Contract
Д О Г О В О Р
за културно – образовна соработка склучен на 2024/2025 година помеѓу:
1.ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје, Булевар „Илинденска„ бр. 53 жиро сметка_785010962878715_ЕДБ_4030973232895_Депонент на Народна банка на Македонија, застапувана од директорот Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска од една страна во својство на давател на јавни услуги во културата и
2. во својство на корисник на јавни услуги во културата.
ДОГОВОРЕНИТЕ СТРАНИ СЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОТО
Член 1
Предмет на овој договор е остварување вонучилишна, воспитно – образовна, социјална, забавна и рекреативна дејност на ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје (давател на јавни услуги во културата – во понатамошниот текст Центарот), со деца од предучилишна дејност до 17 години (корисник на јавни услуги во културата - во понатамошниот текст корисник).
Член 2
Користењето на јавните услуги во Центарот се реализираат во музичкиот оддел, хуманитарниот, драмскиот, ликовниот, за меѓународна соработка и спортски активности.
Член 3
Членувањето на корисникот во Центарот и користењето на неговите услуги, се реализира со потпишување пристапница и согласност од родителот – старателот на детето кои се наоѓаат на задната страна од договорот.
Член 4
За користењето на услугите на Центарот, корисникот(дете/родител) на пинг- понг е должен да ги почитува протоколите, да уплати чланарина во износ од 1000 денари месечно. Чланарните треба да се уплаќаат редовно секој месец
Член 5
Обврските кои би настанале дополнително, а не се регулирани со овој договор, ќе се регулираат со анекс кон истиот.
Член 6
Центарот еднострано ќе го раскине договорот, доколку корисникот не ја исполни основната обврска од член 4 односно не ги почитува протоколите и не уплати членарина за едно полугодие.
Член 7
Овој договор е изготвен во 2(два) еднакви примероци, од кои по 1(еден) за двете договорени страни.Договорот се испраќа електронски и електронски се враќа на инструктор потпишан од родител.
Член 8
Евентуалните спорови договорените страни ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно ќе одлучува надлежен суд.
За Центарот, За корисникот,
Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска Директор
ПРИСТАПНИЦА
Име и презиме на детето: Возраст:
Име и презиме на родител/старател:
Контакт телефон:
СОГЛАСНОСТ
Xxx , родител 1*Се согласувам моето дете да посетува часови по пинг-понг и сум согласен да го земам моето дете од просториите на ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје веднаш по завршувањето на часот од секцијата која ја посетува.
2* Се согласувам и одговорен сум моето дете самостојно да доаѓа и да си оди само без придружба, а ЈУ Детски културен центар
,,Карпош’’- Скопје не сноси никаква одговорност во врска со тоа. Изјавувам и потврдувам дека сум запознаен дека ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје не е, ниту се смета по било кој основ за одговорна за заштита на животот, здравјето, добросостојбата и безбедноста на моето дете надвор од деловните простории на центарот, вклучително ниту во однос на заедничките простории(ходници, дворно место, паркинг, лифт/платформа и друго) од зградата каде што се наоѓаат деловните простории на ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје.
( се заокружува една од понудените опции)
Ги прифаќам условите и протоколите кои ги нуди Центарот.