Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ АВИОКАСКО НА ВОЗДУХОПЛОВИ
Февруари 2022 година
ДЕФИНИЦИИ И ТЕРМИНИ
По овие услови дефинициите и термините значат:
ВОЗДУХОПЛОВ - труп на воздухопловниот објект од тип авиони, хидроавион, хеликоптер, едрилица итн., наведени во полисата за осигурување, заедно со моторите, стандардните инструменти и опремата
ЛЕТАЊЕ или ЛЕТ - период на време кое почнува од моментот кога воздухопловот почнува да рула поради полетување, односно од моментот кога ќе се обиде да полета и трае додека воздухопловот слета и после допирот со земјата или водата, а завршува со рулање односно лизгање по вода
РУЛАЊЕ- сите движења на воздухопловот на земја извршени со сопствен мотор, со замавтување на движења или влечење,кај хидроавионите под рулање се подразбира положба која не е дефинирана како лет или усидрување.
УСИДРУВАЊЕ- период на време додека хидроавионот се наоѓа во пловна состојба, усидрен или приврзан, вклучувајќи поронување или извлекување од вода.
НА ЗЕМЈА- период на време кога воздухопловот не лета или не рула.Не се однесува на хидроавиони во пловна состојба.
ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ- лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
ОСИГУРЕНИК-лице чиј имот и/или имотен интерес е осигуран.
Договорувач и осигуреник може да е исто лице, а договорувачот осигурува за туѓа сметка.
ОСИГУРУВАЧ-Халк Осигурувње X.X,кој со договорот за осигурување се обврзува дека ќе ја надомести штетата кога ќе настане осигурен случај и доколку истата е во согласност со доленаведените услови.
ПОЛИСА-документ што го издава осигурувачот /осигуреникот го плаќа на осигурувачот.
ПРЕМИЈА-износ што договорувачот/осигуреникот го плаќа на осигурувачот.
ОСИГУРЕН НАСТАН-настан кој има за последица реализирање на оштетно побарување
Член 1
Предмет на осигурување по овие Услови се воздухопловите кои осигуреникот како сопственик или корисник ги осигурува со осигурително покритие “Против сите ризици” за штети и оштетување кои ќе настанат на осигурениот воздухоплов,поради непредвидени настани за време на летање,рулање,мирување на земја или усидрување, а за периодот на договореното осигурително покритие, со полисата за осигурување, но максимум до осигурената вредност.
Со овие Услови покриени се и штетите кои ќе настанат како последица на небрежност на заповедникот, пилотот и членовите на посадата, како и трошоците кои биле оправдано направени за спасување и за превоз на осигурениот воздухоплов до местото на поправка, освен исклучувањата и ограничувањата што подолу се наведени, но најмногу до висина на сумата на осигурување.
Осигурувачот покрива штети и тогаш кога туѓ државјанин-пилот нема потребна дозвола од Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба,ако има важечка дозвола за летање на дотичниот тип воздухоплов издадена согласно законските прописи во некоја друга држава.
Горното покритие е условено, ако инструктор по летање пред самостојниот лет направи пробно летање и проверки на знаењето на странскиот државјанин-пилот.
Пробните летови мора да бидат впишани во книгата на летања.
ОГРАНИЧУВАЊА НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Член 2
Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите поради:
1.Изведување на акробатски летови, учествување на натпревари и други летови,кои представуваат специјален ризик, освен ако тоа не е посебно договорено и наведено во полисата за осигурување.
2.Изведување на пробни летови на прототипови, поправени или реконструирани воздухоплови ( со што се менуваат нивните својства ).
3.Употреба на терен кој не е одобрен од страна на надлежни органи за слетување или полетување, освен ако до употреба на истиот е дојдено поради дејство на виша сила или нужна потреба од таквото слетување, со добена дозвола, одобрение за следтување од контролата на летање.
4.Сместување на поголем број патници или поголема количина на стока над максимално дозволеното оптоварување на воздухопловот, од 16 или повеке патнички седишта
5. Авиотретирање на приватни и стопански површини, (штети и трошоци како последица на хемиски ризик при употреба на воздухопловот за авиотртирање на земјоделски и шумски површини).
6. За време додека воздухопловот се користи за вршење на било какви незаконски дејствија (цели) или за намени различни од оние кои се наведени во полисата и како што се дефинирани во дефинициите за намена.
8. Додека воздухопловот е управуван од пилот кој не е наведен во полисата (договорот за осигурување), освен кога воздухопловот може да биде управуван на земја од лица кфалификувани за таа цел.
9. Злонамерен акт или саботажа, од лица вработени кај осигуреникот, односно лицата кој работат по налог или за сметка на осигуреникот.
10. За оштетни побарувања кои произлегуваат од:
(а) Војна, инвазија, делување на вооружени лица/групи/странски непријател независно од фактот дали истото е направено со објавување на војна или без објава, граѓански војни, терористички дејствија, бунтови, револуции, востанија, воени закани, востанија, воени закани, превземање или обид за превземање на власт.
(б) Штрајк, немири, и останати групни изрази на незадоволство на народни маси
(в) Конфискација, национализација, одземање, ограничување, задржување, присвојување, одземање на дозвола или употреба по наредба на власта (било да е граѓанска или воена) или пак јавни или локални власти
(г) Киднапирање или било какво незаконско одземање на контролата врз авионот и екипажот за време на летот (вклучувајчи и обиди за тоа) кои се извршени од страна на лице/лица кои се во воздухопловот а кои дејствууваат без одобрение од страна на осигуреникот.
(д) Штети предизвикани од загадување и врева
11.Трошоци за замена на дотраени и истрошени делови како ни трошоците за поправка на механичките кршења и застој на електронски или електрични хидраулични и машински постројки.
Понатаму оваа полиса не ги покрива оштетните побарувања кои што произлегуваат додека воздухопловот е надвор од контрола на осигуреникот, а се причинети од некои од горе наведените опасности. Воздухопловот ќе се смета дека е вратен под контрола на осигуреникот по неговото безбедно враќање на осигуреникот, на аеродром кој не е надвор од географските ограничувања од полисата и е комплетно погоден за извршување на воздухопловни операции (безбедно враќање) при што се подразбира воздухопловот да биде паркиран со изгаснати мотори и да не е под присила.
Точките од 1 до 10 се исклучени од осигурување, но со доплаток на премија и посебно договарање и внесување во полисата може да се вклучат во осигурување.
ИСКЛУЧУВАЊА ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
Осигурувачот не ги надоместува штетите, ако осигуреникот ги прекршува овие услови, важечките закони и други прописи во земјата, а за меѓународен транспорт за воздухоплови кои се реосигуруваат се применуваат условите и клаузулите од странскиот реосигурувач и меѓународните конвенции и прописи; како и
1.Ризик од радиоактивна контаминација- согласно клаузулата за исклучување од ризик радиоактивна контаминација-Авио клаузула AVN 38A
2.Ризик од експлозивни или нуклеарни средства- согласно клаузулата за исклучување експлозивни нуклеарни средства NMA 1623
3.Механички дефект:
- штета или оштетување на било кој дел на авионот,кое е последица на трошење, кинење, расипување,кршење,дефекти,грешки или било каков друг вид латентен (скриен) дефект на дел од авионот на кој е утврдено таквиот вид на оштетеување, но не и резултантни штети кои се последица на таквото оштетеување.
- Секој мотор на авионот со вклучени помошни делови за негово работење како мотор се смета како негов поединечен дел.
4.Дефект на мотор:
a) секое кршење, дефект или неуспешно полетување на воздухопловот или консеквентни последици во системот за полетување кој се состои од моторот или помошниот убрзувач (стартер на воздухопловот ), освен за оние делови кои што можат да се одвојат и загубат од воздухопловот како резултат на механичко кршење или дефект или неполетување;
b) секое оштетување предизвикано од или се должи на внесување на камења, чакал, мраз, песок и било кој друг корозивен абразвиен материјал или било која друга супстанца која што прогресивно го зголемува оштетувањето на моторот. Ова се смета како трошење, кршење или дефект.
Ако ваквото навлегување кое предизвикало ненадејно оштетување, и настанал мал инцидент за кој е потребна брза поправка на моторот во сервис, или ако е тоа непрактично, со враќање на осигуреникот на домашна територија (ваквите штети се покриени со осигурување);
c) загуба или оштетување на мотор или мотори, освен ако ваквата штета е надворешна и е предизвикана од ненадејно и неочекување работење на моторот (ите) со цел да се избегне некое физичко оштетување на имот и/или телесна повреда на лица.
5.Индиректни штети:
Со овие услови не се покриени никакви индиректни штети како што се загубена заработувачка или екстра трошоци (на пр.земање под рента на друг авион или резервни делови) кои произлегуваат од незгодата на авионот кој има покритие со овие услови.
-Со овие услови не се покриени резултантни штети на трупот на воздухопловот или на останатите делови на авионот од нефункционирање, поради грешка на производителот или неодржавање или ненавремено сервисирање, од страна на осигуреникот, освен ако за истото осигуреникот достави пропишана потврда за извршено навремено сервисирање или потврда од производителот или овластен сервис за нефункционирањето односно неисправност или грешка на воздухопловот, што е основ за регрес кон производителот.
6. Заплена на воздухопловот на туѓа територија, надвор од Репуублика Македонија
7. Затајување, како резултат на терористички акт или друго намерно дејствување на корисникот на воздухопловот,
8. .Ако авионот се продаде или даде на користење на друг, ова осигурување престанува .
Осигуреникот има обврска писмено да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на продажбата или изнајмувањето.
ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОГРАНИЧУВАЊА
Член 4
Осигурувањето по овие услови важи на територијата на Република Северна Македонија,ако поинаку е договорено се осигурени и летови на редовни линии, како и за вонредни летови кои осигуреникот ги извршува во нормални услови и околности на територијата на Европа или свет.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 5
Осигуреникот е должен:
1.При склучување на договорот за осигурување да ги пријави сите околности кои можат да влијаат на оценка на ризикот;
2.За времетраење на осигурувањето без согласност на осигурувачот да не презема никакви работи кои ќе го зголемат ризикот и истите да не ги дозволува и на трети лица;
3. Да ги води за осигурениот воздухоплов сите пропишани документи на начин предвиден од надлежните воздухопловни органи и на барање на осигурувачот истите да ги стави на увид:
4.Редовно да го одржува,сервисира и да ги превзема сите потребни мерки со цел да ја зачува вредноста и сигурноста на осигурениот воздухоплов, во спротивно осигурувачот нема обврска за надомест на штета;
5.Редовно да ги извршува и почитува сите наредби и препораки за авионавигација и дозволи за способност за летање издадени од страна на меродавните власти и да се грижи истите да ги извршуваат вработените на осигуреникот и лицата за кои тој е одговорен;
6.Авионот да биде способен за летање на почетокот на секој лет;
7.Секоја загуба или штета веднаш да ја пријави на осигурувачот и во согласност со осигурувачот да ги превземе сите мерки со цел намалување на штетата.
Осигуреникот лично или негов претставник има обврска веднаш да ја пријави штетата на осигурувачот телефонски,телеграфски,на телефакс или со препорачано писмо, со наведување на сите потребни податоци (место,каде е оштетен воздухопловот,оштетување,причина за настанување на штета).
Осигуреникот е должен по настанување на штетата да ги превземе сите потребни мерки за намалување на штетата.
