Број на оглас:83/2013 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:83/2013 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса:бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код:Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxxxxxx XxxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:valbona@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3122-635/3174266
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности-Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
АДАПТАЦИЈА НА ОБЈЕКТ “МИЛЕНИУМСКИ КРСТ НА ВОДНО” - СКОПЈЕ
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ:35.000.000,00 ден.
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Град Скопје - Водно
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):Транспорт
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Подетален опис даден во тендерската документација - Техничка спецификација
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 24
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Најниска цена
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда:Да
IV.1.2) Гаранција на понудата:Да [1,00%]
IV.1.3) Изјава за сериозност:Не
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%]
IV.1.5) Авансно плаќање:Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Да
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност
•економскиот оператор треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и
•економскиот оператор треба да поседува Лиценца А за изведувач на градби, согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11,185/11 и 15/13)
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
•Минимален годишен приход на финансиски средства на економскиот оператор во последните три години ( 2010,2011,2012 ) да не е помал од 30.000.000,00 денари за секоја година подинечно. Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот
оператор:
•Извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од Извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран, со остварен позитивен финансиски резултат за последната година;
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
- Економскиот оператор да има извршено работи од ист или сличен вид, во последните 5 години, во вредност поголема од 60.000.000,00 денари, од кои најмалку еден договор со износ не помал од 10.000.000,00 денари.
- Економскиот оператор да има Лиценца А за изведувач и Овластување А за инженерите за изведба.
- Економскиот оператор да поседува стручен и технички персонал способен за реализација на предметот на набавката и тоа:
•Минимум 20 (дваесет) вработени, континуирано во последните 3 години(2010,2011,2012),од кои:
•1 (еден) Главен инженер со овластување „А“ за водење и раководење на сите фази при вршење на грдба
•1 (еден) инженер со овластување „А“одговорен за фаза архитектура
•1 (еден) инженер со овластување „А“за фаза кострукции
•1 (еден) инженер со овластување „А“за фаза електрика
•1 (еден) инженер со овластување „А“за фаза машинство
•(еден) инженер со овластување „А“ за фаза водовод и канализација
•Понудувачот да има постојано вработено или ангажирано: 1 (едно) стручно лице за безбедност при работа.
• ВКВ и КВ минимум 10 лица, од сите струки потребни за градежни, браварски, електро и занатски работи,
- Економскиот оператор да има техничка опременост потребна за реализација на набавката, и тоа:
•- 2 Пикамери
•- 2 Подвижен компресор
•- 1 подвижна дигалка
•- 2 Виброжаби
•- 4 Первибратори
•- 2 Кипер, со најмал капацитет од 8 m3
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
- Референтна листа на работи од ист или сличен вид, во последните 5 години,со број на договори, вредности и вид на изведени работи, со приложување на најмалку 1 (една) потврда за задоволителна изведба на најважните работи издадена од примателот на извршените работи.
- Лиценца А за изведувач и Овластување А за инженерите за изведба (копија).
- Изјава за доволен кадровски капацитет за реализација на набавката.
- Список на лица со податоци за реализација на предметната набавка: со приложување на документи дека економскиот оператор располага со кадар, (М1/М2) и доказ за инженерскиот кадар со овластување за изведба.
- Список на опрема и градежни машини потребни за реализација на набавката со документи за докажување за располагање со истите од страна на економскиот опертатр ( прилог образец 5Б).
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
- изјава на економскиот оператор дека работите ќе бидат изведени во согласност со стандардите, нормативите, прописите и техничката регулатива за ваков вид на работа.
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
не
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи:
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 14.02.2014 во 12.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
14.02.2014 во 12.00 часот Место: Дирекција на ЈСП - СКОПЈЕ
V.5) Дополнителни информации
контакт тел./факс за административни прашања 00389 2 3122-635, електронска пошта xxxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт за технички прашања кај договорниот орган е Ѓоргија Xxxxxxxxxxx, телефон 00000 0 0000-000 и 00000 0 0000-000 лок.152, електронска пошта xxxxx@xxx.xxx.xx. Заинтересираните економски оператори може да го добијат проектот во форма на ЦД во просториите на ЈСП СКОПЈЕ - Служба за јавни набавки, секој ден од 08.00 -14.00 часот.
V.6) Датум на објава: 31-12-2013