I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 02/2012
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ
кои произлегуваат од проектот “Безбедно спортување – Трибини“ и „Безбедно меѓусебно поврзување - Патеки и патишта“ – Форум во заедницата
во хартиена форма која завршува со е-аукција
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Ростуше, Јуни 2012 година
Општина Маврово и Ростуша
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Општина Маврово и Ростуша, со адреса с.Ростуше, телефон за контакт 042/478- 814, факс 042/478-815 електронска пошта xx.xxxxxxx@xxxxx.xxx има потреба од набавка на
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на работи со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08 и 97/10, 53/11 и 185/11), за што објави оглас број 02/2012.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 17 Јули 2012 година (вторник) во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 17 Јули 2012 година (вторник) година во 10.00 часот во просториите на Општина Маврово и Ростуша во с.Ростуше.
Однапред благодариме на соработката.
Во Ростуше 26.06.2012 година | Овластено лице |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Маврово и Ростуша, со седиште на адреса: с.Ростуше, 1254 Ростуше, телефон 042/478-814, факс 042/478-815, електронска пошта xx.xxxxxxx@xxxxx.xxx, интернет адреса: xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Ајбеан Ајдини – Виш соработник за јавни набавки, телефон 042/478-814, факс 042/478-815, електронска пошта xx.xxxxxxx@xxxxx.xxx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот е набавка на градежни, градежно-занатски работи за изградба на потпорен ѕид и трибина на игралиште пред ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, реконструкција на улица во с.Ростуше Долно маало и Поставување на мрежа и заштитна ограда на локален пат с.Велебрдо-с.Требиште .
1.3.2 Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации – предмер на работите кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење со електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки.
1.5 Применливи прописи
1.5.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07,130/08, 97/10, 53/11 и 185/11 и донесените подзаконски акти.
1.5.2 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа, важечките прописи во делот на градењето и проектирањето и останатите важички прописи кои се во врска со конкретната набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области,
понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Министерството транспорт и врски (прописи во делот на градењето и проектирањето).
1.6 Извор на средства
1.6.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУША (50%) И ШВАЈЦАРСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И СОРАБОТКА – SDC (50%).
1.7 Право на учество
1.7.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – економски оператор, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка, кое поседува Лиценца Б за изведување на градби и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.7.2 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.7.3 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една
понуда.
1.7.4 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да
бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.8.1 Оваа постапка ќе за врши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.8.2 Оваа постапка ќе заврши со електронска аукција.
1.8.3 Дополнителни информации за електронската аукција
Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворена постапката. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција се првично поднесените цени на секој од квалификуваните понудувачи. Пред закажување на електронската аукција која се спроведува во постапка во која како критериум е избран економски најповолна понуда, комисијата прави целосна евалуација на првично поднесените понуди, при што доделува бодови за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. Врз основа на спроведената евалуација и доделените бодови се формира почетна ранг листа на квалификувани кандидати.
На електронска аукција, понудувачите може да ги намалуваат своите првично поднесени цени и на тој начин да ги зголемат првично добиените бодови за елементот цена, додека бодовите доделени за останатите елементи остануваат непроменети како за времетраењето на е-аукцијата, така и по нејзинито завршување.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН. Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е квалификуван за учество на електронска аукција. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на квалификуваниот понудувач, односно неговата првично поднесена цена, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени), доделените бодови за секој елемент, како и тековниот ранг на понудувачот направен врз основа
на вкупниот број бодови доделени за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолната понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда, а која претходно е оценета како прифатлива.
1.10.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве: Цена 50 бодови,
Начин и рок на плаќање. 10 бодови,
Рок на изведување на работите 15 бодови.
Квалитет на работење 15 бодови.
Гарантен рок 10 бодови.
1.10.3 За елементот Цена се утврдени вкупно 50 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Најниска цена (без ДДВ) | x | максимален број бодови | |
Број на бодови | = | ||
Цена (безДДВ) |
1.10.4 За елементот Начин и рок на плаќање се утврдени вкупно 10 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин, односно по следната формула:
Понуден рок | x. | максимален број бодови | |
Број на бодови | = | ||
Xxxxxxx понуден рок на плаќање |
1.10.5 За елементот Рок на изведување се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин:
Xxxxxxxxx понуден рок | x. | максимален број бодови | |
Број на бодови | = | ||
Понуден рок |
1.10.6 За елементот Квалитет на работење се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин:
5 бодови: Квалитет на понудените материјали и опрема
5 бодови: техничка опременост/ човечки ресурси и персонал/ технички персонал 5 бодови: референтна листа и препораки
Квалитет – 15 бода Поделементи :
1.Квалитет на техничкиот персонал – 5 бода 2.Квалитет на Техничка опременост – 5 бода
3.Квалитет на понудените материјали и опрема – 5 бода 1. Квалитет на техничкиот опременост – 5 бода
Понудувачот со најголемиот број на технички персонал со потребна документација за потврдување на истиот ќе биде најповолен и ќе се оцени со максимални 5 бода,останатите ќе се оценуваат пропорционално согласно формулата:
Број на бодови | = | Доставен број на технички персонал со потребна документација која се оценува | x | максимален број бодови |
Најголем број на технички персонал со потребна документација од понудувачите |
2. Референтна листа и препораки/потврди – 5 бода
Понудувачот со најголем број на објекти од иста категорија на градба и од ист вид од доставена препораки/потврди од набавувачи ќе биде најповолен и ќе се оцени со максимални 5 бода,останатите рокови ќе се оценуваат пропорционално согласно формулата
Доставен број нарефертни листи/препораки објекти од иста категорија на
x максимален број бодови
Број на бодови =
градба која се оценува
Најголем број на рефретни листи/препораки на објекти од иста категорија на градба од понудувачите
3..Квалитет на понудените материјали и опрема – 5 бода
Понудувачот со доставени најголемиот број на мостри, сертификати, атести, каталози,потребни за вградување согласно проектната документација ќе се оцени со максимални 5 бода,останатите рокови ќе се оценуваат пропорционално согласно формулата
Број на бодови =
Доставен број на мостри, сертификати, атести
која се оценува
x
максимален број бодови
Најголем број на Ммстри, сертификати, атести од понудувачите
-Вкупниот број на бодови за критериумот Квалитет ќе се добие со собирање на бодовите од трите поделементи.
- за секој понудувач ќе се разгледа Референтаната листа на извршени работи од ваков вид, а во предвид ќе се земаат и препораки од претходно склучени и реализирани договори со потпис и печат на Договорни органи каде што претходно Еконмскиот оператор бил ангажиран како изведувач. Бодовите ќе се рапределат линеарно.
1.10.7 За елементот Гарантен рок се утврдени вкупно 10 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин:
Понуден рок | x | максимален број бодови | |
Број на бодови | = | ||
Xxxxxxx понуден гарантен рок |
1.10.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта,
- по факс, или
- со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично) За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба
- техничката или професионалната способност
2.1.2 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
- Начин на добивање на тендерска документација:
За подигање на тендерската документација предвидено е плаќање на надомест во износ од денари на следната с-ка:
Назив на примачот: Трезорска сметка-Буџет на РМ Банка на примачот: Народна банака на РМ Трезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 7440140240 630 10
Приходна шифра и програма: 724125 00
Тендерската документација може да ја подигне било кој заинтересиран економски оператор од архивот на Општина Маврово и Ростуша на горенаведената адреса по доставена уплатница како доказ за уплатен износ за подигање на тендерска документација или договорниот орган во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на барањето и доказ за уплатен износ за подигање на тендерска документација им ја испраќа тендерската документација на економските оператори кои ја побарале или најдоцна 60 минути пред посета на локацијата по доставена уплатница како доказ за уплатен износ за подигање на тендерска документација .
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- Да достави Биланс на состојба заверен од надлежен орган во државата
2.4.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од потточка 2.4.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од потточка 2.4.1 или 2.4.2 со доставување на:
- соодветни изводи од банки;
- извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите
информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
2.4.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.6 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- Да поседува Лиценца Б за изведувач на градби издадена од надлежен орган во државата,
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.5.1 со доставување на:
- Фотокопие од Лиценца Б за изведувач на градби, потпишана и печатирана од Одговорното лице кај економскиот оператор со натпис „верно на оригиналот“
- Референта листа за извршени работи,
- образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот раководен кадар, и особено на лицата кои се одговорни за извршување на конкретните работи.
- изјава на економскиот оператор за просечниот годишен број на вработени и за бројот на технички кадар во последните три години.
- изјава за техничката опрема која економскиот оператор ја има на располагање за изведување на конкретните работи
- Изјава за ангажиран технички персонал и технички органи, број на вработени со нивни образовни и професионални квалификации на понудувачот вклучително и на раководниот кадар/персонал и особено на лицата кои ќе бидат одговорни за извршување на конкретните работи;
- потпишани и заверени препораки од претходните инвеститори;
- одговорно лице во случај на избор за изградба на градба ;
- одговорни лица за секоја фаза од изведба на проектот;
- фотографии од изведените објекти;
- уверенија издадени од надлежни органи за контрола за квалитет со признаена компетентност, а кои ја тестираат погодноста на производите што јасно била утврдена со упатувањата кон спецификациите и стандардите;
- во случај кога се набавуваат сложени стоки, или во исклучителни случаи за посебни намени, се обезбедува проверка на производствените капацитети на економскиот оператор, или ако е тоа потребно и на неговите капацитети за прoyчување и истражување, како и на мерките за контрола на квалитетот, која ја спроведува договорниот орган или во негово име ја спроведува надлежен орган во земјата во која економскиот оператор е регистриран
2.5.3 Документите од потточката 2.5.2 алинеи 2,3,4,5,6,8,9 и 10 ги изготвува и потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
Важна напомена:
Избраните правни лица имаат обврска да достават документ дека се осигурани вработените односно сите лица ангажирани во градбата како и опремата. Воедно потребно е да се осигура и градбата од одговорност кон трети лица – имотна штета кон постоечки објекти, подземна и надземна инфраструктура, инсталации, урбана опрема итн.
Избраните правни лица имаат обврска да достават елаборат за заштита при работа одобрен од овластена со закон институција и проект за подготвителни работи одобрен од назначениот надзор на изведување на градба пред да одпочне со градежни активности на градбата/објектот.
По барање на инвеститорот избраните правни лица ќе имаат обврска да изработат и проект на изведена сосотојба.
2.6 Стандарди за системи за квалитет
2.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да исполнува:
Стандарди за квалитет на вградените материјали
2.6.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од потточка
2.6.1 со доставување на:
- мостри, опис, фотографии и сертификати, атести, каталози за секој од
предложените материјали и опрема со точно наведен производител и модел на производи кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган;
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни
тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни денови за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и предмер пресметка;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2. од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка
2.4.3 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5.2. од тендерската документација;
- копија од лиценцата Б за изведување на градби;
- парафиран модел на договор;
- Гаранција на понудата - Банкарска гаранција во оригинал,
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, и истите треба да бидат искажани посебно. (Имено, понудената цена ги вклучува сите трошоци кои произлегуваат за договорниот орган при конкретна набавка. Договорниот орган во овој дел е должен прецизно да ги наведе елементите од кои треба да биде сочинета понудената цена имајќи го во предвид потеклото на стоките или работите кои се предмет на набавка.)
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата.. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои
се причините за таквата цена во рок од 7 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 180 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Гаранција на понудата
4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата во износ од најмалку 2% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.
4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банкарска институција избрана од економскиот оператор. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
4.6.3 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 15 дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.6.4 Гаранцијата на понудата на неизбраните понудувачи се враќа во рок од 7 дена по склучување на договорот со најповолниот понудувач.
4.6.5 Гаранцијата на понудата може да се наплати, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата или не го потпише договорот за јавна набавка.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
4.7.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8 Затворање и обележување на понудите
4.8.1 Понуди можат да достават само економски оператори што имаат подигнато заверен примерок на тендерската документација од договорниот орган.
4.8.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- содржи назив на договорниот орган;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен, како и делот за кој поднесува пријава (Дел1/Дел2 или доколку поднесува пријава за двата дела истото го наведува);
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8.3 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
4.9 Посета на локација
4.9.1 Во оваа постапка е предвидена задолжителна посета на локацијата, и тоа за сите три објекти – игралиште во Маврови Анови, Локалн пат во с.Ростуше – Долно маало и Локалне пат с.Велебрдо-с.Требиште, .
4.9.2 Посетата на локацијата од точка 4.9.1 ќе се изврши на следниот начин и во следното време:
- Игралиште во Маврови Анови (проект Трибини) на ден 09 Јули 2012 година (понеделник). 10.00 часот (место за собирање пред општинска зграда во Маврови Анови),
- Локален пат во с.Ростуше – Долно маало, (проект Патеки и патишта) на ден 09 Јули 2012 година (понеделник). во 13.00 часот (место за собирање пред општинска зграда во с.Ростуше) и
- Локален пат x.Xxxxxxxx-с.Требиште (проект Патеки и патишта) на ден 09 Јули 2012 година (понеделник). во 14.00 часот (место за собирање пред општинска зграда во с.Ростуше).
Посетата на локацијата е задолжителна, учесниците на самиот ден и пред посетата мора да ги достават на увид
- полномошно од фирмата (оригинален документ со печат од истата) за посета на локацијата со име, презиме и ЕМБГ на сите лица кои ќе присуствуваат на посетата
- доказ за уплата (оригинален документ и копија со печат од фирмата) за подигање на тендерската документација уплатена во определениот долунаведен рок.
Обврска на секој од учесниците е да има обезбедено соодветно транспортно средство за посета на локацијата.
1. Рок за доставување на прашања е до (најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите 11 Јули 2012 година (среда) до 12.00 часот.
2. Рок за доставување на одговори на прашања (Веднаш во писмена форма или со користење електронски средства го доставува одговорот до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација).
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 17 Јули 2012 година (вторник) година, во
10.00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Општина Маврово и Ростуша, 1254 с.Ростуше, до Комисија за јавни набавки – проект Форум во заедниците со назнака "За отворена постапка бр.02/2012".
4.10.3 Понудата која поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата, согласно точка 4.6.5
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на понудувачите на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на понудувачот. Сите овластени претставници на понудвачот, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 17 Јули 2012 година (вторник) во 10.00 часот, во Сала на Совет на Општина Маврово и Ростуша во с.Ростуше.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на понудувачот, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат измените, замените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07). Копија од записникот ќе биде испратена, во рок од 5 дена, од денот на поднесувањето на барањето за добивање на копија од записникот, до сите понудувачи кои поднеле барање.
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било понудувач појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при евалуацијата на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на понудувачот во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за понудувачот.
5.4.3 Ако понудувачот не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган договорот му го доделува на економскиот оператор кој чија понуда е утврдена како најповолна врз основа на критериумот за доделување на договорот за јавна набавка – економски најповолна понуда, како што е утврдено во точка 1.10 од тендерската документација.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, за најповолна ќе биде избрана онаа понуда која освоила повеќе бодови за оној елемент од критериумот економски најповолна понуда кој носи најмногу бодови. Ова правило ќе се применува соодветно за сите елементи според редоследот на важност.
6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат идентичен број на вкупни бодови и идентичен број на бодови според елементите на критериумот економски најповолна понуда за најповолна ќе биде избрана понудата на оној еконмски оператор кој прв ја поднел до архивата на општината.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената
цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од постапката, одлуката кој е најповолен понудувач како и за причините за неизбор на нивната понуда.
6.2.2 Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка.
6.3.2 Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на:
- објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот,
- отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите,
- приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката или
- сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.2 Жалба се изјавува и во рок од три дена од приемот на известувањето за склучен договор врз основа на рамковна спогодба.
6.3.3 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.1, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.4 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата(доколку се барала).
7. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
8. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
8.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ДЕЛ 1 – ИЗГРАДБА НА ТРИБИНИ ПРЕД ОУ XXXXX XXXXXXXXX, МАВРОВИ АНОВИ
ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА | |||
Ред број | Ед.мерка | Количина | |
B.2.1.2.1. | Подготвителни работи | ||
2.1.2.1.1. | Расчистување, обележување и осигурување на локација за градба на трибина 40 х 10 м | м2 | 400,00 |
2.1.2.1.2. | Расчистување на терен од земјени и други непотребни материјали (грмушки, камења, вишок земја и др.) | Пxxxxx | 0,00 |
B.2.1.2.2. | Земјени работи | ||
2.1.2.2.1. | Рачен ископ до израмнување и спремање на местото каде што ќе се постави долниот дел на трибината | м3 | 10,00 |
2.1.2.2.2. | Рачен ископ за потпорен ѕид (темел) во горниот дел и однесување на материјалот со количка на оддалеченост до 20 метри или ако има потреба за насипување на долниот дел (доколку има потреба) | м3 | 5,00 |
Набавка, транспорт и монтажа на тампон за поставување во косиот дел и под трибината со дебелина од 20 см со набивање во еден слој | м3 | 45,00 | |
B.2.1.2.3. | Бетонски работи | ||
2.1.2.3.1. | Оплатирање и бетонирање на трибина со скали според цртежи и детали (каскадно 50/50см) и продолжување на плочата (д=20см) која е носив елемент и за трибината, со постоечки анкери од потпорниот ѕид со МБ30 | м3 | 36,00 |
2.1.2.3.2 | Оплатирање и бетонирање на бетонски потпорен ѕид во горниот дел за стабилизација на делот пред косината со димензии 50/60 дебелина 20см според делот “А“ со МБ30 | м3 | 6,00 |
Оплатирање и бетонирање на канал за одводнување 40,0 см широк и 35 см висок со дебелина на ѕидовите д=10см, со МБ>20 и конструктивна арматура Ø8 | м` | 30,00 | |
B.2.1.2.4. | Бетонско железо | ||
2.1.2.4.1. | Набавка, транспорт и вградување на арматура РА400/500 во плочата и трибината според проектот: - 200Ø8 - 90Ø12 - 95Ø14 | кг | 3080,00 |
2.1.2.4.2. | Набавка, транспорт и вградување на арматура МА500/600 во плочата и трибината според проектот - 10 парчиња (Q-335) | кг | 600,00 |
B.2.1.2.5 | Дополнителни работи | ||
2.1.2.5.1. | Изработка на монтажна ограда (во долниот дел на трибините/гледачите) од челични профили 120.3...2760 поставени на межусебно растојание од 45 см според детал “B“ (боење во 2 премази со масна боја) | Парчиња | 15,00 |
2.1.2.5.2 | Изработка на монтажна ограда (во горниот дел за сигурност на учениците) со исполна од кружни челични профили Ø60.3...30000 5 парчиња/150,0 м | Парчиња | 5,00 |
2.1.2.5.3. | Изработка на монтажна ограда(во горниот дел за сигурност на учениците ) од столбови од кружни челични профили Ø80.3...1000 поставени на осовинско растојание од 175,0 см, според детал "V" (боење во 2 премази со масна боја) 18 парчиња/18,0 м | Парчиња | 18,00 |
2.1.2.5.4. | Набавка, транспорт и монтажа на челична жица со отвори 25х25мм и дебелина од 3мм | м2 | 40,00 |
2.1.2.5.5. | Набавка, транспорт и монтажа на челични профили 50.50.5 (со која ќе се oпшива со мрежа со отвори 25х25мм (од точка 4)) | м | 70,00 |
2.1.2.5.6. | Набавка, транспорт и монтажа на челична решетка за покривање на каналот која ќе ги собира водите од горниот дел со профили 20.20.2 | м | 30,00 |
2.1.2.5.7. | Набавка, транспорт и монтажа на декоративни бехатонки ( висина 12,0 см) за затревување и дренажа | м2 | 150,00 |
2.1.2.5.8. | Набавка, транспорт и монтажа на бехатонки д=8см, риголи за одводнување, ивичњаци, тампон со дебелина 10см со набивање, ситен камен пред поставување на бехатонките во горниот дел блиску школото | м2 | 60,00 |
2.1.2.5.9. | Набавка, транспорт и монтажа на кружни челични столбови Ø80.3...1120 и поставување на ракохфат Ø80.3, со обложување на постоечките скали со камен со метални плочки според цртежите и детал "E". | м2 | 17,00 |
2.1.2.5.10 | Поправка на постоечка ограда(во делот на влезот на игралиштето) со мрежа со окца со димензии 25 ммх25 мм | Паушал | 1,00 |
B.2.1.3. | ОПРЕМА | ||
2.1.3.1. | Набавка, транспорт и испорака на канти за отпадоци димензии: Материјал: челичен лим Завршна обработка: пластифициран со пепељара и сопствен носач поставен на бетонско постоље (димензи 20х20х20 МБ>20, и со ф10 арматура во постољето со 4 сидра-анкери ф12 и на нив поставена челична плоча 20х20 Волумен: 2 x 40 литри боја: зелена димензии според цртежот | Парчиња | 4,00 |
ДЕЛ 2 – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО РОСТУШЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТА МРЕЖА И ОГРАДА НА ПАТ ВЕЛЕБРДО-ТРЕБИШТЕ
ПРЕДМЕР ПРЕСМЕТКА – Реконструкција на улица во с.Ростуше | |||
Ред.број | Опис | Ед.мерка | Количина |
B.2.1.2.1. | Подготвителни работи | ||
2.1.2.1.1. | Расчистување, обележување и осигурување на локацијата за градба на улица 150 х 3,5 м | м | 150,00 |
2.1.2.1.2. | Расчистување на терен од земјани и други непотребни материјали (грмушки, камења, вишок земја и др) | Паушал | 1,00 |
B.2.1.2.2. | Земјени работи | ||
2.1.2.2.1. | Машински ископ на хумус, камења д=30см со носење/транспорт на материјалот до 1,0 км - 3,0 km, (150,0 м х 3,5 м) | м3 | 160,00 |
2.1.2.2.2. | Машинско планирање и валирање до потребна збиеност на постелицата 150х3,5м | м2 | 625,00 |
2.1.2.2.3. | Набавка,транспорт и вградување на тампон д=30,0 см во слоеви од по 15,0 см со разастиарање, планирање и валирање се до потребна збиеност | м3 | 160,00 |
2.1.2.2.4. | Машински ископ на темели за потпорниот зид со транспорт на материјалот до 50,0 м и распостирање на истиот вo околниот терен | м | 52,00 |
2.1.2.2.5 | Машински ископ за риголи(канали за одводнување) на материјалот до 1,0 км и распострирање на истиот | м | 150,00 |
B.2.1.2.3. | Браварски работи | ||
2.1.2.3.1. | Набавка, транспорт и монтажа на еластична ограда според детал ''A'' | м | 58,00 |
B.2.1.2.4. | Xxxxxxxx работи и армирачко-бетонски работи | ||
2.1.2.4.1. | Оплатирање и бетонирање na армирано бетонски ѕидови 52,0 м до 2,40 висина според цртеж | м3 | 58,00 |
2.1.2.4.2. | Набавка транспорт и монтажа на арматура РА 400/500 во потпорниот аб. Зид според деталот во цртежите -190Ø10 -560Ø12 -125Ø14 -50Ø20 -260Ø8 | Кг. | 11.897,00 |
B.2.1.2.5. | Дополнителни работи | ||
2.1.2.5.1 | Набавка транспорт и монтажа на бехатон елементи со димензи 20х10х8 со камена ситнеж д=5см | м2 | 1,00 |
2.1.2.5.2 | Набавка транспорт и монтажа на риголи со ширина 25см поставени по целата линија по поставување на бехатонките | м | 1,00 |
ПРЕДМЕР ПРЕСМЕТКА– поставување на заштита мрежа и ограда на пат Велебрдо - Требиште | |||
B.2.2.2.1. | Подготвителни работи | ||
2.2.2.1.1 | Расчистување, обележување и осигурување на локацијата ≈150м должина | м | 150,00 |
2.2.2.1.2 | Рачен ископ на темели за банкини(еластича ограда 30х30х20см) и носење на материјалот со колички за насип и др. | м | 150,00 |
B.2.2.2.2. | Дополнителни работи | ||
2.2.2.2.1. | Стабилизација на карпата од одронување и заштита од ерозија со помош на жичана мрежа d=3mm и окце 8-10цм | м2 | 2.000,00 |
2.2.2.2.2. | Врзивен материјал за прицврстување на жичаната мрежа од C-прстени и жица за врзување поставени на 1-1,5m меѓусебно растојание | Парче | 45,00 |
2.2.2.2.3. | Санација на дупки на постоечкиот пат со отворање во шлицеви на истите со набивање на постелицата, загревање на битулит по споевите на | Паушал | 1,00 |
2.2.2.2.4. | Обележување (хоризонтална сигнализација) на пристапниот пат со еколошка боја отпорна на атмосферски влијанија според сообраќаен проект | Паушал | 1,00 |
B.2.2.2.3. | Браварски работи | ||
2.2.2.3.1. | Набавка, транспорт и монтажа на еластична ограда според детал ''A'' | м | 150,00 |
B.2.2.2.1. | Бетонски работи | ||
2.2.2.3.1. | Вградување на бетон (МБ30) под столбовите на еластична ограда со конструктивна арматура Ø8-Ø10 | м3 | 5,00 |
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Д О Г О В О Р 1
за доделување на јавна набавка – ДЕЛ1/2
за реализација на проектите:
„Безбедно спортување“ – Изградба на трибини на игралиште пред Оу Xxxxx Xxxxxxxxx и
„Безбедно меѓусебно поврзување“ – Реконструкција на улица во с.Ростуше – Долно маало и Поставување на заштита мрежа и ограда на локален пат с.Велебрдо- с.Требиште
Склучен на ден 2012 година, помеѓу:
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Општина Маврово и Ростуша, с.Ростуше, 1254 Р. Македонија застапувана од Мукрем Мехмеди, Градоначалник на Општина Маврово и Ростуша. (во понатамошниот текст Набавувач, односно, “Нарачувач”) од една страна,
2. , со жиро сметка број
отворена во Банка и ЕДБ
МК застапувано од управителот како изведувач
ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ)
За цел на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следното значење :
“Набавувач” е договорен орган кој стекнал право на градење, а во чие име и чија сметка се гради градба и го ангажира Носителот на набавка како Изведувач за извршување на работите.
“Изведувач” односно Носител на набавка е договорен орган кој стекнал право на градење, а во чие име и чија сметка се гради градба и го ангажира Носителот на набавка како Изведувач за извршување на работите.
“Понуда на Изведувачот” е комплетирана понудена документација поднесена од Изведувачот до Набавувачот .
„Договорен орган„ - е субјект дефиниран во член 4 став 1 точки а), б), в), г) и д) од Законот за јавни набавки;
„Носител на набавката„ - е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Договор за јавна набавка на стоки„ - претставува набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката;
1 Со оглед на тоа дека станува збор за делива јавна набавка, договорот ќе се прилагоди према деловите и понудата дадена од страна на најповолниот економски оператор со кој ќе се склучи Договор за јавна набавка.
„Договорна цена„ - е цената која ја побарува Носителот на набавката како што е утврдено во овој Договор, вклучувајќи го и евентуалниот попуст што го дал;
„Испорака„ - значи предавање на стоките од страна на Носителот на набавката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој Договорот, на начин на кој Договорниот орган се стекнува со право на сопственост на стоките;
„Сродни услуги„ - претставуваат пропратни услуги на набавката на стоки, како што е осигурување, инсталација, почетно одржување и други слични обврски на Носителот на набавката според условите наведени во овој Договор;
„Сервисирање„ - претставува отстранување на сите грешки (дефекти и слично) и технички недостатоци, како и вградување на потребните резервни делови на испорачаните стоки
“Надзор над изградба на градба” е правно кое има соодветни лиценци за надзор над изградба или физичко лице со соодветни овластувања за вршење на надзор над изградба на градба, назначено од Нарачувачот да врши надзор над изградба на градба, за што Изведувачот писмено е известен.
“Изведувач на градба” е правно лице кое има соодветна лиценца за изведувач на градба назначено од Нарачувачот да врши изведба на градба.
“Проектант” е правно лице кое има соодветна лиценца за проектант назначено од Нарачувачот да врши изработка на проектна документација.
“Градба” е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а преставува физичка, техничко технолошка и градежна целина заедно со изградените инсталации, односно опрема. Градбата се до нејзиното запишување во јавна книга на недвижности преставува прирасток и припадок на земјиштето.
“Градење” е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа:земјени работи, изведување на градежна конструкција, градежно- инсталатерски работи, градежно- завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градба.
“Привремена градба” е градба изведена за потребите на градилиштето, за примен на соодветна технологија на изградбата и слично
“Реконструкција” е изведување на работи на постојна градба со кои се влијае врз исполнување на основните барања за градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот, според кои е изградена, со изведување на доградба, надградба, менување на фасада, изведување на работи за пренамена на дел од градбата, промена на технолошкиот процес, санација на конструктивни елементи и слично.
“Адаптација” е изведување на работи во внатрешноста на постојна градба со што не се менуваат конструктивните елементи на градба.
“Употреба на градежен објект” е вршење на активности во градежен објект согласно неговата намена утврдена со решение за локациски услови и основен проект. “Одржување на градежен објект” е изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговата употреба.
“Градежен производ” е производ кој е произведен за трајно вградување во градби, за кои е добиена позитивна техничка оцена дека производот е соодветен за употреба за предвидената намена.
“Проектна документација” преставува севкупност на меѓусебни усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградба и се обезбедува нејзина технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.
“Опрема” се поединечни уреди,процесни инсталации и други производи од кои се состои постројката или самостојно се вградени во градбата и служат за технолошкиот или друг процес, согласно намената за градба.
“Подготвителни работи” се изведување на при времени градби и други активности за организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни технологии.
“Градилиште” е простор на кој се гради,реконструира,адаптира,изведуваат работи за одржување или отстранување на градба и привремено зафатениот простор потребен за примена на соодветни градежни технологии.
“Отстранување” е изведување на работи на уривање или на демонтирање на градба, градежен објект или нивни делови, на собирање и транспорт на градежен материјал и отпад создаден со уривање, односно со демонтирање на градба и на соодветно уредување на земјиштето.
“Градежен Дневник” е документ кој што за време на изведување на градбата /работите на изградба, секојдневно и перманентно се води на градилиште и во кој се внесуваат, како минимум, следните податоци: датум, работно време, временски услови, бројот, структурата и квалификацијата на работната рака и персоналот на Изведувачот на градба, ангажирање на градежната механизација, постројки, опрема, на Изведувачот на градба, опис на дневно извршените работи со точна назнака на позициите според Предмерот, разни известувања што ги разменуваат Изведувачот на градба и Надзорот над изградба на градба, и налози на Надзорот над изградба на градба и слично.
Изведувачот на градба го води Градежниот дневник во оригинал и копии, при што оригиналот е за Нарачателот/ Надзорот над изградба на градба а копија останува за Изведувачот на градба.
Во секој момент Градежниот Дневник треба да биде на градилиште заштитена од можни оштетувања и кражба и да биде на располагање на Надзорот над изградба на градба за проверка,внесување на коментари, корекции, забелешки и потпис.
“Градежна Книга” е документ кој што, за време на изведување на градба/работи на изградбата, секојдневно/перманентно се води на градилиштето и во кој, врз основа на мерења што заеднички ги извршиле Изведувачот на градба и Надзорот над изградба на градба, или ги извршил Изведувачот на градба, а ги проверил и потврдил Надзорот над изградба на градба, се внесуваат количините на вистински извршени работи на изградбата на позиции од Предмерот.
Изведувачот на градба ја води Градежната Книга во оригинал и копии, при што оригиналот е за Набавувачот /Надзорот над изградба на градба а копија останува за Изведувачот на градба.
Градежната Книга во секој момент треба да биде на градилиште заштитена од можни оштетувања и кражба и да биде на располагање на Надзорот над изградба на градба за проверка,внесување на коментари, корекции, забелешки и потпис.
“Предемер и пресметка” значи комплетна Предмер пресметка со внесени цени, која е дел од Понудата.
“Денови” се календарски денови,месеци се календарски месеци.
“Техничка или Проектна документација” се урбанистичките, геодетските, хидро- геолошките и геомеханичките подлоги, проектите со неопходни описи, пресметки, графички прилози, цртежи,скици,работилнички цртежи, посебни елаборати и актите со кои се утврдуваат и разработуваат условите за изградба на објектот, условите и начинот на градба на објектот, како и условите пропишани со закон и прописи донесени врз основа на закон.
“Документација на градилиште” е документација која Изведувачот на градба е должен да ја има на градилиште и се состои:решение за упис во трговски регистар и лиценца за
Изведувач на градба соодветна на градбата за која е ангажиран, акт за именување на главен инженер на градилиште со соодветно овластување според категорија на градбата, односно инженер на градилиште со соодветно овластување според категорија на градбата,решение за локациски услови, одобрение за градење со основен проект,изведбен проект, извештај за извршена ревизија од ревидентот, градежен дневник и градежна книга,регистар со докази за пропишаниот квалитет на вградените градежни материјали/производи и опрема,акт за обележување на градбата,елаборат за заштита при работа, комплетни податоци за учесниците во изградбата и друга документација ако со друг закон е пропишана дека изведувачот на градба траба да ја има на градилиштето.
“Идеен проект” е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат основните облици,функционални и технички решенија на градба и се прикажуваат поставеноста на градбата во локација.
“Проект на подготвителни работи” е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат начинот на организација на градилиштето вклучително начинот на снабдување на градилиштето со електрична енергија и вода,одведување на отпадните води и загадените води од локалитетот на градилиштето, начинот на приклучување на градилиштето на постојните сообраќајници и начинот и третманот на градежните отпад (градежен шут) произведен на самото градилиште, итн.
“Основен проект” е збир на меѓусебно усогласени проекти со кои се дава техничко решение на градба, се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и исполнувањето на основните барања за градба.
“Изведбен проект” е проект со кој се разработува техничкото решение содржано во основниот проект. Изведбениот проект мора да биде изработен во согласност со основниот проект.
“Проект на изведена состојба” е проект со кој се прикажува фактичката состојба на изградената градба. Проектот на изведена состојба го изготвува проектантот во текот на изградбата на градбата и служи како основа за изработка на проектот за употреба и одржување.
“Проект на употреба и одржување” е проект со кој се утврдуваат оптималните техничко-технолошки и функционални услови со кој се обезбедува проектираната трајност на одделни делови, односно на градбата во целина и содржи особено:вид, начин, намена и рокови на периодична проверка во утврдени интервали на состојба на конструктивниот систем, опрема, уреди и инсталација ; периодично следење во утврдени интервали со анализа на влијанијата на технолошкиот процес, на климатските влијанија,односно влијанија на околната средина врз носивоста и стабилноста на одделни елементи,односно конструкцијата во целина;рокови за тековен, односно генерален ремонт на постројки, уреди, опрема и инсталации, како и рокови за задолжителна замена на одделни елементи, делови, уреди, опрема, инсталации и друго. “Воведување на Изведувачот на градба во работа” е исполнување на оние обврски на Нарачувачот без чие претходно исполнување започнувањето на работите фактички не е можно или правно не е дозволено.
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор помеѓу набавувачот и изведувачот е реализација на проектот „Безбедно спортување“ / „Безбедно меѓусебно поврзување“ и се состои во изведување а согласно предмер-пресметките за проектите и прифатената понуда кои се составен дел на овој Договор по Отворен повик 02/2012 година, а согласно Договори
за давање на грант бр.81013306/MR/02 и Договорот за грант бр.81013306/МR/01 склучени помеѓу Општина Маврово и Ростуша и Центар за институционален развој.
Член 2
Изведувачот се обврзува договорените работи од член 1 на овој Договор да ги изврши во согласност со важечките закони, прописите и стандардите за овој вид на работа, прифатената понуда и предмер-пресметката.
II. ВРЕДНОСТ И РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Член 3
Вкупната вредност на работите согласно предмер пресметката која е составен дел на овој Договор изнесува: (за дел 1/ дел 2 – посебно ќе се прилагоди према деловите)
- Цена на чинење ден. (За Дел 1/ Дел 2 од набваката)
- ДДВ 18 % ден. (За Дел 1/ Дел 2 од набваката)
---------------------------------------------------
Вкупна цена: _ ден (со букви)
(За Дел 1/ Дел 2 од набваката) Конечната вредност на извршените работи ќе се утврди по завршување на работите, но не може да биде поголема од вредноста што е утврдена во член 3 од овој Договор.
Член 4
Плаќањето ќе се изврши според финансиските услови приложени во тендерската понудата од страна на Изведувачот вклучително последното/завршно плаќање со рок наведен во финансиската понуда од дена и доставување на завршна/времени градежни ситуации одобрени од страна на Надзорот над изградба на градба и на Набавувачот.
III. РОК НА ИЗВЕДУВАЊЕ
Член 5
Изведувањето на градежните работи ќе отпочне веднаш, односно по воведување во работа на изведувачот на градба од страна на набавувачот .
До поместување на рокот на овој Договор може да дојде во следните случаи:
- во согласност на двете договорни страни ;
- во случај на виша сила и
- непредвидени дополнителни работи;
Рокот на изведување на работите е работни денови приложени во тендерската понуда сметано од денот на воведување на изведувачот на градба во работа.
IV. РОК НА НАБАВКА И ДОСТАВУВАЊЕ
Член 6
Изведувачот/Носителот на набавката е должен набавката/или изработката на стоката да ја изврши во рок од работни дена од денот на склучување на овој Договор и да го извести официјално во рок од пет (5) работни дена Договорниот орган или овластено лице од Договорениот орган дека стоката може да се испорача .
Рокот на испораката и монтажа на стоката до објектот назначен од Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачо/Договорениот орган е работни денови сметано од денот на доставување до носителот на набавката на писмена нарачка/налог за работа од страна на Изведувачот
/Договорениот орган или овластено лице од Договорениот орган.
До поместување на рокот на овој Договор може да дојде во следните случаи:
- во согласност на двете договорни страни ;
- во случај на виша сила и непредвидени дополнителни работи;
Изведувачот/Носителот на набавката пред да да отпочне со набавката да ја потврди валидноста на QAP (Quality Assurance Plan) или Документ/план за осигурување/гарантирање на квалитетот на набавката (Процедура по која ќе се утврдува квалитетот на набавената стока).
Испораката на стоката/те Изведувачот/Носителот на набавката може да ја врши сукцесивно на барање на Набавувачот/Договорениот орган и ќе ја врши врз основ на писмена нарачка на Набавувачот/ Договорниот орган заверена од овластено лице во рок од работни дена од денот на приемот на нарачката.
Изведувачот/Носителот на набавката е должен за испорачаната стока/и да достави Упатство за нејзино користење на македонски јазик, а на барање на Набавувачот/Договорениот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган и на друг(и) јазици.
Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган може во зависност од видот на стоката/те која ја испорачува а се однесува на производство, набавка, транспорт, монтажа, сервисирање и друго да побара и дополнување на документацијата од страна на Изведувачот/ Носителот на набавка.
Примопредавањето на стоката/те се состои во вршење на потребните дејствија за да биде возможно предавањето, како и превземањето на стоката/те.
V. НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СТОКАТА/ ИТЕ
Член 7
Изведувачот/Носителот на набавката е должен да му ја предаде стоката/те на Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган во времето и на местото предвидено со овој договорот.
Изведувачот/Носителот на набавката ја извршил обврската за примопредавање на Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/ Договорениот орган, по правило, кога стоката/те ќе му ја врачи или ќе му предаде исправа со која стоката/те ќе може да се преземе.
За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали стоката/те е испорачана во рокот кој е договорен;
2) дали квантитетот и квалитетот на испорачаната стока/и одговара на договорениот квантитет и квалитет, односно, кои стоки ќе треба да се замената, поправат и во кој рок тоа треба да се стори;
3) констатација за примопредавањето на гарантните листови и атести за стоката/те;
Записникот за примопредавање го потпишуваат двете договорни страни или нивни овластени лица.
Од денот на составувањето и потпишувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
VI. ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАБАВУВАЧОТ/ДОГОВОРЕНИОТ ОРГАН
Член 8
Набавувачот/Договорниот орган се обврзува да обезбеди средства за плаќање на договорените работи од член 1 на овој Договор и договорената цена да ја плати во договорениот рок.
Член 9
Набавувачот/Договорниот орган се обврзува на изведувачот/носителот на набавка на време да му го достави потребното Одобрение за градба или друг вид на одобрение, одлука, решение според важечките закони.
Набавувачот/Договорниот орган е должен писмено да го пријави започнувањето на изградбата до надлежниот орган итн според важечкиот Закон за градење и правилници
Набавувачот/Договорниот орган се обврзува да го воведе Изведувачот носителот на набавка во работата и да го извести за денот на отпочнување со работа.
Набавувачот/Договорниот орган се обврзува 3 дена пред денот на воведување во работа, на изведувачот/носителот на набавка да му ја предаде целокупната потребна документација за изведување на објектот, вклучувајќи ја и документацијата за Катастарот на подземни инсталации.
Набавувачот/Договорниот орган во соработка со изведувачот носителот на набавка треба да ги дефинира обврските кои произлегуваат од одобрението за подготвителни работи вклучително и проектот за подготвителни работи а се однесуваат на организација на градилиштето со сите потребни приклучоци потребни во текот на изградбата на градбата (а истите за потрошените количини во тек на изградба на градбата се финансиска обврска на изведувачот) и за договорените обврски да го информира извршителот
Набавувачот/Договорниот орган ќе назначи надзор над изградба на градба кој ќе врши надзор над изградба на градба на градежните работите, прегледување и потпишување на потребната законски определена документација, градежен дневник, градежните книги,регистар со докази за пропишаниот квалитет на вградените градежни материјали/производи и опрема, итн и друго.
Доколку изведувачот носителот на набавка на работите не ги исполнува своите обврски согласно договорот, Набавувачот/Договорниот орган има право еднострано да го раскине Договорот и да бара од изведувачот носителот на набавка надомест на штета, а извршувањето на работите ќе го довери на друг изведувач носителот на набавка, во тој случај во време траење на преоден период до отпочнување на активности од страна на друг изведувач на градба набавувачот е должен да преземе мерки за обезбедување на градбата, на соседните градби,пристапниот пат и земјиштето.
Набавувачот/Договорниот орган се обврзува да им овозможи на претставниците на Надзорниот инженер(и),донаторот, имплементаторот- спроведувачот на програмата да има целосен увид во проектната-производствена- проект на технолошка опрема/ техничка документација, пристап во производните простории, магацин, пристап на локација во градба - градилиште, документација на градилиште, магацин на изведувачот на градба каде се чуваа материјалот и опремата што треба да се вгради и друго вклучително и соработка во текот на набавка/или изработка на стоката, доставување, монтажа, градењето, техничкиот преглед и примопредавањето на објектот.
Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган може да изврши дополнителна контрола и гаранција на
квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитет кај овластена институција.
Член 10
Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот
/Договорениот орган се обврзува да му достави писмена нарачка/налог за работа на Изведувачот/Носителот на набавка.
Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот
/Договорениот орган мора да ја одобри проектна/техничката документација (како на пример идејни скици, работилничките цртежи итн) пред да се даде од нивна страна писмено одобрение за почетока на набаавката. Изработката на стоки.
Набавувачот /Договорниот орган ги презема трошоците за превземање на стоката/те и сите други трошоци по предавањето ги поднесува Набавувачот
/Договорниот орган, ако не е договорено нешто друго.
Набавувачот /Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот
/Договорениот орган пред да се даде писмена нарачка/налог за работа може да побара од Изведувачот/Носителот на набавката да достави/изработи прототип на стоката која е дел од набавката и договорот.
Доколку Изведувачот/Носителот на набавка не ги исполнува своите обврски согласно договорот, Набавувачот /Договорниот орган има право еднострано да го раскине Договорот и да бара од Изведувачот/Носителот на набавка надомест на штета, а извршувањето на набавката ќе му ја додели на друг носител на набвака.
Набавувачот /Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот
/Договорениот орган може да изврши дополнителна контрола и гаранција на квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитет кај овластена институција.
VII. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ/НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКА
Член 11 Изведувачот/Носителот на набвака се обврзува:
- пред воведување во работа, а во рок од 7 дена од потпишување на договорот, да достави документ за осигурување на објектот, производните простории, опремата, осигурување на вработените односно сите лица ангажирани во набавка/изработка на стоки и вклучени во градба и осигурување од одговорност кон трети имотна штета кон лица- постоечките објекти, подземна и надземна инфраструктура, инсталации, урбана опрема итн.
- пред да отпочне со подготвителни работи на градбата да достави писмено барање за добивање на одобрение за подготвителни работи и да го достави елаборатот за заштита при работа и проект за подготвителни работи одобрен од овластена со закон институција .
- на градилиштето да постави информативна табла која задолжително треба да се содржи: име, односно назив на учесниците во изградба, назив и вид на градба која се гради итн.
- да изведува градежни работи во согласност на добиена лиценца и категоријата на градба која е дел на овој договор, одобрението за градба или друг вид на одобрение, ревидираниот проект и важечката проектна документација итн
- пред да отпочне со изведување на земјани работи на градежна парцела да обезбеди обележување на проектирана градба на терен, со соодветно знаци од страна на трговец поединец односно трговско друштво за геодетски работи кои изготвува
геодетски елаборат за обележување на проектирана градба и по завршувања на изградбата на градбата да изготви геодетски елаборат на изведена градба.
- на градилиштето да преземе мерки заради обезбедување на сигурноста на работниците, градбата и на работите, опремата, уредите и инсталациите, минувачите, сообраќајот, соседните објекти и околината и заради спречување на неконтролиран пристап на истото.
- од почеток на изведување на градбата до предавање на градбата на Нарачувачот, на погоден начин ги обезбедува и чува изведената градба, опрема и материјали и околината од оштетување, пропаѓање, однесување/кражба, загадување, или уништување.
- од почеток на изведување на градбата до предавање на градбата на Набавувачот , на погоден начин да го чува сметот со точно определени места и градежниот шут во рамките на градилиштето и пошироката околина.
- изведувањето на градежните работите да го врши според важечките закони, техничките упатства и прописи, стручно со квалитетен материјал и во согласност со важечките стандарди и прифатената понуда;
- да назначи раководител на објект со соодветно овластување (од соодветна техничка/инженерска област) соодветно за категоријата на градба , да формира и да го управува градилиштето, да ја чува и да ја достави на барање на нарачателот потребната документација (градежен дневник, градежна книга, регистар со докази за пропишаниот квалитет на вградените градежни материјали/производи и опрема на градилиште итн, заштитена од можни оштетувања и кражба и да биде на располагање на Надзорот над изградба на градба за проверка согласно важечките закони, технички упатства и прописи
- да не ја менува проектната документација. Во случај на можни недостатоци во проектната документација заради нејзино подобрување или од други причини, должен е навремено да го извести надзор над изведба на градба, нарачувачот и ако има и официјално одобрение и да го извести и проектантот на градбата.
- при можна промена на количини, промена на предложен материјал/опрема/начин на вградување да достави барање до Надзорот над изградба на градба проектантот, Набавувачот/Договорениот орган (носителот на проектот, ЕЛС/Општина, итн), спроведувачот на проектот и Донаторот на проектот за да добие официјално одобрение за промена на истите.
- да ако воочи недостатоци во проектната документација и при изградба на градбата или при монтажа кои ја загрозуваат сигурноста на градбата, животот или здравјето на луѓето, сообраќајот или соседните објекти, да го извести надзор над изведба на градба и нарачувачот ,да ја прекине изградбата на градбата/ набавката/монтажата, се до моментот на преземање намерки за остранување на недостатоци.
- се обврзува да му овозможи на претставниците на Надзорниот инженер(и),донаторот, имплементаторот - спроведувачот на програмата да има целосен увид на проектната-техничка документација, пристап на локација во градба - градилиште,документација на градилиште, производните простории,магацин на изведувачот на градба каде се чуваа материјалот и опремата што треба да се вгради и соработка со текот на градењето, набавка/или изработка на стоката , доставување, монтажа, техничкиот преглед и примопредавањето на објектот
- дека градбата мора да биде изградена така што на лица со инвалидност ќе им овозможи непречен пристап, движење, престој и работа до и во градбата
- по завршување на работите вклучително и завршување на монтажата, односно по раскинување на договорот, е должен од градилиштето да ги повлече своите
работници, да ги отстрани преостанатите материјали опрема и средства за работа, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти објектот и градилиштето.
- да ја достави потребната документација за вградената опрема и материјал (со доставување на Упатство за користење на македонски јазик и гаранција) , вклучително и одобрение за вградување на истите од нарачателот и Надзорот над изградба на градба, според важечките закони, технички упатства и прописи;
- по добиена согласност од Надзорот над изградба на градба дека може да го извести Нарчувачот (носителот на проектот, ЕЛС/Општина, итн) дека е градбата е спремни за технички преглед, да ја подготви потребната документација и да учествува во техничкиот прием преглед и примопредавање на објектот согласно важечките закони, технички упатства и прописи.
- да ја подготви потребната документација за техничкиот преглед вклучително и проект на изведена состојба, Xxxxxxxxx елаборат со иузвршен премер да соработува со нарачувачот и Надзор на изградба на градба и да учествува по потреба во изработка на записник од технички преглед.
- да ја подготви потребната документација за примопредавање на градбата да соработува со нарачувачот и Надзор на изградба на градба и да учествува по потреба во изработка на записник за примопредавање.
- изведувачот се обврзува дека при техничкиот преглед, примопредавање на објектот и во времетраењето на гарантниот период определен од него, по приемот на пријава за грешка или технички недостаток, ќе ги отстрани без надомест и во најкус можен рок грешката или техничкиот недостаток на испорачаната вградена опрема и материјали настанати од лош квалитет или од лоша инсталација или несоодветно вградување на истата, а во случај на поголема грешка или технички недостаток ќе ги замени со нови.
Член 12
Трошоците на предавањето, како и оние што му претходат а се однесуваат на транспорт на стоката, магацински трошоци, товарење, растоварање, складирање или друго, ги поднесува Изведувачот/Носителот на набавката, ако не е договорено нешто друго.
Да ја осигура стоката што е предмет на набавката од моментот на преземање кај производителот до испорака на истата на место кое е назначено од Набавувач/Договорниот орган или овластено лице од Набавувач/Договорениот орган вклучително и при процесот на транспорт на истата и лицата и средствата вклучени во тој процес.
Од почеток на инсталација/монтажа на стоката/опремата до подготвување на записник за прифатливост на монтажата, техничкиот преглед и примопредавање на градбата, на погоден начин ги обезбедува и чува изведената градба, опрема и материјали и околината од оштетување, пропаѓање, однесување/кражба, загадување, или уништување.
Од почеток на монтажа на стоката/опремата до подготвување на записник за прифатливост на монтажата, техничкиот преглед и примопредавање на градбата на погоден начин да го чува сметот со точно определени места и градежниот шут во рамките на градилиштето и пошироката околина.
Изведувањето на монтажата да го врши според важечките закони, техничките упатства и прописи, стручно со квалитетен материјал и во согласност со важечките стандарди и прифатената понуда.
Да назначи раководител на монтажа и да ја достави на барање на Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган потребната проектна/техничка документација. За проверка согласно важечките закони, технички упатства и прописи
Изведувачот/Носителот на набавката е должен да достави потврда, атест, сертификат за квалитетот на стоката/те што ќе ги испорачува според стандардите .
Да ја достави потребната документација за набавената/изработената стока/опрема /материјал (со доставување на Упатство за користење на македонски јазик и гаранција), вклучително и одобрение за вградување на истите од Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган според важечките закони, технички упатства и прописи.
По добиена согласност од Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган, да ја подготви потребната документација и да учествува во техничкиот прием и примопредавање на објектот согласно важечките закони, технички упатства и прописи.
Да изработи елаборат-идеен проект за техничките инсталации кој содржи графички прилози - цртежи и податоци за техничко – технолошките системи, вкупните капацитети на потрошувачка,инсталираните капацитети, диспозиција на приклучните уреди и инсталираната опрема, детали за диспозиција на сите инфраструктурни водови и уреди,системи и опрема, со упатство за нивно вградување, како и начинот на нивно приклучување на комуналната инфруструктура.
Да се изработи елаборат со потребни податоци, графички прилози-цртежи и предвидените мерки за заштита од пожар, експолозии и опасни материи, како и други елаборати предвидени со постојаната законска регулатива неопходни за издавање на употребна дозвола вклучително со поставување на натписни плочи/знаци со предупредување со трајни ознаки, еднополни шеми итн
Да ја подготви потребната документација за техничкиот преглед, да соработува со Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган н и да учествува по потреба во изработка на записник од технички преглед.
Да го подготви проектот за употреба и одржување на градба и да го предаде пред техничкиот преглед на Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган
Да ја подготви потребната документација за примопредавање на градбата да соработува со Набавувачот/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот/Договорениот орган и да учествува по потреба во изработка на записник за примопредавање.
Изведувачот/Носителот на набавка се обврзува дека при техничкиот преглед, примопредавање на објектот и во времетраењето на гарантниот период определен од него, по приемот на пријава за грешка или технички недостаток, ќе ги отстрани без надомест и во најкус можен рок грешката или техничкиот недостаток на испорачаната вградена опрема и материјали настанати од лош квалитет или од лоша инсталација или несоодветно вградување на истата, а во случај на поголема грешка или технички недостаток ќе ги замени со нови.
Член 13
Изведувачот се обврзува навреме да отпочне со работа и да го запази договорениот рок за завршување на градежните работи.
Во случај на задоцнување со исполнување на договорените обврски, изведувачот има обврска на нарачателот да му исплати договорна казна.
Договорната казна за задоцнување со исполнување на градежните работи изнесува 2 промила од вкупната договорена цена за секој ден задоцнување но не повеќе од 10% од договорената вредност
Ако дојде до раскинување на договорот, изведувачот има обврска да ја плати договорната казна.
Член 14
За изведените градежни работи изведувачот дава гаранција според дадените услови/рок наведени во понудата од денот на примопредавање на објектот.
На барање на нарачувачот, изведувачот е должен да ги отклони сите настанати недостатоци кои ќе се покажат во гарантниот рок, кои настанале по вина на изведувачот, односно кои не одговараат на договорните обврски.
Изведувачот не е должен да ги отклони сите недостатоци кои настанале како последица на нестручно ракување и употреба односно ненаменско користење на опремата во објектот или неговите делови.
Ако изведувачот не пристапи кон изведување на објектот за отклонување на недостатоците и не ги изврши работите во примерен рок Набавувачот може да ги отклони недостатоците со ангажирање на друг изведувач на градба на сметка на изведувачот.
Во таков случај Набавувачот е должен да постапи како добар домаќин.
VIII. ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 15
Кога Изведувачот/Носителот на набавката, му предал на Набавувачот
/Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот /Договорениот орган гарантен лист со кој производителот го гарантира исправното функционирање на стоката/те во текот на определено време, сметајќи од неговото предавање/монтирањето на стоката/технички преглед и записник од истиот , Набавувачот /Договорниот орган може, ако стоката/те не функционира исправно да бара како од Изведувачот/Носителот на набавката, така и од производителот, да ја поправи стоката/те во разумен рок од
дена или ако тоа не го стори, да му предаде стока/и која функционира исправно.
Набавувачот /Договорниот орган може поради неисправното функционирање или неисправна монтажа да бара од Изведувачот/Носителот на набавката, односно од производителот поправка или замена на стоката/те во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето.
Тој има право на надомест на штетата што ја претрпел поради тоа што бил лишен од употребата на стоката/те од моментот на барањето поправка или замена до нивното извршување.
Во случај на помала поправка, гарантниот рок се продолжува онолку колку што Изведувачот/Договорниот орган бил лишен од употребата на стоката/те.
Меѓутоа, кога поради неисправното функционирање или неисправна монтажа е извршена замена на стоката/те, или нејзина суштествена поправка, гарантниот рок почнува повторно да тече од замената, односно од враќањето на поправената стока/и.
Ако е заменет или суштествено поправен само некој дел од стоката/те, гарантниот рок почнува повторно да тече само за тој дел.
Ако Изведувачот/Носителот на набавката не изврши во разумен рок од
дена поправка или замена на стоката/те, Набавувачот /Договорниот орган може да го раскине договорот или да ја намали цената и да бара надомест на штетата.
Изведувачот/Носителот на набавката, односно производителот е должен на своја сметка да ја пренесе стоката/те до местото каде што треба да се поправи, односно да се замени, како и поправената, односно заменетата стока/и да му ја врати назад на Набавувачот /Договорниот орган.
За тоа време Изведувачот/Носителот на набавката, односно производителот го поднесува ризикот за пропаѓање или оштетување на стоката/те.
Кога во изработката на одделни делови од стоката/те или во извршувањето на одделни дејствија учествувале повеќе самостојни производители, нивната одговорност спрема финалниот производител за неисправното функционирање на стоката/те кое потекнува од тие делови или од тие дејствија престанува кога ќе престане одговорноста на финалниот производител спрема Набавувачот /Договорниот орган кој ја набавува стоката/те.
Правата на Набавувачот /Договорниот орган спрема производителот врз основа
на гарантниот лист се гаснат по истекот на рокот кој
Изведувачот/Носителот на набавката го навел во понудата, сметајќи од денот кога барал од него поправка или замена на стоката/те или ако немало недостатоци на функционирањето или монтажата во тој случај рокот е од денот на техничкиот преглед на градбата или на денот на примопредавање на градбата.
IX. СЕРВИСИРАЊЕ
Член 16
Во гарантниот период без надоместок се врши корективно одржување на стоката/те со потребните резервни делови и сервисни услуги.
Носителот на набавката се обврзува дека во гарантниот период ќе ги отстрани сите грешки и технички недостатоци на испорачаната стока/и кои настанале при нејзино нормално користење.
Резервните делови за стоката/те ги обезбедува Носителот на набавката.
Редовното сервисирање се врши месечно/годишно, односно, спрема упатството од производителот на стоката/те, и тоа на местото на користење, односно, кај Набавувачот /Договорниот орган (Носителот на набавката-зависно од специфичноста на стоата/те).
Изведувачот/Носителот на набавката се обврзува да обезбеди сервис на целата територија на Република Македонија.
Со поправката на дефектот треба да се започне во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пријавата за дефект.
Поправката на дефектот ќе се врши врз основа на писмена пријава доставена од страна на Набавувачот /Договорниот орган или овластено лице од Д Набавувачот
/оговорениот орган .
Во случај Набавувачот /Договорниот орган или овластено лице од Набавувачот
/Договорениот орган да бара итна интервенција писмената пријава се доставува дополнително.
Поправката на дефектите по потреба ќе се врши во сервисот/просториите на Изведувачот/Носителот на набавката и транспортот во двата правца од местото на испорака на стоките до просториите на Изведувачот/Носителот на набавка ќе биде на трошок на Изведувачот/Носителот на набавка.
Евентуално заменетите делови стануваат сопственост на Изведувачот/Носителот на набавката.
Изведувачот/Носителот на набавката се обврзува по истекот на гарантниот период во период од најмалку години да обезбеди резервни делови за испорачаната стока/и.
X. ОБУКА
Член 17
Изведувачот/Носителот на набавката е должен на барање на Набавувачот
/Договорениот орган да обезбеди обука за најмалку лица кои ќе треба да ракуваат со стоката/те, со цел да се обезбеди нејзино нормално користење.
Изведувачот/Носителот на набавката е должен на лицата кои ќе ја поминат обуката да им издаде соодветен сертификат со кој се потврдува дека ја поминале неопходната обука и дека се подготвени да ракуваат со стоката/те на начин на кој тоа го пропишал производителот на стоката.
XI. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 18
Изведувачот/Носителот на набавката одговара за материјалните недостатоци на стоката/те што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз Набавувачот
/Договорниот орган, без оглед дали тоа му било познато.
Изведувачот/Носителот на набавката одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз Набавувачот
/Договорниот орган ако се последица од причина што постоела пред тоа.
Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид. Недостаток постои:
1) ако стоката/те ги нема потребните својства за нејзина редовна употреба или за
промет;
2) ако стоката/те ги нема потребните својства за особената употреба за која ја
набавува Набавувачот /Договорниот орган, а која му била позната на Изведувачот/Носителот на набавката или морала да му биде позната;
3) ако стоката/те ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани, и
4) кога Изведувачот/Носителот на набавката предал стока/и која не е соодветна на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување.
Изведувачот/Носителот на набавката одговара и за недостатоците што Набавувачот /Договорниот орган можел лесно да ги забележи ако изјавил дека стоката/те нема никакви недостатоци или дека стоката/те има определени својства или одлики.
Набавувачот /Договорниот орган е должен примената стока/и на вообичаен начин да ја прегледа или да ја даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести Изведувачот/Носителот на набавката во рок од осум дена, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Кога прегледот е извршен во присуство на двете страни, Набавувачот
/Договорниот орган е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Изведувачот/Носителот на набавката веднаш, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Член 19
Кога по приемот на стоката/те од страна на Набавувачот /Договорниот орган ќе се покаже дека стоката/те има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при нејзиното преземање (скриен недостаток), Набавувачот
/Договорниот орган е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести Изведувачот/Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот.
Изведувачот/Носителот на набавката не одговара за недостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат шест месеци од предавањето на стоката/те т.е технички преглед на градбата или примопредавање на објектот/градбата, освен кога со договорот е определен подолг рок.
Член 20
Кога поради некој недостаток дошло до поправка на стоката/те, испорака на друга стока/и, замена на делови и слично, роковите од член 15 на овој Договор почнуваат да течат од предавањето на поправената стока/и, предавањето на друга стока/и, извршената замена на делови и слично.
Во известувањето за недостатокот на стоката/те Набавувачот /Договорниот орган е должен поблиску да го опише недостатокот и да го повика Носителот на набавката да ја прегледа стоката/те.
Ако известувањето за недостатокот кое Набавувачот /Договорниот орган навремено го испратил до Изведувачот/Носителот на набавката со препорачано писмо, телеграма, електронска пошта, или на некој друг сигурен начин, задоцни или воопшто не стигне до Носителот на набавката, се смета дека Набавувачот /Договорниот орган ја извршил својата обврска да го извести Изведувачот/Носителот на набавката.
Набавувачот /Договорниот орган не го губи правото да се повика на некој недостаток и кога не ја извршил својата обврска стоката/те да ја прегледа без одлагање, или обврската во определениот рок да го извести Носителот на набавката за постоењето на недостатокот, како и кога недостатокот се покажал дури по истекот на шест месеци од предавањето на стоката/те, технички преглед на градбата или примопредавање на објектот/градбата, освен кога со договорот е определен подолг рок ако тој недостаток му бил познат на Изведувачот/Носителот на набавката или не можел да му остане непознат.
(Договорните страни можат да ја ограничат или сосема да ја исклучат одговорноста на Изведувачот/Носителот на набавката за материјалните недостатоци на стоката/те).
Одредбата од договорот за ограничување или исклучување на одговорноста за недостатоците на стоката/те се исклучува, ако недостатокот му бил познат на Изведувачот/Носителот на набавката, а тој за него не го известил Набавувачот
/Договорниот орган, како и тогаш кога Изведувачот/Носителот на набавката ја наметнал таа одредба користејќи ја својата посебна монополска положба.
Набавувачот /Договорниот орган кој се откажал од правото да го раскине договорот поради недостатоци на стоката/те ги задржува другите права поради тие недостатоци.
Набавувачот /Договорниот орган кој навремено и уредно го известил Изведувачот/Носителот на набавката за недостатокот може:
1) да бара од Изведувачот/Носителот на набавката да го отстрани недостатокот или да му предаде друга стока/и без недостаток (исполнување на договорот);
2) да бара намалување на цената и
3) да изјави дека го раскинува договорот.
Во секој од овие случаи Набавувачот /Договорниот орган има право и на надомест на штетата.
Покрај тоа и независно од тоа, Изведувачот/Носителот на набавката му одговара на Набавувачот /Договорниот орган и за штетата што овој поради недостаток на стоката/те ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста за штета.
Член 21
Ако Набавувачот /Договорниот орган не го добие бараното исполнување на договорот во разумен рок од дена, тој го задржува правото да го раскине договорот или да ја намали цената.
Кога предмет на договорот се повеќе стоки, па само некои од нив имаат недостатоци, Набавувачот /Договорниот орган може да го раскине договорот само во поглед на тие стоки, а не и на другите.
Меѓутоа, ако тие сочинуваат една целина така што нивното раздвојување би било штетно, Набавувачот /Договорниот орган може да го раскине целиот договор, или ако тој сепак изјави дека го раскинува договорот само во поглед на предметите со недостаток, Изведувачот/Носителот на набавката од своја страна може да го раскине договорот и во поглед на другите предмети.
Набавувачот /Договорниот орган го губи правото да го раскине договорот поради недостаток на стоката/те кога му е невозможно да ја врати стоката/те или да ја врати во состојбата во која ја примил.
Сепак Набавувачот /Договорниот орган може да го раскине договорот поради некој недостаток на стоката/те ако стоката/те наполно или делумно пропаднала или е оштетена поради недостатокот што го оправдува раскинувањето на договорот, или поради некој настан што не потекнува од него ниту од некое лице за кое одговара тој.
Истото важи ако стоката/те наполно или делумно пропаднала, или е оштетена поради обврската на Набавувачот/ Договорниот орган да ја прегледа стоката/те, или ако Набавувачот /Договорниот орган пред да се открие недостатокот потрошил или изменил еден дел од стоката/те во текот на неговата редовна употреба, како и ако оштетувањето или измената се без значење.
Набавувачот /Договорниот орган кој поради невозможност да ја врати стоката/те или да ја врати во состојбата во која ја примил го загубил правото да го раскине договорот, ги задржува другите права што му ги дава законот поради постоењето на некој недостаток.
Раскинувањето на договорот поради недостаток на стоката/те произведува исти дејства како и раскинувањето на двостраните договори поради неисполнување.
Набавувачот/ Договорниот орган му должи на Изведувачот/Носителот на набавката надомест за користа од стоката/те и кога му е невозможно да го врати целиот или еден негов дел, а договорот е сепак раскинат.
Член 22
Намалувањето на цената се врши според сразмерот меѓу вредноста на стоката/те без недостаток и вредноста на стоката/те со недостаток во време на склучувањето на договорот.
Набавувачот /Договорниот орган кој постигнал намалување на цената поради постоењето на некој недостаток, може да го раскине договорот или да бара ново намалување на цената ако дополнително се открие некој друг недостаток.
Набавувачот /Договорниот орган кој навремено го известил Носителот на набавката за постоењето на недостаток може, по истекот на овој рок, ако уште не ја исплатил цената, да го истакне своето барање цената да се намали или да му се надомести штетата како приговор против барањето на Носителот на набавката да му се исплати цената.
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23
По завршување на градежните работи, двете договорни страни ќе ги утврдат стварните количини и вредности на извршените работи, за што ќе се состави Записник.
Член 24
За се што не е договорено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигации.
Член 25
Во случај на спор по одредбите на Договорот, договорните страни ќе настојуваат тој да се реши спогодбено, во спротивно стварно и месно надлежен ќе биде Основниот суд Гостивар во Гостивар.
Член 26
Овој Договор е составен 4 (четири) еднакви примероци од кои по 2 (два) за двете договорни страни.
НАБАВУВАЧ ИЗВЕДУВАЧ
Општина Маврово и Ростуша Градоначалник
Мxxxxx Xxxxxxx
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 02/2012 објавен од страна на Општина Маврово и Ростуша, за доделување на договор за јавна набавка на Градежни и градежно-занатски работи за изградба на потпорен ѕид и трибина на игралиште пред ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, реконструкција на улица во с.Ростуше Долно маало и Поставување на заштитна мрежа и ограда на локален пат с.Велебрдо-с.Требиште . со спроведување на Отворена постапка 02/2012, и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Даночен број:
IV.1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со предмер-пресметката што е составен дел на оваа понуда.
IV.1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови
- Пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.2 ПРЕДМЕР - ПРЕСМЕТКА,
- документи за докажување на личната состојба,
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- докази за исполнување на економската и финансиската способност,
- докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
- копија од лиценцата Б за изведување на градби издадена согласно Законот за градење,
- парафиран модел на договор,
- писмено овластување за претставникот на група на понудувачи (доколку станува збор
- Гаранција на понуда – Банкарска гаранција
IV.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ПРЕДМЕР-ПРЕСМЕТКА со понудени цени2
ДЕЛ 1 – ИЗГРАДБА НА ТРИБИНИ ПРЕД ОУ ДXXXX XXXXXXXXX, МАВРОВИ АНОВИ
ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА | |||||
Ред број | Ед.мерка | Коли- чина | Ед.цена (без ДДВ) | Вкупна цена (без ДДВ) | |
B.2.1.2.1. | Подготвителни работи | ||||
2.1.2.1.1. | Расчистување, обележување и осигурување на локација за градба на трибина 40 х 10 м | м2 | 400,00 | ||
2.1.2.1.2. | Расчистување на терен од земјени и други непотребни материјали (грмушки, камења, вишок земја и др.) | Пxxxxx | 0,00 | ||
B.2.1.2.2. | Земјени работи | ||||
2.1.2.2.1. | Рачен ископ до израмнување и спремање на местото каде што ќе се постави долниот дел на трибината | м3 | 10,00 | ||
2.1.2.2.2. | Рачен ископ за потпорен ѕид (темел) во горниот дел и однесување на материјалот со количка на оддалеченост до 20 метри или ако има потреба за насипување на долниот дел (доколку има потреба) | м3 | 5,00 | ||
Набавка, транспорт и монтажа на тампон за поставување во косиот дел и под трибината со дебелина од 20 см со набивање во еден слој | м3 | 45,00 | |||
B.2.1.2.3. | Бетонски работи | ||||
2.1.2.3.1. | Оплатирање и бетонирање на трибина со скали според цртежи и детали (каскадно 50/50см) и продолжување на плочата (д=20см) која е носив елемент и за трибината, со постоечки анкери од потпорниот ѕид со МБ30 | м3 | 36,00 | ||
2.1.2.3.2 | Оплатирање и бетонирање на бетонски потпорен ѕид во горниот дел за стабилизација на делот пред косината со димензии 50/60 дебелина 20см според делот “А“ со МБ30 | м3 | 6,00 | ||
Оплатирање и бетонирање на канал за одводнување 40,0 см широк и 35 см висок со дебелина на ѕидовите д=10см, со МБ>20 и конструктивна арматура Ø8 | м` | 30,00 | |||
B.2.1.2.4. | Бетонско железо | ||||
2.1.2.4.1. | Набавка, транспорт и вградување на арматура РА400/500 во плочата и трибината според проектот: - 200Ø8 - 90Ø12 - 95Ø14 | кг | 3080,00 | ||
2.1.2.4.2. | Набавка, транспорт и вградување на арматура МА500/600 во плочата и трибината според проектот - 10 парчиња (Q-335) | кг | 600,00 | ||
2 Економскиот оператор го пополнува оној дел за кој аплицира, доколку поднесува понуда за двата дела ги пополнува истите и на пликото става ознака дека се работи за понуда за двата дела
B.2.1.2.5 | Дополнителни работи | ||||
2.1.2.5.1. | Изработка на монтажна ограда (во долниот дел на трибините/гледачите) од челични профили 120.3...2760 поставени на межусебно растојание од 45 см според детал “B“ (боење во 2 премази со масна боја) | Парчиња | 15,00 | ||
2.1.2.5.2 | Изработка на монтажна ограда (во горниот дел за сигурност на учениците) со исполна од кружни челични профили Ø60.3...30000 5 парчиња/150,0 м | Парчиња | 5,00 | ||
2.1.2.5.3. | Изработка на монтажна ограда(во горниот дел за сигурност на учениците ) од столбови од кружни челични профили Ø80.3...1000 поставени на осовинско растојание од 175,0 см, според детал "V" (боење во 2 премази со масна боја) 18 парчиња/18,0 м | Парчиња | 18,00 | ||
2.1.2.5.4. | Набавка, транспорт и монтажа на челична жица со отвори 25х25мм и дебелина од 3мм | м2 | 40,00 | ||
2.1.2.5.5. | Набавка, транспорт и монтажа на челични профили 50.50.5 (со која ќе се oпшива со мрежа со отвори 25х25мм (од точка 4)) | м | 70,00 | ||
2.1.2.5.6. | Набавка, транспорт и монтажа на челична решетка за покривање на каналот која ќе ги собира водите од горниот дел со профили 20.20.2 | м | 30,00 | ||
2.1.2.5.7. | Набавка, транспорт и монтажа на декоративни бехатонки ( висина 12,0 см) за затревување и дренажа | м2 | 150,00 | ||
2.1.2.5.8. | Набавка, транспорт и монтажа на бехатонки д=8см, риголи за одводнување, ивичњаци, тампон со дебелина 10см со набивање, ситен камен пред поставување на бехатонките во горниот дел блиску школото | м2 | 60,00 | ||
2.1.2.5.9. | Набавка, транспорт и монтажа на кружни челични столбови Ø80.3...1120 и поставување на ракохфат Ø80.3, со обложување на постоечките скали со камен со метални плочки според цртежите и детал "E". | м2 | 17,00 | ||
2.1.2.5.10 | Поправка на постоечка ограда(во делот на влезот на игралиштето) со мрежа со окца со димензии 25 ммх25 мм | Паушал | 1,00 | ||
B.2.1.3. | ОПРЕМА | ||||
2.1.3.1. | Набавка, транспорт и испорака на канти за отпадоци димензии: Материјал: челичен лим Завршна обработка: пластифициран со пепељара и сопствен носач поставен на бетонско постоље (димензи 20х20х20 МБ>20, и со ф10 арматура во постољето со 4 сидра-анкери ф12 и на нив поставена челична плоча 20х20 Волумен: 2 x 40 литри боја: зелена димензии според цртежот | Парчиња | 4,00 | ||
ВКУПНО за ДЕЛ 1 (без ДДВ) | |||||
ДДВ 18% (за дел 1) | |||||
ВКУПНО СО ДДВ (за дел 1) |
Начин и рок на плаќање за Дел 1 Рок на изведување3 на работите за Дел 1 Гарантен рок за Дел 1
ДЕЛ 2 – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО РОСТУШЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТА МРЕЖА И ОГРАДА НА ПАТ ВЕЛЕБРДО-ТРЕБИШТЕ
ПРЕДМЕР ПРЕСМЕТКА – Реконструкција на улица во с.Ростуше | |||||
Ред.број | Опис | Ед.мерка | Количина | Ед.цена (без ДДВ) | Вкупна цена (без ДДВ) |
B.2.1.2.1. | Подготвителни работи | ||||
2.1.2.1.1. | Расчистување, обележување и осигурување на локацијата за градба на улица 150 х 3,5 м | м | 150,00 | ||
2.1.2.1.2. | Расчистување на терен од земјани и други непотребни материјали (грмушки, камења, вишок земја и др) | Паушал | 1,00 | ||
B.2.1.2.2. | Земјени работи | ||||
2.1.2.2.1. | Машински ископ на хумус, камења д=30см со носење/транспорт на материјалот до 1,0 км - 3,0 km, (150,0 м х 3,5 м) | м3 | 160,00 | ||
2.1.2.2.2. | Машинско планирање и валирање до потребна збиеност на постелицата 150х3,5м | м2 | 625,00 | ||
2.1.2.2.3. | Набавка,транспорт и вградување на тампон д=30,0 см во слоеви од по 15,0 см со разастиарање, планирање и валирање се до потребна збиеност | м3 | 160,00 | ||
2.1.2.2.4. | Машински ископ на темели за потпорниот зид со транспорт на материјалот до 50,0 м и распостирање на истиот вo околниот терен | м | 52,00 | ||
2.1.2.2.5 | Машински ископ за риголи(канали за одводнување) на материјалот до 1,0 км и распострирање на истиот | м | 150,00 | ||
B.2.1.2.3. | Браварски работи | ||||
2.1.2.3.1. | Набавка, транспорт и монтажа на еластична ограда според детал ''A'' | м | 58,00 | ||
B.2.1.2.4. | Бетонски работи и армирачко- бетонски работи | ||||
2.1.2.4.1. | Оплатирање и бетонирање na армирано бетонски ѕидови 52,0 м до 2,40 висина според цртеж | м3 | 58,00 |
3 Рокот на изведување на работите да биде изразен во работни денови
2.1.2.4.2. | Набавка транспорт и монтажа на арматура РА 400/500 во потпорниот аб. Зид според деталот во цртежите -190Ø10 -560Ø12 -125Ø14 -50Ø20 -260Ø8 | Кг. | 11.897,00 | ||
B.2.1.2.5. | Дополнителни работи | ||||
2.1.2.5.1 | Набавка транспорт и монтажа на бехатон елементи со димензи 20х10х8 со камена ситнеж д=5см | м2 | 1,00 | ||
2.1.2.5.2 | Набавка транспорт и монтажа на риголи со ширина 25см поставени по целата линија по поставување на бехатонките | м | 1,00 | ||
ВКУПНО без ДДВ Реконструкција на пат Ростуше | |||||
ДДВ 18% Реконструкција на пат Ростуше | |||||
СЕ ВКУПНО Реконструкција на пат Ростуше |
ПРЕДМЕР ПРЕСМЕТКА– поставување на заштита мрежа и ограда на пат Велебрдо - Требиште | |||||
B.2.2.2.1. | Подготвителни работи | Ед.мерка | Количина | ||
2.2.2.1.1 | Расчистување, обележување и осигурување на локацијата ≈150м должина | м | 150,00 | ||
2.2.2.1.2 | Рачен ископ на темели за банкини(еластича ограда 30х30х20см) и носење на материјалот со колички за насип и др. | м | 150,00 | ||
B.2.2.2.2. | Дополнителни работи | ||||
2.2.2.2.1. | Стабилизација на карпата од одронување и заштита од ерозија со помош на жичана мрежа d=3mm и окце 8-10цм | м2 | 2.000,00 | ||
2.2.2.2.2. | Врзивен материјал за прицврстување на жичаната мрежа од C-прстени и жица за врзување поставени на 1-1,5m меѓусебно растојание | Парче | 45,00 | ||
2.2.2.2.3. | Санација на дупки на постоечкиот пат со отворање во шлицеви на истите со набивање на постелицата, загревање на битулит по споевите на | Паушал | 1,00 | ||
2.2.2.2.4. | Обележување (хоризонтална сигнализација) на пристапниот пат со еколошка боја отпорна на атмосферски влијанија според сообраќаен проект | Паушал | 1,00 |
B.2.2.2.3. | Браварски работи | ||||
2.2.2.3.1. | Набавка, транспорт и монтажа на еластична ограда според детал ''A'' | м | 150,00 | ||
B.2.2.2.1. | Бетонски работи | ||||
2.2.2.3.1. | Вградување на бетон (МБ30) под столбовите на еластична ограда со конструктивна арматура Ø8-Ø10 | м3 | 5,00 | ||
ВКУПНО без ДДВ пат с.Велебрдо-с.Требиште | |||||
ДДВ 18% пат с.Велебрдо-с.Требиште | |||||
СЕ ВКУПНО пат с.Велебрдо-с.Требиште |
ВКУПНО за ДЕЛ 2 (без ДДВ) | |||
ДДВ 18% (за дел 2) | |||
ВКУПНО СО ДДВ (за дел 2) |
Начин и рок на плаќање за Дел 2 Рок на изведување4 на работите за Дел 2 Гарантен рок за Дел 2
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
4 Рокот на изведување на работите да биде изразен во работни денови