Contract
Повик за понуди за логистичка организација на регионална конференција во период 24- 26 мај 2017
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на Дебарца 56, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.
Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxx Xxxxxxxxxx, 02/2390 395, факс 02/0000 000 телефон електронска адреса xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
2. Предмет на договорот за набавка
Предмет на договорот за набавка е логистичка организација на регионална конференција во период 25 и 26 мај 2017.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Начин на испорака на понуда за извршување на услугата
Понудувачот е должен понудата да ја испорача на поштенската адреса Дебарца 56 1000 Скопје и по електронски пат на xxxx@xxxx.xxx.xx
4. Рок на испорака / за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 55 работни денови од денот на склучување на договорот за набавка, најдоцна 5 дена по завршувањето на конференцијата.
5. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
6. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
6.1. Лична состојба
во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки; освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните
прописи и истите редовно ги плаќа;
на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
6.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
6.3. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: работни ангажмани во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како претходно работно искуство со граѓански организации кои работат во овие области.
7. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба,
професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата. (Прилог 3)
8. Изготвување и поднесување на понудите
8.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
8.2. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи: Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност
Биографија на компанија со истакнати работни ангажмани за комуникациски материјали во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како и работа на кампањи на невладини организации. (Прилог 3)
Изјава (Прилог 2)
8.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
8.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 30 работни денови од денот утврден како краен рок за
поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
8.5. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
8.6. Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
9. Затворање и обележување на понудите
9.1. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот коверт се приложува во затворен надворешен коверт кој: е адресиран со точна адреса на договорниот орган
во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
на горниот десен агол стои називот на Оглас за прибирање на понуди за организирање на регионална конференција
„НЕ ОТВОРАЈ“
За: Оглас за прибирање на понуди за
организирање на регионална конференција
ХЕРА
Дебарца 56
1000 Скопје
9.2 Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудите е 12 мај 2017 година до 17:00 часот.
Понудите се поднесуваат на електронски на xxxxxxx@xxxx.xxx.xx и по пошта на ХЕРА Дебарца 56 1000 Скопје
9.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.
10. Критериум за доделување на договорот
10.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда.
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувал чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
10.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
цената 60 бодови
планот за организација на целиот настан од подготвителна фаза до крајот на реализацијата, со
xxxxxxx опис на пристапот и временската рамка. 40 бодови
12. Известување за доделување на договорот за набавка
12.1. По завршувањето на изборот до сите учесници автоматски се испраќа известување за понудувачот кој што поднел најповолна понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни
последици.
12.2. Избраниот најповолен понудувач биде известен во електронска форма дека неговата понуда е
прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите понудувачи ќе бидат известени за резултатите од изборот и одлуката кој е најповолен
понудувач.
13.Технички спецификации
Предметот на набавка е делив на следните делови:
Дел 1: Обезбедување хотелско сместување, простор за регионален настан и храна и освежување за учесници на настан
Дел 2: Обезбедување транспорт за учесници за дводневен регионален состанок
Дел 3: Обезбедување на целосна логистичка поддршка, технички средства, симултан превод и материјали за настанот
Дел 1: Обезбедување хотелско сместување, простор за регионален настан и храна и освежување за учесници на настан
- Хотелско сместување за 20 странски учесници во хотелот каде ќе се организира конференцијата, за три ноќевања со вклучен полн пансион
- Обезбедување на простор за одржување на конференција за 2 работни дена во централно градско подрачје во главниот град Скопје, во хотел со најмалку 4 Ѕвезди заради присуството на високи државни претставници.
- Обезбедување на две кафе паузи дневно за двата дена за 30 учесници за времетраење на конференцијата
- Дополнително организизирање на официјална вечера за 30 учесника надвор од хотелот
- Обезбедување на конференциска сала со капацитет за најмалку 30 учесници за дводневниот настан со дополнителна просторија каде ќе се одржи прес конференција и цела техничка опрема.
Дел 2: Обезбедување транспорт за учесници за дводневен регионален состанок
- Вклучува транспорт организиран за 20 учесници, од кои, 8 лета за дестинации од балканските
земјите: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Србија и автомобилски превоз за 6 учесници од Бугарија и Косово и Албанија). Дополнително 6 авионски лета за учесници од западно-европски
дестинации. (Понудите да вклучуваат авионски трошоци за секоја земја од балканскиот регион засебно, односно трошоци за автомобилски превоз за учесниците од Бугарија и Косово и Албанија)
- Дополнително треба да се организира локален транспорт од аеродром до хотел и враќање за сите учесници кои патуваат со авион.
Дел 3: Обезбедување на целосна логистичка поддршка, технички средства, симултан превод и материјали за настанот
- Потребно е да се обезбедат папки, беџови, пенкала и евалуации за сите 30 учесници на конференцијата
- Потребно е да се обезбедат сите технички средства микрофони, озвучување, ЛЦД, видео бим и други потебни технички реквизити за успешна реализација на дводневиот регионален настан
- Потребно е да се организира за два дена симултан превод од Англиски на Македонски/Српски и обратно
- Целосна логистичка поддршка за регионалниот настан кој вклучуваа контакти со странските
учесници и обезбедување на нивно учество и организирање на меѓународен и локален транспорт, информирање за сите логистички информации пред и по настанот, сите административни и
логистички процедури пред, за време и по завршувањето на конференцијата.
Технички карактеристики:
Понудата треба да содржи план за организација на целиот настан од подготвителна фаза до крајот на реализацијата, со детален опис на пристапот и временската рамка.
Временска рамка:
Понудувачот треба да се води од следнава временска рамка:
ВРЕМЕНСКА РАМКА | |
Активности и под-активности | МЕСЕЦ |
Обезбедување на хотелско сместување за три дена со полн пансион | 24 Мај – 26 Мај 2017 |
Обезбедување на конференциска сала, храна и освежување за учесници на настан | 25 – 26 Мај 2017 |
Логистичка поддршка и комуникација со учесници за хотелско сместување на учесниците | 21 Мај – 26 Мај 2017 |
Логистичка поддршка за обезбедување на авионски транспорт на учесници | 10 Мај – 24 Мај 2017 |
Логистичка поддршка за обезбедување на аеродромски транспорт на учесници | 10 Мај – 26 Мај 2017 |
Обезбедување на материјали за конференцијата | 21 до 26 Мај 2017 |
Логистичка поддршка за организирање на конференција | 10 Мај – 26 Мај 2017 |
Логистичка поддршка за време на конференција | 24 – 26 Мај 2017 |
Буџет
Понудувачот треба да достави листа со поединечни цени без ДДВ за сите делови. Буџетот треба да се прикаже без ДДВ.
Прилог 1: Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на
, за доделување на договор за набавка на со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки/услуги/работи:
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во повикот за прибирање на понуди.
Дел III – Финансиска понуда
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | |
Опис | Единица мерка | Количина | Единечн а цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ (3*4) | |
Вкупна цена без ДДВ | |||||
Со зборови: |
III. 1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во огласот за прибирање на понуди. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во огласот за прибирање на понуди
III. 3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени со повикот за прибирање на понуди
Место и датум | Одговорно лице |
(потпис) *
Прилог 2: Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
[наслов на понудувачот ] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени огласот за
прибирање понуди за организирање на регионална конференција, на Асоцијацијата за здравствена
едукација и истражување од 12.05.2017 година, поточно критериумите пропишани во членот 8 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |