ЧЛЕН XXII. - ПРОПИСИ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ 21 ЧЛЕН XXIII. - МЕРОДАВНО ПРАВО И РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ 22
БРОЈ НА ДОГОВОР: [●] |
ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ |
склучен помеѓу |
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (ЗАСТАПУВАНА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА) |
како заемопримач |
и |
УНГАРСКА ЕКСПОРТ - ИМПОРТ БАНКА ПРИВАТНО ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (MAGYAR EXPORT-IMPORT BANK ZÁRTKÖRŰEN MŰKÖDŐ RÉSZVÉNYTÁRSASÁG) |
како Банка |
во износ кој не надминува 500.000.000 евра |
Датум [●] 2024 година |
СОДРЖИНА
ЧЛЕН I. - ДЕФИНИЦИИ 2
ЧЛЕН II - ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА И ЗАЕМОТ 8
ЧЛЕН III. - ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР8 ЧЛЕН IV. - ПЕРИОД НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ НА ЗАЕМОТ 9
ЧЛЕН V. - ОТПЛАТА НА ЗАЕМОТ 10
ЧЛЕН VI. - ПЛАЌАЊА ПО ОСНОВ НА КАМАТА 10
ЧЛЕН VII. - ИЗВЕСТУВАЊЕ 10
ЧЛЕН VIII. - ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ 10
ЧЛЕН IX. - ПЛАЌАЊА НА ДАТУМИТЕ НА ДОСПЕВАЊЕ 11
ЧЛЕН X. - ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА 11
ЧЛЕН XI. - КОРИСТЕЊЕ НА ИЗНОСИТЕ КОИ ГИ ПРИМА БАНКАТА 12
ЧЛЕН XII. - КАМАТА НА ЗАДОЦНЕТИ ПЛАЌАЊА 12
ЧЛЕН XIII. - ИЗЈАВИ, ГАРАНЦИИ И ОБВРСКИ 12
ЧЛЕН XIV. - ДАВАЧКИ, ДАНОЦИ И ТРОШОЦИ 16
ЧЛЕН XV. - ПРЕКИН, РАСКИНУВАЊЕ И НАСТАНИ НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ 17
ЧЛЕН XVI. - ИЗМЕНА НА ЗАКОНИ 19
ЧЛЕН XVII. - ОТКАЖУВАЊА И ИЗМЕНИ 19
ЧЛЕН XVIII. - ИЗВЕСТУВАЊА 20
ЧЛЕН XIX. - ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА 20
ЧЛЕН XX. - ОТСТАПУВАЊА 21
ЧЛЕН XXI. - ПРЕБИВАЊЕ 21
ЧЛЕН XXII. - ПРОПИСИ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ 21
ЧЛЕН XXIII. - МЕРОДАВНО ПРАВО И РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ 22
ЧЛЕН XXIV. РАЗНО 22
ПРИЛОГ 1 ОПШТИ УСЛОВИ НА ЕКСИМ БАНКА 24
ПРИЛОГ 2 ОБРАЗЕЦ НА БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ 25
ПРИЛОГ 3 ОБРАЗЕЦ НА ПОТВРДА ЗА ДОЛГ 26
ПРИЛОГ 4 ОБРАЗЕЦ НА ПРАВНО МИСЛЕЊЕ 27
Овој ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ (во понатамошниот текст: овој ДОГОВОР) е потпишан на [●] 2024 година.
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ сака да добие ненаменска финансиска поддршка во форма на заем од БАНКАТА и БАНКАТА е подготвена, во согласност со одлуката на Владата на Унгарија и одлуката бр. 31/2024 (VIII.2.) на основачот на БАНКАТА и во согласност со одредбите од овој ДОГОВОР, да му додели ненаменска финансиска поддршка во форма на заем на ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
СЕГА, СПОРЕД ТОА
од една страна
Република Северна Македонија (застапувана од страна на Министерството за финансии во име на Владата на Северна Македонија)
како ЗАЕМОПРИМАЧ
ул. „Xxxx Xxxxx“ бр. 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
и од друга страна
Унгарската Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност
како БАНКА и ЕКСИМ БАНКА
1065 Будимпешта, Nagymező u. 46-48., Унгарија
ЕМБС: 00-00-000000
(заедно: ДОГОВОРНИ СТРАНИ)
СЕ ДОГОВОРИЈА КАКО ШТО СЛЕДИ:
ЧЛЕН I. - ДЕФИНИЦИИ
I.1. Во овој ДОГОВОР и неговите ПРИЛОЗИ (кои се составен дел на овој
ДОГОВОР), освен доколку со контекстот не се бара поинаку:
Под „ЗАКОНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА“ се подразбира сите закони, правила и прописи од која било јурисдикција кои се применливи на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, а се однесуваат на или се во врска со поткуп или корупција, вклучувајќи го, без ограничување, и КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК (на кои се обврза ЗАЕМОПРИМАЧОТ во Изјавата за прифаќање антикорупциски услови, и Кривичниот законик на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14,
41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15, 97/17 и 248/18 и „Службен
весник на Република Северна Македонија“, бр. 36/23, и правилата и прописите кои произлегуваат од нив, или други слични закони во други јурисдикции.
Под „ПЕРИОД НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ“ се подразбира периодот кој започнува на ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ и завршува на датумот кој се паѓа три (3) месеци по ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ.
Под „ПОТПИСНИК НА ЗАЕМОПРИМАЧОТ“ се подразбира министерката за финансии како лице кое е законски претставник на ЗАЕМОПРИМАЧОТ чии имиња (и доказ за овластување) ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги доставил до БАНКАТА како имиња на лицата кои се овластени и, во согласност со ЗАКОНОТ ЗА ЈАВЕН ДОЛГ и другите национални законски правила на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, имаат право да го потпишат секој документ кој е потребно да се потпише од страна на или во име на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР, под услов на датумот на прием од страна на БАНКАТА на кој било документ потпишан од тие лица, БАНКАТА да нема примено никакво писмено известување за отповикување на таквото овластување.
Под „ЗАЕМОПРИМАЧ“ се подразбира Република Северна Македонија (застапувана од страна на Министерството за финансии во име на ВЛАДАТА).
Под „ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ“ се подразбира законот усвоен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во согласност со член 16 од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВЕН ДОЛГ и објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Под „ТРОШОЦИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА“ се подразбира износ (доколку постои) за кој:
- каматата која БАНКАТА требала да ја прими за периодот од датумот на примање на целaта или кој било дел од отплатата на траншата до последниот ден на тогашниот тековен каматен период во врска со таа транша, доколку износот на главницата на таа транша кој е примен или платен на последниот ден од тој каматен период го надминува
- износот кој БАНКАТА би можела да го добие со пласирање на износ еднаков на износот на главницата од таквата транша кој го примила во депозит кај водечка банка на релевантниот меѓубанкарски пазар во валутата на таквата транша за период којшто започнува на работниот ден по денот на приемот или надоместувањето и којшто завршува на последниот ден од тековниот каматен период.
Под „РАБОТЕН ДЕН“ се подразбира ден на кој банките во Будимпешта (Унгарија) и Скопје (Република Северна Македонија) се отворени за редовно работење и плаќањата се вршат на тој датум во утврдената валута, и кој воедно е ТАРГЕТ ден (за целите на појаснување, тој ден не е петок, сабота, недела или празник).
Под „КРИВИЧЕН ЗАКОНИК“ се подразбира Акт Ц од 2012 година од Кривичниот законик на Унгарија, како што се менува одвреме-навреме.
Под „ДАТУМ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ“ се подразбира ДАТУМОТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ (односно, кога овој ДОГОВОР стапува на сила).
Под „ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА“ се подразбира користење на
ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА кога средствата од ЗАЕМОТ се повлечени.
Под „ДАТУМ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА“ се подразбира датумот на ПОВЛЕКУВАЊЕТО СРЕДСТВА, кој е датумот на кој се повлечени средствата од ЗАЕМОТ.
Под „ДАТУМ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ“ се подразбира
датумот на кој двете ДОГОВОРНИ СТРАНИ го потпишале овој ДОГОВОР во согласност со сите ЗАКОНСКИ БАРАЊА.
Под „ЕТВ“ се подразбира Актот XLII од 1994 година на унгарската Експорт Импорт Банка и на унгарското друштво за осигурување извозни кредити.
Под „ЕУ“ се подразбира официјалната кратенка за Европската Унија. Под „ЕУР“ се подразбира официјалната валута на Европската Унија.
Под „НАСТАН НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ“ се подразбира кој било настан наведен како таков во ЧЛЕН XV.3.
Под „НАСТАН НА ПРЕКИН“ се подразбира кој било настан наведен како таков во ЧЛЕН XV.1.
Под „ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА“ се подразбира финансиската поддршка во максимален износ од 500,000,000 евра (односно петстотини милиони евра) доделена од БАНКАТА на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР.
Под „КРАЕН ДАТУМ НА ОТПЛАТА“ се подразбира, без разлика кое ќе се случи прво, (i) 15-годишнината од ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ и (ii) [●] 2039 година.
Под „ПРВ ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА“ се подразбира [●] 2024 година.
„ОУ“ го имаат истото значење на терминот споменат во ЧЛЕН XXII.1 (Прописи за деловно работење и целиот договор) и тие се приложени како ПРИЛОГ 1 (Општи услови на Ексим банка) кон овој ДОГОВОР.
Под „ВЛАДА“ се подразбира Владата на Република Северна Македонија. Под „ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА“ се подразбира:
(a) ПРВИОТ ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА;
(b) по ПРВИОТ ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА, 15 февруари и 15 август секоја година; и
(c) КРАЈНИОТ ДАТУМ НА ОТПЛАТА.
Под „КАМАТНА СТАПКА“ се подразбира каматната стапка утврдена во ЧЛЕН
VI.1.
Под „ЗАКОН ЗА ЈАВЕН ДОЛГ“ се подразбира Законот за јавен долг на Република
Северна Македонија, „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.
62/2005, 88/2008, 35/2011, 139/2014, 98/2019 и 151/2021.
Под „ПРОВИЗИЈА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРАВНИ УСЛУГИ“ се подразбира
провизијата на независната правна фирма во соработка со локални адвокатски канцеларии избрани од страна на Xxxxxxx, онаму каде што е применливо, кои ги издаваат правните мислења во врска со својството на ЗАЕМОПРИМАЧОТ и важењето и спроведливоста на овој ДОГОВОР. Провизијата ја плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
Под „ЗАЕМ“ се подразбира заем кој е одобрен или ќе биде одобрен во рамките на ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА или износот на главницата на тој заем кој не е измирен во дадениот момент. Во рамките на ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА се одобрува најмногу еден (1) ЗАЕМ.
Под „СУШТИНСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ“ се подразбира појавата на кој било настан или околност или низа настани или околности кои, според мислењето на БАНКАТА, може да имаат суштинско негативно влијание врз:
(a) финансиските услови или деловното работење на ЗАЕМОПРИМАЧОТ;
(b) способноста на ЗАЕМОПРИМАЧОТ да постапува во согласност со кои било од неговите обврски според овој ДОГОВОР; или
(c) важењето, законитоста или спроведливоста или прифатливоста на докази во врска со овој ДОГОВОР или правата и правните лекови на БАНКАТА.
Под „НБРСМ“ се подразбира Народната банка на Република Северна Македонија.
Под „СМЕТКА ВО НБРСМ“ се подразбира банкарска сметка на Република Северна Македонија на која ќе се исплатат средствата од ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА.
Под „ОФАЦ“ се подразбира Канцеларија за контрола на странски капитал. Под „ЗАБРАНЕТИ АКТИВНОСТИ“ се подразбира:
(a) доколку целта на трансакцијата е поврзана со перење пари и/или финансирање тероризам;
(b) финансирање активности кои се спротивни на одредбите во унгарското законодавство или правен акт на ЕУ;
(c) финансирање производство на или тргување со производи (финансирање инвестиција што резултира во производ) чие производство или тргување или поседување е забрането со закон;
(d) рефинансирање активност која е спротивна на условите во меѓународен договор кој е обврзувачки за Унгарија;
(e) финансирање кои било производи, технологии или услуги наведени во Заедничкиот попис на стоки за воени цели на Европската Унија, или кои било активности поврзани со производство на или тргување со оружје или муниција од каква било природа, освен за финансирање активности (производство или тргување) поврзани со користење, за невоени цели, на кои било производи или услуги со двојна употреба регулирани со Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 428/2009 од 5 мај 2009 година за воспоставување режим на Заедницата за контрола на извоз, пренос, брокеринг и транзит на стоки со двојна употреба;
(f) финансирање повторен извоз;
(g) финансирање активности кои не се во согласност со прописите за заштита на животната средина, во согласност со Анекс 3 од Прописите за деловно работење;
(h) финансирање производи и услуги коишто се етички или морално неприфатливи (на пр., сексуални помагала или медиумски производи, експериментирање врз животни);
(i) финансирање шпекулативни трансакции или трансакции со своп на валута;
(j) финансирање расходи поврзани со неделовни активности;
(k) финансирање плаќања по основ на царина;
(l) финансирање трансакции или зделки или услуги кои подлежат на САНКЦИИ, или финансирање трансакции во корист на или во име на САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ;
(m) производство на или тргување со кој било производ, или вршење која било активност која е незаконска според законите на земјата домаќин или со која се повредува меѓународно правило, конвенција или договор, или е меѓународно забранета, како што се одредени лекови, пестициди, хербициди, супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, или производи кои содржат ПЦБ (PCB), како и кои било видови или производи кои влегуваат во опфатот на ЦИТЕС (Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора) (CITES (Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora));
(n) производство на и тргување со алкохолни пијалаци (со исклучок на пиво и вино) или тутунски производи;
(o) коцкање, казина и такви активности;
(p) производство на и тргување со радиоактивни материјали (ова не важи за набавка на медицинска опрема или машини и опрема кои се користат за контрола (мерење) на квалитет, кога изворот на радиоактивните материјали е очигледен и/или соодветно заштитен за цели на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите (МИГА);
(q) производство на и тргување со неврзани азбестни влакна. Ова не се применува на купување и користење салонитни плочи со врзани азбестни влакна, со содржина на азбест помала од 20% (дваесет проценти);
(r) повлечна мрежа за риболов, во морски води, при што мрежата надминува должина од 2,5 км (два и пол километри);
(s) сеча на дрвја за комерцијални цели, главно во тропски дождовни шуми;
(t) производство на или тргување со производи од дрво или со други шумски производи, освен доколку тие не се добиени преку одржливо шумарство;
(u) која било активност која вклучува штетни форми на принудна работа или детски труд или нивна експлоатација;
(v) производство, трговија, складирање или транспорт на опасни или штетни хемикалии во големи количини или за комерцијални цели (под опасни хемикалии спаѓаат бензин, керозин и други производи од петролеј); и
(w) која било активност со која се повредува правото на староседелци да поседуваат или стекнуваат земјиште, освен доколку таквата активност не е спроведена со целосна и заверена согласност од односните лица.
Под „УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ“ се подразбира указот потпишан и усвоен од страна на Претседателот на Република Северна Македонија и Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија во согласност со член 75 од Уставот
на Република Северна Македонија за прогласување на ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ.
Под „ЗАКОНСКИ БАРАЊА“ се подразбира за секое лице, потврда за основање и подзаконски акти или други организациски или управувачки документи за таквото лице, кој било закон, спогодба, уредба, правила или прописи или одлука на кој било арбитер или суд или друг владин орган, кои во секој случај важат или се обврзувачки за таквото лице.
Под „САНКЦИИ“ се подразбира економска, трговска или финансиска санкција, закони, прописи или ембарга или мерки со сличен ефект (вклучувајќи и забрана за патување), кои, одвреме-навреме, ги издава, воведува, воспоставува или спроведува ОРГАН НАДЛЕЖЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ САНКЦИИ.
Под „ОРГАН НАДЛЕЖЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ САНКЦИИ“ се подразбира:
(a) Советот за безбедност на Обединетите Нации;
(b) Европската Унија;
(c) Соединетите Американски Држави;
(d) Обединетото Кралство;
(e) владите и официјални институции или агенции од кој било од ставовите од (а) до (г) погоре, вклучувајќи го и ОФАЦ.
Под „ЛИСТА НА САНКЦИИ“ се подразбира Листата на специјално назначени државјани и блокирани лица што ја води ОФАЦ, Консолидираната листа на лица и субјекти коишто се предмет на финансиски санкции што ја води Европската комисија, или кои било слични листи што ги води, или јавно соопштение за код на САНКЦИЈА издадено од, ОРГАН НАДЛЕЖЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ САНКЦИИ,
секоја од нив како што е, одвреме-навреме, изменета, дополнета или заменета.
Под „САНКЦИОНИРАНА ЗЕМЈА“ се подразбира секоја земја или територија, којашто е цел на или подлежи на САНКЦИИ во целата земја или на целата територија воведени од страна на еден или повеќе ОРГАНИ НАДЛЕЖНИ ЗА ИЗДАВАЊЕ САНКЦИИ (вклучувајќи ги и, на датумот на овој Договор, Куба, Иран, Северна Кореја, Судан, Сирија, како и регионите на Крим, Донецк (НРД)и Луганск (НРЛ) во Украина).
Под „САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ “ се подразбира лице, организација или пловен објект:
(a) кои се, или кои се во поголема сопственост или поконтролирани од (како што е толкувањето на таквите термини во релевантните САНКЦИИ), кое било лице или субјект на која било ЛИСТА НА САНКЦИИ;
(b) кои се резиденти или се наоѓаат во, работат во или се организирани според законите на, или кои се влада на, која било САНКЦИОНИРАНА ЗЕМЈА;
(c) кои се, или се агенција или орган на, или кој било субјект во директна или индиректна сопственост или контрола од страна на, влада на која било САНКЦИОНИРАНА ЗЕМЈА;
(d) кои постапуваат или се тврди дека постапуваат во има на кои било од лицата наведени во ставовите од (а) до (в) погоре;
(e) со кои на која било ДОГОВОРНА СТРАНА би ѝ се забранило да работи со или на кој било друг начин да врши каква било трансакција во согласност со која било САНКЦИЈА; или
(f) кои на кој било друг начин подлежат или се цел на САНКЦИИ.
Под „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“ се подразбира директно обезбедување од унгарската држава за БАНКАТА, со кое се обезбедува до 100% од обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ кои произлегуваат од овој ДОГОВОР.
Под „ТАРГЕТ ден“ се подразбира кој било ден на кој ТАРГЕТ2 е отворен за порамнување на плаќања во евра.
Под „ТАРГЕТ2“ се подразбира Паневропскиот систем за брзо автоматско порамнување на кредитни трансфери во реално време на бруто основа, платен систем кој користи единствена платформа и кој почна да се користи на 19 ноември 2009 година.
Под „БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ“ се подразбира известување кое суштински е во обликот утврден во ПРИЛОГ 2 (Образец на барање за користење).
I.2. Во овој ДОГОВОР, со исклучок кога со контекстот не се бара поинаку, зборовите во еднина вклучуваат и множина и обратно.
I.3 Освен доколку не е поинаку наведено, повикување на конкретен член (ЧЛЕН) или прилог (ПРИЛОГ) се толкува како повикување на тој конкретен ЧЛЕН или ПРИЛОГ во овој ДОГОВОР.
I.4. Содржината е вметната единствено за целите на повикување и не влијае врз толкувањето на овој ДОГОВОР.
ЧЛЕН II – ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА И ЗАЕМОТ
II.1. Износ
БАНКАТА се согласува на ЗАЕМОПРИМАЧОТ да му стави на располагање ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА во износ кој не надминува 500.000.000 евра (односно петстотини милиони евра).
ЗАЕМОПРИМАЧОТ се согласува да земе ЗАЕМ и да го отплати согласно условите утврдени или наведени во овој ДОГОВОР.
II.2. Валута
БАНКАТА ја доделува ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА во ЕВРА и
ЗАЕМОПРИМАЧОТ ја отплаќа, исто така, во ЕВРА, во согласност со условите во овој ДОГОВОР.
II.3. Намена
ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги користи сите износи кои ги позајмил во рамките на ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА и нив ги наменува за какво било буџетско финансирање и за кое било финансирање на општи цели во согласност со важечките
закони, освен во случаи кога таквата цел вклучува или на кој било начин е поврзана со која било ЗАБРАНЕТА АКТИВНОСТ.
ЧЛЕН III. - ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР
ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ изјавуваат дека ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги доставил следните документи до БАНКАТА, во облик и содржина задоволителни за БАНКАТА, на или пред потпишувањето на овој ДОГОВОР:
- изјава за непостоење коруптивна активност (изјава за прифаќање антикорупциски услови);
- изјава во врска со ембарго и други меѓународни санкции;
- листа на податоци за идентификација и копија од документот за идентификација или пасош на лицето кое ја пополнува листата на податоци за идентификација;
- изјава во врска со стварниот сопственик на ЗАЕМОПРИМАЧОТ;
- изјава за статусот на политички експонирано лице за стварниот сопственик на ЗАЕМОПРИМАЧОТ;
- прашалник „запознај го својот клиент“;
- усвоениот Буџет на Република Северна Македонија и Законот за извршување на Буџетот, кои ја вклучуваат ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА во согласност со законите и сите документи во врска со овој ДОГОВОР;
- сите одлуки и овластувања потребни за одобрување на задолжувањето на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР и за потпишување и извршување на овој ДОГОВОР, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на: (а) ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ; и (в) УКАЗОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ; и
- кои било други документи кои БАНКАТА може разумно да ги побара.
ЧЛЕН IV. - ПЕРИОД НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
IV.1. ПЕРИОД НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ
ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ќе биде ставена на располагање за повлекување во текот на ПЕРИОДОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ (односно, започнувајќи на ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ и завршувајќи на датумот кој се паѓа три
(3) месеци по ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ).
IV.2. Претходни услови за ПОВЛЕКУВАЊЕТО СРЕДСТВА:
- заемопримачот доставил Барање за користење прифатливо за БАНКАТА
во рамките на ПЕРИОДОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ;
- БАНКАТА го добила потпишаното правно мислење во согласност со законите во Република Северна Македонија за својството на ЗАЕМОПРИМАЧОТ да го склучи овој ДОГОВОР, подготвено на
англиски јазик, издадено од независна правна фирма во Република Северна Македонија, во облик и содржина прифатливи за БАНКАТА;
- БАНКАТА го добила потпишаното правно мислење во согласност со унгарските закони за важењето и спроведливоста на овој ДОГОВОР и ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО, подготвено на англиски јазик, издадено од независна правна фирма, во облик и содржина прифатливи за БАНКАТА;
- БАНКАТА го добила мислењето издадено од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија во согласност со член 16 од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВЕН ДОЛГ;
- доказ издаден од страна на НБРСМ дека е отворена посебна сметка за целите на ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА од ЗАЕМОТ;
- доказ дека сите надоместоци (вклучувајќи ја и ПРОВИЗИЈАТА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРАВНИ УСЛУГИ), трошоци и расходи кои се тогаш доспеани и ЗАЕМОПРИМАЧОТ треба да ги плати во согласност со овој ДОГОВОР се целосно платени од страна на ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
IV.3. Известување
Откако ќе се исполнат сите услови наведени во ЧЛЕН IV.2., БАНКАТА го известува ЗАЕМОПРИМАЧОТ во рок од 3 (три) РАБОТНИ XXXX и потврдува дека условите поврзани со ПОВЛЕКУВАЊЕТО СРЕДСТВА се исполнети.
IV.4. Постапка за ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА
IV.4.1 Во текот на ПЕРИОДОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ, БАНКАТА му го исплаќа ЗАЕМОТ на ЗАЕМОПРИМАЧОТ. БАРАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ се доставува до БАНКАТА најдоцна 10 (десет) РАБОТНИ ДЕНА пред предложениот ДАТУМ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА.
IV.4.2. ЗАЕМОПРИМАЧОТ ѝ ги отплаќа повлечените средства од ЗАЕМОТ на
БАНКАТА во согласност со условите во ЧЛЕН V.
IV.5. Број на транши
Вкупниот број на транши според овој ДОГОВОР е 1 (една).
ЧЛЕН V. - ОТПЛАТА НА ЗАЕМОТ
Периодот на отплата на ЗАЕМОТ е 15 (петнаесет) години сметано од ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ.
ЗАЕМОПРИМАЧОТ го отплаќа ЗАЕМОТ полугодишно, по 3 (три) години xxxxx период и врз основа на план за отплата на ануитет од 12 (дванаесет) години, во 24 (дваесет и четири) еднакви рати).
ЧЛЕН VI. - ПЛАЌАЊА ПО ОСНОВ НА КАМАТА
VI.1. Каматна стапка
Каматната стапка која ја плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ ќе биде 3,25% (односно, три запирка дваесет и пет проценти) годишно, и таа останува фиксна за време на целиот период на финансирање.
VI.2. Плаќање камата
На ЗАЕМОТ се пресметува камата од ДАТУМОТ НА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА СРЕДСТВАТА сè до неговата конечна отплата, и каматата се плаќа на обврските од преостанатиот долг на ДАТУМИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА. Договорните страни изјавуваат дека првиот каматен период започнува на ДАТУМОТ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА.
VI.3. Пресметување камата
Целата камата се пресметува врз основа на фактичкиот број на изминати денови во период од една година од 360 дена.
Каматата се пресметува на дневна основа, со примена на каматен клуч за година од 360 дена и фактичкиот број на денови во релевантниот каматен период и доспева за плаќање на секој ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА. БАНКАТА го известува ЗАЕМОПРИМАЧОТ за доспеаната камата 15 (петнаесет) РАБОТНИ ДЕНА пред секој ДАТУМ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА.
ЧЛЕН VII. - ИЗВЕСТУВАЊЕ
БАНКАТА го известува ЗАЕМОПРИМАЧОТ 20 (дваесет) РАБОТНИ ДЕНA пред достасувањето на плаќањето на главницата и на доспеаната камата во врска со ЗАЕМОТ. Меѓутоа, неиспраќањето такво известување од страна на БАНКАТА не влијае врз навременото извршување на обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ од овој Договор.
ЧЛЕН VIII. - ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ
VIII.1. Провизија за неповлечени средства
Провизијата за неповлечени средства што ја плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ е 0,5%
(односно, нула запирка пет проценти) на годишна основа.
Провизијата за неповлечени средства се пресметува на дневна основа на неповлечените средства од ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА пресметани од ДАТУМОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ и се плаќа на првиот РАБОТЕН ДЕН што следи по последниот ден од ПЕРИОДОТ НА РАСПОЛОЖЛИВОСТ.
БАНКАТА го известува ЗАЕМОПРИМАЧОТ за износот и датумот на доспевање на провизијата за неповлечени средства во врска со ЗАЕМОТ во рок од 5 (пет) РАБОТНИ ДЕНА по ДАТУМОТ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ СРЕДСТВА.
ЧЛЕН IX. - ПЛАЌАЊА НА ДАТУМИТЕ НА ДОСПЕВАЊЕ
IX.1. ЗАЕМОПРИМАЧОТ ѝ ги плаќа сите доспеани износи на БАНКАТА
согласно со овој ДОГОВОР.
IX.2. Доколку кој било ден на плаќање се паѓа на ден којшто не е РАБОТЕН ДЕН, плаќањето се врши на следниот РАБОТЕН ДЕН. Износите на доспеаната камата се прилагодуваат согласно фактичкиот датум на извршување на плаќањето.
IX.3. Со неисполнување на кои било од обврските за плаќање согласно овој ДОГОВОР и доколку ситуацијата не е отстранета во период од 30 (триесет) дена од датумот на доспевање на предметното плаќање, ЗАЕМОПРИМАЧОТ се смета дека НЕ ГИ ИЗВРШИЛ ОБВРСКИТЕ дури и во случај кога БАНКАТА нема да го потсети ЗАЕМОПРИМАЧОТ за наведената обврска.
ЧЛЕН X. – ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
X.1. ЗАЕМОПРИМАЧОТ има право предвреме да го отплати ЗАЕМОТ во целост или делумно под услов:
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ да ѝ испрати претходно известување на БАНКАТА за која било таква предвремена отплата најмалку 1(еден) месец однапред, наведувајќи го износот на главницата што предвремено се отплаќа, како и датумот на предвремената отплата,
- минималниот износ на предвремената отплата да изнесува 50,000,000 евра (педесет милиони евра),
- БАНКАТА да даде писмена согласност во поглед на предложената предвремена отплата на главницата во рок од 15 (петнаесет) РАБОТНИ XXXX од датумот на прием на гореспоменатото известување,
- датумот на предвремената отплата да е ДАТУМОТ НА ПЛАЌАЊЕ КАМАТА,
- каматата на претходно отплатената главницата, пресметана до датумот на предвремената отплата, да се плати на датумот на предвремената отплата,
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ да ѝ ги надомести на БАНКАТА сите настанати трошоци и загуби коишто произлегуваат од таквата предвремена отплата, вклучително и ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА и другите трошоци на БАНКАТА поврзани со надоместување на делот од готовинскиот прилив пресметан по фиксна стапка прекинат со предвремената отплата.
Во случај на таква предвремена отплата, трошоците треба да ги надомести
ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
ЗАЕМОПРИМАЧОТ не може повторно да позајми ниту еден дел од
ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА којшто е отплатен или предвремено отплатен.
X.2. Доколку, во која било применлива јурисдикција, е или стане (согласно разумното мислење на БАНКАТА) незаконски и/или е во спротивност на ЗАКОНСКИТЕ БАРАЊА (вклучувајќи ги сите важечки САНКЦИИ) или кој било ОРГАН НАДЛЕЖЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ САНКЦИИ прогласи дека е спротивно на важечките САНКЦИИ, дека е незаконски БАНКАТА да одобри или води заем или дека постапувањето од страна на БАНКАТА во поглед на кои било обврски што произлегуваат од овој ДОГОВОР, оправдано би се очекувало да резултира со тоа што БАНКАТА ги прекршува САНКЦИИТЕ или станува САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ, дека со известување на ЗАЕМОПРИМАЧОТ за предметниот случај од страна на БАНКАТА, (i) ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА/ЗАЕМОТ на БАНКАТА веднаш ќе биде поништен и БАНКАТА во понатамошниот тек нема да
биде обврзана да даде ЗАЕМ, И (ii) преостанатиот ЗАЕМ (заедно со доспеаната камата за заемот, дополнителни износи за плаќање на заемот и кои било износи што треба да се исплатат) веднаш доспева и се плаќа.
ЧЛЕН XI. - КОРИСТЕЊЕ НА ИЗНОСИТЕ КОИ ГИ ПРИМА БАНКАТА
XI.1. Секое задоцнето плаќање извршено од ЗАЕМОПРИМАЧОТ се користи за ПОКРИВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ПОСТОЈНОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ на ЗАЕМОПРИМАЧОТ согласно овој ДОГОВОР со следниот редослед:
(a) затезна камата,
(b) сите други износи доспеани во согласност од овој ДОГОВОР со исклучок на каматата и главницата,
(c) xxxxxx, x
(d) главница, по хронолошки редослед на изминати датуми на доспевање.
XI.2. Банката може, по сопствено дискреционо право, да отстапи од редоследот утврден во клаузула XI.1.
ЧЛЕН XII. - КАМАТА ПО ОСНОВ НА ЗАДОЦНЕТИ ПЛАЌАЊА
Без пропишаното во овој ЧЛЕН да се смета како откажување на ЗАЕМОПРИМАЧОТ однапред да одложи плаќање или како овластување за одложување плаќање, на кој било износ на главница, камата или кои било други финансиски надоместоци кои ЗАЕМОПРИМАЧОТ не ги платил на нивниот датум на доспевање, автоматски и без формално известување, друга формалност, или законска одлука, се пресметува затезна камата за периодот на доцнење од 2% (односно, два проценти) годишно која се додава на КАМАТНАТА СТАПКА наведена во ЧЛЕН VI.1.
ЧЛЕН XIII. - ИЗЈАВИ, ГАРАНЦИИ И ОБВРСКИ
XIII.1. ЗАЕМОПРИМАЧОТ изјавува и ѝ гарантира на БАНКАТА – и постапува во согласност со овие изјави и гаранции во текот на времетраењето од овој ДОГОВОР – како што следи:
(a) го подготвил, обезбедил и исполнил следното: ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ, сите согласности и одобренија, сите акти, лиценци, овластувања, налози, согласности и услови потребни согласно сите важечки закони во врска со потпишување и извршување на овој ДОГОВОР, и соодветно ги преземал сите дејствија потребни за одобрување на потпишувањето и доставувањето на овој ДОГОВОР, пришто ДАТУМОТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ е датумот на потпишување на овој ДОГОВОР од двете ДОГОВОРНИ СТРАНИ, и гарантира дека по ДАТУМОТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ, ЗАЕМОПРИМАЧОТ ќе ги исполни секоја поединечна и сите негови последователни обврски (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на обврските за известување и нивно евидентирање како што е детално наведено во точка (б) подолу);
(b) согласно законите на Република Северна Македонија не се бара ДОГОВОРОТ да се поднесе, евидентира или запише во кој било суд или друг орган во Република Северна Македонија или да се плати кој било надомест за таксени марки, регистрација или слични даноци за или во врска со ДОГОВОРОТ или трансакциите предвидени во ДОГОВОРОТ, освен известувањето до НБРСМ за потпишувањето на овој ДОГОВОР (во рок од 10 (десет) локални работни дена од потпишувањето на овој ДОГОВОР), и евидентирањето на овој ДОГОВОР во официјалниот Регистар за јавен долг на Министерството за финансии на Република Северна Македонија;
(c) обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ кон БАНКАТА преставува негови законски, важечки, обврзувачки, директни и безусловни обврски, и ќе се рангираат најмалку pari passu со сите други обврски за целото времетраење на овој ДОГОВОР; со исклучок на обврските коишто имаат приоритет според закон;
(d) потпишувањето и извршувањето на овој ДОГОВОР и остварувањето од страна на ЗАЕМОПРИМАЧОТ на неговите права и извршувањето на неговите обврски од Договорот не претставуваат и нема да резултираат во повреда на кои било правни акти, договори или спогодби;
(e) на датумот на потпишување на овој ДОГОВОР, ЗАЕМОПРИМАЧОТ нема сознание за какви било важни факти или околности коишто не ѝ се обелоденети на БАНКАТА и коишто, доколку се обелоденети, разумно може да се очекува негативно да влијаат врз одлуката на лице коешто одлучува дали да му ги обезбеди или не финансиските средства на ЗАЕМПРИМАЧОТ под условите и во согласност со условите утврдени во овој ДОГОВОР;
(f) не е поведена ниту постои закана за поведување законска постапка, парнична, арбитражна, истражна или управна постапка од или пред кој било суд, арбитражен орган или агенција против ЗАЕМОПРИМАЧОТ или кој било негов имот, којашто според разумното мислење на БАНКАТА може да има СУШТИНСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ;
(g) ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги спроведува своите деловни активности во согласност со важечките ЗАКОНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА и закони за спречување перење пари и има воспоставено и води политики и постапки подготвени за унапредување и постигнување усогласеност со таквите закони, пришто ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги спроведува своите деловни активности во согласност со ЗАКОНИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА и води политики и постапки подготвени за унапредување и постигнување усогласеност со таквите закони;
(h) ЗАЕМОПРИМАЧОТ не е САНКЦИОНИРАНА ЗЕМЈА;
(i) ниту Министерството за финансии ниту членовите од Владата на ЗАЕМОПРИМАЧОТ ниту пак нејзини други претставници коишто постапуваат во име на, по насока на или во интерес на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, вклучително и оние лица коишто имаат овластување да даваат насоки и/или да ги остваруваат правата или да ги исполнуваат обврските во врска со овој ДОГОВОР:
(i) не се САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ или не се цел на кои било
САНКЦИИ;
(ii) не се предмет на какво било побарување, постапка, формално известување или истрага во врска со САНКЦИИ;
(iii) не се вклучуваат или не се вклучени во трансакција со којашто се избегнуваат или одбегнуваат, или којашто има за цел избегнување
или одбегнување, или со којашто се повредуваат или се има намера да се повредат, директно или индиректно, кои било САНКЦИИ; или
(iv) не се вклучени или не се вклучуваат, директно или индиректно, во каков било вид трговија, деловна активност или други активности со или во корист на кое било САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ;
(j) Министерството за финансии (МФ), кое го застапува ЗАЕМОПРИМАЧОТ, ги дава следните изјави и гаранции во корист на БАНКАТА:
(a) во изминатите пет години, Министерството за финансии и службените лица од МФ со директно овластување за застапување, донесување одлуки или контрола врз работењето на МФ во врска со овој ДОГОВОР, не биле осудени со правосилна судска пресуда или правосилна управна одлука за тешка повреда на должноста, пришто таквото постапување упатува на противзаконска намера или голема небрежност, коишто би влијаеле на нивната способност да го спроведат ЗАЕМОТ и коешто произлегува од една од следните причини:
(A) давање информации, од небрежност, кои доведуваат до погрешен заклучок и може да имаат суштинско влијание или неточно прикажување информации, со намера, кои се потребни за да се потврди дека не постои основа за исклучување или дека се исполнети критериумите за избор или при извршувањето на договор или спогодба;
(B) договарање со други лица со цел да се наруши конкуренцијата;
(C) обид непрописно да се влијае врз процесот на донесување одлуки на договорниот орган за време на постапката за доделување договори (како што е дефинирано со Финансиската регулатива);
(D) обид да се добијат доверливи информации благодарение на кои би можеле да имаат нечесна предност во постапката на доделување договори (како што е дефинирано со Финансиската регулатива);
во изминатите пет години, Xxxxxxxxxx за финансии и службените лица од МФ со директно овластување за застапување, донесување одлуки или контрола врз работењето на МФ во врска со ЗАЕМОT, не им била изречена правосилна судска пресуда за:
(А) измама;
(B) корупција;
(C) учество во криминална организација;
(D) перење пари или финансирање тероризам;
(E) терористички казнени дела или казнени дела поврзани со терористички активности, или поттикнување, потпомагање, поддржување или обид да се извршат такви казнени дела;
(F) детски труд или други видови на недозволена трговија со луѓе;
(c) ЗАЕМОПРИМАЧОТ не подлежи на одлука за исклучување содржано во објавената база на податоци за системот за рано откривање и исклучување, која е воспоставена и со која раководи Европската комисија.
(k) склучувањето и извршувањето од страна ЗАЕМОПРИМАЧОТ на, како и трансакциите предвидени со, овој ДОГОВОР не се во судир со кои било
закони што се применуваат на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, вклучувајќи ги и кои било ограничувања воведени за ЗАЕМОПРИМАЧОТ согласно важечките закони, и кој било друг закон или регулатива во поглед на максималниот износ на обврски коишто ЗАЕМОПРИМАЧОТ може да ги презема.
Меѓу горенаведените ИЗЈАВИ, ГАРАНЦИИ И ОБВРСКИ, оние од (е) до (з) се смета дека се дадени (без потреба да се даде каква било писмена изјава) од страна на ЗАЕМОПРИМАЧОТ со повикување на фактите и околностите што постојат на датумот на секое БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ и на првиот ден од секој каматен период.
XIII.2. ЗАЕМОПРИМАЧОТ се обврзува и ѝ гарантира на БАНКАТА дека сè додека целосно не ги плати сите износи кои ѝ ги должи на БАНКАТА согласно овој ДОГОВОР:
(a) ќе ги користи средствата од ЗАЕМОТ согласно законите и интерните прописи кои се обврзувачки за него;
(b) ќе обезбеди дека ВЛАДАТА: (i) се обврзува да ги плати сите обврски за плаќање што произлегуваат од овој ДОГОВОР; (ii) се обврзува да ги спроведе сите потребни постапки за обврските за плаќање кои ќе произлезат од овој ДОГОВОР да бидат законска, важечка, спроведлива обврска на Република Северна Македонија; и (iii) се обврзува да го обезбеди износот за годишните обврски за плаќање во државниот буџет на Република Северна Македонија за целото времетраење на овој ДОГОВОР;
(c) ќе ги користи средствата од Заемот согласно законите и интерните прописи кои се обврзувачки за него и нема да ги користи, директно или индиректно, средствата од Заемот за која било цел со која би се повредиле законите, ЗАКОНИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА или кои било САНКЦИИ;
(d) веднаш ќе ѝ ги достави на БАНКАТА кои било финансиски информации коишто БАНКАТА може разумно да ги побара во врска со овој ДОГОВОР;
(e) ќе ја извести БАНКАТА за настанувањето на кој било НАСТАН НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ или НАСТАН НА ПРЕКИН веднаш штом ќе добие сознание за истите;
(f) ќе ја извести БАНКАТА, веднаш штом тоа е изводливо, во пишана форма, за сите околности коишто влијаат врз неговиот правен или финансиски статус коишто може да имаат СУШТИНСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ;
(g) ќе обезбеди дека кој било од неговите наследници во поглед на неговите обврски и финансиски обврски што произлегуваат од овој ДОГОВОР се заеднички и поединечно одговорни за сите обврски за плаќање кои ЗАЕМОПРИМАЧОТ ѝ ги должи на БАНКАТА;
(h) на барање на БАНКАТА, веднаш ќе и ги обезбеди сите информации, коишто може да бидат релевантни во врска со работењето на ЗАЕМОПРИМАЧОТ во поглед на овој ДОГОВОР;
(i) ќе ги спроведува своите деловни активности во согласност со законите за СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА и САНКЦИИ и ќе води политики и постапки подготвени за унапредување и постигнување усогласеност со таквите закони; и
(j) и нема:
(i) директно или индиректно да го употребува, дава на заем, како придонес или на друг начин да го става на располагање кој било дел
од средствата од ЗАЕМОТ или друга трансакција предвидена со овој ДОГОВОР:
a. на кој било субјект регистриран во ЕУ;
b. коj работи со кое било лице кое е САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ;
c. за целите на финансирање на какви било трговски, деловни или други активности коишто го вклучуваат, или се во корист на, кое било САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕ;
d. коja било трансакциja, активност или постапувања коишто би биле забранети со САНКЦИИ; или
e. на кој било друг начин со којшто разумно би се очекувало да резултира со повреда на кои било САНКЦИИ од која било ДОГОВОРНА СТРАНА;
(ii) да се вклучи во која било трансакција со којашто се избегнуваат или одбегнуваат, или којашто има за цел избегнување или одбегнување, или со којашто се повредуваат или се има намера да се повредат, директно или индиректно, кои било САНКЦИИ; или
(iii) да финансира ниту едно или дел од кое било плаќање во врска со овој ДОГОВОР со средствата остварени преку деловна активност или трансакции со кои било САНКЦИОНИРАНИ ЛИЦА, или преку кое било дејствие со кое што се повредуваат кои било САНКЦИИ,
и ЗАЕМОПРИМАЧОТ обезбедува дека се воспоставени соодветни и разумни контроли и заштитни мерки подготвени за спречување на кое било преземено дејствие што би било спротивно на потставовите погоре.
XIII.3. ЗАЕМОПРИМАЧОТ потпишува потврда на долг во врска со своите обврски што произлегуваат од овој Договор која суштински е во обликот утврден во ПРИЛОГ 3 (Образец на потврда за долг) од овој ДОГОВОР во облик на приватна исправа во рок од 1 (еден) РАБОТЕН ДЕН откако износот на ЗАЕМОТ ќе се исплати на банкарската сметка на ЗАЕМОПРИМАЧОТ наведена во БАРАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ.
XIII.4. Во рок од 10 (десет) локални работни дена по датумот на овој ДОГОВОР, ЗАЕМОПРИМАЧОТ доставува известување до НБРСМ за евидентирање на склучениот ДОГОВОР, со задолжително поднесување на следните документи: (а) овој ДОГОВОР; (б) пополнети обрасци во согласност со насоките на НБРСМ; и (в) други документи по барање на НБРСМ.
XIII.5. ЗАЕМОПРИМАЧОТ ја известува НБРСМ за користење на ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА не подоцна од 5 (пет) локални работни дена од денот на ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА.
XIII.6. Не подоцна од 5 (пет) локални работни дена од денот на секое плаќање, ЗАЕМОПРИМАЧОТ ја известува НБРСМ за: (а) кое било плаќање или предвремена отплата на камата и/или главница од ЗАЕМОТ; (б) кое било извршено пребивање во рамките на овој ДОГОВОР; и (в) раскинување на овој ДОГОВОР.
ЧЛЕН XIV. - ДАВАЧКИ, ДАНОЦИ И ТРОШОЦИ
XIV.1. ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги плаќа сите давачки, даноци или надоместоци коишто произлегуваат со потпишувањето и извршувањето на овој ДОГОВОР во Република Северна Македонија.
XIV.2. Кое било и сите плаќања извршени од страна на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР, особено плаќањата во поглед на главницата и каматата, се плаќаат во целост – односно без каков било одбиток на име тековни и идни даноци, такси, царина, давачки, одбитоци, задршки или други плаќања од каква било природа, воведени, наплатени, задржани или пресметани од страна на или во рамки на земјата на ЗАЕМОПРИМАЧОТ или која била нејзина административна единица или даночен орган.
XIV.3. Доколку ЗАЕМОПРИМАЧОТ е обврзан согласно закон да одбие или задржи кој било износ од кое било такво плаќање, ЗАЕМОПРИМАЧОТ го зголемува износот на таквото плаќање до степенот до кој е потребно да се обезбеди дека БАНКАТА ќе добие износ без каков било одбиток или задршка, еднаков на износот којашто би го добила доколку не се направи или не се побара да се направи таквиот одбиток или задршка.
XIV.4. Освен каматата, трошоците и плаќањата од кој било вид наведени во овој ДОГОВОР коишто ЗАЕМОПРИМАЧОТ треба да ги плати и изврши, трошоците за кои било давачки, даноци или плаќања согласно законите и регулативите на Унгарија не се на товар на ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
XIV.5. Сите трошоци, банкарски или административни надоместоци, провизии, наплатени даноци и други трошоци во врска со склучувањето, спроведувањето, извршувањето на овој ДОГОВОР, со плаќањата, ратите од главницата, каматите во врска со овој ДОГОВОР, ги плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ во Република Северна Македонија до оној степен до кој е дозволено со применливото право или ја обесштетува БАНКАТА во случај БАНКАТА да мора да се изложи на такви надоместоци, провизии или други трошоци согласно применливото право.
XIV.6. ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги плаќа сите разумни и документирано докажани надоместоци и ПРОВИЗИЈА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРАВНИ УСЛУГИ на коишто е изложена БАНКАТА во врска со спроведувањето или заштитата на кои било права од овој ДОГОВОР, вклучувајќи ја, но не ограничувајќи се на, обврската за спроведување постапка за наплата на долг, надоместокот за трошоци при наплата на долговите на кои е изложен извршителот и/или адвокатот, други нотарски трошоци и ПРОВИЗИЈА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРАВНИ УСЛУГИ, надоместоци и трошоци за арбитража, доколку релевантниот надлежен суд за арбитража согласно ЧЛЕН XXIII. (Постојаниот арбитражен суд во Хаг) донесе одлука за таа цел во контекст на спроведување/заштита. БАНКАТА му дава на ЗАЕМОПРИМАЧОТ извештај со достаточни податоци за гореспоменатите трошоци.
ЧЛЕН XV. - ПРЕКИН, РАСКИНУВАЊЕ И НАСТАНИ НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ
XV.1. БАНКАТА има право, по своето апсолутно дискреционо право, да ги прекине сите видови на повлекување средства и да го прекине или отповика правото
на ЗАЕМОПРИМАЧОТ за повлекување средства – со или без примена на санкции по основ на раскинување како што е предвидено во ЧЛЕН XV.3. подолу – доколку настанат или продолжат кои било од следните т.н. „политички ризици“ (НАСТАНИ НА ПРЕКИН) коишто би можеле да имаат, според разумно мислење на БАНКАТА, СУШТИНСКО МАТЕРИЈАЛНО ВЛИЈАНИЕ:
- настани на политички ризици
o каква било забрана за конвертирање на која било валута, или должничко олеснување или репрограмирање на долг врз основ на меѓународна одлука; или
o војна, граѓанска војна, бунт, револуција, побуна, граѓански немири или слични политички случувања;
- постои основано сомневање за сторено кривично дело или друго незаконско дело (на пр. поткуп и слични кривични дела (членови 290-297 од КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК), злоупотреба на положба (член 298 од КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК)) или обид за кои било од нив, што резултира со кривична или друга постапка; или
- промена на околностите што според разумното мислење на БАНКАТА ја прави мала веројатноста ЗАЕМОПРИМАЧОТ да биде во можност да изврши која било обврска од овој ДОГОВОР.
За целите на оваа одредба, горенаведените политички ризици може да бидат земени предвид доколку настанат во Републиката Северна Македонија или во земја во која се извршува договор согласно одреден договор, како и во земја што припаѓа на меѓународна организација којашто ќе го исплати неизмиреното побарување или којашто служи како земја-транзит или организација за плаќања.
XV.2. БАНКАТА по таквото дадено известување до ЗАЕМОПРИМАЧОТ - по своето апсолутно дискреционо право - има и право да ги прекине сите видови на повлекување на средства и го прекине и отповика правото на ЗАЕМОПРИМАЧОТ за повлекување, ако се случат НАСТАНИ НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ и истите траат.
Со остварување на правото на прекин од страна на БАНКАТА истото не ја спречува БАНКАТА да го оствари своето право на прекин од овој ЧЛЕН поради истата или друга причина и нема да го ограничи спроведувањето на кои било одредби од овој ДОГОВОР.
XV.3. БАНКАТА ќе има право да изјави дека сите нејзини обврски според овој Д ОГОВОР престануваат, при што сите тие обврски веднаш престануваат и/или изја вува дека отплатата на неизмирените износи според ДОГОВОРОТ веднаш доспева, при што таквата отплата веднаш доспева и се врши заедно со сите пресметани камати до датумот на таквата отплата и сите други износи што ги плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ во согласност со овој ДОГОВОР, вклучително и надоместот на штета што произлегува од прекинот и/или раскинувањето на овој ДОГОВОР, доколку се случат или се во тек кој било од следните настани на неизвршување обврски (НАСТАНИ НА НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ):
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги користи ЗАЕМИТЕ за ЗАБРАНЕТИ АКТИВНОСТИ;
- со влошување на финансиската состојба на ЗАЕМОПРИМАЧОТ се загрозува можноста за отплата на ЗАЕМОТ;
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ ја довел во заблуда БАНКАТА со наведување лажни факти, прикривање податоци или на друг начин при утврдување на износот на ЗАЕМОТ;
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ не го плати, се заканува дека ќе го прекине или ја прекинал исплатата на кој било износ што ѝ се должи на БАНКАТА, освен доколку неговото неплаќање е предизвикано од административна или техничка грешка или настан на нарушување а плаќањето се врши во рок од 3 (три) РАБОТНИ ДЕНА од датумот кога истото доспева;
- според разумното мислење на БАНКАТА, ЗАЕМОПРИМАЧОТ веројатно не е во можност да изврши некоја од своите обврски за плаќање според овој ДОГОВОР;
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ не ги извршува обврските според којa било од неговите други одредби, изјави, гаранции или обврски коишто треба да се договорат според овој ДОГОВОР или коишто се отфрлаат со овој ДОГОВОР;
- извршувањето на која било обврска според овој ДОГОВОР е, или за кое постои опасност да стане незаконско, нелегално, забрането или неспроведливо според важечките закони или според толкувањето на тие закони од кој било владин или друг официјален орган или кој било суд што има јурисдикција за истото;
- ЗАЕМОПРИМАЧОТ не ги извршува обврските според кој било друг договор којшто се однесува на финансиска задолженост, или доколку која било обврска на ЗАЕМОПРИМАЧОТ во врска со финансиската задолженост предвремено доспева, или не е платена кога доспева или пак доколку настане какво било право на страната на кој било друг доверител на ЗАЕМОПРИМАЧОТ да го прекине или да ја раскине својата обврска кон ЗАЕМОПРИМАЧОТ или има право на предвремено доспевање на која било обврска на ЗАЕМОПРИМАЧОТ во врска со финансиската задолжeност;
- настане или се прогласи мораториум, мирување или откажување во однос на целокупното или која било финансиска задолженост на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, или пак ЗАЕМОПРИМАЧОТ е или признава дека не е во можност да го плати кој било дел од финансиската задолженост како што доспева, или ЗАЕМОПРИМАЧОТ започнува преговори со сите или кои било доверители со цел да се репрограмира новата финансиска задолженост или нешто слично;
- се воведат какви било закони или прописи коишто забрануваат или на друг начин ја ограничуваат конверзијата, преносот или плаќањето на износите во евра кои доспеваат и ѝ се плаќаат на БАНКАТА според овој ДОГОВОР;
- доколку во врска со овој ДОГОВОР постои основано сомневање за сторено кривично дело или друго незаконско дело (на пр. поткуп и слични кривични дела (членови 290-297 од КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК), злоупотреба на положба (член 298 од КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК), фалсификување на службени или приватни документи (член 342 од КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК) или обид за кој било од нив) што резултира со кривична или друга постапка;
- каква било административна, владина, регулаторна или друга истрага, постапка или настан што има или е разумно веројатно дека ќе резултира во СУШТИНСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ;
- политички ризични настани
o каква било забрана од која било држава или влада (вклучувајќи ја и ВЛАДАТА) за конверзија на која било валута, или какво било должничко олеснување или репрограмирање на долгот, извршено врз основа на меѓународна одлука; или
o војна, граѓанска војна, бунт, револуција, побуна, граѓански немири или слични политички настани;
- промена на околностите што според разумното мислење на БАНКАТА ја прави мала веројатноста ЗАЕМОПРИМАЧОТ да биде во можност да ja изврши која било обврска од овој ДОГОВОР;
- правата или правните лекови на БАНКАТА според овој ДОГОВОР или важењето или спроведливоста на овој ДОГОВОР или ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО се ограничени.
Доколку овој ДОГОВОР биде еднострано раскинат од страна на БАНКАТА врз о снова на одредбите од овој ЧЛЕН, тогаш ЗАЕМОПРИМАЧОТ нема право да о ствари какво било побарување против БАНКАТА по основ на раскинување или во врска со тоа, под услов причините на БАНКАТА да се основани кога упатува на н екој од горенаведените ставови од овој ЧЛЕН XV.3.
XV.4 Доколку БАНКАТА утврди разумен временски рок за ЗАЕМОПРИМАЧОТ да ги отстрани причините наведени во ЧЛЕН XV.3, според кои БАНКАТА има п раво да го раскине овој ДОГОВОР, а овој временски период истекува без да се о тстранат причините што ќе биде задоволително за БАНКАТА, ЗАЕМОПРИМАЧ ОТ нема право да го смета ова како откажување од правото на БАНКАТА да го ра скине овој ДОГОВОР. Со доделување на овој временски период, БАНКАТА не е лишена од никакво право што може да го поседува за да бара надомест на штета од ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
ЧЛЕН XVI. - ИЗМЕНА НА ЗАКОН
Доколку, поради каква било измена на важечки закон или пропис, се зголемат трош оците за БАНКАТА за доделување, склучување или зачувување на овој ДОГОВОР, тогаш
(a) ЗАЕМОПРИМАЧОТ ѝ ги плаќа на БАНКАТА таквите дополнителни износи коишто БАНКАТА потврдува дека ќе му ги надомести по цена на и сполнување на таквите барања доколку зголемувањето е предизвикано од и змената на законите во Република Северна Македонија,
(b) БАНКАТА ги сноси сите трошоци во случај зголемувањето да е предизвикано од измена на законите во Унгарија.
ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги презема сите потребни активности со цел да се осигура де ка трошоците за БАНКАТА за доделување, склучување или одржување на овој ДОГ ОВОР се соодветно вклучени и се сметаат за постојни и платливи во целост, во согл асност со законот.
ЧЛЕН XVII. - ОТКАЖУВАЊА И ИЗМЕНИ
XVII.1. Ниту едно одложување или пропуст на БАНКАТА во остварувањето на кое било право, овластување или привилегија што ги поседува во однос на ЗАЕМОПРИ МАЧОТ не доведува до нарушување на таквото право, овластување или привилегиј
а ниту пак ќе се толкува како откажување од истите и секое еднократно или делумно остварување на кое било такво право, овластување или привилегија не го спречува кое било друго или натамошно остварување на истите или пак остварувањето на кое било друго право, овластување или привилегија. Правата и правните лекови предвидени со овој ДОГОВОР се кумулативни и не вклучуваат никакви права или правни лекови предвидени со закон.
XVII.2. ЗАЕМОПРИМАЧОТ генерално се откажува од сите имунитети коишто тој или неговиот имот или приходи може да ги имаат во која било јурисдикција вклучу вајќи го и имунитетот во однос на:
(a) одобрување на каква било олеснувачка околност по пат на судска забрана или налог за одредено извршување или за поврат на имотот или приходите; и
(b) прашањето за кој било процес против неговиот имот или приходи за спроведување на пресудата или арбитражната одлука или при тужба за поврат на имот заради заплена, задржување или продажба на кој било од не говиот имот и приходи.
XVII.3. ЗАЕМОПРИМАЧОТ е согласен дека во секоја постапка, ова откажување има најширок опсег на примена одобрено со законите на соодветната јурисдикција, и дека ова откажување е наменето да биде неотповикливо.
XVII.4. Секоја измена на условите од овој ДОГОВОР мора да биде во писмена форма и прописно потпишана од сите ДОГОВОРНИ СТРАНИ тука, во согласност со локалните закони и прописи.
ЧЛЕН XVIII. - ИЗВЕСТУВАЊА
XVIII.1 Секое барање или друго известување дадено во согласност со овој ДОГОВ ОР се изготвува во писмена форма и, освен доколку не е поинаку изречно наведен о во овој ДОГОВОР, се доставува преку препорачана пошта или меѓународна етаблирана курирска поштенска служба, адресирано во согласност со долунаведен ите информации за контакт или во согласност со други информации за контакт дос тавени до другата ДОГОВОРНА СТРАНА најмалку 10 (десет) работни дена одна пред:
Доколку се доставува до ЗАЕМОПРИМАЧОТ:
Во име на ВЛАДАТА, министерството за финансии
улица „Даме Груев“, број 12, Скопје, Република Северна Македонија До: Министерката за финансии, Гордана Димитриеска - Кочоска Електронска пошта: cabinet@finance.gov.mk
Телефон: + 389 2 3255 603
доколку се доставува до БАНКАТА:
Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност
Nagymező u. 46-48.
1065, Будимпешта Унгарија
До: Извоз, осигурување и меѓународни односи
Име | Функција | Електронска пошта | Тел |
Ева Кабаи | Директор | +36 30 822-1673 | |
[●] | [●] | [●]@exim.hu | +36 [●] |
[●] | [●] | [●]@exim.hu | +36 [●] |
XVIII.2 Освен доколку не е поинаку изречно предвидено тука, ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ не може да користат факс за да испратат какво било известување според овој ДОГОВОР. Сите известувања, барања, побарувања или други дописи во врска со овој ДОГОВОР ќе бидат на англиски јазик.
ЧЛЕН XIX. - ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА
Овој ДОГОВОР влегува во сила на ДАТУМОТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ.
Член XX. - OТСТАПУВАЊA
XX.1 ЗАЕМОПРИМАЧОТ не може да отстапи или пренесе ниту едно од своите права или обврски што се должат од или кон БАНКАТА според овој ДОГОВОР без претходна писмена согласност на БАНКАТА.
XX.2. БАНКАТА не може да отстапи или пренесе ниту едно од своите права или обврски што се должат од или кон ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР без претходна писмена согласност на ЗАЕМОПРИМАЧОТ, при што добивањето на таквата согласност не смее неразумно да се одбива или одложи, и посебен закон на Република Северна Македонија. По таквото отстапување или пренос, лицето на кое му се отстапува или лицето на кое му се врши пренос до степенот на таквото отстапување или пренос ги поседува обврските, правата и бенефициите на БАНКАТА, и БАНКАТА до степенот на таквото отстапување или пренос, се ослободува од сите свои обврски што ги должи на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според о вој ДОГОВОР.
ЧЛЕН XXI. - ПРЕБИВАЊЕ
XXI.1. Без да е во противречност со кои било други права доделени на БАНКАТА според закон или според кои било други договори склучени со ЗАЕМОПРИМАЧОТ, БАНКАТА ги има следните права што може да ги оствари во секое време:
(a) правото да пребие каква било доспеана обврска што ЗАЕМОПРИМАЧОТ ѝ ја должи на БАНКАТА (до степен до кој е стварен корисник на истата) со која било доспеана обврска што БАНКАТА му ја должи на ЗАЕМОПРИМАЧОТ без разлика на местото на плаќање или валутата на која било од тие обврски.
(b) правото, кога обврските наведени во ставот (а) погоре се во различни валут и, да се конвертира која било од обврските по пазарниот курс што БАНКАТ А разумно го избира за целите на пребивањето; и
(c) правото, кога која било обврска од став (а) погоре е неутврдена или непотврдена, да го пребие износот што тој со добра намера го проценил как о износ на таквата обврска.
XXI.2. БАНКАТА не е обврзана да ги оствари сите права доделени или потврдени тука, сепак, БАНКАТА веднаш го известува ЗАЕМОПРИМАЧОТ за секое оствар ување или наводно остварување на кое било право на пребивање со целосни детали за истото.
ЧЛЕН XXII. - ПРОПИСИ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ
XXII.1. Прописи за деловно работење и целосниот договор
Општите услови на договорот на БАНКАТА во врска со давањето земи (на унгарски: “Hitelezéssel Kapcsolatos Általános Szerződési Feltételek”) и нејзините прописи за деловно работење (на унгарски: “Üzletszabályzat”) (во понатамошниот текст заеднички наведени како „општи услови“ или „ОУ“) сочинуваат нераскинлив дел од овој Договор и се применуваат на овој ДОГОВОР. ОУ од датумот на овој Д ОГОВОР се вклучени во ПРИЛОГ 1 (Општи услови на Ексим банка). Одредбите н аведени во ОУ се обврзувачки за ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ, освен доколку ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ изречно не се договорат поинаку во писмена форма. Во случај на какво било несовпаѓање во условите за поголемиот дел од текстот на овој ДОГОВОР и Општите услови, преовладуваат одредбите од овој ДОГОВОР.
XXII.2. Прифаќање на Општите услови
Со потпишувањето на овој ДОГОВОР, ЗАЕМОПРИМАЧОТ потврдува дека ги пр езел, прочитал, разбрал и прифатил сите одредби од Општите услови и дека заедно со БАНКАТА ги разгледале новите одредби коишто се разликуваат од вообичаенит е пазарни практики или оние со кои еднострано се дефинира одговорноста на БАНКАТА, и дека ЗАЕМОПРИМАЧОТ ги потврдил и прифатил истите. Понатаму, ЗАЕМОПРИМАЧОТ изречно ги потврдува и прифаќа одредбите наведени во поглавјето наречено заштита на податоци и управување со податоци, снабдување со информации за Општите услови и со ова ѝ ги доделува овластувањата дефинирани тука на БАНКАТА.
ЧЛЕН XXIII. - МЕРОДАВНО ПРАВО И РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ
XXIII.1 Овој ДОГОВОР се регулира со законите на Унгарија.
XXIII.2. Доколку настане каков било спор помеѓу договорните страни во врска со толкувањето, примената или извршувањето на овој ДОГОВОР, вклучувајќи го неговото времетраење, важење или раскинување, која било од ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ може да го поднесе спорот до конечна и обврзувачка арбитража во согл асност со арбитражните правила на Комисијата на ОН за Меѓународно Трговско Право (UNCITRAL) од страна на Постојаниот арбитражен суд во Хаг.
Бројот на арбитри изнесува 3 (три).
Местото на арбитража е Хаг, Холандија, јазикот што ќе се користи во арбитражнат а постапка е англиски. Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд е назначениот орган.
ЗАЕМОПРИМАЧОТ неотповикливо подлежи на исклучива јурисдикција на горенаведениот Арбитражен суд и неотповикливо се откажува од какво било побарување за несоодветноста на местото на арбитража.
ЗАЕМОПРИМАЧОТ и БАНКАТА неотповикливо се согласуваат дека, доколку настане каква било постапка тука (без разлика дали заради судска забрана, одредено извршување, надомест на штета или друго), не се доделува имунитет (до степен до кој може да постои во секое време, без разлика дали по основ на суверенитет или н а друг начин ) од тие постапки, заплена (без разлика дали како извршно дејствие, пред донесување на пресуда, или поинаку) на имотот на ЗАЕМОПРИМАЧОТ и/и ли на БАНКАТА, или таквиот имунитет со ова неотповикливо се укинува.
ЧЛЕН XXIV. РАЗНО
XXIV.1 Опис на обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
Обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ се независно и целосно одвоени од кој било д руг документ или договор во однос на кој се користи ЗАЕМОТ, и соодветно на то а, обврските на ЗАЕМОПРИМАЧОТ (вклучувајќи ги и неговите обврски за плаќа ње) не подлежат ниту пак зависат од користењето на ЗАЕМОТ.
XXIV.2. Овој ДОГОВОР се раскинува со целосна отплата на сите износи и доспеаната камата повлечени во рамките на ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА (о свен кога е поинаку договорено од ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ, или кога овој ДО ГОВОР еднострано се раскинува според условите од овој ДОГОВОР). Сепак, едностраното раскинување на овој ДОГОВОР не би значело дека БАНКАТА се о ткажува од своето побарување за отплата на кој било или сите износи и нивната до спеана камата повлечени според овој ДОГОВОР до датумот на раскинување, како и од нејзиното побарување за какво било обесштетување против ЗАЕМОПРИМАЧОТ.
[ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е СТРАНИЦАТА СО ПОТПИСИ]
Овој ДОГОВОР е составен од 4 (четири) оригинални примероци на англиски јазик. Потпишан во [●], на [●] 2024 година
Име: Гордана Димитриеска- Кочоска
Функција: Министер за финансии
Во име на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Потпишан во [●], на [●] 2024 година
Име: Име:
Функција: Функција:
Во име на УНГАРСКА ЕКСПОРТ - ИМПОРТ БАНКА ПРИВАТНО ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ (MAGYAR EXPORT-IMPORT BANK ZÁRTKÖRŰEN MŰKÖDŐ RÉSZVÉNYTÁRSASÁG)
Јас, долупотпишаната, Гордана Димтриеска-Кочоска, како овластен потписник во име на ЗАЕМОПРИМАЧОТ според овој ДОГОВОР со ова (i) изјавувам дека ц елосно го разбираме англискиот јазик и дека сме целосно свесни, потврдуваме и с о овој потпис целосно и обврзувачки ја прифаќаме содржината на овој ДОГОВОР (вклучувајќи ги Прилозите и соодветните закони наведени во истиот) во согласност со важечките закони, (ii) со целосна одговорност изјавувам дека овој ДОГОВОР резултира со обврски (особено, но не ограничувајќи се на обврските за плаќање) за Република Северна Македонија, и таквите обврски остануваат во полна сила и важење во согласност со овој ДОГОВОР сѐ додека тие обврски не бидат целосно, конечно и неотповикливо платени или исполнети (како што е применливо), без р азлика на каква било промена во Владата на Република Северна Македонија, и (iii) потврдувам и прифаќам дека БАНКАТА го склучува овој ДОГОВОР врз основа на оваа изјава, како целосна и вистинита.
Место и датум: [●], [●] 2024 година
Име: Гордана Димитриеска- Кочоска Функција: Министер за финансии
што ја застапува Република Северна Македонија
Печат/жиг:
ПРИЛОГ 1 Општи услови на Ексим банка
ПРИЛОГ 2 Образец на барање за користење
Од: [●]
До: Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност
Склучен на: [●] 2024 година
Почитувани,
500.000.000 Договор за заем на [●] 2024 година („Договорот”)
1. Упатуваме на Договорот. Ова претставува барање за користење. Поимите дефинирани во Договорот го имаат истото значење во ова барање за користење освен доколку не е дадено поинакво значење во ова барање з а користење.
2. Би сакале да ни одобрите заем под следните услови:
3.
Предложен датум за повлекување средства:
[●] (или доколку не е работен ден, следниот работен ден)
Валута на заемот: Евро
Износ: [500,000,000]
4. Средствата од овој заем треба да се префрлат на Корисникот: [●]
Број на сметката на НБРСМ: [●] Банка: [●]
SWIFT код. [●] Посредник: [●]
5. Ова барање за користење е неотповикливо.
Со почит,
Име: [●] Функција: [●]
што ја застапува Република Северна Македонија
ПРИЛОГ 3 Образец на Потврда за долг
Примател: Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност според Договорот за заем (како што е дефиниран подолу)
Долупотпишаниот („Заемопримач“) како заемопримач, со ова потврдува дека заемопримачот го склучил Договорот за заем на [●] 2024 година („Договор за заем“) со Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност („Заемодавец“) со кој Заемодавецот се сложил да му додели на заем опримачот финансиска поддршка во вид на заем во евра во вкупен износ на главницата до 500.000.000 евра, според условите од Договорот за заем.
1. Освен доколку тука не е поинаку дефинирано, условите што се користат со големи букви во оваа потврда за долг го имаат истото значење како што се користи во Договорот за заем.
2. Заемопримачот со ова изречно потврдува дека од [да се внесе датумот на потпишување на оваа потврда за долг] заемопримачот ѝ должи на Банката 500.000.000 евра (односно петстотини милиони евра) како неизмирен износ на главницата позајмен според Договорот за заем (изјава за потврда за долг; на унгарски: „tartozáselismerő nyilatkozat”).
3. Заемопримачот со ова неотповикливо и безусловно потврдува и се обврзува, во корист на Банката, прописно да ги извршува и исполнува сите обврски на заемопримачот што произлегуваат од Договорот за заем, и со ова ги повторува и повторно потенцира истите обврски што се преземаат во Договорот за заем, вклучувајќи ја обврската за отплата на заемот во согласност со Договорот за заем.
4. Заемопримачот со ова потврдува дека нема спор во врска со средствата од з аемот што се повлекуваат според Договорот за заем.
5. Оваа потврда за долг и кои било недоговорни обврски што произлегуваат од или во врска со истото се регулираат со унгарски закон.
[место, датум]
Име: [Гордана Димитриеска- Кочоска]
Функција: Министер за финансии
што ја застапува Република Северна Македонија
ПРИЛОГ 4 Образец на правно мислење
Бр.
Датум: Скопје
До: Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност
За:
Предмет: Правно мислење за Договорот за заем склучен помеѓу Република Северна Македонија, застапувана од министерството за финансии и Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност,
Почитувани,
На (датум), Република Северна Македонија, претставувана од министерот за фина нсии, и Унгарска Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност (во натамошниот текст: Банка) склучија Договор за заем бр
. .
Bo врска со овој Договор, со истиот го споделувам следното мислење:
Според член 119, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија е овластен да склучува меѓународни договори, и во согласност со став 2 од истиот член, Владата на Република Северна Македонија може да склучува меѓународни договори, кога е тоа утврдено со закон. Во согласност со став 1, член 16 од Законот за јавен долг („Службен весник на Република Македонија“, броеви 62/05, 88/08, 35/11 и 139/14 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“, броеви 98/19 и 151/21), Владата на Република Северна Македонија склучува договор за заем во име на Република Северна Македонија, додека пак министерот за финансии го потпишува таквиот договор во име на Владата на Република Северна Македонија.
Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската Експорт - Импорт Банка приватно друштво со ограничена одговорност според Договорот за заем беше усвоен од Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на (датум), и објавен во „Службениот Весник на Република
Северна Македонија“, бр. (датум). Законот влезе во сила на
(датум).Договорот за заем беше потпишан од министерот за финансии на Република Северна Македонија на (датум).
Врз основа на горенаведеното, сметам дека соодветно се преземени сите владини активности потребни за извршување и доставување на Договорот за заем, Договорот за заем е соодветно одобрен од страна на, и извршен и доставен во име на Република Северна Македонија, од министерот за финансии, и претставува важечки и законски обврзувачки обврски за Република Северна Македонија во согласност со предметните услови во истиот.
Со почит,
МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА
Прилози:
1. Член 119, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија;
2. Член 16, став 1 од Законот за јавен долг („Службен весник на Република Македонија“, бр. 62/05, 88/08, 35/11 и 139/14 и („Службен весник на Република Македонија“, броеви 98/19 и 151/21); и
3. Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај според Договорот за заем („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. ).