Contract
Договор за засновање претплатнички однос за користење на јавни електронски комуникациски услуги преку систем за плаќање однапред (При Пејд систем)
Број на Договор _ склучен во на ден помеѓу:
1. ОПЕРАТОР
Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр.1, 1000 Скопје, со ЕМБС 7068310 и ЕДБ 4080015554205, жиро сметка 210070683100115 во НЛБ Банка АД Скопје, контакт центар 077 1234, xxx.X0.xx;
и
2. ПРЕТПЛАТНИК физичко лице правно лице | ||
Име и презиме: | Назив на правно лице: | |
Адреса: | Адреса: | |
ЕМБГ: | ЕДБ: | ЕМБС: |
Застапник: | ЕМБГ: |
Член 1 Предмет на Договорот
1.1 Предмет на овој Договор е утврдување на правата и обврските на договорните страни заради воспоставување на претплатнички однос и овозможување пристап на Претплатникот кон јавната комуникациска мрежа на Операторот (во понатамошниот текст: Мрежа) и право на користење на јавни електронски комуникациски услуги кои се во понудата на Операторот, достапни за користење преку системот за плаќање на услугите однапред (При Пејд систем) (во понатамошниот текст: Услуги) во согласност со одредбите утврдени во овој Договор.
1.2 Претплатничкиот однос се смета за заснован од денот на склучување на овој Договор додека правата и обврските кои произлегуваат од истиот важат за договорните страни од денот на активирање на Услугите утврдени во Договорот и прилозите.
Член 2 Начин на обезбедување на Услугите
2.1 Операторот ги обезбедува Услугите во Република Македонија, во рамки на територијата покриена со сопствената Мрежа, како и преку јавните комуникациски мрежи на други оператори врз основа на склучени договори за обезбедување на услуги. Услугите може да се користат по активирање на СИМ картичка или еСИМ. Активирањето на СИМ картичката или еСИМ може да се направи само во сопствената мрежа на Операторот.
2.2 Операторот ќе му обезбеди на Претплатникот пристап до Мрежата и активирање на соодветните услуги кои се предмет на овој Договор веднаш по потпишувањето на овој Договор, со вклучување на претплатничката линија/линии преку активирање на претплатничките броеви наведени во Прилог 1 на овој Договор. Во случај на пренесување на претплатнички број од мрежата на друг оператор, Операторот ќе изврши вклучување на претплатничката линија на Претплатникот од моментот на фактичкото пренесување на претплатничкиот број на Претплатникот во Мрежата на Операторот врз основа на одобрено барање за пренесување на број од операторот давател на број.
2.3 Од моментот на вклучување на претплатничката линија Операторот започува да ги наплатува надоместоците за искористените Услуги кои се одземаат од паричниот износ кој Претплатникот го има депонирано на својата При Пејд сметка.
2.4 Претплатникот треба да ги има поставено во терминалната опрема соодветните картички или конфигуриран еСИМ кои му се доделени на користење од Операторот за одреден тип на услуга (СИМ, Смарт или друг вид на картичка во зависност од услугата). Претплатникот треба да ги чува доделените картички и ПИН броеви од оштетување, губење или злоупотреба од трети лица. Во случај на кражба, губење или оштетување на картичка Претплатникот е должен да пријави кај Операторот. За замена на картичка или преконфигурирање на еСИМ Операторот може да наплати надомест согласно неговиот официјален Ценовник.
2.5 Операторот ќе овозможи користење на сите основни Услуги кои се предвидени согласно При Пејд моделот и тип на услуги избрани од Претплатникот, наведени во образецот - Прилог 1 на овој Договор. Претплатникот може да користи и дополнителни Услуги под услови и во постапка пропишана од Операторот. Активирање и/или деактивирање на дополнителни Услуги или пакети со плаќање на дополнителен надомест (месечен, неделен или дневен) се врши со согласност од Претплатникот, изразена по електронски пат (повик кон одреден број или USSD код, испраќање на СМС порака, преку веб страна или преку апликација обезбедена од Операторот за која Претплатникот претходно побарал пристап), или на друг начин пропишан од Операторотво зависност од самата услуга.
2.6 Претплатникот има право да ги користи Услугите само како краен корисник, за негова сопствена употреба. Овозможување на комерцијална употреба или препродажба на Услугите од страна на Претплатникот на трети лица е забрането. Прекршувањето на оваа одредба ќе биде санкционирано согласно важечките прописи,при што Операторот има право веднаш да го раскине овој Договор.
2.7 Претплатникот може да го пренесе правото на користење на доделените претплатнички линии на друго правно или физичко лице на начин, во постапка и под услови утврдени од Операторот, доколку тоа лице ги исполнува условите за користење на Услуги согласно Општите услови на Операторот.
Член 3 Квалитет на обезбедените Услуги
3.1 Операторот ќе му обезбеди на Претплатникот Услуги со квалитет сог- ласно одредбите од Законот за електронски комуникации (понатаму - ЗЕК) и применливите подзаконски акти. Информации за минималното
ниво на квалитет на Услугите се прикажани во Прилог 2 од овој Договор. Операторот се обврзува да изврши враќање на парични средства во случај на неисполнување на договореното ниво на квалитет на обезбедената услуга во зависност од избраниот тарифен модел/пакет од страна на Претлатникот во согласност со Општите услови.
3.2 Операторот ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на Претплатникот непречено и непрекинато користење на Услугите при што ќе ги превземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки.
3.3 Операторот не го ограничува пристапот и/или користењето на услуги и апликации. При настанување на зголемено оптоварување на Мрежата или нејзин дел, Операторот превзема автоматски технички мерки за мерење и обликување на сообраќајот со цел да овозможи минимално ниво на квалитет за своите претплатници, согласно процедурата утврдена во Општите услови на Операторот.
3.4 Операторот нема да биде одговорен за било каква пречка или наста- нат прекин во обезбедувањето на Услугите поради појава на ситуација на „виша сила” како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења итн) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, епидемии итн.) акти на јавната власти или испади, дефекти и прекини на електроенергетскиот систем, системи и инфраструктура на оптички врски за пренос на податоци итн.).
Член 4 Тарифни модели и цени на Услуги
4.1 Избраниот При Пејд модел за секоја претплатничка линија е наведен во образецот - Прилог 1 на овој Договор.
4.2 Цените на основните Услуги како и дополнителните Услуги активирани во моментот на склучување на овој Договор се наведени во –Прилог 1 и Прилог 2 кои се составен дел на овој Договор. За користење на останати Услуги кои не се наведени во Прилог 2, дополнително активирани од Претплатникот, Операторот ќе му наплатува на Претплатникот согласно цената на соодветната Услуга утврдена во јавно објавениот Ценовник на Операторот.
4.3 Операторот ќе ги пресметува и наплатува надоместоците за остваре- ниот обем на комуникациски сообраќај од Услугите искористени од Претплатникот веднаш по нивното искористување, во зависност од типот на Услуга, искористени тарифни единици (број на воспоставени комуникации, времетраење на комуникацијата, количество на пренесени податоци, испратени пораки итн.) и цената на Услугата.
4.4 Операторот има право да наплати надомест согласно неговиот Ценовник доколку Претплатникот побара промена на избраниот тарифен модел и ги исполнува условите за промена на тарифен модел пропишани од Операторот.
4.5 Информациите поврзани со рекламирана брзина и минимална брзина на проток на податоци при download и upload се прикажани во Прилог 4 од овој Договор.
4.6 Од 1.07.2021 година при користење на роаминг услуги во Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Босна и Херцеговина, Р. Албанија и Р. Косово (во понатамошниот текст: „Западен Балкан“) се применуваат исти надоместоци како при користењето на услугите во мрежата на Операторот, но со извесни ограничувања наведени во Политиката за фер користење на услуги во роаминг во рамки на Општите услови за користење на услугите на Операторот. Злоупотреба или неправилна употреба се констатира доколку претплатникот има поголема потрошувачка во роаминг во државите од Западен Балкан отколку домашна потрошувачка или подолготрајно присуство во државите од Западен Балкан отколку присуство во Република Северна Македонија. Индикаторите за констатирање на злоупотреба или неправилна употреба врз основа на присуство и потрошувачка се разгледуваат кумулативно и за период од најмалку 4 месеци.
