1.1.1 Договорниот орган е ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, адреса ул.Битолска бб Демир Хисар, лице за контакт Маљушовска Светлана тел/моб. 047 276-221, факс 047 276-361 електронска адреса nabavki@psihijatriskadh.mk 1.4.3 Оваа постапка ќе се...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
ЗА НАБАВКА НА
Стоматолошки материјали
[октомври, 2024 год.]
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност.......Стоматолошки материјали
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 4
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 5
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 9
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 11
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 11
1.1 Договорен орган
1.1.1 Договорниот орган е ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, адреса xx.Xxxxxxxx xx Xxxxx Xxxxx, лице за контакт Маљушовска Светлана тел/моб. 000 000-000, факс 000 000-000 електронска адреса xxxxxxx@xxxxxxxxxxxxxxx.xx
1.2. Предмет на набавка
1.2.1 Предмет на набавка е Стоматолошки материјали.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.2.2 Предметот на набавката е делив.
1.2.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 месеци.
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата
1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.3.2 Кај договорниот орган ЈЗУ Психијатриска болница Xxxxx Xxxxx, нема овластено лице за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки и согласно член 4 став 3 од Законот за заштита на укажувачи пријави може да се доставуваат до Одговорното лице на ЈЗУ Психијатриска болница Xxxxx Xxxxx.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
1.4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
1.4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Рамковна спогодба
1.5.1.1 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
1.5.1.2 Рамковната спогодба ќе се склучи за времетраење од 1 (една) година.
1.5.1.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор.
1.5.1.4 Поединечните договори за јавни набавки нема да се склучуваат, а ефект на договор ќе имаат: нарачка, налог, заклучница и слично, кои ќе ги имаат сите суштествени состојки од договорот.
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице.
3.1.2 Групни понуди не се прифаќаат.
3.1.3 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.4 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.5 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи.
3.1.6 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.7 Начин на испорака
3.7.1 Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача во просториите на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.
3.8 Рок на испорака
3.8.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 10 дена од денот на писмена нарачка (e-mail) од страна на X.О.
3.9 Начин на плаќање
3.9.1 Начинот на плаќање е во рок 90 дена од денот на уредно доставена фактура и испратница во архивата на ЈЗУ Психијатриска болница Xxxxx Xxxxx, согласно законот за финансиска дисциплина.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување
3.11.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
[доколку цената на понудата се искажува во валута различна од денарот курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние што важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. [Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 09.01.2023 година, до 1100 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност,
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
Решение - Одобрение за промет на големо со лекови или медицински средства согласно Законот за лекови и медицински средства
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 09.01.2023 во 1100 во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, во просториите на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран,
- Решение - Одобрение за промет на големо со лекови или медицински средства согласно Законот за лекови и медицински средства
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на цената.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.7 Поништување на постапката
5.7. 1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка [или рамковната спогодба] во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка [или рамковната спогодба] е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Договорот за јавна набавка може да се измени доколку првичниот носител на набавка го заменува друг економски оператор кој ги исполнува сите првично одредени услови во тендерската документација од спроведената постапка и кој е правен наследник на првичниот носител на набавка по извршено преструктурирање на претпријатието, вклучувајќи преземање, здружување, спојување или стечај, доколку тоа не вклучува други значителни промени на договорот и со тоа не се избегнува примената на овој закон.
6.5.2 Договорот за јавна набавка може да се измени во однос на вкупната парична вредност но измената несмее да надмине 20% од склучениот договор.
6.5.3 Договорот за јавна набавка може да се измени во делот на ДДВ, без оглед на паричната вредност:
доколку дојде до измена на стапката на ДДВ со некое ново законско решение,
доколку е направена техничка грешка во делот на ДДВ при изработка на договорот од страна на Д.О.,
доколку е направена техничка грешка во делот на ДДВ при изработка на понудата од страна на Е.О.
6.5.4 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
8.1 Во оваа точка договорниот орган ги наведува задолжителните одредби од договорот како на пример
предмет на договорот;
времетрање на договорот;
динамика на испорака на стоките, услугите или работите;
пенали за задоцнување или неисполнување на договорот;
гаранција за извршување на договорот и услови за наплата;
начин, услови и рокови на плаќање;
казнена камата за задоцнето плаќање;
разлики во цена;
услови за квантитативна и квалитативна контрола;
надзор на извршување на работите;
начин на примопредавање на стоката, извршување на услугите и на работите;
подизведување и подизведувачи;
виша сила;
гарантен период;
услови за прекинување или раскинување на договорот;
Дел |
Опис |
Ед. мерка |
Количина |
1 |
2 |
3 |
4 |
1 |
Стоматолошки
стол |
парче |
1 |
2 |
Ламба за светлосна полимеризација на пломби |
парче |
1 |
3 |
Апарат за чистење забен камен |
парче |
1 |
4 |
Спреј за подмачкување на насадни инструменти |
мл |
1 |
5 |
Клешти за екстракција на заби |
парче |
1 |
6 |
Полуги за екстракција на заби |
парче |
1 |
7 |
Тацни стоматолошки мин 20 х 10,5см |
парче |
1 |
8 |
Огледалца |
парче |
1 |
9 |
Држачи за огледалца |
парче |
1 |
10 |
Пинцети |
парче |
1 |
11 |
Пластични инструменти |
парче |
1 |
12 |
Сонди стоматолошки остри |
парче |
1 |
13 |
Набивачи двострани |
парче |
1 |
14 |
Борери челични – различни форми и димензии |
парче |
1 |
15 |
Борери дијамантски – различни форми и димензии |
парче |
1 |
16 |
Игли за екстрипација на пулпа, должина мин 21mm, ширина 0,12 – 0,40mm, бели, жолти, црвени, плави, зелени, црни |
парче |
1 |
17 |
Турпии за рачна обработка на канали 0,15 – 0,40mm |
парче |
1 |
18 |
Милер игли 0,12 – 0,30mm |
парче |
1 |
19 |
Лентули за колењак за полнење на канали 0,25 – 0,40mm |
парче |
1 |
20 |
Матрици метални: премоларни, моларни |
парче |
1 |
21 |
Целулоидни коронки за фронтални заби |
сет |
1 |
22 |
Полиестерски траки |
парче |
1 |
23 |
Метална четка за чистење на инструменти |
парче |
1 |
24 |
Гумици за полирање на композитни пломби за колењак Конусни, цилиндрични, вретеновидни, дисковидни Бели, зелени |
парче |
1 |
25 |
Петриеви шолји со 2 прегради |
парче |
1 |
26 |
Петриеви шолји со 3 прегради |
парче |
1 |
27 |
Кутија за редење на борери |
парче |
1 |
28 |
Четки за отстранување на меки наслаги за колењак Конусни, цилиндрични, вретеновидни |
парче |
1 |
29 |
Паста (абразивна) за чистење меки наслаги пакување до 50гр. |
гр |
1 |
30 |
Пластични сисалки за една употреба |
парче |
1 |
31 |
Фреза за акрилат за насадник |
парче |
1 |
32 |
Држач за скалпел |
парче |
1 |
33 |
Скалпел N°10 од не`рѓосувачки челик |
парче |
1 |
34 |
Скалпел N°15 од не`рѓосувачки челик |
парче |
1 |
35 |
Таблети формалин |
парче |
1 |
36 |
Забни ролни тампони од целулозна вата |
кг |
1 |
37 |
Орален антисептик Povidone – Iodine р.p.1% |
мл |
1 |
38 |
Орален антисептик и реепителизатор „Deproteinized calf blood extract pasta“ |
гр |
1 |
39 |
Орален антисептик 25% прополис (Proaftol spray или еквивалент) |
мл |
1 |
40 |
Средство
за лечење на акутни состојби на
парадонтални болести |
гр |
1 |
41 |
Спреј за површинска анастезија |
мл |
1 |
42 |
Локален анестетик articaine – epinefrine ампули, карпули мин 1,8мл |
ампула |
1 |
43 |
Локален
анестетик Mepivacaine Adrenaline |
ампула |
1 |
44 |
Анестетик Mepivacaine, јачина 30mg/ml (Scandonest 3% или еквивалент) |
ампула |
1 |
45 |
Капен шишенца со подлога со 5 места |
парче |
1 |
46 |
Артикулациона хартија за одредување на висината на загриз Сина/црвена |
парче |
1 |
47 |
Стаклена
плочка (огноотпорна на 200°С) за мешање
на стоматолошки потрошен материјал |
парче |
1 |
48 |
Шпатула метална за мешање на стоматолошки потрошен материјал |
парче |
1 |
49 |
Раствор за дезинфекција на коронски канали со антисептичко и аналгетско дејство (Sol.Chlumsky или еквивалент) |
мл |
1 |
50 |
Прашак за привремено канално полнење |
гр |
1 |
51 |
Канални логан колчиња |
парче |
1 |
52 |
Фибер – глас колчиња |
парче |
1 |
53 |
Фотополимеризирачка глас – јодомерна подлога |
парче |
1 |
54 |
Средство за нагризување гел или раствор Ортофосфорна киселина 30 – 35% |
мл |
1 |
55 |
Цинк фосфатен цемент нормално врзувачки (прашок, течност) |
сет |
1 |
56 |
Средство за привремено затворање на кавитети (цинк оксид, натруим сулфат, цинк сулфат) |
гр |
1 |
57 |
Цинк оксид еугенол (прашок, течност) |
сет |
1 |
58 |
Паста за директно прекривање на пулпа со фотополимеризација |
гр |
1 |
59 |
Паста за директно прекривање на пулпа без фотополимеризација |
гр |
1 |
60 |
Калциум хидроксид фосфатна подлога база + катализатор |
сет |
1 |
61 |
Средство за девитализација на пулпа на база на параформалдехит, лидокаин, метакрезол |
гр |
1 |
62 |
Паста за мумификација на пулпа (гизи) |
гр |
1 |
63 |
Јодоформ прав мин 15гр |
гр |
1 |
64 |
Хемофибрински тампони за хемостаза |
паковање |
1 |
65 |
Стоматолошка паста за трајно канално полнење (прашок + течност) |
сет |
1 |
66 |
Стоматолошка паста за привремено полнење на коренски канали при некроза, гангрена и хроничен периодонтит (да содржи метронидазол и хлорхексидин) |
гр |
1 |
67 |
Флуор протектор за профилакса на кариес и хиперсензитивен дентин |
мл |
1 |
68 |
Реставративен глас – јономер ( прашак + течност) |
сет |
1 |
69 |
Средство за обезмастување на кавитети (кондиционер) |
мл |
1 |
70 |
Заштитен лак за површинско запечатување на реставрации |
мл |
1 |
71 |
Натриум хипохлорид 2% |
мл |
1 |
72 |
Хлор хексидин 2% |
мл |
1 |
73 |
Нано
хибриден композит, фотополимеризирачки
3 – 4гр |
парче |
1 |
74 |
Хелиобонд фотополимеризирачки самонагризувачки мин.6гр |
парче |
1 |
75 |
Стоматолошки компреси во ролна за една употреба 54 х 60см |
ролна |
1 |
76 |
Хартиени шилци за сушење на коренски канали |
паковање |
1 |
77 |
Гутаперка шилци за дефинитивно полнење на коренски канали |
паковање |
1 |
78 |
Паста за лекување алвелоит |
гр |
1 |
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број ________ објавен од страна на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар за набавка на Стоматолошки материјали со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Финансиска и техничка понуда
II. 1. Детален приказ на техничките карактеристики и вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Дел |
Опис |
Ед. мерка |
Количина |
Ед.цена без ДДВ |
ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
|
|
1 |
Стоматолошки
стол |
парче |
1 |
|
|
2 |
Ламба за светлосна полимеризација на пломби |
парче |
1 |
|
|
3 |
Апарат за чистење забен камен |
парче |
1 |
|
|
4 |
Спреј за подмачкување на насадни инструменти |
мл |
1 |
|
|
5 |
Клешти за екстракција на заби |
парче |
1 |
|
|
6 |
Полуги за екстракција на заби |
парче |
1 |
|
|
7 |
Тацни стоматолошки мин 20 х 10,5см |
парче |
1 |
|
|
8 |
Огледалца |
парче |
1 |
|
|
9 |
Држачи за огледалца |
парче |
1 |
|
|
10 |
Пинцети |
парче |
1 |
|
|
11 |
Пластични инструменти |
парче |
1 |
|
|
12 |
Сонди стоматолошки остри |
парче |
1 |
|
|
13 |
Набивачи двострани |
парче |
1 |
|
|
14 |
Борери челични – различни форми и димензии |
парче |
1 |
|
|
15 |
Борери дијамантски – различни форми и димензии |
парче |
1 |
|
|
16 |
Игли за екстрипација на пулпа, должина мин 21mm, ширина 0,12 – 0,40mm, бели, жолти, црвени, плави, зелени, црни |
парче |
1 |
|
|
17 |
Турпии за рачна обработка на канали 0,15 – 0,40mm |
парче |
1 |
|
|
18 |
Милер игли 0,12 – 0,30mm |
парче |
1 |
|
|
19 |
Лентули за колењак за полнење на канали 0,25 – 0,40mm |
парче |
1 |
|
|
20 |
Матрици метални: премоларни, моларни |
парче |
1 |
|
|
21 |
Целулоидни коронки за фронтални заби |
сет |
1 |
|
|
22 |
Полиестерски траки |
парче |
1 |
|
|
23 |
Метална четка за чистење на инструменти |
парче |
1 |
|
|
24 |
Гумици за полирање на композитни пломби за колењак Конусни, цилиндрични, вретеновидни, дисковидни Бели, зелени |
парче |
1 |
|
|
25 |
Петриеви шолји со 2 прегради |
парче |
1 |
|
|
26 |
Петриеви шолји со 3 прегради |
парче |
1 |
|
|
27 |
Кутија за редење на борери |
парче |
1 |
|
|
28 |
Четки за отстранување на меки наслаги за колењак Конусни, цилиндрични, вретеновидни |
парче |
1 |
|
|
29 |
Паста (абразивна) за чистење меки наслаги пакување до 50гр. |
гр |
1 |
|
|
30 |
Пластични сисалки за една употреба |
парче |
1 |
|
|
31 |
Фреза за акрилат за насадник |
парче |
1 |
|
|
32 |
Држач за скалпел |
парче |
1 |
|
|
33 |
Скалпел N°10 од не`рѓосувачки челик |
парче |
1 |
|
|
34 |
Скалпел N°15 од не`рѓосувачки челик |
парче |
1 |
|
|
35 |
Таблети формалин |
парче |
1 |
|
|
36 |
Забни ролни тампони од целулозна вата |
кг |
1 |
|
|
37 |
Орален антисептик Povidone – Iodine р.p.1% |
мл |
1 |
|
|
38 |
Орален антисептик и реепителизатор „Deproteinized calf blood extract pasta“ |
гр |
1 |
|
|
39 |
Орален антисептик 25% прополис (Proaftol spray или еквивалент) |
мл |
1 |
|
|
40 |
Средство
за лечење на акутни состојби на
парадонтални болести |
гр |
1 |
|
|
41 |
Спреј за површинска анастезија |
мл |
1 |
|
|
42 |
Локален анестетик articaine – epinefrine ампули, карпули мин 1,8мл |
ампула |
1 |
|
|
43 |
Локален
анестетик Mepivacaine Adrenaline |
ампула |
1 |
|
|
44 |
Анестетик Mepivacaine, јачина 30mg/ml (Scandonest 3% или еквивалент) |
ампула |
1 |
|
|
45 |
Капен шишенца со подлога со 5 места |
парче |
1 |
|
|
46 |
Артикулациона хартија за одредување на висината на загриз Сина/црвена |
парче |
1 |
|
|
47 |
Стаклена
плочка (огноотпорна на 200°С) за мешање
на стоматолошки потрошен материјал |
парче |
1 |
|
|
48 |
Шпатула метална за мешање на стоматолошки потрошен материјал |
парче |
1 |
|
|
49 |
Раствор за дезинфекција на коронски канали со антисептичко и аналгетско дејство (Sol.Chlumsky или еквивалент) |
мл |
1 |
|
|
50 |
Прашак за привремено канално полнење |
гр |
1 |
|
|
51 |
Канални логан колчиња |
парче |
1 |
|
|
52 |
Фибер – глас колчиња |
парче |
1 |
|
|
53 |
Фотополимеризирачка глас – јодомерна подлога |
парче |
1 |
|
|
54 |
Средство за нагризување гел или раствор Ортофосфорна киселина 30 – 35% |
мл |
1 |
|
|
55 |
Цинк фосфатен цемент нормално врзувачки (прашок, течност) |
сет |
1 |
|
|
56 |
Средство за привремено затворање на кавитети (цинк оксид, натруим сулфат, цинк сулфат) |
гр |
1 |
|
|
57 |
Цинк оксид еугенол (прашок, течност) |
сет |
1 |
|
|
58 |
Паста за директно прекривање на пулпа со фотополимеризација |
гр |
1 |
|
|
59 |
Паста за директно прекривање на пулпа без фотополимеризација |
гр |
1 |
|
|
60 |
Калциум хидроксид фосфатна подлога база + катализатор |
сет |
1 |
|
|
61 |
Средство за девитализација на пулпа на база на параформалдехит, лидокаин, метакрезол |
гр |
1 |
|
|
62 |
Паста за мумификација на пулпа (гизи) |
гр |
1 |
|
|
63 |
Јодоформ прав мин 15гр |
гр |
1 |
|
|
64 |
Хемофибрински тампони за хемостаза |
паковање |
1 |
|
|
65 |
Стоматолошка паста за трајно канално полнење (прашок + течност) |
сет |
1 |
|
|
66 |
Стоматолошка паста за привремено полнење на коренски канали при некроза, гангрена и хроничен периодонтит (да содржи метронидазол и хлорхексидин) |
гр |
1 |
|
|
67 |
Флуор протектор за профилакса на кариес и хиперсензитивен дентин |
мл |
1 |
|
|
68 |
Реставративен глас – јономер ( прашак + течност) |
сет |
1 |
|
|
69 |
Средство за обезмастување на кавитети (кондиционер) |
мл |
1 |
|
|
70 |
Заштитен лак за површинско запечатување на реставрации |
мл |
1 |
|
|
71 |
Натриум хипохлорид 2% |
мл |
1 |
|
|
72 |
Хлор хексидин 2% |
мл |
1 |
|
|
73 |
Нано
хибриден композит, фотополимеризирачки
3 – 4гр |
парче |
1 |
|
|
74 |
Хелиобонд фотополимеризирачки самонагризувачки мин.6гр |
парче |
1 |
|
|
75 |
Стоматолошки компреси во ролна за една употреба 54 х 60см |
ролна |
1 |
|
|
76 |
Хартиени шилци за сушење на коренски канали |
паковање |
1 |
|
|
77 |
Гутаперка шилци за дефинитивно полнење на коренски канали |
паковање |
1 |
|
|
78 |
Паста за лекување алвелоит |
гр |
1 |
|
|
II.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
II. 5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
И З Ј А В А
Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на Стоматолошки материјали која се спроведува по оглас за јавна набавка број ___________ објавен од страна на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________
(потпис)
Место и датум ______________________________
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.