ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ШТО КОРИСТАТ ПРЕМИЈА
Број на огласот 3/2019
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорен орган: Министерство за економија |
I.1.2) Адреса на договорниот орган: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 |
Град: Скопје Поштенски код:1000 |
I.1.3) Контакт: Xxxxxxx Xxxxx Телефон: x000 0 00 00 000 |
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Економија и финансии |
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
II.1. Назив на предметот на договорот: договор за обезбедување на услуга за купување на електрична енергија произведена од повластени производители на електрична енергија што користат премија II.2. Вид на договорот: обезбедување на услуга II.3 Подетален опис на предметот на договорот: даден во техничката спецификација која е составен дел од тендерската документација II.4 Подетални информации за електронската аукција Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка и која се спроведува по првичната целосна евалуација на понудите, во која е утврдено дека има најмалку две прифатливи понуди. Предмет на електронската аукција е рабатот изразен во процент кој претставува однос помеѓу цената по која купувачот во краен случај ќе ја купува електричната енергија произведена од повластен производител кој користи премија и референтната цена, која претставува часовната цена објавена на HUPX за часовите во кои имало испорака на електрична енергија од повластен производител кој користи премија во пресметковниот период во кој е извршена купопродажбата на електрична енергија. II.5 Времетраење на договорот: Период во години: 5 години |
ДЕЛ III: ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
III. 1. Рок за поднесување на понудата Датум: 25.09.2019 година до 10:00 часот по локално време |
III.2. Адреса на поднесување на понудата Ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15 III.1.2) Адреса на договорниот орган: ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15 |
Град: Скопје Поштенски код: 1000 |
III.3. Xxxxx на кој мора да биде напишана понудата: ☒Македонски ☐Англиски ☐Друг |
ДЕЛ IV: ПОСТАПКА
IV.1) Вид на постапка: Отворена постапка IV.2) Критериум за избор на најповолна понуда: Економски најповолна понуда врз основа на цена, односно најнизок понуден рабат изразен во процент IV.3) Електронска постапка? Не IV.4) Електронска аукција: Да |
ДЕЛ V: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Гаранциja на понудата V.1.1) Гаранција на понудата: Да, во висина од 50.000 евра во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на објавување на огласот, со важност од најмалку 14 дена по истекот на важноста на понудата, V.1.2) Учество на домашно и странско правно лице во постапката: Да V.1.3) Здружување во група на економски оператори заради заедничко учество во оваа постапка: Не V.1.4) Основање и упис во Централен Регистер на Република Северна Македонија на трговско друштво во случај кога економскиот оператор којшто е странско правно лице и/или кога групата на понудувачи се избрани за најповолен понудувач: Да |
ДЕЛ VI: УСЛОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
VI.1. Лична состојба
Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за обезбедување на услуга за купување на електрична енергија произведена од повластени производители на електрична енергија што користат премија секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност,
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган, и
- доколку до крајниот рок за поднесување на понудите е на листата на издадени негативни референци.
За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност | |
VI.2. Способност за вршење на професионална дејност За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави: - Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста снабдување и/или трговија со електрична енергија во Централниот регистар на РСМ, - Лиценца за вршење на енергетската дејност снабдување и/или трговија со електрична енергија, или решение за упис во Регистарот на странски трговци и снабдувачи со електрична енергија и природен гас кои што можат да вршат енергетска дејност во Република Македонија, издадено во согласност со член 40 од Законот за енергетика. | |
VI.3. Економска и финансиска состојба | |
Докази за утврдување на способноста: Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на Извештај од биланс на состојба и податоци од биланс на успех согласно Закон за јавните набавки издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија или друг документ издаден од надлежен орган во државата во која е регистриран економскиот оператор кој ја дава поддршката Ако економскиот оператор користи способност од друг субјект за докажување на финанскиот услов, економскиот оператор и субјектот кој ја дава поддршката преземаат солидарна одговорност за извршување на договорот. | Минимални услови: За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор во последните три години (2016, 2017 и 2018) кумулативно да има вкупен приход од најмалку 300.000.000 денари од вршење на енергетска дејност. Просечниот годишен приход за економскиот оператор кој постои помалку од три години треба да изнесува 100.000.000 денари. |
VI.3. Техничка и професионална способност Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на: - Решение за упис во Регистарот на учесници на пазарот издадено од операторот на пазарот на електрична енергија, - Потврда дека не му била изречена опомена пред суспензија или одлука за суспензија од учество на пазарот на електрична енергија издадена од операторот на пазарот на електрична енергија, - Изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност заверена на нотар за вкупната количина на тргувана електрична енергија во последните три години (2016, 2017 и 2018). | За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: - Да биде учесник на пазарот на електрична енергија на големо во Република Северна Македонија, - Во последните три години, сметано од денот на поднесување на понудата, да не му била изречена опомена пред суспензија или одлука за суспензија од учество на пазарот на електрична енергија согласно Правилата за пазар на електрична енергија, - Во последните три години (2016, 2017 и |
2018) кумулативно вкупната количина на тргувана електрична енергија да изнесува најмалку 100 GWh. Просечната годишна тргувана количина на електрична енергија за економскиот оператор кој постои помалку од три години треба да изнесува 30 GWh. |
ДЕЛ VII: КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Критериум за избор на најповолна понуда: Економски најповолна понуда врз основа на цена Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на цената. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најнизок понуден рабат изразен во процент кој претставува однос помеѓу цената по која купувачот во краен случај ќе ја купува електричната енергија произведена од повластен производител кој користи премија и референтната цена |
ДЕЛ VIII: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
VIII.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи: Секој заинтересиран економски оператор може да подигне тендерска документација по претходно доставено електронско барање до контакт лицето: Xxxxxxx Xxxxx, е-пошта: xxxxxxx.xxxxx@xxxxxxx.xxx.xx Кон барањето задолжително во прилог треба да се достави овластување за лицето кое ја бара тендерската документација со задолжителни контакт податоци, телефон и адреса за е-пошта. Тендерската документација се испраќа по е-пошта на адресите за е-пошта наведени во овластувањето. Министерството за економија испраќа циркуларна електронска порака до адресите за е-пошта на снабдувачите и трговците со електрична енергија кои имаат важечки лиценци за снабдување или трговија со електрична енергија издадени од Регулаторната комисија за енергетика или се запишани во Регистарот на странски трговци и снабдувачи со електрична енергија и природен гас кои што можат да вршат енергетска дејност во Република Македонија, со која ги известува за можноста за добивање на тендерската документација. VIII.2) Услови за доставување на понудите VIII.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 25.09.2019, во 10:00 часот по локално време VIII.2.2) Краен рок за поставување прашања: (8 дена пред завршување на тендерот) 17.09.2019 VIII.2.3) Краен рок за одговор на прашања: 19.09.2019 VIII.3) Период на важност на понудата: 90 денови VIII.4) Услови за отворање на понудите: Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 25.09.2019 во 10:00 часот по локално време Место: Министерство за економија, ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15, Скопје. VIII.5) Датум на објава: 28.08.2019 |
ДЕЛ IX: ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
IX.1) НАДЛЕЖЕН ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА
IХ.1.1) Име на органот: Државна комисија за жалби по јавни набавки |
IХ.1.2) Адреса на органот: Бул. Илинден бр. 63 А |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
IX.1.3) Контакт: Xxxxxx Xxxxxxx Телефон: x000 (0) 0 0000 000 x000 (0) 0 0000 000 |
Е-пошта: xxxxx@xx.xxx.xx, xxxxxx.xxxxxxx@xx.xxx.xx Факс: x000 (0)0 0000 000 |
ХI.2) Право на жалба
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки применети на оваа тендерска постапка, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договорот, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на понудите се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
ДОДАТОК А Останати адреси и контакти
I. Адреса и контакт каде што може да се добијат дополнителни информации :
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxxxx Xxxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
Факс: | ||
II. Адреса и контакт каде што се достапни дополнувањата/измените на тендерската документација :
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: ул. Xxxxx Xxxxxxx, бр.15 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxxxx Xxxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
Факс: | ||
III. Адреса и контакт за доставување на понуда:
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Град: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxxxx Xxxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
Факс: | ||