ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 15/2017
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса: бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxx Xxxx Xxxxxx на е-пошта: xxxxx.xxxx@xxx.xxx.xx Телефон/Факс: 02/0000-000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности - Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка на Бензин
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 4.000.000,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: бензинск и пумпи на територијата на Република Македонија
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Дадено во техничката спецификација
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Не
II.8) Дали предметот на набавката е делив: Не
II.9) Рамковна спогодба: Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не
II.11) Времетраење на договорот: Период во месеци: 24
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција? Да
Дополнителни информации во врска со електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цена на предметот на договорот за јавна набавка, односно најниска цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката. По спроведената целосна евалуација на првичните понуди и одобрувањето на почетната ранг листа преку ЕСЈН ќе се испрати автоматско известување до регистрираната е-маил адреса на секој економски оператор кој не е квалификуван за учество на електронска аукција, додека квалификуваните понудувачи за учество на аукцијата директно ја добиваат Поканата за учество на аукцијата. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следните податоциЧ почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијатач интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени)ч како и тековниот ранг на понудувачот направен врз основа на првично поднесената цена. Постигнатата најниска вкупна цена на електронската аукција, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за предметот на договорот за јавна набавка, повлекува намалување на цената која не е регулирана од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Во случај кога е поднесена само една понуда која е прифатлива или останала само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоциЧ идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да
IV.1.2) Гаранција на понудата: Не
IV.1.3) Изјава за сериозност: Да
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не
IV.1.5) Авансно плаќање: Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија
, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: Документ за регистрирана дејност
Документ за регистрирана дејност Лиценца за вршење на дејноста трговија со нафта и нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
- Да има остварено приход не помал од проценетата вредност на набавката во најмалку една од последните три години, Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од став 1 во годините за кои постојат податоци.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
Извод од целокупниот промет на претпријатијата (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите инфромации. .Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган. Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економскта и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на република Македонија. Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен кога се работи за податоците од билансот на успех. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари. Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
- Искуство во успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години
- Техничка можност за користење на систем за безготовинско плаќање и - Располагање, односн
о обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на град Скопје, минимум една бензинска пумпа на подрачјето на општините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
- Листа на успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки, - Изјава за користење на систем за безготовинско плаќање и - Изјава за располагање
, односно обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на град Скопје, минимум една бензинска пумпа на подрачјето на општините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 13.02.2017 во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 07.02.2017 15:30
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
13.02.2017 во 11:00 Место: Дирекција на ЈСП Скопје
V.3) Дополнителни информации тел.02/0000-000
V.4) Датум на објава: 23.01.2017