ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 10052/2019
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Шуто Оризари
I.1.2) Адреса: Xxxx Xxxxx Xxxxx бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxxx Xxxxxxxxxxxx , адреса на е-пошта: xxxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx
телефон/факс: 00-0000-000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Изградба на канализациони и водоводни системи-Изградба на водоводни и канализациони системи- Изградба на фекална канализација во с.Горно Оризари, крак-3 заклучно со крак-13 Општина Шуто Оризари.
II.1.1) Објавување на проценета вредност Не
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: На територија на град Скопје согласно барањата во техничката спецификација
II.3) Секторски договор Не
II.4) Централно тело Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Даден во тендерска документација
II.7) Заеднички поимник за јавни набавки Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
45232410-9 | Работи во врска со канализациски системи |
45232151-5 | Градежни работи за реновирање на водоводни мрежи |
II.8) Делива набавка Не
II.9) Рамковна спогодба: Не
II.10) Алтернативни понуди Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
или 365 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најдобар однос меѓу цена и квалитет
Елементи | Бодови |
Цена | 90 |
КВАЛИТЕТ | 10 |
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Електронска аукција Не
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за сериозност: Да
IV.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [5.00 %]
IV.1.3) Авансно плаќање: Да
IV.1.4) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.1.5) Резервирани договори Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи
- изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор
- Документ за регистрирана дејност: -Потврда за Регистрирана дејност издадена од Централен Регистар на РСМ -Лиценца (Б) за изведувач за изведување на градби втора (II) категорија издадена од надлежниот орган
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор
- Извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации: -Минимални приходи од 15.000.000,00 денари за секоја година поединечно во последните три години (2016,2017 и 2018 година)
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор
- со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не: -Минимум 30 (триесет) вработени. Клучниот персонал за изведување на работите мора да ги задоволи следните минимални барања (со назначени објекти) -Градежен инженер
-2- ца извршители, дипл. Градежени инженери, од кои еден со насока хидротехника, Градежните инженери да се со Овластување Б за инженер за изведба од градежништво, треба да имаат најмалку 5 години работно искуство и искуство на слични проекти -Геодетски инженер - дипл. геодетски инженер со Овластување Б за инженер за изведба од геодезија, треба да има најмалку 3 години работно искуство и искуство на слични проекти -Инженер за безбедност при работа - инженер за безбедност при работа треба да има најмалку 5 години работно искуство и искуство на слични проекти -Градежен техничар -2 извршители со ССС. -Ракувач со градежна механизација(багер или ровокопач) - минимум 4 извршители -Ракувач со градежна механизација (Ваљак) - минимум 2 извршители - Ракувач со Автодигалка - минимум 1 извршител
- со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда:
• За Градежен инженер да се достави Копија од Диплома и копија од Овластување издадено од соодветен надлежен орган во државата согласно со важечкиот Закон за градење (Сл. Весник на РМ бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14), Xxxxxx за кандидатот • За Геодетски инженер да се достави Копија од Диплома и копија од Овластување издадено од соодветен надлежен орган во државата согласно со важечкиот Закон за градење (Сл. Весник на РМ бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14) Резиме за кандидатот • За Инженер за безбедност при работа да се достави Копија од Диплома и копија од Уверение за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа издадено од соодветен надлежен орган во државата и Резиме за кандидатот • За Градежен техничар да се достави Копија од диплома за завршено образование (ССС) и Резиме за кандидатот • За Ракувач со градежна механизација и автодигалка да се достави Копија од диплома за завршено соодветно образование или уверение за стручна оспособеност
- со изјава за просечниот годишен број на вработени кај давателот на услуги или изведувач на работи и за бројот на неговиот раководен кадар во последните три години: • Листа на вработени издадена од Агенција за вработување, не постара од 15 дена, сметајќи од крајниот рок за доставување на понуди наназад
- со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот: -Асфалтна база со вкупен капацитет на производство минимум од 120 тони/час. -Ваљаци (еден со гумени и два со челични ваљци ); -Два багери над 17тони -Транспортни средства со минимална носивост од 17тони, најмалку две; -Специјално товарно возило, со кран. -Вибро жаби за тапкање наземјата во ровот ( потребен минимум 2 ) -Машина за сечење асфалт ( потребен минимум 1 ) -Интерна лабораторија за тестирање на квалитет или потпишан договор со надворешен соработник кој поседува таква лабораторија -Опрема за разупирање на ровови-подградување на рововите
- со листа на работи извршени во последните пет години, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи. Со цел да се обезбеди соодветно ниво на конкуренција, договорниот орган може, доколку е тоа неопходно, да ги земе предвид доказите за изведени работи пред повеќе од пет години, што го
наведува во тендерската документација: -•Економскиот оператор да има реализирано најмалку 5(пет) Договори со слична природа како и предметот на набавката во последните пет (5) години од кои најмалку еден со минимална вредност од 7.000.000,00 денари
IV.2.5) Стандарди
- Стандарди за системи за квалитет: ISO 9001 : 2015
- Стандарди за управување со животна средина: ISO 14001 : 2015
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите/планови да се достават најдоцна до: 31.10.2019 година во 10:30 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 25.10.2019 година во 15:30 часот
V.2.3) Краен рок за одговор на прашања 27.10.2019 година во 15:30 часот
V.3) Период на важност на понудата: 90 дена
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
31.10.2019 година во 10:30 часот , место: Во просториите на Општина Шуто Оризари Скопје
V.5) Дополнителни информации
V.6) Датум на објава: 16.10.2019 година
ДЕЛ VI: ДОКУМЕНТИ
ДЕЛ VII: ПОНИШТУВАЊА ДЕЛ VIII: ПРИЛОЗИ
ДЕЛ IX: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР / ЕВИДЕНЦИИ
Известувања за склучен договор Известувања за измена за склучен договор: