Contract
БИДИ ОДГОВОРЕН ЗА СЕБЕ И ЗА НАШАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Постапувајќи согласно одредбите на склучениот Договор со Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, Одделене за соработка со невладини организации и Здружение на граѓани Флорозон - Центар за еколошка демократија, број на договор 0507/93
Здружение на граѓани Флорозон- Центар за Еколошка Демократија Скопје објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за изработка на три истражувачки стории СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ 0507/93,
Почитувани,
Центар за еколошка демократија Флорозон во рамки на “Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија” Ве поканува да учествувате во постапка за изработка на три истражувачки стории. Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
- Барање за понуда и опис на услуги
- Образец на понуда ( Техничка и Финансиска понуда )
Со почит,
ЦЕД ФЛОРОЗОН проект – “Xxxx одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”
Скопје,
05.08.2020 година
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Нарачател на услугите е здружение на граѓани Флорозон – Центар за еколошка демократија Скопје проект “Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”. Адреса на проект: Востаничка 2/7, 1000 Скопје, X.Xxx 292 , xxx.xxxxxxxx.xxx.xx, email: xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx; xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx;
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на работните задачи.
2. Предмет на договорт
Предмет на договорот е изработка три истражувачки стории. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Xxxxxxxxxxx се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасци дадени во прилог.
Елементи на понудата
- Анекс - Образец на понуда (Техничка и Финансиска понуда)
- ДРД образец од понудувачот или Тековна состојба
4. Начин на поднесување на понуди
Понудите мора да се поднесат најдоцна до 13.08.2020 година до 16 часот на следната адреса: Флорозон - Центар за еколошка демократија Скопје, адреса: Востаничка 2/7 1000 Скопје, X.Xxx 292 или на xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx; xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.
5. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице- понудувач.
6. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви со вклучен ДДВ.
7. Валута на понудите
Цената на понудата се изразува во денари со вклучен данок на додадена вредност.
8. Критериуми за доделување на договор
8.1 Критериуми за доделување на договорот за набавка на услуги е економски најповолна понуда. За носителот на набавка ќе биде избран оној понудувач кој ќе пониди најниска цена.
ЦЕД Xxxxxxxx го задржува правото да ја прифати или одбие било која понуда. Изборот на понудата ќе се врши според процедурите на проектот “Xxxx одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”
9. Потпишување на договорот
По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
Успешниот понудувач ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлука за избор на најповолна понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.