„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
Согласно член 81 став 5 од Законот за јавните набавки, Договорниот орган врши:
ИЗМЕНА НА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
,,ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ЗА СОБИРАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ И ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ОПШТИНА АРАЧИНОВО’’
[јули, 2022]
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Договор за јавна набавка на стоки“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката. Договорот за јавна набавка на стоки може да вклучува и услуги за нивно поставување и вградување;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации при набавка на стоки е спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, со седиште на адреса: Xxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx xx.0, Xxxxxx, телефон 02/0000-000, интернет адреса: xxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, телефон 02/0000-000, електронска адреса X.Xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавна набавка е набавка на услуги за ,,Подготовка на проектна документација за подобрување на инфраструктурата за собирање и третман на отпадни води и водоводна мрежа во општина Арачиново’’.
Xxxxxxx опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации.
1.3.2. Предметот на набавката е делив на 6 (шест) дела:
Дел 1: Изработка на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново (предвидени максимални средства – 4.700.000,00 денари со вклучен ДДВ);
Дел 2: Изработка на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци (предвидени максимални средства – 1.300.000,00 денари со вклучен ДДВ);
Дел 3: Изработка на проектна документација за пречистителна станица за отпадни води за населено место Арачиново, с.Мојанци, с.Орланци и с.Грушино (предвидени максимални средства – 1.500.000,00 денари со вклучен ДДВ);
Дел 4: Ревизија на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново (предвидени максимални средства – 940.000,00 денари со вклучен ДДВ);
Дел 5: Ревизија на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци (предвидени максимални средства – 260.000,00 денари со вклучен ДДВ);
Дел 6: Ревизија на проектна документација за пречистителна станица во населено место Арачиново, с.Мојанци, с.Орланци и с.Xxxxxxx (предвидени максимални средства – 300.000,00 денари со вклучен ДДВ).
1.3.3 Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.3.4 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 8 (осум) месеци од денот на потпишување на договорот и истиот ќе престанува да важи кога во целост ќе бидат исполнети правата и обврските кои што со овој Договор ги имаат превземено договорените страни.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти, Законот за просторно и урбанистичко планирање Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16 и 31/2016), согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги имаат предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци) и Министерство за транспорт и врски и важечките прописи од Законот за просторно планирање и Законот за градење за ваков вид на набавка.
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ.
На електронската аукција понудувачите може да ги намалат своите првично поднесени цени и на тој начин да ги зголемат првично добиените бодови за елементот цена, додека бодовите доделени за останатите елемнти остануваат непроменети како за времетраење на е-аукцијата така и по нејзиниото завршување.
Бодовите за елементите од критериумот за избор кои не се предмет на електронска аукција, се внесуваат во системот од страна на комисијата врз основа на извршената евалуација и истите остануваат непроменети.
1.7.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.6 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, за најповолна ќе биде избрана онаа понуда која освоила повеќе бодови за оној елемент од критериумот економски најповолна понуда кој носи најмногу бодови.
1.7.1.7 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови и ист број на бодови според елементите на критериумот економски најповолна понуда за најповолен ќе биде избран оној кој прв ја поднел најниската цена во текот на електронската аукција. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација и основниот проект
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку осум дена пред крајниот рок за поднесување понуди.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската документација, договорниот орган без надоместок и во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, но не подоцна од шест дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од шест дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
- е носител на групата економски оператори,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување способност што се барале во постапката без тој член или
- останатите членови од групата солидарно не ги преземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
3.1.5 Повлекувањето член од групата економски оператори спротивно на точка 3.1.4 на овој член се смета за повлекување на групната понуда.
3.1.6 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот за јавни набавки.
3.1.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.9 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.10 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Цена на понудата
3.4.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.5 Корекција на цени
3.5.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.6 Начин, рок и место на извршување на услугата
3.6.1. Ревизијата на проектната документација ќе се работи сукцесивно, во тек на изработка на секој проект поединечно.
3.6.2 Извршителот е должен да ги достави, поединечно секој проект во четири примероци во хартија спакувана во А-4 формат или на друг соодветен материјал за цртање, односно пишување, како и четири примерока во електронски запис, согласно Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи.
Во исти број се доставува и ревизијата, со вградените забелешки.
3.6.3 Проектот се заверува со електронски потпис. Проектантот е обврзан да ги следи упатствата од Уредба за воспоставување и начин на користење на информациски систем за изработување и спроведување на постапката за донесување на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко - планска документација, урбанистичко - проектна документација по електронски пат (Сл. весник на Р.М. бр. 68/15) и забелешките согласно ревиденскиот увид.
3.6.4 Секој проект, предмет на оваа набавка се смета за завршен по позитивен ревидентски извештај кој ќе биде составен дел на проектот.
3.6.5 Проектантот е должен критички да ги разгледа и анализира сите услови дадени во оваа Проектна програма и по потреба да ги, корегира или измени во согласност со Инвеститорот, се со цел да се добие најповолно проектно решение.
3.6.6 Економскиот оператор кој ќе биде избран за Изработка на проектната документација за Дел 1/Дел 2 и/или Дел 3 не може да биде избран и за Ревизија на проектната документација за Дел 4/ Дел 5 и/или Дел 6 и обратно.
3.6.7 Проектната документација, предмет на оваа набавка и нивната ревизија, извршителите на услуга се должни да ги достават најдоцна до 15.12.2022 година, на начин наведен во точка 3.6.2 од оваа тендерска докуемнтација..
3.6.8 Проектната документација и ревизијата се доставуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје.
Начинот, рокот и местото на извршување на услугата се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на извршување на услугата поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.7 Начин на плаќање
3.7.1 Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 (триесет) дена по прием на фактура за извршена услуга односно по доставен ревидиран основен проект.
Прилог на фактурата е уредно заверен извештај за извршена услуга поткрепена со позитивен ревидентски извештај.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.8 Период на важност на понудата
3.8.1 Понудата треба да е со важност од 60 (шеесет) дена.
3.8.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.9 Средства за обезбедување
3.9.1 Гаранција на понудата
3.9.1.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.
3.9.1.2 Гаранцијата на понудата се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Гаранцијата на понудата се доставува за секој дел поединечно.
Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
3.9.1.3 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
3.9.1.4 Банкарската гаранција треба да е со важност не помалку од денот на истекот на важноста на понудата.
Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на банкарската гаранција.
3.9.1.5 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма и кај постапките кои се спроведуваат по електронски пат. Скенирани/Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата доколку се поднесе во хартиена форма, треба да се достави преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај’’, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
Доколку гаранцијата е достапна во оригинална електронска форма /електронска гаранција/ истата се прикачува преку ЕСЈН заедно со понудата и придружната документација.
3.10.1.6 Договорниот орган ја наплаќа банкарската гаранција на понудата ако понудувачот:
ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
3.9.1.7 Доколку дојде до наплата на банкарската гаранција на понудата, договорниот орган во ЕСЈН објавува негативна референца што резултира со исклучување на предметниот понудувач од сите идни постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на објавувањето. Периодот на исклучување од овој став се зголемува за дополнителни три месеци при секоја наредна негативна референца, но не повеќе од една година.
3.9.1.8 Забраната за учество во постапките за доделување договори за јавни набавки согласно со условите од точка 4.5.7 од оваа тендерска документација се однесува и на групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца.
3.9.1.9 За објавување негативна референца согласно со случаите од точка 3.9.1.6 и 3.9.1.7 од оваа тендерска документација, договорниот орган одлучува со одлуката за избор или за поништување на постапката, а економскиот оператор има право на жалба во жалбена постапка согласно со Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.24/2019).
3.9.10 Негативната референца од точка 3.19.1.9 од оваа тендерска документација, договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
3.9.1.11 Банкарската гаранција им се враќа на понудувачите кои не се избрани за најповолни во рамките на периодот на нејзината важност.
3.9.1.12 Банкарската гаранцијата на понудувачот чија понуда е избрана за најповолна му се враќа откако ќе го потпише договорот за јавна набавка и ќе достави гаранција за квалитетно извршување.
3.9.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.9.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка (со вклучен ДДВ).
3.9.2.2 Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност до целосно реализирање на договорот за јавна набавка.
3.9.2.3 Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
3.9.2.4 Во случај да се продолжи рокот за реализација на договорот или да се зголемени неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
4.1.4 Цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата заедно со табелите за техничка понуда, финансиска понуда, изјавите и образците во прилог на оваа тендерска документација и сите други документи кои сам ги изготвува економскиот оператор треба да бидат електронски потпишани со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него и се поднесуваат во електронска форма преку ЕСЈН.
Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 05.08.2022 година, до 11:00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1) – составен од техничка и финансиска понуда – електронски потпишана,
Документи за утврдување на способност побарани во точка 5.2.4 (документи за докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката) и 5.3.1.3 (документи за докажување на способноста за вршење професионална дејност) од оваа тендерска документација;
Документи побарани во точка 5.4.4. од оваа тендерска документација во врска со докажување на елементот квалитет;
Гаранција на понудата;
Образец на листа на доверливи информации (Прилог 2) (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) - електронски потпишана;
Во случај на ангажирање на подизведувачи, економскиот оператор е должен да го наведе делот од јавната набавка, кој има намера го отстапи на подизведувач и
Договор за групна понуда (само за група на економски оператори).
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.4.2 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавни набавки (Службен весник на Р.М бр.24/2019), при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган,
- носителот на набавката, во прилог на неговата времена ситуација, ги приложува времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
4.4.3 Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката.
4.4.4 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката и договорниот орган постапуваат согласно член 118 став 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Р.М бр.24/2019).
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 05.08.2022 година во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност.
5.1.2 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон, а се однесуваат на предметот на набавка, односно економскиот оператор треба да поседува најмалку Лиценца Б за проектирање за Дел 1, Дел 2 и Дел 3 и Лиценца Б за Ревизија на проектна документација за Дел 4, Дел 5 и Дел 6.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Лиценца Б за проектирање за Дел 1, Дел 2 и Дел 3 и
Лиценца Б за ревизија на проектна документација за Дел 4, Дел 5 и Дел 6.
5.4. Критериум за избор на најповолна понуда
5.4.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.
5.4.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој поделемент од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.
Овој пристап треба да се објасни на следниов начин: Како елементи на најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот се земаат следниве:
цена 55 бодови,
квалитет 45 бодови.
5.4.3 За елементот цена се утврдени вкупно 55 бодови. При тоа, цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови |
= |
најниска цена (без ДДВ) |
. |
максимален број бодови |
Цена (безДДВ)
|
5.4.4 За елементот квалитет се утврдени вкупно 45 бодови и истиот ќе се евалуира врз основа на број на доставени договори кои се реализирани во последните пет години за:
Изработка на проектна документација за канализациона мрежа (за Дел 1);
Изработка на проектна документација за водоснабдителен систем (за Дел 2);
Изработка на проектна документација за пречистителна станица (за Дел 3);
Ревизија на проектна документација за канализациона мрежа (за Дел 4);
Ревизија на проектна документација за водоснабдителен систем (за Дел 5) и
Ревизија на на проектна документација за пречистителна станица (за Дел 6).
5.5.5 Бодирањето ќе се врши на следниот начин:
За секој доставен договор, економскиот оператор добива 15 (петнаесет) бода, а максималниот број на бодови може да изнесува 45 (четириесет и пет).
5.5 Евалуацијата на понудите
5.5.1.Кај отворената постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.5.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.5.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.5.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.5.5. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.5.6. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.6 Невообичаено ниска цена
5.6.1 Договорниот орган ќе бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките, услугите или работите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен. Договорниот орган, во секој случај ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.6.2 Договорниот орган во врска со точка 5.6.1 од оваа тендерска документација ќе постапи согласно член 110 став (2), (3) (4) и став (5) од Законот за јавните набавки.
5.7 Заштита на податоци
5.7.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.7.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.7.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, спецификациите на понудените стоки, количините, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.7.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.8 Исправка на аритметички грешки
5.8.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.9. Поништување на постапката
5.9.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.9.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
Доколку во текот на реализацијата на договорот дојде до негово менување ќе се постапи согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај отворената постапка, жалба се изјавува во рок од десет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Предмет на договорот - Подготовка на проектна документација за подобрување на инфраструктурата за собирање и третман на отпадни води и водоводна мрежа во општина Арачиново.
Вкупна вредност на договорот Вкупната вредност на договорот изнесува ________ денари без данок на додадена вредност. Данокот на додадена вредност изнесува ______ денари. Вкупната вредност на договорот со пресметан данок на додадена вредност изнесува _________ денари.
Времетраење на договорот – согласно точка 1.3.4 од тендерската документација
Начин, рок и место на извршување на услугата - согласно точка 3.6 од тендерската документација
Начин, услови и рокови на плаќање - согласно точка 3.7 од тендерската документација
Корекција на цени - согласно точка 3.5 од тендерската документација
Гаранција за квалитетно извршување на договорот - согласно точка 3.9.2 од тендерската документација
Обврски на носителот на набавката
(1) Извршителот се обврзува за потребите на Договорниот орган - Нарачател да го изработи предметот од член 2 на овој Договор.
(2) Извршителот е должен да ги изработи сите фази од кои се состои еден основен проект а кој се неопходни за комплетирање на целата проектна документација со цел добивање на одобрение за градење од надлежен орган.
(3) Извршителот е должен работите кои се предмет на овој Договор да ги изведе стручно и квалитетно, целосно, во се, согласно со одредбите на овој Договор, Проектната задача, согласно законската регулатива и документацијата што го следи и истиот се смета за негов составен дел.
(4) Извршителот под полна материјална, кривична и морална одговорност се обврзува предметот на овој договор да го изврши совесно, стручно, квалитетно, навремено согласно правилата и нормативите за проектирање и други технички прописи, со кои се утврдуваат основните параметри при проектирањето и архитектонското обликување на градбите, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи, а особено имајќи ги во предвид важечките прописи од областа на Законот за градење, како и сите прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка.
(1) Извршителот е должен во соработка со извршителот на услуга за ревизија на проектната докуемнтација, да ја извршат услугата предмет на овој Договор најдоцна до 15.12.2022 година, согласно Проектната задача, техничките спецификации и забелешките согласно ревиденскиот увид.
(2) Ревизијата на проектната докуемнтација ќе се работи сукцесивно, во тек на изработката на проектот.
(3) Извршителот е должен да ги достави, поединечно секој проект во четири примероци во хартија спакувана во А-4 формат или на друг соодветен материјал за цртање, односно пишување, како и четири примерока во електронски запис, согласно Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи.Во исти број се доставува и ревизијата, со вградените забелешки.
(4) Проектот се изработува согласно проектната задача, стандардите и нормативите за проектирање и други технички прописи, со кои се утврдуваат основните параметри при проектирањето и архитектонското обликување на градбите односно одредбите од Законот за градење.
(5) Проектот се заверува со електронски потпис. Проектантот е обврзан да ги следи упатствата од Уредба за воспоставување и начин на користење на информациски систем за изработување и спроведување на постапката за донесување на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-планска документација,
урбанистичко - проектна документација по електронски пат (Сл. весник на Р.М. бр. 68/15) и забелешките согласно ревиденскиот увид.
(6) Проектантот е должен критички да ги разгледа и анализира сите услови дадени во предметната Проектна програма и по потреба да ги, корегира или измени во согласност со Инвеститорот, се со цел да се добие најповолно проектно решение.
(7) Извршителот на услугата т.е проектантот доставува предмер на работи и проценета вредност на проектот.
Во цената на проектот се вклучени и корекциите дадени од страна на ревидентот.
(8) Проектот се смета за завршен по позитивен ревидентски извештај кој ќе биде составен дел на проектот.
(9) Проектот и ревизијата се доставуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје.
(10) Нарачателот има право да го раскине овој договор во случај ако Извршителот задоцни со извршување на услугите предмет на овој Договор.
Извршителот е должен доколку од страна на Нарачателот се истакнат забелешки на извршувањето на кој било дел од предметот од член 2 на овој Договор, истите да ги отстрани без надомест во рок од 3 (три) дена по приемот.
За вршење на услугите предмет на овој Договор, Извршителот се обврзува да обезбеди стручни, квалификувани и овластени лица, согласно Законот за градење, подзаконските акти и доставената Понуда.
Обврски на договорниот орган
Нарачателот со овој Договор се обврзува на Извршителот пред отпочнување со извршување на предметот на овој Договор да:
Во соработка со општината да овозможи услови за соодветно, квалитетно и навремено да се спороведат обврските од Договорот;
за извршените услуги, по доставување на фактура, да му ја исплати утврдената цена од член 3 на овој Договор.
Виша сила - Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските од овој договор до кое би дошло поради Виша сила.
Решавање на спорови - Договорните страни се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој договор.Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на деловните обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултати, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност - Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
Раскинување на договорот
Овој договор може да се раскине спогодбено, со согласност на договорните страни.
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара остварување на своите права и исполнување на обврските или да го раскине договорот.
Кога договорната страна нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна може да и остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Рокот од став 1 на член -- може да биде продолжен само по писмено барање на носителот на набавката и писмена согласност на договорниот орган.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во рокот утврден со договорот или не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Договорот се смета за раскинат со денот на приемот на известувањето за раскинување на договорот.
Доколку дојде до еднострано раскинување на договорот поради неисполнување на обврските од Договорот од страна на носителот на набавката, покрај наплатувањето на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, носителот на набавката ќе биде одговорен за евентуалната штета што би ја предизвикал на договорниот орган како директна или индиректна последица на неговото работење.
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна кон друга за губитокот, повредата или неизвршувањето на одредбите на овој договор кои се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбираат настани или околности на кои договорните страни не можат да влијаат и се надвор од нивната контрола, а го попречуваат нормалното извршување на договорот (елементарни непогоди, воени дејства, граѓански немири, штрајкови од поголеми размери и сл.).
Вишата сила не вклучува настан што е предизвикан од небрежност или намерна активност што би предизвикала застој во извршувањето на обврските од договорот.
Ако една од договорните страни е спречена да ги исполнува своите обврски заради виша сила, должна е веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа, писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
За времетраењето на вишата сила сите права и обврски од овој договор мируваат.
Договорните страни се обврзуваат на ист начин да ја известат договорната страна за повторното воспоставување на нормални услови за извршување на договорот, односно за престанокот на дејството на вишата сила.
По отстранувањето на последиците од вишата сила, договорот може да се реализира, доколку неговата реализација не е завршена пред настапувањето на вишата сила.
Завршни одредби
Измени и дополнувања на договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
*Задолжителните елементи на договорот се даваат на увид на економските оператори. Министерството за животна средина и простроно планирање го задржува правото да направи одредени корекции/дополнувања во однос на одредбите од договорот, освен на условите дефинирани во тендерската документација.
Дел 1: Изработка на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново
1.1. Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект, за канализациона мрежа во с.Орланци согласно следните податоци:
должина на главна примарна канализациона мрежа - 4.000 м.
должина на секундарна мрежа - 3.000 м.
вкупен бр. на жители - околу 1.600
1.2 Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за канализациона мрежа во с. Грушино согласно следните податоци:
должина на главна примарна канализациона мрежа - 5.000 м.
должина на секундарна мрежа - 3.000 м.
вкупен бр. на жители - околу 1.900
1.3 Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за секундарна мрежа на фекална канализација во населено место Арачиново согласно следните податоци:
должина на секундарна мрежа за фекална канализација - 15 км.
вкупен бр. на жители - околу 16.000
1.4 Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за атмосферска канализација во населено место Арачиново согласно следните податоци:
должина на атмосферска канализација – околу 1.700 м.
вкупен бр. на жители - околу 16.000
1.5 Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за секундарна мрежа на фекална канализација во с.Мојанци согласно следните податоци:
должина на секундарна мрежа - 6.500 м.
вкупен бр. на жители - околу 2.700
1.6 Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за атмосферска канализациона мрежа во с.Мојанци согласно следните податоци:
должина на атмосферска канализација – околу 500 м.
вкупен бр. на жители - околу 2.700
Дел 2: Изработка на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци
Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за водоснабдителен систем во с.Орланци согласно следните податоци:
должина на главен доводен цевковод - 4.000 м.
должина на секундарна мрежа - 3.000 м.
вкупен бр. на жители - околу 1.600
Дел 3: Изработка на проектна документација за пречистителна станица за отпадни води за населено место Арачиново, Мојанци, Орланци и Грушино
Изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, Елаборат за заштита на животна средина, Основен проект за пречистителна станица за отпадни води согласно следните податоци:
вкупен бр. на жители - околу 25.000
Дел 4: Ревизија на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново
Дел 5: Ревизија на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци
Дел 6: Ревизија на проектна документација за пречистителна станица за отпадни води за населено место Арачиново, Мојанци, Орланци и Грушино
ДЕЛ 1/Дел 2/Дел 3 Економскиот оператор е должен да ги изработи сите фази од кои се состои еден основен проект а кој се неопходни за комплетирање на целата проектна документација со цел добивање на позитиен одговор од надлежен орган односно добивање на одобрение за работа/градба.
ДЕЛ 4/Дел 5/Дел 6 Економскиот оператор е должен да изврши ревизија на проектната документација и тоа задолжително на сите фази од основниот проект. Ревидентот за извршената ревизија на проектот е должен да состави извештај во писмена форма и да го завери ревидираниот проект.
Економскиот оператор доставува предмер на работи и проценета вредност на проектот.
Во цената на проектот се вклучени и корекциите дадени од страна на ревидентот.
Проектот се смета за завршен по позитивен извештај на ревизијата и други релевантни институции кои ја третираат дадената област.
Со поднесување односно пополнување на техничката понуда како елемент на образецот на понуда, се смета дека понудувачот ја има прочитано внимателно проектната задача.
Понудувачите од Електронскиот систем за јавни набавки ќе може да ги превземат проектните програми.
Прилог 1: Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број ________ објавен од страна на __________________ _________________________________________________________________, за набавка на ______________________________________________________ со спроведување на отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ___________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: _____________________________________________________
Телефон: ___________________________________________________
Факс: _______________________________________________________
Е-пошта: ____________________________________________________
Лице за контакт: ____________________________________________
I.3. Одговорно лице: ________________________________________________
I.4. Даночен број: ___________________________________________________
I.5. Матичен број: ___________________________________________________
Дел II - Техничка понуда (задолжително пополнување)
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 1:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 2:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 3:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 4:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 5:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги за Дел 6:
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
[Во оваа точка понудувачот ги наведува услугите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и проектната програма. Со пополнување на оваа точка понудувачот потврдува дека услугите кои ќе ги изврши ќе бидат во согласност со технички барања и услови од тендерската документација, техничките спецификации, проектната програма, согласно правилникот за содржината на проектите, означување на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи како и другите важечки закони, прописи, правилници, упатства, стандарди и др. материјални прописи кои го уредуваат предметот на набавка. прописи за ваков вид на услуга]
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување на услугата утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда (задолжително пополнување)
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Вкупна цена без ДДВ (со бројки) |
Вкупна цена без ДДВ (со зборови) |
ДДВ |
1 |
|
|
|
2 |
|
|
|
3 |
|
|
|
4 |
|
|
|
5 |
|
|
|
6 |
|
|
|
III.2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во табелата за финансиска понуда.
Табела за ДЕЛ 1
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
ДДВ |
||
ДЕЛ 1: Изработка на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
Табела за ДЕЛ 2
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ
|
Вкупна цена со ДДВ
|
ДДВ |
||
ДЕЛ 2: Изработка на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
Табела за ДЕЛ 3
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
ДДВ |
||
ДЕЛ 3: Изработка на проектна документација за пречистителна станица за отпадни води за населено место Арачиново, с.Мојанци, с.Орланци и с.Грушино |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
Табела за ДЕЛ 4
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
ДДВ |
||
ДЕЛ 4: Ревизија на проектна документација за канализациона мрежа во с.Орланци, с. Мојанци, с.Грушино и населено место Арачиново |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
Табела за ДЕЛ 5
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
ДДВ |
||
ДЕЛ 5: Ревизија на проектна документација за водоснабдителен систем во село Орланци |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
Табела за ДЕЛ 6
|
|
|
|
||
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
ДДВ |
||
ДЕЛ 6: Ревизија на проектна документација за пречистителна станица во населено место Арачиново, с.Мојанци, с.Орланци и с.Грушино |
|
|
|
||
|
Вкупна цена без ДДВ |
|
|||
|
Со зборови: |
|
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.5. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
Место и датум
_______________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис)
|
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 - ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
За оглас број ____________________
Р.бр. |
Информации кои се доверливи
|
Бројот на страниците со тие информации |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Електронски потпис
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
31