осигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое е склучен договор за осигурување; договaрач на осигурување - лице кое склучува договор за осигурување;
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС -сол 24-03-мк
Општи услови за осигурување фотоволтаични електроцентрали
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ И ДЕФИНИЦИИ
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење:
осигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое е склучен договор за осигурување; договaрач на осигурување - лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува;
полиса - документ за склучување на Договорот за осигурување;
премија за осигурување - паричен износ на средства кој договарачот на осигурувањето му го плаќа на осигурувачот во согласност со договорот за осигурување (во понатамошниот текст: премија);
осигурен случај - е иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик;
фотоволтаична електроцентрала - централа наменета за производство на електрична енергија од обновливи извори за сопствената потрошувачка на електрична енергија преку набавка на електрична енергија од дистрибутивната мрежа како и за испорака на вишокот електрична енергија во јавната дистрибутивна мрежа.
[2] Според овие општи услови може да се склучат следниве осигурувања:
1) осигурување од пожар и други опасности (дел I) и осигурување од прекин на работа поради пожар и други опасности (дел II);
2) осигурување од кршење на машини (дел III) и осигурување од прекин на работа поради кршење на машини (дел IV);
3) осигурување од кражба (дел V);
4) осигурување од одговорност од поседување и користење (дел VI).
[3] Овие услови се темелат врз основа на Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[4] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
I дел - ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОЖАР И ДРУГИ ОПАСНОСТИ
член 1: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурувањето е фотоволтаичната електроцентрала која е наведена на полисата и која може да биде:
1) поставена на градежни објекти или
2) изградена како самостоен објект.
[2] Предмет на осигурување се и сите компоненти на фотоволтаичната електроцентрала како: подметнувачи,
(под)конструкции, лежишта, темели, монтажен материјал (материјал потребен за прицврстување на фотоволтаичната електроцентрала, вклучително и дополнителна носечка конструкција кога електроцентралата е изградена како самостоен објект), фотонапонски модули, инвертери, трансформатори, заштитни елементи, заземјувачи, бројач на електрична енергија, уреди за управување и контрола, уреди за следење на сонцето и сите инсталации неопходни за поврзување на самите елементи и за поврзување со дистрибутивната електроенергетска мрежа.
[3] Предмет на осигурување се и трошоците за чистење и отстранување, при осигурен случај што настанал на осигурениот предмет, но не повеќе од 3% од осигурената сума. Овие трошоци ги вклучуваат неопходните трошоци за чистење на местото на штетата, за демонтирање и отстранување на оштетените и неупотребливи делови, како и трошоци за отстранување на гареж, наноси и неупотребливи делови до најблиското место каде што е дозволено депонирање. Осигурувањето не ги покрива трошоците за разградување во случај на осигурен случај на оштетени или уништени осигурени предмети, како и трошоците за отстранување на снег или мраз.
[4] Доколку е посебно договорено и е пресметана дополнителна премија, може да се осигури и следново:
1) трошоците за чистење и отстранување (како што е дефинирано во претходниот став), кои се неопходни поради уништување или оштетување на осигурените предмети, над 3% од осигурената сума;
2) трошоците за повторно инсталирање и поставување на машинската и програмската опрема поради оштетување на осигурените уреди;
[5] Предмет на осигурување по овие услови не може да бидат:
1) други градежни, инженерски објекти, згради и земјишта, дури и ако на нив е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала;
2) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти кои сè уште не се инсталирани и подготвени за употреба;
3) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти при транспорт (по пат, железница, воздух или вода);
4) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти, кои се изложени на саеми.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
член 2: осигурени опасности
[1] Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети што настанало како резултат на следниве основни опасности:
- пожар,
- удар од гром,
- експлозија,
- луња,
- град,
- поплава, порој и високи води,
- излевање на вода од инсталации,
- лизгање на земјиште, слегување на земјиште, одронување на земјиште,
- снежна лавина,
- тежина на снег и мраз,
- удар од сопствено или непознато моторно возило и сопствена или непозната работна подвижна машина,
- паѓање на воздушно летало и
- манифестации и демонстрации.
[2] Покрај горенаведеното покритие може да се склучи и пократко покритие од основното утврдено со став 1 од овој член, односно осигурувањето да покрива штети настанати само поради следниве основни опасности:
- пожар,
- удар од гром,
- експлозија и
- паѓање на воздушно летало.
[3] Доколку е посебно договорено и се пресмета дополнителна премија, осигурувањето покрива и штета предизвикана од ризик земјотрес.
[4] Осигурувањето не опфаќа:
1) индиректни штети или загуби поради настанување на осигурен случај (одговорност, казни, изгубена заработка, изгубена наемнина, изгубено време, прекин на работа, доцнење, намалување на вредноста и слични загуби);
2) оштетување поради монтажа, демонтажа, пробно стартување, пробна работа или работа пред да заврши поправката;
3) сајбер напади. Осигурувањето не покрива штета и трошоци, директно или индиректно кои произлегуваат или се предизвикани од употреба или преку работа на компјутер, компјутерски систем, компјутерски софтвер или хардвер, собирање податоци, база на податоци, микрочип, интегрирано коло или сличен уред во компјутерската или друга опрема, злонамерен код или процес или друг електронски систем како средство за предизвикување штета, без разлика дали некое од горенаведеното е во сопственост на осигуреникот;
4) терористички акт, дури и ако на несреќата влијаела друга причина или дело заедно со терористичкиот акт. Терористичко дејствување е секој насилен акт, којшто го загрозува човековиот живот, подвижен или недвижен имот и инфраструктура, и тоа со сила, насилство или закана, а се врши од политички, верски, идеолошки или слични причини и има за цел да влијае врз владата на една држава, или да ја заплашува јавноста или кој било дел од неа или да има таков ефект. Како терористичко дејствување се смета и акт што е извршен независно, како и оној што е извршен во врска со која било организација или власт. Осигурувањето исто така не покрива штета и трошоци настанати поради спречување или сузбивање на терористички дејствувања;
5) штета поради војна, настани слични на војна и непријателства, граѓанска војна и слични немири;
6) штета од нуклеарна реакција, нуклеарно зрачење или радиоактивна контаминација;
7) штета од основните опасности од осигурувањето од пожар, кои се причински поврзани со земјотрес, освен ако не е посебно договорено осигурување од земјотрес и за истото е платено дополнителна премија.
член 3: пожар
[1] Пожар е оган појавен надвор од определено огниште или оган кој го напуштил тоа место и е способен понатаму да се развива со својата сопствена сила.
[2] Не се смета дека настанал пожар и осигурувачот не е должен
да ја надомести штетата ако осигурените предмети се уништени или оштетени поради:
1) изложување на оган или топлина при обработка, преработка или друга намена (на пример, при пеглање, сушење, пржење, печење, варење, загревање, чадење и слично) или поради паѓање или фрлање на предметот во огниште (печка, шпорет и слично) или врз него;
2) прегорување, исчадување, запалување со цигари, жар, светилка, печка и слично;
3) земјотрес, освен ако не е поинаку договорено;
член 4: удар на гром
[1] Осигурувањето покрива штети кои на осигурените предмети се предизвикани од гром со својата сила или топлина, како и штети предизвикани од удар на предмети кои биле соборени од гром.
[2] Осигурувањето не покрива штети:
1) на електрични машини, апарати и електрични водови настанати поради дејство на електричната енергија од пренапон или загревање поради преоптоварување и атмосферски влијанија (статички оптоварувања и индукција поради атмосферски празнења или слични појави). Како исклучок, осигурувачот е должен да ја надомести штетата од пожар што настанал поради дејство на електрична енергија и кој по прекинот на тоа дејство самостојно би се ширел;
2) предизвикани од удар на гром со пренос на електрична енергија по електрични водови, ниту штети на осигурувачи од кој било вид, заштитни прекинувачи, одводници на пренапон, громобрански инсталации и слични уреди настанати за време на нивното нормално работење.
член 5: експлозија
[1] Експлозија е ненадејно пројавување на сила заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување. Кај садови под притисок (котли, цевки и слично) експлозија настанува во случаите кога ѕидовите на садот попуштаат во толкава мера што во моментот доаѓа до изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
[2] Осигурувањето не опфаќа штети поради:
1) минирања извршени од осигуреникот или поради дозволени минирања извршени од трети лица;
2) експлозија во просторот за внатрешно согорување (цилиндар на мотор) која настанува кај машините;
3) издувување на експлозивни гасови од печки и слични уреди;
4) експлозии кои се редовна појава во производниот процес;
5) експлозија од биолошки карактер;
6) пробивање на звучниот ѕид;
7) експлозија што настанува во садовите под притисок (котли, цевки и слично) поради дотраеност, истрошеност или преголеми наталожени наслаги на р’ѓа, каменец или талог во садот;
член 6: луња
[1] Луња се смета ветар со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час (8 степени по Бофоровата скала). Се смета дека имало луња ако ветерот во подрачјето каде што се наоѓа осигурениот предмет, кршел гранки од стебла или ги оштетил редовно одржуваните градежни објекти.
Во случај на сомневање, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот преку извештај од хидрометеоролошки завод.
[2] Осигурувањето покрива само штети предизвикани од непосредно дејство на луња или директен удар на предмети кои биле соборени врз осигурените предмети или однесени
УС-сол 24-03-мк
со луњата. Покриени се и штети настанати поради продор на врнежи низ отвори создадени со луњата.
[3] Осигурувањето од луња не опфаќа штети:
1) од навлегување на дожд, град, снег или други наноси преку отвори, освен преку отвори што настанале директно од луња;
2) поради снежни наноси или тежина на снег;
3) ако фотоволтаичната електроцентрала не е изградена на вообичаениот начин на изградба во тоа подрачје или која е слабо одржувана или дотраена.
член 7: град
[1] Осигурувањето опфаќа штети што се предизвикани кога градот со својот удар ќе го оштети осигурениот предмет така што ќе го скрши, пробие, откорне или пак осигурениот предмет ќе пукне или ќе го промени својот облик поради ударот. Покриени се и штетите од навлегување на врнежи низ отвори настанати од паѓање на град.
[2] Осигурувањето не покрива штети на лошо одржувани и дотраени фотоволтаични електроцентрали.
член 8: поплава, порој и високи води
[1] Поплава е настан кога постојаните води (реки, езера, мориња) неочекувано го поплавуваат земјиштето на кое се наоѓаат осигурените предмети, поради тоа што водата се излеала од коритото или го пробила одбранбениот насип или брана, излевање на вода поради зголемена плима и високи бранови и од надоаѓање на вода од вештачки езера.
[2] Под поплава се смета и неочекувано плавење на теренот поради стихиско слевање на вода по стрмнини, улици и патишта (порој) како последица на исклучително силни врнежи.
[3] Поплава се смета и подземна вода предизвикана од поплавување на земјиште во непосредна близина на осигурената централа.
[4] Осигурувањето покрива само штети на осигурените предмети што настанале за време на поплава или непосредно откако се повлекла водата.
[5] Доколку фотоволтаичната електроцентрала е поставена на хидроградежен објект, осигурувањето покрива и штета предизвикана од високи води.
Високи води се сметаат води кои ја надминуваат својата нормална месечна висина или својот водостој, кој го покажува најблискиот водомер. За секој месец поединечно, нормална е највисоката висина на водата или водостој за последните 20 години.
[6] Осигурувањето не ги опфаќа следниве штети што настанале:
1) поради габи настанати од влага;
2) од слегнување на земјишното тло како последица од поплава;
3) поради вода која се излеала од канализациска мрежа, освен ако до излевањето дошло поради поплава;
4) поставување на фотоволтаична електроцентрала во поплавна зона (на просторот помеѓу коритото на реката и насипот).
член 9: излевање на вода од инсталации
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале поради:
1) излевање на вода од водоводни и одводни инсталации, како и уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, пукање или откажување на уредите за управување и безбедност) на тие цевки и уреди;
2) неочекувано избивање на пареа од уредите за греење со топла вода и парно греење;
[2] Осигурувањето не опфаќа штети што настанале поради:
1) дотраеност, истрошеност и корозија;
2) габи настанати од влага;
3) лошо одржување на водоводната и канализациската
мрежа, уреди за топла вода и парно греење, како и други уреди или недоволна заштита од замрзнување и слично;
4) излевање на вода од олуци и олучни цевки, освен ако до излевањето дојде од цевка за атмосферски одвод, која што е вградена во внатрешноста на објектот;
5) недоволна заштита од смрзнување;
6) слегнување на тлото како последица од излевање на вода од водоводни цевки;
7) штети на самите водоводни и канализациски цевки, уреди и котли поради кршење или прскање;
8) поради оштетувања настанати со работа на инсталации и промена на вентили од страна на нестручни лица.
член 10: лизгање на земјиште, слегување на земјиште и одронување на земјиште
[1] Лизгање на земјиште, во смисла на овие услови се сметаат ненадејни движења на земјишната површина на коси терени со јасно видливи расцепувања и набори на земјишната површина, ако тие движења во краток временски период предизвикуваат статички опасни деформации односно оштетувања на осигурената фотоволтаична електроцентрала.
[2] Слегување на земјиште се смета ненадејно вертикално движење на земјината површина - улегнување како последица на геолошка појава.
[3] Одронување на земјиште или земјишно тло се смета геолошко отстапување или тркалање на тврди делови од земјата или земјишното тло. Сепак, во тој случај осигурувањето ги покрива само штетите што настанале поради удар од тврди делови од земјата или земјишното тло кои се откинале и при тоа ја уништиле или оштетиле осигурената фотоволтаична електроцентрала.
[4] Осигурувањето не покрива штети што настанале:
1) доколку земјиштето на кое се наоѓа фотоволтаичната електроцентрала, во моментот на склучување на договорот, во геолошка смисла веќе почнало да се лизга или слегува;
2) поради лизгање, слегување и одронување на земјиштето што било предизвикано од човекова дејност (на пример, сечење на тлото, ископ и слично);
3) поради постепено геолошко лизгање кое се согледува во помали пукнатини на објектите.
4) штети од жив песок, планински удар и уривање во поткопи, наткопи, подземни коридори и рударски јами;
5) трошоци за санација на земјиштето.
член 11: снежна лавина
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале поради лизгање на снежна маса која се откинала од планинските падини.
[2] Осигурувањето исто така покрива штети што настанале од дејството на воздушен притисок предизвикан од снежна лавина.
[3] Осигурувањето од снежна лавина не покрива трошоци кои ќе настанат за чистење на снегот.
член 12: тежина на снег и мраз
[1] Осигурувањето покрива штета на осигурената фотоволтаична електроцентрала поради:
1) тежина, притисок или удар од снег и/или мраз;
2) удар на предмети (далеководи, потпорни столбови, дрвја и сл.) кои паѓаат на осигурената фотоволтаична електроцентрала поради тежина, притисок или удар од снег и/или мраз.
[2] Штетата од овој член се покрива само ако снежната покривка надминува висина поголема од 150 см во рок од помалку од 24 часа од последните врнежи. Ризикот тежина на снег може да биде покриен по овие услови само доколку во пресметките за статика на фотоволтаичната централа се земени предвид и тестовите за оптоварување од снег.
[3] Осигурувањето не покрива:
1) оштетување на фотоволтаична електроцентрала поставена на објект што не е изграден на локално вообичаен начин или е дотраен или лошо одржуван;
2) трошоци за отстранување на снег или мраз.
член 13: паѓање на воздушно летало
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале со паѓање на летала од кој било вид (моторни летала, едрилици, хеликоптери, ракета, балон и слично) врз осигурените предмети или удар во нив.
[2] Се смета дека настанал осигурен случај ако од леталото е уништен или оштетен осигурениот предмет, неговите делови, како и предмети од истиот.
член 14: удар од сопствено или непознато моторно возило или сопствена или непозната подвижна работна машина
[1] Осигурувањето покрива штета настаната на осигурените предмети од удар од сопствено или непознато моторно возило или сопствена или непозната подвижна работна машина.
член 15: манифестации и демонстрации
[1] Манифестација, односно демонстрација, се смета организирано или спонтано јавно покажување на расположението на група граѓани. Покриени се само оние штети што настанале поради манифестација, односно демонстрација, што ја дозволиле надлежните државни органи.
[2] Се смета дека настанал осигурен случај ако осигурениот предмет е уништен или оштетен на кој било начин како последица на манифестации и демонстрации (разбивање, рушење, демолирање, палење и друго).
член 16: земјотрес
[1] Земјотрес е природно придвижување на земјиштето, кое го предизвикуваат геофизички процеси во внатрешноста на земјата.
[2] Се смета дека дошло до земјотрес, ако осигуреникот докаже дека:
1) природното придвижување на земјата во близина на местото на осигурување предизвикало штета на градежни објекти, кои пред земјотресот биле во добра состојба или на други предмети кои се еднакво отпорни како градежните објекти;
2) врз основа на добрата состојба на осигурените градежни објекти пред земјотресот, штетата настанала исклучиво поради земјотрес.
[3] Осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети кои настанале непосредно поради земјотрес или се во причинско-последична врска со истиот, поради дејство на осигурените опасности кои инаку се вклучени во опсегот на покритието според соодветното основно осигурување.
[4] Ако штетата предизвикана од земјотрес е предмет на одделни побарувања, важи правилото дека штетата која е предизвикана од земјотрес во период од 72 последователни часа се пресметува како еден осигурен случај, при што осигуреникот сам одредува кога ќе започне тој период и тоа на начин што не се поклопува со останатите периоди.
[5] Осигурувањето не покрива штети:
1) на фотоволтаична електроцентрала која сè уште не е подготвена за својата намена или фотоволтаична електроцентрала инсталирана на објект што сè уште не е подготвен за својата намена;
2) на дотраена или лошо одржувана фотоволтаична електроцентрала или фотоволтаична електроцентрала инсталирана на објект што е дотраен или лошо одржуван;
3) од експлозии (минирање и нуклеарни) како последица на дејство на човекот;
[6] Осигурувањето од ризик земјотрес се склучува со задолжителна одбитна франшиза која се пресметува од сумата на осигурување.
II дел - ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРЕКИН НА РАБОТА ПОРАДИ ПОЖАР И ДРУГИ ОПАСНОСТИ
член 17: обем на осигурително покритие
[1] Осигурувањето покрива прекин на работа поради уништување или оштетување на осигурената фотоволтаична електроцентрала, односно нејзините компоненти, што е предизвикано од еден од осигурените основни опасности од осигурување од пожар од дел I од овие услови.
[2] Доколку е посебно договорено и се пресметува дополнителна премија, осигурувањето го покрива и прекинот на работа поради земјотрес. Осигурувањето од прекин на работа поради земјотрес може да се договори само доколку е договорено, односно случено и осигурување од земјотрес во рамките на делот I од овие услови.
[3] Осигурувањето опфаќа и прекин на работа, доколку самата осигурена фотоволтаична електроцентрала не била оштетена, туку морала да биде демонтирана односно исклучена поради неопходна санација на објектот на кој е поставена.
Осигурителното покритие за осигурување по овој став се однесува само:
1) ако зградата или градежниот инженерски објект на која е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала е осигурена од истиот осигурувач (осигурување од пожар и други опасности);
2) во обем на покритие за ризици за кои е осигурен објектот на кој е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала.
[4] Осигурувањето не покрива прекин на работа поради:
1) сајбер напади;
2) терористички дејствија, дури и ако несреќата била под влијание и на друга причина или дело заедно со терористичкиот акт;
3) војни, настани слични на војна и непријателства, граѓанска војна и слични немири;
4) нуклеарни реакции, нуклеарна радијација и радиоактивна контаминација;
5) осигурени основни ризици од осигурување од пожар според дел I од овие услови, кои се причински поврзани со земјотрес, освен ако не е договорено осигурување од земјотрес.
член 18: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување од прекин на работа е приходот од испорачаната електрична енергија во јавната дистрибутивна мрежа, кој осигуреникот не можел да го оствари, бидејќи електраната не произведувала електрична енергија или не ја произведувала во очекуваното количество, намален за варијабилните трошоци.
[2] При осигурување на фотоволтаична електроцентрала, која е наменета за производство на електрична енергија за целосно или делумно покривање на сопствената потрошувачка на електрична енергија (самоснабдување), се покриваат трошоците за набавка на електрична енергија од дистрибутивната мрежа, доколку осигурената фотоволтаична електроцентрала не произведувала електрична енергија поради појава на една од осигурените опасности или не ја произведувала во очекуваната количина.
член 19: поврзаност на осигурувањето од прекин на работа и осигурувањето од пожар и други опасности
[1] Услов за склучување на осигурување од прекин на работа поради пожар и други опасности е постоење на осигурување од пожар кај истиот осигурувач.
УС-сол 24-03-мк
[2] Штетата од прекин на работа се покрива само доколку постои обврска да се исплати надомест од осигурување за материјална штета по основ на осигурувањето од пожар и други опасности.
[3] Ако осигурувањето од пожар и други опасности престане да важи, престанува да важи и осигурувањето од прекин на работа поради пожар и други опасности.
III. дел - ОСИГУРУВАЊЕ ОД КРШЕЊЕ НА МАШИНИ член 20: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување е фотоволтаична електроцентрала, која е наведена во полисата и која може да биде:
1) поставена на градежни објекти или
2) изградена како самостоен објект.
[2] Осигурени се сите составни делови на фотоволтаичната електроцентрала: подметнувачи, (под)конструкции, лежишта, темели, монтажен материјал (материјал потребен за прицврстување на фотоволтаична електроцентрала, вклучително и дополнителна носечка конструкција кога фотоволтаичната електроцентрала е изградена како самостоен објект), фотонапонски модули, инвертери, трансформатори, заштитни елементи, заземјувачи, броило за електрична енергија, уреди за управување и контрола, уреди за следење на сонцето и сите инсталации кои се неопходни за поврзување на самите елементи и за поврзување со дистрибутивната електроенергетска мрежа.
[3] Предмет на осигурувањето се и трошоците за чистење и отстранување, во врска со настанатиот осигурен случај на осигурениот предмет, но не повеќе од 3% од осигурената сума. Во овие трошоци спаѓаат потребните трошоци за чистење на местото на штетата, демонтирање и отстранување на оштетените и неупотребливи делови, како и трошоци за превоз на гареж, наноси и неупотребливи делови до најблиското место каде што е дозволено депонирање. Осигурувањето не ги покрива трошоците за разградување и трошоците за отстранување на снег или мраз.
[4] Доколку посебно е договорено и се пресметува дополнителна премија, предмет на осигурување може да бидат и:
1) трошоци за чистење и отстранување (како што е дефинирано во претходниот став), кои се неопходни поради уништување или оштетување на осигурените предмети, над 3% од осигурената сума;
2) трошоците за повторно инсталирање и поставување на програмската и машинска опрема поради оштетување на осигурените уреди;
3) зголемени трошоци за поправка поради прекувремена работа, ноќна работа и работа за време на празник, како и брз превоз;
4) трошоци за поправка што се повисоки од трошоците што би ги наплатил овластен сервисер во Република Северна Македонија, ако компонентите на фотоволтаична електроцентрала не можат да се поправат во Република Северна Македонија или ако поправката на фотоволтаична електроцентрала треба да се изврши во Република Северна Македонија од страна на странски експерти.
[5] Предмет на осигурување не се:
1) други градежни инженерски објекти, згради и земјишта, дури и ако на нив е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала;
2) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти кои сè уште не се инсталирани и подготвени за употреба;
3) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти при транспорт (по пат, железница, воздух или вода);
4) фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти, кои се изложени на саеми.
член 21: осигурени опасности
[1] Осигурувањето го покрива, до обемот определен со овие услови, секое уништување или оштетување на осигурениот предмет, освен поради:
1) опасности што можат да се осигураат со осигурување од пожар и други опасности според дел I од овие услови;
2) гаснење, рушење или исчезнување во врска со опасностите од претходната точка на овој став;
3) недостатоци или грешки коишто постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, а со кои биле запознаени или морале да бидат запознаени осигуреникот или лицето одговорно за работењето на машината;
4) прекршување на законските и техничките прописи и правилата за техничка експлоатација на осигурените предметиизаштитнитемерки, какоипорадинепознавање на упатството за користење на осигурените предмети (преоптоварување или пренапон на фотоволтаичната електроцентрала и нејзините составни компоненти над границата на нивниот пропишан капацитет, недоволно тековно и инвестициско одржување, итн.);
5) директна последица од трајно влијание на хемиски, термички или механички услови на сместување и делување (корозија, оксидација, зрачење, стареење, прекумерни вибрации, прекумерна влага и слично);
6) монтажа, демонтажа, пробно пуштање во употреба, пробна работа или пуштање на машината во работа пред целосна поправка;
7) намерни дејствија на осигуреникот или грубо невнимание на осигуреникот или лица поврзани со осигуреникот. Како лица поврзани со осигуреникот се сметаат вработените кај осигуреникот или лицата кои живеат со осигуреникот;
8) неовластени интервенции во машинската и програмска опрема;
9) сајбер напади. Осигурувањето не покрива штета и трошоци, директно или индиректно кои произлегуваат или се предизвикани од употреба или преку работа на компјутер, компјутерски систем, компјутерски софтвер или хардвер, собирање податоци, база на податоци, микрочип, интегрирано коло или сличен уред во компјутер или друга опрема, злонамерен код или процес или друг електронски систем како средство за предизвикување штета, без разлика дали некое од горенаведеното е во сопственост на осигуреникот;
10) терористички акт, дури и ако на несреќата влијаела и некоја друга причина или дело заедно со терористичкиот акт. Терористичко дејствување е секој насилен акт, којшто го загрозува човековиот живот, подвижен или недвижен имот и инфраструктура, и тоа со сила, насилство или закана, а се врши од политички, верски, идеолошки или слични причини и има за цел да влијае врз владата на една држава, или да ја заплашува јавноста или кој било дел од неа или да има таков ефект. Како терористичко дејствување се смета и акт што е извршен независно, како и оној што е извршен во врска со која било организација или власт. Осигурувањето исто така не покрива штета и трошоци настанати поради спречување или сузбивање на терористички дејствувања;
11) војна, настани слични на војна и непријателства, граѓанска војна и слични немири;
12) нуклеарни реакции, нуклеарно зрачење или радиоактивна контаминација;
13) земјотрес и други штети во причинска врска со земјотресот.
