Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ СО ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ ВО СТРАНСКА ВАЛУТА НА ПРАВНИ ЛИЦА – РЕЗИДЕНТИ
НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Со Општите услови за отворање и работење со трансакциски сметки во странска валута на правни лица – резиденти на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отворање, водење, работење и затворање на трансакциските сметки во странска валута на правни лица – резиденти.
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПОИМИ
Одделни поими употребени во Општите услови, Договорот и останатите документи, кои го регулираат работењето со трансакциската сметка во странска валута, го имаат следното значење:
Банка - Комерцијална банка АД Скопје.
Општи услови - Општи услови на Комерцијална банка АД Скопје за отворање и работење со трансакциски сметки во странска валута на правни лица – резиденти.
Сметка - Трансакциска сметка во странска валута на правно лице – резидент, преку која може да се вршат наплати и плаќања со нерезиденти и со резиденти во девизи со вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет (дознака, инкасо документи, акредитив, чекови и други инструменти на безготовинско плаќање), пренос на средства од/на девизен депозит, како уплати и исплати во ефективни странски пари согласно законската и подзаконската регулатива.
Налог за плаќање/наплата - Налог за плаќање на средства од сметката независен од платните инструменти кои се применуваат во денарскиот и девизниот платен промет. Налогот за плаќање може да биде доставен на хартија или во електронска форма.
Работен ден – Секој ден од понеделник до петок, освен сабота, недела и државни празници и неработни денови согласно законските прописи во РСМ.
Имател на Сметка - Правно лице - резидент кое во Банката има отворено трансакциска сметка во странска валута.
Овластено лице / Овластен потписник - Физичко лице кое е овластено да располага со средствата на сметката, врз основа на писмено овластување од застапникот по закон на Имателот на сметката.
Договор - Договор за трансакциска сметка во странска валута помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметката, со кој се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности помеѓу договорните страни, кои произлегуваат од отворањето и работењето со трансакциска сметка во странска валута заради вршење на платен промет со странство.
2.ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Банката, Имателот на сметката и Овластените лица, кои се засноваат со потпишување на Договорот и останатата документација.
Одделните работи во платниот промет во земјата и со странство, Xxxxxxx ги извршува во согласност со Општите услови, Договорот, законската и подзаконската регулатива и актите на Банката.
Општите услови се составен дел од Договорот за трансакциска сметка во странска валута на правно лице-резидент. Пред склучување на Договорот, на Имателот на сметката Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови.
3.ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Барање за отворање на трансакциска сметка во странска валута на правното лице - резидент може да поднесе секое правно лице - резидент, регистрирано согласно важечките прописи на Република Северна Македонија, законскиот застапник на резидентот или друго лице овластено од резидентот или законскиот застапник.
За отворање на трансакциска сметка во странска валута, правното лице-резидент до Банката треба да ја достави следната уредно пополнета и потпишана документација во оригинал или копија заверена од нотар:
1. Барање за отворање на сметка,
2. Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, односно регистарот на надлежниот орган на Република Северна Македонија ако уписот во регистарот е пропишан со закон, не постаро од три (3) месеци,
3. Акт од надлежен орган за основање, ако резидентот нема обврска за запишување во регистар,
4. Извод од закон, ако резидентот е основан согласно закон,
5. Решение од надлежниот суд за отворање стечајна постапка или известување од Централниот регистар на Република Северна Македонија до банките за отворање стечајна постапка,
6. Важечки документ како доказ дека лицето е законски застапник на резидентот и документ за лична идентификација на законскиот застапник,
7. Писмен акт донесен од законскиот застапник на резидентот за лицата кои се овластуваат за отворање и работење и располагање со средствата на сметката и документ за нивна лична идентификација.
Банката по доставеното Барање одлучува најдоцна во рок од пет работни дена од приемот на Барањето и потребната документација, која треба да биде уредно пополнета и потпишана. По одобрување на Барањето и склучување на Договор за тековна сметка во странска валута, Xxxxxxx ја отвора сметката.
Xxxxxxx има право да го одбие Xxxxxxxx за отворање на сметка, без да ги наведе причините за својата одлука.
Имателот на сметката овластува лица да располагаат со средствата од сметката. Овластувањето може да се однесува и на правото за затворање на сметката.
Банката на Имателот на сметката му издава потписни картони со кои Xxxxxxxx на сметката определува кои овластени лица ќе располагаат со средствата од сметката.
Потписните картони мора да бидат потпишани со оригинален потпис од лицето кое е застапник по закон на правното лице, или лице овластено од застапникот по закон врз основа на посебно полномошно заверено кај нотар. Доколку документот е заверен од странска институција потребно е да има апостил печат. Потписните картони мора да содржат полно име и презиме (напишано со печатни букви), како и оригинален потпис на овластените лица кои ќе располагаат со средствата од сметка.
Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен грижливо да ги чува и користи потписните картони. Банката не сноси никаква одговорност за материјална или било каква друга штета која може да настане за Имателот на сметката како резултат на несовесно или невнимателно чување и користење на потписните картони.
Потписите во Банката важат се до моментот на нивното писмено отповикување во Банката, независно од промената во регистрационите документи на правното лице. Банката не одговара за евентуалните штети кои може да настанат за Имателот на сметката заради ненавремено извршување на промената на овластените потписници.
Банката го верификува потписот на Налогот за плаќање и наплата преку споредба со примерокот од потписот на потписниот картон. Банката може да го врати Налогот за плаќање, за што го известува Имателот на сметката, доколку на налогот не стои потпис соодветен на потписот депониран на картонот и тоа:
1.Налогот е потпишан од неовластено лице или
2.Налогот е потпишан од овластено лице, но потписот изгледа променето, скратен е, нечитлив и сл.
Налогот за плаќање или наплата може да биде отповикан по телефон само од овластениот потписник. Банката мора да биде писмено известена за отповикување на налогот од страна на овластениот потписник и тоа најдоцна наредниот работен ден.
4.РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКАТА
Преку трансакциската сметка во странска валута, Имателот на сметката може да врши наплати и плаќања со нерезиденти и со резиденти во девизи, пренос на средства од/на девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни странски пари и други активности од платниот промет со странство, согласно законската и подзаконската регулатива.
Работењето преку сметката ќе се одвива во рамките на расположивите средства на сметката, односно во рамките на сопствените средства на Имателот на сметката.
Заради извршување на платен промет со странство, Имателот на сметката до Банката поднесува уредно пополнет налог за плаќање или наплата потпишан од Овластено лице, заедно со комплетна документација потребна за извршување на налогот, согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката. Xxxxxxx го задржува правото да побара и дополнителна документација при извршувањето на налозите, согласно меѓународите страндарди, меѓународната пракса, законската и подзаконската регулатива и интерните акти.
Имателот на сметката може да се определи да ги доставува налозите за плаќање или наплата во хартиена форма, по факс, по e-mail или преку Интернет банка. Врз основа на
претходно дадено писмено овластување од страна на Имателот на сметката, Xxxxxxx го спроведува плаќањето или наплатата во име и за сметка на Имателот на сметката.
Имателот на сметката може да ги доставува налозите за плаќање и наплата по обична или електронска пошта (e-mail) или преку Интернет Банката. Налогот доставен по e-mail мора да биде скениран налог со сите податоци вклучувајќи го и потписот од овластениот потписник. Врз основа на претходно дадено писмено овластување за прифаќање на ваквите налози, Xxxxxxx го спроведува плаќањето или наплатата во име и за сметка на Имателот на сметката (доколку налогот содржи лични податоци потребно е да се обезбеди криптиран трансфер). Инструкциите за плаќање добиени преку е-маил согласно насоките дадени во законската и подзаконската регулатива ќе се сметаат за веродостојни и неспорни. Банката не презема никаква одговорност за евентуални последици настанати од неовластено користење на е-маилот како и злоупотреби од трети страни.
Xxxxxxx го извршува налогот истиот или наредниот работен ден, доколку налогот е уредно пополнет, комплетиран со потребната документација и за негово извршување има расположливо салдо на сметката. За извршениот налог за плаќање или наплата Xxxxxxx доставува известување до Имателот на сметката, на начин и во рок меѓусебно утврден и договорен.
Исправноста на налогот ја проверува и утврдува службеникот на Банката.
Доколку на сметката нема доволно средства, како и во случај кога налогот или потребната документација која се доставува во прилог со налогот се неисправни или не содржат доволно податоци, Xxxxxxx нема да го изврши налогот, за што го известува Имателот на сметката.
Банката не сноси никаква одговорност ниту одговара за штета настаната како последица на реализиран неисправен налог за плаќање и наплата при што под неисправен налог се подразбира погрешно пополнет налог со податоци од страна на Имателот на сметката или погрешно доставени инструкции до Банката од негова страна за корисник, сметка или име на фирма или лице за кое дополнително од страна на Имателот на сметката е констатирано дека не требало да биде корисник на наплатата. Банката не е во можност да ги сторнира ваквите налози. Обврската на налогодавачот – Имател на сметка е да се договори со корисникот на наплатата за евентуален поврат на средствата на сметката на налогодавачот – Имател на сметка, при што Xxxxxxx нема да навлегува ниту да посредува во односот помеѓу налогодавачот- имател на сметката и корисникот на наплатата.
Кога Xxxxxxx користи услуги на други банки со цел спроведување на инструкции на Имателот на сметката, тоа го прави за сметка и на ризик на Имателот на сметката.
Банката не превзема обврска ниту одговорност за неспроведување на инструкциите кои ги пренела на друга банка, дури и во случај кога превзела иницијатива за избор на другата банка.
Банката овозможува и дополнителни услуги поврзани со работењето со сметката, за што Xxxxxxx и Имателот на сметката склучуваат посебни договори.
Застапникот по закон на Имателот на сметка може да овласти трето лице кое не е потписник на сметката да подига и доставува документи, налози и изводи поврзани со
работата на сметката, со претходно писмено известување до Банката и копија од важечки личен документ за идентификација на овластеното лице. Овластувањето важи до моментот на негово писмено отповикување од застапникот по закон доставено до Банката.
5.ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Имателот на сметката ја овластува Xxxxxxx да располага со податоците наведени во барањето за отворање на сметка и да ги користи во согласност со актите на Банката и позитивните законски прописи.
Сите информации што се однесуваат на водењето на сметката и кои произлегуваат од работењето со сметката се од доверлив карактер т.е. претставуваат деловна тајна и истите може да се достават само на Имателот на сметката, на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на согласност на Имателот на сметката.
Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето на сметката, вклучувајќи го и бројот на сметката, состојбата на сметката, овластените потписници, начинот на располагање со средствата и слично.
6.ИЗВЕСТУВАЊА
Имателот на сметката е должен веднаш или во рок од три (3) дена да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со правниот статус, промена на личните и другите податоци на овластените лица и други податоци кои се однесуваат или се релевантни за водењето и работењето со сметката и се наведени во Барањето за отворање на сметката. Банката не сноси никаква одговорност за штетата настаната заради непочитување на обврската за известување за настанатите промени.
Заради ажурирање на документацијата и идентификација на правното лице – резидент, Имателот на сметка е должен најмалку еднаш во текот на три (3) години да презентира решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, односно регистарот на надлежен орган на РСМ ако уписот во регистарот е пропишан со закон, кој не е постар од три (3) месеци и од кој може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање, вклучувајќи и Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице, доколку поинаку не е уредено со интерните акти на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото од Имателот на сметката да побара достава на документацијата и во пократки рокови од роковите утврдени во претходниот став.
Ажурирањето на документацијата за идентификација на овластените лица се врши веднаш по истекот на рокот на важноста на личната исправа која ја приложиле за идентификација, врз основа на важечка лична исправа.
Доколку Имателот на сметката не постапи согласно став 2, 3 и 4 од оваа точка, Xxxxxxx нема да дозволи одлив од сметката, согласно интерни акти на Банката.
Xxxxxxx го известува Имателот на сметката за сите промени на состојбата на сметката со доставување на Извод за промените и состојбата на сметката на начин определен и меѓусебно договорен со Имателот на сметката.
Банката го известува Имателот на сметката за сите трошоци, провизии и надоместоци поврзани со работењето на сметката, со предавање на извадок од Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, на денот на склучување на Договорот.
7.ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Банката го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на Општите услови, Договорот, услугите поврзани со работењето на сметката, Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје и другите акти на Банката, упатствата и другите документи со кои се регулира работењето на сметката.
За сите наведени промени Банката го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговата сметка или на web-страницата на Банката.
Имателот на сметката е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Имателот на сметката се смета за уредно известен за сите промени со самото доставување или подигање на изводот во кој истите се објавени, односно со испраќање на писмено известување на последната пријавена адреса на Имателот на сметката во Банката.
Xxxxxxx нема да одговара за било каква штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата.
Доколку Имателот на сметката не се согласува со одредени промени во условите на работењето со сметката, може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена по завршување на месецот во кој е објавена промената, во спротивно се смета дека Имателот на сметката се согласува со предложените промени и во потполност ги прифаќа.
8. ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Xxxxxxx ќе ја затвори сметката на правното лице резидент доколку:
- Имателот на сметка достави писмено барање за затворање на сметката,
- Договорните страни го раскинат Договорот по било кој основ,
- Настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката регулатива и интерните акти на Банката.
Имателот на сметката може во секое време писмено да побара од Xxxxxxx да ја затвори сметката и да го раскине Договорот со отказен рок од 30 дена.
Имателот на сметката е должен да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работењето со сметката и од Договорот, настанати до денот на раскинувањето на Договорот, односно до денот на затворањето на сметката.
Договорот престанува да важи на денот на затворање на сметката. За затворањето на сметката и престанокот на важноста на Договорот, Xxxxxxx го известува Имателот на сметката.
Банката може еднострано писмено да го раскине Договорот врз основа на што ќе ја затвори сметката и во случаи утврдени од страна на Xxxxxxx при примена на мерки на анализа на клиентот и прифатливост на клиенти, согласно законската регулатива и интерните акти на Банката.
Банката има право еднострано без отказен рок да го раскине Договорот и да ја затвори сметката, доколку Xxxxxxxx на сметката не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или интерните акти на Банката со кои е регулирано работењето на трансакциските сметки во странска валута на домашни правни лица.