Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 02 3288 800, факс 02 3215 128,www.uniqa.mk
Дополнителни услови за колективно осигурување на работници од последици на несреќен случај (незгода)
Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 00 0000 000, факс 02 3215 128,xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 30.12.2020 година и со одлука бр. 2020/0202-212 се применуваат од 01.01.2021 година
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен
xxxxxxxx по било кој друг xxxxx.
Член 5
случај (незгода) и овие Дополнителни услови за колективно осигурување на работници од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: дополнителни услови), се составен дел на договорот за колективно осигурување на работниците од последици на несреќен случај што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето, во смисла на овие дополнителни услови може да биде секое правно лице што склучува колективно осигурување за своите работници.
Општи одредби
Член 2
Способност за осигурување
(1) Лицата што се осигуруваат по овие дополнителни услови, осигурени се без разлика на нивната здравствена состојба, општата работна способност и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
(2) Со ова осигурување не се оопфатени работниците:
1. Xxx xxxxxxx изјавиле дека не сакаат да бидат осигурени;
2. Кои се кај договорувачот во граѓанско-правен однос;
3. Xxx се постари од 70 години.
(3) Со ова осигурување се опфатени и работниците од став (2), точките 2 и 3.
Член 3
Начин на склучување на договорот
(1) Договорот за колективно осигурување на работници од последици на несреќен случај може да се склучи со назначување и без назначување на имиња и презимиња на осигурениците.
(2) Ако е договорено колективно осигурување со точен опис на осигурениците, тогаш ова осигурување се однесува само за оние лица кои се наоѓаат во пописот (список), а кој е задолжително приложен кон договорот за осигурување (полисата).
(3) Ако е договорено колективно осигурување без назначување на имиња и презимиња на осигурениците, со осигурувањето се опфатени сите работници вработени на одредено и неодредено време кај договорувачот.
(4) По исклучок од претходниот став можат да бидат осигурени и лицата кои кај договорувачот се во дополнителен работен однос, ако е тоа изречно договорено и наведено во полисата за осигурување.
(5) Ако е договорено колективно осигурување со или без точен опис на осигурениците според списокот на исплата на платите или според кадровската евиденција, осигурените суми во полисата важат за сите работници еднакво.
Член 4
Траење на осигурувањето
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 00:00 часот во оној ден кој е означен како почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот во оној ден кој во полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето.
(2) Ако во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, договорот за колективно осигурување продолжува од година во година се додека некоја од договорните страни не го откаже во смисла на член 9 од овие дополнителни услови.
(3) За работниците кои се вработиле по почетокот на осигурувањето означен во полисата, осигурувањето важи од 00:00 часот од оној ден кога се вработиле. За работниците кои го прекинале работниот однос осигурувањето престанува да важи во 24:00 часот од оној ден кога истапиле од претпријатието, односно организацијата или договорот е
Осигурена сума
(1) Осигурената сума наведена во полисата е најголем износ до кој осигурувачот е во обврска за секој одделен осигуреник.
(2) Според колективното осигурување покрај осигурените суми за случај на смрт, инвалидитет, дневен надомест и трошоци за лекувањето поради несреќен случај.
(3) Можат да се договорат различни осигурени суми за осигурување од последици на несреќен случај зависно од класата на опасност во која спаѓаат одделни работници (осигуреници).
(4) При одредувањето на класата на опасност во која спаѓа одделен работник, за осигурувањето од последици на несреќен случај се зема неговото постојано место на извршител на одредени работи и работни задачи.
(5) Во случај на промена на работното место на осигуреникот во текот на траењето на осигурувањето, при настанувањето на несреќниот случај се зема онаа утврдена осигурена сума која одговара на класата на опасност од она работно место на кое осигуреникот работел во моментот на настанување на несреќниот случај.
Член 6
Обем на обврските на осигурувачот
(1) За случај на смрт поради незгода , осигурувачот е должен да исплати: Целата осигурена сума ако осигуреникот секоја година со Јавна
Набавка избира најповолен понудувач и е обврзан да склучи и реализира годишно осигурување.
(2) Осигурувачот нема никаква обврска за случај на смрт поради незгода
1. Ако осигуреникот изврши самоубиство;
2. Ако смртта на осигуреникот настапи со извршување на смртна казна,
3. Ако смртта на осигуреникот настапи поради земјотрес;
4. Ако смртта на осигуреникот настапи поради настан кој директно се препишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција.
(3) На обврските на осигурувачот за осигурување од последици на несреќен случај се применуваат одредбите на член 5, 8, 9 и 10 од општите услови.
Член 7
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија
(1) Пресметување на премијата се врши во роковите наведени во полисата за осигурување според фактичкиот број на осигурениците.
(2) Почетната бројна состојба на осигурениците е еднаква со бројната состојба на работниците на договорувачот на денот на склучувањето на договорот на колективното осигурување, ако е склучено без назначување на имиња и презимиња на осигуренците.
(3) Премијата се плаќа однапред за времето утврдено во полисата.
(4) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати xxxxxxxxx премија во договорениот рок, за осигурен случај настанат по стасаноста на премијата за плаќање, осигурувачот е во обврска спрема осигуреникот, односно корисникот само за дел од осигурената сума сразмерно на платената премија за осигурување, односно само за толку 12 (дванаесеттини) од осигурената сума за колку што е платена премија за осигурување.
По наплатата на стасаната премија за осигурување за осигурителната година во која настанал осигурениот случај, осигурувачот е во обврска спрема осигуреникот, односно корисникот да го доплати неисплатениот дел од осигурената сума.
(5) Ако е договорено осигурување со пресметување на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, конечната пресметка на премијата се врши според просечниот број на крајната состојба на
Дополнителни услови за колективно осигурување на работници од последици на несреќен случај (незгода)
осигурениците по месеци. Договорувачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето, да му достави на осигурувачот точни и целосни податоци за бројната состојба на сите работници на крајот на секој месец од изминатата година на осигурувањето. Просечната бројна состојба во текот на една осигурителна година се утврдува на тој начин што ќе се собере бројната состојба на работниците на крајот на секој месец од осигурителната година, за која се врши пресметување на премијата, па добиениот збир ќе се подели со 12. Ако при тоа се утврди, дека просечниот број на работниците е поголем од бројот што е наведен во полисата, договорувачот е должен да ја плати разликата на премијата. Доколку тој број е помал, осигурувачот е должен да ја исплати разликата на премијата на договорувачот.
(6) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ја даде на увид евиденцијата и документацијата од која ќе може да се утврди бројната состојба на работниците, како и висината на пресметаната и уплатена премија.
Член 8
Осигурување на членови на семејство
(1) Со договорот за колективно осигурување на работниците во претпријатието можат да се осигуруваат и брачните другари и децата на осигурениците.
(2) Можат да се осигураат брачните другари кои не се постари од 70 години, децата со наполнети 14 години кои живеат во заедничко семејство со осигуреникот и не стапиле во брак.
(3) За осигурување на брачниот другар или децата, потребна е писмена изјава на договорувачот или осигуреникот со означување на имињата и сродството.
(4) Осигурувањето за членови на семејството започнува во 24:00 часот оној ден кој во писмената пријава предложена на осигурувачот е означен како почеток на осигурувањето, но не порано од 24:00 часот оној ден кога осигурувачот ја примил пријавата, а престанува во 24:00 часот оној ден кога му престанал работниот однос на осигурениот работник кој договорувачот на ова осигурување или договорот престанал по некој друг основ.
Член 9
Откажување на договорот
(1) Секоја договорна страна, доколку договорот не престанал по договорена причина, може да го откаже договорот за колективно осигурување на работниците со неодредено траење.
(2) Откажување на договорот се врши по писмен пат најмалку три месеци пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(3) Ако е склучено колективно осигурување по кое секој работник плаќа премија од својата плата, откажувањето на договорот се врши со претходна согласност на осигурените работници.
Член 10
Завршни одредби
Овие дополнителни услови важат со општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на општите услови, важат овие дополнителни услови за колективно осигурување на работници од последици на несреќен случај (незгода).
За сето она што не е предвидено со овие Дополнителни услови се применуваат одредбите на Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај ( незгода)