Contract
УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ
ДОГОВОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
За подготовка на маркетинг стратегија
Наслов на проектот: Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот Крст на Република Северна Македонија
Период на спроведување на маркетинг стратегијата: 15 Јануари 2020 – 28 Февруари 2021
Општа цел на консултантската услуга: Развивање на маркетинг стратегија за нудење на економски одржлива услуга за Итно Копче (ИК) во Скопје, Северна Македонија.
1) Xxxxxx опис на проектот:
Како резултат на веќе постоечкото и дополнително зголемување на постарото население во Република Северна Македонија, побарувачката за интегрирани услуги за нега и поддршка за постари жени и мажи во моментов е многу поголема од понудата на пазарот. Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) е национално признаен професионално искусен и бесплатен снабдувач на здравствена и социјална помош на постари мажи и жени кои се во потреба. Сепак, ЦКРСМ зависи од надворешната поддрршка, со цел да продолжи со клучната испорака на услуги за да го поттикне животот на постарите жени и мажи во однос на нивното здравје и достоинство. Оваа потреба од помош е предизвик за обезбедување квалитетни услуги на долг рок. Проектот Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот Крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) го поддржува ЦКРСМ и понатаму да нуди квалитетно обезбедување на услуги за интегрирана грижа и поддршка за постари жени и мажи преку развивање на сеопфатен деловен модел за одржлива услуга испорака во рамките на нејзината организација. Деловниот модел ќе содржи три столба за помагање на ранливи стари лица и за генерирање приходи за финансирање на овие здравствени и социјални услуги на долг рок. Проектот ќе доведе до независност на помошта и ќе ги постави темелите за самоодржливост во обезбедувањето на услуги.
Вториот столб во рамките на овој проект е пилотирање на Службата за Итно копче. (ИО). 60 постари мажи и жени во Македонија ќе бидат избрани за клиенти за новововедената и заснована на надомест услуга за итни копчиња (ИК) во Република Северна Македонија. ЦКРСМ ќе воспостави цврста и ефикасна услуга за ИК која е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за ИК.
Проектот е дизајниран како Стратешки сојуз со Австриската агенција за развој (АДА). Австрискиот Црвен Крст (AutRC) ќе управува, а Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) ќе го спроведува проектот. AutRC и ЦКРСМ се во потрага по дополнителни приватни и јавни партнерства со национални и меѓународни организации и деловни активности со цел одржлива соработка и по завршувањето на реалното времетраење на проектот.
2) ПРЕГЛЕД НА ЦЕЛИТЕ:
Целта на оваа консултантска услуга е да се дизајнира и развие маркетинг стратегијата и брендирање за услугата Итно Копче (ИК) во ЦКРСМ и ЦКГС. Тоа ќе се направи со давање на упатства чекор по чекор, за тоа како да се дизајнираат, развијат и имплементираат елементи кои што ја сочинуваат стратегијата за маркетинг, а тоа се 7Ps од маркетинг миксот.
3) ДЕТАЛИ ЗА ЦЕЛИТЕ:
а) Од компанијата се очекува да изврши студија на пазарот, вклучувајќи а) специфични потреби на услуги; б) големината на пазарот; в) конкуренти; г) маркетинг миксот; д) извори на приход; ѓ) макс. месечна цена за услуга /месец; е) список на различни пакети услуги
б) Да се креира маркетинг план заснован на маркетинг студијата за наредните 3 години (2021-2023)
в) Да се креираат и понудат минимум 8 предлози за логоа и 5 предлози за името на услугата.
г) Да се направи брендирање и позиционирање на услугата; Овој дел треба да ги насочи претприемачите во развојот на позиционирање на брендот што ќе ги засегне клиентите со производот и / или услугата на компанијата и со кои ќе се чувствуваат идентификувани.
д) Да изготви стратегија за дигитален маркетинг; Да креирате фан страници на социјалните медиуми и кампањи за социјални медиуми
ѓ) Да се подготви идеја за сценарио за ТВ рекламирање
е) Да се подготви традиционален материјал за комуникација. Маркетинг комуникациските материјали може да вклучуваат каталози на производи, профили
на производи, стационари, визит карти, електронски и печатени презентации, брошури и сл. и да се креира дигитална верзија за летоци и брошури.
4) ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЕНТИТЕТИ треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да е регистрирана компанија во областа на маркетинг.
- Дозволено е партнерство и ко-партнерство, под услов правното лице- апликант да има значителна улога во спроведувањето на задачата. Апликантот ќе биде единственото правно лице со кое ќе се воспостави договорната врска.
- Течна комуникација на англиски јазик и одлични вештини за пишување.
- Високо искуство со (одржлив) маркетинг, маркетинг за социјални медиуми, пристап до пазарот, комуникација, социјална и циркуларна кружна економија.
- Поседување на претходно искуство во работа со маркетинг за невладини организации и социјални претпријатија.
5) Како да аплицирате:
Заинтересираните ентитети треба да ги достават следниве документи:
Финансиска понуда (максимум 1 страница)
Компанијата треба да даде предлог тим кој што ќе работи на оваа задача вклучително кратки биографии на ангажираните лица
Треба да се достави план за реализација
Портфолио на компанијата и 2 препораки за проект (максимум 2 страници)
Уверение за регистрација од Централниот регистар на Република Северна Македонија.
6) ПЛАЌАЊЕ:
Во три дела, од вкупната цена (МКД):
а)Потпишување на договорот (30%)
б) Достава на маркетинг план за наредните 3 години (2021-2023) (30%) в) Завршување на договорот (40%)