Договорниот орган Општина Аеродром - Скопје, со адреса на бул. Јане Сандански бр.109, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2400-970 и факс 02/2401-546, електронска адреса: aerodrom@aerodrom.gov.mk, има потреба од склучување на рамковна спогодба со еден...
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА РАМКОВНА СПОГОДБА СО ЕДЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ -
ОДРЖУВАЊЕ НА НА СИСТЕМИ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ЈАВНИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
критериум за доделување на рамковната спогодба:
ЕКОНОМСКИ НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
КОЈА СЕ УТВРДУВА ВРЗ ОСНОВА НА ЦЕНА
Скопје, август, 2021 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Општина Аеродром - Скопје, со адреса на бул. Xxxx Xxxxxxxxx бр.109, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2400-970 и факс 02/2401-546, електронска адреса: xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx, има потреба од склучување на рамковна спогодба со еден економски оператор за предметот на договорот за јавна набавка за доделување на единечни договори за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка на работи со поедноставена отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза, во согласност со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.24/19), за што објави оглас број _______генериран и објавен на страната на ЕСЈН на 04.08.2021 година од страна на Општина Аеродром.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на рамковната спогодба за јавна набавка најдоцна до 19.08.2021 година во 10:00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори"
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, предмер пресметка, задолжителни одредби што ќе ги содржи рамковната спогодба, изјава за сериозност на понудата, образец на понудата, изјава за докажување на способност и останати обрасци согласно содржината на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина, пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на 19.08.2021 година во 10:00 часот.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 04.08.2021 година |
Овластено лице Комисија за јавни набавки |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување стоки, обезбедување услуги или изведување градежни работи;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или работи;
„Договор за јавна набавка на стоки“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката. Договорот за јавна набавка на стоки може да вклучува и услуги за нивно поставување и вградување;
„Договор за јавна набавка на услуги“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на услуги, освен оние од точка 5 на овој став;
„Договор за јавна набавка на работи“ е договор за јавна набавка чиј предмет е:
а) изведување или проектирање и изведување работи поврзани со една или повеќе градежни активности;
б) изведување градба или проектирање и изведување градба и
в) реализација на градба со какви било средства, според барањата на договорниот орган, кој има одлучувачко влијание на видот или дизајнот на градбата;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки, услуги или работи;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, конкурентен дијалог или во партнерство за иновации;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општо применливите прописи и сета дополнителна документација;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката;
„Централизирани набавни активности“ се активности што се извршуваат континуирано во еден од следниве облици:
а) набавка на стоки и услуги наменети за повеќе договорни органи или
б) доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи наменетиза повеќе договорни органи;
„Помошни набавни активности“ се активности за поддршка на договорниот орган при вршење на неговите набавки, особено во следниве форми:
а) техничка инфраструктура која на договорниот орган му овозможува доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи и/или
б) советување во врска со осмислувањето или спроведувањето на постапките за јавни набавки;
„Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности;
„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Северна Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Животен век“ се сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги потребните истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз, користење и одржување во текот на постоењето на производот или градбата или обезбедувањето на услугата, од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите до расходување, уништување или завршување на услугата или употребата;
„Конкурс за избор на идејно решение“ е постапка која му овозможува на договорниот орган, главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништвото или обработката на податоци, да добие план или проект, кој ќе го избере жири комисија по распишување конкурс со или без доделување награди;
„Иновација“ е имплементација на нов или значително подобрен производ, услуга или процес, вклучувајќи ги процесите на производство и изградба, нов метод на пласман на пазарот или нов метод на организација во деловната пракса, организација на работното место или организација на надворешните односи, со цел да се помогне во решавањето на општествените предизвици;
„Ознака“ е секој документ, уверение или потврда што потврдува дека стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките ги исполнуваат утврдените барања;
„Услови за добивање ознака“ се услови кои стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките мора да ги исполнуваат за да добијат одредена ознака;
„Класичен јавен сектор“ е јавниот сектор кој не е опфатен со секторските дејности;
„Секторски дејности“ се дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот и поштенските услуги, кои се опфатени во членовите 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од овој закон;
„Технички спецификации“ се:
а) во случај на јавна набавка на работи, збир на технички прописи содржани во тендерската документација со кои се дефинирани потребните карактеристики на материјалите, производите или стоките за да одговараат на употребата што му е потребна на договорниот орган; тие карактеристики вклучуваат влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и постапките за обезбедување квалитет, терминологијата, симболите, методите на тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на градбата; тие карактеристики, исто така, вклучуваат правила од проектот и правила за процена на трошоците, услови за тестирање, за инспекција и за прием на изведените работи, градежните методи или техники, како и сите други технички услови што договорниот орган има право да ги пропише во согласност со општите и посебните прописи во врска со градбата и вклучените материјали или деловите и
б) во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Стандард“ е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признаено тело со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје, и тоа:
а) „меѓународен стандард“ е стандард усвоен од меѓународна организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста,
б) „европски стандард“ е стандард усвоен од европска организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста и
в) „национален стандард“ е стандард усвоен од национално тело за стандардизација и е достапен на јавноста;
„Техничка референца“ е секој документ кој не е европски или национален стандард, а е издаден од национално или европско тело за стандардизација, кој е во согласност со постапки прилагодени на потребите на пазарот;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Електронски пазар на набавки од мала вредност“ е електронска платформа во вид на електронски каталог со која управува Бирото за јавни набавки и која се користи за набавки од мала вредност согласно со условите од овој закон;
„Динамичен систем за набавки“ е систем кој се воспоставува како целосно електронски процес отворен во текот на целото времетраење за сите економски оператори што ги исполнуваат критериумите за утврдување способност, а кој се користи за вообичаени набавки кои се општо достапни на пазарот и кои ги исполнуваат потребите на договорниот орган;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
„Заеднички поимник за јавни набавки CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите постојни номенклатури за стоки, услуги и работи;
„Рамковна спогодба“ е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори со која се утврдуваат основните услови што ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената и ако е можно, предвидените количини;
„Одговорно лице кај договорниот орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
„Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа на закон, подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето секторски дејности на еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста други субјекти да вршат такви дејности;
„Државни органи“ се органите на државната управа и органите на законодавната и судска власт;
„Електронски каталог“ е организирана описна листа на стоки или услуги што ги нудат економските оператори преку ЕСЈН;
„Тело за оценка на сообразност“ е тело кое извршува дејности за утврдување сообразност, вклучително и калибрирање, тестирање, сертифицирање и инспекција, акредитирано согласно со материјалните прописи и
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Аеродром – Скопје, со седиште на адреса: бул. Xxxx Xxxxxxxxx бр.109, 1000 Скопје, телефон 02/0000-000, факс 02/2401-546, електронска адреса xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxx Xxxxxxxxx, телефон 02/0000-000, факс 02/2401-546, електронскa aдреса: xxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx.
1.3.1 Предмет на рамковната спогодба се работи – Одржување на системи за полевање на територија на Општина Аеродром.
Детален опис на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка е даден во предмер пресметката во прилог на оваа тендерска документација.
1.3.2 Предметот на рамковната спогодба е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни елементи. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. Доколку во оваа тендерска документација е предвидено спроведување на електронска аукција, за предметот на рамковната спогодба ќе се спроведе една електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.1 Рамковната спогодба ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза вo постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
Посебни начини за спроведување на постапката
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор.
1.5.2 Рамковната спогодба се склучува со времетраење од 1 (една) година од денот на нејзиното склучување, или до исцрпување на средствата предвидени за предметната набавка но не подолго од 1 година од склучување на спогодбата.
1.5.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор и со услови кои остануваат непроменети за целото времетраење на спогодбата. Поединечниот договор за јавна набавка се доделува на економскиот оператор кој е избран за страна во рамковната спогодба. Избраниот понудувач има обврска за склучување на поединечен договор врз основа на рамковната спогодба, односно ефект на договор ќе има налог, нарачка или слично доколку ги содржат суштествените елементи на договорот (согласно член 116, став 4 од Законот за јавните набавки).
1.5.4 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
Подетални информации за електронската аукција:
Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката .
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и начинот на затворање аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени)
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да биде спроведена.
Начин и рок на плаќање
1.6.1 Плаќањето за извршените работи кои ќе бидат предмет на поединечните договори склучени врз основа на рамковната спогодба, ќе се врши во рок од 30 дена по достава на финансиска документација (фактура/ситуација) во Архивата на Општината.
1.6.2 Начинот и рокот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин и рок на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на рамковната спогодба за јавна набавка која е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром за 2021 година.
Начин на реализација на рамковната спогодба
1.8.1 Договорниот орган рамковната спогодба со еден економски оператор со услови што ќе останат непроменети за целото времетраење на рамковната спогодба ќе ја реализира, согласно потребите на договорниот орган од овој вид на работи со склучување на поединечни договори и согласно предмер пресметката дадена во прилог на тендерската документација.
НАПОМЕНА: Eфект на договор ќе има налог, нарачка или слично доколку ги содржат суштествените елементи на договорот (согласно член 116, став 4 од Законот за јавните набавки).
1.8.2 Носителот на набавката е должен да ги извршува работите, предмет на рамковната спогодба согласно потребите на договорниот орган за цело времетраење на рамковната спогодба и согласно предмер пресметката дадена во прилог на тендерската документација, по склучен поединечен договор или по добиен писмен налог од страна на Набавувачот, во рок не подолг од 30 дена од добивање на истиот.
1.8.3 Рокот утврден во писмениот налог за работа започнува да тече од денот на воведување во работа. Носителот на набавката е должен работите - предмет на поединечните договори за јавна набавка да започне да ги извршува од денот на воведувањето во работа, а по приемот на писмениот налог и да заврши со нивна реализација во рок не подолг од 30 дена по воведувањето во работа.
1.8.4 Секоја понуда која содржи рок и начин на извршување поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
1.9 Договорна казна
1.9.1 Договорната казна на поединечните договори склучени врз основа на оваа рамковна спогодба ќе изнесува 1%o (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на работите на поединечните договори.
Договорната казна треба да се исплати во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на писменото известување за договорна казна.
Времетраење на рамковната спогодба
1.10.1 Рамковната спогодба ќе биде склучена со времетраење од 1 (една) година од денот на нејзиното склучување, или до исцрпување на средствата предвидени за предметната набавка но не подолго од 1 година од склучување на спогодбата.
1.11 Разлики во цена (корекција на цени)
1.11.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на рамковната спогодба за јавна набавка.
Невообичаено ниска цена
1.12.1 Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на работите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека рамковната спогодба ќе биде извршена.
1.12.2 Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
1.12.3 Објаснувањето од претходната точка особено се однесува на:
економичност на начинот на градење,
избраните технички решенија или кои било други особено поволни услови кои понудувачот ги има на располагање за изведувањето на работите,
оригиналноста на работите понудени од страна на понудувачот,
исполнувањето на обврските од членот 3 став (2) од Законот за јавните набавки,
исполнувањето на условите во поглед на подизведувачите x
можноста понудувачот да користи државна помош.
1.12.4 Договорниот орган ја отфрла понудата само доколку објаснувањето или доставените докази не се доволни да се оправда ниската понудена цена или трошоци, земајќи ги предвид елементите од претходната точка.
1.12.5 Договорниот орган ја отфрла понудата доколку утврди дека истата има невообичаено ниска цена бидејќи не ги исполнува применливите обврски за заштита на животната средина, социјална политика и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Република Северна Македонија, колективните договори и од меѓународните договори и конвенции кои се ратификувани во Република Северна Македонија.
1.12.6 Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено ниска бидејќи понудувачот добил државна помош, понудата може да биде прифатена ако по барање дополнителни појаснувања, понудувачот докаже дека му била доделена државна помош во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
1.13 Исправка на аритметички грешки
1.13.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
1.13.2 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена, ќе биде активирана изјавата за сериозност и ќе објави негативна референца.
1.14 Применливи прописи
1.14.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија“ (број 24/2019 и донесените подзаконски акти).
1.14.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа, Закон за градење, Закон за заштита на личните податоци и други закони релевантни за предметната област на набавката.
1.14.3 Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Министерството за транспорт и врски (прописи во делот на градењето и проектирањето), Агенцијата за заштита на личните податоци (за заштитата на личните податоци) и сите други надлежни институции.
Евалуација на понудите
Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
1.15.2 Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и доставените понуди.
Доколку е потребно Комисијата во својата работа може да вклучи надворешни стручни лица согласно одлуката за јавна набавка.
1.15.4 Понудите кои не ги исполнуваат минималните барања за способност на економските оператори ќе бидат отфрлени.
1.15.5 Понудите со технички карактеристики под минимално зададените и опрема под задолжителната нема да се евалуираат односно ќе бидат отфрлени.
1.15.6 Понудените технички карактеристики над минимално зададените и опрема над задолжителната нема да се сметаат за предност.
1.15.7 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
Право на учество
1.16.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на рамковната спогодба за јавна набавка и кое, преку ЕСЈН презело тендерска документација од договорниот орган.
1.16.2 Групна Понуда
1.16.2.1 Право да достави понуда има и Група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Составен дел на групната понуда е договор за поднесување групна понуда кој е уредно (архивски) заверен, со потпис и печат од сите договорни страни и дигитално потпишан од сите членови на групата, а доколку некој од членовите не поседува дигитален сертификат истиот да го потпише и печатира во хартија, со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
Членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка,
Членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
Краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на рамковната спогодба (јасно да се дефинираат обврските, како меѓу членовите на групата, така и на обврските кои групата ќе ги има кон договорниот орган при реализација на рамковната спогодба), односно во врска со исполнување на условите за техничка и професионална способност конкретно за бараниот персоналот може да придонесе секој член од групата. Во врска со условите за техничка и професионална способност конкретно за потребното искуство секој член кој придонесува за негово исполнување потребно е да има директен удел во извршувањето на обврските од рамковната спогодба и во самиот договор задолжително да наведе делот во кој ќе има директен удел, во спротивно договорите за групна понуда нема да се земат како валидни при евалуација на понудите и
Други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација – Во случај групата на понудувачи да користи подизведувач за одреден дел при извршување на рамковната спогодба или доколку користи способност од друг субјект за докажување на условите за квалитативен избор потребно е во договорот за групна понуда да го наведе подизведувачот или поддршката.
1.16.2.2 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
1.16.2.3 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на рамковната спогодба за јавна набавка доколку:
е носител на групата економски оператори,
групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
Другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.16.2.4 Повлекувањето на членот од групата економски оператори спротивно на претходната точка се смета за повлекување на групната понуда.
1.16.2.5 Договорниот орган, по извршениот избор на најповолна понуда, од групата економски оператори нема обврска да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на рамковната спогодба.
1.16.2.6 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на рамковната спогодба. Учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација.
1.16.2.7 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, немаат право на учество.
1.16.2.8 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
1.17 Подизведување
1.17.1 Економскиот оператор може да учествува како Подизведувач во повеќе од една понуда.
1.17.2 Понудувачот може дел од рамковната спогодба да додели на подизведувач.
1.17.3 Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, во понудата:
1.17.3.1 ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од спогодбата за кој има намера да го додели на подизведувачи;
1.17.3.2 доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
1.17.3.3 доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
1.17.3.4 доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
1.17.4 Носителот на набавката може, за време на извршувањето на рамковната спогодба, од договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од рамковната спогодба кој претходно го отстапил на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на спогодбата за јавна набавка без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од спогодбата на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од спогодбата за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
1.17.5 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 1.17.3 од оваа ТД.
1.17.6 Договорниот орган не смее да го одобри барањето на носителот на набавка:
- во случаите од алинеи 1 и 2 од точка 1.17.4 од оваа ТД, доколку носителот на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- во случаите од алинеја 3 од точка 1.17.4 од оваа ТД, ако носителот на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот носител на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од спогодбата е веќе извршен.
1.17.7 Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
1.17.8 За одбивањето на подизведувачот, договорниот орган го известува носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето
1.17.9 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од овој закон, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган,
- носителот на набавката, во прилог на неговата фактура или времена ситуација, ги приложува фактурите или времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
1.17.10 Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката.
2. Спречување на судир на интереси, однесување на службени лица
2.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
2.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на рамковната спогодба за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка, во времетраење на рамковната спогодба. Во тој случај рамковната спогодба се смета за ништовна.
2.3 Во постапката за доделување рамковна спогодба за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице, се придржуваат кон Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки, донесен од Министерот за финансии, и потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
2.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
2.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да ја потпише рамковната спогодба.
Начин на комуникација
3.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
3.2 Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Јазик на понудата
4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
4.2 Рамковната спогодба за јавна набавка ќе биде склучена на македонски јазик.
Информации од доверлив карактер
5.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации (Прилог бр. 4), и истата да ја достави заедно со својата понуда.
5.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
5.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
6. Способност на економските оператори
6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.
6.2 Услови за утврдување способност
6.2.1 При утврдување на способноста на економските оператори, договорниот орган утврдува:
дали постојат причини за исклучување од постапката
дали се исполнети условите за квалитативен избор
дали се исполнети стандардите за системи за квалитет
дали се исполнети стандардите за управување со животната средина
дали се исполнети стандардите за безбедност и здравје при работа
Утврдување на причини за исклучување од постапката
6.3.1 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
учество во злосторничко здружување,
корупција,
затајување даноци и придонеси,
тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
перење пари и финансирање тероризам и
злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
6.3.2 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
6.3.3 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите е на листата на издадени негативни референци.
6.3.4 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка:
доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, барање оштета, барање наплата пенали/договорна казна, или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
6.3.5 Економскиот оператор ја докажува способноста дека не постојат причини за исклучување од постапката и тоа:
6.3.6 Економските оператори доставуваат единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други документи како доказ дека не постојат причини за исклучување од постапката.
6.3.7 Како документи дека не постојат причини за исклучување договорниот орган ги прифаќа следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
извод од листата на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН.
6.3.8 Изјавата од алинеја 1 од потточка 6.3.7 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
6.3.9 Потврдите од потточка 6.3.7 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
6.3.10 Документите не смее да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди.
6.3.11. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата способност за неисклучување од постапката.
6.3.12 Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, доставува документација за утврдување способност за неисклучување од постапката, за секој од предложените подизведувачи.
6.3.13 Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
6.4 Утврдување на условите за квалитативен избор
За да ги докаже условите за квалитативен избор економскиот оператор треба да исполни условите за квалитативен избор :
способност за вршење професионална дејност;
економска и финансиска состојба и
техничка и професионална способност.
6.4.1 Способност за вршење професионална дејност
6.4.1.1 Економскиот оператор треба да ги исполнува следните услови за вршење на професионална дејност:
да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на рамковната спогодба за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Економскиот оператор треба да ги исполнува и посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на рамковната спогодба.
6.4.1.2 За докажување на исполнување на условите за професионална дејност економскиот оператор задолжително доставува:
потврда за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на рамковната спогодба за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка – Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија согласно Закон за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15,226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20 и 279/20).
6.4.2 Економска и финансиска состојба
6.4.2.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметната рамковна спогодба за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Минимален годишен приход од најмалку 2.500.000,00 денари (поединечно за последните три години - 2018, 2019 и 2020 година).
6.4.2.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на условот за економско финансиска состојба од потточка 6.4.2.1 со доставување на:
извештај за билансот на состојба издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба или извадоци од извештајот за билансот на состојба, во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран и
извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со рамковната спогодба за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
6.4.2.3 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од потточка 6.4.2.1 во годините за кои постојат податоци.
6.4.2.4 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект.
6.4.2.5 Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, субјектот кој дава поддршка се обврзува да преземе солидарна одговорност за извршување на рамковната спогодба, за вредноста на делот за кој ја дава поддршката.
6.4.2.6 Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните ресурси.
6.4.2.7 Субјектот чија способност ја користи економскиот оператор треба да ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и способноста во однос на причините за исклучување од постапката.
6.4.2.8 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува на начин утврден во точките 6.4.2.3, 6.4.2.4, 6.4.2.5, 6.4.2.6 и 6.4.2.7.
6.4.3 Техничка и професионална способност
6.4.3.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметната рамковна спогодба за јавна набавка од аспект на неговата техничка и професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Потребно искуство:
понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 (три) изведени работи од предметната област на набавката (одржување, реконструкција и изградба на системи за полевање на јавни зелени површини) со вкупна вредност на изведените работи/договори од минимум 2.500.000,00 денари, склучени и реализирани во последните 5 (пет) години од денот на јавното отворање на понудите, од кои 1 (една) од изведените работи да биде со вкупна вредност од минимум 1.000.000,00 денари.
Персонал:
Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) според член 13 од Законот за работните односи за цело времетраење на рамковната спогодба, економскиот оператор треба да располага со:
минимум 1 (еден) градежен инженер – хидротехничка насока со овластување Б за изведба од областа хидротехниката или минимум 1 (еден) машински инженер со овластување Б за изведба од на областа на машнството издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на СРМ;
минимум 3 (три) ВКВ или КВ работници од областа на предметната набавка;
6.4.3.2 За докажување на исполнување на условите за техничката и професионална способност економскиот оператор задолжително доставува:
За потребно искуство:
- Како доказ за потребното искуство да се приложи листа на главни изведени работи од предметната област на набавката (одржување, реконструкција и изградба на системи за полевање на јавни зелени површини) на понудувачите во последните 5 (пет) години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со приложување на потврди за навремена и квалитетна изведба на работите издадени од нарачателите. Приложените потврди треба да се во согласност со доставената листа на главни изведени работи. Доколку не соодвествуваат истите ќе бидат отфрлени од страна на Комисијата за јавни набавки како неприфатливи.
*НАПОМЕНА: Во случај на доставување на потврда за рамковна спогодба потребно е да се наведат поединечните договори, налози или заклучници, со кои би се докажало исполнувањето за бараното искуство.
За бараниот персонал:
Во врска со лицата кои ќе бидат ангажирани при извршувањето на рамковната спогодба за предметната јавна набавка понудувачот потребно е да достави:
Копија од овластувањето (за бараниот градежен инженер – хидротехничка насока или за машинскиот инженер),
Копија од диплома за завршено високо образование (за бараниот градежен инженер – хидротехничка насока),
Изјава со детален опис на техничкиот персонал кој ќе биде вклучен во изведувањето на работите и наведување на нивните професионални квалификации конкретно за бараните минимум 3 (три) ВКВ или КВ работници од областа на предметната набавка и
Потврда од надлежен државен орган како доказ за вработените лица не постара од 15 дена од моментот на отворањето на понудите.
Горенаведените докази треба да бидат доставени за секое лице, без разлика на кој начин ќе биде ангажирано согласно член 13 од Законот за работните односи.
* НАПОМЕНА: Економските оператори при достава на документите кои се однесуваат на целокупниот персонал и содржат повеќе категории на лични податоци тогаш во однос на тие категории на лични податоци кои не се неопходни за докажување на бараните критериуми економските оператори треба да превземат соодветни мерки истите да не бидат непотребно видливи т.е. истите да ги анонимизираат според Мислењето на дирекцијата за заштита на лични податоци објавено на страната на Бирото за јавни набавки.
Економскиот оператор е должен да му обезбеди пристап на договорниот орган во евиденција на персоналот кој ќе биде ангажиран за предметната набавка. Во случај да бидат затекнати други лица при изведба на работите од оние кои ќе бидат прикажани од економскиот оператор во понудата, договорниот орган има право на раскинување на спогодбата, а против економскиот оператор ќе бидат превземени понатамошни дејства согласно Законот за јавните набавки.
6.4.3.3 Доказите од точка 6.4.3.2 кои ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор не мора да бидат заверени од надлежен орган.
6.4.3.4 Дигиталниот сертификат задолжително се издава на правното лице односно економскиот оператор, а како носител на истиот треба да фигурира физичкото лице (одговорното лице или лице овластено од него) кое во име на економскиот оператор ја потпишува понудата и нејзината придружна документација.
6.4.3.5 Понудите во кои нема да има уредно доставено пополнет образец на понуда, пополнета предмер пресметка и финансиска понуда потпишани со валиден дигитален сертификат од страна на Комисијата за јавни набавки ќе бидат отфлени како неприфатливи.
6.5 Користење на способност од други субјекти (Поддршка)
6.5.1 Економскиот оператор во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката и професионалната способност може да ја користи способноста на други субјекти, без оглед на правните врски помеѓу нив.
6.5.2 Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите за кои се бара таквата способност.
6.5.3 Ако економскиот оператор користи способност од друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните ресурси. Како валиден доказ дека субјектот ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните ресурси ќе се земат во предвид само конкретизирани договори за деловно – техничка соработка кои се уредно архивски заверени, со потпис и печат од двете договорни страни и дигитално потпишани од носителот на набавката (во случај двете договорни страни да го потпишат дигитално како архивска заверка ќе се смета датата на аплицираниот дигитален потпис), а доколку некоја од страните не поседува дигитален сертификат истиот да го потпише и печатира во хартија, кои се повикуваат на бројот на огласот и конкретниот предмет на набавка за кој се однесува отстапувањето како и конкретно на кои ресурси се однесува поддршката, како и изјава под целосна морална, кривична и материјална одговорност потпишана од субјектот во која ќе наведе дека ги поседува ресурсите што му ги дава на располагање на економскиот оператор. Доколку поддршката се однесува на персоналот потребен за набавката, во договорите за деловно – техничка соработка мора да се наведат отстапените лица со име и презиме (за персоналот), како би можел договорниот орган при изведба на работите на терен да се увери во веродостојноста на приложените докази во понудата. Доколку поддршката се однесува на потребното искуство од минималните услови наведени во точка 6.4.3.1 од тендерската документација, оној што ја обезбедува поддршката треба да има пропорционален удел во извршувањето на спогодбата врз основа на поддршката што ја обезбедува (односно за една потврда - 1/3 удел во извршување на работите и сл.). Договорите за деловно – техничка соработка како и изјавата кои нема да ги содржат сите горенаведени услови, нема да се земат како валидни при евалуација на понудите.
6.5.4 Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на рамковната спогодба.
6.5.5 Субјектот чија способност ја користи економскиот оператор треба да ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и да не постојат причини за негово исклучување.
6.5.6 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионална способност се докажува во согласност со 6.5.1, 6.5.2, 6.5.3, 6.5.4 и 6.5.5.
6.5.7 Во случаите на јавна набавка на работи, договорниот орган може да бара некои од клучните задачи да ги изврши понудувачот, а во случај на групна понуда, да ги извршат учесниците во оваа група.
Стандарди за системи на квалитет
6.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметната рамковна спогодба за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
Стандард за систем на квалитет: ISO 9001:2015 или еквивалент.
6.6.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите за системи на квалитет со доставување на:
- Сертификат за стандард за систем на квалитет ISO 9001: 2015 или еквивалент
6.7 Стандарди за управување со животната средина
6.7.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметната рамковна спогодба за јавна набавка од аспект на стандардите за управување со животната средина, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- Стандард за управување со животната средина: ISO 14001: 2015 или еквивалент.
6.7.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите за управување со животна средина со доставување на:
- Сертификат за стандард за управување со животната средина ISO 14001:2015 или еквивалент
Стандард за безбедност и здравје при работа
6.8.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметната рамковна спогодба за јавна набавка од аспект на стандардите за безбедност и здравје при работа, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- Стандард за безбедност и здравје при работа: OHSAS 18001:2007 или еквивалент.
6.8.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите за безбедност и здравје при работа со доставување на:
- Сертификат за стандард за безбедност и здравје при работа OHSAS 18001: 2007 или еквивалент
Бараните стандарди треба да се однесуваат и да соодветствуваат со предметната набавка.
Доколку економските оператори поднесат понуда како група на економски оператори, бараните стандарди треба да ги поседуваат сите економски оператори членови на групата.
Во предвид нема да се земаат сертификати од консултантски компании кои издаваат потврди дека стандардите се имплементирани и функционални, туку ќе се земаат во предвид само сертификати издадени од акредитирани сертификациони тела.
7. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
7.1 Појаснување на тендерската документација
7.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", во законски утврдениот рок за овој вид на постапка, а пред поднесување на понудите.
7.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
7.1.3 Договорниот орган може во законски утврдениот рок за овој вид на постапка, а пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
7.1.4 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
8. Изготвување и поднесување на понудите
8.1 Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
8.2 Доколку понудувачот има намера дел од рамковната спогодба да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од рамковната спогодба кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
8.3 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
8.4 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
8.5 Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користењена ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
8.6 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
9. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност
9.1 Понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на спосообност во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
10. Изјава за сериозност на понудата
10.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
Елементи на понудата
Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
пополнет образец на понуда, предмер пресметка и финансиска понуда (Прилог бр. 1),
изјава за сериозност на понудата (Прилог бр. 2);
документи за утврдување на способноста или изјава за докажување на способноста (Прилог бр. 3);
пополнет образец на листа на доверливи информации (Прилог бр. 4) (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) ;
известување/документ за ангажирани подизведувачи (само ако има ангажирано подизведувачи);
договор за групна понуда (само за група на економски оператори);
Средства за обезбедување
Договорниот орган како средства за обезбедување бара изјава за сериозност на понудата.
12.1 Изјава за сериозност на понудата
12.1.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Краен рок и место за поднесување на понудите
14.1 Краен рок за поднесување на понудите е објавен во огласот за јавната набавка.
Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
14.2 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
15. Доверливост на процесот на евалуација на понудите
15.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
16. Појаснување на понудите
16.1 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања. Барањето од Комисијата за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи”.
16.2 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рокот кој го определила комисијата.
16.3 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
16.4 Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на комисијата или од понудувачот .
16.5 Комисијата може да бара директно од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик и за истото да одреди примерен рок.
Јавно отворање на понудите
17.1 Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација - Општина Аеродром, бул. Xxxx Xxxxxxxxx бр.109, Скопје.
Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
Критериум за доделување на рамковната спогодба
18.1 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда е оценета како прифатлива и чија понуда е економски најповолна понуда утврдена врз основа на цената. Кај овој критериум за избор на најповолна понуда не се користат бодови, туку се врши рангирање на вкупните цени на понудите.
19. Доделување на рамковната спогодба
19.1 Договорниот орган ја избира најповолната понуда, за што донесува одлука.
19.2 Договорниот орган е должен да донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите во конкретната постапка, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
19.3 Договорниот орган може, до истекот на рокот за поднесување жалба, да исправи грешки во имињата или броевите, во текстот или други очигледни грешки во одлуката што ја донел.
19.4 Договорниот орган ја склучува рамковната спогодба со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
19.5 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на рамковната спогодба или дојде до раскинување заради нејзино ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи рамковна спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
19.6 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција, рамковната спогодба му ја доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
19.7 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
19.8 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на оној понудувачот кој што прв ја поднел понудата.
19.9 Доколку во текот на постапката за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на спогодбата, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
19.10 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
Известување за доделување на рамковната спогодба
20.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
20.2 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
20.3 Во прилог на известувањето се доставува и примерок од соодветната одлука.
20.4 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
Склучување на рамковната спогодба
21.1 Рамковната спогодба за јавна набавка ќе се склучи до проценетата вредност на обезбедените средства и ќе се троши колку што има средства на располагање и во зависност од потребите.
21.2 Договорниот орган ќе ја достави рамковната спогодба за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 7 примероци на потпишување.
21.3 Избраниот најповолен понудувач има обврска да ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на спогодбата и истата да му ја врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од спогодбата откако истата ќе ја потпише овластеното лице на договорниот орган.
21.4 Доколку избраниот најповолен понудувач не ја потпише рамковната спогодба во рокот утврден во точка 21.3 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на спогодбата и да ја активира изјавата за сериозност и да објави негативна референца.
21.5 Доставените податоци во врска со ангажираниот персонал кои ќе бидат на располагање за цело времетраење на рамковната спогодба ќе бидат составен дел од истата. Во случај да се јави потреба на економскиот оператор за промена на персоналот при реализација на рамковната спогодба, истиот за тоа треба претходно да го извести договорниот орган и во врска со новиот персонал да достави докази согласно точка 6.4.3.2 од тендерската документација. Доколку договорниот орган ја прифати бараната промена, за истата се предвидува склучување анекс на спогодбата.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
22.1 Предмет на рамковната спогодба
22.1.1 Предмет на рамковната спогодба се работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територијата на Општина Аеродром.
22.1.2 Xxxxxxx опис на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка е даден во предмер пресметката во прилог на оваа тендерска документација.
22.2 Начин и рок на плаќање
22.2.1 Плаќањето за извршените работи кои ќе бидат предмет на поединечните договори склучени врз основа на рамковната спогодба, ќе се врши во рок од 30 дена по достава на финансиска документација (фактура/ситуација) во Архивата на Општината.
22.2.2 Начинот и рокот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин и рок на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
22.3 Времетраење на рамковната спогодба
22.3.1 Рамковната спогодба ќе биде склучена со времетраење од 1 (една) година од денот на нејзиното склучување, или до исцрпување на средствата предвидени за предметната набавка но не подолго од 1 година од склучување на спогодбата.
Обврски на носителот на набавката
22.4.1 Доставените податоци во врска со ангажираниот персонал кој ќе биде на располагање за цело времетраење на рамковната спогодба ќе биде составен дел од истата. Во случај да се јави потреба на економскиот оператор за промена на персоналот при реализација на рамковната спогодба, истиот за тоа треба претходно да го извести договорниот орган и во врска со новиот персонал да достави докази согласно точка 6.4.3.2 од тендерската документација. Доколку договорниот орган ја прифати бараната промена, за истата се предвидува склучување анекс на спогодбата.
22.5.Начин на реализација на рамковната спогодба
22.5.1 Договорниот орган Рамковната спогодба со еден економски оператор со услови што ќе останат непроменети за целото времетраење на рамковната спогодба ќе ја реализира, согласно потребите на договорниот орган од овој вид на работи со склучување на поединечни договори и согласно предмер пресметката дадена во прилог на тендерската документација.
НАПОМЕНА: Eфект на договор ќе има налог, нарачка или слично доколку ги содржат суштествените елементи на договорот (согласно член 116, став 4 од Законот за јавните набавки).
22.5.2 Носителот на набавката е должен да ги извршува работите, предмет на рамковната спогодба согласно потребите на договорниот орган за цело времетраење на рамковната спогодба и согласно предмер пресметката дадена во прилог на тендерската документација, по склучен поединечен договор и по добиен писмен налог од страна на Набавувачот, во рок не подолг од 30 дена од добивање на истиот.
22.5.3 Рокот утврден во писмениот налог за работа започнува да тече од денот на воведување во работа. Носителот на набавката е должен работите - предмет на поединечните договори за јавна набавка да започне да ги извршува од денот на воведувањето во работа, а по приемот на писмениот налог и да заврши со нивна реализација во рок не подолг од 30 дена по воведувањето во работа.
22.5.4 Секоја понуда која содржи рок и начин на извршување поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
22.6 Разлики во цена (корекција на цени)
22.6.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на рамковната спогодба за јавна набавка.
22.7 Авансно плаќање
22.7.1 За извршување на рамковната спогодба за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
22.8 Договорна казна
22.8.1 Договорната казна на поединечните договори склучени врз основа на оваа рамковна спогодба ќе изнесува 1‰ (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на работите на поединечните договори.
Договорната казна треба да се исплати во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на писменото известување за договорна казна.
22.9 Измена на рамковната спогодба во текот на нејзината важност и раскинување на спогодбата
22.9.1 Рамковната спогодба за јавна набавка може да се измени без спроведување нова постапка согласно членот 119 од ЗЈН.
22.9.2 Носителот на набавката може, за време на извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, од договорниот орган да побара:
промена на подизведувачите за оној дел од рамковната спогодба за јавна набавка кој претходно го отстапил на подизведувачи,
воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на рамковната спогодба за јавна набавка без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од рамковната спогодба на подизведувачи или не,
преземање на извршувањето на дел од рамковната спогодба за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
22.9.3 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 1.17.3 од оваа ТД.
22.9.4 Договорниот орган не смее да го одобри барањето на носителот на набавка:
во случаите од алинеи 1 и 2 од точка 1.17.4 од оваа ТД, доколку носителот на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
во случаите од алинеја 3 од точка 1.17.4 од оваа ТД, ако носителот на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот носител на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од рамковната спогодба е веќе извршен.
22.9.5 Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
22.9.6 За одбивањето на подизведувачот, договорниот орган го известува носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
22.9.7 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од овој закон, при што:
Подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган,
носителот на набавката, во прилог на неговата фактура или времена ситуација, ги приложува фактурите или времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
22.9.8 Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката.
22.9.9 Рамковната спогодба за јавна набавка може да се измени без спроведување нова постапка за јавна набавка во следниве случаи:
22.9.9.1 Доколку измените, без оглед на нивната парична вредност, се предвидени во тендерската документација на јасен, прецизен и недвосмислен начин, како што се одредби за корекција на цени или опции. Во тие одредби мора да биде наведен обемот и природата на можните измени или опции, како и условите под кои може да се користат, но не смеат да имаат за последица суштинска промена на природата на рамковната спогодба;
22.9.9.2 За набавка на работи од првичниот носител на набавка кои не се вклучени во рамковната спогодба, а кои поради непредвидени околности се нужни, и доколку замената на носителот на набавката:
не е можна од економски или технички причини, како што се барањата во однос на заменливоста или интероперабилноста со постојната опрема, услуги или инсталации набавени во рамките на првичната постапка и
ќе предизвика сериозни потешкотии или значително зголемување на трошоците на договорниот орган;
22.9.9.3 Доколку промената е потребна поради околности кои договорниот орган не можел да ги предвиди и суштински не се менува природата на рамковната спогодба;
22.9.10 Доколку првичниот носител на набавка го заменува друг економски оператор кој ги исполнува сите првично одредени услови во тендерската документација од спроведената постапка и кој е правен наследник на првичниот носител на набавка по извршено преструктурирање на претпријатието, вклучувајќи преземање, здружување, спојување или стечај, доколку тоа не вклучува други значителни промени на рамковната спогодба и со тоа не се избегнува примената на овој закон;
22.9.11 Доколку промената, без оглед на нејзината вредност, не е од суштинско значење согласно член 119 став 4 од ЗЈН.
22.9.12 Во случаите од точка (22.9.9) под точки (22.9.9.2 и 22.9.9.3), вкупната вредност на измените на рамковната спогодба не смее да надмине 20% од вредноста на првичнaта рамковна спогодба. Доколку се направени повеќе последователни измени, ова ограничување се применува на вредноста на сите промени заедно. Доколку рамковната спогодба за јавната набавка вклучува одредба за корекција на цени, основ за пресметување на максималната дозволена вредност на измените е вредноста на спогодбата со ажурираните цени.
22.9.13 Договорниот орган задолжително објавува известување за измена на рамковната спогодба за време на неjзината важност и примерок од измената во рок од десет дена од денот на изменување на рамковната спогодба во согласност со членот 119 од законот за јавни набавки.
22.9.14 Договорниот орган ја раскинува рамковната спогодба за јавна набавка за време на важноста доколку:
- спогодбата е значително изменета, што резултира со обврска за спроведување нова постапка за јавна набавка;
- носителот на набавка се наоѓал во една од ситуациите поради кои договорниот орган морал да го исклучи од постапката за јавни набавки, но за овој факт не бил запознаен во текот на постапката или
- рамковната спогодба не требало да му се додели на носителот на набавка поради сериозни повреди на овој закон кои со правосилна судска пресуда ги утврдува надлежниот суд.
22.10 Контрола над изведувањето на работите
22.10.1 Договорниот орган има право да го следи изведувањето на работите од страна на Носителот на набавката заради проверување на нивното уредно извршување особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на работите и запазување на предвидените рокови преку определување на надзорен орган од Договорниот орган.
22.10.2 Надзор на договорниот орган особено опфаќа:
Следење во поглед на видот и квалитетот на изведувањето на работите во согласност со правилата на струката и одредбите на рамковната спогодба,
Проверка на количините и квалитетот на материјалите дали одговараат на пропишаните стандарди,
Контрола во поглед на запазување на роковите особено во поглед на започнувањето и завршувањето на работите определени со оваа спогодба и динамичкиот план.
22.10.3 Забелешките во поглед на начинот на изведувањето на работите, или на текот на извршувањето на работите Договорниот орган е должен без одлагање да му ги соопшти на Носителот на набавката.
Сите забелешки и наоди Договорниот орган ги соопштува во писмена форма.
Следењето на реализацијата секојдневно ќе се впишува во градежен дневник (книга).
Надзорниот орган ги потпишува градежните книги и испоставните ситуации.
Трошоците на надзорниот орган ги сноси Договорниот орган.
22.11 Градежен дневник и градежна книга
22.11.1 Носителот на набавката е должен во текот на изведувањето на работите уредно да ги води градежниот дневник и градежната книга во која се внесуваат податоците за видот и количините на изведувањето на работите.
22.11.2 Реалните количини ќе се утврдат во градежниот дневник и градежната книга потврдени и одобрени од надзорниот орган.
22.11.3 Конечната вредност на изведувањето на работите ќе се утврди согласно реалните количини утврдени во градежната книга.
22.12 Квалитативен и квантитативен прием
22.12.1 Квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавката од оваа рамковна спогодба врши Договорниот орган, врз основа на потпишаниот поединечен договор за јавна набавка, од овластени лица на договорните страни.
22.12.2 Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на изведувањето на работите.
22.12.3 Договорниот орган е должен преку овластени лица за надзор да изврши преглед на изведувањето на работите и за утврдените недостатоци и неправилности веднаш без одлагање да го извести Носителот на набавката.
22.12.4 Договорниот орган има право поради нецелосно и неквалитетно изведување на работите, односно неуредно исполнување на обврските од рамковната спогодба да бара раскинување на истата.
22.12.5 Договорниот орган има право поради неисправност или недостаток да бара бесплатно отстранување на утврдените недостатоци или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатоците, во спротивно има право на сразмерно намалување на цената или раскинување на рамковната спогодба.
22.13 Одредби за надлежност во случај на спор
22.13.1 Сите евентуални спорови кои би произлегле од рамковната спогодба за предметната јавна набавка, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, во духот на взаемна соработка и добрите деловни односи, ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
23 Правна заштита
23.1 Согласно член 138 од Законот за јавните набавки, секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во рок од 5 (пет) дена согласно условите од Законот за јавните набавки.
23.2 Правна заштита може да бара и Бирото за јавни набавки и државниот правобранител на Република Северна Македонија, кога ги штитат интересите на државата или јавниот интерес.
23.3 Субјектите од претходните две точки имаат право да изјават жалба до ДКЖЈН согласно член 155 и 165 од законот за јавна набавка.
23.4 Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
24 Поништување на постапката
24.1.Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка согласно член 114 од ЗЈН за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
24.2 Во случај на поништување на постапката за јавна набавка врз основа на ставот (1) алинеја 7 од членот 114, договорниот орган не смее да спроведе нова постапка за истиот предмет на набавка во период од една година од денот на донесувањето на одлуката за поништување на постапката.
24.3 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
24.4 Договорниот орган објавува известување за поништување на дел или на целата постапка за јавна набавка на ЕСЈН во рок од десет дена од денот на поништувањето на постапката.
25. Завршување на постапката за доделување на рамковна спогодба
25.1.Постапката за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
25.2. Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
Прилог бр. 1
Образец на понуда
Врз основа на огласот број ______ генериран и објавен на страната на ЕСЈН на 04.08.2021 година од страна на Општина Аеродром, за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром со спроведување на поедноставена отворена постапка, преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
I.1. ОПШТ ДЕЛ
I.1.1.Име на понудувачот: _______________________________________
I.1.2. Контакт информации
- Адреса: ____________________________________________________
- Телефон: ________________________________________________
- Факс: ___________________________________________________
- Е-пошта: ________________________________________________
- Лице за контакт: __________________________________________
I.1.3. Одговорно лице: __________________________________________
I.1.4. Даночен број: _____________________________________________
I.1.5. Жиро сметка: _____________________________________________
I.1.6.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на рамковната спогодба за јавна набавка согласно со цените дефинирани во Предмер пресметката.
I.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација.
I.2 Предмер Пресметка за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром
Одржување на Системи за полевање на територија на Општина Аеродром |
||||
ред.бр. |
Опис |
единечна мерка |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
|
Во единечната цена на секоја позиција од предмер пресметката да биде вклученa и работна рака |
|
|
|
1 |
Пуштање на системот за полевање во функција (подесување на секторите, чистење на електромагнетни вентили, прскалки, чистење на филтер за прочистување на вода, штелување на тајмер и др.) |
комплет |
1 |
|
2 |
Вадење на бехатон плочки во ширина и нивно вракање во првобитна состојба по завршување на работата |
m2 |
1 |
|
3 |
Кршење на бетонски и асфалтни површини во ширина од и нивно враќање во првобитна положба |
m2 |
1 |
|
4 |
Ископ на земја од III I IV категорија за ров за полагање на цевки или кабли со ширина на ров 0.3м и длабочина 0.3м |
m‘ |
1 |
|
5 |
Грубо и фино планирање на дното на ровот |
m2 |
1 |
|
6 |
Затрупување на ровот со прибрана земја од ископот и набивање во слоеви |
m3 |
1 |
|
7 |
Одвоз на вишокот на земја во депонија на растојание од15км |
m3 |
1 |
|
8 |
Затревување на површините со трева |
m2 |
1 |
|
9 |
колци за црево ф16 |
парче |
1 |
|
10 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 25 Ф |
m |
1 |
|
11 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 32 Ф |
m |
1 |
|
12 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 40 Ф |
m |
1 |
|
13 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 50 Ф |
m |
1 |
|
14 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 75 Ф |
m |
1 |
|
15 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нови полиетиленски цевки PE -100 NP-10 од 90 Ф |
m |
1 |
|
16 |
Демонтажа и Набавка, транспорт и монтажа на црево Ф 16 |
парче |
1 |
|
17 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на црево со вградени капалки ф16 (прави сегменти со л=1 м, колена, спојки, т-парчиња и др) |
m |
1 |
|
18 |
Демонтажа на постоечка рор uр прскалка со карактеристики: Проток Q= 12,9 - 18,2 l/min, |
парче |
1 |
|
Притисок Р=2,1 - 4,1 bars |
||||
Радиус R=10,7-11,9 m |
||||
и набавка транспорт и монтажа на нова |
||||
комплет со споен елемент со следниве |
||||
карактеристики: |
||||
Проток Q= 12,9 - 18,2 l/min, |
||||
Притисок Р=2,1 - 4,1 bars |
||||
Радиус R=10,7-11,9 m |
||||
19 |
Демонтажа на оштетена бунарска потопна пумпа со карактеристики. Q = 300l/min. H = 45m/s, N = 4kw n = 2900/min 50Hz и набавка, транспорт и монтажа на нова со карактеристики Q = 300l/min. H = 45m/s N = 4kw n = 2900/min 50Hz, соодветна на постојната комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
20 |
Демонтажа на оштетена бунарска потопна пумпа со карактеристики. Q = 600l/min H = 63-29m/s N =5.5Kw и набавка, транспорт и монтажа на нова со карактеристики Q = 600l/min H = 63-29m/s N =5.5Kw 50Hz, соодветна на постојната комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
21 |
Демонтажа на оштетена бунарска потопна пумпа со карактеристики Q = 600 l/min. H = 60m/s N = 9,2kw n=2900 и набавка, транспорт и монтажа на нова со карактеристики Q = 600 l/min. H = 60 m/s N = 9,2kw n=2900 соодветна на постојната комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
22 |
Демонтажа на осигурач и набавка, транспорт и монтажа на нов соодветен на постоечкиот |
парче |
1 |
|
23 |
Демонтажа на оштетенз СN-склопка и набавка, транспорт и монтажа на нова соодветна на постојната |
парче |
1 |
|
24 |
Демонтажа на постоечки оштетен биметал- преднапонска заштита и набавка, транспорт и монтажа на нов соодветен на постоечкиот |
парче |
1 |
|
25 |
Демонтажа на постоечки оштетено РСТ реле и набавка, транспорт и монтажа на нов соодветен на постоечкиот |
парче |
1 |
|
26 |
Демонтажа на постоечки оштетено реле за мерење на ниво на вода и набавка, транспорт и монтажа на нов соодветен на постоечкиот |
парче |
1 |
|
27 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Мембрански сад 200 л |
парче |
1 |
|
28 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Мембрански сад 300 л |
парче |
1 |
|
29 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Мембрански сад 500 л |
парче |
1 |
|
30 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Електормагнетен вентил 1“, 24v AC, работен притисок од 1.38 до 13.8 бари, проток од 0.06 до 9 m3/h ,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
31 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Електормагнетен вентил 6/4“, 24v AC, работен притисок од 1.38 до 13.8 бари, проток од 6 до 33 m3/h, комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
32 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Електормагнетен вентил 2“, 24v AC, работен притисок од 1.38 до 13.8 бари, проток од 12 до 45 m3/h h,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
33 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Eлектро магнетен вентил 3“, 24v AC, проток од 10 до 100 m3/h,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
34 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 1/2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
35 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 3/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
36 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 1“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
37 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 6/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
38 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
39 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов ПЕ топчест вентил 3“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
40 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 1/2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
41 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 3/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
42 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 1“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
43 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 6/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
44 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
45 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Поцинкован топчест вентил 3“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
46 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 1/2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
