Contract
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО МОНТАЖА
УСЛОВИ
Член 1
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Предмет на осигурување по овие Услови се следните објекти во монтажа:
1. метални конструкции со машинска и електро опрема или без неа,
2. машините,машинската и електро опремата,инсталации и апарати како и постољата и темелите, ако е нивниата вредност содржана во вредност на објектот во монтажа,
3. монтажната опрема и помошните објекти, кои се опфатени во пресметковната врдност на објектите во монтажа и служат за монтажа (скелиња,помошни згради,брани,дрвени или ѕидани складишта,работилници,мензи) освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите односно осигуреникот.
(2) Ако посебно се договори и ако се пресмета посебна премија,со осигурувањето може да се опфатат и:
1. веќе постоечките објекти на кои се обавуваат монтажи,поправки,ремонти,санации и сл.,
2. помошен материјал и алат во употреба за изведување на монтажа,
3. монтажна опрема и помошните објекти кои служат за монтажа и кои воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во монтажа,
4. стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода,ствари на нив за време на монтажата на вода или на крајбрежјето,
5. ствари на работниците,
(3) По овие Услови не се предмет на осигурување:
1. нестационирани (неусидрени) пловни возила (чамци, сплавови, понтони, влекачи) и ствари на нив,моторни возила и приколки на суво,самоодни машини,воздушни летала,
2. ствари во превоз вон местото на монтажата,
3. пари и вредносни хартии,техничка документација,вклучувајки ја и книгата за монтажа,
4. основни и обртни средства на изведувачот на работите кои не служат за самото изведување на монтажата,потоа инвентар во канцелариите,работничките мензи и работничките станови,алат и
потрошен материјал на работничките мензи и станови како и други ствари кои не служат за непосредна монтажа или работа на осигурениот објект во монтажа.
(4) Не можат да се осигураат објекти во мотажа на кои не е вработен потребен број на квалификувана стручна работна сила и со чија монтажа и работите не раководат и не ги надгледуваат стручњаци со потребни стручни квалификации.
(5) Осигурувањето не ги покрива штетите ако се пријавуваат на крајот на монтажата како список на недостатоци и штетите без можност да се утврди нивната причина и времето на нивното настанување.
(6) Осигурани се само стварите кои се наведени во полисата.
Член 2
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
(1) Осигурувачот е должен да исплати надомест во случај на штета предизвикана со уништување,оштетување или исчезнување на осигурените ствари поради следниве основни опасности:
1. пожар и удар на гром,експлозија,луња,град,манифестација и демонстрација,излевање на вода,мраз,мраз и снег,снежна лавина,одронување на земјиште,слегнување на тло, лизгање на тло,
2. удар на моторно возило , приколица, работна машина, паѓање на осигурани ствари , удар или паѓање на други предмети на и во осигураната ствар,
3. монтажна незгода,
4. неспратност,невнимание или лиша намера на работникот или некое друго лице,
5. провална и обична кражба.
(2) Ако посебно се договори и пресмета дополнителна премија,осигурувачот е должен да исплати надомест на штета поради една или повеќе дополнителни опасности, според тоа како ќе се договори, и тоа:
1. поплава и порој, висока вода и подземна вода,
2. одговорност од дејност на изведувачот на монтажните работи ,
3. договорна одговорност на изведувачот на монтажните работи во гарантниот рок,
3-А. Осигурување на имоти од опасности од земјотрес.
4. осигурани се само оние опасности кои се наведени во полисата и за кои е пресметана дополнителна премија.
(3) Осигурувачот е должен да исплати надомест во случај на штета на градежен дел кој се гради исклучиво за потребите на објектот во
монтажа, а неговата вредност во целина е опфатена во пресметковната сума на објектот во монтажа.
(4) Осигурувачот е исто така должен да исплати:
1. надомест во случај на штета од уништување на осигурените ствари настанати при гаснење на пожар , рушење или однесување , укажување на помош или спасување,
2. надомест во случај на штета поради изгубување на осигурените ствари при настанување на осигуран случај,
3. трошоци за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигуран случај на осигурените предмети во согласност со овие Услови,
4. трошоците кои што осигуреникот ги имал со настанување на осигураниот случај поради мерките за отстранување и смалување на штетата во согласност со овие Услови.
(5) Осигурувачот не е во обврска да надомести:
1. штета врз основа на договорена казна,
2. посредно предизвикана штета со настанување на осигурениот случај: изгубување на зградата, денгуба, губитокот поради прекин на работа и слично,
3. штета за која по законските прописи или по договорот одговара производителот, односно испорачателот на стваритепоради грешка во материјалиот, конструкцијата, лиењето (производна грешка), осигурувачот ќе ја надомести штетата на осигуреникот, односно на договорувачот на осигурувањето , а потоа ќе ја рефундира од испорачателот на стварите.
Член 3
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОЖАР И УДАР НА ГРОМ
(1) Под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган настанат вон одредено огниште или оган кој ова место го напуштил и е способен и натаму да се развива со својата сопствена сила.
(2) Со осигурувањето од пожар опфатен е и ризикот самозапалување на залихи,доколку усклуадиштувањето е извршено според прописите.
(3) Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е должен да исплати надомест, доколку осигурената ствар е уништена или оштетена:
1. поради излагање на корисен оган или топлина заради обработка или во други цели ( на пример:во преработка, при сушење,пржење,печење и сл.),или поради паѓање или фрлање во огниште (печка и сл.),
2. поради осмадување,опрлување или прегорување од цигара, апарати за осветлување,искри и сл.,
3. поради вриење или загревање, варење,димење и сл.
(4) Со осигурувањето од опасност од пожар не се опфатени штетите на оџаците кои настанале во врска со нивната функција.
(5) Осигурувањето од удар на гром во смисла на овие Услови, ги покрива штетите кои на осигурените ствари ги предизвикал гром со делување на сила или топлина, како и штетите од удар на предмети соборени од громот.
Член 4
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА
(1) Под експлозија,во смисла на овие Услови, се смета ненадејно манифестирање на сила заснована на тежнение на пареа или гасови да се прошират.
Експлозија на садови под притосок (котели,цевки и сл.) постои само кога ѕидовите на садот се во толкава мерка издупчени да настанува моментално изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок. Ако во внатрешноста на садот настанала експлозија поради хемиско претворање,штетата која од тоа ќе настане на садот е покриена со осигурување и тогаш кога зидовите на садот не се издупчени.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1. штетите на стварите на осигуреникот предизвикани со минирања кои се обавуваат во рамките на неговата дејност или во рамиките на дозволената дејност на трети лица,
2. штетите на машините предизвикани со експлозија во просторот за внатрешно согорување (цилиндер на мотор),
3. штетите од експлозија кои се нормална појава во процесот на производството,
4. штетите од експлозивно издувување од печките и сличните апарти,
5. штетите од експлозија од биолошки карактер,
6. штети поради пробивање на звучниот ѕид,
7. штетите од експлозија на садовите под притисок од став (1) алинеја 2 од овој член поради дотраеност,истрошеност или прекумерни наслаги на рѓа, бигор,талог,тиња на осигурената ствар,но не се надоместуваат штетите на останатите ствари во врска со настанатата експлозија.
Член 5
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛУЊА
(1) Под луња,во смисла на овие Услови се смета ветер со брзина од 17.2 м/сек.,односно 62 км.на час (силина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во пределот каде се наоѓа осигурената ствар, ако ветерот кршел гранки и стегбла или оштетил редовно одржувани објекти.Во случај на сомневање осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
(2) Штетите од луња се опфатени со осигурување ако се предизвикани механички оштетувања на осигурената ствар:
1. со непосредно делување на луњата,
2. со директен удар на предмети соборени или носени од луњата,
(3) Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
1. од продирање на дожд, град,снег или други наноси низ отворен прозор или други отвори кои постојат на зградата, освен ако отворите настанале од луњата, како и штети од дожд и други врнежи на стварите сместени на слободен простор,
2. од нанос на снег од олуја или од тежина на снег, освен ако не биле непредвидени атмосверски вренжи.
Член 6
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ГРАД
Со осигурувањето се опфатени штети од уништување односно оштетување на осигурените ствари кои ги предизвикал градот со својот удар.Опфатени се и штети од продирање на град и дожд, низ отвори настанати од паѓање на градот.
Член 7
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИ ОД ПАЃАЊЕ НА ВОЗДУШНИ ЛЕТАЛА
(1) Паѓање на воздушни летала, во смисла на овие Услови, се смета паѓање на летала од било која врста или нивни делови на осигурените ствари и ако истите се оштетени или уништени.
(2) Се смета дека настанал осигурен случај од паѓање на воздушни летала ако од непосредниот удар на леталата или неговите делови како и предмети од леталата,осигурените ствари се оштетени или уништени.
Член 8
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД МАИНФЕСТАЦИЈА И ДЕМОНСТРАЦИЈА
(1) Манифестација и демоснтрација во смисла на овие Услови се смета организирано или спонтано јавно покажување на нерасположение на група граѓани, освен манифестации и демонстрации, како последица на воени дејствија, воени операции, тероризам и бунтови.
(2) Се смета дека настанал осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурената ствар е уништена или оштетена од било кој начин на делување на манифестантите односно демонстрантите (рушење,демолирање,кршење,палење и др.)
Член 9
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА
(1) Излевање на вода во смисла на овие Услови се смета:
1. излевање на вода од водоводни цевки и уреди за греење на зградите со топла вода и уреди за парно греење и други уреди и апарати поради оштетување (кршење,прскање или дефект на уредите за управување и сигурност) на тие цевки,уреди и апарати,
2. излевање на вода од атмосферска и фекална инсталација (канализации) поради силен пороен дожд од над 15 лит.(или 15мм) воден талог на 1м2 за еден час.Количината на дожд мора да се докаже со извештај од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
3. избивање на пареа од цевки и уреди за топла вода и парно греење поради оштетување (кршење,прскање или дефект на уредите за управување и сигурност ) на тие цевки и уреди
(2) Со осигурување не се опфатени штети:
1. од излевање на вода од отворени славини,олуци и олучни цевки,
2. поради прскање или кршење на цевките и уредите под дејство на мраз, кој делувал во смисол на став (2), член 9 од овие Услови,кај овој случај со осигурување не е покриена штетата на самите цевки и уреди,
3. поради дотраеност, истрошеност и корозија,
4. губиток на вода и изгубена добивка,
5. поради лошо одржување на водоводните и одводни (канализациони) цевки и уреди за греење со топла вода, уреди и апарати во објектот кој ги изведува осигуреникот, како и немарна или недоволна заштита од смрзнување, запушување и слични причини настанати на споменатата инсталација и уреди на овие објекти.
Член 10
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ НА ТЛО
(1) Под лизгање на тло,во смисла на овие Услови, се сметаат ненадејни движења на површината на земјата на косите терени со јасни манифестации на кршење на површините на тлото и одронувањата кои, со појавата на јаките деформации и широките пукнатини на градежните објекти, настапуваат во кратки временски периоди.
(2) Со осигурување од лизгање не се опфатени :
1. штетите од лизгање на тлото, до колку не биле преземени сите потребни мерки за заштита кои се познати во градежната техничка, и/или косините не биле изведени во согласност со проектот и теренските услови,
2. трошоците за санирање на тлото.
(3) Со осигурувањето не се опфатени трошоци за санирање на тлото.
Член 11
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ОДРОНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
(1) Под одронување на земјиштето во смисла на овие Услови, се смета паѓање на земјениот материјал на или во осигурената ствар.
(2) Се смета дека настанал осигурен случај на одронување и тогаш, зако земјениот материјал кој се одронил ја оштетил или ја затрупал осигурената ствар.
(3) Со осигурувањето се опфатени и трошоците за отстранување на одронетиот материјал во ширина од 1 метар од осигурениот објект.
(4) Со осигурувањето не се покриени трошоците за санирање на тлото и затрупување до првобитниот профил на теренот, од кој се одронил земјениот материјал.
Член 12
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД СЛЕГНУВАЊЕ НА ТЛО
(1) Под слегнување на тло,во смисла на овие Услови, се смета вертикално слегнување на тлото под осигурениот монтажен објект, кое настапува како последица на монтажна незгода или геолошко влијание.
(2) Од осигурување се исклучени штетите од слегнување на тлото:
1. ако до слегнување на тлото дошло поради тоа што тлото пред почетокот на монтажата-градењето не било испитано во поглед на неговата носивост, а според прописите било задолжително испитување на носивоста на тлото,
2. до колку до слегнување на тлото дошло поради тоа што тлото било оптоварено повеќе отколку што било предвидено со проектот.
(3) Со осигурувањето не се покриени ниту трошоците за санирање на тлото.
Член 13
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД МРАЗ
(1) Со осигурување од мраз во смисла на овие Услови опфатени се штетите причинети на осигурените ствари со ненадејно делување на мраз, како и штети кои би настанале на градежните работи осветливи на мраз, доколку се преземени соодветни мерки на заштита за работа во зимски услови.
(2) Осигурување од опасност од мраз не ги покрива штетите кои би настанале кај градежните работи осетливи на мраз, кои се изведуваат непосредно пред и во време кога според територијата и временските прилики мора да се очекува смрзнување, односно доколку не се преземени соодветни мерки за заштита при изведување на работите во зимски услови.
Член 14
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД МРАЗ И СНЕГ
(1) Осигурувањето од мраз и снег опфаќа штета кои би биле предизвикани на осигурените ствари со тежина, притисок или удар на мразот и снегот. Со осигурувањето се покриени само оние штети доколку тежината или притисокот на мразот и снегот биле поголеми од вредностите од статичката пресметка, односно од оние предвидени по важечките технички прописи.
(2) Штетите од минирање на мразот и снегот не се опфатени со осигурување.
Член 15
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД СНЕЖНА ЛАВИНА
(1) Под снежна лавина, во смисла на овие Услови, се смета снежна маса во движење која се откинува од планински страни.
(2) Со осигурување се опфатени и штети предизвикани со делување на воздушен притисок создаден од снежна лавина.
Член 16
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД НЕПРЕДВИДЕНИ АТМОСВЕРСКИ ВРНЕЖИ
(1) Неочекувани атмосверски врнежи, во смисла на овие Услови ,се сметаат дожд и снег, како што со својата механичка сила на дејствување, или со
својата тежина предизикува штета на градежниот објект што е во изградба.
(2) Неочекуван дожд се смета ако врз објектот во градба во време од еден час падне најмалку 15 милиметри, односно 15 литри дожд на квадратен метар.
Во случај на сомнеж, осигуреникот мора да ја докаже количината на дожд со извештај од најбилиската хидрометеоролошка станица.
(3) Неочекуван снег се смета ониј,ако при едно паѓање неговата тежина по м2 е најмалку 150 кгр. И оној што паѓа од 15 Март до 15 Ноември во календарската година и ако неговата дебелина изнесува најмалку 20 См.
Во случај на сомнеж осигуреникот мора да ја докаже неговата тежина и xxxxxxxx.
(4) Со осигурување не се покриени штети:
1. ако дождот или снегот навлезе низ незаштитени отвори на објектот.
2. На градежниот,занаетчискиот,инсталацискиот материјал, како и на механичката опрема што е наменета за вградување во осигурениот објект што се наоѓа на отворен незаштитен простор.
Обем на опасност од удар на моторно возило,приколица,работна машина,паѓање на осигурените ствар,удирање или паѓање на други предмети на ( или во ) осигурената ствар .
Член 17
(1) Со осигурување се покриени штети од удар на моторно возило.приколица,работна машина, паѓање на осигурената ствар, удар или паѓање на друг предмет на ( или во ) осигурената ствар.
Член 18
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД МОНТАЖНА НЕЗГОДА
(1) Под монтажна незгода, во смисла на овие Услови, се смета непредвиден, од волјата на изведувачот на работите независен настан, кој делува брзо и има како последица уништување или оштетување на осигурените ствари поради:
1. грешка во изведувањето на работите,
2. деформација и кршење на опремата за изведување на монтажата,
3. пренос или превоз на подрачјето на местото каде се изведува монтажата,
4. грешка во техничко-пресметковните оснивИ,пресметката и израбботката на нацртите,
5. грешки направени во работилница,
6. грешки во конструкцијата,
7. грешки во материјалот,конструкција и лиење,
8. паѓање,удар на предмет или удар на моторно возило и работна машина.
9. незгода за време на пробно оптоварување или пробен погон.
(2) Монтажната незгода се смета за непредвидена доколку изведувачот на работите, со оглед на техничкото знаење и можностите на техниката не можел ниту бил должен да ја предвиди.
(3) Не се надоместуваат трошоците за отстранување на самите причини на штетата поради грешките во техничко-пресметковните основи,пресметката,конструкцијата,материјалот и лиењето како и изведувањето на монтажата.
(4) Ако се покаже дека одредена и правилно извршена техничко- пресметковна анализа и конструкција и/или избраниот исправен материјал не одговара на барањата на погонот,па поради тоа дојде до предвремено истрошување,нема да се надомести таа штета, но ќе се надомести посредната штета на другите осигурени ствари од уништување,или оштетување која со тоа би била предизвикана.
(5) Под пробно оптоварување, или пробен погон,во смисла на овие Услови,се смета ставање на машини или уреди во погон по завршената монтажа заради техничкото испитување на правилноста на монтажата и работата.
(6) Нема да се смета дека настапила осигурената непредвидена монтажна незгода,ако монтажниот објект е изведен:
1. спротивно на договорот за монтажа и со недостатоци,
2. со употреба на слаб или непрекладен материјал,
3. со кршење на општо признатите правила на техниката,техничките прописи,упатства,нормативи,стандарди или одредби на техничката инспекција.
4. со пропуштање на преземање на потребните мерки против нормалните влијанија на временските прилики за кои морало да се смета според годишното време и месните прилики,
5. со примена на проектирање и постапка во изведување на работите, конструкција или материјал кои не ги испробала или испитала и одобрила некоја овластена организација или техничката инспекција.
(7) Доколку во текот на работите на монтажата на осигурениот објект или по завршните работи осигуреникот дознае дека дошло до отстранување на некоја прекријена или видлива грешка во техничко-претсметковните основи, пресметката, конструкцијата или матерјалот, која би можела да предизвика оштетување или уништување на осигурениот објект , осигуреникот е должен на своја сметка да спроведе санација или да ги обнови деловите на објектот на кој би можело да дојде до
оштетување.Ако осигуреникот не ја направи потребната санација или обнова, во смисла на одредбите на овој став, а осигурената опасност се оствари, како последица на грешките, осигуреникот го губи правото на надомест од осигурувачот.
Член 19
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД НЕСПРЕТНОСТ,НЕВНИМАНИЕ ИЛИ ЛОША НАМЕРА НА РАБОТНИК ИЛИ НЕКОЕ ДРУГО ЛИЦЕ
Со осигурувањето се опфатени штетите од неспретност, невнимание или лоша намера на работник или некое друго лице.Неспретност или невнимание, во смисла на овие Услови, се остварил само доколку осигуреникот комисиски за секој штетен настан утврди дека настанал со несоодветни постапки на некој работник или група работници.
Штетите предизвикани со лоша намера, осигуреникот е должен да ги пријави на органот на МВР.
Член 20
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА
(1) Обемот на опасност од провална кражба се определува според Условите за осигурување од опасност од провална кражба и разбојништво ако не се во спротивност со овие Услови.
(2) Осигурувањето ги покрива штетите од провална кражба на невграден монтажен, занаетчиски, инсталационен материјал и опрема која е наменета за вградување во осигурениот објект во монтажа, под услов невградениот монтажен, занаетчиски, инсталационен материјал и опрема да се наоѓаат во заклучени прирачни складишта и магацини и постојано да ги чува чувар.
(3) Ако изведувачот на работите не ги исполнува условите од став (2) на овој член, тогаш просторот каде е складиран горе споменатиот материјал и опрема, треба да е ограден со добро одржувана ограда во висина од 2м и да постои постојан чувар.
(4) Доколку при остварвување на осигурен случај се утврди дека осигуреникот не исполнува еден од наведените услови од став (2) и (3) од овој член осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата.
(5) Осигурувањето ги покрива и штетите од провална кражба на материјали и опрема кои веќе се монтирани во објектот во монтажа, под услов просториите каде материјалите и опремата кои веќе се вградени,да се заклучени и да постои постојан чувар.Доколку при остварување на осигурен случај се утврди дека не постоел постојан чувар, или дека
просториите не биле заклучени, осигурувачот не е во бврска да ја надомести штетата.
(6) Обична кражба не е предмет на осигурување по овие услови.
Член 21
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВА И ПОРОЈ
(1) Под поплава во смисла на овие Услови се смета стихијно и неочекувано поплавување на теренот од постојани води (реки,езера, мориња и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или го пробила одбранбениот насип или браната, излевање на водата поради вонредно висока плима и бранови со невообичаена сила на море или езеро, и од надоаѓање на вода од вештачки езера. Под поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло создавање на големо количество водена маса која настапува како последица на провала на облаци.
(2) Под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на теренот со водена маса која се создава на низбрдните терени поради силни атмосферски врнежи и се слива по улиците и патиштата.
(3) со осигурувањето се опфатени само штетите предизвикани на осигурените предмети за време додека поплавата или поројот трае и непосредно по повлекување на водата.
(4) Со осигурувањето не се опфатени:
1. штети од водната страна на цевководите и хидромонтажната опрема (под внатрешна страна за смета онаа која е во допир со водата која тече низ овие објекти) предизвикани со механичко делување на водата,
2. штетите од слегнување на тлото како последица на поплавата или поројот,
3. штетите од поплавување на водата излеана од канализационата мрежа, освен ако до излевањето дошло поради поплавата или поројот.
Член 22
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ВИСОКА ВОДА
(1) Под висока вода, во смисла на овие Услови, се смета исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот и во неочекувано време.
(2) Обврската на осигурувачот за штетите од висока вода започнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот (или протоци) измерени на местото на монтажата според најблиску поставениот покажувач на водостојот.
(3) При склучување на осигурувањето потребно е претходно на градилиштето, во смисла на став (2) од овој член, да се утврди од која височина на водата настанува обврската на осигурувачот.Оваа граница за секој месец во годината се наведува во полисата.
Член 23
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОДЗЕМНА ВОДА
(1) Под подземна вода, во смисла на овие Услови, се смета неочекуван продор на вода во градежната јама,односно објектот во монтажа,
(2) Обврската на осигурувачот за штета од подземна вода престанува:
1. доколку при монтажата на објектот во непосредна близина на постојните води претходно не се спроведени соодветни технички мерки на заштита,
2. доколку при изведување на монтажата во тунели, ровови и сличните земјени работи,нема доволен број на припремни исправни водни пумпи за црпење на подземната вода,кој доток на вода според податоците од претходното хидрогеолошко испитување на теренот, односно според стручните претпоставки во проектот се сметал како очекуван.
Член 24
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ НА ДОГОВОРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ НА РАБОТИТЕ ВО ГАРАНТЕН РОК
(1) Осигурувањето, во смисла на овие Услови ги покрива штетите на веќе завршениот објект во време на неговото одржување, односно гаранција, а кои настанале:
1. поради работите и активностите на изведувачот на работите (осигуреникот), кои произлегуваат од договорот за одржување помеѓу инвеститорот и изведувачот на работите,
2. во време на гаранцијата, кои имаат своја непосредна причина од времето на градење на објектот, а настанале поради покасно реализирање на ризиците наведен во член 15 и 16 од овие Услови,
3. предвременото предавање на објектот на инвеститорот,
(2) Висината на надоместокот од осигурувањето во случај на оштетување на осигурениот објект, се утврдува според вистинските цени на материјалот и работите во времето на настанување на осигурениот случај, доколку не е поинаку договорено.
Член 25
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД ДЕЈНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ НА МОНТАЖНИТЕ РАБОТИ
(1) Обемот на опасност од одговорност на изведувачот на монтажните работи се утврдува според Условите за осигурување од одговорност, ако не се во спротивност со овие Услови.
(2) До колку е осигурен само дел на објектот кој се монтира ,или само пооделните монтажни и занаетчиски работи,осигурувањето од одговорност не ги покрива, ако не е поинаку договорено,штетите настанати на останатите делови на тој објект во монтажа, или останатите монтажни и занаетчиски работи кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(3) Со осигурувањето од одговорност не се покриени штетите на постоечкиот објект на кој се изведуваат работите (адаптација,доградба,реконструкција и сл.).
(4) Осигурувачот кај осигурувањето од одговорност на изведувачот на монтажни работи е во обврска до сумата на осигурување по настан,која е наведена во полисата.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИ ОД ЗЕМЈОТРЕС |
Член 25-А |
(1) Обемот на штети од земјотрес се определува со посебните услови во врска со осигурување имоти од земјотрес.
(2) Земјотресот мора да биде сеизмогравски регистриран.
Член 26
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНАТА СТВАР
(1) Вредноста на осигурената ствар е секоја времена вистинска цена на работите и материјалот, до колку не е поинаку договорено.Вистинската цена не може да биде поголема од цената на работите и маетријалите од договорот (склучен помеѓу инвеститорот и изведувачот на работите) за монтажа (која може да биде зголемена со договорен процент).
(2) За работите, кои во текот на градбата дополнително се договараат помеѓу инвеститорот и изведувачот на работите (дополнителни работи) осигурената вредност се утврдува според став (1) од овј член, доколку нивната вредност не преминува 10% од вредноста на договорот за осигурување.Ако оваа вредност ја преминува оваа граница од 10% ,
треба да се заклучи дополнителен договор помеѓу осигуреникот и осигурувачот.
(3) Вредноста на осигурената ствар од точка 3, став (1) на член 1 и точките 3,4,5 од став (2) на истиот член од овие Услови, е набавната цена на новата ствар во време на настанување на осигурениот случај намален за вредноста на проценетата истрошеност (амортизација), ако поинаку не е договорено.
Член 27
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето на објектите во монтажа може да го заклучи инвеститорот или изведувачот на работите, односно секој посебно за оној дел за кој има имотен интерес или договорна обврска да го спроведе осигурувањето од опасностите предвидени со договорот.
Член 28
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Место на осигурување е подрачјето каде се обавува монтажата, со приричните складишта на тоа место, кој служат исклучиво з изградба на осигурениот објект во монтажа, ако не е поинаку договорено.
Член 29
УТВРДУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
1. во случај на уништување-според вредностите на осигурените ствари (член 26) во време на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатокот,
2. во случај на оштетување-во висина на трошоците потребни за враќање во состојба пред оштетувањето по цена на материјалот и работите од договорот помеѓу инвеститорот и изведувачот на работите, намалена за вредноста на остатоците. Во трошокот за поправка се пресметуваат и трошоците за демонтажа, превоз и монтажа.
(2) Поголемите трошоци за прекувремена работа, ноќна работа, работа на празници се надоместуваат само тогаш ако тоа е експлицитно договорено.
(3) Не се надоместуваат поголемите трошоци за поправка на работите што не биле предвидени со проектот, како:поголеми трошоци поради измена на начинот на изведување на работите или поради
спорведување на подобрување,проширување или усовршување во однос на состојбата пред настанување на осигурениот случај и поради потребните засилувања во врска со измената на статичките елементи, па ни тогаш кога тие трошоци се предизвикани со настанување на осигурениот случај.
(4) Остатоците на уништените или оштетените ствари остануваат кај осигуреникот и се пресметуваат според вредноста на денот на настанување на осигурениот случај и според состојбата во како биле веднаш по осигурениот случај.
(5) Се смета дека стварта е уништена и штетата се пресметува според став (1), точка 1 од овој член, ако трошоците за поправката ја достигнат вредноста на стварта намалена за вредноста на остатоците на денот на осигурениот случај.
(6) Во секој остварен осигурен случај пресметаниот надоместок се намалува за 10% , ако поинаку не е договорено.
(7) Со осигурување се опфатени само оние штети кои во моментот на монтажната незгода настанале на самиот осигурен објект или во границите на предвидениот и одобрениот проект за тој осигурен објект.Штетите предизвикани надвор од границите на така проектираниот објект не влегуваат во обврска на осигурувачот, доколку не е поинаку договорено.
(8) Со склучување на договор за осигурување на објект во монтажа не се ослободуваат од меѓусебните обврски инвеститориот и изведувачот на работите, што тие ги имаат еден спрема друг, врз основа на договорот за монтажа и врз основа на техничките прописи, упатства,предмети,ценовник на работа и друга документација која претставува составен дел на нивниот меѓусебен договор за монтажа.
(9) Ако стварите се осигурени на прв ризик од опасностите, со чие остварување настане штета, надоместокот ќе се плати во висина на настанатата штета, а најмногу до договорената сума на осигурување на прв ризик.Одредбите за подосигурување во овој случај не се применуваат.
Член 30
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ
(1) На име трошоци за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај, осигурувачот, ако не е поинаку договорено ги надоместува нужните издатоци за расчистување и чистење на оштетената осигурена ствар, а најмногу до 3% од вредноста на осигурената ствар, погодена со штета.Во трошоците за рушење влегуваат нужните трошоци што договорувачот на
осигурувањето ги има по настанувањето на осигурениот случај за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови и нивно носење до најблиското дозволено место за истовар.
(2) Освен трошоците од став 1 на овој член, осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците во врска со настанатиот осигурен случај кои се потребни пред почетокот на отстранување на штетата (техничката документација со претходни испитувања)но најмногу до 1% од вредноста на осигурените ствари погодени со штетата.
(3) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите,како и другите штети предизвикани со разумен обид да се отстрани непосредна опасност од настанување на осигурениот случај, како и обидот да се ограничат неговите штетни последици па и тогаш ако тие обиди останале без успех.
Ако осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување,обврската на осигурувачот ќе се намали за онолку за колку настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(4) Вкупниот надомест на име трошоци од став (1) и (2) од овој член и на име надомест од осигурувањето (член 29) не може да ја надмине сумата на осигурување, односно вредноста на осигурената ствар погодена со штета.Трошоците од став (3) на овој член осигурувачот е должен да ги надомести дури и ако заедно со надоместокот на штетата од осигурениот случај ја надминуваат сумата на осигурување.
Нужните трошоци за отстранување и намалување на штетата направени по налог на осигурувачот се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од осигурувањето (член 29) ја надминуваат сумата на осигурување.
(5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани со отстранување на причината на штетата, ниту трошоците на интервенција на противпожарното друштво или другите организации,чија должност е,според карактерот на работењето, да даваат бесплатна помош кога ќе настане осигурен случај.
Член 31
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1)Обврската на осигурувачот започнува од моментот кога осигурените ствари ќе бидат истоварени на местото за монтажа, но не пред тоа како што е предвидено во Општите услови за осигурување на имоти.
(2)Осигурувањето престанува со истекот на 24 часа од денот кој во полисата е означен како ден на истек на осигурувањето.
Осигурувањето може да се продолжи со тоа што премијата за продолжениот период на осигурување да се пресмета во согласност со одредбите на Xxxxxxxx за осигурување на објектите во монтажа.
(3)Пробното оптоварување, или пробнмиот погон според овие Услови се смета како дел од монтажата и трае најмногу еден месец , а ако трае подолго, се пресметува дополнителна премија во согласност со важачката Тарифа на премии.
Член 32
ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Доколку се договори осигурување на вистинска вредност премијата може да се пресметува на два начина:
• на почетокот на осигурувањето,однапред според утврдената премиска стапка од пресметковната вредност на објектот од договорот за монтажа, во време на склучување на договорот на осигурување.Конечната пресметка на премијата се врши врз основ ана вистинската вредност на објектот (завршна ситуација) и вистинското времетраење на монтажата,
• во зависност како ќе се договори помеѓу договорувачот на осигурувањето и осигуреникот премијата,според утврдената премиска стапка,се пресметува секој месец или квартално ,врз основ на времените ситуации кои изведувачот (осигуреникот) ги доставува за реализација на инвеститорот на објектот во монтажа.Конечната пресметка на премијата се врши врз основа на вистинската вредност на објектот (завршна ситуација)и вистинското времетраење на монтажата.
(2) Ако се договори осигурување на поинаква вредност,премијата се пресметува од оваа вредност според утврдената премиска стапка, а начинот на пресметката на премијата се утврдува во полисата.
(3) Ако се договори осигурување со фиксна сума на осигурување премијата се пресметува од оваа сума според утврдената премиска стапка.
(4) Ако договорувачот на осигурувањето писмено пријави однапред мирување (најмалку за еден месец) на работите на објектот во монтажа, се признава попуст на премијата на осигурувањето од основните ризици и од ризикот одговорност од дејност на изведувачот на монтажните работи.
Член 33
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ВРЗ ОСНОВ НА ДРУГИ ОСИГУРУВАЊА
Ако осигуреникот склучил и некое друго осигурување за стварите осигурени по овие Услови, во случај на настанување на штета надоместокот ќе се исплати врз основ на тие други осигурувања.
Врз основ на осигурувањето на објекти во монтажа надоместокот ќе се исплати само тогаш ако покритието по тие други осигурувања не било доволно, и тоа до износот на непокриениот дел од штетата.
Член 34
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТИ
Ако не се во спротивност со овие Услови, на осигурувањата склучени по овие Услови се применуваат Општите услови за осигурување имоти.