4.7 Сите важечки тарифни модели, основни и дополнителни услуги и применливи надоместоци Операторот ги објавува во својот Ценовник кој е достапен на интернет страницата xxx.X0.xx.
Член 5 При Пејд систем за наплата и дополнување на сметка
5.1 Kористењето на Услугите преку систем за плаќање однапред (При Пејд систем на наплата), Операторот го овозможува преку вршење на авансна уплата на вредносни ваучери од страна на Претплатникот на својата При Пејд сметка поврзана со доделениот претплатнички број наведен во Прилог 1, поради што Операторот му овозможува на Претплатникот користење на Услугите без издавање на месечна сметка и без плаќање на месечна претплата.
5.2 Претплатникот не може да потроши повеќе од вредноста која ја уплатил на својата При Пејд сметка ниту Операторот може да му напла- ти било каков заостанат долг при следното дополнување на сметката, освен доколку Претплатникот даде посебна согласност за тоа во Прилог 3.
5.3 А1 Македонија бесплатно ќе го предупреди Претплатникот кој користи роаминг-услуги, во случај кога трошоците за реализираниот сообраќај (дојдовни и појдовни повици и СМС-пораки) во меѓународен роаминг ќе достигнат вкупен износ од 3000 денари со вклучен ДДВ.
А1 Македонија ќе го ограничи пристапот на Претплатникот кој преку СМС-порака ќе го извести А1 Македонија дека е согласен даму се ограничи пристапот до роаминг-услугата, веднаш по приемот на СМС- пораката.
5.4 А1 Македонија бесплатно ќе го предупреди и без одлагање ќе му го ограничи пристапот и користењето на услугата на Претплатникот кој користи роаминг-услуги, во случај кога трошоците за реализиран интернет-сообраќај во меѓународен роаминг ќе достигне вкупен износ од 1000 денари со вкучен ДДВ. Доколку Претплатникот го извести А1 Македонија дека е согласен да ја користи услугата, А1 Македонија ќе продолжи да го обезбедува пристапот и користењето на услугата.
5.5 Операторот бесплатно ќе го извести Претплатникот кога интернет сообраќајот вклучен во месечната претплата и/или дополнителниот пакет е искористен и дека ќе започне со наплата на интернет сообраќајот според тарифниот модел.
Член 6 Враќање средства на Претплатникот
Операторот ќе има обврска му ги надомести паричните средства на Прет- платникот кои му се наплатени од неговата При Пејд сметка само во слу- чаи на основан приговор од страна на Претплатникот и/или усвоено барање за решавање на спор од страна на АЕК за утврдена неточна обработка на податоци што доведува до зголемување на износот наплатен за користени комуникациски услуги во висина на погрешно наплатениот износ. Враќањето на средствата се врши со корекција на износот, односно враќање на средства на При Пејд сметката на Претплатникот.
Член 7 Приговори и решавање на спорови
7.1 Претплатникот има право да поднесе приговор во пишана форма до Одделот за кориснички услуги на Операторот во врска со:
- обезбедувањето на Услугите,
- надоместоците за плаќање за одредена обезбедена Услуга,
- квалитетот на обезбедената Услуга,
- повреда на одредбите од овој Договор од страна на Операторот.
7.2 Приговорот треба да биде поднесен во писмена форма, преку пошта
согласност заради исполнување на целите на овој Договор, обезбедување на Услугите на Претплатникот, давање информации на надлежни државни органи во постапка пропишана со закон и за други цели дозволени со закон.
8.3 Операторот ќе превземе соодветни технички и организациони мерки за заштита на доверливоста на податоците на Претплатникот од неовластен пристап, обработка, чување или бришење на податоците.
8.4 Претплатникот е должен да се произнесе по однос на сите согласности предвидени со ЗЕК и прописите донесени врз негова основа (на пр. согласност за телефонски именик, директен маркетинг, електронска достава на писмена итн.) и Законот за заштита на личните податоци. Дадените согласности кои се формулирани во согласност со Прилог 3 од Стандардниот претплатнички договор се запишуваат во евиденцијата за претплатникот. Претплатникот има право да откаже или потврди согласност во секое време и без наплата на надоместок на директен маркетинг и профилирање, како и на соодветните канали поединечно.
8.5 Претплатникот има право да ги промени дадените согласности, на начин и во постапка утврдена од Операторот.
Член 9 Важност и раскинување на Договорот
9.1 Овој Договор се склучува на неопределено време.
9.2 Претплатникот има право да ја користи претплатничката линија со При Пејд систем на наплата, се додека не истече времето на важност на последниот уплатен вредносен ваучер. Времетраењето на важност на вредносните ваучери е утврдено во Ценовникот на Операторот.
9.3 Со истек на времето на важност на уплатениот вредносен ваучер, Операторот ја деактивира претплатничката линија со При Пејд систем на наплата и овој Договор престанува да важи по автоматизам, без потреба од поднесување на посебно барање од Претплатникот.
9.4 При пренесување на број, Операторот има право од Претплатникот да наплати надомест во износ определен со одлука на АЕК.
9.5 Операторот има право еднострано да го раскине овој Договор без дополнителен отказен рок при постоење на една од околностите:
1) При прекршување на обврските на Претплатникот од овој Договор;
2) Во случај на користење на Услугите од страна на Претплатникот спротивно на Член 2.5 од овој Договор;
3) Во случај на злоупотреба на Услугите или пристапот до Мрежата од страна на Претплатникот за цели спротивни на овој Договор, ЗЕК, прописите донесени врз негова основа и други закони и прописи, за злоупотреби констатирани од Операторот или од страна на надлежен орган;
4) Поради постоење на ситуација на Виша сила која го оневозможува Операторот да ги обезбедува Услугите на Претплатникот преку неговата Мрежа во период подолг од 3 (три) месеци.
или во продажен салон од директната продажна мрежа на Опера- Член 10 Завршни одредби
торот. Приговор може да се поднесе во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на прием на одлуката или започнување на дејствието предмет на приговорот. Операторот ќе одлучи за приговорот во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на приговорот и ќе му испрати на Претплатникот одговор на приговорот во писмена форма, преку пошта или лично на рака на претплатникот преку продажниот салон каде што приговорот бил поднесен.
7.3 Во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на одлуката на Операторот по поднесениот приговор, Претплатникот може да бара заштита на неговите права од Агенцијата за електронски комуникации (понатаму - АЕК). Информации за остварување на правата Претплатникот може да добие со повикување на бесплатниот телефонски број 190 на контакт центарот на АЕК.
7.4 Операторот и Претплатникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од Договорот, вклучувајќи ги споро- вите во однос на толкување, примена и извршување на овој Договор и Општите Услови на Операторот. Доколку спорот не биде решен спо- годбено, истиот ќе се решава пред Основен граѓански суд Скопје.
Член 8 Обработка и заштита на податоци, согласности
8.1 Претплатникот е должен на Операторот да му даде лични и други податоци согласно XXX. Претплатникот е одговорен за точноста на дадените податоци и веродостојноста на документите приложени на Операторот. При промена на било кој од податоците дадени на Операторот, Претплатникот е должен да го извести Операторот и да приложи соодветен доказ за изменетите податоци.
8.2 Операторот има право да ги чува, обработува, користи, разменува и соопштува податоците за Претплатникот и за остварениот комуникациски сообраќај на Претплатникот без негова дополнителна
10.1 Како составен дел на овој Договор се сметаат сите негови Прилози наведени тука, како и сите дополнителни прилози и други обрасци пополнети и/или потпишани од Претплатникот во текот на важењето на овој Договор како и електронски записи од евиденцијата на Операторот за извршено активирање, промена или деактивирање на комуникациски услуги, промоции и други погодности, промени на тарифен модел или администрирање на личните и други податоци извршени од страна на самиот Претплатник по електронски пат (СМС, повик кон телефонски број со посебна намена, веб страна итн.).
10.2 Операторот може да ги менува условите утврдени со овој Договор по претходно известување на Претплатникот. Известувањето ќе биде доставено до Претплатникот во рок од 30 (триесет) дена пред воведувањето на измената. Известувањето ќе ги содржи сите предложени измени на условите од Договорот како и правото на Претплатникот за раскинување на Договорот во рок од 30 (триесет) дена доколку не се согласува со предложените измени, без обврска за наплата на договорните пенали. Доколку Претплатникот не достави известување за раскинување на Договорот во наведениот рок, се смета дека се согласува со предложените измени.
10.3 Сите прашања кои не се уредени со овој Договор и неговите Прилози, ќе бидат уредени согласно одредбите утврдени во Општите Услови за пристап и користење на јавни електронски комуникациски услуги на Операторот, Ценовникот на Операторот јавно достапен на интернет страницата xxx.X0.xx, ЗЕК, Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги донесен од АЕК и други применливи акти.
За А1 Македонија ДОО Скопје, Овластено лице | ПРЕТПЛАТНИК, Целосно име и презиме, потпис |
МП |
Прилог 1 кон Договор за засновање претплатнички однос за користење на јавни електронски комуникациски услуги преку систем за плаќање однапред (При Пејд систем) бр.
Склучен во
на ден
помеѓу:
1. ОПЕРАТОР - Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, Плоштад Пресвета Богородица бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, Тел: x000 0 0000000 – Факс: x000 0 0000000; ЕМБС: 7068310 – ЕДБ: 4080015554205
2. ПРЕТПЛАТНИК физичко лице правно лице
Име и презиме: | Назив на правно лице: | |
Адреса: | Адреса: | |
ЕМБГ: | ЕДБ: | ЕМБС: |
/ |
Податоци за мобилна претплатничка линија Тип на услуга Претплатнички број Број на СИМ картичка
Припејд мобилна телефонија и интернет
Тарифен модел Дополнителни опции 1. 2.
Согласности дадени од Претплатникот согласно Прилог 3:
1. Објава на лични податоци во тел. именик и служби за информации:
а) Јавен број
б) Јавна адреса
2. Добивање информации за цели на директен маркетинг
а) Повик
б) СМС/ММС
в) Социјални медиуми
г) АПП/ТВ/Вибер
д) Е-пошта
ѓ) Пошта
3. Согласност за профилирање:
5. Информации за ограничување на интернет во роаминг
4. Добивање информации при користење услуга во роаминг:
6. Известување за SOS кредит:
Производител Модел
IMEI/SN
Цена денари
Прилог 2 кон Договор за засновање претплатнички однос за користење
на јавни електронски комуникациски услуги преку систем за плаќање однапред (При Пејд систем) бр.
Vip При Пејд тарифен модел | Основна тарифа A1 Pulse | Специјална тарифа A1 Pulse Plus |
Цени за користење на услуги | ||
Повици во сопствена мрежа (ден/мин.) | 5.9 | 2.9 |
Повици кон други национални мрежи (ден/мин.) | 5.9 | 2.9 |
SMS/MMS во сопствена мрежа (ден/порака) | 5.9/5.9 | 2.9/2.9 |
SMS/MMS кон други нац. мрежи (ден/порака) | 5.9/5.9 | 2.9/2.9 |
Национален интернет сообраќај (ден/МB) | 5.9 | 2.9 |
Услуги кон меѓународни мрежи и Услуги во роаминг (повици/SMS/MMS/Интернет) | Согласно актуелниот ценовник | Согласно актуелниот ценовник |
Воспоставување на повик (ден/повик) | ||
Кон национални мрежи | 2.9 | 2.9 |
Интервал на тарифирање | ||
Национални говорни повици (во секунди) | 60/60 | 60/60 |
Меѓународни говорни повици (во секунди) | 60/60 | 60/60 |
Интернет сообраќај (во килобајти - KB) | 10kB | 10kB |
Други Услуги | ||
Контакт центар (077 1234 - разговори со оператор)/ A1 секретарка (1222) | 5 | 5 |
Повици кон бројот 1188 | се наплаќа според актуелниот ценовник | се наплаќа според актуелниот ценовник |
Повици кон итни служби (192,193,194,195) и услуги од општествено значење (190,197,198 и 199) | Бесплатно | Бесплатно |
* Претплатникот ја користи специјалната тарифа A1 Pusle Plus автоматски во текот на 30 дена по секое надополнување на својата При Пејд сметка. Доколку во тој период не изврши надополнување, Претплатникот системски се префрла на основната тарифа A1 Pulse која ја користи до следното надополнување на својата При Пејд сметка.
** (OПЦИОНАЛНО ПОЛЕ ЗА ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ)
Информации за минимално ниво на квалитет на на јавни мобилни телефонски услуги преку радиокомуникациска мрежа, со параметри:
• Покриеност со мрежа на популација: GSM (99.2%) и UMTS (96.2%);
• Пристапност до услуга – процент на неуспешни повици за национални и интернационални повици (сметано на ниво на цела мрежа): < 2%;
• Време на воспоставување на повик – средна вредност на доцнење после бирање на бројот при нормално оптоварување на мрежата: Национални повици: Мобилна кон мобилна: < 7s; Мобилна кон фиксна: < 5s;
• Oдржливост на услуга – процент на прекинати повици (сметано на ниво на цела мрежа): < 2% за време на busy hour; < 1% во текот на целиот месец и ≤3 повици од 100 повици по базна станица за време на busy hour;
• Број на пренесени SMS пораки: за време <= 2 min е > 95%;
• Средна Брзина за пренос на податоци преку радиокомуникациска мрежа (3G) која се постигнува при симнување на одредени фајлови помеѓу операторот и терминалните уреди на корисниците (во зависност од техничките перформанси на темриналниот уред) и се однесува на конкретната разгледувана ќелија како нејзин целосен расположлив капацитет, а не на единечен корисник: 1 Mbps за Download.
Продажно место Шифра:
Продажен агент
Претплатник/Овластено лице на Претплатник
Целосно име и презиме
Oвластено лице МП Потпис
(потпис)
(своерачно полно име и презиме)
ПРИЛОГ 3 кон Договорот за засновање претплатнички однос за користење на јавни електронски комуникациски услуги број:
Согласности од Претплатник согласно ЗЕК и прописите донесени врз негова основа
▪ Согласно прописите донесени од АЕК врз основа на ЗЕК, Претплатникот е должен да се произнесе за секоја од подолу наведените согласности.
▪ Операторот ги запишува дадените согласности од Претплатникот во соодветниот дел од Прилог 1.
▪ Секое означено поле ДА во Прилог 1 на секоја од подолу наведените согласности ќе се смета како дадена согласност од Претплатникот
1. Согласност за објава на лични податоци во телефонски именик и телефонски служби за информации (важи само за физички лица)
Се согласувам да бидат јавно објавени моите лични податоци (име презиме или назив заедно со мојот претплатнички број и адреса на живеалиште/престојувалиште) во телефонски именик и достапни преку јавни телефонски служби за давање на информации.
2. Согласност за добивање информации за цели на директен маркетинг (важи само за физички лица)
Се согласувам Операторот да ме информира за своите најнови промоции, понуди, услуги и пакети на комуникациски услуги со испраќање на СМС,ММС пораки, електронска пошта, преку дигитални канали (апликации, web) или воспоставување на говорни телефонски повици кон мојот претплатнички број.
3. Согласност за добивање на информации при користење на јавна мобилна комуникациска услуга во меѓународен роаминг
Се согласувам Операторот да ме известува со СМС порака штом ќе отпочнам со користење на услугата меѓународен роаминг, со наведување на цените со вклучен ДДВ за дојдовен и појдовен повик и користење на СМС пораки во роаминг.
4. Согласност за добивање информација за ограничување на пристапот кон услугата интернет во меѓународен роаминг
Се согласувам Операторот да ме извести при користење на услугата интернет во меѓународен роаминг штом износот на искористен интернет сообраќај во роаминг достигне 1000,00 денари со вклучен ДДВ и веднаш потоа да ми го ограничи пристапот до оваа услуга, освен доколку не испратам СМС порака во соодветен формат и на однапред определен број со која ќе ја изразам мојата согласност да продолжи обезбедувањето на услугата интернет во меѓународен роаминг и по надминување на наведениот износ.
5. Согласност за надминување на депонирани средства во При Пејд сметка и наплата на заостанат долг при следно надополнување на сметка
Се согласувам Операторот да ми овозможи надминување на износот на депонирани средства на мојата При Пејд сметка во однапред определен износ наведен во СМС порака доставена од Операторот, кои средства Операторот ќе ми ги наплати веднаш при следното надополнување на мојата При Пејд сметка.
Согласности од Претплатник согласно Законот за заштита на личните податоци (важат за физички лица)
▪ Претплатникот е должен да се произнесе за секоја од подолу наведените согласности со цел обработка на неговите лични податоци во согласност со законските прописи.
▪ Операторот ги запишува дадените согласности од Претплатникот во соодветниот дел од Прилог 1.
▪ Секое означено поле ДА во Прилог 1 на секоја од подолу наведените согласности ќе се смета како дадена согласност од Претплатникот
1. Согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Се согласувам Операторот да ги обработува моите лични податоци за цели на директен маркетинг и да ме информира за своите најнови промоции, понуди, услуги и пакети на комуникациски услуги, преку повик, SMS/MMS (кратка порака во било која апликација), Електронска пошта, Социјални медиуми, Апликации/ТВ, или Писмено/по пошта, според произнесувањето во Прилог 1 или во рамките на самиот канал на комуникација ако тоа е возможно.
2. Согласност за автоматизирана обработка на лични податоци, вклучувајќи и профилирање
Со цел подобро да ги разбереме Вашите потреби и да можеме да Ве контактираме со понуда на производи и услуги соодветни на Вашето однесување и потреби, можеме да ги обработуваме Вашите лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со Вас, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски, економска состојба, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење. Ова не значи дека ќе ја следиме содржината на Вашиот комуникациски сообраќај и дека ќе вршиме идентификација на Вашите контакти. На пример, преку анализа на податоци од интернет или мобилна телефонија, Вие ќе можете да добиете понуди за подобри тарифи, или преку анализа на употреба на одредени ТВ канали можете да добиете индивидуализирана понуда за пакет ТВ канали согласно Вашите потреби.
ПРИЛОГ 4 кон Договорот за засновање претплатнички однос за користење на јавни електронски комуникациски услуги број:
Информации за минимална и рекламирана брзина на проток на податоци преку јавна мобилна комуникациска мрежа (МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ)
Рекламирана
брзина 2G/3G/4G* за мобилен интернет
0.2 Mbit/s Download
0.1 Mbit/s Upload
Минимална брзина
* Операторот не рекламира брзина на проток на податоци за мобилен интернет изразена во единица мерка (bit/s)
НАПОМЕНИ:
1) При секојдневна употреба, очекуваните просечни брзини на проток на податоци при користење на мобилен пристап на интернет не може да бидат гарантирани и константни поради начинот на кој функционира технологијата на јавната мобилна комуникациска мрежа, која подразбира делење на еден ресурс од повеќе претплатници во исто време, што доведува до намалување на брзините при истовремено користење на капацитетот за мобилен интернет од зголемен број на претплатници.
Исто така, на брзината на мобилниот пристап влијаат и техничките карактеристики и можности на мобилниот терминален уред кој го користи претплатникот и типот на мрежа која се користи во моментот на преносот на податоци (2G/GPRS, 3G/UMTS или 4G/LTE мрежа, која овозможува највисоки брзини при upload и download).
2) Операторот по правило не го ограничува пристапот и/или користењето на услуги и апликации, но при настанување на зголемено оптоварување на јавната мобилна комуникациска мрежа или нејзин дел во единица време, Операторот презема автоматски технички мерки за мерење и обликување на сообраќајот со цел да овозможи минимално ниво на квалитет и да опслужи оптимален број на свои претплатници.
3) За тарифните модели за кои во условите за користење е предвидено дека по искористување на интернет сообраќајот вклучен во тарифата се намалува брзината на пристап (throttling), Операторот врши автоматско намалување на брзината на протокот на податоци, при што остварениот интернет сообраќај и понатаму останува бесплатен за претплатникот. Доколку претплатникот сака да продолжи да користи мобилен пристап на интернет со несмалена брзина на проток на податоци и по искористувањето на интернет сообраќајот вклучен во месечната претплата, потребно е да купи дополнителен интернет пакет од постоечката понуда на Операторот.