8.Штетниот настан осигуреникот е должен исто така да го пријави кај надлежните воздухопловни органи, и други надлежни истражни органи,а во случај на кражба,провална кражба или ситна кражба,настанот веднаш да го пријави на полицијата;
9.Ако е поднесено оштетно барање или е заведен судски спор против осигуреникот,осигуреникот веднаш да го извести осигурувачот за секое барање,најавување,судска покана или друга постапка,која ја примал тој или неговите застапници;
10.Осигуреникот да соработува со осигурувачот и на негово барање да помогне во ликвидирање на штетата и во текот на водење спорови,да присуствува на судските спорови и да помага за обезбедување и давање докази и присуство на сведоци;
11.Осигуреникот да даде и други информации и помош која ќе ја побара осигурувачот.Осигуреникот не смее да дава никакво признавање на одговорност за штети конт трети лица,ветување или да плаќа оштета без писмена согласност на осигурувачот; Ако осигуреникот тоа го стори,таквото признавање не го обврзува осигурувачот кој е должен да исплати надоместок само ако се утврду вина и одговорност кај осигуреникот.
12.Ако осигуреникот постапи спротивно на одредбите предвидени во овој член,обврската на осигурувачот се намалува сразмерно на штетата која придонела за зголемувањето на реланата штета настаната на денот на штетениот настан, како и евентуално за каматите или зголемени трошоци за осигурувачот.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Вредност на осигурениот воздухоплов е набавната цена на нов воздухоплов, пазарна цена или договорена цена која нема да ја надминува новонабавната цена на воздухопловот .
Договорената вредност се утврдува со полисата за осигурување и претставува сума на осигурување и максимална обврска на осигурувачот во случај на штета.
Секоја тековна промена на вредноста на осигурениот воздухоплов посебно се договара и се применува за идниот период.
УТВРДУВАЊЕ И ИСПЛАТА НА ШТЕТА
Член 7
За утврдување на штетата на воздухопловот покриена со осигурување се формира Комисија со членови на Осигурувачот,Осигуреникот и стручни лица,а за авионезгоди и присуство на надлежни Државни органи.
Во зависност од оштетувањето и висината на штетата Комисијата со записник констатира дали се работи за потполна или делумна штета на воздухопловот.
1. Тотална штета:
Во случај на тотална штета,осигурувачот на осигуреникот ќе му ја исплати договорената вредност на воздухопловот утврдена со полисата,намалена за вредноста на остатоците, без или со франшиза доколку е договорена, како и намалена за амортизацијаат доколку за сума на осигурување не е ставена пазарната вредност на воздухопловот.
За тотална штета се смета и ако воздухопловот е загубен и нема никакво известување за него во рок од 60 дена од денот на неговото полетување.
Тотална штета може да се прогласи во случај и во согласност со осигуреникот ако оштетувањето,трошоците за спасување и транспортот до местото на поправка и враќање изнесуваат над 80% од осигурената вредност,со примена на договорената франшиза.
2. Делумни штети:
Осигуреникот има обврска за поправка на делумни штети осигурени со овие услови, да обезбеди најмалку две понуди кои ќе му ги достави на осигуреникот во најкраток рок од денот на пријавувањењто на штетниот настан
Поправката на воздухопловот може да започне,ако осигуреникот добие согласност од осигурувачот.
Конечната пресметка на трошоците за поправка не може да биде поголема од 10% од конечно утврдената штета.
Делумни штети се исплаќаат со одбиток на франшизата,која е наведена во полиса за осигурување. Франшизата се одбива при ликвидација на секоја штета.
3. Ако по настанување на штетен настан се констатира дека договорената осигурена сума е еднаква или поголема од вредноста на осигурениот воздухоплов,осигурувачот мора да ја плати штетата до висина на вистинската вредност на осигурениот вздухоплов како и трошоците направени во разумен обид со цел да се отстрани непосредната опасност за настанување на осигурен случај или да се намалат нејзините штетни последици,но максимум до осигурената сума.
Ако осигурената сума е помала од вредноста на осигурениот воздухоплов, се признава оштета во сразмерен однос меѓу осигурената вредност и стварната вредност на осигурениот воздухоплов.
Ако осигурената сума е помала од вредноста на осигурениот воздухоплов, се признава оштета во сразмерен однос меѓу осигурената вредност и стварната вредност на осигурениот воздухоплов.
4. За остварување на правото на надомест на штета осигуреникот со оштетно барање треба да приложи:
4.1. За тотални штети кои се ликвидираат на основа точка 1 од овој член :
a) оштетно барање ;
b) комисиски извештај за причина на штетата ;
c) записник од контролор за градба на воздухоплови ;
d) изјава од пилотот;
e) фактура за новонабавен авион;
f) фактура за трошоци на поправката,спасување,проценка и
g) ликвидација
h) други докази што ќе ги побара осигурувачот.
4.2. За делумни штети кои се ликвидираат на основа точка 2 од овој член:
a) оштетно барање;
b) комисиски извештај за причина на несреќата;
c) записник од контролор за градба на воздухоплови;
d) изјава од пилотот;
e) понуди;
f) фактури.
5. Осигурувачот е должен да ги исплати штетите покриени со осигурување во рок од 15 дена од комплетирање на штетата.
Осигурувачот може на барање на осигуреникот да му исплати 60% аконтација од проценетата и осигурената штета.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 8
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 9
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 10
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 11
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 12
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
При осигурување на пооделни летови или прелети, осигурувањето започнува во моментот кога воздухопловот ќе почне со рулање поради полетување, односно од моментот на обидот за полетување и трае до завршување на летот со рулање до допирање со земја или вода во определено место.
ФРАНШИЗА
Член 14
Осигуреникот учествува од 5 до 10% во секоја штета од осигурената вредност на воздухопловот,освен за тотална штета, ако поинаку не е договорено
Франшизата задолжително се утврдува во полисата за осигурување.
РЕГРЕСНА ПОСТАПКА
Член 15
По исплатување на оштета по ова осигурување осигуреникот, на осигурувачот му ги пренесува со цесија сите права кои тој ги има спрема трети лица одговорни за настанатата штети и тоа до висина на иплатената оштета
Осигуреникот е должен да ги превземе сите можни мерки, да ги сочува своите права спрема трети лица одговорни за сторената штета, да ги обезбеди на соодветен начин и писмено да му ги пренесе на осигурувачот на негово барање, како и да му даде помош во остварувањето на истите.
Ако поради пропуст на осигуреникот се изгуби делумно или целосно регресното право, осигурувачот има право при исплата на оштета да ја намали оштетата во висина на изгубеното регресно право.
ОТКАЖУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 16
Осигурувањето може да се откаже во секое време по писмено барање на осигуреникот или на осигурувачот во рок од 30 дена од денот на доставувањето на писмениот отказ.
Во случај на откажување на осигурувањето,осигурувачот ќе ја задржи и наплати премијата доспеаната премија во целост (пресметаната про рата).
Во случај да настане осигуран ризик, премијата за осигурување доспева за напалта веднаш во целост.
ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ
Член 17
За сите осигурувања на воздухоплови, кои се пренесуваат во реосигурување, ќе се применуваат оригиналните услови и клаузули за осигурување на авиокаско, авиокаско војна, авиокаско резервни делови, авиокаско франшиза, добиени од странскиот реосигурувач.
Осигурувачот има обврска на осигуреникот да му ги приложи условите и клаузулите од странскиот реосигурувач со полисата и да го извести за сите промени.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 18
(1) Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, -, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 19 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци:
xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 20 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 20-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 20-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 20-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 20-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 20-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 20-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 21
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавaње.
Надлежност на судот
За евентуален спор по ова осигурување, ќе биде надлежен судот во седиштето на осигурувачот, ако со полисата за осигурување поинаку не е договорено.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx