Број на оглас:71/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:71/2012 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса:бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код:Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxx XxxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:xxxxxxxx@xxxxx.xxxXxxxxxx/Факс:02/3174 264/3174266
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности-Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка и поставување на автобуски постојки
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Град Скопје
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):Транспорт
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Даден во техничката спецификација (тендерска документација)
II.7) Референтна номенклатура за долелување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 36
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Најниска цена
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Гаранција на понудата:Да [2,00%]
IV.1.2) Изјава за сериозност:Не
IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [10,00%]
IV.1.4) Авансно плаќање:Не
IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Да
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност ДРД образец
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
-во последните 3 (три) деловни години (2009, 2010 и 2011) не искажал загуба во работњето и остварил вкупен приход од најмалку 3.000.000,00 евра и добивка по завршна сметка од најмалку 150.000,00 евра.
Понудите на економскиот оператор кои нема да го исполнат условите од алинеја 1 од оваа поточка ќе се сметаат за неприфатлива и нема да бидат евалирани
Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да не искажал загуба во работењето и остварил вкупен приход од најмалку 1.000.000,00 евра и добивка по завршна сметка од најмалку 50.000,00 евра, во перидот на вршење на дејноста, за кои постојат податоци.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
-извештај за билансот на состојбата и успех заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран
-Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
-Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари
-Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното во потточка 2.4.5.
-Извештајот за биланс на состојба и успех го издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во република македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Македонија
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
-да има професионално искуство и способност за испорака и изведба на стоки и работи исти или слични на предметот на набавката
-да има техничка опременост и оспособеност, како и мерки за осигурување на квалитет во реализацијата на набавката,
-да има технички и стручен персонал и технички органи кои гарантираат успешна и квалитетна реализација на набавката, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор,
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
-листа на главни испораки на економските оператори извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи ), со обезбедување на минимум 3 (три) потврди за задоволително извршени испораки издадени од купувачи или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки;
Доказот(листа на главни испораки) економскиот оператор го пополнува и доставува во форма и содржина дадени во Образецот бр.4 кој е даден во прилог од оваа тендерска документација, потпишан и заверен од одговорното лице на економскиот оператор.
-опис на техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор, мерки за осигурување на квалитет;
Доказот економскиот оператор го пополнува и доставува во форма и содржина дадени во Образецот бр.6 кој е даен во прилог од оваа тендерска документација, потпишан и заверен од одговорното лице на економскиот оператор.
-изјава за ангажиран технички и стручен персонал и технички органи без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор;
Доказот економскиот оператор го пополнува и доставува во форма и содржина дадени во Образецот бр.5 кој е даен во прилог од оваа тендерска документација, потпишан и заверен од одговорното лице на економскиот оператор.
-Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари
-Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно потточка 2.5.3
-Ако економскиот оператор има подизведувач должен е да достави известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: не
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина: не
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи: Цена за подигање на тендерската документација:12298,00 ден.
Начин и услови за плаќањето:
Подигањето на Тендерската документација, во хартиена форма, е можна по доставено барање од економскиот оператор со доставен доказа за платен надомест во износ од 200 евра или противредност во денари. Уплатата треба да се изврши на следните сметки на договорниот орган Алфа банка А.Д Скопје, со назнака : надомест за тендерска документација за оглас бр.71/2012.
Сметка број: денарска сметка 280105100714312 и девизна сметка IBAN CODE: MK 07280102000288568, SWIFT: XXXXXX0X на име на ЈСП СКОПЈЕ.
Денарска Сметка:280105100714312
Девизна сметка:IBAN CODE: MK 07280102000288568, SWIFT: XXXXXX0X на име на ЈСП СКОПЈЕ
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 23.11.2012 во 13.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 120 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
23.11.2012 во 13.00 часот Место: Дирекција на ЈСП-СКОПЈЕ-Скопје
V.5) Дополнителни информации Кон.тел:02/0000-000; 02/0000-000 Лице за контакт: Xxx Xxxxxxxxxxx
Е- маил: xxxxxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx
V.6) Датум на објава: 08-10-2012