Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 02 3288 800, факс 02 3215 128,www.uniqa.mk
Општи услови за осигурување на стоки при транспорт
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 30.12.2020 година и со одлука бр. 2020/0202-196 се применуваат од 01.01.2021 година
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
По овие услови се осигуруваат стоки за време на превоз од загуба и оштетување.
Стоките може да се осигураат во меѓународен и домашен транспорт. Доколку осигурувањето се пласира во реосигурување, ќе се применуваат условите на реосигурувачот.
Во овие Услови термините значат:
“Осигурувач” - Компанија за осигурување која со договорот за осигурување се обврзува дека ќе ја надомести штетата, кога ќе настане осигурен случај. “Договорувач на осигурување” - лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
“Осигуреник” - лице кое има имотен интерес да се осигура.
“Премија” - износ кој договорувачот на осигурувањето е должен да го плати по склучен договор за осигурување.
“Осигурена вредност” - износ на кој предметот е осигурен.
“Полиса” - документ кој го издава осигурувачот и служи како доказ за постоење договор за осигурување.
“Понуда за осигурување - пријава” - барање на договорувачот или осигуреникот до осигурувачот за да му испостави полиса или друг доказ за осигурување.
“Понуда за осигурување” – предлог на осигурувачот до осигуреникот со битни елементи за склучување на договорот за осигурување
“Понудувач” - подносител на понудата за осигурување.
Член 2
Осигурувањето може да се договори од основни ризици или сите ризици кои ја загрозуваат стоката за време на транспортот.
Осигурување може да се договори и само од потполна загуба на стоката. Осигурување може да се договори и од ризици кои не се опфатени со овие услови.
Член 3
Под домашен (внатрешен) транспорт се подразбира осигурување на стоки чии што транспорт се врши само на територијата на Р.Северна Македонија.
Под меѓународен транспорт се подразбира осигурување на пратки каде што утоварот и растоварот на стоките се врши во различни земји.
Член 4
Под стока во смисла на овие услови се подразбира секоја ствар што е предмет на превоз (транспорт).
Под стока се сметаат и возила и машини кои се движат на сопствени тркала.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
1. Осигурување од основни ризици
Член 5
Ако е договорено осигурување само на основни ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок на штета која на стоката настанала за време на превоз по море поради:
1. поморски ризици(судир, удар, насукување, допирање на дното, потонување, бродолом, исчезнување
на брод, луња и и невреме на море, отпловување на стоката од палуба, допир со морска вода).
2. пожар,
3. разбојништво и разбојничка кражба,
4. фрлање во море,
5. баратерија на заповедникот и морнарите,
Осигурувачот доколку е договорено осигурување на основните ризици на осигуреникот ќе му надомести и загуба и оштетување на стоката која ќе настане за време на осигурениот превоз поради: експлозија, судар на
возила, допир на возилото со некој надворешен предмет, загуба на цели колети за време на натовар, претовар или истовар и оштетување при претоварување во пристаништето на престој.
Член 6
Поимите судар на брод, удар, насукување, налегнување, допирање на дно, потонување, бродолом, загубување на бродот се утврдуваат врз основа на важечките прописи и обичајното право.
Во смисла на овие услови под ризик се смета:
1. Луња и невреме, односно секоја поголема елементарна непогода за време на осигуреното патување.
2. Отпловување на стоката од палуба, односно испаѓање на стоката под дејство на ветар или бранови.
3. Допир со морска вода, односно допир кој дошол по поморска несреќа или намера на посадата на бродот.
4. Фрлање во море, односно намерно фрлање на дел од товарот во море поради отстранување на заедничка опасност.
5. Баратерија, односно лоша намера, дело на капетанот на бродот или членови на екипажот на бродот, од кои произлегла опасност по бродот или товарот.
Ако штетата на стоката настанала поради пожар кој настанал со самозапалување на стоката,
осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета само доколку тоа е посебно договорено.
Доколку штетата на стоката настанала поради експлозија, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета само доколку е тоа посебно договорено.
По исклучок на одредбите од претходниот став, доколку по експлозијата дојде до пожар на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која е последица на пожарот или е во врска со него. Осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која ќе настане поради отпловување на стоката од палуба, само доколку превозот на стоката се врши на палубата во зависност од нејзината природа, ако бродарот спротивно на договорот за превоз ја натовари стоката
на палуба или ако превозот на стоката на палуба е вршен со знаење на осигурувачот.
Член 7
Разбојништво или разбојничка кражба кои што ќе ги извршат капетанот на бродот, членовите на посадата или патниците не се опфатени со осигурувањето според одредбите од член 5, став 3 по овие услови.
Во смисла на одредбите од член 1 и член 3 на овие услови, осигурувачот ќе ја надомести штетата само ако разбојништвото или разбојничката кражба ја причиниле надворешни лица.
Член 8
Доколку е договорено осигурувње од основни ризици по Клаузулите Б и Ц, осигурувачот е во обврска
на осигуреникот да му плати придонес во Генерална Xxxxxxxx.
2. Осигурување против сите ризици
Член 9
Доколку се договори осигурување според условите Против сите ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок на штета која ќе настане за време на осигурениот превоз поради опасности наведени во член 5 од овие услови, како и штети што ќе настанат поради:
1. Кражба на цели колети или делумна кражба на пооделни колети.
2. неиспорака на стоката.
3. Слатка вода.
4. Допир со друга стока.
5. Небрежност на капетанот и екипажот на бродот.
6. невнимателно манипулирање при натоварот, претоварот и истоварот .
7. Други вонредни опасности на кои стоката е подложна за време на превозот.
Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надомест на штета според одредбите од претходниот став, ако штетата настане од опасности од кои стоката може посебно да се осигура (член 13 од овие услови) поради опасности кои се изземени од осигурување (член 13 од овие услови) или задоцнување на испораката.
Член 10
Со исклучок на одредбите од член 9 на овие услови, осигурување може да се договори од основните ризици и кражба, делумна кражба и неиспорака. Во смисла на одредбите од претходниот став, во договорот за осигурување мора да се назначи дека осигурувањето е склучено само за основните ризици и ризиците кражба, делумна кражба и неиспорака.
3. Дополнителни ризици
Член 11 Доколку посебно се договори, осигурувачот на осигуреникот ќе му испалти и надоместок на штета која ќе настане на осигурената стока поради:
1. Одбивање.
2. Оштетување на стоката од било кои причини.
3. Загревање или потење од било кои причини.
4. Стврднување од било кои причини.
5. Растурање од било кои причини.
6. Течење - кусок од било кои причини.
7. Угинување на егзотични животни од било кои причини.
8. Угинување на животни и кршење на нозе од било кои причини.
9. Самозапалување од било кои причини.
10. Одмрзнување на пратки кои се превезуваат во ладилници (фрижидери) од било кои причини.
11. Расипување на месо, овошје или зарзават од било кои причини.
12. Расипување на солени и сушени црева од било кои причини.
13. надувување (бомбаж).
14. Сушење или овенување од било кои причини.
15. Смрзнување од било кои причини.
16. Експлозија од било кои причини.
17. Осветлување на филмови од било кои причини.
18. Слични опасности.
Условите за осигурување од опасностите (ризиците) од претходниот став, се утврдуваат со договорот за осигурување.
4. Осигурување од потполна загуба
Член 12
По исклучок на одредбите од член 5, 9, и 11 од овие услови, стоката може да се осигури само од потполна загуба.
Под потполна загуба на стоката во смисла на одредбите од претходниот став се смета загуба на стоката која ќе настане поради загубување на транспортното средство.
Доколку се договори осигурување во смисла на одредбите од став 1 од овој член, тоа во договорот за осигурување треба посебно да биде договорено.
5. Исклучени ризици
Член 13
Осигурувачот не е во обврска да му исплати на осигуреникот надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради:
1. Опасности врзани за време на транспорт на стоката на палуба или во отворени вагони, освен доколку тоа не е посебно договорено.
2. Опасности кои настануваат поради недоволното пакување или недостатоци во пакувањето на стоката, која поради тоа по својата природа е изложена на загуба или оштетување.
3. Опасности поврзани со натоварот или истоварот или опасности кои потекнуваат од неправилното утоварување на стоката која ја натоварува испраќачот или истоварува приемачот.
4. Посебни опасности кои настануваат поради потполно или делумно оштетување или загуби на стоката (рѓа, внатрешно расипување кое настанува само по себе, течење, сушење, растурање, загуба во тежина и сл.) на што стоката е изложена поради своите својства, освен ако тоа не е
посебно договорено.
5. Опасности кои ќе настанат поради тоа што предметите кои се изземени од превоз или предметите кои на превоз се примаат само под определени услови, се предадени на превоз со исправани, неточни или непотполни означувања или испраќачот не ги превзел пропишаните мерки на внимание.
6. Опасности на кои се изложени живи животни при превоз, освен ако тоа не посебно договорено.
7 Опасности кои пратителите на живи животни или на стоката биле должни да ги отстранат.
8. Опасности кои ќе настанат на стоката поради недостаток во конструкцијата, лошото одржување и нередовно одбележување на уредите, на колите кои служат за превоз на стоката, а се наоѓаат во управување на осигуреникот или на лице кое за кој тој одговара.
9. Лоша намера или крајна небрежност на осигуреникот.
10. Војна или слични настани на војната,терористички акти, јавни демонстрации и манифестации, штрајк (воени и политички ризици) и атомски ризици.
6. Траење на осигурувањето
Член 14
Договорот за осигурување на стоки при транспорт може да се склучи:
1. со одреден рок на траење за поединечни пратки и
2. со неодреден рок на траење, кој се продолжува од година во година.
Член 15
Осигурувањето започнува да важи во моментот кога стоката ќе го напушти складот (магацинот) во местото означено во договорот за осигурување, заради започнување на превозот и трае додека стоката не биде испорачана во последниот склад во местото на одредиштето наведено во договорот за осигурување.
Осигурувањето во секој случај престанува да важи по истекот на рокот од 60 дена во поморски односно 30 дена во копнен транспорт, од денот на истоварот на стоката, доколку не е поинаку договорено.
Рокот од претходниот став тече од полноќта на оној ден кога е извршено истоварување на стоката од превозното средство.
Член 16
Стоката е осигурена и за време на скршнување од патот или задоцнување кое не е зависно од волјата на осигуреникот, присилно истоварување, повторно натоварување или претоварување.
Стоката е осигурена и во случај на некоја друга измена при во превозот извршена во согласност со договорот за осигурување.
Стоката е осигурена и во случај на патување или некој друг пропуст или грешка направена во интерес
на осигурената стока или интересот на стоката, превозното средство или патувањето.
Член 17 Доколку поради околностите кои не се зависни од волјата на осигурениокот, договорот за превоз престане да важи во друго пристаниште или место, а не во местото означено во договорот за превоз, или превозот се заврши на друг начин пред испораката на стоката во складот на приемачот или друг склад означен во договорот за осигурување, стоката останува осигурена. Во овие случаи осигурувањето останува на сила во следните случаи:
Се додека стоката не биде продадена или испорачана во пристаниште или место каде превозот се смета за завршен или ако не е продадена до истекот на 60 дена по пристигнувањето на осигурената стока во тоа пристаниште или место, или според тоа што попрво ќе настане.
Се додека стоката не биде отпремена во рок од 60 дена (или договорен продолжен рок) од пристаниште или друго одредиште наведено во полисата, под услов да не е поминат рокот од 60 дена по пристигнувањето на стоката во пристаништето или друго место, осигурувањето продолжува и завршува во спогодба со осигурувачот.
Член 17
Во смисла на членовите 15 и 16 од овие услови, стоката е осигурена само
доколку осигуреникот за настанатата измена го известил осигурувачот веднаш по приемот на известувањето за извршените измени и доколку плати дополнителна премија за осигурување која ќе ја побара осигурувачот.
Доколку осигуреникот не постапи според одредбите на претходниот став, договорот за осигурување престанува да важи на денот на извршената промена.
Член 18
Стоката по одредбите на членовите 15 и 16 од овие услови е осигурена доколку осигуреникот постапува со примерна брзина во околностите кои се зависни од неговото однесување (волја).
7. Осигурена вредност
Член 19
Стоката може да се осигури на вистинска или фактурна вредност.
Покрај осигурување на стоките на фактурна вредност, можат да се осигураат и трошоците врзани со транспртот на стоката како што се: трошоците на превоз, царина, осигурување, шпедитерски трошоци и слично.
Покрај трошоците од претходниот став може да се осигури и очекуваната добивка но најмногу во висина до 10% од вредноста на стоката.
Член 20
Доколку ништо не е договорено во врска со вредноста на стоката, се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност.
Вистинска вредност на стоката е вредноста која стоката ја има во местото на отпрема во моментот на натовар.
Се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност, ако е осигурена фактурната вредност на стоката со трошоците и добивката кои по овие услови можат да бидат осигурени.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
1. Склучување на договорот
Член 21
Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда (пријава) за осигурување на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето и понуда на осигурувачот. Понудата — пријава за осигурување
може да се поднесе само писмено.
Понудата за осигурување која што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување на стоката мора да ги содржи следните податоци: видот и количеството на стоката, ознака, тежина, видот на превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство, релација на превозот како и вредноста на стоката.
По исклучок на одредбите од претходниот став, договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата не ги наведува податоците со кои во моментот не располага или нема точни податоци, со тоа да дополнително го извести осигурувачот за податоците со кои не располага или нема точни податоци во рок кој во договорот за осигурување ќе се утврди.
Доколку осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од претходните ставови на овој член, ќе се смета дека договор за осигурување на е заклучен.
Понудата за осигурување поднесена од осигурувачот мора да го содржи следните податоци: предмет на осигурување- видот на стоката,вид на превозно средство,релација на превозот, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на осигурувањето, сумата на осигурување, висината на премијата.
Член 22
Понудата (пријавата) за осигурување осигурувачот може да ја прифати или одбие, во рок од 24 часа (во работни денови) од приемот на истата. Доколку осигурувачот не ја одбие на писмената понуда во рок од 24 часа од приемот на истата, ќе се смета дека понудата за осигурување е прифатена.
Член 23
Договорот за осигурување се смета дека е заклучен кога осигурувачот ќе ја прифати понудата за осигурување.
2. Премија за осигурување
Член 24
Осигуреникот е должен премијата за осигурување да ја плати во рок од 8 дена од приемот на фактурата, доколку не е поинаку договорено.
Премијата за осигурување може да ја плати секое друго заинтересирано лице кое има имотно правен интерес договорот за осигурување да се одржи.
Денот на уплатата на премијата за осигурување преку пошта со уплатница или со налог за пренос, се смета како ден на уплата на премијата за осигурување на осигурувачот.
Член 25
Ако осигуреникот не ја уплати премијата за осигурување, а дојде до остварување на осигурен ризик, осигурувачот може да го одбие осигуреникот од надоместок на штета.
3. Утврдување на висина на штета
Член 26
Осигурувачоти и осигуреникот заеднички ја утврдуваат штетата или загубата на стоката настаната за време на транспорт.
Доколку возарот одбие да учествува во утврдувањето на штетата, осигуреникот е должен да превземе
мерки поради обезбедување на докази дека штетата се случила за време на осигуреното патување и за тоа да го извести осигурувачот, доколку смета дека штетата ќе го надмине изнсот од ЕУРО 1.000.
Доколку осигуреникот не постапи според одредбите од претходниот став на овој член, ќе се смета дека осигуреникот ја примил стоката без оштетувања.
Член 27
Оштетното барање за обештетување по основ од осигурување се поднесува во писмена форма.
Кон оштетното барање се поднесува оригинал од полисата за осигурување, оригинални транспортни исправи, записник за утврдување на штетата, фактура за осигурената стока или друг доказ за утврдување на вредноста на стоката и други докази за платени трошоци во врска со оштетената стока, доколку зависните трошоци се осигурени, како и други докази за причина и висина на штетата.
Со поднесувањето на оштетното барање, осигуреникот на осигурувачот по пат на цесија му ги пренесува и своите права кон лица виновни (одговорни) за настанување на штетата.
Остварување на правата од договорот за осигурување
Оштетеното лице или корисникот на осигурување го доставува оштетното побарување до Друштвото за осигурување во писмена форма,на образец предвиден од осигурувачот-Пријава на штета или во слободна форма кога оштетното побарување се однесува на нематеријална штета.
Оштетното побарување може да се поднесе лично или преку полномошник
,директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште или во било која podru`nica на Друштвото.
Оштетното побарување може да се поднесе и преку пошта или по електронски пат на следната емаил адреса: xxxx@xxxxx.xx
Кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво осигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво во случај на настанување на осигурениот случај.
Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата. Доколку барањето е некомплетно ,осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето .
Осигурувачот може да донесе одлука за решавање на штетата и во случај кога осигуреникот не постапил по најмалку две последователни барања за доставување на дополнителна документација од став 3 на овој член,но ваквата одлука не може да биде донесена во рок пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за штета.
Член 28
Осигурувачот е должен на осигуреникот да му исплати надоместок на штета до висина на вистинската штета на стоката, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
Доколку осигурената вредност на стоката и добивката е поголема од вистинската вредност на стоката, односно од добивката која може да се осигура, осигурувачот ќе ја надомести вистинската штета.
Доколку осигурената вредност на стоката односно на добивката е помала од вистинската вредност односно од висината на добивката која може да се осигура, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која одговара на односот помеѓу осигурената и вредноста која можела да се осигура, но најмногу до осигурената вредност.
Осигурената вредност ја претставува максималната граница на обврската на осигурувачот кон осигуреникот.
Член 29
Кај хартиите од вредност, штедните книшки,меници, чекови и други вредносни ствари кои можат да се огласат како неважечки, осигурувачот како штета ќе ги надомести трошоците за тоа извесување.
Доколку се оствари наплатата на некоја од вредностите наведени во претходниот став или осигуреникот поради нивното огласување за неважечки претрпел некаква штета, осигурувачот ќе му ја надомести на осигуреникот вистинската штета до осигурениот износ на таа ствар.
Член 30
Придонесот за Генерална Xxxxxxxx, осигурувачот ќе го плати врз основа на дефинитивна пресметка во целост доколку придонесот утврден во пресметката е еднаков или помал од осигурената вредност на стоката.
Ако придонесот во Хаваријата е поголем од осигурената вредност на стоката, осигурувачот на име придонес ќе ја надомести вистинската штета до осигурениот износ на тој предмет.
Член 31
Генералната Xxxxxxxx и спасувањето се уврдува спрема прописите и праксата кои важат во определеното место на стоката односно брдот.
Ако тоа во договорот за превоз е предвидено, пресметката за Генерална Xxxxxxxx може да се направи и по правилата на Ѕорк Антњерпен од 1950 година.
Член 32
Во случај да е договорена интегрална или одбивна франшиза, осигурувачот ќе го надомести делот на штетата кој го надминува износот на договорената франшиза, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
Ако тоа во договорот за осигурување не е предвидено, настанат кусок поради природно својство, губиток на тежина (кало), истекување, испарување, растур на осигурената стока, осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му ја надомести штетата која го надминува изнсот на таа редовна загуба.
Член 33
Осигурувачот, покрај надоместокот за загуба или оштетување на стоката, ќе му ги надомести на осигуреникот и разумно направените трошоци за спасување на стоката.
Ако осигурената вредност на стоката е помала од вистинската вредност, осигурувачот на осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за спасување во пропорција која одговара на односот меѓу осигурената вредност и вистинската вредност на стоката.
Надоместокот на штетата на стоката и трошоците за спасување кои ги плаќа осигурувачот, не може да биде поголем од осигурената вредност на стоката.
Член 34
Осигурувачот ќе му надомести на осигуреникот и штета која тој треба да ја плати на сопственикот на брод по основ на договорот за превоз (Xxxxxxxx Xxxxx поради обострана вина).
Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за секое барање на сопственикот на бродот.
Осигурувачот има право по приемот на известувањето да ги превземе сите мерки со цел заштита на интересот на осигурувачот и осигуреникот. Трошоците за превземените правни работи паѓаат на товар на осигурувачот.
Доколку осигурувачот му исплати надоместок на осигуреникот според одредбите на став 1 од овој
член, тогаш осигуреникот нема право на надоместок по основ на осигурувањето на стоката.
Член 35
1. Осигурувачот не е во обврска да му исплати штета на осигуреникот доколку:
а) релацијата или превозното средство не одговара на пријавените во договорот за осигурување.
б) осигуреникот ги прикрил или неточно ги прикажал околностите битни за оценка на ризикот.
2. Осигурувачот не е во обврска на осигурникот да му исплати и надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради пропусти на осигуреникот да превземе мерки за спречување на настанување на штета односно за отклонување на штетните последици.
3. Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба или оштетување на стока кои ќе настанат по вина на возарот и / или други чувари кои можат да бидат одговорни за таква загуба или оштетување за време додека стоката се наоѓа кај нив за чување или згрижување, доколку осигуреникот во договорот за преовоз или вскладиштување се откажал од правото на надомест поради штета од нив.
4. Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести и штета која ќе настане по вина на возарот или чуварот, доколку осигуреникот во договорот за превоз односно вскладиштување, ги овластил нив да можат да се користат со правото од договорот за осигурување.
5. Со исклучок на одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член, ако до загуба или оштетување на стоката дојде поради остварување на некои од осигурените опасности, а возарот односно чуварот на стоката
ќе одбие на осигуреникот да му ја надомести штетата, осигурувачот на осигуреникот ќе му даде бескаматна позајмица во висина на износот кој осигурувачот би го платил да не е исклучена обврската
на осигурувачот по одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член.
6. Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да поведе спор против возарот односно чуварот за надомест на настанатата штета на стоката.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ја врети позајмицата во износ кој успеал да го оствари во спорот против превозникот односно чуварот на стоката.
Трошоците за спорот паѓаат на товар на осигурувачот во делот кој се однесува на дадената позајмица на осигуреникот.
Член 36
Обврската на осигурувачот за исплата на оштетата, започнува од денот на прием на доказите потребни за утврдување на обврските на осигурувачот од договорот за осигурување.
Пренесување на правото од осигурувањето
Член 37
Осигуреникот може ако со тоа е согласен осигурувачот, своите права од осигурувањето да ги пренесе на други лица.
Право на регрес/суброгација
Член 38
Со исплатата на штетата, на осигурувачот му припаѓаат, во границата на исплатената штета, сите права кои осигуреникот ги има спрема лицата виновни (одговорни) за настанатата штета.
Осигуреникот е должен да ги превземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес во корист на осигурувачот.
Осигурувачот може, во случај осигуреникот да пропушти да превземе мерки од претходниот став, да го одбие осигуреникот од надоместок на штета во висина на износот што можел да се наплати по пат на регрес од причинителот на штетата.
Отказ на договорот за осигурување
Член 39
Секоја договорна страна може да го откаже договорот за осигурување со неодредено траење, доколку договорот не престанал да важи по некој друг основ.
Откажувањето се врши по писмен пат најдоцна три месеци пред истекот на тековната година на осигурување. Ако осигурувањето е склучено на рок подолг од пет години, секоја страна може по изминување на овој период, со отказен рок од шест месеци, писмено да ја извести другата страна дека го раскинува договорот.
Обврски за чување на доверливи податоци
Член 40
Сите податоци за договорувачот и осигуреникот, за содржината на договорот за осигурување, како и за трери лица, со кои осигурувачот ќе стапи во врска со договорт за осигурување, осигурувачот има обврска да ги чува како доверливи податоци, согласно со Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштита на лични податоци.
Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следните случаи:
1.Ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2.во случаи предвидени со Закон за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело како и финансирање на тероризам;
3.ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негод осигурени и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4.ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник нс одигурувањето и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5.ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности; 6.ако податоците се побарани од страна на даночен орган а во врска со водење на постапка во негова надлежност.
За давање на податоците осигурувачот постапува исклучиво по писмено барање поднесено од барателот на информацијата.
Осигурувачот е должен да дава податоци на барање на осигуреникот (договорувачот, корисникот) за неговите сопствени податоци кои се чуваат во регистрите на осигурувачот, како и да корегира податоци во регистрациите иницирани од осигуреникот.
Застарување на побарувањата
Член 41
Побарувањаата на договорувачот на осигурувањето, на осигуреникот, односно на друго трето лице од договорт за осигурување, склучен според овие Услови, застаруваат за 3 (три) години, сметајќи од првиот ден по истек на календарската година во која побарувањето настанало.
Ако заинтересираното лице докаже дека до денот на определен во предходниот став на знаело дека настанал осигуран случај, застарувањето почнува од денот кога за тоа дознало, со тоа што во секој случај побарувањето застарува за 5 (пет) години од денот определен во предходниот став.
Застарување на побарувањето што му припаѓа на осигурувачот спрема лицето одговорно за настанување на осигурениот случај, почнува да тече кога и застарувањето на побарувањето на осигуреникот спрема тоа лице и се навршува во истио рок.
1. Oрганизационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување (комисија за постапување по претставки);
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Претставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, дирекно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето, по пошта или електронски пат на маил адресата xxxx@xxxxx.xx , или во било која експозитура на Друштвото.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените претставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката. Друштвото води регистар на доставени и решени претставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Доколку спорот не решен во постапка по приговор ,секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно прописите кои ја уредуваат оваа постапка
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи.
Примена на законски прописи
Член 43
Сите права и обврски на договорните страни, на осигуреникот, како и на трети лица што произлегуваат од договорот за осигурување, кои не се регулирани со конкретниот договор и овие Услови, се применуваат одредбите и на Законот за облигациони односи.
Надлежен суд
Член 44
Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурување, односно осигуреникот и осигурувачот месно надлежен е надлежниот суд според местото на склучување на договорот за осигурување
Член 45
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати до допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или претставки.
Член 46
Во случај на спор во врска со примената на овие Општи услови во поглед на односите помегу осигурувачот и осигуреникот/корисникот на осигурување или трети лица за извршувањето, обемот и пристигнувањето на обврските ке се примени Закон за облигациони односи ,Законот за супервизија на осигурувањето и другите важечки законски и подзаконски акти.
Член 42
Право на претставка
Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до: