Contract
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
Бр. 25-736
02.05.2014
год.
С К О П Ј Е
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 7/2014
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ, ГРАДЕЖНО ЗАНАЕТЧИСКИ И ИНСТАЛАЦИСКИ РАБОТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РЕКТОРАТОТ, ДОМОТ ЗА ДОКТОРАНДИ, ЛЕКТОРСКА ЗГРАДА, КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД И ПАЛАТА КУЗМАН ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Критериум: најниска цена
Скопје, мај, 2014
С о д р ж и н а
Покана за поднесување понуда 3
Инструкции за економските оператори 4
Способност на економските оператори 11
Подготовка и поднесување на понуда 17
Технички спецификации (Прилог 2) 28
Модел на Договор (Прилог 3) 31
Образец на Понуда (Прилог 4) 36
Финансиска понуда 38
Образец на листа на доверливи информации (Прилог 5) 39
Образец на општи информации (Прилог 6) 40
Образец на договори од слична природа (Прилог 7) 41
Образец на постојани договорни обврски од иста или слична природа
кои се во тек (Прилог 8) 42
Образец на ангажиран технички персонал, технички органи и стручни
лица (Прилог 9) 43
Образец на кратка биографија на ангажирани лица (Прилог 10) 44
Образец за економска и финансиска состојба (Прилог 11) 45
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 12) 47
Изјава за независна понуда (Прилог 13) 48
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со адреса на бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, 1000 Скопје, телефон за контакт 00-0000-000, факс 00- 0000-000, електронска адреса xxx.xxxx.xxx.xx, има потреба од набавка на услуги- тековно одржување, градежно занаетчиски и инсталациски работи за потребите на Ректоратот, Домот за докторанди, Лекторска зграда, Конгресен центар во Охрид и Палата Кузман при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/12, 15/13 и 148/13), за што објави оглас број 7/2014.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 26.05.2014 во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор, изјава за независна понуда и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 26.05.2014 година во 10.00 часот во просториите на Ректорат на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје
02.05.2014 година
Комисија за јавни набавки Претседател
Проф.д-р Xxxx Xxxxxxxxxx
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште на адреса: бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, телефон 00-0000-000, факс 02-3293- 202, електронска пошта xxxx@xxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxxx Xxxxxxxx, телефон
00-0000-000, факс 00-0000-000, електронска пошта xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на Услуги за тековно одржување, градежно занаетчиски и инсталациски работи за потребите на Ректоратот, Домот за докторанди, Лекторска зграда, Конгресен центар во Охрид и Палата Кузман при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да се одржи, а договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број бр. 24/12, 15/13, 148/13, 28/2014 и 43/2014 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени приходи.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и
сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.9 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.10 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е
оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат: [може да се дозволи еден, комбинација од два начини или сите три начини на комуникација, соодветно да се прилагоди]
- по пошта,
- со електронски средства.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 1 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба
- техничката или професионалната способност
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од подточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од подточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од подточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест)
месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- Економскиот оператор да работи со позитивен финансиски резултат/добивка во последните три години (2011, 2012 и 2013 година).
2.4.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од подточка 2.4.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од подточка 2.4.1 или 2.4.2 со доставување на:
- извештај од билансот на состојба и податоци од билансот на успех заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба и биланс на успех, или извадоци од извештајот за билансот на состојба и билансот на успех во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- доколку извештајот на билансот на состојба со податоци за билансот за успех за 2013 година не е изготвен од Централен регистар на РМ, Економскиот оператор потребно е да ја достави завршната сметка со приемен број од Централниот регистар.
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган.
2.4.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.6 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.7 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- да биде технички опремен за вршење на видовите услуги што се предмет на набавката;
- да има стручен технички персонал соодветен на услугите што се предмет на набавката.
- референтна листа за извршени услуги или работи од ист или сличен вид, со доставување на потврди.
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од подточка 2.5.1 со доставување на:
- преглед со краток опис на техничката опременост и оспособеност на понудувачот;
- преглед на стручни лица кои ќе бидат ангажирани на спроведувањето на предметот на набавката (минимум 3 лица) ;
- референтна листа за извршени услуги или работи, со соодветни потврди за квалитетно извршени договори (минимум 3).
2.5.3 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5.4 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 За продолжување на крајниот рок, договорниот орган писмено ќе ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2
од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка 2.4 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5 од тендерската документација;
- парафиран модел на договор (Прилог 3);
- изјава за сериозност на понудата (Прилог 12);
- изјава за независна понуда (Прилог 13);
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од
понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 2 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите..
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја
потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен договор или за поништување на постапката.
4.7 . Изјава за независна понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата
4.8 Форма и потпишување на понудата
Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ и
1 копија кои ги означува со ознака „копија“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Освен во 1 оригинал и 1 копија, понудувачите својата финанскиска понуда треба да ја достават и електронски на ЦД, во Excel табела.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види
нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 26.05.2014 година, во 10.00
часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Ректорат на
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, со назнака
"За отворена постапка бр.7/2014".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата, согласно точка 4.6.5 / издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 26.05.2014 година, во 10.00 часот, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на корегирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата/ ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата [непотребното да се избрише].
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во архивата на договорниот орган.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената
на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од
200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од
300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на
приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 7 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата (доколку се барала).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање : Плаќањето е сукцесивно, во рок од 30 (триесет) дена по достава на фактурата во архивата на договорниот орган. Фактурите се доставуваат во период од 01-ви до 05-ти во тековниот месец за претходниот месец.
7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите на договорот за период од 1 (една) година од денот на потпишување на договорот согласно потребите на договорниот орган.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 5% од вредноста на договорот.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 5 дена од потпишување на договорот
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од точка 1.2.2 од тендерската документација.
7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ОБЈЕКТИ ЗА КОИ Е ПОТРЕБНА УСЛУГАТА
1.Ректорат
- Објект со службени простории
а) Објектот е лоциран во Комплексот на општествените науки, на булеварот „Xxxx Xxxxxx“ бр. 9, во Скопје. Зафаќа нето површина од 2.229,20 м2 од кои: подрумски простории 418,40 м2, приземје 374,40 м2, I кат 496,30 м2 и II кат 940,10 м2;
б) Дата на изградба: 1974 година. Објектот се употребува 39 години, и од техничка гледна точка е во задоволувачка состојба. Во текот на 1980, 1989, 2001 и 2006 година, на објектот се превземени низа екстериерни и ентериерни зафати.
2. Дом за докторанди
- Објект со станови
а) Домот за постдипломци и докторанти е лоциран на ул. Дрезденска бр. 19 (Тафталиџе 1). Се состои од 2 ламели, и тоа – ламела 1П+6+Пк и ламела 2 П+4+Пк. Објектот содржи 83 станбени единици и 18 станови за гости на Универзитетот, и тоа : 32 еднособни стана од 45,37 м2 секој, 51 гарсониера од по 29,32 м2, 3 клуб простории и стан за домарот, како и 18 стана за гости во потпокривниот кат на двете ламели, од кои 10 гарсониери и 8 еднособни станови.
б) Домот е изграден и предаден во употреба во јули 1991 година. Во текот на 2001 година изградени се становите во потпокривниот кат во двете ламели. Поради прокиснување на покривот, во текот на 2004 година е извршено препокривање, односно извршена е замена на покривната покривка.
3. Лекторска зграда
- Објект со станови
1 еднособен стан во приземје за домарот | од | 37,81 |
Еднособни на I, II, III и IV кат, 4 стана | од | 29,84 |
Гарсониери на I, II, III и IV кат, 4 стана | од | 21,63 |
Двособни на приземје, I, II, III, IV кат, 5 стана | од | 55,70 |
Двособни на приземје, I, II, III, IV кат, 10 стана | од | 48,17 |
Вкупно 24 стана со површина Б) Дата на изградба 1974/75. | од | 1003,89 |
а) Становите се наоѓаат во станбен блок од типот А-4, во населбата Аеродром, ул. Коста Новаковиќ бр.42, влез I. Тие се со следните карактеристики:
m2
m2 m2 m2 m2
m2
4. Конгресен центар – Oхрид
- Хотелски објект
а) Конгресен центар во Охрид располага со капацитет од 100 до 110 легла во 3 апартмани, 23 еднокреветни, 29 двокреветни и 5 трикреветни соби, ресторански дел со 170 седишта, две конгресни сали како и други придружни содржини.
б) Конгресниот центар се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, во месноста Лагадин, 7 км од центарот на Охрид, во непосредна близина на хотелите Белви и Метропол. Одморалиштето е изградено во 1963 година, а во 1969 станува сопственост на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје. Адаптацијата со реновирање на објектот е извршено во текот на 2007 година.
5. Xxxxxx Xxxxxx – Скопје
- Деловен простор
ПОНУДАТА ДА СОДРЖИ
Составни елементи на понудата:
1. Земјени работи
2. Ѕидарски работи
3. Бетонски работи
4. Градежна столарија и тапацирање
5. Подови – паркет и друго
6. Молерофарбарски работи
7. Лимарски работи
8. Покривачки работи
9. Керамичарски и терацерски работи
10. Стакларски работи
11. Браварски работи
12. Хидроизолатерски работи
13. Водовод и канализација со санитарии
14. Електрични работи
15. Парногреачки работи
16. Систем за наводнување со подземни прскалки
Цената треба да содржи: цена на материјалот што е потребен за услугата и цена на работната рака за извршување на услугата, по поодделните позиции од составните елементи на финансиската понуда.
Понудата освен во хартиена форма треба да се донесе и во електронска форма.
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Врз основа на член 165 од Законот за јавните набавки (Сл. весник на РМ. бр.136/2007; 130/2008; 97/2010; 53/2011, 185/2011, 148/2013, 28/2014 и 43/2014),
се склучува следниов
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со адреса: бул:
„Xxxx Xxxxxx“ бр.9, 1000 Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, во понатамошниот текст – Договорен орган
2. , со адреса: ул. , преставуван од , во понатамошниот текст – Носител на набавката.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е јавна набавка на услуги – тековно одржување, градежно занаетчиски и инсталациски работи за потребите на Ректоратот, Домот за докторанди, Лекторска зграда, Конгресен центар во Охрид и Палата Кузман при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, според спецификации кои се составен дел на тендерската документација и составен дел на овој Договор.
Овој Договор се склучува врз основа на спроведената постапка за јавна набавка, за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка, која заврши со е-аукција број, 7/2014, и доставената понуда на Носителот на набавката.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Носителот на набавката по барање на Договорниот орган во текот на важењето на овој Договор, му ги извршува услугите кои се предмет на овој Договор по единична цена со пресметан ДДВ.
Единичните цени на услугите се содржани во Понудата на Носителот на набавката, која е прифатена од страна на Договорниот орган.
Вкупната вредност на Договорот изнесува најмногу до
денари.
Во вкупната вредност не е засметан ДДВ и други јавни давачки.
Договорниот орган нема обврска да ја исполни вредноста од став три на овој член.
Останатите карактеристики се содржани во Понудата на Носителот на набавката, која е прифатена од старана на Договорниот орган.
Понудата на Носителот на набавката е составен дел на овој Договор.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година и ќе започне да важи од 2014 година.
ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Член 4
Носителот на набавката по барање на Договорниот орган во текот на важењето на овој Договор е должен сукцесивно, во согласност со потребите на Договорниот орган, да ги извршува услугите од член 1 во рок не подолг од 2 (два) дена од добиено писмено/ телефонско барање, на претходно договорена локација.
КВАЛИТЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Член 5
Во текот на извршувањето на услугите се утврдува дали соодветствува на техничките спецификации содржани во тендерската документација и Понудата.
Ако услугата не го исполнува квалитетот содржан во Понудата на Носителот на набавката, Договорниот орган ќе побара од Носителот на набавката да му изврши услуга со договорениот квалитет. Квалитетот го утврдуваат лица овластени од Договорниот орган. Со потпишувањето на овој Договор, Xxxxxxxxx на набавката е согласен дека го прифаќа наодот содржан во записникот од овластените лица и е должен да постапи по барањата од записникот.
Правото од овој член Договорниот орган го задржува во текот на важноста, односно времетраењето за кое е склучен овој Договор.
Член 6
Во случај кога услугата не е извршена во наведениот рок и/или не го исполнува квалитетот и не соодветствува со техничките спецификации во Тендерската документација и Понудата, Договорниот орган има право да:
• Бара извршување на услугата во наведениот рок и/или според понудениот квалитет;
• Раскинување на Договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпена штета;
• Набавката да ја изврши кај второ рангираниот понудувач, а на сметка на Носителот на набавката од овој Договор;
• Раскинување на Договорот и склучување на Договор со нареднорангираниот понудувач.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 7
Плаќањето од страна на Договорниот орган кон Носителот на набавката, ќе биде извршено по доставена фактура, во рок од 30 дена.
КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ
Член 8
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 9
Доколку Носителот на набавката од било која причина, нема да ја изврши услугата, Договорниот орган е овластен тие услуги да бара да ги изврши друга страна друга страна, а за сметка на Носителот на набавката.
Во случај на задоцнување во исполнувањето на обврските од страна на Носителот на набавката, тој е согласен да му плати на Договорниот орган договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на Договорот за секој ден доцнење.
Член 10
За износот на договорната казна Договрниот орган ќе му испостави на Носителот на набавката фактура, која Носителот на набавката е должен да ја плати во рок од 15 дена од денот на нејзиното пристигнување во неговата архива. Носителот на набавката се обврзува дека за задоцнето плаќање на фактурата од овој став ќе му исплати законска казнена камата на Договорниот орган за секој ден доцнење.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 11
Договорниот орган се обврзува да ги плаќа фактурите од член 7 од овој Договор на начин и во рок определен во истиот член.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 12
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата предизвикана поради неисполувањето на овој Договор, задоцнувањето во исполнување на овој Договор, поради неисправност или
недостатоци во извршување на услугата и во други случаи согласно Законот за облигациони односи и Законот за заштита на потрошувачи.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 13
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1 (еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Македонија.
Член 14
Xxxxxxx Xxxxxxxxxxxx Комисија не даде заедичко прифатливо решение сите евентуални спорови ќе ги решава надлежниот суд Скопје 2 во Скопје.
ВИША СИЛА
Член 15
Договорените страни нема да бидат одговорни за неизвршување на било какви обврски од овој Договор доколку причината за неизвршување е виша сила
– настани вон контрола на договорните страни и независни од нивната волја, кои директно влијаат на извршување на обврските од овој Договор и чија појава не е последица од невнимание на договорните страни, а кои не можело да се спречат, избегнат или отстранат.
Настаните од виша сила не се ограничени само на елементарни непогоди, туку вклучуваат и воена состојба, штрајк, ембарго.
Во случај било која од договорените страни да е спречена во исполнување на овој договор како последица од виша сила, должна е за тоа да ја извести другата договорна страна во рок од 48 часа, со индикација за причините и можното траење на настаните на виша сила. Истата постапка ќе биде применета поради известување за престанување на настаните од виша сила.
Доколку настапат настани оценети како виша сила, роковите одредени со овој Договор ќе се настојува да се прилагодат со обострано договарање на договорните страни, но во случај настаните од виша сила да траат подолго од 30 дена, Договорниот орган го задржува правото да го раскине овој Договор и истото веднаш да стапи во сила, од како писмено ќе го извести Xxxxxxxxx на набавката за тоа.
Во секој случај, доколку доцнењето предизвикано од виша сила се продолжи повеќе од 3 месеци секоја договорна страна има право по писмен пат да го раскине овој договор со што истото веднаш стапува на сила.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 16
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине Договорот.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува Договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 17
Договорните страни се согласни да ги применат највиските стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 18
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи на РМ, Тендерската документација и Понудата на Носителот на набавката.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Измени и дополни на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со Анекс - Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 20
Овој Договор е склучен во 4 (четири) истоветни примероци од кои по два за секоја договорна страна.
Договорен орган Носител на набавката Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Скопје
Р е к т о р Управител
Проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx
Прилог:
• Тендерска документација
• Понуда (ја вклучува целокупната понудена документација)
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 7/2014 објавен од страна на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на Услуги за тековно одржување и градежно занаетчиски и инсталациски работи за потребите на Ректоратот, Домот за докторанди, Лекторска зграда, Конгресен центар во Охрид и Палата Кузман при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Даночен број:
IV.1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
IV.1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.II
ЛИСТА НА ЦЕНИ И РОКОВИ НА ИСПОРАКА,
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за докажување на личната состојба,
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- докази за исполнување на економската и финансиската способност,
- докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
- парафиран модел на договор
- изјава за сериозност
- изјава за независна понуда,
- договор за групна понуда [доколку се работи за група на понудувачи],
IV.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ФИНАНСИСКА ПОНУДА:
IV.1 Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
*** НАПОМЕНА: На секој економски оператор кој што ќе подигне тендерска документација од ЕСЈН, по меил ќе му биде испратена финансиската понуда во Excel табели, која е потребно да се пополни.
IV.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
IV.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат |
доверливи | |||
VI. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ2
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
2. Адреса на седиштето:
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6.e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор:
2 Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
VII. ОБРАЗЕЦ ЗА ДОГОВОРИ ОД СЛИЧНА ПРИРОДА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ3
Економски оператор / група на економски оператори:
1. Xxxx и датум на Договорот: | ||||
2. Носител на Договорот: | ||||
3. Назив и адреса на купувачот | ||||
4. Предвидено времетраење на договорот/ подизведувањето: | ||||
5. Датум на целосно реализирање на договорот/ подизведувањето: | ||||
6. Предмет на Договорот: | ||||
7. Вредност на договорот | вкупна вредност: | самостоен изведувач: | член на група: | подизведув ач: _ _ |
8. Други податоци (ако ги има), опис или појаснување: |
3 Образецот се повторува онолку пати колку што биле барани договори и податоци за истите.
VIII. ОБРАЗЕЦ ЗА ПОСТОЈНИ ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ ОД ИСТА ИЛИ СЛИЧНА ПРИРОДА КОИ СЕ ВО ТЕК
Економски оператор / група на економски оператори:
Назив на договорот: | Вредност на договорот | Предвиден датум на завршување |
1. | ||
2. | ||
3. | ||
4. | ||
5. |
IX. ОБРАЗЕЦ ЗА АНГАЖИРАН ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ, ТЕХНИЧКИ ОРГАНИ И СТРУЧНИ ЛИЦА
Назив на економскиот оператор / група на економски оператори:
1. Општи податоци за персоналот
1. Број на просечно постојано вработени: | Година | Година | Година |
2. Број на раководен кадар: | Година | Година | Година |
3. Број на технички персонал: | Година | Година | Година |
4. Број на стручен кадар: | Година | Година | Година |
2. Технички персонал ангажиран за предметниот договор
1. Име на лицето: | 2. Работно место |
1. | |
2. |
3. Стручен кадар ангажиран за предметниот договор
1. Име на лицето: | 2. Работно место |
1. | |
2. |
4. Технички органи
1. Назив на технички орган | Дејност |
1. | |
2. |
X. ОБРАЗЕЦ НА КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ЛИЦАТА АНГАЖИРАНИ КАКО ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ И СТРУЧЕН КАДАР ОД ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР / ГРУПАТА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ ЗА ПРЕДМЕТНИОТ ДОГОВОР4
1. Економски оператор / група економски оператори | |||
2. Назив на функција / област за која се ангажира лицето | |||
3. Име на лицето | 4. Датум на раѓање | ||
5. Професионални квалификации | |||
6. Моментално вработување | Име и адреса на работодавач | ||
Телефон | Раководно лице за контакт | ||
Факс | |||
Период поминат кај работодавачот | |||
Позиција и работни задачи на лицето |
Преглед на професионалното искуство за минатите години, со посебно назначување на техничкото и раководното искуство релевантно за предметниот договор.
Од-до | Компанија/проект/позиција/релевантно техничко и раководно искуство |
4 За секое лице кое се ангажира како технички персонал или стручен кадар за извршување на предметниот договор се пополнува посебна апликација
XI. ОБРАЗЕЦ ЗА ЕКОНОМСКАТА И ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА
Назив на економскиот оператор / група на економски оператори
Економски оператор/член на група економски оператори | Назив и адреса на банка |
1. | |
2. | |
3. |
Се сумира вистинската актива и пасива во денари, ЕУР или еквивалент на ЕУР (по среден курс на НБРМ, важечки на крајот на секоја година) за претходните три години.
1. Економски оператор/член на група економски оператори | 2. Вкупна актива | 3. Тековна актива | 4. Вкупна пасива | 5. Тековна пасива |
1. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
2. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
3. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
4. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
1. Економски оператор/член на група економски оператори | 2. Вкупни приходи | 3. Промет во 5 | 4. Добивка пред оданочување | 5. Добивка по оданочување |
1. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
2. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
3. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
4. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. | Год. Год. Год. |
5 Областа која се покрива со договорот
XII. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на
понудувачот изјавувам дека
во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Овластено лице
(потпис)
XIII. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Jас, долупотпишаниот [име x
презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во oтворената постапка бр. [да се наведе бројот на огласот] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека во постапката не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на постапка за утврдување прекршочна или кривична одговорност против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Овластено лице