Македонски Телеком АД - Скопје ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗАЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека на ден...
Македонски Телеком АД - Скопје |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека на ден 04.10.2016 година склучи Рамковен Договор за заем со Маѓар Телеком, како зделка со заинтересирана страна со оглед дека Xxxxx Xxxxxxx е единствен акционер на Каменимост Комуникации АД, акционер кој поседува 56,67% од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Македонски Телеком. Со Одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком донесена на редовниот состанок на 13 септември 2016 година одобрено е склучувањето на Рамковен договор за заем помеѓу Македонски Телеком (како Заемопримач) и Маѓар Xxxxxxx (како Заемодавач), како зделка со заинтересирана страна. Вредноста на заемот согласно Рамковниот Договор за заем е во максимален износ од 6 (шест) милиони евра (без камата). Евентуални задолжувања по основ на овој договор за заем ќе се вршат врз основа на Рамковниот договор за заем и по потреба, проследено со писмено известување до Заемодавачот („Известување за користење на средства“) во коешто ќе биде специфициран датумот на валута на евентуалната исплата и износот на заемот. Македонски Телеком презема обврска на Маѓар Телеком да му плаќа референтна стапка од 3- месечен EURIBOR плус маржа од 3,25% на годишно ниво. Доколку 3-месечниот EURIBOR е понизок од нула (0), тогаш во предметниот каматен период како референтна стапка ќе се применува стапка нула (0). Во моментот 3-месечниот EURIBOR е негативен. Евентуалните задолжувања врз основа на Рамковниот договор за заем ќе се враќаат во согласност со достапната готовина и земајќи ја предвид оперативната ликвидност на Друштвото до 31 март 2017 година. |