47 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 3/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
48 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 1“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
49 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 6/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
50 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 2“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
51 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Месинган пролазен вентил 3“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
52 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Квик вентил со клуч 3/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
53 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Квик вентил со клуч 1“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
54 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Хидрант 1“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
55 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Хидрант 5/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
56 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Хидрант 6/4“,комплет со споен материјал |
парче |
1 |
|
57 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Фрекфентен регулатор 11 kW |
парче |
1 |
|
58 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Фрекфентен регулатор 5,5 kW |
парче |
1 |
|
59 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на нов Ормар за автоматика со димензии 60x40x20cm за надворешна употреба |
парче |
1 |
|
60 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на пластични шахти (висина 300 мм, долу 640,5 х 507,5 мм, горе 500х635 мм) за сместување на електромагнетните и пропустните вентили |
парче |
1 |
|
61 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Контролер 220v/24vAC со опција за вградување на модули до 22 станици, за надворешна употрна IP 68 и опција за блутут управување |
парче |
1 |
|
62 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Модул за контролер со 3 станици |
парче |
1 |
|
63 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Модул за контролер со 5 станици |
парче |
1 |
|
64 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Контролер 220v/24vAC со 6 станици и опција за блутут управување |
парче |
1 |
|
65 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Контролер 220v/24vAC со 8 станици и опција за блутут управување |
парче |
1 |
|
66 |
Демонтажа и набавка транспорт и монтажа на Контролер 220v/24vAC со 12 станици и опција за блутут управување |
парче |
1 |
|
67 |
Набавка транспорт и монтажа на команден FYG FTP kat 5 4x2x0,51 |
m |
1 |
|
68 |
Набавка транспорт и монтажа на Кабел 5 x 0.75 |
m |
1 |
|
69 |
Изолација на кабел со божур црево F20 |
m |
1 |
|
70 |
Изолација на кабел со божур црево F25 |
m |
1 |
|
71 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ колено 32/90 10 бари |
парче |
1 |
|
72 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ колено 40/90 10 бари |
парче |
1 |
|
73 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ колено 50/90 10 бари |
парче |
1 |
|
74 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ колено 75/90 10 бари |
парче |
1 |
|
75 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ колено 90/90 10 бари |
парче |
1 |
|
76 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ редуцир 40/32 10 бари |
парче |
1 |
|
77 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ редуцир 50/40 10 бари |
парче |
1 |
|
78 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ редуцир 63/50 10 бари |
парче |
1 |
|
79 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ редуцир 75/63 10 бари |
парче |
1 |
|
80 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ редуцир 90/75 10 бари |
парче |
1 |
|
81 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Т-парче 32/1" 10 бари |
парче |
1 |
|
82 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Т-парче 40/40 10 бари |
парче |
1 |
|
83 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Т-парче 50/50 10 бари |
парче |
1 |
|
84 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Т-парче 75/75 10 бари |
парче |
1 |
|
85 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Т-парче 90/90 10 бари |
парче |
1 |
|
86 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Огрлици 40/1" 10 бари |
парче |
1 |
|
87 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Огрлици 32/3/4" 10 бари |
парче |
1 |
|
88 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Огрлици 50/3/4" 10 бари |
парче |
1 |
|
89 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Огрлици 75/1" 10 бари |
парче |
1 |
|
90 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Огрлици 90/1" 10 бари |
парче |
1 |
|
91 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал Штопни 32 10 бари |
парче |
1 |
|
92 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕ Спојка ф 20/10 бари |
парче |
1 |
|
93 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 25/10 бари |
парче |
1 |
|
94 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 32/10 бари |
парче |
1 |
|
95 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 40/10 бари |
парче |
1 |
|
96 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 50/10 бари |
парче |
1 |
|
97 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 63/10 бари |
парче |
1 |
|
98 |
Демонтажа и набавка, транспорт и монтажа на споен метеријал ХДПЕСпојка ф 90/10 бари |
парче |
1 |
|
99 |
Демонтажа чистење и повторна монтажа на филтерот за прочистување на водата (по потреба да се отстрани комплетниот филтер од цевководот или да се замени влошка, дел од филтрите се пластични а дел лиени со прирабници) |
комплет |
1 |
|
100 |
Контрола за секција, временско подесување на тајмер, подесување прскалки |
комплет |
1 |
|
101 |
Исклучување на системот за полевање(конзервирање - под исклучување на системот за полевање и конзервирање се подразбира целосно празнење на системот од вода издувување со компресор за целосно сушење и заштита од замрзнување на системот, филтрите треба да се извадат да се исчистат и да останат во шахта) |
комплет |
1 |
|
Вкупно без ДДВ
|
|
|||
ДДВ 18%
|
|
|||
Вкупно со ДДВ 18%
|
|
I.3 Финансиска понуда за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром
I.3.1 Вкупната цена на нашата понуда без ДДВ изнесува: ______________________МКД,
Со зборови: ____________________________________________________________
ДДВ: __________________________ МКД.
I.3.2 Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување на работите утврдени во тендерската документација
I.3.3 Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
I.3.4 Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација
Место и датум Одговорно лице*
_______________________ ____________________
(потпис)
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог бр. 2 Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
за сериозност на понудата
Јас, долупотпишаниот _______________________________ [име и презиме], врз основа на член 101 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_________________________________________________изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата за поедноставената отворена постапка за рамковна спогодба со еден економски оператор за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 101 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице*
_______________________ ____________________
(потпис)
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог бр. 3 Изјава за докажување на способноста
Врз основа на Член 49 став 3 од Законот за јавните набавки, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека: _______________________ [се наведува назив на понудувачот] во својство на понудувач во поедноставената отворена постапка за доделување рамковна спогодба со еден економски оператор за јавна набавка на работи – Одржување на системи за полевање на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром со број_____ генериран и објавен на страната на ЕСЈН на 04.08.2021 година од страна на Општина Аеродром во целост ги исполнува условите за утврдување способност односно:
не постојат причини за наше исклучување од постапката;
ги исполнуваме условите за квалитативен избор;
ги исполнуваме условите за економска и финансиска состојба;
ги исполнуваме условите за способност за вршење професионална дејност;
ги исполнуваме условите за техничка и професионална способност ;
ги исполнуваме стандардите за системи на квалитет, стандардите за управување со животната средина и стандардите за безбедност и здравје при работа.
Доколку нашата понуда биде оценета за најповолна, пред донесувањето на одлуката за избор и на барање на договорниот орган, ќе ги доставиме бараните документите за утврдување способност, наведени во тендерската документација.
Место и датум Одговорно лице*
_______________________ ____________________
(потпис)
*Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог бр. 4 Листа на доверливи информации
Информации кои се доверливи |
Бројот на страниците со тие информации |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Електронски потпис __________________
(потпис)
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
46
Општина Аеродром - Скопје
бул. Xxxx Xxxxxxxxx бр.109, 1000 Скопје
02/2400-970
xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx