Contract
Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
ПГ-НЕ 17-10
Посебни услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај склучено кон осигурувањето на живот
член 1: општи одредби
[1] Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај склучено кон осигурувањето на живот (во натамошниот текст: Општи услови) се составен дел на договорот за осигурување на живот кој е склучен меѓу договарачот и Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (во натамошниот текст: осигурувач).
[2] Со овие Општи услови се регулираат односите меѓу осигурувачот и договарачот за следните осигурителни опасности, кои се последица на несреќен случај за:
- смрт,
- инвалидност – трајна загуба на општата работна способност (целосна или делумна),
- инвалидност со исплаќање на месечна рента за инвалидитет,
- фрактура, дислокација (исчашување) и изгореници,
- преодна неспособност за редовна работа,
- настанување на трошоци за лекување,
- сместување и лекување во болница.
[3] Изразите наведени во овие Општи услови го имаат следново значење:
- договарач е физичко или правно лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот;
- осигуреник е лице на кое се однесува осигурувањето и од чија смрт, инвалидитет или лекување поради телесна повреда зависи исплатата на осигурената сума;
- понудувач е лице кое сака да склучи договор за осигурување и за таа цел поднесува писмена понуда до осигурувачот;
- понуда е образец на осигурувачот кој ги содржи суштинските елементи на договорот за осигурување;
- корисник (лицето кое има право на користење) е лице на кое осигурувачот му ја исплаќа сумата на осигурување, односно нејзин соодветен дел или надоместок;
- полиса е исправа за склучен договор за осигурување;
- сума на осигурување е најголем износ што осигурувачот го гарантира;
- премија е износот кој договарачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување;
- надомест од осигурување е износ кој го исплаќа осигурувачот и претставува обврска на осигурувачот за поединечен случај;
- фрактура е фрактура (прелом) на коските, како и пукнатина или кршење на коските (фисура и абрупција);
- дислокација (исчашување) е целосна дислокација на коската од зглобот.
член 2: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување на лица од последици на несреќен случај може да се склучи врз основа на писмена понуда само како дополнително осигурување кон основното осигурување на живот. Договорот за осигурување е склучен со потпишување на полисата или листот за покритие. Може да се склучи и врз основа на писмена понуда. Притоа осигурувачот има право, во рок од 8 дена по приемот на понудата, да одреди посебни услови за прифаќање на понудата.
[2] Договарачот има право, и тоа само во случај кога се работи за договор склучен преку комуникациски средства, склучен за
повеќе од 30 дена, во рок од 14 дена од денот на склучувањето на осигурувањето, да се откаже од договорот за осигурување. Откажувањето мора да биде писмено и поднесено до осигурувачот до истекот на рокот, при што се смета дека било поднесено во рокот ако препорачано е предадено во пошта до истекувањето на рокот. Осигурувачот во тој случај има право да ја задржи премијата за осигурување за секој ден од осигурителното покритие.
[3] Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или тој бил во настанување, или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе престанала можноста тој да настане. Во таков случај веќе платената премија му се враќа на договарачот.
[4] Договорот за осигурување и сите додатоци на овој договор се важечки само ако се склучени во писмена форма.
член 3: обврски на договорачот на осигурувањето и последици од нивното неисполнување
[1] Договарачот е обврзан при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се важни за процена на опасноста и кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
[2] Ако договарачот намерно поднел неточна пријава или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би го склучил договорот ако знаел за вистинската состојба на работите, осигурувачот може да бара поништување на договорот или може да одбие да ја исплати осигурената сума ако осигуреникот умре пред осигурувачот да дознае за неточноста на пријавата. Во случај на поништување на договорот, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара плаќање на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
[3] Ако договарачот на осигурувањето поднел неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик. Договорот престанува по истекот на 14 дена откога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договарачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува согласно Законот за облигациони односи ако договарачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена откако го примил.
[4] Ако договорот се раскине според одредбата од претходниот став
на овој член, осигурувачот е обврзан да врати дел од премијата, која се однесува на времето до крајот на осигурителниот период.
[5] Ако осигурениот случај настанал порано, пред да биде утврдена неточноста или непотполноста на пријавата, или пред пропуштањето на должното известување, или подоцна, но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во сразмерност помеѓу висината на платените премии и висината на премии кои би морале да бидат платени според вистинската опасност.
член 4: лица кои може да се осигураат под овие услови
[1] Според овие услови, осигуреници можат да бидат лица на возраст од 14 до 75 години. Лицата помлади од 14 години и постари од 75 години можат да се осигурат под посебни или дополнителни услови.
[2] Лицата чија општа работна способност е намалена поради потешка болест, потешки телесни мани и недостатоци во смисла на член 8, став 1, точка 6, се осигуруваат со плаќање на зголемена премија.
[3] Лицата на кои во целост им е одземена работната способност, во секој случај се исклучени од осигурувањето, освен ако со законски прописи не е определено поинаку.
член 5: несреќен случај – незгода
[1] За несреќен случај се смета секој ненадеен настан независен од волјата на осигуреникот, кој дејствува главно однадвор и ненадејно на телото на осигуреникот, а кој има за последица негова смрт, инвалидност, фрактура, исчашување (дислокација) и изгореница, преодна неспособност за редовна работа, сместување и лекување во болница или настанување на трошоци за лекување.
[2] Несреќен случај во смисла на претходниот став преставува пред сè: прегазување, судар, удар со или во некаков предмет, струен удар или удар од гром, паѓање, лизгање, повредување со оружје, со други предмети или со експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување од страна на животни.
[3] Како несреќни случаи се сметаат уште и следниве ненадејни и непредвидени настани, како и настани кои се независни од волјата на осигуреникот:
1) труење предизвикано од консумирање на отров во храна или хемиски средства, труење предизвикано од вдишување на гасови или отровни испарувања, освен професионални заболувања;
2) инфекција на рана, предизвикана од несреќен случај;
3) изгореници од оган или електрична енергија, од жешки предмети, течности или пареа, киселини и бази;
4) давење и потопување;
5) гушење или задушување поради затрупување (со земја, песок и слично), како и поради вдишување на пареа или гас
– освен професионални заболувања;
6) прекумерен телесен напор, нагли телесни движења, до кои доаѓа поради непредвидени надворешни случувања, но само ако предизвикуваат најмалку целосно кинење на мускулите, целосно изместување на зглоб, целосно кинење на лигаменти, утврдени со артроскопија или МРИ, целосен прелом на здрави коски, кршење или загуба на постојаните здрави заби (заби кои сè уште не биле лекувани), кои непосредно по повредата биле констатирани во болница или во здравствена установа;
7) дејство на светлина, сончеви зраци или температура, ако осигуреникот бил изложен на такво дејство поради несреќен случај, кој се случил непосредно пред тоа или поради спасување на човечки живот.
[4] Како несреќен случај според овие услови не се сметаат:
1) сите вообичаени заразни и професионални болести, како и болести кои се пренесуваат со каснување или со убод од животни (менингитис предизвикан од крлежи, борелиоза, маларија и слично);
2) состојби на психички дисфункции (посттрауматски стресни пречки, депресивни и анксиозни состојби, органски растојства на личноста и слично), без оглед на причината;
3) стомачни, папочни, водени и други видови кила (хернија), со исклучок на оние кои настануваат поради директна повреда на абдоминалниот ѕид, под непосредно дејство на надворешна механичка сила, доколку по повредата, покрај трауматска кила, имало клинички констатирана повреда на меките делови на абдоминалниот ѕид во тоа подрачје;
4) инфекции и заболувања кои настануваат поради сечење или кинење на меури (плускавци) и други израстоци на кожата, како и актично предизвикани болести;
5) сите облици на алергии и анафилактички шокови;
6) прекумерен телесен напор, нагли телесни движења, до кои
доаѓа без надворешно дејствување, а кои не се предизвикани од последиците наведени во точка 6 став 3 од овој член и не биле непосредно по повредата утврдени во болница или здравствена установа;
7) интервертебрална хернија (hernie disci intervertebralis), сите видови на лумбаго, дископатија, сакралгии, цервикобрахијалгии, како и други облици на иритација на нервните корени, миофасцитиси, кокцидигнии, ишијалгии, фиброзитиси и сите промени на бубрежно-сакралниот предел, кои се означени со аналогни термини, како и повторувачки (хабитуални или рецидивни) исчашување или дислокација на истиот зглоб, без оглед на причината;
8) ретинална аблација (ablatio retinae), без оглед на причината;
9) последици кои настануваат поради делириум тременс (delirium tremens) и поради дејство на опојни супстанции или други психоактивни материи или психоактивни лекови;
10) последици од медицинските интервенции, кои се изведуваат заради лекување или спречување на болеста;
11) патолошки промени на коските, забите, ’рскавицата, како и последиците од несреќата на патолошко променетите коски, заби, ’рскавица;
12) зараза со вируси или салмонела, како и зараза поради консумирање на други патогени бактерии.
член 6: траење на осигурувањето и покритието
[1] Осигурувањето започнува во 24:00 часот на денот означен на полисата како почеток на осигурувањето и завршува во 24:00 часот на денот означен како крај на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено.
[2] Ако на полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето се продолжува од година во година (перманентно), сè додека некоја од странките не го откаже.
[3] Осигурувањето за секој поединечен осигуреник престанува, без оглед на тоа дали и колкаво времетраење било договорено, во 24:00 часот на денот кога:
1) кај осигуреникот настапила смрт, или ако кај него се утврди 100 % инвалидитет;
2) осигуреникот стане работно неспособен;
3) ќе истече годината на осигурување, во која осигуреникот наполнил 75 години старост;
4) ќе истече рокот од член 11, став 1 од овие услови, а премијата или премиската рата не била платена;
5) Договорот е поништен според членот 18 од овие услови.
[4] Ако не е поинаку договорено и определено во полисата за осигурување, осигурителното покритие започнува во 24:00 часот оној ден кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето, но не пред 24:00 часот оној ден кога била платена првата премија или рата од премијата.
член 7: обем на обврските на осигурувачот
[1] Кога ќе настане несреќен случај во смисла на овие услови, осигурувачот врши исплата на:
1) осигурена сума за смрт, ако осигуреникот починал поради несреќа и ако тоа се случило во рок од 180 дена по несреќата;
2) осигурена сума за инвалидитет, ако поради несреќниот случај кај осигуреникот настанал целосен инвалидитет;
3) процент од осигурената сума за инвалидитет, кој е адекватен на процентот на инвалидитет според Табелата на инвалидитет, ако поради несреќниот случај настапил делумен инвалидитет кај осигуреникот. За последиците од повредите кои не се експлицитно наведени во Табелата за инвалидитет, осигурувачот нема обврски;
4) месечна рента за инвалидитет, во согласност со член 15 став 6 од овие услови;
5) надоместок за фрактура, исчашување и изгореници, кој одговара на процентот од осигурена сума за фрактури, исчашувања и изгореници дефиниран во Табелата за фрактури, исчашувања и изгореници, ако осигуреникот поради несреќниот случај претрпел последици одредени во Табелата за фрактури, исчашувања и изгореници. За последиците од повредите, кои не се експлицитно наведени во Табелата за фрактури, исчашувања и изгореници,
осигурувачот нема обврски;
6) дневен надоместок во согласност со ставовите 13 и 14 од член 15 од овие услови, ако осигуреникот поради несреќниот случај бил преодно неспособен за извршување на своите редовни работни задачи;
7) враќање на трошоците за лекување, во согласност со ставовите 15 и 16 од член 15 од овие услови;
8) надоместок за болнички ден, во согласност со став 17 од член 15 од овие Општи услови;
9) други договорни обврски според посебните или дополнителните услови.
[2] Обврската на осигурувачот е дадена за несреќни случаи кои се случиле за времетраењето на осигурителното покритие и само за оние последици од несреќниот случај кои биле утврдени во медицинската документација во првата година по незгодата.
член 8: ограничувања на обврските на осигурувачот
[1] Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветната зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат пропорционално во сооднос помеѓу платената премија и премијата која би требало да се плати, кога ќе настане несреќен случај:
1) при извршување на особено опасни работи какви што се: демонтирање на мини, гранати и други експлозивнисредства, гонење при лов, каскадерство и настапување во посебно опасни филмски улоги, изведување на професионални и врвни спортски активности, професионално нуркање;
2) при управување и возење со летала и летачки направи од сите видови, освен за патниците во јавниот сообраќај;
3) на трки со моторни возила, без оглед на категоријата на возилото и на тренинзите;
4) при спортско учество на индивидуални или организирани тренизи, како и јавни спортски натпревари, на кои осигуреникот учествува како регистриран член на некоја спортска организација или друштво;
5) поради воени операции или немири, освен ако во нив не учествувал активно;
6) кај лицата кои прележале некоја тешка болест или при склучувањето на договорот за осигурување се тешко болни, или имаат вродени или стекнати тешки телесни мани или недостатоци, поради што нивната општа работна способност според овие услови е намалена за повеќе од 50 %.
[2] Поради несреќен случај што му се случил на осигуреникот како сопатник при возење со возило, чиј возач во моментот на несреќета возел под дејство на алкохол, опојни супстанции или други психоактивни супстанции, осигурувачот исплаќа
75 % од осигурената сума, и тоа без оглед на причинско- последичната врска. Осигурувачот ќе исплати ист дел од сумата на осигурувањето ако осигуреникот при незгодата не носел заштитна кацига, не бил врзан со заштитен појас во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, или ако незгодата на осигуреникот му се случила како патник при возење со возило чиј возач немал соодветна возачка дозвола, освен ако осигуреникот докаже дека нема причинско-последична врска. Во случај кога ограничувањето на обврските на осигурувачот е дадено по два или повеќе критериуми од овој став, осигурувачот исплаќа 55 % од сумата на осигурување.
[3] Ако осигуреникот не се придржува кон инструкциите на лекарот
што го лекува, осигурувачот не е должен да изврши исплата на осигурената сума во целост, туку во нејзин пропорционален дел, со оглед на зголемените последици што настанале поради тоа.
[4] Ако врз опсегот на последиците од несреќниот случај или на должината на лекувањето влијаеле и некои претходни заболувања, дегенеративни промени, состојби или недостатоци, обврската на осигурувачот се намалува. Во случај на присутни заболувања, дегенеративни промени, состојби или недостатоци, осигурувачот исплаќа 50 % од сумата на осигурување.
член 9: исклучување на обврските на осигурувачот
[1] Исклучени се обврските на осигурувачот за несреќни случаи кои настануваат:
1) поради земјотрес, природни непогоди, загадување на
животната средина или радиоактивно зрачење;
2) непосредно или посредно поради дејство на нуклеарна енергија;
3) поради воени операции, бунтови, немири, демонстрации, терористички дејства или саботажи;
4) поради активно учество во вооружени акции, освен ако осигуреникот во нив учествувал при вршење на своите работи и работни задачи, или на повик од овластени органи на државата на договарачот на осигурувањето;
5) при управување со летала и направи за летање од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна важечка дозвола за управување со видот и типот на леталото, пловниот објект, моторното или некое друго возило. Се смета дека осигуреникот има соодветна важечка возачка дозвола кога поради подготовка и при полагањето на испитот за добивање на службена дозвола вози под непосреден надзор на лице, кое според постојните прописи може да обучува. Последици по оваа точка нема доколку фактот дека осигуреникот немал соодветна важечка дозвола не влијаел врз настанувањето на несреќниот случај;
6) како последица од сите облици на зрачење, висинска и нуркачка болест, како и претерана изложеност на светлина, сончеви зраци и промена на температурата, освен во случај на спасување на туѓ живот;
7) поради растројство на свеста, епилептичен напад, мозочен удар, инфаркт, состојба на болест на осигуреникот, како и за сите последици од несреќниот случај кои ќе настанат поради сите видови на слабости;
8) поради обид за извршување на самоубиство или негово извршување;
9) поради намерно предизвикување на несреќен случај од страна на договарачот, осигуреникот, или тој што има право на тоа (корисникот). Ако има повеќе корисници, осигурувачот нема никакви обврски кон оној корисник кој намерно го предизвикал несреќниот случај;
10) при подготовка, обид или извршување на кривично дело, како и при бегство поради такво дело;
11) кога осигуреникот учествувал во физичка пресметка или ја предизвикал со вербална провокација, освен во случај на службено докажана самоодбрана. Осигуреникот мора самиот да ги докаже околностите при самоодбраната и на осигурувачот да му поднесе соодветни службени докази, односно службени документи;
12) поради дејство на алкохол, дрога или наркотици, односно други психоактивни супстанции или психоактивни лекови присутни кај осигуреникот при настанување на несреќниот случај.
Се смета дека несреќниот случај се случил поради дејство на алкохолот кај осигуреникот:
- ако како возач на моторно возило при несреќниот случај имал повеќе од 0,24 милиграми алкохол во литар издишан воздух – (0,5 ‰ алкохол во крвта) или повеќе од 0,48 милиграми алкохол во литар издишан воздух (1 ‰ алкохол во крвта) при други несреќни случаи;
- ако алкотестот е позитивен, а осигуреникот не се погрижи со крвна анализа прецизно да биде утврден степенот на алкохол во крвта;
- ако по настанувањето на несреќниот случај избегне утврдување на степенот на алкохолизираност, односно одбие или поинаку го оневозможи утврдувањето на присуството на алкохол во крвта за време на несреќниот случај.
Се смета дека несреќниот случај се случил поради дејство на опојни или други наркотици, односно други психоактивни материи или психоактивни лекови кај осигуреникот:
- ако со стручен преглед или со токсиколошка истрага се утврди кај осигуреникот присуство на опојни или други наркотици;
- ако со токсиколошката истрага е потврдена содржината на психоактивните материи или психоактивни лекови во урината или во крвта, во концентрација поголема од терапевтските дози;
- ако го одбие или го избегне утврдувањето на присутност на опојни или други наркотици, односно други психоактивни материи или психоактивни лекови во неговиот организам.
[2] Исклучени се обврските на осигурувачот за последици од несреќен случај кои не биле познати или утврдени во медицинската документација во првата година по несреќниот случај.
член 10: плаќање на премија
[1] Премијата се плаќа однапред, одеднаш за целата година на осигурување. Ако е договорено годишната премија да се плаќа на полугодишни, квартални, месечни рати, на осигурувачот му припаѓа премијата за целата година на осигурување.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа на рати и ако доспеаната рата од премијата не е платена до денот за наплата, осигурувачот има право да пресмета затезна камата. Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, при настанување на осигурен случај доспеваат за наплата сите неплатени премиски рати, кои осигурувачот може да ги надомести со исплаќање на сумата на осигурување или со надоместот од предметното осигурување.
[3] Ако премијата е платена во пошта, банка или на друго место за плаќање, се смета дека премијата е платена оној ден кога дознаката ќе пристигне на трансакциската сметка на осигурувачот.
[4] Премијата, договорена за целата тековна осигурена година, му припаѓа на осигурувачот, ако осигурувањето престанало пред договорениот рок поради исплата на осигурената сума за смрт или целосен инвалидитет. Во други случаи кога престанува важноста на договорот за осигурување пред договорениот рок, на осигурувачот му припаѓа премија само до крајот на денот до кој траело неговото покритие.
[5] Ако според договореното време на осигурување во договорот за осигурување била одредена пониска премија, а осигурувањето од која било причина престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да побара разлика до таа (повисока) премија, која договарачот би морал да ја плати ако договорот би бил склучен само за тоа време за колку што вистински и траел.
член 11: последици од неплаќање на премијата
[1] Ако договарачот не ја плати премијата до договорениот рок, а тоа не го стори ниту друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува по 30 дена, почнувајќи од денот кога на договарачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за стасаност на премијата, при што тој рок не може да истече пред 30 дена по стасаноста на премијата.
[2] По истекот на рокот од првиот став на овој член, ако договарачот доцни со плаќање на премијата која треба да ја плати по склучувањето на договорот, односно со втората и следните премии, осигурувачот може да го прекине договорот за осигурување без отказен рок, со тоа што прекинувањето на договорот за осигурување да настапи со истекот на рокот од првиот став на овој член и со престанувањето на осигурителното покритие, ако договарачот бил предупреден за тоа, со известување со препорачано писмо дека премијата достасала за наплата и за престанок на осигурителното покритие.
[3] Ако договарачот ја плати премијата по истекот на рокот од првиот став на овој член, но во рок од една година од достасувањето за наплата на премијата, осигурувачот е должен, ако настане осигурен случај, да ја плати сумата на осигурување од 24-тиот час од денот на плаќањето на премијата и затезните камати.
член 12: промена на опасностите за времетраење на осигурувањето
[1] Договарачот, односно осигуреникот е обврзан на осигурувачот да му пријави промена на своите редовни задачи и работи.
[2] Ако поради тие промени се зголемила опасноста, осигурувачот има право да ја зголеми премијата, а ако опасноста се намалила, осигурувачот мора да предложи намалување на премијата или зголемување на осигурените суми. Така утврдените осигурени суми и премија важат од денот на промената на работните задачи.
[3] Ако договарачот не пријави промена на работните задачи или не се согласи на зголемување, односно намалување на премијата во рок од 14 дена, во случај на настапување на осигурен случај,
осигурените суми се зголемуваат или намалуваат во однос меѓу платената премија и премијата која би требало да биде платена.
член 13: пријавување на несреќниот случај
[1] Осигуреникот кој е повреден поради несреќен случај е должен:
1) по можност, веднаш да отиде на лекар, односно да повика лекар поради преглед и укажување на потребна помош и веднаш да ги преземе сите потребни мерки поради лекување, како и да се придржува кон лекарските совети и упатства во поглед на начинот на лекување;
2) да обезбеди соодветни докази за случувањето и текот на несреќниот случај;
3) по писмен пат да го пријави несреќниот случај кај осигурувачот кога тоа ќе му го овозможи здравствената состојба;
4) во пријавата за несреќниот случај да му ги даде на осигурувачот сите потребни известувања и податоци, кои ги бара осигурувачот за решавање на осигурениот случај, а посебно: местото и времето кога се случил несреќниот случај, целосен опис на случувањето на несреќниот случај, име на лекарот кој го прегледал или го лекувал, лекарски наоди, фотокопија од евиденцијата на болеста кај матичниот лекар, фотокопија од потврдата за оправдано отсуство од работа (болнички лист), фотокопии од упатите на прегледи (упати), доказ за престој во болница (отпусно писмо), оригинални сметки за враќање на трошоците за лекување(доколку според договорот за осигурување е договорено нивно покривање) и друга документација за текот на лекувањето и за видот на телесни повреди, за настанатите и за можните последици, како и податоците за телесните мани, недостатоци и болести кои ги имал пред несреќниот случај.
[1] Ако несреќниот случај предизвикал смрт на осигуреникот, корисникот на осигурувањето тоа треба веднаш писмено да го пријави кај осигурувачот и да ја обезбеди потребната документација.
[2] Осигурувачот не ги покрива адвокатските трошоци, односно трошоците за друго застапување во постапката на пријава и решавање на осигурениот случај, како и трошоците во жалбената постапка.
член 14: утврдување на правата на корисникот на осигурување
[1] Ако поради несреќниот случај настапи смрт кај осигуреникот, корисникот е должен да ја поднесе полисата и докази дека смртта настапила како последица на несреќен случај. Ако лицето кое настапува како корисник не е изрично наведено како такво во договорот за осигурување, мора да го докаже правото за примање на осигурените суми.
[2] Во случај на остварување на правата од склученото осигурување, осигуреникот мора да ги достави полисата, доказ за платена последна премија, докази за околностите за случување на несреќниот случај и докази за текот и завршувањето на лекувањето, како и за настанатите последици за определување на конечниот степен на инвалидитет.
[3] Степенот на инвалидитет се определува според Xxxxxx на инвалидитет за определување на трајна загуба на општата работна способност поради несреќен случај, а висината на надоместокот за фрактури, исчашувања и изгореници според Xxxxxxxx за фрактури, исчашувања и изгореници, коисе наведени во овие Општи услови, според утврдената и со здравствената документација докажана дијагноза. Индивидуалните способности на осигуреникот, социјалната положба или работното подрачје (професионална способност) не се земаат предвид при определувањето на степенот на инвалидитет.
[4] При загуба на повеќе екстремитети или органи поради еден несреќен случај, процентите на инвалидитет за секој поединечен ектремитет или орган се собираат.
[5] Ако збирот на проценти на инвалидитет за загуба или повреда на повеќе екстремитети или органи поради еден несреќен случај е повеќе од 100 % според Табелата, осигурувачот не е обврзан да исплати повеќе отколку што изнесува осигурената сума за целосен инвалидитет.
[6] За повеќекратни повреди на ист екстремитет или орган осигурувачот е обврзан да го исплати најмногу оној процент на инвалидитет кој во Табелата е определен за целосна загуба на екстремитетот или органот, односно дел од екстремитетот или органот.
[7] Ако општата работна способност на осигуреникот уште пред несреќниот случај била намалена, обврската на осигурувачот се определува според новиот инвалидитет, независно од претходниот, освен во случај кога осигуреникот загуби или повреди веќе претходно повреден екстремитет, орган или зглоб. Во таков случај осигурувачот врши исплата само на разликата меѓу претходниот и новиот степен на инвалидитет, но најмногу разликата до инвалидитетот кој според Табелата е предвиден за неподвижност на зглобот, односно целосна загуба на екстремитетот или органот, односно дел од екстремитетот или органот.
[8] Осигурувачот не ги покрива трошоците за добивање на медицинска документација, како и за преводите и копиите од таа документација, кои осигуреникот е должен да ги поднесе како доказ за настанувањето, постоењето и опсегот на осигурениот случај. Осигурувачот има право на свој трошок да преземе сè што е потребно за преглед на осигуреникот кај лекар, кај лекарски комисии или во здравствени установи.
член 15: исплата на осигурените суми
[1] Осигурувачот врши исплата на осигурената сума, односно нејзин соодветен дел на корисникот или на осигуреникот во рок од 14 дена по приемот на сите докази за постоењето и висината на својата обврска. Ако исплатата се врши по пошта или банка, се смета дека е извршена по 24:00 часот, кога во пошта или банка е потврдена уплатата.
[2] Осигурувачот исплаќа осигурена сума за смрт поради несреќен случај ако осигуреникот умре поради последиците од несреќниот случај најдоцна во рок од 180 дена по несреќниот случај.
[3] Ако осигуреникот умрел поради која било друга причина, која не е последица од несреќниот случај, најдоцна во рок од три години од денот на несреќниот случај, а степенот на инвалидитет сè уште не бил одреден, инвалидитетот се определува врз основа на постојната медицинска документација. Покрај евентуално веќе претходно исплатена аконтација за инвалидитет, осигурувачот исплаќа само уште разлика до утврдениот степен на инвалидитет.
[4] Конечниот степен на инвалидитет се определува по завршеното лекување, кога последиците од повредите ќе се смират, а тоа е кога според оцената на лекарот не може да се очекува состојбата ниту да се подобри ниту да се влоши. Ако таа состојба не настапи ниту по три години по несреќниот случај, како конечна се зема состојбата по истекувањето на тој рок и според неа се определува крајниот степен на инвалидитет. Евентуалното натамошно влошување на здравствената состојба не влијае врз обврската на осигурувачот, бидејќи обврската на осигурувачот (краен степен на инвалидитет) се определува по изминувањето на три години од случувањето на незгодата. Степенот на инвалидитет го одредува лекарот на осигурувачот, врз основа на поднесената медицинска документација и извршениот лекарски преглед, освен ако осигурувачот не одлучи поинаку.
[5] Сè додека не е можно да се утврди крајниот степен на инвалидитет на осигуреникот, осигурувачот може да исплати износ кој неоспорно одговара на степенот на инвалидитет, за кој врз основа на лекарската документација можело дури и тогаш без сомнение да се утврди дека трајно ќе остане.
[6] Ако несреќниот случај има за последица инвалидитет на осигуреникот според Табелата за инвалидитет во висина од 50
% или повеќе и ако со договорот за осигурување е договорена исплата на месечна рента за инвалидитет, осигурувачот започнува да ја исплаќа месечната рента за инвалидитет од следниот месец, кога во согласност со став 4 од овој член е утврден конечниот степен на инвалидитет, и ја исплаќа во времетраење од 5 години. Во случај на смрт на осигуреникот за време на исплаќањето на месечната рената за инвалидитет, се продолжува со исплаќањето на остатокот од ратите на месечната рента за инвалидитет на корисникот за случај на
смрт. Исплаќањето на месечната рента за инвалидитет според договорот за осигурување е ограничено најмногу за еден несреќен случај за поединечен осигуреник во времетраењето на осигурувањето.
[7] При фрактура на повеќе коски истовремено поради еден несреќен случај, осигурувачот исплаќа надомест за сите фрактури на коските. При фрактура на повеќе пршлени, повеќе ребра или повеќе прсти, осигурувачот исплаќа надомест за најмногу три пршлени, три ребра и два прста. Вкупната исплата поради фрактури на повеќе коски во еден несреќен случај не може да надмине 100 % од осигурената сума за фрактура, исчашување или изгореница. Доколку се работи за кршење или пукање на коска, осигурувачот исплаќа 50 % од надоместот за фрактура на коските.
[8] При повеќекратна фрактура на иста коска поради еден несреќен случај, осигурувачот исплаќа надомест за фрактура на таа коска само еднаш.
[9] При повеќе исчашувања истовремено на ист екстремитет поради еден несреќен случај, осигурувачот го исплаќа само оној надомест за исчашување на оној зглоб кој според Табелата на фрактури, исчашувања и изгореници е поповолен за осигуреникот. При исчашување на повеќе зглобови истовремено поради еден несреќен случај, осигурувачот исплаќа надомест за сите исчашувања на зглобовите, но вкупната исплата поради исчашувањата не може да надмине 100 % од осигурената сума за фрактура, исчашување и изгореници. Во случај на исчашување на повеќе прсти на раката, осигурувачот исплаќа надомест за исчашување на најмногу два прста на една рака.
[10] Осигурувачот не исплаќа надомест за исчашување во случај кога се работи за повторувачко или хабитуално исчашување.
[11] Осигурувачот исплаќа надомест за изгореници од III степен кои се последица од несреќниот случај, како што е одредено во Табелата за фрактури, исчашувања и изгореници.
[12] Вкупниот надомест за фрактури, исчашувања и изгореници поради еден несреќен случај не може да надмине 100 % од осигурената сума за фрактура, исшачување и изгореница.
[13] Ако несреќниот случај има за последица преодна неспособност за редовна работа на осигуреникот и според договорот за осигурување е договорена исплата на дневен надомест, осигурувачот му го исплаќа на осигуреникот тој надомест во договорената висина од денот одреден во полисата (договорена каренца). Ако тој ден не е одреден, тогаш од првиот ден кој следува по денот откога започнало лекувањето кај лекарот или во здравствената установа. Осигурувачот исплаќа дневен надомест до настанувањето на првиот од следниве случаи: последен ден од траењето на преодната неспособност за работа, смрт на осигуреникот, утврдувањето на конечниот степен на инвалидитет, а во секој случај дневниот надомест се исплаќа најмногу за првите 200 дена од преодната неспособност за работа и само за преодна неспобност за работа која настапила во првите три години по несреќниот случај. Дневниот надомест не се исплаќа за времето на преодната неспособност за работа по утврдувањето на конечниот степен на инвалидитет, освен ако здравствената состојба се влоши пред истекот на трите години од настанувањето на несреќниот случај и се промени конечниот степен на инвалидитет. Дневниот надомест го признава, односно го одредува осигурувачот врз основа на здравствената документација. Дневниот надомест се признава само ако осигуреникот поради несреќниот случај бил преодно неспособен за извршување на своите работни задачи и поднел потврда за оправдано отсуство од работа. Во случај на негово присуство на работа, и покрај имобилизација или при друг облик на лекување, дневен надомест не се признава. Во случај на скратено работно време на осигуреникот поради несреќниот случај, дневниот надомест се признава пропорционално (сразмерно) на уделот. Дневен надомест не се признава за времето на чекање за изведување на физикална терапија, одредени испитувања, операции или за време на приемот во болница. Ако осигуреникот е самовработено лице, за преодна неспособност за работа се смета само оправдано отсуство од работа (отворени денови за боледување) во согласност со
Законот кој ја уредува здравствената заштита и здравственото осигурување.
[14] Осигурувачот во секој случај има право, по своја процена, според природата на повредата и нејзината последица, како и врз основа на здравствената документација, да го скрати дневниот надомест, и тоа во случај кога болестите на осигуреникот влијаат врз продолжувањето на времето за лекување. За одредување на дневниот надомест се зема предвид просечното траење на лекувањето, за повредите од ист вид, без земање предвид на можните компликации при лекувањето, според препораките на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ако преодната работна неспособност била продолжена поради некои други здравствени причини, осигурувачот е должен да исплати дневен надомест, само за оној дел од траењето на неспособноста за работа кој е исклучителна последица од несреќниот случај.
[15] Ако како последица на несреќниот случај се направат трошоци за лекување и со договорот за осигурување е договорено враќање на трошоците за лекување, осигурувачот на осигуреникот (без оглед на тоа какви се другите последици), по доставените докази, ќе му ги надомести сите реални и потребни трошоци за лекување, но најмногу до сумата која е наведена на полисата. Осигурувачот врши поврат само на трошоците за лекување кои ќе настанат во првите три години по несреќниот случај.
[16] Како трошоци за лекување според претходниот став се сметаат трошоците за прегледи и други испитувања, трошоците за препишани лекови, трошоците за физикална терапија, трошоците за купување на други помагала, доколку е тоа потребно по извршена процена на лекарот и очигледно од соодветниот упат. Осигурувачот е должен да ги надомести само оние трошоци за лекување кои осигуреникот мора да ги плати на сопствен трошок (трошоците за превоз, како што се километража, автобус, воз, такси и слично не се сметаат за трошоци за лекување). Осигуреникот мора на осигурувачот да му поднесе оригинални докази, односно сметки, кои се однесуваат на трошоците за лекување.
[17] Акопорадинесреќенслучајепотребносместувањеилекувањево болница и во договорот за осигурување е договорен и надомест за болнички ден, осигурувачот го исплаќа договорениот износ за болнички ден за секој календарски ден за сместување на осигуреникот во болница, но најмногу за 365 дена во текот на две години од денот на несреќниот случај. За болници се сметаат општи и специјални болници и клиники, чија дејност е комплексна дијагностика и лекување. Лекувалишта, домови и установи за рекреација и одмор не се сметаат за болници.
[18] Ако несреќниот случај како последица има смрт или инвалидитет на осигуреникот, осигурувачот му ја исплаќа на корисникот, односно на осигуреникот, осигурената сума или нејзин дел договорен за такви случаи, без оглед на евентуално исплатениот надомест за болнички ден и евентуален поврат на трошоците за лекување.
член 16: определување на корисници на осигурувањето
[1] Корисникот за случај на смрт на осигуреникот се определува на полисата.
[2] Ако на полисата или во дополнителните услови не е поинаку договорено, корисници во случај на смрт на осигуреникот се:
1) децата и брачниот другар на осигуреникот со еднакви делови;
2) ако нема брачен другар, децата на осигуреникот со еднакви делови;
3) ако нема деца, брачниот другар и родителите на осигуреникот. Во тој случај на брачниот другар му припаѓа половина од осигурената сума, а другата половина на родителите, односно на оној од родителите кој е жив. Ако родителите на осигуреникот умреле пред него, целата осигурена сума му припаѓа на брачниот другар;
4) ако нема брачен другар, ниту деца, осигурената сума им припаѓа на родителите на осигуреникот во еднакви делови. Ако е жив само еден од родителите, нему му припаѓа целата осигурена сума;
5) ако нема лица наведени во претходните точки од овој став, корисници се наследниците на осигурувачот врз основа на правосилно оставинско решение.
[3] За брачен другар се смета лицето кое било со осигуреникот во брак за време на неговата смрт.
[4] Во случај на инвалидитет или инвалидитет со исплаќање на месечна рента за инвалидитет, за случај на фрактури, исчашувања и изгореници, преодна неспособност за работа, како и во случај на враќање на трошоците за лекување или лекување во болница, корисник е самиот осигуреник, доколку не е поинаку договорено.
[5] Ако корисник е малолетно лице, сумата од осигурувањето им се исплаќа на неговите родители, односно старатели. Осигурувачот бара од старателот за таа цел да поднесе полномошно од надлежниот орган за старателство.
член 17: застарување на побарувањата
[1] Побарувањата од договорот за осигурување на лица од последици на несреќен случај склучен кон осигурувањето на живот, застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 18: откажување на договорот за осигурување
[1] Ако траењето на осигурувањето не е определено во договорот, секоја страна може да го откаже договорот со денот на стасаноста на премијата, само претходно за тоа треба писмено да ја извести другата страна најмалку три месеци пред стасаноста на премијата. Се смета дека траењето на осигурувањето не е определено ако во договорот е утврдено времетраење со можност договорот да се продолжува за ист временски период, ако страните пред стасаноста на премијата не го откажат договорот.
[2] Ако осигурувањето е склучено на повеќе од 3 години, по истекот на тој период секоја страна со отказен рок од шест месеци смее да отстапи од договорот, а за тоа писмено да ја извести другата страна.
член 19: промена на општите услови или тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени Општите услови или тарифата на премии, должен е за тоа да го извести осигуреникот на соодветен начин.
[2] Ако договарачот не го откаже договорот за осигурување во рок од 30 дена од денот на известувањето, новите услови за осигурување, односно тарифи на премии се применуваат од почетокот на следната година на осигурување.
[3] Ако договарачот го откаже договорот за осигурување, тој престанува да важи со истекот на осигурителната година, во која осигурувачот го примил откажувањето.
член 20: промена на податоците и известување од страна на осигурувачот
[1] Договарачот мора да го извести осигурувачот за промената на адресата на своето живеалиште, односно седиштето, или на своето име, односно името на фирмата, во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договарачот ја промени адресата на живеалиштето, односно седиштето, или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да му го прати известувањето на договарачот на адресата на неговото последно познато живеалиште, односно седиште, или да го адресира на неговото последно познато име, односно името на фирмата.
[3] Известувањето, пратено од страна на осигурувачот, се смета за извршено петнаесеттиот ден откако пратката, односно известувањето за пратка е доставено до договарачот, на адресата на неговото последно познато живеалиште или седиште, односно неговото последно познато име, односно името на фирмата.
член 21: заштита на личните податоци
[1] Договарачот, односно осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци, изречно се согласува неговите
лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна, или пак по барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
[2] Договорачот, односно осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или кај која било друга надлежна институција, и да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
[3] Договарачот, односно осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
[4] Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
член 22: вонсудско решавање на спорови
[1] Осигуреникот, корисникот на осигурувањето или трето оштетено лице има право да поднесе претставка (жалба) до осигурувачот доколку смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
[2] Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/ трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
[3] Доколку не е задоволен од одговорот на осигурувачот или ако осигурувачот не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/ корисникот на осигурувањето има право да поднесе претставка/ жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.
член 23: надлежност во случај на спор
[1] Bo cлyчaj нa cпop мeѓy дoгoварачот нa ocигypyвaњeтo – ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
член 24: надзор над друштвото за осигурување
[1] Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
член 25: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата изречно потврдуваат дека при склучувањето на договорот за осигурување од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 26: завршни одредби
[1] Составен дел на Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај склучено кон основното осигурување се Табелата на инвалидитет за определување на
трајната загуба на општата работна способност поради несреќен случај и Табелата на фрактури, исчашувања и изгореници.
[2] За односите меѓу осигурувачот и договарачот кои не се уредени со овие Општи услови, се користат одредбите од Законот за облигациони односи.
[3] Осигурувачот ќе го известува договарачот за сите промени во согласност со законските прописи.
[4] Договарачот е должен без одлагање да го извести осигурувачот за секоја промена на своето име или презиме, односно назив на фирмата, доколку договарачот е правно лице, како и за адресата на фактичкото живеалиште, односно седиште на фирмата, доколку договарачот е правно лице.
[5] Овие услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување.
ПГ-НЕ-тинв 17-10
Табела на инвалидитет за определување на трајна загуба на општата работна способност поради несреќен случај
Врз основа на член 24 од Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, Xxxxxxxx на инвалидитет за определување на трајна загуба на општата работна способност поради несреќен случај е составен дел од Општите услови и од секој поединечен Договор за осигурување од несреќен случај.
За определување на степенот на трајна загуба на општата работна способност за сите осигурувања од несреќен случај се употребуваат исклучиво одредбите од оваа Табела.
РОКОВИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИНВАЛИДИТЕТ
Степенот на трајна загуба на општата работоспособност (во понатамошниот текст: инвалидитет) се определува најмалку 6 месеци по завршеното лекување, кога последиците од повредите се стабилни, освен ако според одделни точки од Табелата не е поинаку определено. Крајната оцена на трајниот инвалидитет се определува на состојба најдоцна по изминати три години од несреќниот случај, без оглед на предвиденото лекување по тој рок.
ВОВЕДНА ОДРЕДБА
Субјективните тегоби, психичките пречки, односно дисфункции, вкочанетост, намалување на моторичката мускулна сила, болки и отоци на местото на повредата не се земаат предвид при определување на процентот на трајна загуба на општата работна способност. Инвалидитетот се определува само на директно повредените делови од телото. Повредите или дефектите на зглобната ’рскавица не се земаат предвид при утврдување на инвалидитетот. Исти последици од повредата не се оценуваат според различни точки, туку се избира онаа оцена која е поповолна за осигуреникот и носи поголем процент на инвалидитет.
МЕРЕЊА
При процена на ограничена подвижност, врз основа на која било точка од Табелата на инвалидитет, се употребува гониометриски метод за мерења. Нормативните вредности на одделно движење се определуваат според книгата „Хирургија“, автори Xxxxxx и соработници. Стапката на инвалидитет се пресметува како дел од максималната вредност, дадена во Табелата, каде делот се пресметува како однос меѓу збирот на сите определени дефицити и збирот на сите нормални (или нормативни) движења на поединечен екстремитет или орган.
Ограничена подвижност почнува да се оценува како траен инвалидитет во согласност со Табелата на инвалидитет, само ако е утврдено ограничено движење на поединечни движења на екстремитетот или органот во една насока поголемо од десет проценти (10 %) во однос на нормалната подвижност, односно во однос на нормативната вредност на одделните движења на екстремитетот или органот. Анкилозата на зглобовите се оценува според процентите за ограничена подвижност.
I. ГЛАВА
1. Дифузни повреди на мозокот со клинички утврдена слика: %
- децеребрација
- хемипледија со афазија и агнозија
- деменција (Корсаков синдром)
- Паркинсонов синдром со изразена забавеност на движење на сите екстремитети
- комплетна хемиплегија, параплегија, триплегија, тертаплегија
- трајна вегетативна состојба
- апалична состојба 100
2. Оштетување на мозокот со клинички утврдена слика:
- хемипареза со јако изразен спастицитет
- екстрапирамидална симптоматика како последица на оштетување на екстрапирамидалните патишта
- псевдобулбарна парализа со присилено плачење или смеење
- оштетувања на малиот мозок со изразени пречки во рамнотежата, одењето и координацијата на движења до 90
3. Епилепсија како последица на контузиска повреда на мозокот со трајна терапија
а) со ретки напади до 20
б)со почести напади до 70
4. Хемипареза или дисфазија (по повреда на мозокот)
а) лесен степен до 30
б) тежок степен до 50
5. Оштетување на малиот мозок со адиадохокинеза и/или асинергија до 40
6. Состојба по отстранување на контузиски променет мозок до 50
7. Контузиски повреди на мозокот со фокусно невролошко оштетување:
а) еден фокус до 20
б) повеќе фокуси 5
в) состојба по перфорирана трепанација на черепот 5
г) состојба по трепанација на черепот со коскен фрагмент 10
д) состојба по кршење на базата на черепот или черепот – рендгенолошки утврдено 2
8. Посткомоционален синдром по потрес на мозокот утврден во болница во првите 24 часа по несреќниот случај до 5
Посебни услови:
1) За потрес на мозокот кој не бил утврден во болница не се признава инвалидитет.
2) Сите облици на епилепсија мора да бидат утврдени со современи дијагностички методи.
3) Последиците на контузијата на мозокот мора да бидат докажани со метод на снимање (MRI, CT, PET).
4) Оцените на инвалидитетот по точките 1-8 не се собираат туку се избира онаа оцена која е најповолна за осигуреникот и која носи најголем процент на инвалидитет.
За сите случаи од ова поглавје инвалидитетот се признава кога ќе минат најмалку 10 (десет) месеци од незгодата.
9. Скалпирање на косата кај мажи, при што треба да биде изгубена најмалку:
а) третина од косата 5
б) до половина од косата до 15
в) цела коса 30
10. Скалпирање на косата кај жени, при што треба да биде изгубена најмалку:
а) третина од косата 10
б) до половина од косата до 20
в) цела коса 35
II. ОЧИ
11. Потполна загуба на видот на двете очи поради повреда на очното јаболко или оптичкиот нерв 100
12. Потполна загуба на видот на едно око поради повреда на очното јаболко или оптичкиот нерв 33
13. Ослабување на видот на едно око поради повреда на очното јаболко или оптичкиот нерв:
- За секоја десетина на намалување на видот 3,33
14. Диплопија – како трајна последица од повреда на очното јаболко, надворешните очни мускули или нерви
(окуломоториус, xxxxxxxxxx и abducens) до 30
15. Загуба на очната леќа поради повреда на очното јаболко:
а) еднострана афакија или псеудофакија 15
б) двострана афакија или псеудофакија 25
16. Непосредна повреда на retina (мрежницата) и стаклестото тело:
а) делумен испад на видното поле како последица на посттрауматско одлепување на ретината (ablatio retinae) до 5
б) витреални опацитети (opacitates corposris vitrei) како последица на тауматско крварење на окото 5
17. Мидријаза како последица на непосредна повреда на окото 5
18. Повреди на солзниот апарат и очните капаци:
а) епифора 5
б) ентропиум, ектопиум 3
в) птоза на капаците 5
19. Еднострано концентрично стеснување на видното поле по периферната изоптера, поради директна повреда на окото, утврдена со Голдманов метод:
а) до 50° до 5
б) до 30° до 15
в) до 5° до 30
20. Хомонимна хемианопсија поради повреда на визуелниот пат постериорно од оптичка хијазма до 30
Посебни услови:
1) Повредите на очите, оптичкиот нерв или визуелниот пат според точките 14, 15, 16 и 20, кои имаат за последица и ослабнување на видот, при оцена на инвалидноста не се комбинираат со оцената на инвалидност според точка 13, туку се избира онаа оцена која е поповолна за осигуреникот, т.е. онаа точка која носи поголем процент на инвалидност.
2) Инвалидитетот според точка 14 се утврдува по истекот на 3 години од несреќниот случај.
III.УШИ
21. Потполна глувост на двете уши по повреда со зачувана калориска реакција на вестибуларниот орган 40
22. Потполна глувост на двете уши по повреда со згасната калориска реакција на вестибуларниот орган 60
23. Ослабен вестибуларен орган со зачуван слух до 5
24. Потполна глувост на едно уво по повреда:
а) со зачувана калоричка реакција на вестибуларниот орган 15
б) со згасната калоричка реакција на вестибуларниот орган на тоа уво 20
25. Обострана наглувост по повреда на ушите со зачувани калориски реакции на вестибуларниот орган со загуба на слухот според Xxxxxx - Xxxxxxxxxx метод (Xxxxxx-Xxxxxx):
а) 20 до 30 % до 5
б) 31 до 60 % до 10
в) 61 до 85 % до 20
26. Обострана наглувост со згаснати калорички реакции на вестибуларниот орган по оштетување на ушите со загуба на слухот според Фаулер-Сабиновиот метод:
a) 20 до 30 % до 10
b) 31 до 60 % до 20
c) 61 до 85 % до 30
27. Еднострана тешка наглувост со зачувана калориска реакција на вестибуларниот орган по повреда на увото со загуба на слухот на ниво од 90 до 95 децибели до 10
28. Еднострана тешка наглувост со згасната калориска реакција на вестибуларниот орган по повреда со загуба на слухот на ниво од 90 до 95 децибели до 15
29. Делумна или целосна деформација, односно загуба на ушната школка до 10
Посебни услови:
1) За наглувост или загуба на слухот што не е последица на директна или индиректна повреда, не се признава инвалидитет.
2) Над 60 години старост оцената за наглувост по точките 25, 26, 27 и 28 се намалува за 50 %. За оцена е потребен нов исцртан аудиограм.
IV. ЛИЦЕ
30. Фрактура на коските на лицето, зараснати со дислокација, докажано со RTG испитување до 10
31. Ограничено отворање на устата по скршеница на виличните коски:
а) растојание на горните и долните заби до 4 cm 5
б) растојание на горните и долните заби до 3 cm 15
в) растојание на горните и долните заби до 1,5 cm 30
32. Дефекти на виличните коски, јазикот или непцето со функционални пречки до 10
33. Загуба на трајни здрави заби – за секој заб 1
Посебни услови:
1) За оштетување на поправен, заменет, односно лекуван заб, не се признава инвалидитет.
2) За повреда на забната коронка со зачувана пулпа се признава половина од вредноста дефинирана под точка 33.
34. Парализа на фацијалните нерви по фрактура на темпоралните коски или по повреда на соодветните паротидни регии:
а) лесен степен до 10
б) тежок степен, со контрактура и тик на мимичката мускулатура до 20
в) парализа на фацијалните нерви 30
Посебни услови:
Инвалидитетот се определува по завршеното лекување, но не пред две години по несреќниот случај, со доставување на нов ЕМГ наод.
V. НОС
35. Повреди на носот:
а) делумна загуба на носот до 15
б) загуба на целиот нос 30
36. Аносмија поради фрактура на носот или черепот 5
37. Промена на обликот на носната пирамида по кршење на носните коски со деформација на коските до 5
VI. ДУШНИК И ХРАНОПРОВОД
38. Повреда на душникот:
а) состојба по трахеотомија кај витални индикации по повреди 5
б) стеснување на душникот по повреда на грлото и почетниот дел на душникот 10
39. Стеноза на душникот, поради која е потребна постојана трахеална канила 30
40. Трајна органска засипнатост поради повреда на гласните жици:
а) повреда на една гласна жица 5
б) повреда на двете гласни жици 15
41. Стеснување на хранопроводот:
а) полесен степен, до половина пречник на луменот до 10
б) потежок степен, над половина пречник на луменот до 30
42. Потполно стеснување на хранопроводот со гастростома 60
VII. ГРАДЕН КОШ
43. Кршење на ребра, зараснати со дислокација, јасно видлива на РТГ снимката, и тоа:
а) за секое ребро 1
б) фрактура на градната коска, ако е зарасната со дислокација за цела дебелина на градната коска 2
44. Фистула по емпиемот поради повреда 20
45. Хроничен апцес на белите дробови поради повреда 30
46. Загуба на една града поради повреда:
а) до 50 години старост 20
б) по 50 години старост 10
47. Загуба на двете гради поради повреда:
а) до 50 години старост 30
б) по 50 години старост 15
48. Тешка деформација на една дојка поради повреда:
а) до 50 години старост 10
б) по 50 години старост 5
49. Последици по повреда на срцето и големите крвни садови во градниот кош:
а) патошки ЕКГ – со хронична терапија и исклулително поради повредата до 30
б) заменети крвни садови со имплант до 15
в) реконструкција на аортата со имплант до 40
VIII. АБДОМЕНАЛНИ ОРГАНИ
50. Состојба по кинење на дијафрагмата, непосредно по повредата, верификувана и хируршки третирана во болница 10
51. Повреда на цревата и/или црниот дроб, слезината, желудникот:
а) со шиење или лепење 10
б) повреда на цревата и/или желудникот со ресекција 15
в) повреда на црниот дроб со ресекција до 30
52. Загуба на слезината (Splenectomia):
а) на возраст до 20 години 25
б) на возраст над 20 години 15
53. Оштетување на стомачниот панкреас со ресекција до 20
54. Xxxxx Xxxx praeter naturalis:
а) на тенкото црево 50
б) на дебелото црево 40
55. Fistula stercoralis 40
56. Траен ректален пролапс поради повреда на мускулите на карличното дно 20
57. Анална инконтиненција по повреда на аналниот сфинктер докажана со испитување ЕМГ
а) делумна инконтиненција до 20
б) целосна инконтиненција 40
IX. УРИНАРНИ ОРГАНИ
58. Загуба на еден бубрег, со нормална функција на другиот 30
59. Загуба на еден бубрег со оштетена функција на другиот:
а) полесен степен, до 50 % оштетена функција до 40
б) потежок степен, над 50 % оштетена функција до 60
60. Функционални повреди на едниот бубрег:
а) полесен степен, до 50 % оштетена функција до 15
б) потежок степен, над 50 % оштетена функција до 20
61. Функционални последици на двата бубрега:
а) полесен степен, до 50 % оштетена функција на двата бубрега до 30
б) потежок степен, над 50 % оштетена функција на двата бубрега до 60
62. Пречки во уринирањето поради трајно стеснување на повреден мочен канал до 20
63. Целосна инконтиненција на урина поради повреда на надворешниот уретрален сфинктер 30
64. Посттрауматска трајна уринарна фистула на мочниот канал, мочниот меур или мочоводот 40
65. Повреди на мочниот меур со уродинамички намален капацитет:
а) намален капацитет, до 50 % до 10
б) намален капацитет, над 50 % до 30
66. Невроген мочен меур поради повреда на нервите на карличното дно, докажан со испитување ЕМГ 20
X. МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ
67. Загуба на еден тестис:
а) на возраст до 60 години 15
б) на возраст над 60 години 5
68. Загуба на двата тестиса:
а) на возраст до 60 години 40
б) на возраст над 60 години 20
69. Загуба на пенисот:
а) на возраст до 60 години 50
б) на возраст над 60 години 30
70. Деформација на пенис:
а) со оневозможена кохабитација на возраст до 60 години 50
б) со оневозможена кохабитација на возраст над 60 години 30
71. Импотенција поради повреда на нервите на карличното дно, докажана со испитување ЕМГ:
а) на возраст до 60 години 30
б) на возраст над 60 години 10
72. Загуба на матка и јајчници на возраст до 55 години:
а) загуба на матка 30
б) загуба на секој јајчник 15
73. Загуба на матка и јајчници на возраст над 55 години:
а) загуба на матка 10
б) загуба на секој јајчник 5
74. Повреда на вулвата и/или вагината, која оневозможува кохабитација:
а) на возраст до 60 години 50
б) на возраст над 60 години 15
Посебни услови:
Оцената по точка 71 не се собира со оцените од глава XI.
XI. ‘РБЕТ
75. Повреда на ’рбетот со трајно оштетување на ’рбетниот мозок (тетраплегија, триплегија, параплегија) со загуба на контролата на дефекација и уринирање 100
76. Повреда на ’рбетот со трајно оштетување на ’рбетниот мозок (тетрапареза, трипареза) со зачувана контрола на дефекација и уринирање до 90
77. Повреда на ’рбетот со параплегија без пречки во дефекацијата и уринирањето 80
78. Повреда на ’рбетот со пареза на долните екстремитети:
а) без пречки на сфинктерите до 30
б) неврофизиолошки докажани пречки на сфинктерите 50
Посебни услови:
1) Во случај на целосно успешна рехабилитација по оштетување на ’рбетниот мозок, се признава до 20 % траен инвалидитет.
2) За случаите во точките од 75 до 78 се определува инвалидитетот по завршеното лекување, но не порано од две години по несреќниот случај.
3) Инвалидитетот според точките 76, 77 и 78 се определува врз основа на СЕП и МЕП испитување.
79. Кифоза, гибус, сколиоза поради оштетување на градните (торакални) пршлени до 20
80. Ограничена подвижност на ’рбетниот столб по фрактура на вратните пршлени до 20
81. Состојба по фрактура на торакалните пршлени (од I. до X.) 2
82. Ограничено движење на ’рбетниот столб по фрактура на XI. и XII. И на бубрежните (лумбалните) пршлени до 35
83. Сериска фрактура на 3 или повеќе:
а) спинални продолжетоци 1
б) трансферзални продолжетоци 1
Посебни услови:
1) Оперативно обезбедената нестабилност на ’рбетот по повредата се оценува според точките за ограничена подвижност 80 или 82.
2) При фрактура на повеќе торакални пршлени инвалидноста се утврдува така што се додава по 1 % за секоја понатамошна фрактура на поединечен пршлен.
XII. КАРЛИЦА
84. Состојба по нестабилна фрактура на карлицата 10
85. Состојба по нестабилна фрактура на карлицата, зарасната со дисплокација (1cm или повеќе) до 30
86. Состојби по стабилна фрактура на карлицата 5
87. Состојба по изолирана фрактура на сакрумот до 10
88. Состојба по фрактура на тртната коска 2
XIII. РАЦЕ
89. Загуба на двете раце или дланки 100
90. Ексартикулација на рака од рамо 70
91. Загуба на рака во делот на надлактицата или зглобот на лакотот 65
92. Загуба на рака во делот на подлактицата 60
93. Загуба на една дланка 55
94. Загуба на сите прсти на двете раце 90
95. Загуба на палец 20
96. Загуба на показалец 12
97. Загуба на среден, домал и мал прст:
а) сxxxxx xxxx 0
б) домал и мал прст, за секој прст 3
98. Загуба на цела метакарпална коска на палецот 6
99. Загубанацеламетакарпалнакосканапоказалецот 4
100. Загуба на цели метакарпални коски на средниот прст, домалиот или малиот прст, за секој прст 3
Посебни услови:
1) За загуба на еден член од палецот се признава половина, а за загуба на еден член од останатите прсти 1/3 од инвалидитетот кој е определен за целосна загуба на прстот.
2) Делумна загуба на коскениот дел на членот на прстот се смета за целосна загуба на членот.
3) За загуба на јаготката на прстот се признава 1/2 од инвалидитетот кој е определен за загуба на крајниот зглоб на прстот.
XIV. НАДЛАКТИЦА
101. Ограничена подвижност на рамениот зглоб по фрактура на зглобните структури или исчашување до 20
102. Состојба по изолирана фрактура на дијафизата на надлактицата 2
103. Состојба по руптура на ротаторна манжетна во рамениот зглоб докажана со артоскопија или операција 2
104. Фрактура на клучната коска зарасната со дислокација или скратување за дебелина на коската 3
105. Делумно исчашување (сублуксација) на акромиоклавикуларниот или стерноклавикуларниот зглоб, видливо на РТГ снимка 3
106. Целосно исчашување на акромиоклавикуларниот зглоб или стерноклавикуларниот зглоб 6
107. Ендопротеза на рамениот зглоб 25
108. Парализа на кранијалниот нерв (accesorius) 15
109. Парализа на брахијалниот плексус до 60
110. Парализа на аксиларниот нерв 15
111. Парализа на радијалниот нерв 30
112. Парализа на нервот medianus 20
113. Парализа на нервот ulnaris 20
Посебни услови:
1) За пареза на нерв се признава најмногу до 2/3 од инвалидитетот кој е предвиден за парализа на тој нерв.
2) За случаи по точките од 108 до 113 се одредува инвалидитет по завршеното лекување, но не пред 2 години од незгодата, со нов EMГ наод.
3) Не се признава ограничена подвижност кај поставена ендопротеза.
4) Оцената по точката 102 не се собира со точките 101 и 118.
XV. ПОДЛАКТИЦА
114. Ограничена подвижност на зглобот на лакотот по фрактура на зглобните структури или исчашување до 20
115. Лабавост на зглобот на лакотот хируршки згрижен 5
116. Ендопротеза на зглобот на лакотот 25
117. Ендопротеза на главата на радиусот (делумна ендопротеза) 10
118. Ограничена подвижност по фрактура на лакотот или зглобот на подлактица:
а) супинација до 7,5
б) пронација до 7,5
119. Ограничена подвижност на зглобот на дланката по целосно исчашување или зглобна или крајзглобна фрактура на коската до 15
120. Ендопротеза на навикуларната и/или лунарната коска 10
121. Еднопротеза на зглобот на дланката 25
Посебни услови:
1) Кога се вметнува целосна или делумна протеза, ограничената подвижност не е призната.
XVI. ПРСТИ
122. Фрактура на метакарпалните коски зарасната со дислокација:
а) фрактура на I метакарпална коска 3
б) за другите метакарпални коски, II, III, IV и V, за секоја коска 1
123. Неправилно зарасната Бенетова фрактура на палецот 5
124. Прелом на прстите од 2 до 5 зарасната со ангулација на прстите 2
125. Ограничена подвижност на дисталниот или базалниот член на палецот по фрактура или исчашување до 4
126. Ограничена подвижност на одделни зглобови на показалецот по фрактура или исчашување, за секој зглоб до 2
127. Ограничена подвижност на одделни зглобови по фрактура или исчашување, за секој зглоб:
а) среден прст до 1,5
б) домал или мал прст до 1
в) Mallet finger 1
Посебни услови:
1) За различни последици на истиот зглоб процентите по одделни точки не се собираат. Инвалидитетот се определува според онаа точка која е најповолна за осигуреникот.
2) При повреда на тетива со оперативна реконструкција и опсежни оштетувања на меките делови, инвалидитетот се определува врз основа на прикажаната ограничена подвижност. Гравури на кожата се исклучени.
XVII. НОЗЕ
128. Загуба на двете нозе над колената 100
129. Ексартикулација на нога во колк 70
130. Загуба на нога над колено или зглобот на коленото 55
131. Загуба на двете нозе под колена 80
132. Загуба на нога под коленото 45
133. Загуба на двете стапала 80
134. Загуба на едно стапало 35
135. Загуба на стапало во Шопартова линија со ограничена подвижност на скочниот зглоб 35
136. Загуба на стапало во Лисфранкова линија со ограничена подвижност на скочниот зглоб 30
137. Трансметатарзална ампутација со ограничена подвижност на скочниот зглоб 25
138. Загуба на цели I или V метатарзални коски 5
139. Загуба на цели II, III, IV метатарзални коски, за секоја коска 3
140. Загуба на сите прсти на една нога 20
141. Загуба на палецот на ногата:
а) загуба на крајниот член на палецот 5
б) загуба на целиот палец 10
142. Загуба од II до V прст на ногата, за секој прст 2 ,5
143. Делумна загуба од II доV прст на ногата за секој прст 1
XVIII. БЕДРА
144. Ендопротеза на колкот:
а) до 65 години 30
б) над 65 години 20
145. Ограничена подвижност на зглобот на колкот по целосно исчашување или зглобна или крајзглобна фрактура на коската до 20
146. Осна или ротациска аномалија по повредата:
а) за 10° до 15° 5
б) повеќе од 15° 10
147. Хроничен остеомиелитис на коските на долните екстремитети со фистула 10
148. Состојба по повреда на големите крвни садови на долните екстремитети до 15
149. Скратување или продолжување на ногата поради фрактура од 2 cm па натаму, за секој cm 2
150. Состојба по изолирана фрактура на дијафизата на бутната коска 2
Посебни услови:
1) Кај поставена ендопротеза на колкот не се признава ограничена подвижност.
2) Оцената по точка 150 не се собира со точките 145 и 151.
XIX. ПОТКОЛЕНИЦА
151. Ограничена подвижност на коленото по целосно исчашување или зглобна или крајзглобна фрактура на коската до 20
152. Состојба по изолирана фрактура на дијафизата на потколеницата 2
153. Ендопротеза на коленото по повредата:
а) до 60 години 30
б) над 60 години 20
154. Состојба по реконструкција на вкрстените лигаменти на коленото до 9
155. Состојба по целосно кинење на вкрстените лигаменти на коленото –нереконструирани (MRI или артоскопски докажано целосно кинење на лигаментите) до 9
156. Делумно отстранување на менискусот 1,5
157. Целосно отстранување на менискусот 5
158. Состојба по фрактура на пателата (чашка на коленото) 4
159. Осна или ротациска аномалија по фрактура на потколеницата:
а) 10° до 15° до 5
б) Повеќе од 15° до 20
160. Ограничена подвижност на скочниот зглоб по целосно исчашување или зглобна или крајзглобна фрактура на коската до 15
161. Состојба по хируршка нега на целосно искината Xxxxxxx тетива 1,5
162. Ендопротеза на скочниот зглоб 25
163. Деформација на стапало по комплексна повреда, со користење на ортопедски чевел:
а) полесен степен 5
б) потежок степен 10
164. Повеќекратна фрактура на калканеусот (коската на петата) до 5
165. Деформација по фрактура на калканеусот-коската на петата (користење на ортопедски чевел) 15
166. Фрактура на талусот до 5
167. Деформација по фрактура на талусот (користење на ортопедски чевел) 15
168. Фрактура на тарзалните коски зараснати со дислокација 5
169. Фрактура на метатарзалните коски зараснати со дислокација:
а) I 4
б) II – IV 2
в) V 3
170. Анкилоза на крајниот зглоб на ножниот палец 1,5
171. Анкилоза на основниот или на двата зглоба на ножниот палец 3
172. Анкилоза на основниот зглоб на II до V прст, за секој прст 0,5
173. Деформација:
а) II до V прст во свиткана положба (digitusflexus), за секој прст 0,5
б) на палецот во свиткана положба (hallux plexus) 2
174. Парализа на нерв ishiadicus 40
175. Парализа на нерв femoralis 30
176. Парализа на нерв tibialis 15
177. Парализа на нерв peroneus 25
178. Парализа на нерв glutealis 10
Посебни услови:
1) За пареза на нерви на нозе се признава максимум до 2/3 од инвалидитетот кој е наведен за парализа на тој нерв.
2) За случаите наведени во точките од 174 до 178 се определува инвалидитет по завршеното лекување, но не пред 2 години по несреќниот случај, со нов ЕМГ наод.
3) Нестабилноста на скочниот зглоб по повредата, кој е оперативно третиран, се оценува според точките за ограничена подвижност на скочниот зглоб.
4) Неподвижноста на интерфалангеалните зглобови од II. до V. прст во истегната положба или намалената подвижност на тие зглобови не претставува инвалидитет.
5) Кај поставена ендопротеза, не се признава ограничена подвижност.
6) За случај на повреда на вкрстените лигаменти и последиците наведени во точка 154, инвалидитет се определува по 1 година од завршеното лекување.
7) Оцената на инвалидитет според точка 155 се утврдува по истекот на 3 години од несреќата.
8) Точките 164 и 165 не се комбинираат.
9) Точките 166 и 167 не се комбинираат.
10) Оцената по точка 152 не се комбинира со точките 151 и 160.
XX. ЛУЗНИ – ИЗГОРЕНИЦИ
179. Лузни по изгореници:
а) до 20 % од површината на телото до 15
б) над 20 % од површината на телото за секој % над 20% 0,2
Посебни услови:
1) Ако при нега на длабоки изгореници е употребен прост трансплантат, оцената се зголемува за 10 од веќе оценетата површина.
2) Лузните по длабоките изгореници на раката и прстите се оценуваат само по точките за подвижност на зафатените зглобови.
180. Лузни од повредите, кои ја опфаќаат кожата, или кожата и мускулите:
а) Површина поголема од половина на дланката до 3
б) со пресадување на кожа или ткиво до 10
в) состојба по Компартмент синдромот до 10
181. Обемни лузни по повреда на мускулите со јасно видлив и опиплив (тактален) дефект 1,5
182. Лузни по повреда со функционално нарушување:
а) лузни на лицето до 5
б) на петата или табанот по дефект на меките делови до 20
Посебни услови:
1) Како функционално нарушување се сметаат нарушената мимика на лицето, нарушеното џвакање и видливите дефекти на ткивото.
2) Кај козметичките и естетските лузни на лицето инвалидитетот не се признава.
3) Оцената на инвалидитетот по точките 179 до 182 треба да се направи една година по завршеното лекување.
4) Хируршки лузни на кожата не се земаат предвид при утврдување на трајниот инвалидитет.
ТАБЕЛА НА ФРАКТУРИ, ИСЧАШУВАЊА И ИЗГОРЕНИЦИ
I. ФРАКТУРИ
1. Фрактура на черепот 40 %
2. Фрактура на коските на лицето 15 %
3. Фрактура на вилицата 15 %
4. Фрактура на ребрата 3 %
5. Фрактура на градната коска 10 %
6. Фрактура на телото кај вратните пршлени 60 %
7. Фрактура на телото кај торакалните пршлени 20 %
8. Фрактура на телото кај лумбалните пршлени 20 %
9. Нестабилна фрактура на карлицата 60 %
10. Стабилна фрактура на карлицата 10 %
11. Фрактура на сакрумот 10 %
12. Фрактура на тртната коска 5 %
13. Фрактура кај рачниот зглоб 25 %
14. Фрактура на надлактицата 40 %
15. Фрактура на раменскиот зглоб 40 %
16. Фрактура на клучната коска 10 %
17. Фрактура на двете коски на подлактицата 25 %
18. Фрактура на едната коска на подлактицата 15 %
19. Фрактура на зглобот на лакотот 35 %
20. Фрактура на прст на раката 3 %
%
21. Фрактура на зглобот на колкот 60 %
22. Фрактура на фемур (бутна/бедрена коска) 20 %
23. Фрактура на зглобот на коленото 50 %
24. Фрактура на тибијата (потколеница) 20 %
25. Фрактура на скочниот зглоб 35 %
26. Фрактура на калканеусот (коска на петата) 40 %
27. Фрактура на палецот на ногата 3 %
II. ИСЧАШУВАЊА
28. Исчашување кај рачниот зглоб 30 %
29. Исчашување на интерфалангеалниот зглоб на раката 5 %
30. Исчашување на раменскиот зглоб 25 %
31. Целосно исчашување на акромиоклавикуларниот зглоб или стерноклавикуларниот зглоб 15 %
32. Исчашување на зглобот на лакотот 30 %
33. Исчашување на прстот на раката во MCP зглобо. 5 %
34. Исчашување на зглобот на колкот 30 %
35. Исчашување на зглобот на коленото 30 %
36. Исчашување на скочниот зглоб 30 %
III. ИЗГОРЕНИЦИ
37. Над 5 до 20 % од телесната површина 40 %
38. Над 20 % од телесната површина 100
Оцена на % на изгорената телесна површина:
напред
48%
назад
52%
Вредностите наведени на сликите претставуваат делови од вкупната површина на телото изразени во %.