[2] Осигурувањето исто така не покрива:
1) штета што настанала во гарантниот рок при што производителот или продавачот е должен да ја надомести, доколку нивната гаранција не е спорна;
2) трошоци за демонтажа и повторна монтажа настанати поради редовна проверка или одржување на осигурениот предмет (периодични поправки или замена на истрошени делови), дури и во случај кога во таа прилика е утврдено оштетување поради осигурените опасности.
Во овој случај, осигурувањето ги покрива само трошоците за поправка или замена на уништени или оштетени делови кои не биле предвидени за периодична поправка или замена;
3) трошоци за одржување, промени, подобрувања, инспекции и ревизии;
4) индиректни штети или загуби што настанале при осигурен случај (одговорности, казни, губење на заработка, изгубена наемнина, изгубено време, прекин на работа, доцнење, намалување на вредноста и слични загуби);
5) штети што настанале поради исчезнување на осигурениот предмет;
6) штети доколку не е поставена заштита од висок напон и ако не е изведена заштита од гром;
7) губење на ефикасноста на работењето на сончевите панели и електронската опрема;
8) поради несоодветно или недоволно одржување на фотоволтаичната електроцентрала.
член 22: намалување и зголемување на премијата
[1] Осигуреникот има право на намалување на премијата (бонус) за следната осигурена година доколку имал поволен процент на штета во претходниот тригодишен период на осигурување.
[2] За наредната осигурителна година премијата на осигуреникот се зголемува во вид на доплата (малус), доколку осигуреникот остварил неповолен процент на штета во претходниот тригодишен период на осигурување.
[3] Намалувањето на премијата (бонус) и зголемувањето на премијата (малус) се определуваат според следнава табела:
[4] Коефициент на штета се пресметува како однос помеѓу збирот на износот на ликвидирани штети и износот на штети во резервација во однос на износот на полисираните премии од сите договори за осигурување од кршење на машини што ги имал склучено осигуреникот со осигурувачот во последните три календарски години.
[5] Бонусот и малусот се пресметуваат на основната премија, коригирана со предвидените фактори за корекција, доплати и попусти, без претходен бонус или малус.
[6] Без оглед на одредбите од ставовите [1], [2] и [4] на овој член, на осигуреник кој немал склучено осигурување за кршење на машини со oсигурувачот, во последните три цели календарски години или повеќе, за утврдување на доплата (малус) се зема предвид едногодишниот или двегодишниот процент на штета.
[7] Доколку вкупната годишна полисирана премија на осигуреникот од сите договори за осигурување за осигурување од кршење на машини е помала од 30.000,00 денари, бонус не се пресметува.
IV дел - ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРЕКИН НА РАБОТА ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА МАШИНИ
член 23: обем на осигурително покритие
[1] Осигурувањето покрива прекин на работа предизвикан од какво било уништување или оштетување на осигурената фотоволтаична електроцентрала или нејзините компоненти, освен ако тоа е предизвикано од:
1) опасности што можат да се осигураат со осигурување од пожар и други опасности според дел I од овие услови;
2) гаснење, рушење или исчезнување во врска со опасностите од претходната точка на овој став;
3) недостатоци или грешки кои што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, а со кои биле запознаени или морале да бидат запознаени осигуреникот или лицето одговорно за работењето на машината;
4) прекршување на законските и техничките прописи x
Ако претходниот процент на штета е
На премијата за осигурување
од | 0% | до | 8% | 45 % | 0% |
над | 8% | до | 16% | 35 % | 0% |
над | 16% | до | 24% | 27 % | 0% |
над | 24% | до | 33% | 18 % | 0% |
над | 33% | до | 42% | 9 % | 0% |
над | 42% | до | 52% | 4 % | 0% |
над | 52% | до | 74% | 0% | 0% |
над | 74% | до | 84% | 0% | 4 % |
над | 84% | до | 96% | 0% | 9 % |
над | 96% | до | 110% | 0% | 17 % |
над | 110% | до | 126% | 0% | 30 % |
над | 126% | до | 144% | 0% | 46 % |
над | 144% | до | 165% | 0% | 65 % |
над | 165% | до | 190% | 0% | 82 % |
над | 190% | до | 220% | 0% | 104 % |
над | 220% | до | 260% | 0% | 130 % |
над | 260% | до | 300% | 0% | 160 % |
над | 300% | 0% | 200 % |
Се признава Се пресметува бонус во висина малус во висина
правилата за техничка експлоатација на осигурените предмети и заштитни мерки, како и поради непознавање на правилата за ракување со осигурените предмети (Преоптоварување или пренапон на машини, машински и електрични уреди, како и инсталации над границата на нивните пропишани можности, недоволно тековно и инвестициско одржување, итн.);
5) директни последици од трајно влијание на хемиски, топлотни или механички услови на сместување и делување (корозија, оксидација, зрачење, стареење, прекумерни вибрации и сл.);
6) абење, абразија, ерозија или кавитација;
7) прекумерна влага, ’рѓа, камен, талог и сл;
8) монтажа, демонтажа, пробно пуштање во употреба, пробна работа или пуштање на машината во работа пред целосна поправка;
9) намерни дејствија на осигуреникот или лица поврзани со осигуреникот (како лица поврзани со осигуреникот се сметаат за вработени кај осигуреникот или лицата кои живеат со осигуреникот);
10) неовластени интервенции во машинска и програмска опрема;
11) сајбер напад;
12) терористички акт, дури и ако на несреќата, заедно со терористичкиот акт влијаела и некоја друга причина или дело;
13) војна, настани слични на војна и непријателства, граѓанска војна и слични немири;
14) нуклеарни реакции, нуклеарно зрачење или радиоактивна контаминација;
15) земјотрес и други штети во причинска врска со земјотресот.
УС-сол 24-03-мк
член 24: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување при прекин на работа е приходот од испорачаната електричната енергија во јавната дистрибутивна мрежа, а кој осигуреникот не можел да го оствари бидејќи електраната не произведувала електрична енергија или не ја произведувала во очекуваната количина, намален за варијабилните трошоци.
[2] При осигурување на фотоволтаична електроцентрала, која е наменета за производство на електрична енергија за целосно или делумно покривање на сопствената потрошувачка на електрична енергија (самоснабдување), се покриваат трошоците за набавка на електрична енергија од дистрибутивната мрежа доколку осигурената фотоволтаична електроцентрала не произведува електрична енергија поради појава на една од осигурените опасности енергија или не ја произведувала во очекуваната количина.
член 25: поврзаност на осигурувањето од прекин на работа и осигурувањето поради кршење на машини
[1] Услов за склучување на осигурување од прекин на работа поради кршење на машини е постоење на осигурување на машини од кршење кај истиот осигурувач.
[2] Штетата од осигурување од прекин на работа се покрива само доколку постои обврска да се исплати надомест од осигурување за материјална штета по основ на осигурување од кршење на машини.
[3] Ако осигурувањето за кршење на машини престане да важи, престанува да важи и осигурувањето од прекин на работа поради кршење на машини.
V дел - ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО
член 26: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурувањето е фотоволтаичната електроцентрала која е наведена во полисата и која може да биде:
1) поставена на градежни објекти или
2) изградена како самостоен објект.
[2] Осигурени се сите компоненти на електраната: (под)конструкции, монтажен материјал (материјал потребен за прицврстување на фотоволтаична електроцентрала, вклучително и дополнителната носечка конструкција кога електроцентралата е изградена како самостоен објект), фотонапонски модули, инвертери, трансформатори, заштитни елементи, заземјувачи, броило на електрична енергија, уреди за управување и контрола, уреди за следење на сонцето и сите инсталации потребни за поврзување на самите елементи и за поврзување со дистрибутивната електроенергетска мрежа.
[3] Осигурувањето ја покрива и штетата настаната на зградата или нејзините делови (ѕидови, тавани, врати, брави, вградена опрема, инсталации и сл.) во случај на провална кражба (провала) или разбојништво, или при обид за овие дела, во износот на трошоците за поправка, но не повеќе од 3% од осигурената сума односно, 10% од осигурената сума во случај на осигурување на прв ризик, освен ако не е поинаку договорено. До овој обем е покриена и штетата на внатрешните делови на објектот односно, на просториите каде што се наоѓаат осигурените предмети, која сторителот ја предизвикал при провала или вандализам. Осигурувањето не покрива оштетување на стаклени врати, прозорци, излози и стаклени ѕидови.
[4] Предмет на осигурување не се фотоволтаични електроцентрали и нивните компоненти:
1) кои сè уште не се инсталирани и подготвени за употреба;
2) при транспорт (по патен, железнички, воздушен или воден);
3) кои се изложени на саеми.
член 27: осигурени опасности
[1] Осигурувањето покрива штета што настанала поради тоа што осигурените предмети биле однесени, уништени или оштетени при провала (провална кражба) или разбојништво или во обид за овие дела.
[2] Осигурувањето не покрива штета:
1) ако провалната кражба или разбојништвото или обидот за провала или разбојништво ја извршило или во нив учестувало лице поврзано со осигуреникот. Според овој дел од условите, за лица поврзани со осигуреникот се сметаат лицата кои живеат со осигуреникот или се во роднински односи со осигуреникот, како и вработените кај осигуреникот;
2) поради измама, проневера, затајување или кражба;
3) кои произлегуваат индиректно од осигурениот случај (одговорност, казни, губење на заработка, изгубена наемнина, изгубено време, прекини во работата, доцнење, намалување на вредноста и слични загуби).
член 28: провална кражба
[1] Провална кражба се смета дека настанала ако сторителот:
1) провали во затворени и заклучени простории (скрши или провали врата, прозорец, ѕид, таван или под);
2) отвори затворени и заклучени простории со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отклучување;
3) незабележливо влезе на местото на осигурување, се сокрие и изврши кражба во време додека е заклучен просторот;
4) провали во затворен и заклучен простор преку отвор што не е наменет за влез и притоа совлада препреки кои оневозможуваат влез без напор;
5) отклучи простор каде што се наоѓаат осигурените предмети со вистински клуч или со негов дупликат, ако до таков клуч дошол на начин како што е утврдено во точките 1 до 4 од овој став или со разбојништво;
[2] За провална кражба се смета дека настанала и доколку сторителот отуѓипанел, којшто е прицврстен на конструкцијата којашто е соодветна за негово поставување и е поврзан во системот на фотоволтаичната електроцентрала.
член 29: разбојништво
[1] Разбојништво се смета одземање на осигурените предмети со употреба на сила или загрозување на здравјето и животот на осигуреникот или лицата поврзани со него.
[2] Се смета дека постои употреба на сила и тогаш кога се користени средства за спречување на отпор.
член 30: пронаоѓање на отуѓени предмети
[1] Ако осигуреникот на кој било начин дознае каде се наоѓаат украдените предмети, тој е должен веднаш, во соработка со надлежните органи за внатрешни работи, да преземе сè што e потребно за утврдување на идентичност на тие предмети и да ги врати назад што побрзо, како и да го извести осигурувачот за истото.
[2] Ако осигуреникот сè уште не примил надоместок од осигурувањето за пронајдените предмети, мора да ги прими назад. Ако предметите се оштетени, штетата се пресметува во согласност со одредбите од член 41.
[3] Ако осигуреникот веќе примил надомест од осигурувањето пред да дознае каде се наоѓаат осигурените предмети, доколку се пронајдени, може да ги задржи за себе со тоа што на осигурувачот мора да му го врати примениот надомест од осигурувањето за предметите кои се најдени и се неоштетени. Ако пак пронајдените предмети се оштетени, осигуреникот може да побара да ги задржи за себе по одредена вредност со договор, а на осигурувачот мора да му го врати соодветниот дел од надоместокот од осигурување. Ако осигуреникот
не сака да ги преземе предметите, тие преминуваат во сопственост на осигурувачот. Ако осигурувачот со продажба достигне износ поголем од исплатениот надомест од осигурувањето и трошоците за продажба, вишокот на износот се одобрува за осигуреникот.
VI дел - ОСИГУРУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ ОД ПОСЕДУВАЊЕ И УПОТРЕБА
член 31: осигурени опасности
[1] Осигурувачот ја покрива штетата врз основа на граѓанскоправни оштетни побарувања кои третото лице ги поднесува кон осигуреникот поради иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан (несреќен случај), којшто произлегува од поседувањето или употребата на фотоволтаична електроцентрала наведена во полисата, а што резултира со:
1) телесни повреди или смрт на лицето поради телесни повреди (нематеријални штети);
2) уништување или оштетување на предмети (материјални штети).
член 32: исклучоци
[1] Осигурувачот нема обврска за надомест на штета:
1) предизвикана од осигуреникот со намера или крајно невнимание;
2) предизвикана од осигуреникот свесно постапувајќи спротивно на важечките прописи или упатствата на производителот на фотоволтаична електроцентрала;
3) поради неовластени интервенции во машинската и програмска опрема;
4) поради штети на предмети, ако штетата е последица од дејство на температура, гас, пареа, влага, врнежи, чад, саѓи, прашина, тресење, чукање, бучава и сл. (емисија), ако таквите влијанија дејствуваат штетно;
5) што потекнува од предмет што му е отуѓен на осигуреникот без негово знаење;
6) настанати поради казна (глоба) или секаков вид посредни штети кои немаат намена за поврат (казнена штета) како и трошоци поврзани со истите, а за кои осигуреникот има обврска да ги плати;
7) поради изложеност на магнетно или електромагнетно зрачење;
8) поради оштетување на лица и предмети, ако до несреќата дошло поради дејство на нуклеарна енергија;
9) поради истегнување на вратните, торакалните или лумбалните мускули, истегнување или исчашување на вратниот, торакалниот и лумбалниот ’рбет, освен ако медицински е утврдена повреда на ’рбетниот скелет или поместување меѓу ’рбетните пршлени поголемо од три милиметри;
10) што настанува поради тоа што осигуреникот не отстранува особено опасни околности, како што бара осигурувачот. При двоумење, како особено опасна околност, се смета околност поради која е предизвикана несреќата;
11) поради отштетни (регресни) барања на установи за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, осигурителни компании за здравствено осигурување и други индиректни оштетени;
12) од следниве лица:
а) осигурениците и содружниците, доколку во компанијата имаат деловен удел поголем од 25% и врз основа на закон или актите на компанијата, имаат право или можност да управуваат со компанијата (мнозински содружници);
б) роднини на осигуреникот и роднини на мнозинските содружници, доколку се вработени кај осигуреникот. За роднини се сметаат брачниот партнер, вонбрачниот партнер,, законскиот застапник и
лицата кои осигуреникот ги издржува во моментот на настанувањето на осигурениот случај;
13) како резултат на барања за надомест на штета кои се резултат на пропуст, прекршување или сторена грешка, но не настанала штета на лица или предмети, ниту пак е нивна последица (чиста имотна штета);
14) поради штети предизвикани од загадена околина (еколошки штети);
15) што е резултат на вонредни настани, како на пример војна, настани и непријателства слични на војна, терористички акти, граѓанска војна и слични немири, дејство или присуство на природни или елементарни катастрофи, нуклеарна реакција или нуклеарна контаминација;
16) сајбер напади, што значи штета, директно или индиректно настаната или предизвикана од употреба или преку работа на компјутер, компјутерски систем, софтвер или хардвер, собирање податоци, информатичка база на податоци, микрочип, интегрирано коло или слични уреди во компјутерска или друга опрема, злонамерен код или процес или друг електронски систем, како средство за предизвикување штета, без оглед дали нешто од горенаведеното е во сопственост на осигуреникот, ниту пак какви било трошоци настанати како резултат на таквата штета.
член 33: сума на осигурување
[1] Сумата на осигурување од одговорност претставува горна граница на обврска на осигурувачот, без разлика на бројот на оштетени лица. Повеќе временски поврзани штети претставуваат еден настан доколку тие произлегуваат од иста причина.
член 34: обврски на осигурувачот
[1] Осигурувачот ја надоместува штетата што ја покрива осигурувањето, најмногу до износот на сумата на осигурување наведен во полисата, намален за износот на договореното учество на осигуреникот во штетата.
член 35: осигурен случај
[1] Осигурувачот има обврска да исплати надомест само ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето.
[2] Кај осигурување од одговорност се смета дека осигурен случај настанал во моментот кога ќе настане штетниот настан опфатен со осигурителното покритие, поради кој би можело да се поднесе оштетно побарување кон осигуреникот.
[3] Без оглед на бројот на повредени лица односно оштетени предмети, сите штетни настани, кои имаат иста причина се сметаат како еден осигурен случај што се случил кога настапил првиот штетен настан од овој вид, без оглед на тоа кога реално се случиле настаните на поединечните штети.
член 36: територијално покритие
[1] Доколку не е поинаку договорено, со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Северна Македонија.
член 37: обврски на осигуреникот при настанување на осигурен случај
[1] Ако против осигуреникот или лицето за кое тој е одговорен се покрене постапка поради сомневање за извршено казнено дело, или е покрената тужба, или пак е донесена одлука во казнена постапка, осигуреникот е должен за тоа да го извести осигурувачот дури и ако веќе го пријавил осигурениот случај.
[2] Ако против осигуреникот се побарани оштетни побарувања од трети лица или ако против негова волја е приложена тужба за надомест на штета, осигуреникот е должен исто така без одложување да го извести осигурувачот и да ги достави оригиналните документи што ги содржат тие барања.
УС-сол 24-03-мк
[3] На барање на осигурувачот, осигуреникот е должен водењето на судската постапка за надомест на штета да му го препушти на осигурувачот и/или да му издаде овластување за застапување на лицето одредено од страна на осигурувачот. Доколку осигурувачот не го преземе или не е можно да го преземе водењето на судската постапка, осигуреникот е должен да ја води истата и за секое преземено дејствие да го известува осигурувачот.
[4] Осигуреникот е должен обработката на оштетните побарувања да му ја препушти на осигурувачот, бидејќи тој самиот не е овластен да го одбие оштетното побарување, а особено не смее да го признае.
[5] Ако осигуреникот го оневозможи осигурувачот да ги реши оштетните побарувања со спогодба, осигурувачот не е должен да ги исплати вишокот, каматите и трошоците кои ќе настанат поради тоа.
член 38: обврски на осигурувачот по настанување на осигурен случај
[1] Осигурувачот е должен детално да ги испита оштетните побарувања како за основата така и за висината, да ги прифати оправданите побарувања, како и да се погрижи за одбрана на договарачот на осигурувањето од неоснованите или прекумерни оштетни побарувања.
[2] Покритието на осигурувачот важи за судските трошоци на осигуреникот и за штети поради судски трошоци што му се досудени на оштетениот само тогаш кога судската постапка од самиот почеток ја води лично тој или лице кое тој го одредува, но заедно со оштетата, само до висина на сумата на осигурување содржана во полисата.
[3] На товар на осигурувачот паѓа - ако се исполнети другите услови за тоа - само оној дел на оправдани трошоци кои одговараат на соодносот меѓу сумата на осигурување и досудениот износ на оштета на оштетениот. Ако тоа не е можно да се утврди, осигурувачот за тие оправдани трошоци е обврзан во сооднос меѓу сумата на осигурување и висината на тужбените барања.
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО ПОД I, III И V ДЕЛ (ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОЖАР И ДРУГИ ОПАСНОСТИ, КРШЕЊЕ НА МАШИНИ И ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО)
член 39: место на осигурување
[1] Осигурителното покритие важи на местото на осигурување наведено во полисата за осигурување.
[2] Осигурителното покритие важи само доколку зградата или градежниот објект на која е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала е осигурена од истиот осигурувач (осигурување од пожар и други опасности).
член 40: вредност на осигурените предмети
[1] Осигурителната вредност на фотоволтаичната електроцентрала или нејзините компоненти е новата набавна цена, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци и намалена за износот на изгубената вредност поради абење, старост и економска и техничка застареност (амортизација), освен ако со индивидуалното осигурување не е договорено поинаку.
член 41: пресметка на штета
[1] Штетата што е покриена со осигурување, се пресметува во случај на:
1) уништување или исчезнување на осигурените предмети - според осигурената вредност на предметите намалена за вредноста на остатоците;
2) оштетување на осигурените предмети (делумна штета) - во висина на трошоците за поправка и материјал колку што би изнесувале при ликвидацијата на осигурениот случај, намалени за изгубената вредност поради абење,
старост, економска и техничка застареност (амортизација) освен ако поинаку не е договорено во полисата за поединечно осигурување и за вредноста на остатоците. Како трошоци за поправка, се сметаат и зависните трошоци, како што се трошоците за демонтажа, повторна монтажа, транспорт, тестирање и слично. Во штетата не се пресметуваат трошоците кои при поправка настанале поради подобрување, дополнување или други промени кај осигурениот предмет.
Се смета дека осигурениот предмет е уништен и за тоа се пресметува штета по точка 1 од претходниот став доколку трошоците за поправка ја достигнале вредноста на предметите, намалена за вредноста на остатоците.
[2] Остатоците од уништените или оштетените предмети остануваат кај осигуреникот и се пресметуваат по пазарната цена при ликвидација на осигурениот случај, како и според состојбата во која се наоѓале веднаш по настанување на осигурениот случај.
[3] Осигурувачот не е должен да ја надомести целата вредност на осигурениот предмет доколку оштетениот дел не може да се поправи или замени (кога, на пример, е произведен во странство или повеќе не се произведува). Во овој случај, осигурувачот само ја надоместува вредноста на оштетениот дел сразмерно на функционалното учество на овој дел во однос на целиот осигурен предмет или соодветната вредност на споредлив дел.
[4] Доколку осигурувачот или осигуреникот сам го поправи оштетениот предмет и трошокот за поправка е поголем од трошокот што би го наплатил друг овластен сервисер, осигурувачот ги признава трошоците за поправка на другиот сервисер при пресметување на надоместокот од осигурување. Во оваа пресметка како трошоци за поправка на другиот сервисер се земаат предвид и потребните транспортни трошоци.
Осигурувањето не ги покрива трошоците за:
1) привремена поправка за која осигурувачот не дал согласност;
2) за отстранување или намалување на опасноста (превентивни мерки) или за интервенција на противпожарни бригади и други организации кои според намената на своето делување или работење мораат да пружат бесплатна помош во случај на осигурен случај.
член 42: сума на осигурување
[1] Сумата на осигурување е горната граница и обврска на осигурувачот за осигурениот случај.
[2] Осигурителното покритие се однесува и:
1) за промени, дополнувања и подобрувања на осигурената фотоволтаична електроцентрала во текот на тековната осигурителна година, кога тие не се поинаку осигурени и зголемувањето не надминува 10% од вкупната сума на осигурување по поединечна осигурена локација и доколку за промените, дополнувањата и подобрувањата е известен осигурувачот до крајот на тековната осигурителна година;
2) ако зголемувањето од претходната точка надминува 10% од вкупната сума на осигурување по поединечна осигурена локација, осигурителното покритие важи само доколку осигурувачот е известен за промените и важи од датумот на приемот во осигурување. Доколку е потребно, осигурувачот повторно го проценува ризикот (тежина на ризик) и пресметува дополнителна премија.
член 43: надомест од осигурување
[1] Доколку во смисла на член 41 став [1] точка 2) од овие услови, не е осигурена амортизираната вредност кај делумна штета, ќе се применуваат следниве одредби:
1) доколку сумата на осигурување е еднаква или
поголема од осигурената вредност основицата за обврската на осигурувачот на крајот од ликвидацијата на осигурителниот случај, е еднаква на износот на пресметаната штета, но не повеќе од износот на осигурената вредност.
2) доколкусуматанаосигурувaњенакрајотодликвидацијата на осигурениот случај е помала од осигурената вредност (подосигурување), основицата за обврска на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета во соодносот помеѓу осигурената сума и осигурената вредност, но не повеќе од износот на осигурената вредност.
[2] Доколку во смисла на член 41 став [1] точка 2) од овие услови, се договори амортизираната вредност да се осигури кај делумна штета, ќе се применуваат следниве одредби:
1) доколкусуматанаосигурувањенакрајотодликвидацијата на осигурителниот случај е еднаква или повисока од набавната цена на новите осигурени предмети, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци, основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета, но не повеќе од износот на осигурената вредност.
2) Доколкусуматанаосигурувањенакрајотодликвидацијата на осигурителниот случај е пониска од набавната цена на новите осигурени предмети, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци (подосигурување), основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на износот на пресметаната штета во сооднос помеѓу сумата на осигурување и набавната цена на новите осигурени работи, зголемена за трошоците за монтажа и други зависни трошоци, но не повеќе од сумата на осигурување.
3) Ако осигурувањето е склучено на прв ризик, основицата за обврската на осигурувачот е еднаква на висината на пресметаната штета, но најмногу до договорената сума на осигурување. Во овој случај не се применуваат одредбите за подосигурување од претходните одредби на овој член.
4) Обврската на осигурувачот (надомест за осигурување) е еднаква на основата за надоместокот намалена за договорениот износ на учество на осигуреникот во штетата. Во случај на осигурување од земјотрес, учеството на осигуреникот во случај на штета се пресметува како процент од осигурената сума, која е наведена во полисата.
5) Нужните трошоци за мерките што треба да ја спречат и намалат штетата и кои се спроведуваат по налог на осигурувачот по настанувањето на осигурениот случај, осигурувачот мора да ги надомести во целост, без оглед на одредбите од член 41 од овие услови.
6) Осигуреникот учествува во штета во согласност со износот договорен во полисата.
член 44: пресметка на премија
[1] Пресметка на премијата за промени, дополнувања или подобрувања на осигурената фотоволтаична електроцентрала, кои во една осигурителна година не надминуваат (+ или -) 10% од вкупната сума на осигурување по одделна осигурена локација, не се пресметува.
член 45: осигурен случај
[1] Се смета дека осигурен случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности на осигурениот предмет почнале да се појавуваат оштетувања.
член 46: осигурување по настанат осигурен случај
[1] По настанување на осигурениот случај во кој осигурените предмети биле оштетени, осигурувањето продолжува без промена.
[2] За предметите што според договорот за осигурување се сметаат за уништени, осигурувањето по настанување на осигурениот случај престанува.
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО ПОД II и IV ДЕЛ (ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРЕКИН НА РАБОТА ПОРАДИ ПОЖАР И ДРУГИ ОПАСНОСТИ И ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА МАШИНИ)
член 47: штети од прекин на работа, гарантен рок и место на осигурување
[1] Осигурувањето покрива штета поради прекин на работа до договорениот гарантен рок. Овој период се пресметува од денот кога настанал осигурен случај на предметите врз основа на осигурување од пожар и други опасности или осигурување од кршење на машини.
[2] Xxxxxxx прекинот на работењето се случи повеќе пати во текот на осигурителната година, осигурувањето покрива штета поради прекин максимално до договорениот гарантен рок.
[3] Осигурувањето престанува веднаш штом осигуреникот го искористи правото од договорениот гарантен рок поради еден или повеќе прекини во текот на осигурителната година. Во овој случај, осигуреникот може да добие обновено покритие со плаќање на соодветната премија.
[4] Доколку осигуреникот по прекинот на работа, што траел пократко од договорениот гарантен рок сака повторно да има покритие за целиот договорен гарантен рок, мора уште еднаш да ја плати премијата, при што му се признава дел од премијата за неискористениот дел од гарантниот рок.
[5] Без оглед на одредбите од претходните ставови на овој член, гарантниот рок престанува во моментот на враќање на оштетениот или уништениот предмет во состојба како пред настанувањето на осигурениот случај или постоењето на истата техничка можност за производство на електрична енергија.
[6] Осигурувањето не покрива штета поради прекин на работа, што се должи на:
1) вонредни настани што се случиле за време на прекинот на работа;
2) официјални и други ограничувања за повторна изградба или поправка на оштетените предмети;
3) недостаток на финансиски средства за навремена изградба, монтажа, поправка или набавка на оштетени или уништени предмети;
4) поради извршени промени и подобрувања при обновата на оштетените работи;
5) губење на пазар, нарачки, лиценци и други права;
6) причини и последици од други субјекти со кои осигуреникот има деловни односи или договори за соработка;
7) пречекорување на нормалните рокови за испорака;
8) настани што настанале за време на прекинот на работа, а не се поврзани со осигурениот случај кој произлегува од опасности од дел II и IV од овие услови (на пример, оштетување или исчезнување на резервни делови за време на транспортот до осигуреникот, оштетување на резервните делови за време на монтажа или тестирање, повреда или болест на сервисерот, недостаток на квалификувани лица за поправка).
член 48: сума на осигурување
[1] Сумата на осигурување е горната граница за обврска на осигурувачот за осигурениот случај.
[2] Сумата на осигурување ја утврдува осигуреникот во фиксен износ или врз основа на реално остварени годишни приходи од продажба на електрична енергија или трошоци за набавка на електрична енергија од јавната дистрибутивна мрежа (во случај на самоснабдување на фотоволтаични електроцентрали).
[3] По плаќањето на надоместокот за осигурување, осигурената сума останува непроменета.
УС-сол 24-03-мк
член 49: пресметка на штета
[1] Штетата се пресметува:
1) како производ на изгубениот приход за време на прекинот на работа и сооднос помеѓу приходот на крајот на деловната година, намален за варијабилните трошоци и приходот на крајот на финансиската година;
2) во висина на трошоците за набавка на електрична енергија од јавната дистрибутивна мрежа за покривање на сопствената потрошувачка на електрична енергија (самоснабдување).
[2] Штетата се пресметува за времетраењето на прекинот на работа, но не повеќе од договорениот гарантен рок.
[3] При пресметување на штетата може да се земат предвид податоцитезадолжинатанаденотиинтензитетотнасончевото зрачење добиени од Управа за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија.
член 50: надомест од осигурување
[1] Доколку осигурената сума е помала од проценетата годишна стварна вредност на осигурените приходи/ расходи од продажба/купување електрична енергија (подосигурување), основицата за обврската на осигурувачот на крајот од ликвидацијата на осигурениот случај е еднаква на висината на пресметаната штета во соодносот помеѓу сумата на осигурување и проценетата годишна вредност на осигурените приходи/расходи за продажба/купување на електрична енергија.
[2] Доколку осигурената сума е утврдена врз основа на реално остварени приходи/расходи од продажба/купување на електрична енергија, основицата за обврската на осигурувачот на крајот на ликвидацијата на осигурениот случај е еднаква на износот на пресметаната штета во целост.
[3] Доколку осигурениот случај се случи во текот на осигурителната година, а прекинот продолжи и во наредната година, важи дека за секој месец од наредната година горенаведената обврска на осигурувачот е најмногу колку во последниот месец од првата година на осигурување.
[4] Обврската на осигурувачот (надомест од осигурување) е еднаква на основицата за надоместокот од осигурувањето, намален за договорениот износ на учество на осигуреникот во штетата. При осигурување на прекин од работа поради земјотрес, учеството на осигуреникот во штетата се пресметува во процент од осигурената сума наведена во полисата.
[5] Осигурувањето не покрива штета од прекин на работата поради пожар и други опасности, ако прекинот трае три дена или помалку. Доколку прекинот на работа трае повеќе од три дена, штетата се пресметува за целото времетраење на прекинот, така што осигуреникот во секој осигурен случај учествува со 10% (учество во штета) во секој штетен настан.
[6] Осигурувањето покрива штета од прекин на работата поради кршење на машини, ако прекинот трае повеќе од три дена, освен ако не е поинаку договорено.
член 51: пресметка на премија
[1] Доколку осигурувањето е склучено со сума на осигурување која се заснова на реалните годишни остварени приходи/ расходи од продажба/купување на електрична енергија, премијата се пресметува два пати годишно и тоа на почетокот на осигурителната година како аконтација и на крајот на годината како конечна пресметка. При аконтација, премијата се пресметува од планираните годишни приходи/ расходи од продажба/купување на електрична енергија, а во конечната пресметка од разликата помеѓу реално остварениот и планираниот годишен приход/расход од продажба/купување на електрична енергија.
член 52: осигурен случај
[1] Се смета дека настанал осигурен случај прекин на работа во моментот кога поради една од осигурените опасности ќе почне да се создаваат оштетувања на осигурената фотоволтаична електроцентрала или објектот на кој е поставена осигурената фотоволтаична електроцентрала.
член 53: посебни обврски на осигуреникот по осигурен случај
[1] При настанување на осигурен случај поради прекин на работа, осигуреникот е обврзан да:
1) направи сè што е потребно за да се спречи или намали штетата и да се придржува до упатствата дадени од осигурувачот;
2) да му овозможи на осигурувачот или на експертите овластени од неа да извршат увид и да ја утврдат причината и висината на штетата односно надоместокот од осигурување. На барање на осигурувачот, осигуреникот мора да ги достави сите потребни писмени објаснувања, известувања и документи, како и деловни книги, биланси, фактури и податоци за работењето во тековната осигурителна година и претходните години.
[2] Доколку осигуреникот ги прекрши одредбите од претходниот став на овој член, може целосно или делумно да го загуби правото на надоместок од осигурување, што зависи од тоа колку повредата влијае врз обемот и висината на штетата.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 54: опасни околности
[1] При склучување договор за осигурување, договарачот на осигурувањето е должен да ги пријави кај осигурувачот сите околности кои се важни за проценка на опасноста (тежина на ризик), а со кои бил запознаен, односно со кои морал да биде запознаен. Како околности кои се важни за проценка на опасноста посебно се сметаат околностите кои на договарачот на осигурувањето му се познати и врз чија основа се одредува и пресметува премијата, како и оние кои се наведени во договорот за осигурување. Тие околности може заедно да ги одредат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[2] Договарачот на осигурувањето е должен да му овозможи на осигурувачот преглед на ризикот.
член 55: премин на правата кои ги има осигуреникот кон одговорното лице, на осигурувачот (суброгација)
[1] Со исплата на надомест, сите права на осигуреникот кон лицето кое е одговорно за штетата преминуваат на осигурувачот и тоа во висина на исплатениот надомест.
[2] Доколку по вина на осигуреникот, во целост или делумно е оневозможено преминување на правата од став 1 од овој член, осигурувачот во одредена мера се ослободува од своите обврски спрема осигуреникот.
[3] Преминувањето на правата од осигуреникот на осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, така што ако надоместокот кој осигуреникот го добил од осигурувачот е понизок од износот кој му следува, осигуреникот има право да бара исплата на остатокот од надоместокот од средствата од одговорното лице, пред исплатата на побарувањата на осигурувачот врз основа на правата кои преминале на осигурувачот.
[4] Како исклучок од одредбите за премин на правата од осигуреникот на осигурувачот, правата не преминуваат на осигурувачот ако штетата е предизвикана од сопружник, деца на осигуреникот, брат или сестра, посвоител или посвоеник со договорувачот или осигуреникот, лице кое живее во заеднички дом со осигуреникот, освен ако тие лица намерно ја предизвикале штетата.
член 56: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување се смета за склучен со потпишување на полисата од двете договорни страни.
[2] Со потпишување на полисата, осигуреникот изјавува дека пред склучување на договорот за осигурување бил запознаен со условите за склучување и изведување на осигурувањето и дека договорните одредби се во согласност со договореното меѓу договорните страни.
[3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
[4] Договорот за осигурување се смета за склучен и со самото плаќање на премијата за осигурување.
член 57: траење на договорот за осигурување
[1] Траењето на договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување.
[2] Договорот за осигурување започнува од дваесет и четвртиот час на оној ден кој е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, а престанува во дваесет и четвртиот час на оној ден кој во полисата е означен како ден на престанување на рокот за кој е договорено осигурувањето.
[3] Во сите случаи на престанок на важноста на Договорот за осигурување пред завршување на периодот за осигурување, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае неговата обврска, освен ако не е поинаку договорено.
член 58: плаќање на премија
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш, освен ако не е поинаку договорено
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на договорот за осигурување, освен ако не е поинаку договорено. Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати, за наплата доспеваат сите рати во тековната година на осигурување кога настанал осигурениот случај.
[3] Осигурувачот е овластен сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплата.
[4] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот се евидентира од страна на банката на осигурувачот.
[5] Во согласност со законските одредби, на премијата за осигурување не се пресметува данок.
[6] Во случај на заостанато плаќање на премијата за осигурување, обврските се подмируваат по редот на доспеаност.
член 59: последица од неплаќање на премијата за осигурување
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до денот на доспеаност, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рок кој е наведен во известувањето и кој не е пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа доспеаната премија за осигурување.
[2] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот мора да ја плати неплатената премија за времето до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната осигурителна година, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување како и казнените пенали утврдени во овие услови.
[3] Во случај на доцнење при плаќањето на премијата, осигурувачот може да побара поврат на трошоците кои заради доцнењето предизвикале законска казнена камата.
[4] Договарачот со неплаќање на премијата за осигурување не може еднострано да го раскине осигурувањето.
член 60: поврат на премија
[1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за тековната осигурителна година, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности.
[2] Во случај на прекин на осигурувањето поради отуѓување или уништување поради неосигурен ризик, осигурувачот е должен да ја врати премијата за неискористеното време на осигурување.
[3] Ако осигурениот предмет е уништен пред почетокот на осигурителното покритие, осигурувачот ја враќа вкупната платена премија.
[4] Во останатите случаи на престанок на важноста на договорот за осигурување пред завршување на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае неговата обврска, освен ако не е поинаку договорено.
[5] Враќањето на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши врз основа на доказ за исполнетост на условите за враќање на премијата (доказ за уништување поради неосигурен ризик, отуѓување и сл.).
[6] Осигуреникот нема право за поврат на премија доколку осигуреникот пријавил штета по полисата за осигурување.
член 61: обврски на осигуреникот по настанување на осигурен случај
[1] Осигуреникот е должен да пријави кај осигурувачот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.
[2] Осигуреникот е должен веднаш да го извести надлежниот орган за внатрешни работи (полиција) за осигурениот случај кој настанал поради пожар, експлозија, провална кражба и разбојништво, односно обид за истите, и да наведе кои предмети биле уништени или оштетени.
[3] Осигуреникот е должен да му ги достави сите податоци на осигурувачот и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата.
[4] Доколку осигуреникот не ги исполни своите обврски во договорениот рок, осигурувачот може да не го исплати надоместокот од осигурување, ако поради тој пропуст не може да се утврди настанување на осигурениот случај или опсегот на оштетување на осигурените предмети.
член 62: постапка при вештачење
[1] Секоја договорна страна може да побара утврдување на спорните околности од страна на вештаци.
[2] Секоја страна назначува по еден вештак кој не е во работен однос со странките. Назначените вештаци пред почетокот на работата назначуваат трет вештак кој дава свое мислење само кога заклучоците на првите два вештака се различни, но само во границите на неопходните заклучоци.
[3] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
[4] Заклучоците од вештаците се обврзувачки за двете страни.
член 63: промена на условите за осигурување или на тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии во времетраење на договорот за осигурување, должен е да го извести договарачот на осигурувањето за промената во рок во согласност со законските прописи.
УС-сол 24-03-мк
[2] Договарачот на осигурувањето има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот престанува да важи по истекот на тековната осигурителна година.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже договорот, договорот се менува со почетокот на следната година во согласност со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
член 64: промена на податоци
[1] Договарачот на осигурувањето е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно на седиштето или своето име, односно називот на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договарачот на осигурувањето ја промени адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно називот на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договарачот на осигурувањето на последната позната адреса и да го наслови на последното познато име, односно фирма.
член 65: начин на известување
[1] Условите за содржината на договорот за осигурување се важечки само доколку се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување, мора да бидат во писмена форма.
[3] Известувањето или изјавата се дадени навремено ако пред истекот на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на друго лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 66: примена на закон
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови одредено прашање е уредено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
член 67: информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје Седиште: бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје e-mail: xxxx@xxxxxxx.xx
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да се најдат на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 68: обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договарачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и во согласност со целта за која се собрани.
член 69: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 70: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса
- e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: бул. ,,8-ми Септември бр. 16", 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer.lp@triglav. mk. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 71: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета во согласност со член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 72: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на
лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 70, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак, смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 73: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување барање по пошта на следната адреса: бул. „8-ми Септември“ бр. 16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx.
член 74: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака „До Офицерот за заштита на лични податоци“.
член 75: Санкциска клаузула - рестриктивна мерка за спречување перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 76: приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот, ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 77: меродавно право и судска надлежност
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 78: надзор над друштвото за осигурување
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
член 79: застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 80: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци во согласност со членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањетоимеоставеноразумновремезадонесувањена конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Во согласност со ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 81: влегување во сила
[1] Овие Општи услови со назнака УС-сол/24-03-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 15.03.2024 година