INVEST Осигурување на Живот
Овој документ содржи клучни информации за Invest Осигурувањето на живот со еднократна или повеќекратна уплата на премија каде договорувачот на осигурувањето го сноси инвестициониот ризик кој ќе Ви помогнe во разбирањето на видот, ризикот, трошоците, можните добивки и загуби од ова Осигурување, како и за да Ви помогнe да го споредите со други производи. Не се работи за рекламен материјал.
INVEST Осигурување на Живот
Осигурување со врзување за цената на уделите на инвестициските фондови ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ РОИФ1518112014ВФПРИН6983120 и ВФП 100% БОНД РОИФ1716122016ВФ10БО6983120
управувани од ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.
Осигурител: Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје Ул. Костурски Херои 38, 1000 Скопје Надзорно тело: Агенција за супервизија на осигурување
Датум на документот: 01.07.2020 година.
За какво осигурување станува збор?
INVEST Осигурувањето на живот е инвестициско осигурување кај кое договорувачот го сноси ризикот од вложувањето каде што инвестицискиотдел од премијата, по намалувањето за премијата за осигурување на живот е директно врзана за цената на уделите во инвестициските фондови ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ и ВФП 100% БОНД.
• Премијата за осигурување се плаќа еднократно или повеќекратнo и се распределува процентуално согласно податоци во понудата:
1. Премија за осигурување на живот - дел наменет за осигурително покритие во случај на смрт и доживување.
2. Премија за вложување, дел од премијата кој е наменет за купување на удел во фондот, соодветно од преостанатиот дел од бруто премијата за осигурителното покритие, го сочинува инвестициониот дел на премија, а се користи за врзување на цената на уделот на Инвестициониот фонд, наведен во полисата за осигурување.
• Осигурителот за секој договорувач отвара и води посебна лична сметка на која се водат податоците за бројот и вредноста на купените удели.
• Инвестицискиот фонд ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ за инвестициска цел има остварување на адекватен принос за сопствениците на удели во фондот, односно раст на вредноста на уделот на долг временски период.
• Инвестицискиот фонд ВФП 100% БОНД за инвестициска цел има зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето.
• Инвестициската цел на Фондот ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ се остварува преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулирани пазари во светот преку инвестирање во големи компании - „Large Caps" кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.
• Инвестициската цел на Фондот ВФП 100% БОНД се остварува преку инвестирање претежно во должнички преносливи хартии од вредност (краткорочни и долгорочни), инструменти на пазарот на пари, депозити и инвестициски фондови со иста или слична стратегија на вложување
• Во процесот на управување со средствата на Фондовите се применува експертизата на професионалниот тим на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, како и долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на затворениот инвестициски фонд WVP Invest од Австрија.
• Вредноста на инвестициското портфолио не е загарантирана при истекот на осигурувањето, при откуп и при настанување на ризикот смрт. Со зголемување на цената на уделите на инвестициските фондови, се зголемува и вредноста на инвестициското портфолио вложен во име на Договорувачот, со намалување на цената на уделите на инвестициските фондови, се намалува и вредноста на инвестициското портфолио вложен во име на Договорувачот.
• Бројот на удели кој што се вложува во инвестицискит фондови во име на Договорувачот зависи од цената на уделите на датумот на купувањето. Цената на уделите на инвестициските фондови се утврдуваат во согласност со Правилата на работење и Проспектите на фондовите.
• Во проспектите на фондовите се наоѓаат детални информации за инвестициските фондови и клучните цели за вложување на фондовите.
• Осигурувањето се договара во евра, додека уплатата на премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.Вредноста на инвестициското портфолио е изразена во денари, од уплатата во денари се пресметува делот наменет за вложување. Осигурената сума договорена во ЕВРА се исплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на исплатата, а вредноста на инвестициското портфолио се исплаќа во денари без индексирање со девизи.
• Во случај на смрт поради болест или незгода се исплаќа осигурена сума за случај на смрт поради незгода или поради болест наведена во полисата и вредноста на инвестициското портфолио по цената на уделите на инвестицискиот фонд на 5 (петтиот) работен ден од денот на прием на пријавата за осигурен случај кај осигурувачот.
• Во случај на доживување се исплаќа вредноста на инвестициското портфолио по цената на уделите на инвестицискиот фонд на последниот ден на важност на осигурувањето и осигурената сума за доживување наведена во полисата.
• Вредноста на инвестициското портфолио на одреден датум е еднаква на инвестициското портфолио помножена со цената на уделите на Фондовите на тој датум
• Траењето на осигурувањето може да биде од 10 до 25 години. Инвестицискиот дел се вложува во фондовите: ВФП 100% БОНД- 40% и ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ 60%.
• Во согласност со стратегиите и целите на вложување, Фондовите првенствено се наменети за лица кои се подготвени да прифатат ризик преку вложување на средства на долг рок во должнички и сопственички хартии од вредност со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства.
• Можност за вклучување на дополнителни осигурувања согласно понудата на Осигурителот.
Кои се ризиците при ваков вид на осигурување?
Профилот на ризичност на овој вид на осигурување зависи од профилот на ризичност на Фондовите при што референтната вредност на бројот на удели директно зависи од цената на уделите на Фондовите. Синтетичкиот показател на успешноста и ризичноста ги мери историските промени на цената на уделите на Фондовите. Иториските податоци не се сигурен показател за идниот профил на ризичност на Фондовите. Прикажаните категории на ризичност и успешност на фондовите не се загарантирана, со текот на времето тие може да се менуваат. Најниската категорија не значи вложување без ризик. Вредноста на Вашето вложување во Осигурувањето може да расте и да се намалува и не е загарантирана.
Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето
Зашто фондот е во наведена категорија? ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Понизок ризик Повисок ризик Обично понизок принос Обично повисок принос
Со состојба на 31.12.2019 година, Фондот ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ се наоѓа во категорија 5, што упатува на умерено кон високо ниво на ризик и е во согласност со долгорочната стратегија на фондот.
Осигурувањето со врзување со Фондот ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ е изложено и на ризици.
Освен ризикот кој влијае на синтетичкиот показател на ризичност и успешност, Фондот е изложен и на дополнителни ризици кои можат значајно да влијаат на неговата вредност.
•Пазарен ризик - Нето вредноста на уделот во Фондот зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот. Намалувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до намалување на вредноста на портфолиото на Фондот и на остварените приноси и обратно, зголемувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до зголемување на вредноста на портфолиото на Фондот и на неговите приноси.
•Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.
•Каматен ризик - Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, а особено на оној дел од средствата кој ќе биде инвестиран во депозити во овластени банки во Р.С.Македонија.
•Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.
•Валутен ризик - Форма на ризик која се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга. Фондот во своето портфолио поседува хартии од вредност деноминирани во различни валути и можните промени на овие валути во однос на домашната валута може да доведат до зголемување или намалување на вредноста на уделите.
•Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно Проспектот, може да доведе до промена на имотот на Фондот.
•Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Северна Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.
Детални иформации во врска со ризиците на коишто е изложен Фондот детално се објаснети во Проспектот и Скратениот Проспект за Фондот.
Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.
ВФП 100% БОНД
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Понизок ризик Повисок ризик Обично понизок принос Обично повисок принос
Со состојба на 31.12.2019 година, Фондот ВФП 100% БОНД се наоѓа во категорија 3, што упатува на ниско кон умерено ниво на ризик и е во согласност со среднорочната стратегија на фондот.
Осигурувањето со врзување со Фондот ВФП 100% БОНД е изложено и на ризици.
Освен ризикот кој влијае на синтетичкиот показател на ризичност и успешност, Фондот е изложен и на дополнителни ризици кои можат значајно да влијаат на неговата вредност.
•Пазарен ризик - Нето вредноста на уделот во Фондот зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот. Намалувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до намалување на вредноста на портфолиото на Фондот и на остварените приноси и обратно, зголемувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до зголемување на вредноста на портфолиото на Фондот и на неговите приноси.
•Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.
•Каматен ризик - Веројатност дека приносот до доспевање на купените должнички хартии од вредност ќе порасне, односно веројатност дека во моментот на продажбата на должничките хартии од вредност приносот до доспевање ќе биде повисок во споредба на оној кога одредената должничка хартија од вредност била купена, а тоа, пак, ќе резултира со капитална загуба.
•Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.
•Валутен ризик - Форма на ризик која се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга. Фондот во своето портфолио поседува хартии од вредност деноминирани во различни валути и можните промени на овие валути во однос на домашната валута може да доведат до зголемување или намалување на вредноста на уделите.
•Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.
•Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Северна Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.
Детални иформации во врска со ризиците на коишто е изложен Фондот детално се објаснети во Проспектот и Скратениот Проспект за Фондот.
Дополнителни информации за ризиците
•Со вложување во овој вид на осигурување можат да се претрпат загуби
•Во текот на периодот на вложување негативните пазарни трендови можат привремено да ја намалат вредноста на инвестициското портфолио, односно вредноста на инвестициското портфолио може да биде пониска во однос на почетната вредност на инвестициското портфолио.
•Вложувачот не го сноси ризикот од настанување на дополнителни финансиски обврски освен износот на вложеното во Осигурувањето.
•Осигурувањето не вклучува капитална гаранција која штити од пазарен и кредитен ризик.
•Даночните прописи на Република Северна Македонија можат во иднина да имаат влијание врз исплатата на Осигурувањето. Во моментот во Република Северна Македонија, со данок на доход се оданочува позитивната разлика помеѓу вкупно уплатената сума по основ на животно осигурување и исплатенатата осигурана сума. Подетална информација за основата за оданочување на доходот од осигурување може да се најде во членовите од 68 до 70 од Законот за данок на личен доход.
•Исплата на осигурувањето врз основа на осигурителното покритие, зависи од движењето на цената на уделите на Фондовите.
ПРЕДНОСТИ ОД КУПУВАЊЕ НА INVEST ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
Можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик преку:
-Професионално управување со средствата на фондовите
-Диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти
-Автоматско реинвестирање на добивката
-Инвестирање во големи компании од најразвиените држави во светот – Германија, САД, Швајцарија и др.
Историски принос на Фондовите
ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ
30.00%
20.00%
10.00%
0.00%
-10.00%
-20.00%
1.62% 4.12% 6.78%
2015 2016 20-1170.4290%18 2019
25.06%
Забелешки:
⮚Историските приноси на Фондот имаат само информативен карактер и не претставуваат проекција на можниот принос на Фондот во иднина.
⮚Во графичкиот приказ е прикажан приносот што Фондот го остварил во последните 5 години (од 2015 година), земајќи ги предвид сите трошоци и надоместоци во тој период.
ВФП 100% БОНД
10.00%
8.34%
5.00%
3.45%
1.35%
0.00%
2017 2018 2019
Забелешки:
⮚ Историските приноси на Фондот имаат само информативен карактер и не претставуваат проекција на можниот принос на Фондот во иднина.
⮚ Во графичкиот приказ е прикажан приносот што Фондот го остварил во последните 3 години (од 2017 година), земајќи ги предвид сите трошоци и надоместоци во тој период.
Што се случува доколку друштвото не е во можност да ја изврши исплатата?
(1) Во случај на ликвидација или стечај на Осигурителот, врз средствата за покривање на математичката резерва врзана за надомести во случај на смрт како и врз средствата за покривање на посебната резерва за надомест осигурени со договорот за осигурување кои се директно врзани за вредноста на вложувањата не може да се спроведе извршување ниту тие средства влегуваат во имотот, односно стечајната или ликвидационата маса на Осигурителот.
(2) Само во случај на настанување на неможност за спроведување на Договорот за осигурување поради причина во домен на избраниот инвестициски фонд односно фондови, согласно Законски прописи, осигурувачот ќе го извести Договорувачот за настанатата состојба и ќе го повика да избере промена на фонд односно фондови, само во рамки на фондовите со кои управува Друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договор за животно осигурување.
(3) Доколку Договорувачот не достави писмено барање за промена на фонд во наведениот рок од известувањето:
- Осигурувачот вредноста на инвестициското портфолио на денот на настанување на состојбата наведена во став 2, ќе ја смета како паричен износ и на тој начин ќе избере друг фонд односно фондови со кои управува Друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договор за животно осигурување.
- Само во случај доколку не постои можност за распределба на премијата во други фондови од Друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување, а тоа е во случај Друштвото за управување со фондови да престане да ја врши дејноста за која е регистрирано, тогаш осигурувачот вредноста на инвестициското портфолио на денот на настанување на состојбата наведена во став 2 ќе ја смета како паричен износ се до избор на нов фонд од страна на Договорувачот од листа на фондови одредени од страна на осигурувачот.
(4) Договорувачот може да побара промена на фонд во рамки на фондовите со кои управува Друштво за управување со инвестициски фодови кое е наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување. Промената на фонд односно фондови се врши без надомест.
Кои трошоци се пресметуваат?
• Трошоците кои се плаќаат ги вклучуваат трошоците за покривање на ризикот на осигурувањето во случај на смрт.
• Детални информации за сите трошоци и надоместоци кои се пресметани во цената на уделите на Фондот, а се пресметуваат од имотот на Фондот се наоѓаат во Проспектите на фондовите кои се достапни на интернет страната xxx.xxxxxxxxxx.xx
• Влезни и излезни трошоци за Фондовите не се наплаќаат.
Колку долго би требало да имам Осигурување и може ли исплата од Осигурувањето да ја добијам порано?
• Траењето на Осигурувањето може да биде од 10-25 години.
• Во случај на откуп на осигурувањето, откупната вредност на полисата одговара на вредноста на инвестициското портфолио на референтниот ден на откупот и откупната вредност наведена на полисата. Референтен ден на откуп е следниот работен ден по прием на барањето за откуп.
• Во првите 3 години не е дозволен откуп за полисите со повеќекратна уплата, додека за полисите со еднократна уплата откуп не дозволен во првата година.
Како можам да се жалам?
Доколку не сте задоволни од работењето на Друштвото може да поднесете приговор, односно жалба против работењето на друштвото за осигурување кое ќе го доставите на адресата на Друштвото, преку формулар на веб страната xxx.xxx.xx, e-mail адреси: xxxxxxx@xxx.xx, xxxx@xxx.xx или x-xxxxxxxxxxxxxx@xxx.xx; на телефонскиот број (00) 0000 000. Во случај на спор помеѓу договорните страни, Друштвото предвидува вонсудско решавање на спорови преку компетентен тим.
Други релевантни информации
Сите документи поврзани со овој производ се достапни на:
• Услови за осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови со повеќекратна уплата на премија каде осигурениокот го носи инвестицискиот ризик (0542), со важност од 01.07.2020, интернет страницата на Кроациа Осигурување Живот АД (xxx.xxx.xx), или
•Согласност- согласноста е составен дел на понудата за осигурување и се потпишува заедно со понудата
•Проспект на Фондовите, Скратениот Проспект, последниот ревидиран годишен извештај, полугодишниот извештај на Фондовите и цените на уделите на Фондовите се достапни на интернет страницата на Друштвото за управување со инвестициски фондови (xxx.xxxxxxxxxx.xx)
Депозитна банка на Фондовите ВФП ПРЕМИУМ ИНВЕСТ и ВФП 100% БОНД е – Комерцијална Банка АД Скопје Фондовите се одобрени во Република Северна Македонија и ги регулира КХВ, Скопје
Документот го прочитав и разбрав:
Датум: Име и Презиме/Потпис
_