закони за анти-бојкот и било кои други слични прописи, правила, ограничувања, наредби или барања кои имаат сила на закон во врска со горенаведените прашања и кои се на сила од време на време, вклучувајќи ги и оние на Европската Унија, Обединетото Кралство, Соединетите Држави на Америка или било кои закони на владите во врска со горенаведените прашања применливи за страната
на Договорот.
„Потврда за трансакција“ (во натамошниот текст: СЛИП (SLIP)) значи потврда (изработена рачно или електронски) за набавка на производот или услугата доставени на корисникот на картичката врз основа на трансакција. Се напоменува дека потпишувањето на СЛИП-от (SLIP-от) од страна на Корисникот на картичката е надвор од опфатот на овој Договор.
„SFH Алатка за патарини“ претставува алатка која, како дел од Онлајн услугата за картички, му овозможува на Деловниот партнер да нарача или да се регистрира за електронска патарина која овозможува следење на возилата на патот.
„Шел“ значи Шел Адриа д.о.о, (Shell Adria d.o.o.), член на групата Шел плц (Shell plc) која е договорна страна на овој Договор.
„Шел сметка на деловниот партнер“ значи сметката регистрирана во Шел која го прикажува салдото на трансакциите извршени со Шел картичката и нивните бонификации.
„Шел картичка“ (Shell картичка) (во понатамошниот текст исто и: „Картичка“) претставува нумерирана пластична картичка со магнетна лента и чип, која Шел му ја издава на Деловниот партнер. Деловниот партнер ја користи Шел картичката за да купува на бензинските станици на Шел и кај Партнерите на Системот на Шел картички. Исто така претставува и која било картичка што му ја издава Шел на Деловниот партнер за да му се овозможи на корисникот на картичката да врши набавки и која спаѓа во следниве категории: (i) возило; (ii) возач; (iii) возило и возач; или (iv) без предодредени податоци.
“Партнер во системот на Шел картички” (во текстот наречен и како: “Трета Страна”) значи место за продажба (што не е Шел бензиска станица на Шел) означена со симбол за Шел услуги која прифаќа Шел Картички како начин на плаќање за купување на продукти и/или услуги.
„Шел флит Хаб“ (Shell fleet HUB); понатаму во текстот: „ХАБ“ (HUB) претставува пристап до онлајн апликацијата преку веб страницата на Шел која содржи онлајн информации за управување со трансакциите, нарачување картички, блокирање картички, прикажување извештаи за набавки, износи на издадени фактури, е-маил аларм, алатката SFH и други алатки за управување со картички.
„Shell Група“ значи Shell plc и сите други претпријатија што се директно или индиректно сопственички поврзани со Shell plc.
„Онлајн корисник на Шел“ значи лице овластено од Деловниот партнер кое има потврдено корисничко име и кому му е издадена Лозинка да се најави на „HUB“.
„Веб-страница на Шел“ значи xxx.xxxxx.xx или која било друга URL-адреса, која што му е потврдена на Деловниот партнер од страна на Шел.
„СИНГЛ картичка“ (SINGLE картичка) претставува платежна картичка што може да се користи на сите бензински станици на Шел и на бензинските станици на одредени Партнери во системот на Шел картички.
“Стоки” значи купување на стоки и услуги одобрени од Шел за Деловниот партнер во согласност со Општите услови на работење, со кои Деловниот партнер може да ги управува преку Шел флит Хаб (Shell Flit HUB).
„Виртуелна картичка за возила“ е виртуелна нумерирана картичка што Шел им ја доделува на деловните партнери за плаќање патарини преку апаратите за наплата на патарини на разни компании за патарина, така што секој апарат за наплата на патарина се поврзува со виртуелната картичка. Со тоа се овозможува пренос на трансакциите за наплата на патарина од Шел сметката на Деловниот партнер. Тие се издаваат на името на фирмата на Деловниот партнер и регистарскиот број на возилото. Деловниот партнер може да ги врши операциите со виртуелната картичка преку платформата Shell fleet HUB.
„Виртуелна картичка на Шел сметката на Деловниот партнер“; претставува виртуелна картичка што ја доделува Шел на Шел сметката на Деловниот партнер за да се регистрира деловниот партнер во системот за наплата на патарина на друштвата за патарина, како Telepass, Toll4Europe, Frejus и Mont Blanc, или други Учесници во Шел картичниот програм. Ова овозможува пренос на трансакциите за наплата на патарина при решавање на рекламациите за патарина. Тие се издаваат на името на фирмата на Деловниот партнер и името на системот за патарина или партнерот во системот на Шел картички.
„Корисничко име“ е адресата на е-пошта на онлајн корисникот на Шел.
2. ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
2.1 Со потпишување на Договорот, Деловниот партнер е запознат со Општите услови на работење на Шел кои се објавени на Splošni pogoji poslovanja | Shell Slovenija Slovenia Поднесувањето на барањето/пристапната изјава од страна на Деловниот партнер, во хартиена форма или електронски, значи дека Деловниот партнер ги прифаќа овие услови на работење, во свое име и во име на сите Поврзани лица за кои Деловниот партнер поднел барање/пристапна изјава.
2.2 Деловниот партнер може да побара издавање на која било Шел картичка само во свое име и/или во име на Поврзаното лице. Мора да се осигура дека овластените сопственици на картички и/или корисници, исто така, ќе побараат секоја картичка да биде издадена само на нивно име и/или на име на Поврзаните лица.
2.3 Доколку Деловниот партнер поднесе пристапна изјава за Поврзаните лица и/или сподели со „Шел“ информации за Поврзаните лица во нивно име, Деловниот партнер е согласен и изјавува дека:
а) е одговорен за сите трансакции реализирани со картички издадени на тие Поврзани лица;
б) го има потребното овластување за работење во име на Поврзаните лица, има право да споделува информации за Поврзаните лица и ги има сите согласности потребни за тоа;
в) свесен е (и за тоа ги известил сите Поврзани лица) дека обезбедените информации може да се чуваат во системите кои ги води групата Шел или
кои се водат во нејзино име, и дека застапниците на кое било Поврзано лице (вклучувајќи го и Главниот сопственик на картичката, за да се избегне секаков сомнеж) можат да имаат пристап до информациите за другите Поврзани лица и за себе, во согласност со членот 11 подолу што се однесува на личните податоци;
г) (г) ќе го олесни добивањето на секоја кредитна проценка за било кое Поврзано лице така што ќе добие писмена дозвола за таква проценка во склад со процедурите што ги налага Шел;
д) (д) свесен е (и со тоа ги запознал сите Поврзани лица) дека информациите што ги обезбедил можат да создадат врска помеѓу Поврзаните лица кај која било агенција за известување за бонитет на потрошувачи и дека тоа поврзување ќе се зема предвид при сите идни пријави од страна на кое било Поврзано лице, се додека до соодветната агенција за известување за бонитет не се поднесе барање за отстранување на врската со овие податоци;
е) (ѓ) веднаш ќе го извести Шел доколку поврзувањето со такви поврзани лица е прекинато на таков начин што Шел веќе нема да може да ги смета за поврзани лица.
3. ИЗДАВАЊЕ КАРТИЧКА НА ДЕЛОВНИОТ ПАРТНЕР И КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА
3.1 Шел му дава право на Деловниот партнер (и на другите лица кои можат да ја користат картичката, како корисникот на картичката и овластениот корисник на картичката) да ја користи Шел картичката за купување стоки кај Шел и кај Трети страни. Купувањето е ограничено на куповните категории до висината на контролниот лимит на картичката (Card Velocity/Usage limit) и контролниот лимит на клиентот (Client Velocity/Usage limit) поставени за корисникот или за картичката наведен/а во Договорот. За користење на картичката важат условите од Договорот и Општите услови на работење.
Kонтролниот лимит на клиентот (Client Velocity/Usage limit) ја претставува бруто месечната употреба на сите картички издадени на Деловниот партнер. Важи на сите опфатени бензински пумпи на Шел и сите бензински пумпи на Партнерите во картичниот систем на Шел кои се поврзани во системот ОЛА. Во случај да се пречекори месечниот лимит, на Деловниот партнер ќе му се блокираат сите картички, без оглед на состојбата и висината на Контролниот лимит на картичката (Card Velocity /Usage limit). Висината на месечниот лимит ја определува Шел при потпишување на договорот. Ако Шел оцени дека висината на лимитот не е во склад со користењето на картичката и со плаќањето на обврските определени со договорот, Шел има право да го промени месечниот лимит. За промената на Контролниот лимит на клиентот (Client Velocity/Usage limit), Шел писмено ќе го извести Деловниот партнер по пошта или електронска пошта 15 дена пред промената.
Шел се обврзува дека на групата Шел и на трети лица ќе им ги намири трошоците за сите производи и услуги купени од страна на Деловниот партнер. Деловниот партнер се обврзува дека ќе го плати износот на сите купени производи и услуги, наведени во сметката што ќе ја издаде Шел, во договорениот рок на плаќање.
Согласно правилата кои важат за користење на Картичката, Деловниот партнер мора да го подмири износот на сите трансакции направени со издадените Картички. Картичката може да се користи само во земјите наведени во Прилог 1. Картичката може да ја користи само Корисникот на картичката и Овластениот сопственик на картичката.
3.2 Деловниот партнер, за да добие картичка, треба на Шел да му достави пополнета и потпишана Пристапна изјава. Во случај Шел да ја одобри пристапната изјава, врз основа на информациите запишани во Пристапната изјава и прилозите, Шел ќе подготви договор. Договорот се доставува до Деловниот партнер за потпишување. Деловниот партнер мора да ги приложи документите што се бараат во Договорот заедно со соодветно обезбедување за побарувањата на Шел и со самиот Договор и да ги испрати на Шел.
По добивањето на потпишаниот Договор со потребните прилози, Шел ќе отвори релевантна Шел сметка на деловниот партнер во системот за деловните партнери (бројот на деловниот партнер), ќе се погрижи за изработката на картичката/картичките со кодирани и втиснати податоци на деловниот партнер, ќе издаде ПИН код и ќе му достави на деловниот партнер пратка со картичката (картичките) и ПИН кодот во посебно плико или во електронска форма, каде што е соодветно.
3.3 Врз основа на Договорот што ќе го предложи Деловниот партнер, Шел нарачува една или повеќе картички кои се издаваат на регистарскиот број на возилото или на име и презиме на корисникот на картичката. Во случај картичката да се издава на име и презиме, таа мора да биде потпишана. Во случај кога деловниот партнер ќе нарача картички на основ на некој друг податок кој не е регистарска ознака или име и презиме, тој презема потполна одговорност за сите неправилности, злоупотреби или проблеми што би произлегле со поврат на ДДВ или акцизата и за сите други последици. Оваа одговорност важи и во случај на нарачката на картички од членот 3.8.
Деловниот партнер за секоја картичка добива ПИН-код, кој претставува електронска идентификација на корисникот на картичката. ПИН-кодот мора да му биде познат само на Деловниот партнер и на корисникот на картичката. ПИН-кодот не смее да се чува заедно со картичката или да се напише на картичката. Доколку дојде до злоупотреба на ПИН-кодот, сите настанати трошоци ги сноси Деловниот партнер.
3.4 Деловниот партнер може да побара дополнителна картичка (картички) во писмена форма:
а) со Барање кое Деловниот партнер го испраќа на електронската адреса:
euroShell-slovenia@shell.com;
б) преку апликацијата Shell Fleet HUB (Shell Fleet HUB). За сите дополнителни барања за картички поднесени од Деловниот партнер преку порталот HUB, Шел има право да побара разумно дополнително финансиско обезбедување.
3.5 Доколку Деловниот партнер побара дополнителна картичка во согласност со Член 3.4, Шел може, по своја изречна процена, да побара дополнително финансиско обезбедување во износ што ќе го одреди Шел и под условите наведени во Член 13. Доколку Деловниот партнер не го даде бараното обезбедување, Шел може да го одбие барањето на Деловниот партнер за издавање дополнителна картичка.
3.6 Сите адреси наведени за праќање на картичките (и ПИН пратките) кои се разликуваат од оние наведени во Барањето/Пристапната изјава, Деловниот партнер
мора да ги потврди по писмен пат, преку веб-услугите. Шел може да побара од Деловниот партнер да приложи доказ дека тргува или доказ дека работи на тие адреси. Заменските картички ќе бидат пратени на регистрираната или постојаната адреса на главниот сопственик на картичките кој е наведен во Барањето/Пристапната изјава (или кој Деловниот партнер го ажурирал со писмено известување до Шел).
3.7 Во случај кога Деловниот партнер ќе нарача ПИН-код преку Shell Fleet HUB, тој може да определи свој ПИН-код или да испрати молба во Шел системот да му издаде автоматски генериран ПИН-код. Од безбедносни причини, во случај Деловниот партнер самиот да го одреди својот ПИН-код, тој мора за секоја картичка да одреди код кој е соодветен и безбеден, кој нема да го чува заедно со картичката Шел. Шел нема да одговара за губење или за штета што ќе настане од злоупотреба на ПИН-кодот и го задржува правото на Деловниот партнер да му ја блокира можноста за независно нарачување на ПИН-код во Shell Fleet HUB кога ќе стане јасно дека дошло до кршење на сигурносните правила. Во случај кога Деловниот партнер ќе одреди свој код во Shell Fleet HUB, тој мора да го внесе истиот код и во Shell Fleet HUB. Во случај, пак, да побара ПИН-код преку „Шел“, кодот ќе го прими по пошта. Во двата случаја кодот му е познат само на Деловниот партнер. Шел не одговара за каква било злоупотреба на ПИН-кодот.
3.8 Деловниот партнер презема целосна одговорност за сите грешки или злоупотреби во процесот на нарачување картички, начинот на издавање на картичка, определувањето и изборот на податоци што се прикажуваат на картичката што ја нарачува Деловниот партнер во Shell Fleet HUB, Шел има право да ја блокира картичката следниот ден по нарачувањето на картичката од страна на Деловниот партнер преку Shell Fleet HUB ако Деловниот партнер да не ги исполнува условите од Член 10.1, за што писмено ќе го извести Деловниот партнер.
3.9 Картичката е непренослива и секогаш е во сопственост на Шел. Деловниот партнер мора да ја врати картичката во Шел, ако Шел така побара.
3.10 Картичката може да се користи само во следните случаи:
а) Ако се работи за активна картичка која сѐ уште не е истечена, поништена или блокирана од страна на Шел или по барање од Деловниот партнер;
б) За набавки ограничени со категоризацијата на набавки, географски ограничувања или ограничувања поврзани со мрежата на бензински станици;
в) За набавки во износот ограничен со контролните лимити (Velocity/Usage limits) и со Кредитниот лимит;
г) Ако картичката не е пријавена за украдена или изгубена од страна на Деловниот партнер;
д) Ако корисникот на картичката при купувањето го користи ПИН-от онаму каде е потребно.
3.11 Картичката не смее да се користи во следниве случаи:
а) Ако возилото за кое е издадена картичката е продадено, украдено, уништено или повлечено од употреба;
б) Ако рокот на важност на картичката е истечен;
в) Ако се работи за лица кои починале или го прекинале правниот однос со Шел;
г) ако е раскинат Договорот;
д) Ако е блокирана картичката согласно Член 12 од Општите услови за работење;
е) Ако е издадена заменска картичка (промена на регистарскиот број на возилото).
3.12 Картичката смее да се користи само за купување на стока за она возило чиј регистарски број е наведен на картичката. Персоналот на бензинската станица може да провери дали корисникот на картичката полни гориво во возилото за кое е издадена картичката. Ако картичката не се користи за возило со регистарски број наведен на картичката, Шел не сноси одговорност за причинетата штета бидејќи за потврда за купувањето се користи ПИН код.
3.13 Ако картичката е издадена на име и презиме, мора да биде потпишана на местото за потпис на задната страна на картичката. Персоналот на бензинската станица може да го провери идентитетот на корисникот на картичката. Ако картичката не ја користи лицето напишано на картичката, Шел не сноси одговорност за причинетата штета бидејќи за потврда за купувањето се користи ПИН код.
3.14 Картичките кои гласат на регистарски број на возило му се издаваат на Деловниот партнер како алатка за управување со информациите за правилно користење на картичката. Деловниот партнер е обврзан да ги плати сите износи, дури и кога се работи за трансакција во врска со возило кое не е наведено на картичката.
3.15 Шел во секој момент има право да одбие плаќање на набавките со картичката ако се работи за какво било прашање на безбедност. Деловниот партнер во тој случај е свесен и прифаќа дека Шел не е одговорен за таквото одбивање на трансакцијата. Без оглед на Контролниот лимит на максималниот број / износ на трансакциите (Velocity/Usage limit) или другите форми на надзор, Деловниот партнер е одговорен за користењето на сите картички од страна на Корисниците на картичките, освен ако со овој Договор не е јасно поинаку уредено, и (особено) секогаш е одговорен за сите трансакции со картичката во случај на какво било неисполнување на условите од овој договор од страна на Корисникот на картичката.
3.16 Во случај кога корисникот на картичката, или лицето кое се претставува како корисник на картичката, употреби картичка која не е пријавена како украдена или изгубена (не е блокирана) и картичката или ја нема кај себе или истата не може да се обработи од било која причина, лицето може да изврши набавка со поднесување на веродостојна исправа за идентификација и ако ги исполни сите барања според личната процена на персоналот на тоа место. Шел ќе му ја пресмета на Деловниот партнер оваа трансакција во наредната фактура. Деловниот партнер е одговорен за плаќање на тие стоки или услуги.
3.17 За регистрација на продажбата на стоки и на услуги купени со картичка во име на и за сметка на Деловниот партнер, Корисникот на картичка мора да се идентификува себеси на ПОС-терминалот така што ќе ја даде картичката на увид и ќе го внесе ПИН-кодот во соодветниот апарат. На продажното место автоматски се издава СЛИП за секое купување. Доколку поради технички причини не е можно да се внесе ПИН-от или ако магнетната лента или чип не може да се прочита, обработката може да се изведе рачно – во зависност од можностите - а како потврда за трансакцијата важи отпечатениот СЛИП. Собирање и чување на СЛИП-овите издадени при купување стоки
е обврска на Деловниот партнер.
Во случај на купување стока кај трети лица, кај кои наместо СЛИП се издава даночна фактура, Деловниот партнер има обврска да побара од третото лице да му издаде соодветна даночно исправна сметка.
Шел или Деловниот партнер преку порталот Shell Fleet HUB вршат ограничување на најголемиот можен број трансакции што Деловниот партнер може да ги изврши со картичка во определен временски период. Ограничувањето се однесува и на бројот на трансакции и на најголемиот можен износ на трансакции (Velocity/Usage limit). Секоја картичка има лимит на трансакцијата кој го определува највисокиот вкупен износ на купување со картичката на едно продажно место, во еден ден.
Овој Контролен лимит на максималниот број / износ на трансакциите (Velocity/Usage limit) може да се разликува за поединечни Деловни партнери и видови картички. Најголемиот број и износ на трансакција се темели на просечната потрошувачка на гориво, при што се води сметка за безбедно користење на картичката. Шел може еднострано да ги смени овие лимити. Лимитите важат само за трансакциите извршени во системот ОЛА. Доколку трансакциите не се извршени во системот ОЛА, Шел може да постави други вредности на контролниот лимит.
Овој Контролен лимит (Velocity/Usage limit) може да се разликува во различни случаи кај различните продажни места на Партнерите во системот на Шел картички. Шел му ја соопштува на Деловниот партнер, на негово барање, висината на Контролниот лимит (Velocity/Usage limit) на продажните места на Партнерот во системот на Шел картички.
Договорните страни можат да определат поединечни Контролни лимити (Velocity/Usage limit) (на ниво на фирма или на картичка) што важат од моментот на потпишување на Договорот. Сите последователни промени на Контролниот лимит (Velocity/Usage limit), Шел и Деловниот партнер ги дефинираат преку допис во писмена форма (испратен по пошта или по електронска пошта). Во случај ако на Деловниот партнер му е овозможена употреба на Shell Fleet HUB, Деловниот партнер сам може да го менува Контролниот лимит (Velocity/Usage limit) (само за намалување на вредноста на тековниот лимит). Доколку Деловниот партнер сака да ги зголеми лимитите, мора да поднесе писмено барање до Шел.
Следниве земји не се дел од системот ОЛА: Турција и Русија, како и продажните места на Партнерите во Системот на картички на Шел.
3.18 Ако проверката извршена во согласност со членовите 3.12 и 3.13 открие прекршок, персоналот на Шел или Третата страна може да ја конфискува Картичката или да го одбие плаќањето за набавките со картичката. Понатаму, Шел или третата страна може да ја одбие Картичката во следниве случаи:
а) ако е блокирана Шел картичката ;
б) ако е истечена важноста на Шел картичката;
в) ако Шел картичката изгледа видливо изменета или оштетена; г) ако постои сомневање за злоупотреба;
д) ако системот ОЛА не ја дозволува трансакцијата.
Во тој случај Деловниот партнер треба да ја подмири вредноста на купената стока/услуга со друго платежно средство.
Доколку во постапката за користење на картичката се утврдат кршења на Договорот и на Општите услови на работење, Деловниот партнер, покрај самата трансакција, ги покрива сите трошоци поврзани со таа трансакција. Шел препорачува корисникот на картичката никогаш да не ја остава картичката кај персоналот на Шел или кај персоналот на Третата страна без надзор. Шел не одговара за каква било злоупотреба.
3.19 Картичките издадени со ознака »S« (што значи единечна, односно
„СИНГЛ“/SINGLE,) имаат видлив знак „S“ на картичката. Картичката СИНГЛ претставува картичка што може да се употребува како платежно средство на сите бензински станици на Шел и на некои бензински станици на Партнерите од системот на Шел картички, за кои Шел го известува Деловниот партнер.
3.20 Картичките издадени со ознаката „М“ (што значи „МУЛТИ“/MULTI) имаат видлива ознака „М“ прикажана на Картичката. Картичката МУЛТИ претставува картичка што може да се употребува како платежно средство на сите бензински станици на Шел и на бензинските станици на Партнерите од системот на Шел картички.
3.21 Деловниот партнер има можност за регистрација на апаратите за патарина преку системот Шел. Шел ја спроведува регистрацијата врз основа на писмена нарачка на деловниот партнер и по приемот на потпишаната документација што ја одредува поединечното друштво за патарина. За потребите за регистрирање на апаратите за патарина Шел издава виртуелна картичка за возилото и виртуелна картичка за сметката на Деловниот партнер (Виртуелна картичка за Шел сметката на Деловниот партнер).
3.22 Виртуелната картичка има 19-цифрен број и се разликува од Шел картичката само по тоа што не е издадена физички, а секогаш е издадена со почетните броеви 7077303. Ако Деловниот партнер ја блокира виртуелната картичка преку платформата HUB, тој ја сноси целата одговорност во однос на блокирањето на уредот за наплата на патарина.
3.23 Уредите за наплата на патарина се во сопственост на поединечни компании за наплата на патарина и Shell не одговара за нивното работење. Сите услови во однос на работењето и плаќањето патарини низ Европа ги одредува секое поединечно друштво за патарина. Сите рекламации во однос на неправилното дејствување или погрешната пресметка на патарината Деловниот партнер му ги доставува на поединечното друштво за патарина, преку Шел. Притоа Шел нема никаква финансиска одговорност затоа што во процесот на рекламација дејствува како посредник.
3.24 Во случај ако деловниот партнер не ги почитува сите одредби и услови за употреба на поединечните друштва за патарина, тој е одговорен за сите трансакции што настанале во однос на неправилната употреба. Во случај на несоодветно наплаќање на патарините, Деловниот партнер е должен да достави рекламација, како што е наведено од страна на поединечната компанија за патарини во своите услови на работење.
3.25 Шел е одговорен за правилниот пренос на трансакциите што се примени од друштвата за патарина кои настанале од плаќањето на патарините на Шел сметката на Деловниот партнер. Шел е должен на Деловниот партнер да му ги достави сите детали за употребата на апаратот за патарина.
4. SHELL FLEET HUB (HUB): ПОСЕБНИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
4.1 Шел флит Хаб (ХАБ) /Shell Fleet HUB (HUB) е интернет- апликација до која Деловниот партнер пристапува со помош на своето корисничко име и лозинка. Шел го задржува правото во кој било момент да ја смени интернет-страницата на Shell Fleet HUB.
4.2 Shell Fleet HUB му овозможува на Деловниот партнер да нарачува картички, да пренесува податоци за трансакциите и да врши анализа на податоците за трансакциите со помош на табелите што се достапни во Shell Fleet HUB. Shell Fleet HUB ги опфаќа следниве услуги: е-маил аларм, SFH патарини, електронска сметка и работење со картички и финансиски извештаи. Шел е должен да му обезбеди на Деловниот партнер упатства за користење на SFH патарини. Деловниот партнер може да ги добие упатствата за употреба на линкот https://fleetsolutions.force.com/fleethub/s/ или на порталот Shell Fleet HUB.
Деловниот партнер е запознат и согласен дека:
а) услугите поврзани со картичките, кога нема да го користи Shell Fleet HUB, ќе се разликуваат од услугите што се дефинирани во овој Договор;
б) сноси одговорност преку Shell Fleet HUB правилно да управува со своите картички, на пример, кога врши блокирање картички, менување на Контролниот лимит (Velocity/Usage limit), итн.
Шел не сноси одговорност за последиците настанати при промените што Деловниот партнер ги направил на ниво на картички преку Shell Fleet HUB.
4.3 Врз основа на писмено барање на Деловниот партнер (мора да биде наведено име и електронска адреса), Шел му отвора пристап во Shell Fleet HUB на еден корисник со администраторски права. Администраторот ќе може во Shell Fleet HUB да им отвора пристап на други корисници по сопствен избор. Сите корисници ќе добијат свое корисничко име и лозинка со кои ќе може да пристапат и да ја употребуваат Shell Fleet HUB. Шел ќе ги испрати лозинката и корисничкото име по електронска пошта, на електронската адреса на корисникот.
4.4 Деловниот партнер е одговорен да овозможи пристап до Shell Fleet HUB на лица кои сам ќе ги дефинира во апликацијата Shell Fleet HUB, така што ќе им додели корисничко име и лозинка. Деловниот партнер е одговорен за секоја злоупотреба што во Shell Fleet HUB ќе ја изврши неовластено лице со употреба на корисничкото име и на лозинката. Деловниот партнер е должен сите кориснички имиња и лозинките да ги чува надвор од дофатот на неовластени лица.
4.5 Деловниот партнер се обврзува дека корисниците на Shell Fleet HUB ќе бидат овластени за користење на функциите на Shell Fleet HUB и:
а) дека ќе одредат и ќе употребуваат ПИН-код во согласност со Општите услови на работење на системот Шел;
б) дека нема да ги откриваат лозинките на трети неовластени лица;
в) дека нема да ја чуваат лозинката во електронска форма (датотеки);
г) дека ќе се воздржуваат од сите дејствија што на трето лице би му овозможиле неовластен пристап до Shell Fleet HUB;
д) дека ќе ги преземаат сите мерки за да не дојде до пристап на неовластени лица во Shell Fleet HUB;
е) дека ќе работат во согласност со сите инструкции што Шел би можел да ги воведе при употреба на Shell Fleet HUB или безбедносни мерки на кои треба да им посветат внимание;
ж) дека во писмена форма (или електронски) веднаш ќе го известат Шел во случај ако утврдат дека неовластено лице добило пристап до корисничко име или лозинката, или дека на друг начин добива пристап до Shell Fleet HUB, или до податоци што се наоѓаат во Shell Fleet HUB.
4.6 Шел го задржува правото
а) да бара промена на лозинката од корисникот без претходно известување; б) да ја поништи лозинката ако има причина да се посомнева дека е
прекршен Член 4.5;
в) да ги блокира сите картички и да го раскине Договорот;
На барање на Деловниот партнер, Шел може да ја смени лозинката, но не мора. За таквата промена, Шел може на Деловниот партнер да му наплати трошок за менување на лозинката.
4.7 Корисникот на Shell Fleet HUB има право податоците од некои табели од Shell Fleet HUB да ги користи за анализа. Во случај Деловниот партнер да ја употребува услугата Shell Fleet HUB за некоја друга намена, на пример, за репродуцирање или за објавување, за тоа му е потребна писмена согласност од Шел. Деловниот партнер и корисникот не смеат да му дадат на трето лице пристап до Shell Fleet HUB или до податоци од Shell Fleet HUB во ниту еден случај и за ниту една цел.
4.8 Деловниот партнер е одговорен за:
а) доследност на користењето на услугите Shell Fleet HUB со сите разумни инструкции на Шел или на придружните претпријатија на Шел. Користењето на услугите Shell Fleet HUB секогаш ќе се заснова на сите важечки закони и прописи;
б) соодветно регистрирање во Shell Fleet HUB;
в) заштита на тајноста на корисничкото име и лозинката;
г) користење, чување, заштита и спречување на неовластена дистрибуција на сите материјали преземени од интернет апликацијата Shell Fleet HUB;
д) да не дозволува пристап на неовластени лица до услугите Shell Fleet HUB и користење на таквите услуги;
е) дека ќе ја ослободи Шел или придружните претпријатија на Шел од секакви оштетни побарувања, тужби, давачки, оштети, трошоци, осуди, спогодби, казни, износи исплатени при спогодби и други обврски што произлегуваат од незаконско и неправилно користење на услуги на Shell Fleet HUB;
ж) дека веднаш ќе го извести Шел за сите неправилности во апликацијата
Shell Fleet HUB;
з) дека веднаш ќе го извести Шел за губење на корисничкото име и лозинката.
4.9 Шел го задржува правото на пристап до податоците на Деловниот партнер, што се достапни на интернет-страницата Shell Fleet HUB и право да ги чува овие информации. Логотипот на „Shell“ (школка), сликата на камион и трговските марки прикажани на интернет-страницата Shell Fleet HUB, се сопственост на Шел и на
придружните претпријатијата на Шел. Ниту еден дел од содржината на интернет- порталот не смее да се протолкува дека на Деловниот партнер му се дава, последично или поинаку, каква било лиценца или право да ги користи школката „Shell“, сликата на камион, трговските марки и логотипот прикажани на веб-страницата.
4.10 Ниту Шел ниту кое било придружно претпријатие на Шел или трета страна назначена од Шел да врши какви било обврски, според Општите услови на работење на системот Шел, нема да одговара пред Деловниот партнер за каква било индиректна штета или за загуба што произлегува од или е во врска со услуга Shell Fleet HUB или друга активност според овој Договор, освен во случај кога штетата е намерно нанесена преку свесна небрежност.
Ниту Шел ниту кое било придружно претпријатие на Шел или трета страна назначена од „Шел“ да врши какви било обврски, според Општите услови на работење на системот Шел, нема да одговара пред Деловниот партнер за какви било пречки во преносот на податоци, вклучувајќи и за неуспешен пренос, доцнење на преносот и/или погрешен пренос, освен во случај на намерно постапување или свесна небрежност.
Шел ќе ги вложува сите разумни напори да се осигури дека информациите што се објавуваат на Shell Fleet HUB се точни и ажурирани. Шел не дава никаква гаранција дека информациите се точни. Шел, придружните претпријатија на Шел и трети страни назначени од Шел да вршат какви било обврски, според Општите услови на работење на системот Шел, не преземаат обврска ниту одговорност за какви било грешки или за пропусти во содржината на веб-страницата.
Користењето и прелистувањето на веб-страницата на Shell Fleet HUB е одговорност на Деловниот партнер. Ниту Шел ниту придружните претпријатија на Шел или која било трета страна вклучена во креирањето, испораката и/или изработката на веб- страницата не одговараат за каква било директна, индиректна или последична штета што произлегува од пристапот на Деловниот партнер до веб-страницата Shell Fleet HUB. Без ограничување на горенаведеното, сè што е на веб-страницата му се дава на Деловниот партнер „онака како што е“. Шел изречно отфрла какви било гаранции, вклучувајќи и гаранција за подобност за определена намена.
Шел, придружните претпријатија на Шел и трети страни назначени од Шел да вршат какви било обврски, според Општите услови на работење на системот Шел, не сносат никаква одговорност за какви било штети или вируси што би можеле да ги заразат компјутерскиот хардвер и софтвер или каква било сопственост на Деловниот партнер поради пристапувањето на Деловниот партнер до веб-страницата Shell Fleet HUB или поради пренос на датотеки, материјали, податоци, текст, слики, видео и аудио содржини од веб-страницата.
Ниту Шел ниту која било фирма поврзана со Шел или која било трета страна назначена од Шел да извршува какви било обврски, според Општите услови на работење на системот Шел, не прифаќаат никаква одговорност за можното влијание на услугите врз гаранциите дадени од страна на производителите на компјутери.
Сите содржини поставени на веб-страницата Shell Fleet HUB, како што се текст, логотипи, копчиња, икони и слики, се сопственост на Шел. Строго се забранува копирање, репродуцирање, повторно објавување, пренесување или ажурирање на други веб страници, испраќање или дистрибуција на содржините на веб-страницата на кој било начин, за јавни или за комерцијални цели.
Шел ги нема прегледано веб-страниците поврзани со веб-страницата Shell Fleet HUB преку хиперврска (хиперлинк), и не сноси одговорност за содржината на таквите веб страници. Ако Деловниот партнер користи такви хиперврски), тоа го прави на сопствена одговорност.
4.11 Во случај да се избере е-маил аларм:
а) Деловниот партнер е одговорен за примање и за читање на е-маил аларм.
Шел не одговара за грешки во пренос на податоците;
б) Во рамките на своите можности, Шел ќе вложува напори да ја одржува содржината на е-маил аларм. Шел не дава никакви гаранции дека содржината е совршена и без грешки;
в) Деловниот партнер е одговорен за користењето на е-маил аларм. Функционирањето на е-маил аларм не го обврзува Деловниот партнер да користи картички што се предмет на е-маил аларм;
г) Деловниот партнер писмено ќе го извести Шел за какви било неправилности во функционирањето на е-маил аларм.
4.12 Шел го задржува правото во кој било момент и од која било причина: а) да го смени форматот на Shell Fleet HUB;
б) да ги смени содржините, формата, спецификацијата и техничката форма на Shell Fleet HUB;
в) да го смени видот податоци што се потребни или се достапни на Shell Fleet
HUB;
г) да им одбие на корисниците пристап до Shell Fleet HUB;
д) да врши одржување, поправки и подобрувања на Shell Fleet HUB за да ги подобри соодветните и потребни функции.
Во такви случаи, може:
а) да го прекине Shell Fleet HUB (без претходна најава) во случај на итност; б) да им даде на корисниците такви насоки ако смета дека е потребно;
в) да го прекине Shell Fleet HUB во сите околности во кои има право да го прекине Договорот за сервисниот систем Шел или во горенаведените точки;
г) да го повлече Shell Fleet HUB (во тој случај трошоците за Shell Fleet HUB, доколку постојат, соодветно ќе се сменат);
4.13 Доколку Shell Fleet HUB или интернет-страницата на Шел се прекинат поради вина на Деловниот партнер (корисник), Деловниот партнер ќе му ги покрие на Шел разумните трошоци што ќе настанат при имплементацијата поради таквиот прекин. Шел се согласува на Деловниот партнер повторно да му ја активира услугата Shell Fleet HUB, во кој случај може да побара од Деловниот партнер да му плати разумни провизии или депозит.
4.14 СФХ Патарини (SFH Tolls) е алатка што му овозможува на Деловниот партнер да нарача OBU апарат, да ја следи потрошувачката и да управува со патарините, што вклучува промена на податоците за возилото, регистарските броеви, статусот на активирање/деактивирање на OBU апаратот и преглед на регистрираните OBU апарати.
Деловниот партнер ги користи OBU апаратите за плаќање на патарината. OBU уредот директно се доставува до Деловниот партнер од страна на компаниите за патарина кои не се дел од групата Shell врз основа на нивните договори. Услугата што Shell ја нуди Шел преку SFH Tolls (СФХ Патарини) е ограничена само за процесот на регистрација и управување со OBU апаратите. Шел не одговара за давање услуги на патарина или за документацијата што Деловниот партнер мора да ја пополни за да добие OBU апарати. Во процесот на регистрација на SFH Tolls, Деловниот партнер е одговорен за точноста на доставените информации. Shell нема одговорност во случај на добивање казни поради неправилна регистрација, управување со OBU апаратите или нецелосна документација од страна на клиентот во алатката SFH Tolls.
Шел, со регистрирање на Деловен партнер во Shell Fleet HUB, овозможува бесплатно користење на SFH Tolls. Шел има право да му наплати на деловниот партнер за услуга што Деловниот партнер може самиот да ја обезбеди во SFH Tolls. Износот на трошокот за услугата се наплаќа по ценовникот, кој е дел од Договорот.
4.15 „Алатката за напредна контрола“ (Advance Controls Tool) е портал преку кој корисникот на ХАБ (HUB) може да постави различни лимити во врска со користењето на картичките (покрај контролите што ги воспоставува Шел). Ако Деловниот партнер ја користи оваа алатка, тој е должен да плати дополнителни трошоци за картичка и услуги. Ограничувањата кои се поставени со Алатката за напредна контрола важат само на бензинските сервиси кои се поврзани во системот ОЛА (OLA). Не важат во мрежата на претпријатијата за наплата на патарини. Деловниот партнер е одговорен за правилно внесување на ограничувањата кои се наведуваат при воспоставувањето на контролата, а „Шел“ не одговара за никакви оперативни последици ако ограничувањата кои ги внел Деловниот партнер оневозможат користење на картичката. Деловниот партнер ги известува корисниците на картичките за дополнителните ограничувања и обезбедува во ХАБ (HUB) да бидат поставени одбраните предупредувања прилагодени на користењето на картичките. Сите видови контрола почнуваат да важат во рок од 24/48 часа од измените во веб-услугата.
4.16 Доколку во системот на Шел, од било која причина, се откаже Шел картичката, истовремено се прекинуваат и сите електронски уреди кои се поврзани со таа Шел картичка. Истото важи и во случај ако Деловниот партнер сам ја откаже картичката преку платформата ХАБ (HUB).
5. Контролен кредитен лимит
5.1 Договорните страни се договараат околу висината на контролниот кредитен лимит. Контролниот кредитен лимит се одредува врз основа на оцена на предвидениот промет, проценка на кредитоспособноста која ја врши „Шел“ врз основа на финансиската оцена на Деловниот партнер и даденото обезбедување на побарувањата. Контролниот кредитен лимит вклучува и пресметани и непресметани трансакции на Деловниот партнер. За промена на контролниот кредитен лимит Шел го известува Деловниот партнер во писмена форма, по пат на електронска пошта.
5.2 Шел може еднострано да го смени износот на контролниот кредитен лимит од Договорот, со писмено известување до Деловниот партнер (по електронска пошта). Новиот контролен кредитен лимит кој ќе го определи Шел почнува да важи веднаш штом Шел му испрати писмено известување на носителот на картичката. Доколку известувањето од претходниот став се однесува на зголемување на контролниот кредитен лимит, се применува Член 13.3 од овој Договор.
5.3 Шел има право да ја стопира картичката ако Деловниот партнер го пречекори контролниот кредитен лимит и ако не ги плаќа сметките во рокот на доспевање, а вкупниот износ на овие доспеани фактури не го надминува контролниот кредитен лимит.
6. ПИН-КОД
6.1 Секоја картичка има свој ПИН-број. Деловниот партнер не смее да го открие ПИН-бројот што го добива заедно со картичката и мора да го чува одделно од картичката, грижливо и на сигурно место. Деловниот партнер смее да му го открие ПИН-бројот само на корисникот на картичката. Доколку ПИН-бројот му биде откриен на неовластено лице, Деловниот партнер за тоа веднаш мора да го извести Шел. Деловниот партнер е целосно одговорен за каква било штета што произлегува од непридржувањето до оваа одредба.
7. Фактурирање
7.1 Шел на свој трошок на Деловниот партнер непосредно му ги издава и испраќа фактурите во кои се наведени трансакциите во согласност со воведната страница. Во фактурите се наведуваат податоци за трансакциите по поединечни картички, за купување кај Шел и кај трети лица.
Фактурите се издаваат по поединечни држави. За купување во Словенија, фактури издава „Шел Адриа“, додека фактурите за купување во други држави ги издава „Шел Адриа“ во име на другите претпријатија од групата Шел. Во секоја фактура јасно е наведено која Шел картичка ја користел Деловниот партнер, кога, и кои производи и/или услуги се купени, количеството, цената по единица и вкупниот износ.
7.2 Деловниот партнер не смее да задржи исплата или да изврши нецелосна исплата во случај на рекламација во врска со купување. Доколку рекламацијата во врска со сметката е оправдана, Шел ќе го намири оправданиот износ или на Деловниот партнер ќе му признае бонификација.
Деловниот партнер мора да испрати рекламација за трансакцијата преку препорачана пошта или електронска пошта, во рок од еден месец од датумот на издавање на сметката. Деловниот партнер се товари за сите евентуални трошоци поврзани со плаќањето на сметката, на пример (ИНО) банкарски трошоци, провизии за трансфер итн.
Доколку Деловниот партнер не ја прими сметката по пошта или преку апликацијата Shell Fleet HUB во рок од 10 дена од датумот за издавање сметки предвиден со Договорот, за тоа мора да го извести Шел со препорачана пошта или електронска пошта, инаку ќе се смета дека Деловниот партнер ја примил сметката. Наведениот износ во сметката мора да се плати во рокот на доспевање, инаку се запира натамошното користење на Шел картичките.
7.3 Сите рекламации за издадени сметки врз основа на барања за примероци од Нарачките, Деловниот партнер може да ги побара од „Шел“ врз основа на писмена молба (допис испратен по пошта или по електронска пошта) најдоцна во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметката или на пресметката. Доколку Деловниот партнер не испрати писмена рекламација во рок од 30 дена, се подразбира дека ги прифаќа
сите купувања со Шел картичката и дека е согласен со сите ставки во сметките.
7.4 Таму каде што законски е дозволено, сметките/пресметките ќе му бидат на располагање на Деловниот партнер во електронска форма преку Shell Fleet HUB. Во тој случај Деловниот партнер нема да ги прима сметките/пресметките во хартиена форма по пошта. Деловниот партнер, со потпишувањето на Договорот, чиј составен дел се и овие Општи услови на работење, се согласува дека сметките наместо во хартиена форма ќе ги прима во електронска форма, од кој било Шел во рамките на групата Шел, кој има правна основа за издавање и за испраќање електронски сметки (е-сметки). Деловниот партнер може да побара алтернативен метод на издавање на сметките. Доколку Шел му одобри такво издавање на Деловниот партнер, Деловниот партнер ги покрива административните трошоци што ќе настанат при издавањето на сметките.
7.5 Деловниот партнер може да побара промена на примањето на сметката/пресметката од хартиена во електронска форма (е-сметка). Во тој случај мора да испрати писмена молба до Шел. Сметката може да се издава во електронска форма, ако со тоа се согласни Деловниот партнер и Шел. За потребите на поврат на данок, Деловниот партнер презема одговорност да го провери примањето на електронските сметки кај даночната управа во секоја држава.
7.6 Шел ќе ја пренесе сметката, во електронска форма, на Shell Fleet HUB еден ден по издавањето на сметката. Датумот на издавање на сметката е определен во Договорот. По пренесувањето на сметките, Деловниот партнер ќе прими известување на електронската адреса за која веќе претходно по писмен пат го известил Шел. Во случај Деловниот партнер да не прими известување за пренос на сметката, мора за тоа писмено да го извести Шел. Доколку во рок од 10 дена од датумот на издавање на сметката Деловниот партнер не го извести Шел дека не ги примил сметките на Shell Fleet HUB, ќе се смета дека сметките биле пренесени на сметката на Деловниот партнер во Shell Fleet HUB следниот ден по датумот на издавање на сметката. Сметките ќе бидат архивирани во Shell Fleet HUB 13 месеци. По изминувањето на 13 месеци сите сметки автоматски се бришат. Деловниот партнер е обврзан и одговорен навреме да ги пренесе сметките на својот компјутер. Исто така, Деловниот партнер е обврзан да ја обезбеди сета потребна програмска опрема за пренос на сметките од Shell Fleet HUB.
7.7 Заедно со преносот на сметките на компјутерот на Деловниот партнер се пренесуваат и приложените документи што ќе ја докажуваат автентичноста на сметката. Кај секој пренос на сметки датотеката ќе има два документа: сметка во pdf формат и електронски потпис во xml формат. Е-сметката има само една оригинална сметка. Деловниот партнер, при првото влегување во е-сметките, ќе ја прими единствената и оригиналната сметка, која е должен да ја пренесе на својот компјутер. Со секое следно влегување во е-сметката, сметката ќе биде копија. Во случај оригиналната сметка да биде изгубена, одговорноста ја презема Деловниот партнер.
8. ЦЕНИ, ПОПУСТИ, НАДОМЕСТОЦИ
8.1 Цени и попусти: Шел ги пресметува сите набавки на производи и на услуги по регуларни продажни цени на продажните места или по ценовникот достапен на порталот Shell Fleet HUB http://www.fleethub.shell.com, освен во случај кога Деловниот партнер однапред ќе договори со Шел попусти на овие цени. Шел ги дефинира договорените попусти за Деловниот партнер во прилог/анекс кон договорот и му ги испраќа по пошта или електронска пошта.
8.2 Шел наплаќа надоместоци за одредени услуги кои се вклучени во Договорот. Надоместоците за услуги кои не се поврзани со горивото на бензинските станици на Шел (патарини за автопат, тунел и траект, користење на Картичка итн.) се наплаќаат врз основа на земјата во согласност со Договорот.
8.3 Шел ги пресметува надоместоците за дополнителни услуги и пакетите на услуги кои се составен дел од Договорот за системот ЕуроШел.
Опфатот и стапките на сите провизии се определуваат во Договорот или во друга писмена коресподенција меѓу Шел и деловниот партнер. Шел може по своја проценка повремено да ги измени провизиите и било кога да воведе дополнителни провизии за картичката и за услугите за стоката купена со картичка.
За евентуалните промени на цените, попустите, провизиите и надоместоците деловниот партнер ќе биде известен 15 дена однапред, преку електронска пошта. Со ова електронско известување се смета дека Деловниот партнер е запознат со пресметувањето на цените, попустите, надоместоците и провизиите што ќе му бидат засметани при употреба на картичката за плаќање на производи или услуги за што бил известен. Деловниот партнер мора да го извести Шел во рок од 15 дена дали се согласува со промените. Во случај Деловниот партнер, овластените корисници на картичката и овластените сопственици на картички да ги користат картичките по стапувањето на сила на промените, ќе се смета дека се согласува со новите надоместоци.
Сите цени, надоместоци или попусти што се однесуваат на претходниот период на користење на Картичката ќе му бидат наплатени на Деловниот партнер на следната сметка и ќе доспеат на датумот на доспевање наведен во Договорот.
8.4 Обврски во врска со количината: Shell и Деловниот партнер се согласуваат дека цените/рабатите за набавката се договорени под услов, во одреден временски период, со картичките да се купи барем минимална количина на гориво или услуги („минимална количина“). Шел ќе извршува проверки во период од 6 (шест) месеци од потпишувањето на договорот и ќе процени дали е исполнета минималната количина.
8.5 Шел може да изврши промена на цената/рабатот/надоместокот во било кој момент ако договорените количини не се во склад со цената/рабатот/надоместокот (количината не е исполнета или надмината). За промените на цените/рабатите/надоместоците Шел ќе го извести Деловниот партнер 15 дена однапред по пошта или преку електронска пошта. Врз основа на ова известување ќе се смета дека Деловниот партнер е запознат со пресметките на новите цени/рабати/надоместоци. Деловниот партнер во рок од 15 дена мора да се изјасни дали се согласува со новите промени. Доколку Деловниот партнер, овластениот корисник на картичката и овластениот сопственик на картичката продолжат да ја употребуваат картичката откако ќе се изврши промената, ќе се смета дека се согласуваат со новиот износ на цената/рабатот/надоместокот. Променетите услови (цена/рабат/надоместок) важат сѐ додека не се исполни некоја ставка.
9. ПЛАЌАЊЕ
9.1 Условите и методите на плаќање се дефинирани во Договорот. Ако исплатата се врши со директно задолжување, Деловниот партнер мора, пред потпишување на
Договорот, да приложи одобрение за директно задолжување во полза на Шел и тоа одобрение, по потреба, да го обнови. Директното задолжување ќе биде извршено на тековната сметка на Шел на тој начин што средствата ќе бидат примени на тековната сметка на денот на валутата на сметката. Порамнувањето мора да биде направено за целиот износ на фактури кои доспеваат на датумот на валута на фактурата. Независно од методот на плаќање, датумот на плаќање е датумот кога ќе стигне уплатата на банкарската сметка на Шел.
9.2 Шел има право на Деловниот партнер да му пресмета трошок за секое директно задолжување што Деловниот партнер нема да го плати. Висината на трошокот за провизијата Шел и Деловниот партнер ја договараат на писмено во Договорот или во Анексот на Договорот.
9.3 Порамнувањето на сметките се врши за вкупниот износ на сите фактури што доспеале на одреден датум.
9.4 Двете договорни страни се свесни дека горивото е акцизен производ и дека тргувањето со него подлежи на строги правила и прописи. Со потпишувањето на овој Договор, Деловниот партнер потврдува дека е свесен дека е забранета препродажба на купеното гориво и се обврзува да го почитува тој пропис.
9.5 Фактурата се издава во евра (€). Ако набавката е извршена во национална валута која не е националната валута за набавка, истата се конвертира во евра (номинален износ во евра), со примена на курсот што го одредува Шел во државата каде што е извршена набавката. Доколку тој податок на датумот на издавање на фактурата не е достапен, се користи заклучниот курс на Европската централна банка, кој е достапен на интернет-страницата https://www.ecb.pa.eu/stats/exchange/fxref/ht ml/index.en.html.
9.6 Во случај на неплаќање на достасаните износи, Шел може да пресмета затезни камати по законски определена каматна стапка. Покрај правото на Шел да наплаќа затезна камата, Шел дополнително има право да му наплати на Деловниот партнер трошоци за возобновување во износ од 40,00 евра во согласност со член 14 од Законот за спречување на задоцнето плаќање на Република Словенија (Службен весник РС бр. 57/12 и 61/20, со измени и дополнувања) или други трошоци за возобновување во согласност со важечките закони.
10. КРШЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ, ПОНИШТУВАЊЕ И БЛОКИРАЊЕ КАРТИЧКИ
10.1 За кршење на Договорот се смета следново:
а) кога корисникот му доставува на Шел погрешни податоци во врска со овој Договор или одбива да ги достави бараните податоци;
б) секоја извршена злоупотреба или обид за злоупотреба на картичката, менување на податоците на картичката, пренесување на картичката на трето лице, користење на картичката по изминување на нејзината важноста, натамошно користење на картичката откако е побарано нејзино поништување;
в) користење на картичката спротивно на одредбите од овој Договор; г) ненамирување на достасаниот износ од страна на корисникот; и
д) кога корисникот ќе го пречекори контролниот кредитен лимит или кога не предлага доволно обезбедување на побарувањата кое Шел го бара за покривање на изменетиот контролен кредитен лимит.
Во случај на кршење на Договорот, Шел:
а) може веднаш да поништи која било Шел картичка што ја има корисникот на картичката;
б) може да го раскине овој Договор без отказен рок;
в) може да бара веднаш да се плати кој било сè уште недостасан износ што го должи корисникот;
г) може да го искористи обезбедувањето на побарувањето што било дадено од страна или во име на Деловниот партнер.
Шел ќе ја блокира картичката доколку Деловниот партнер од која било причина го бара тоа по писмен пат (по пошта, електронска пошта).
10.2 Шел може да ја блокира која било картичка, или да ги блокира сите издадени Шел картички, без дополнително известување на Деловниот партнер, во следниве случаи:
а) Ако Деловниот партнер не ги изврши исплатите во согласност со член 9.1 или има други достасани неплатени износи за други производи или услуги што се нудат од страна на Шел, иако овие производи и услуги не се предмет на овој Договор;
б) Ако Деловниот партнер не ги исполни своите обврски во согласност со член 4.3;
в) Доколку Деловниот партнер не ги исполни своите обврски во согласност со последниот став од член 13.3;
г) Истовремено со неодложното раскинување на Договорот; д) Доколку е загрозено безбедното користење на картичката;
е) Ако Деловниот партнер има деловно учество во друго претпријатие кое е блокирано поради доцнење на исплата или го пречекорило контролниот кредитен лимит, Шел може да го блокира Деловниот партнер.
10.3 При блокирање на картичката во согласност со претходниот член, Шел не е одговорен за штетата што Деловниот партнер би ја претрпел поради тоа. Блокирањето на картичката во толкувањето на овој Член значи прекинување на прифаќањето картички од страна на Шел и на трети лица за набавка на стоки. Повторното прифаќање на Шел картичката од страна на Шел и на трети лица се договара откако ќе бидат исплатени сите достасани обврски.
10.4 Шел го задржува правото кога било и исклучиво по сопствена процена да прогласи картичка за неважечка и да поништи една, повеќе или сите издадени картички. Притоа, тој на Деловниот партнер му испраќа писмено известување.
10.5 Шел има право да поднесе барање за наплата во износ од 1 € откако ќе го извести Деловниот партнер за отворање на директното задолжување за да провери дали правилно е активирано директното задолжување. Шел ќе му го врати на Деловниот партнер наплатениот износ во форма на книжно одобрение на првата издадена фактура за потрошувачка на гориво или услуга. Доколку проверката на директното задолжување не е успешна поради неправилна комуникација или која било друга причина наведена од банката, Шел има неоспорно право веднаш да го блокира работењето на картичката, без согласност на Деловниот партнер. Ова важи и во случај Деловниот партнер да достави неточни банкарски информации во моментот на
склучување на договорот за системот за услуги на Шел, што исто така може да произлезе од грешка во комуникацијата, пишувањето или вклучувањето во банкарскиот систем.
11. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
11.1 Двете страни можат за времетраењето на овој Договор меѓусебно да споделуваат лични податоци (податоци за идентификувани лица или лица што може да се идентификуваат). Секоја обработка на личните податоци ќе биде извршена во согласност со Општите услови на овој Договор и важечките закони за заштита на личните податоци (важечките закони за заштита на поединците, обработка на таквите информации, и безбедносните мерки за таквите информации и нивниот слободен проток). Двете страни се согласни и потврдуваат дека ќе делуваат независно како контролори на податоци за личните податоци што ги обработува секоја од страните. Овој договор не се смета за основ за заедничко вршење на контрола на релевантните лични податоци.
11.2 Шел ќе ги обработува личните податоци дадени од страна на Деловниот партнер, поврзаните лица и корисници во согласност со политиката за приватност на Шел достапна на https://www.shell.si/pravilnik-o-zasebnosti/b2b- notice.htmlhttps://www.shell.si/pravilnik-o-zasebnosti/b2b-notice.html, која претставува надополнување на Глобалното известување за приватност – комерцијални корисници, доставувачи и деловни партнери, и http://www.shell.com/privacyдостапна е на www.shell.com/privacy (во зависност од локацијата). За да се избегне сомнеж, ниту една од Страните не може да ги обработува, продава, задржува, користи или открива Личните податоци за која било друга цел освен за конкретната цел наведена во Договорот и како што е објаснето во релевантните известувања за приватност или како што се бара или е дозволено со важечките закони за заштита на податоците.
11.3 Онаму каде што Деловниот партнер им доставил на Шел лични податоци на овластените иматели на картички (вклучувајќи постојани или привремени вработени, изведувачи, приправници или други членови на персоналот), Деловниот партнер ќе им ги достави на овластените иматели на картички информациите содржани во Изјавата за приватност на Шел, како што е наведено во претходниот став 11.2. и во прилог на овие Општи услови како Додаток 2.
11.4 При обработката на какви било лични податоци доставени од страна на Деловниот партнер, Шел:
а) ќе спроведе технички мерки за заштита на личните податоци кои ќе бидат во согласност со природата на податоците кои се обработуваат, и ќе ја земе предвид штетата што може да се нанесе на субјектот на податоците во случај да дојде до какво било неовластено губење, објава или уништување на податоците;
б) ќе ги примени соодветните организациони мерки за заштита на личните податоци;
в) нема да ги обработува личните податоци на Деловниот партнер, поврзаните лица и/или овластените сопственици на картички, освен до онаа мера која е неопходна за конкретните цели опишани во овој договор и на начин што е објаснет во релевантните известувања за приватност или што е во согласност со законите за заштита на податоците;
г) ќе спроведе мерки наменети за да се осигури дека личните податоци нема да се пренесат надвор од ЕЕА без соодветна договорна или еквивалентна заштита за таквите лични податоци, и ќе обезбеди тие мерки да се одржуваат за времетраењето на овој договор. Шел ги има прифатено обврзувачки корпоративни правила кои му дозволуваат на Шел да пренесува лични податоци помеѓу претпријатијата од групата Шел, дури и ако тие компании се основани надвор од ЕЕА.
12. ИЗГУБЕНИ ИЛИ УКРАДЕНИ КАРТИЧКИ, ОБВРСКИ
12.1 Картичката не смее да се остави без надзор. Ако картичката е украдена или изгубена, злоупотребена или ја поседува лице кое не е корисник на картичката, Деловниот партнер мора за тоа веднаш да го извести Шел. Деловниот партнер го известува Шел на следниов начин:
а) во текот на работното време од 8 до 16:30 часот на телефонскиот број:
+386 (0)1 514 05 00;
б) надвор од работното време, на телефонскиот број +386 (0)1 514 05 00 (повикот ќе биде пренасочен на Сервис 24).
Деловниот партнер мора исто така да го извести Шел колку што е можно побрзо и во писмена форма по пат на допис испратен по пошта или по електронска пошта на euroShell-Slovenia@Shell.com . За време на прием ќе се смета времето на прием на известувањето по телефон, пошта или е-пошта на адресата: euroShell- Slovenia@Shell.com.
Деловниот партнер може сам да ја блокира картичката во ХАБ (HUB). Во тој случај не е потребно да испрати писмено известување до Шел.
Ако Деловниот партнер не го извести Шел да ја блокира Картичката, намерно или поради свесна небрежност, Шел нема да одговара за каква било штета што ја претрпел Деловниот партнер пред да пријави дека Картичката е изгубена или украдена.
12.2 Шел ќе се погрижи да ги блокира кај сите трети лица сите картички за кои има добиено известување.
12.3 Деловниот партнер му ги доставува на Шел сите податоци што ги има на располагање во врска со околностите на губење или злоупотреба и ги презема сите соодветни активности за да му помогне на Шел при барање на изгубените или злоупотребените картички.
12.4 Деловниот партнер е должен да го пријави губењето или злоупотребата во локалната полициска станица во државата на Деловниот партнер или во државата каде се случило губењето или злоупотребата на картичката и да го извести Шел и да достави копија од полицискиот записник. Во случај на губење, кражба или злоупотреба на картичката, Деловниот партнер на Шел ќе му ги даде сите соодветни информации за околностите на губењето, кражбата или злоупотребата и ќе ги спроведе сите соодветни мерки за да му помогне на Шел за да си ја поврати картичката. Ако картичката остане во владение на неовластениот држател на картичката, Деловниот партнер мора да се осигура дека се уништени сите поништени картички, а за уништување се смета сечење на магнетната лента или чипот на картичката (тоа важи и за сите картички кои биле
пријавени како изгубени или украдени, но потоа биле најдени).
12.5 Шел не презема никаква одговорност доколку трето лице одбие да издаде стоки од кои било причини во врска со Член 12.
12.6 Шел не одговара за штети што би произлегле како резултат на фалсификување картички издадени на име на Деловниот партнер. Со цел спречување или ограничување на можностите за злоупотреба на картичките, на Деловниот партнер експлицитно му се советува редовно да го следи користењето на картичката, односно трансакциите. Сите трансакции извршени со Шел картичките, освен во случаите од член 12, паѓаат на товар на носителот на картичката.
12.7 Деловниот партнер е во целост одговорен за евентуалните штети што самиот би ги претрпел поради механичко оштетување на картичката, на пример, поради несоодветно чување или прекумерно абење на картичката.
12.8 Шел на Деловниот партнер му дава можност за независно блокирање на картичката преку Shell Fleet HUB, за што информациите се достапни на: https://fleetsolutions.force.com/fleethub/s/ или на Shell Fleet HUB во делот „Помош“ (Help). Во тој случај, Деловниот партнер обезбедува, преку Shell Fleet HUB, самиот да ја блокира картичката, или тоа да го направат лица кои се овластени од страна на Деловниот партнер, со што презема целосна одговорност за секаква штета што може да произлезе од неправилно блокирање на картичката.
12.9 Според одредбите што се однесуваат на одговорност за штети настанати како резултат на злоупотреба на картичката, Шел презема одговорност за трансакциите направени по откажувањето на картичката преку порталот HUB или преку Центарот за грижа за корисници на Шел, или преку писмено барање испратено по пошта или е- пошта за да се откаже картичката. По поднесувањето на таквото барање, Деловниот партнер повеќе не одговара за трансакциите направени со блокираната Картичка. По блокирањето, Шел не одговара за трансакциите ако картичката се користи за плаќање патарини додека важат условите за работа на патарините, што значи дека Деловниот партнер сноси одговорност за трансакциите настанати во периодот до 48 часа.
Шел може во секое време и без известување да побара враќање на сите или на која било картичка или привремено да ги стопира (блокира) сите или која било картичка на Деловниот партнер кому му се издадени картичките, или да одбие повторно издавање, замена или обновување на која било картичка во кој било период, во случај ако:
а) постои сомневање за измама, незаконско или противправно користење на која било картичка;
б) Шел добие бонитетни податоци за Деловниот партнер, за кого разумно смета дека се незадоволителни;
в) кој било Сопственик на картичка го прекрши овој Договор.
Во случаите кога Шел без известување блокира или привремено блокира поединечна картичка или картички на Деловниот партнер, Шел ќе го извести за тоа Деловниот партнер што е можно побрзо. Во случаите кога Шел, од која било причина привремено блокира која било картичка или целосно ја блокира странката, сите парични износи што Деловниот партнер му ги должи на Шел веднаш доспеваат за плаќање и Шел може да побара од Деловниот партнер да ги подмири тие износи пред странката да биде повторно активирана во системот.
12.10 Сите барања за враќање или блокада или привремена блокада на одредена картичка Шел ги извршува без да влијае на обврските на Деловниот партнер во однос на користењето на која било картичка.
13. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
13.1 Поради одложеното плаќање, Деловниот партнер, во согласност со барањето на Шел, му предлага на Шел еден од следниве видови обезбедувања на побарувањата: а) Банкарска гаранција, издадена од банка и претходно одобрена од страна
на Шел на износ наведен во Договорот.
б) Гарантно писмо што го издава осигурителна компанија и кое е претходно одобрено од страна на Шел на износ наведен во Договорот.
в) депозит во висина што е наведена во Договорот, која Деловниот партнер ја дава како осигурување на побарувањата на Шел. Износот на депозитот се уплаќа на тековната сметка на Шел. Депозитот му се враќа на Деловниот партнер во рок од 30 дена по датумот на раскинување на Договорот, доколку не постојат ненамирени обврски кон Шел. За депозитот не важат камати.
г) Бланко меница издадена од Деловниот партнер со полномошно овластување за нејзино активирање;
д) Бланко и авалирана меница издадена од Авалист - гарант, претходно одобрена од Шел, за гарантирање на обврските на Деловниот партнер кои произлегуваат од Договорот, со полномошно овластување за активирање;
е) Друга соодветна форма на обезбедување на побарувањата доделена од Шел.
13.2 Деловниот партнер при потпишување на Договорот му доставува на Шел една од гаранциите од член 13.1. Картичките не му се издаваат на Деловниот партнер сѐ додека не го предаде обезбедувањето на побарувањата.
13.3 Шел може со писмено известување до Деловниот партнер (по електронска пошта) да побара од Деловниот партнер зголемување на износот на обезбедувањето на побарувањата и/или замена на видот на обезбедување на побарувањата, во согласност со Член 13.1. Деловниот партнер мора да ја замени гаранцијата или да го зголеми износот на гаранцијата во рок од најмногу 30 (триесет) дена од датумот на издавање на известувањето. Во спротивно, Шел има право да ги стопира картичките.
13.4 Во случај на доцнење на исплата од страна на Деловниот партнер, Шел може да го искористи обезбедувањето на побарувањата, делумно или во целост, за намирување на достасаните побарувања кон Деловниот партнер, вклучувајќи и евентуална камата за задоцнето плаќање во согласност со овие Општи услови.
13.5 Шел го известува Деловниот партнер за какво било продолжување на обезбедувањето на побарувањата. Деловниот партнер е должен, најдоцна 10 дена пред истекување на обезбедувањето, да достави продолжено обезбедување на побарувањата. Во спротивно, Шел има право да ги стопира картичките.
13.6 Доколку обезбедувањето не е дадено во согласност со барањето или доколку истече или престане да важи од која било причина, Шел може без оглед на состојбата на уште недоспеаните обврски на Деловниот партнер, веднаш да го прекине овој
Договор или да ги блокира сите картички, за што го известува Деловниот партнер.
14. ТРАЕЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ
14.1 Важноста на картичката е наведена на картичката. Картичката важи до последниот ден во месецот и годината што се наведени на картичката. Деловниот партнер мора редовно да го контролира рокот на важност на картичката преку порталот Shell Fleet HUB. Во случај ако деловниот партнер не ја употреби картичката 90 дена пред почетокот на периодот за обнова на картичката, картичката нема автоматски да биде обновена. Системот ги проверува пресметаните и непресметаните трансакции за да определи дали е користена картичката во периодот на мирување, односно последните 90 дена, по што започнува постапката за обновување. Доколку системот евидентира трансакција во тој период (во последните 90 дена), тогаш картичката нема да се смета дека е во мирување и системот автоматски дозволува повторно да биде издадена. Доколку системот не евидентира трансакција во последните 90 дена, картичката ќе се смета дека е во мирување и системот нема да дозволи нејзино повторно издавање. Деловниот партнер може, кога ќе почне процесот на обновување, да го промени статусот на картичката рачно, преку порталот Shell Fleet HUB.
14.2 Овој Договор може да се раскине поради една од следниве причини: а) Со писмена спогодба меѓу договорните страни;
б) Секоја од договорните страни може да го раскине Договорот со отказен рок од 30 дена, со писмено известување до другата договорна страна;
в) Шел може веднаш да го раскине овој Договор и веднаш писмено да го извести Деловниот партнер во следниве случаи, кога:
- Деловниот партнер не извршил плаќање во рокот одреден во Член
10;;
- Деловниот партнер не ги исполнил своите обврски во согласност со Член 6;
- Деловниот партнер не ги исполнил своите обврски во согласност со Член 13;
- Деловниот партнер го прекршил Договорот на друг начин и не ги отстранил причините за прекршување во рок од 15 дена од приемот на Барањето од Шел да го направи тоа;
- Против Деловниот партнер е отворена постапка за ликвидација, стечај или присилна наплата;
- Правниот субјект самостојно решава да изврши ликвидација без правен наследник или преструктурирање, освен ако не го извести Шел во рок од 10 работни денови и Шел изречно се согласи со преструктурирањето, во писмена форма;
- Ако Шел добие податоци за бонитет за кои Шел разумно смета дека
- не се задоволителни;
- Ако се утврди дека Деловниот партнер и/или кое било поврзано лице е под контрола на држава од забрането подрачје
- или е Одбиен или Забранет Клиент; или
- Ако Шел, Деловниот партнер или било кое поврзано лице подлежи на промена на контролата. Промена на контролата настапува кога:
o Одредено лице стекнува контрола над дадената страна која претходно не подлежела на контрола од страна на ниедно лице; или
o Крајното матично друштво на дадената страна престане да врши контрола над оваа страна; или
o ако одредено лице преземе контрола над крајното матично друштво на дадената страна; или
o ако лицето кое не е под контрола на крајното матично друштво на дадената страна стекне контрола над таа страна.
14.3 Шел може да ја блокира странката, а со тоа и картичките што се издадени на тој број на странката, без да го извести Деловниот партнер, во случај кога ниту една картичка на Деловниот партнер не се користи тринаесет (13) месеци или подолго. Исто така, Шел може, во истиот случај наведен во претходниот став, да го прекине договорот, без да го извести Деловниот партнер.
14.4 При раскинување на Договорот, Деловниот партнер:
а) Му ги враќа на издавачот сите картички и апарати за патарина со препорачана пошта, во рок од 14 дена од раскинувањето, во спротивно Деловниот партнер мора да ги плати сите придружни затезни казни што им следуваат на претпријатијата за одржување на патишта (патарина);
б) Веднаш ги плаќа сите достасани износи во согласност со овој Договор или овие Општи услови (вклучувајќи и плаќање сметки издадени по датумот на раскинување на овој Договор или казни во согласност со член 9.6);
в) Деловниот партнер во целост останува одговорен, без ограничувања, за какво било користење и/или злоупотреба на картичката во согласност со одредбите на овој Договор сè додека издавачот не ги прими сите картички и електронски апарати за патарина.
г) Деловниот партнер ги поништува сите картички, што значи сечење на магнетната лента и чипот на картичките, а по барање на Шел (само доколку договорот го раскинал Деловниот партнер), Деловниот партнер мора да приложи потврда за уништувањето, која ги содржи сите броеви на картичката како и имињата на сопствениците на овие картички и потврда дека се уништени сите картички што му биле издадени на Деловниот партнер. Деловниот партнер останува целосно одговорен, без ограничувања, за сите случаи на користење и/или злоупотреба на картичките во периодот пред нивното уништување.
15. ПРЕНОС НА ПРАВА И ОБВРСКИ
15.1 Деловниот партнер нема право да пренесе на трета страна ниеден дел од Договорот без претходна писмена согласност од Шел во која Шел нема неразумно да одбие.
15.2 Шел може во секој момент, без согласност од Деловниот партнер, да го пренесе целиот Договор или да пренесе дел од Договорот на придружно претпријатие или на Трета страна.
16. СОЛИДАРНА ОДГОВОРНОСТ
16.1 Ако сопственоста на Деловниот партнер ја чинат две или повеќе лица, обврските на носителот на картичката се солидарни, било стварно или правно.
17. ИЗВЕСТУВАЊА
17.1 Сите известувања меѓу договорните страни стапуваат на сила ако се испратени во писмена форма на словенечки и/или на англиски јазик, (вклучително и по
електронска пошта), при што употребата на англискиот јазик се смета за редовна практика меѓу страните (вклучително и по е-пошта), а испраќањето се врши на вообичаената адреса на примачот наведена во Договорот или во друг формален документ, која повремено се ажурира. Дозволена е употребата на е-пошта, но ако известувањето се однесува на кршење на Договорот, мора да се испрати и писмено известување по курир доколку примачот не одговори во рок од 2 работни дена од денот на испраќање на известувањето по е-пошта.
17.2 Доколку некоја страна ги промени своите податоци за контакт, мора за тоа да ја извести другата страна во писмена форма веднаш, но најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од настанувањето на промената. Доколку една од договорните страни не ја извести навремено другата страна за промена на адресата или електронската пошта, сите известувања и документи се сметаат за примени ако се испратени на адресата или електронската пошта наведена во овој Договор.
17.3 Сите известувања испратени врз основа на овој Договор и овие Општи услови на работење:
а) стапуваат на сила при фактичкиот прием на соодветната адреса;
б) за оние што се доставени после работното време се смета дека се доставени на соодветната локација следниот работен ден;
в) не може да се повлечат или откажат, освен во случај на известување што се испраќа согласно овој член.
17.4 Сите нестандардни адреси за испраќање мора да бидат писмено испратени од страна на Деловниот партнер или да бидат внесени на порталот Shell Fleet HUB од страна на Деловниот партнер или на Овластениот корисник.
17.5 Доколку во иднина се извршат измени на системот на Шел, Шел може да побара да се направат измени на Договорот. Доколку договорните страни не успеат да се договорат во врска со предложените измени во разумен рок, Шел може веднаш да го раскине овој Договор.
17.6 Ако измените на системот Шел поврзани со техниката ги засегаат сите Шел картички и сите Деловни партнери, Шел може еднострано да го измени Договорот.
18. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
18.1 Сите измени и дополнувања на Договорот се важечки само ако се во писмена форма и потпишани од Страните.
18.2 Без оглед на горенаведеното, по истекот на 15-дневниот рок за известување, Шел може да измени кои било од правилата и условите наведени во Договорот и овие Општи услови (вклучувајќи ги, без ограничување, условите содржани во писмената кореспонденција) или да примени дополнителни правила и услови, за што ќе му испрати известување на Деловниот партнер (преку онлајн услугите или на друг начин). Деловниот партнер мора да се произнесе во рок од 15 дена по приемот на известувањето од Шел дали е согласен со промените или не. Во случај ако Деловниот партнер писмено, преку препорачана пошта, ги одбие предложените промени, но притоа не го раскине Договорот, ќе се смета дека Шел го раскинал договорот со 15- дневен отказен рок кој почнува да тече од денот на испраќање на известувањето за промената.
18.3 Ако Деловниот партнер продолжи да користи некоја од услугите на Шел наведени во Договорот и овие Општи услови по известувањето за промена на условите од Договорот (или внесувањето на нови правила и услови), ќе се смета дека Деловниот партнер ги прифаќа новите и изменети услови.
19. ВИША СИЛА
19.1 Ниту една страна (ниту кој било член на групата Шел) не сноси одговорност за какво било доцнење или неизвршување на обврските кога тоа се должи на причини што се разумно вон нивна контрола или вон контролата на нејзините агенти/изведувачи, освен за обврската за плаќање или економска беда („Виша сила“).
19.2 Примерите за виша сила може да вклучуваат, меѓу другото, пожари, урагани, поплави, природни катастрофи, штрајкови на работниците, блокади, усогласеност со новите закони или прописи, уредби, или со каква било наредба, налог или барање на кој било меѓународен, национален, локален или друг орган или агенција, секое ограничување или карантин за време на епидемија или какво било непланирано исклучување, исклучување во очекување на дефект, или дефект што влијае на изворот на снабдување со услуги/решенија.
19.3 Ако Шел е предмет на виша сила, Шел може да ги намали, суспендира или откаже сите, или дел од услугите што Шел треба да му ги испорача на Деловниот партнер без никаква обврска да ги обезбеди сите, или дел од услугите, од друг извор. Ако Шел сепак ги обезбеди сите, или дел од услугите од друг извор, тогаш Шел не е обврзан да му го обезбеди ова на Деловниот партнер.
19.4 Ако вишата сила трае 30 дена или подолго, секоја од Страните може веднаш да го раскине Договорот со писмено известување до другата Страна. Ниту една од Страните нема да биде одговорна за какви било штети, загуби, побарувања или трошоци претрпени поради таквото раскинување.
20. НАЧЕЛА И ПОЛИТИКИ НА ШЕЛ
20.1 Во своето постапување, Договорните страни ќе се придржуваат до Општите Деловни начела на Шел („SGBP“) што се прикажани на веб-страницата на Шел www.shell.com/sgbp (видете „Нашите обврски и стандарди“) и Кодексот на однесување на Шел („Кодекс на однесување“) што е прикажан на http://www.shell.com/codeofconduct . Деловниот партнер се согласува да ги вложи сите напори за да се осигура дека извршувањето на Договорот нема да предизвика кршење на Деловните принципи на Шел или Кодексот на однесување на Шел од страна на Шел или неговите придружни претпријатија.
20.2 Односот што произлегува од Договорот треба да се заснова на заемно почитување, чесност и интегритет.
21. НАПЛАТА
21.1 Сите плаќања кои ги врши Деловниот партнер, или кои било книжења или надоместоци долгувани на Деловниот партнер најпрво се користат за подмирување на кои било доспеани камати, а потоа Шел според своја проценка ги користи за намалување на било кој доспеан износ по која било сметка.
22. НАДОМЕСТ И ОДГОВОРНОСТ
22.1 Секоја Страна ќе ѝ надомести на другата Страна за какви било побарувања, загуби, штети, трошоци и/или други судски трошоци поради каква било повреда, болест
или смрт на лица (вклучувајќи и вработени на Компензаторната страна) или измама или оштетување на имотот (вклучувајќи го и имотот на Компензаторната страна) или животната средина, кои произлегуваат од или се во врска со Договорот, предизвикани од несовесно постапување или непостапување на Компензаторната страна, или непочитување на која било од нејзините обврски.
22.2 Освен ако таквата одговорност не може со закон да се ограничи или исклучи, ниту една од Страните не е одговорна кон другата Страна за каква било непосредна, посебна или последична загуба (вклучително, но не и само губење на правото на користење, губење на очекуваната добивка, губење на производството и прекинот на работењето) што му е нанесена на кој било Корисник на услугите на Шел или која било трета страна во врска со користењето на какви било услуги на Шел или какви било производи и/или услуги добиени со користење на услуга на Шел, дури и кога тие се разумно предвидливи.
22.3 До степен дозволен со закон, Шел не одговара на ниеден корисник на услугите на Шел или трета страна во врска со измами, небрежност, постапување, непостапување, пропуст или намерно противправно однесување на:
а) независни изведувачи ангажирани од Шел, или нивните вработени, изведувачи или агенти;
б) кој било учесник во системот на Шел картички или неговите вработени, изведувачи или застапници/агенти (вклучително и какво било одбивање да се дозволи користењето на Шел услуга).
22.4 Без оглед на која било друга одредба во Договорот, и до максималниот степен дозволен со важечкиот закон, вкупната одговорност на Шел и неговите придружни претпријатија што произлегува од или е во врска со обезбедувањето на одредена услуга во кој било 12-месечен период (пресметано од датумот на примена), независно дали се однесува на кршење на договорот, кршење на гаранцијата, кршење на законската обврска, небрежност или друг прекршок или неисполнување, по основ на изречна одговорност или на друг начин, нема да го надмине збирот на износите што вие нам сте ни ги платиле во врска со предметната услуга во таков 12-месечен период.
23. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
23.1 Интелектуална сопственост:
23.1.1 Сите права на интелектуална сопственост во врска со Договорот се, и ќе останат сопственост на Шел и/или на Придружните претпријатија на Шел, и/или давателите на лиценци на Шел или на Придружните претпријатија на Шел, вклучувајќи, но не и само, каков било софтвер или база на податоци што ги користиме за целите на Договорот (вклучувајќи ја и онлајн платформата, аналитичките податоци и софтверот за анализа на податоци) заедно со каква било поврзана документација, прирачници и ажурирања, и сите права на интелектуална сопственост што произлегуваат од, или се во врска со сите овие случаи.
23.1.2 Сите права на интелектуална сопственост во врска со Договорот (вклучувајќи ги и сите негови измени или подобрувања) создадени или откриени при обезбедувањето на услугите на Шел, веднаш по создавањето стануваат исклучиво сопственост на Шел или на некое од нашите Придружни претпријатија. Деловниот партнер ќе ги преземе сите неопходни чекори за да му ги додели (и ќе се погрижи и Корисниците да ги доделат) таквите права на интелектуална сопственост на Шел или на кое било Придружно претпријатие на Шел. Понатаму, без да се наруши општоста на горенаведеното, Деловниот партнер се согласува дека Шел и нашите Придружни претпријатија ќе имаат лиценца што не подлежи на авторски надомест, која е целосно исплатена, глобална, пренослива, која може да се сублиценцира и е неотповиклива и постојана, која служи за спроведување, користење, модифицирање и комерцијално искористување на какви било предлози, барања за подобрување, препораки или други повратни информации добиени од Деловниот партнер во врска со услугите на Шел.
23.1.3 За ниеден дел од Договорот нема да се смета дека му дава на кое било лице какви било права од нашите Права на интелектуална сопственост, освен за лиценцата за ограничена употреба што се доделува во согласност со овие Општи услови.
23.1.4 Шел со ова му доделува на Деловниот партнер непренослива, не-ексклузивна светска лиценца за пристап до услугите на Шел само за Дозволена употреба и на начинот наведен во Договорот, сè додека му ја обезбедуваме Шел услугата на Деловниот партнер во согласност со Договорот.
23.1.5 Деловниот партнер не смее да копира, модифицира, пренесува, дешифрира, разделува, расклопува, да врши обратен инженеринг, да создава дериватни дела или да сведува на форма читлива за луѓето ниедна содржина што подлежи на правата на интелектуална сопственост на Шел, ниту пак ќе дозволи некој друг да го стори тоа, освен ако не сме ви дале изречна претходна дозвола во писмена форма.
23.1.6 Деловниот партнер нема да користи ниту едно од правата на интелектуална сопственост на Шел (вклучувајќи ги и трговските марки на Шел), без разлика дали е во врска со Договорот или со нешто друго, освен со изречна претходна дозвола на Шел во писмена форма.
23.1.7 Деловниот партнер потврдува дека нема да направи ништо што може да наштети на угледот, производите или брендовите на Шел. Деловниот партнер веднаш ќе му испрати писмено известување на Шел ако дознае за какво било реално прекршување или за постоење на закана или сомневање за прекршување на Правата на интелектуална сопственост на Шел што се користат во врска со Договорот. Ако Шел одлучи да преземе какво било дејство против таквото прекршување, Деловниот партнер веднаш ќе ја обезбеди потребната помош што разумно може да се побара во врска со тоа дејство.
23.2 Технички податоци
23.2.1 Обезбедувањето на Шел услуги може да подразбира собирање или генерирање на влезни податоци и/или обезбедување на излезни податоци (така како што се дефинирани обата поими). Техничките податоци се однесуваат на влезни податоци и/или излезни податоци. Сите права на интелектуална сопственост за кои било технички податоци остануваат во сопственост на нивниот првобитен сопственик и подлежат на правата на користење и други права дадени во овој член.
23.2.2 Шел применува административни, физички и технички заштитни мерки за заштита на безбедноста, доверливоста и интегритетот на Техничките податоци на Деловниот партнер во согласност со важечкиот закон и со други услови од овој член.
23.2.3 Деловниот партнер им дава на Шел и на неговите Придружни претпријатија постојана, не-ексклузивна, светска лиценца која не подлежи на авторски надомест и не може да се пренесува, за користење, обработка, чување и пренос на технички податоци:
а) на неанонимизирана основа:
б) во рамки на групата Шел и со трети лица надвор од групата Шел, за сите намени во врска со одредбите од Договорот (вклучувајќи и подобрувања на Шел услугите, решавање технички прашања, обезбедување техничка поддршка или друго); и
в) во рамки на групата Шел, за развивање дополнителни производи и услуги за доброто на нашите клиенти, како дел од нашите програми за истражување и развој, за анализирање на пазарните статистики и трендови и за други внатрешни деловни цели; и
г) на анонимизирана основа, за какви било други цели.
23.3 Трговски марки
23.3.1 Деловниот партнер се согласува да ги користи трговските марки на Шел исклучиво како што е дозволено од Шел. Деловниот партнер се согласува во секое време да ги почитува упатствата, правилата, политиките и стандардите на Шел (заедно познати како „Бренд Стандарди“) при користењето на трговските марки на Шел. Деловниот партнер нема никаков сопственички интерес, право на сопственост, побарување, надомест за добар глас или право на/во трговските марки на Шел, вклучувајќи и какво било право да поднесе барање за трговски марки на Шел за кој било Производ или да користи трговски марки на Шел во врска со Производот.
23.3.2 Деловниот партнер веднаш ќе ја прекине секоја употреба на трговските марки на Шел по истекот или раскинувањето на Договорот.
23.3.3 Деловниот партнер веднаш ќе го извести Шел ако дознае за постоење на какво било сомневање или закана за прекршување, или очигледно или вистинско прекршување, или за какви било дејства, побарувања или барања, или постапки во врска со кои било трговски марки на Шел и ќе му ја даде на Шел целата помош што Шел ќе ја побара, вклучувајќи и прогон (на наш трошок) за какво било дејство за кое Шел смета дека е неопходно да се преземе за да се заштитат или одбранат нашите права.
24. НАСЛОВИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
24.1 Насловите на членовите во овој договор се наведени поради практичност и не влијаат врз толкувањето на договорот.
25. Одрекување
25.1 Неизвршувањето на која било одредба од овие Општи услови или овој Договор во кое било време од страна на Шел или која било членка на групата Шел не се смета за одрекување од таквата одредба, освен ако Шел го потврди тоа писмено.
25.2 Ниту едно одрекување на ниту едно кршење на овие Општи услови или овој Договор не се смета за одрекување на кое било друго кршење или постојано одрекување (толеранција) на кое било идно кршење на овие Општи услови или овој Договор.
26. ДОВЕРЛИВОСТ
26.1 Доверлива информација е секоја формулација, сопственичка и техничка информација поврзана со Производот, вклучително и секоја информација добиена со набљудување. Покрај тоа, секоја Страна ќе ги третира сите информации поврзани со другата Страна и/или Договорот што ги добива врз основа на Договорот како доверливи информации и ќе осигура дека секое лице што добива какви било Доверливи информации ги почитува истите обврски како што е наведено подолу.
26.2 Ниту една од Страните нема да ги користи Доверливите информации за која било друга намена што не е поврзана со Договорот, ниту пак ќе открива какви било Доверливи информации на кое било лице, со исклучок на своите директори или вработени кои треба да ги знаат овие информации за да можат да ги вршат своите должности што произлегуваат од Договорот.
26.3 Секоја од страните може да открие какви било доверливи информации:
26.3.1 до степен до кој се бара да се изврши откривање со закон, или во врска со судски предмет;
26.3.2 на своите придружни претпријатија, професионални советници, ревизори и банкари;
26.3.3 ако информацијата е обзнанета во јавноста без вина на таа Страна; или
26.3.4 ако другата Страна дала претходна писмена согласност за откривањето.
Страната што открива информации во согласност со делот 26.3.1, може да го стори тоа само ако може да докаже дека при откривањето ги исполнува востановените критериуми.
26.4 Страната што ги открива информациите може да побара од страната што ги прима информациите да ги врати или да ги уништи сите материјални записи што содржат доверливи информации.
26.5 Горенаведените одредби за доверливост ќе продолжат да важат 3 години по раскинувањето или истекот на Договорот.
27. ПРАВА НА ТРЕТИ ЛИЦА
27.1 Ниту една одредба од Договорот нема да биде важечка за кое било лице што не е Страна на Договорот, но обврските и должностите на Деловниот партнер според Договорот ги презема Шел во наша корист и во корист на Групата Шел и се важечки за таквите страни.
27.2 За ниту една измена или раскинување на Договорот не е потребна согласност од трета страна, вклучително ни од нашите Придружни претпријатија.
28. ПУБЛИЦИТЕТ
28.1 Деловниот партнер ќе обезбеди писмено одобрение од Шел пред да се остварат какви било надворешни комуникации во врска со Изведувачот пред да ги користи
нашите трговски марки на Шел на кој било начин што не е наведен или предвиден со Договорот.
29. НЕВАЖНОСТ
29.1 Ако некоја одредба или дел од одредба од Договорот е неважечка, незаконска или не може да се спроведе во согласност со важечкиот закон, Страните ќе се обидат да се согласат да ја изменат одредбата. Останатите одредби ќе останат исти.
30. НОВИ И ИЗМЕНЕТИ ПРОПИСИ
30.1 Секоја Страна разбира дека го склучува Договорот врз основа на законите, правилниците, регулативите, уредбите, договорите, концесиите и спогодбите („Прописи“) кои се на сила во сите влади, владини инструменти или јавни органи кои влијаат на услугите што се продаваат или купуваат, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на производството, стекнувањето, собирањето, преработката, превозот, складирањето, тргувањето или испораката, доколку таквите прописи влијаат на Страните.
30.2 Доколку се променат Прописите или стапат на сила нови Прописи, а нивниот материјален ефект (а) не е покриен со која било друга одредба од Договорот, или (б) има неповолен материјален економски ефект врз која било Страна, тогаш засегнатата Страна може да побара повторно преговарање за цените или за релевантните услови од Договорот.
30.3 Во согласност со дел 30.2, Страната што сака повторно да преговара за цените или за условите на Договорот (Страна барател) ќе ѝ достави на другата Страна писмено известување и ревидирани цени или услови.
30.4 Доколку Страните не договорат нови цени или услови во рок од 30 дена од датумот на приемот на известувањето во согласност со дел 30.3, Страната барател може да го раскине Договорот по истекот на 30-дневниот рок.
31. КОНТРОЛА НА ТРГОВИЈАТА, КОНТРОЛА НА ИЗВОЗОТ И НЕПРЕНАСОЧУВАЊЕ
31.1 Деловниот партнер потврдува дека е запознаен со сите важечки закони за контрола на трговијата кои се применуваат при извршување на Договорот, вклучувајќи ги и списоците на Ограничени страни. Деловниот партнер ќе ги почитува сите важечки Закони за контрола на трговијата кои се применуваат при извршување на Договорот, и посебно, Деловниот партнер се обврзува дека нема да прави, и гарантира дека неговите Поврзани лица нема да прават, ништо во врска со извршувањето на овој Договор, што би предизвикало Шел да: (a) биде изложен на ризик да биде додаден на било кој список на Ограничени страни или на друг начин да стане цел на било кои национални, регионални или мултилатерални трговски или економски санкции согласно Законите за контрола на трговијата; или (б) прекрши било кој закон за контрола на трговијата.
31.2 Деловниот партнер не смее директно или индиректно да извезува, ре- извезува, префрла, тргува, испраќа, внесува, транспортира, пре-транспортира, складира, продава, доставува или повторно доставува било кои Производи набавени од Шел кон, преку или за употреба во Ограничена јурисдикција или за употреба од страна на Ограничена страна, освен ако не е посебно одобрено во писмена форма од страна на Шел.
31.3 Деловниот партнер потврдува дека ќе се придржува и дека ќе бара придржување кон условите утврдени со оваа одредба, за било која директна или индиректна пре-продажба на предметите/информациите/технологијата или услугите обезбедени од Шел за клиентите на Деловниот партнер.
31.4 Независно од се што е наведено, ништо во Договорот не е наменето, и ништо наведено во Договорот не треба да се толкува или да се конструира, за да го наведе Шел да дејствува или да се воздржи од дејствување (или да се согласи да дејствува или да се согласи да се воздржи од дејствување) на било кој начин кој не е во согласност со Законите за контрола на трговијата, или е казнив или е забранет со Законите за контрола на трговијата или кој би го изложил Шел на ризик да биде додаден на било кој список на Ограничени страни или да стане цел на било кои национални, регионални или мултилатерални трговски или економски санкции согласно Законите за контрола на трговијата.
31.5 Шел не е должен да изврши било која обврска според Договорот, не е одговорен за штети или трошоци од било кој вид (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, казни) за било какво задоцнување или неизвршување, и има право да го раскине Договорот веднаш или за одреден разумен временски период, ако тоа е дозволено согласно Законите за контрола на трговијата, ако Шел утврди дека:
а) таквото извршување би го изложило Шел на ризик да биде додаден на било кој список на Ограничени страни, или на друг начин да стане цел на било кои национални, регионални или мултилатерални трговски или економски санкции согласно Законите за контрола на трговијата и/или да дојде во ризик за прекршување на било кои Закони за контрола на трговијата;
б) Деловниот партнер не ги исполнува барањата на оваа одредба; или в) Деловниот партнер стане Ограничена страна.
Во случај ако Шел ги прекине испораките/доставите или ако го раскине Договорот согласно оваа одредба, Шел не е одговорен за штетите или загубите на другата Страна причинети поради било какво доцнење или неизвршување, освен да го врати било кој износ платен од другата Страна за производите/стоките или услугите кои не биле доставени/извршени во вредноста на тој износ, освен ако таквото враќање не е е во спротивност со Законите за контрола на трговијата, а доколку конкретната обврска се однесува на: [а] плаќање за стоки кои веќе биле доставени, обврската за плаќање се запира (без да се нанесе штета по основ на било какви камати за неисплатениот износ) се додека се овозможи плаќањето да биде законски извршено.
31.6 Деловниот партнер ќе го обесштети Шел за сите загуби, обврски (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, глоби и казни), штети, трошоци настанати поради, или во врска со, непочитувањето на оваа одредба од страна на Деловниот партнер или од страна на неговите Поврзани лица.
31.7 Деловниот партнер ќе му ја обезбеди на Шел потребната документација која Шел може да ја побара од Деловниот партнер одвреме-навреме, за да се утврди или докаже дека Деловниот партнер се придржува кон оваа одредба и дека Деловниот партнер врши контрола за активно придржување кон оваа одредба.
31.8 Освен доколку не е поинаку договорено, ваша одговорност е да ги обезбедите сите потребни лиценци за овластување, увоз, извоз или трансфер, или кои било други наменски лиценци што произлегуваат од важечките Закони за контрола на трговијата. Ќе ви ја обезбедиме целата соодветна извозна класификација за доставените решенија на SHELL FLEET SOLUTIONS.
32. ЈАЗИК
32.1 Секое известување, барање, молба, изјава или друга форма на комуникација според овој Договор или во врска со него ќе биде:
а) на словенечки јазик; или
б) ако не е на словенечки јазик, мора да е проследено со превод на јазикот на Деловниот партнер или на англиски јазик.
33. ВАЖЕЧКИ ЗАКОНИ И СПОРОВИ
33.1 Договорот и овие Општи услови ќе бидат регулирани со законите на Република Словенија и секој спор, контроверзност или побарување што произлегува од или во врска со Договорот ќе биде доставен до не-ексклузивна надлежност на судовите на Република Словенија, освен ако надлежноста на судот и примената на важечкото право не е поинаку уредена со Договорот.
34. ДИГИТАЛЕН ПОТПИС
34.1 На барање на Шел, деловниот партнер ќе ја користи наменската онлајн алатка на Шел за потпишување со дигитален потпис, освен кога тоа е забрането со важечките закони.
34.2 Двете страни се согласуваат да не ја оспоруваат автентичноста на дигиталниот потпис или прифатливоста на Договорот врз основа на отсуство на физички потпис.
35. БЕЗ ЗДРУЖУВАЊЕ
35.1 Ништо во овој договор и ниту едно дејство кое го извршуваат договорните странки по овој договор не претставува правно партнерство, здружување, заедничко претпријатие или друг вид на кооперативен субјект меѓу кои било странки.
36. ДОДАТОЦИ:
36.1 Следниве додатоци претставуваат составен дел на овие Општи услови:
а) Додаток 1 - Список на држави во кои функционира картичната мрежа Шел б) Додаток 2 – Изјава за приватност на Шел.
37. СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
37.1 За целите на овие Општи услови, „Закони за борба против корупцијата“ значи (а) Законот за странски коруптивни практики на САД од 1977 година; (б) Законот за поткуп на Обединетото Кралство од 2010 година; и (в) сите важечки национални, регионални, провинциски, државни, општински или локални закони и прописи кои забрануваат даночно затајување, перење пари или друго остварување на приноси од казниви дела, или поткуп или давање противправни подароци, олеснувања при плаќања или други бенефиции на кој било владин службеник или кое било друго лице.
37.2 Секоја страна изјавува, гарантира и се обврзува дека во врска со овие Општи услови, овој Договор и работата што ќе произлезе од нив:
а) ги познава и ќе ги почитува законите за спречување на корупција;
б) не дала, не понудила, не овластила или не примила, ниту пак ќе даде, понуди, овласти или прими какво било плаќање, подарок, ветување или друга поволност, непосредно или посредно, за добивање, за користење или во полза на кој било државен службеник или кое било лице, со што таквото плаќање, подарок, ветување или друга поволност би претставувало плаќање за олеснување, или на друг начин би го прекршило важечкото законодавство за спречување на корупцијата.
в) има донесено, и ќе продолжи да носи соодветни писмени политики и процедури за усогласување со Законите за борба против корупцијата или, по избор, ги познава и ќе се придржува до Општите деловни принципи на Шел и Кодексот на однесување на Шел (www.shell.com/about-us/our- values);
г) врши, и ќе продолжи да врши соодветни внатрешни контроли и, меѓу другото, ќе вложува разумни напори за да се осигура дека точно се евидентираат и пријавуваат сите трансакции во нејзините сметководствени книги и евиденции, со цел вистинито да се прикажат активностите на кои се однесуваат овие трансакции, како што е целта на секоја трансакција, со кого е склучена, за кого е преземена или што е разменето;
д) таа, колку што ѝ е познато, ќе ги чува таквите книги и евиденции онолку долго колку што е пропишано со важечкиот закон или со сопствените политики за чување, во зависност од тоа кој период е подолг;
е) доколку Страната дознае дека прекршила обврска од овој став, веднаш ќе ја извести другата Страна, под услов да се зачува привилегираниот деловен однос/доверливоста;
ж) вложила, и ќе вложува разумни напори за да побара од кои било подизведувачи, агенти/застапници или други трети страни и тие да ги исполнуваат горенаведените барања во овој став;
з) ќе понуди информации (кои ќе содржат документирани докази, освен ако не се јавно достапни) со кои ќе одговори на тековните барања за процесот што го води другата Страна/ Страната барател, познат како „Запознај го својот клиент“ („Know Your Customer / KYC“), а се однесува на нејзината сопственост, вработените и корпоративната структура (вклучувајќи ги и сите нивни промени); и
и) само едната договорна Страна ќе врши плаќања кон другата Страна (а не нејзините Придружни претпријатија или трета страна), освен со претходна писмена согласност на таа друга Страна.
37.3 Заради зачувување на законската привилегија/доверливоста, за време на важноста на Договорот и седум (7) години потоа, и со разумно известување, секоја Страна има право, на свој трошок, да изврши ревизија на релевантните книги и евиденции на другата Страна во однос на усогласеноста со овој член, а другата Страна ќе преземе разумни чекори за да го овозможи ова право. Доколку едната страна (првата страна), или нејзините подизведувачи, застапници/агенти или други трети страни не го почитуваат овој член, другата страна (втората страна) има право, постапувајќи со добра волја, покрај другите достапни правни лекови, да ја извести првата страна во писмена форма за таквото непочитување и ако писменото известување содржи разумни детали за непочитувањето, тогаш, доколку непочитувањето не може да се поправи или пак може, но првата страна не сака да го поправи во рок од шеесет (60) календарски дена по приемот на писменото известување, втората страна има право да го раскине Договорот со испраќање на
дополнително писмено известување до првата страна. Ниеден дел од овие Општи услови или од Договорот не бара од која било Страна да изврши кој било дел од Договорот или да преземе какви било дејствија ако со таквите дејствија Страната постапува спротивно на Законите за борба против корупцијата. Обврските во овој член траат и по раскинувањето или истекувањето на Договорот.
37.4 Секоја Страна потврдува дека ги познава сите важечки закони, владини правила, прописи и наредби, и ќе се придржува до нив.
38. ДАТУМ НА СТАПУВАЊЕ НА СИЛА
38.1 Најновите Општи услови се објавуваат на веб-страницата на Шел (www.shell.si) и истите стапуваат на сила на датумот на нивото објавување („Датум на стапување на сила“), освен ако Шел поинаку не го извести Деловниот партнер.
38.2 Користењето на кои било услуги на Шел наведени во Договорот или во овие Општи услови по Датумот на стапување на сила значи дека Деловниот партнер ги прифаќа овие Општи услови.
38.3 Датумот на стапување на сила на овие Општи услови е 15.5.2024.
ДОДАТОК 1 - СПИСОК НА ДРЖАВИ ВО КОИ ФУНКЦИОНИРА КАРТИЧНАТА МРЕЖА ШЕЛ
1. На денот на склучување на овие Општи услови на работење, картичната мрежа Шел функционира во следниве држави:
Австрија Белгија Бугарија
Велика Британија Германија
Гибралтар Грција Данска
Естонија Ирска Италија Косово Летонија Литванија Луксембург Норвешка Полска
Северна Македонија Словачка
Словенија Србија
Романија Турција Унгарија Украина Финска Франција Хрватска
Холандија Чешка
Швајцарија Шведска
Шпанија/Андора Шведска
Швајцарија Турција Украина
Велика Британија
ДОДАТОК 2 – ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ШЕЛ.
Дополнителна изјава за приватност за SHELL FLEET SOLUTIONS
Оваа Изјава за приватност го дополнува Известувањето за приватност - Деловни корисници, добавувачи и деловни партнери, кое е достапно на www.shell.com/privacy.html и на вашата страница на https://www.shell.si/pravilnik-o- zasebnosti.html
Што покрива оваа дополнителна Изјава за приватност?
Оваа дополнителна Изјава за приватност нуди информации за личните податоци што се собираат и обработуваат во врска со услугите што ги нуди SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT (Шел комерцијален патен транспорт ) вклучително и Шел картичката за гориво, како и вашите посети на веб страниците на Шел во врска со услугите на Shell Commercial Road Transport. За сите други интеракции со претпријатието или претпријатијата во рамките на групата Шел прочитајте го соодветното Известување за приватност на www.shell.com/privacy.html и на веб-страницата на Шел на вашата локација.
Извор на податоци
Ако своите лични податоци не сте ги доставиле директно до Шел, Шел ги добил вашите лични податоци од претпријатието во кое сте вработени или со кое има склучено договор, или од претпријатието во кое што е склучен договорот за лизинг или за управување со возниот парк.
Кои ваши лични податоци ги обработуваме?
Покрај личните податоци наведени во соодветното известување за приватност што е наведено погоре и во зависност од точните услуги што ги користите вие и вашето претпријатие, Шел може да обработува некои, или да ги обработува сите следни видови податоци:
• Идентификациски број на корисникот, преференции во врска со рекламирањето и јазикот;
• Податоци за директорот (и други поврзани лица), вклучително и име и датум на раѓање, кога тие информации се потребни за усогласување во тргувањето, спречување на перење пари и спречување на мито и корупција/проверка на кредитот;
• Податоци за трансакциите, вклучително и името на возачот, бројот на картичката, идентификацискиот број на возилото, купените производи, датумот, времето и локацијата;
• Слики од камерите за видео надзор на Shell CRT и локациите за малопродажба заради безбедност, сигурност, справување со измами и во работни цели;
Кој е одговорен за собраните лични податоци?
Вашето локално договорно претпријатие за Shell Commercial Road Transport: Shell Adria d.o.o, Bravničarjeva ulica 13, Љубљана и сите придружни претпријатија во рамките на групата Шел.
За кои цели ги обработуваме вашите лични податоци?
Покрај целите наведени во известувањето за приватност наведено погоре, личните податоци што ги доставува клиентот за да аплицира за користење на услугите на SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT и/или што се собрани преку употребата на SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT ќе бидат обработени за следниве цели:
• обработка на барањето;
• утврдување на идентитетот на носителот на картичката, ако тоа го побара претпријатието во кое сте вработени или договорното претпријатие;
• вршење кредитни проверки во врска со клучни поединци по клиент, како што се директори на компании. Не го проверуваме секој поединечен носител на картичка;
• водење на сметката (сметките) и олеснување на пристапот и користењето на онлајн услугите поврзани со услугите на SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT;
• редовна процена и/или преглед на статусот на картичката и/или евиденцијата за купување со картичката за гориво Shell Fuel Card;
• следење информации за обемот и потрошувачката;
• регистрација за други сродни услуги и различни начини на плаќање (на пр., мобилни плаќања преку апликацијата Шел);
• безбедност и заштита, особено заради заштита на персоналот и имотот на Шел и неговите клиенти, како и за заштита на нашите клиенти при користење на производи со посебни барања за ракување, на пр. водород, течен природен гас (LNG).
Дополнителни информации за корисниците на телематски услуги
Ако вашето возило е опремено со телематски уред издаден од Шел, Шел исто така може да собира информации за:
• локацијата на вашето возило, што може да се користи за пресметување, на пример, на брзината на возилото, рутата;
• дали возилото е запрено;
• забрзувањето, забавувањето (сопирањето) и вртењето на вашето возило;
• дали се користи безбедносниот појас;
• информации од моторот на вашето возило (на пр. брзината на моторот), електричниот систем (на пр. напонот на акумулаторот) и системот за предупредување (на пр. вклучување на сијаличката за предупредување за моторот);
• точење гориво или полнење.
Шел може да ги користи овие податоци во комбинација со други податоци што ги имаме за вас, на пр., трансакции со картички за гориво, за да ја обезбеди анализата што ја бара претпријатието што ве вработува или ангажира за да ги разбере подобро стилот на возење, безбедноста, перформансите на возилото и информациите за рутата.
Комуникација и маркетинг
Можно е да добивате понуди во име на релевантните деловни клиенти. Во секој момент, вие или овластениот претставник на вашата компанија имате можност да ја користите функцијата за одјава преку различните дигитални канали што ги користиме за да комуницираме со вас. За повеќе информации, прочитајте го Известувањето за приватност - Деловни клиенти, добавувачи и деловни партнери, споменато погоре.
Кредитна проверка
Во текот на обработката на барањето и за време на траењето на кој било договор за услугите на SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT, можеме да ја процениме кредитната способност на претпријатието/бизнисот што го поднел барањето и на клучните поединци поврзани со тој бизнис, на пример, директорите на претпријатијата. За таа цел ги користиме услугите на овластени агенции за кредитна проверка кои користат кредитен рејтинг или други автоматизирани процеси на носење одлуки; и евиденциите што ги водат агенциите за кредитна проверка. Ако имате какви било прашања, погледнете го делот
„Податоци за контакт“ подолу.
Со кого ќе ги споделиме вашите лични податоци?
Покрај категориите на приматели наведени во соодветното известување за приватност наведено погоре, вашите лични податоци може да се споделат со:
• претпријатието (односно клиентот на услугите SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT) кое ги нарачало услугите SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT во ваше име;
• учесниците што се вклучени во обезбедувањето на услугите SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT, како што се малопродажните трговци, овластените даватели на услуги за наплата на патарина и/или кое било друго претпријатие кому му е дозволено да ги снабдува со производи и/или услуги корисниците на услугите SHELL COMMERCIAL ROAD TRANSPORT;
• агенции за проценка на кредитоспособност, скрининг и/или спречување измами, како и референти, жиранти или други лица што нудат референци или обезбедувања во врска со обврските на вашиот бизнис;
• партнери на клиентот од трета страна - во случај вашето претпријатие да избрало да работи со давател на услуги од трета страна (на пр. претпријатија за управување со возен парк, лизинг компании), со цел да му се овозможи на третото лице да ги обезбеди услугите што ги барате (на пр. информации за управување, збирно фактурирање).
Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?
Шел ќе ги чува вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за да се исполнат деловните, законските или даночните барања.
• Лични податоци содржани во фактури, датотеки за трансакции, кореспонденција со клиенти и барања за издавање нови картички за гориво - 10 години;
• Договори (кои содржат податоци за контакт) - времетраењето на договорот плус 20 години;
• Други податоци за контакт и податоци за носителот на картичката – времетраењето на договорот плус 4 години;
• Телематски податоци – 3 години.
Со кого може да контактирате ако имате прашање, загриженост или поплака во врска со вашите лични податоци?
Може да пишете на GDPR-SI@shell.com или да стапите во контакт со овластеното лице на групата за приватност на Шел во Shell International B.V. The Hague, Netherlands – мат. бр. во деловниот регистар 27155369, на адреса p.p. 162, 2501 AN, The Hague, односно пишете на Privacy-Office-SI@shell.com.
Ако не сте задоволни со начинот на кој Шел постапува со вашите лични податоци, можете да поднесете жалба до Комесарот за информации („Informacijski pooblaščenec“) со седиште на Dunajska cesta 22, 1000 Ljubljana, Slovenia, или надзорниот орган за заштита на податоците на Холандија со седиште на Prins Clauslaan 60, 2595 AJ The Hague, Netherlands.
Измени на оваа дополнителна Изјава за приватност
Оваа дополнителна Изјава за приватност и Известувањето за приватност - Деловни клиенти, добавувачи и деловни партнери може да подлежат на промени со текот на времето. Оваа дополнителна Изјава за приватност последен пат е ажурирана во јуни 2022 година.