Contract
0530
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ДЕТСКО ШТЕДНО ОСИГУРУВАЊЕ (0530)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со овие Посебни услови за детско штедно осигурување (во понатамошен текст: Посебни услови) се уредуваат меѓусебните односи помеѓу учесниците во овој Договор.
(2) Овие Посебни услови се составен дел на Договорот за детско штедно осигурување кој договорувачот на осигурувањето (во понатамошен текст: Договорувач) го склучува со КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ - X.X. за осигурување на Живот Скопје (во понатамошен текст: Осигурител).
(3) Договорувач може да биде родителот или старателот на детето, како и секое друго физичко или правно лице кое има интерес и ќе ја плаќа премијата.
Член 2
(1) Одредени поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следново значење:
■ Понуда е предлог за склучување на договорот за детско штедно осигурување и се поднесува во писмена форма на формулар од Осигурителот;
■ Понудувач е личноста која ја поднесува писмената понуда до Осигурителот;
■ Договорувач е личноста која го заклучува Договорот за осигурување со Осигурителот;
■ Осигуреник е детето од чиешто доживување зависи исплатата на договорените осигурени суми;
■ Корисник на осигурувањето е детето за чија корист се договорува осигурувањето и на кое му се исплаќа договорената осигурена сума;
■ Договорена осигурена сума (во понатамошен текст: осигурена сума) е обврската на Осигурителот утврдена со договорот за осигурување, односно полисата за осигурување;
■ Полиса е пишан облик на договорот за штедно осигурување на деца;
■ Премија за осигурување е износ кој договорувачот е должен да го плати на осигурителот врз основа на договорот за штедно осигурување на деца;
■ Осигурeн случај е доживувањето на осигуреникот по истекот на траењето на Договорот.
Член 3
(1) Со договорот за детско штедно осигурување договорувачот се обврзува на осигурителот да му ја уплати премијата за осигурување, а осигурителот се обврзува, со настанувањето на осигурен случај, на корисникот да му ја исплати осигурената сума.
(2) Со детско штедно осигурување по овие Посебни услови може да се договори и дополнително осигурување на лица од последици на несреќен случај според Дополнителните услови за осигурување на деца од последици на несреќен случај со детско штедно осигурување и Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурувањето на Живот.
(3) Според овие Посебни услови можат да се осигураат деца со навршени 30 дена од раѓање до деца кои се на 13 годишна возраст и тоа од првиот ден во месецот кој следи после месецот во кој осигуреникот стекнал право за склучување на осигурувањето и ја платил првата премија или нејзина рата, а осигурувањето најдолго може да трае до истекот од 25 годишна возраст.
(4) Сите изјави и побарувања на договорнитестрани се поднесуваат исклучиво во писмена форма, а се смета дека се поднесени оној ден кога договорната страна на која е упатен дописот го примила. Или ако дописот е пратен по пошта како ден на прием се смета датумот на поштенскиот жиг.
II. ПОНУДА Член 4
(1) Понудата за детско штедно осигурување поднесена на формулар од осигурителоти x
составен дел на договорот за осигурување и ги содржи сите важни елементи на договорот.
(2) Понудата мора да се исполни целосно, вистинито и точно, во неа мора да се наведат сите факти битни за превземање на ризикот и склучувањето на договорот.
(3) Осигурителот има право, по прием на понудата да побара дополнителни податоци, односно да утврди дополнителни факти за склучување на договорот.
(4) Понудата ја потпишува договорувачот (лицето кое го договорува осигурувањето и ја плаќа премијата) и родителот или старателот на детето - осигуреник.
Член 5
(1) Писмената понуда за склучување на договорот го обврзува осигурувачот да одговори на понудата 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување и дополнителна документација доколку е потребна.
(2) Осигурителот може да ја прифати понудата која не отстапува од условите на осигурителот под кои се склучува предложеното осигурување, односно осигурителот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на посебни причини за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документи предадени во оригинал, не ги враќа на понудувачот.
(3) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурителот ако во периодот од поднесување на понудата до склучување на договорот за осигурување настане зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како тешка болест или повреда на осигуреникот.
III. ПОЛИСА
Член 6
(1) Полисата за осигурување на Живот содржи: Назив на Осигурителот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт односно доживување и дата на издавање на полисата.
(2) Договорот за детско штедно осигурување се смета за склучен кога договорувачот и родителот или старателот на детето и осигурителот ќе ја
потпишат понудата и ќе се уплати правата рата (капар).
(3) Покрај понудата и полисата, составен дел на договорот за осигурување се и овие Посебни услови кои се даваат заедно со полисата. Ако со осигурувањето се договори и дополнително осигурување од последици на несреќен случај, составен дел на договорот се и Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на Живот и Дополнителните услови за осигурување на деца од последици на несреќен случај со детско штедно осигурување.
Член 7
(1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносител.
(2) Осигурителот издава полиса во еден примерок.
IV. ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8
(1) Детско штедно осигурување започнува во 0,00 часот на денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето.
(2) Обврската на осигурителот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член исклучиво ако до тој ден е платена првата премијаили рата од премија.
(3) Обврската на осигурителот трае до 0,00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
V. ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 9
(1) Премијата на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, ја утврдуваат договорувачот и осигурителот врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната старост на осигуреникот, траењето на осигурувањето и роковите на плаќање на премијата.
(2) Кај зголемен ризик во дополнителното осигурување можат да се договори и дополнителна премија.
Член 10
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договорат во ЕВРА. Премијата по правило се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати
на премии во ЕВРА плаќањето може да биде извршено и во ЕВРА.
(2) Ако е договорено подгодишно плаќање на премијата, осигурителот пресметува дополнителен надомест за подгодишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 11
(1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурителот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Премијата се смета за уплатена оној ден кога осигурителот ја има примено уплатата.
(3) Ако уплатата на премијата не може да се спроведе од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е спроведена уплатата.
(4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 12
(1) Осигурителот има право на законска затезна камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна камата почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
(2) Осигурителот има право при исплатата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана неплатена премија по полисата и затезната камата.
(3) Осигурителот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
VI. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурителот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурителот може ако дотогаш се платени барем
3 (три) годишни премии согласно одредбите од член 22, став (2) од овие услови, да му изјави на договорувачот на осигурувањето дека ја намалува осигурената сума на износот на
капитализираната вредност на осигурувањето, а спротивно го раскинува договорот без поврат на уплатената премија.
VII. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 14
(1) Договорувачот е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурителот сите околности кои се значајни за оцената на ризикот, кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурителот во понудата бара дополнителни податоци.
(3) Договорувачот е должен, на барање на осигурителот, да ги обезбеди сите потребни податоци кои се однесуваат на осигуреникот .
Член 15
(1) Договорувачот е должен за време на траењето на осигурувањето да го извести осигурителот за сите промени кои се важни за договореното осигурување.
(2) Договорувачот е должен во писмена форма да го извести осигурителот за промена на адресата и местото на плаќање на премијата, најдоцна 3 (три) дена по извршената промена. Осигурителот го задржува правото известувања да испраќа на последната пријавена адреса на договорувачот.
(3) Ако договорувачот не постапи според одредбата на став (2) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната пријавена адреса на договорувачот влегуваат во сила како договорувачот да ги примил.
VIII. НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 16
(1) Ако договорувачот намерно потполнил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што oсигурителот не би склучил договор доколку ја знаел реалната состојба на работите, односно околностите, oсигурителот може да бара поништување на договорот, односно доколку се работи за непријавена фактичка сосотојба која би влијаела само на условите и висината на премијата, осигурувачот може да предложи зголемување на премијата сразмерно на зголемениот ризик.
(2) Во случај на поништување на договорот врз основа на став (1) од овој член, осигурителот ја задржува наплатената премија и има право да бара премија за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
(3) Правото на осигурителот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 17
(1) Ако договорувачот извршил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурителот може, по свој избор, во рок од месец дена од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик.
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурителот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурителот му ја соопштил на договорувачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај кога постои предлог на осигурителот за зголемување на премијата, раскинот настапува ако договорувачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на прием на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурителот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
IX. ОБВРСКИ НА ОСИГУРИТЕЛОТ
Член 18
(1) Осигурителот има обврска врз основа на договореното осигурување да исплати:
1. Осигурана сума на осигуреникот - за случај на доживување, по истек на договореното траење на осигурувањето
2. сите дотогаш уплатени премии на договорувачот на осигурувањето - во случај на смрт на осигуреникот за време на траење на осигурувањето.
(2) Осигурителот има обврска во случаите од став (1)точка 1 и точка 2 на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за дотогаш
припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките од член 27, утврдени со овие Посебни услови.
(3) По изминати најмалку 2 (две) години од почетокот на осигурувањето за кои е платена премија, доколку настапи смрт на Договорувачот на осигурувањето, кој во моментот на смртта не бил постар од 65 (шеесет и пет) години, осигурителот се обврзува, без понатамошна уплата на премија, по истекот на договореното траење на осигурувањето на осигуреникот да ја исплати договорената осигурена сума;
(4) Во случај на смрт на двајцата родители на осигуреникот во еден несреќен случај, осигурителот се обврзува на осигуреникот да исплати двојна осигурена сума согласно одредбите од член 29 и 30 од овие посебни услови. Со исплатата на оваа предметна обврска детското штедно осигурување престанува да важи.
(5) Осигурителот се обврзува на осигуреникот да исплати награда во висина од 3% од осигурената сума под услов осигуреникот да го заврши средното образование со одличен успех.
X. ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРИТЕЛОТ
Член 19
(1) Осигурителот не е обврзан на договорувачот да му ги исплати сите дотогаш уплатени премии доколку осигуреникот изврши самоубиство во првата години, а доколку изврши самоубиство во втората или третата години од траењето на осигурувањето, се исплаќа до тогаш собраната математичка резерва. По истекот на рокот од три години на траењето на осигурувањето, осигурителот е обврзан да ги исплати сите дотогаш уплатени премии и дотогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
Член 20
(1) Доколку за време на траењето на договорот почине Договорувачот на осигурувањето, кој во моментот на настапување на смртта бил постар од 65 (шеесет и пет) години или по спроведена промена на Договорувач во текот на траењето на овој договор истиот почине, а од спроведената промена не се поминати најмалку 2 осигурителни години и неговата обврска не ја превземе
родителот или старателот на детето – осигуреникот, кој осигурителот го известил со препорачано писмо да се повика на истото во рок од 30 дена од прием на известувањето, со истекот на тој рок договорот за детско штедно осигурување се смета за xxxxxxxx, а осигурителот е должен на осигуреникот да ја исплати математичката резерва.
(2) Кај осигурувања со еднократна уплата на премија не се применуваат одредбите од став (1) на овој член и договорот за осигурување останува на сила.
(3) Осигурителот не е обврзан да ја исплати осигурената сума, туку само дотогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. Како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна;
2. Поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје;
3. Како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
XI. ПРАВА НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕД НАСТАПОТ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 21
(1) Договорувачот може најдоцна 30 (триесет) дена пред почетокот на новата осигурителна година да побара промени по полисата.
(2) Осигурувачот може да го одбие барањето на договорувачот.
Член 22
(1) Договорувачот може да побара капитализација на осигурувањето без понатамошно плаќање на премијата со намалена договорена сума според Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата.
Капитализација на осигурувањето е возможно ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(2) Со капитализација престануваат да важат договорените дополнителни осигурувања .
(3) Кај осигурувања со еднократна уплата на премија не се применуваат одредбите од став (1) и (2) на овој член.
Член 23
(1) Договорувачот може да побара откуп на осигурувањето според Таблицата за откупни вредности, доколку е откупот возможен.
Откуп е возможен ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(2) Доколку до денот на поднесување на барањето за откуп на осигурувањето е поминато најмалку половина од договореното траење на осигурувањето и за кој период е платена договорената премија, осигурителот е обврзан да дотогаш припишаната добивка ја пресмета во откупната вредност на полисата.
(3) Кај осигурувања со еднократна уплата на премија, договорувачот може да побара откуп според Таблицата за откупни вредности само под услов да е помината најмалку една година од осигурувањето.
(4) Со откупот на полисата договорот за осигурување престанува во 0,00 часот оној ден во кој е исплатена откупната вредност.
Член 24
(1) На барање на договорувачот, осигурителот може да одобри заем на основа на склучениот договор. Заемот може да се одобри ако се исполнети условите за капитализација на осигурувањето, односно за откуп од одредбите на член 22 и 23 од овие Посебни услови.
(2) Осигурителот и договорувачот на осигурувањето склучуваат договор за заем кој се запишува на полисата.
(3) Осигуреникот по навршување на 18 (осумнаеесет) години живот може врз основа на согласност на договорувачот на осигурувањето да побара заем, во овој случај договорувачот истовремено е солидарен заемобарател на осигуреникот.
Член 25
(1) Полисата за осигурување може да се даде како залог доколку се исполнети условите од член 22, став (1) и 23 став (1) од овие посебни услови.
(2) Заложувањето има валидност кон осигурителот само ако осигурителот е писмено известен дека полисата е заложена кај одреден доверител.
(3) Кога полисата гласи по наредба, заложувањето се врши со индосирање.
XII. ОБНОВА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Член 26
(1) Осигурувањето на живот кое престанало да важи поради раскин на договорот или е претворено во осигурување со намалени осигурени суми без понатамошно плаќање (капитализација) може да се обнови по писмено барање на договорувачот, најкасно во рок од 12 (дванаесет) месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија.
(2) Осигурувањето кое престанало да важи поради раскин на договор или е претворено во осигурување со намалени осигурени суми без понатамошно плаќање (капитализација) може да се обнови само доколку се платени сите доспеани премии и соодветните затезни камати до денот на обнова.
(3) Осигурителот е должен барањето за обнова да го прифати или одбие во рок од 8 (осум) дена од денот на прием на барањето. Доколку осигурителот во тој рок рок не го одбие барањето, се смета дека го прифатил, но само доколку се исполнети сите услови за обнова.
(4) Обврските на осигурителот по обновениот договор за осигурување започнуваат во 0,00 часот оној ден кога осигурителот го прифатил барањето за обнова, доколку се дотогаш исполнети сите услови за обнова на договорот.
(5) Ако осигуреникот во текот на една година од денот на обнова на договорот изврши самоубиство, осигурителот ја исплаќа дотогаш насобраната математичка резерва.
XIII. УЧЕСТВО ВО ДОБИВКАТА
Член 27
(1) Договорувачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурителот. Под остварена добивка се подразбира добивка која осигурителот може да ја припише на осигурената сума. Висината и начинот на учество во добивката се утврдуваат со посебна одлука усвоена од Собрание на акционери на осигурителот.
(2) Право на учество во распределба на остварената добивка на осигурителот се стекнува по истекот на 24 (дваесет и четири) месеци од почетокот на осигурувањето, под услов да се платени сите премии во целост.
(3) Доколку е договорено осигурување со еднократна уплата на премија право на учество во распределба на остварената добивка на осигурителот се стекнува по истекот на 12
(дванаесет) месеци од почетокот на осигурувањето.
(4) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договорувачот за тоа се известува во тековната година за изминатата година, доколку е истечен рокот од став (2) на овој член и доколку осигурувачот донел одлука во смисла на став (1) на овој член.
(5) При доживување уделот во добивката се исплаќа заедно со осигурената сума.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот, вкупно уплатената премија и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат на договорувачот на осигурувањето.
XIV. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 28
(1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, се до моментот додека не настапи осигурен случај.
(2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурителот, доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурителот, и примени се од страна на осигурителот пред да настапи осигурениот случај.
XV. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 29
(1) Договорувачот, осигуреникот, родителот или старателот се должни по настапот на осигурениот случај до осигурителот да поднесат писмена пријава во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурителот и со неа се поднесуваат следниве документи:
1. Оригиналот на полисата за детско штедно осигурување;
2. Извод од матична книга на осигуреникот или лична карта на увид заради
идентификација на идентититетот на осигуреникот;
(3) Доколку настапила смрт на осигуреникот, договорувачот на осигурувањето за да би ги остварил своите права од член 18, став 1, точка 2 на овие посебни услови, поднесува писмена пријава на формулар од осигурителот и со неа поднесува извод од матичната книга на умрени или некој друг соодветен службен документ со кој ја докажува смртта на осигуреникот.
(4) Xxxxxxx настапила смрт на Договорувачот на осигурувањето кој во моментот на смртта не бил постар од 65 (шеесет и пет) години, под услов да се поминати најмалку 2 (две) години од ова осигурување и за нив да биде уплатена премија, родителот или старателот на малолетниот осигуреник или осигуреникот доколку е полнолетен за да ги оствари своите права од член
18 став 3 од овие посебни услови поднесува писмена пријава на образец на осигурителот и дополнително приложува извод од матична книга на умрени или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на Договорувачот на осигурувањето.
(5) Доколку настапила смрт на двајцата родители во еден несреќен случај Договорувачот на осигурувањето или старателот на малолетниот осигуреник или осигуреникот доколку станал полнолетен за да ги оствари своите права од член
18 став 4 од овие посебни услови поднесува писмена пријава на образец на осигурителот и дополнително приложува извод од матична книга на умрени или некоја друга соодветна службена исправа која ја истовремената смрт на двајцата родители на осигуреникот.
(6) Договорувачот на осигурувањето или старателот на малолетниот осигуреник или осигуреникот доколку станал полнолетен за да ги оствари своите права од член 18 став 5 од овие посебни услови поднесува писмена пријава на образец на осигурителот и дополнително приложува доказ за завршено средно образование со одличен успех.
(7) Осигурителот има право да побара и други докази потребни за утврдување на правото за исплата.
(8) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XVI. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА Член 30
(1) Осигурителот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 29, став (2) и (3) од овие Посебни услови.
(2) Доколку за утврдување на постоењето на обврската на осигурителот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурителот или висината на надоместот, на барање на договорувачот, осигурителотможе да го исплати неспорниот дел (аконтација) согласно договорот за осигурување во рок од 30 дена од кога е примена пријавата за осигурениот случај или овластеното лице во истиот рок да го извести дека неговото барање не е основано
(3) Ако во моментот на утврдување на обврската постои спор околу примената на даночните прописи и другите прописи со кои се утврдуваат задолжителните давања кон органите на државната власт, осигурителот ќе постапи согласно со став (2) на овој член.
(4) Осигурителот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
XVII. КОРИСНИК
Член 31
(1) Договорувачот го одредува осигуреникот како корисник во полисата.
(2) Право на исплата на осигурената сума и на дотогаш припишаната добивка има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот.
(3) Осигурената сума зголемена за дотогаш припишаната добивка ќе се исплати на осигуреникот на неговата сметка во банка. Во случај на спор, осигурителот има право да бара од родителите односно старателите да прибават решение од законодавното тело за старателство со кое се одредува лицето овластено за прием на договорената сума која му припаѓа на малолетното лице.
XVIII. ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 32
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА и припишаната добивка се исплаќаат во денарска
противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.
XIX ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 33
(1) Договорените страни се согласни сите спорови кои ќе произлезат од овој договор за осигурување, во врска со него или во врска со негови дополнителни измени или дополнувања, вклучувајќи ги и споровите кои се однесуваат на неговата валидност, повреда, престанок или толкување, најпрво да се обидат да ги решат спогодбено и без судска постапка, согласно правилата на осигурителот за интерна постапка за решавање на жалби од странки.
XX. ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 34
(1) Договорувачот е должен да го пријави кајосигурителот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службениот весник на Република Македонија.
(2) Осигурителот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурителот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во службениот весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XXI. НАДОМЕСТОЦИ
Член 35
(1) Договорувачот е должен на осигурителот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурителот во висина која тојја одредува.
(2) Договорувачот е должен, со договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци воведени со прописите.
XXII. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 36
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1. Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2. Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организација за заштита на потрошувачи, и
4. Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 37
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XXIII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 38
(1) Сите лични податоци со кои Друштвото
располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XXIV. ЗАСТАРЕНОСТ
Член 39
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
XXV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 40
(1) За односите помеѓу осигурителот, осигуреникот, договорувачот, корисникот x
другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи.